1 НАСОКИ ЗА ВРШЕЊЕ НАДЗОР ПРЕКУ ИНТЕГРАЛНА ЕВАЛУАЦИЈА ВО ПОДРАЧЈЕТО УЧЕЊЕ И НАСТАВА Подрачјето учење и настава опфаќа неколку потподрачја во кои треба да се насочи работата и тоа: Планирањата на наставниците Наставниот процес Искуствата на учениците од учењето Задоволувањето на потребите на учениците Оценувањето како дел од наставата Известувањето за напредокот на учениците А) За планирањата на наставниците - Се проверува дали наставниците вршат дневно планирање според своите наставни планови и програми и дали секојдневно се подготвуваат за настава; -Дали времето на наставниот час е добро испланирано и реализирано; -дали задачите се дизајнирани на начин кој обезбедува сите ученици да почувствуваат предизвик и доза на успех, односно дали учениците може да ја комплетираат задачата во расположивото време; -дали наставникот обрнува доволно внимание на изборот на методи и активности за да го промовира учењето кај учениците,да ги мотивира учениците за квалитетно учење, особено кај оние со специјални потреби, надарените и слабите ученици; -Дали училиштето има системи за следење на планирањето на наставниците; -колкава слобода имаат наставниците во планирањето на нивната работа и во промените на наставните планови и програми; -каков вид на подршка им дава училиштето на наставниците за да им помогне тие ефикасно да ги планираат часовите; -Како наставниците ги разменуваат своите искуства и информации за учениците-преку какви форми(пр. дали има програмирани состаноци, поединечни дискусии, писмени извештаи). Како извори на податоци инспекторот може да користи: - Писмени документи за планирањето на наставниците (наставен план и програма годишно планирање, тематско планирање, неделно планирање, дневно оперативно планирање на наставникот, план за наставен час, планирање на тестови, испити,примери на повратни информации: изработени тестови, испитни задачи, испитни ливчиња, писмени работи, семинарски работи, дипломски работи, практични проекти, домашни задачи; - Посета на час; - Разговор со наставници, педагошко-психолошка служба и стручни активи.