ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ "ГЕРАС ЦУНЕВ" - ПРОСЕНИКОВО, ОПШТИНА СТРУМИЦА ПЛАН И ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА МЕНТОРОТ СО ПРИПРАВНИКОТ ВО УЧЕБНАТА 2008 / 2009 ГОДИНА Ментор: Љупка Поп-Тодорова, наставник по англиски јазик Работно искуство: 9 години Стручна подготовка: Дипломиран Професор по Англиски јазик и книжевност Смена: прва Приправник: Слободанка Тренчева, наставник по англиски јазик Смена: втора Планот и програмата се изработени согласно законските одредби. ЦЕЛИ:
• Оспособување на приправникот за самостојно, квалитетно и успешно реализирање на •
задачите на работно место – наставник по англиски јазик. Подготвување на приправникот за полагање на стручен испит.
ЗАДАЧИ: •
Да се оствари отворен, искрен, доверлив однос меѓу менторот и приправникот преку запознавање на личноста на приправникот; • Да се постигне максимално залагање како од страна на менторот, така и од страна на приправникот за што поуспешни резултати по пат на заеднчка работа; • Постојано да се следи целокупната работа на приправникот (реализација на наставната програма, изработка на дневни подготовки за час, начини на изведување на наставата, реализирање на наставен час и сл.) • Да ја поттикне мотивираноста на приправникот за изведување на современа, квалитетна и поуспешна настава. ОПШТИ ОДРЕДБИ: • •
Во текот на работата, менторот ќе му ја даде сета потребна помош на приправникот за реализирањето на целокупната работа; Во текот на оспособувањето, ќе се избегнуваат сите стереотипи во изведувањето на наставата, а ќе се применуваат такви пристапи што одговараат на современите општествени стандарди. ИНСТРУКТИВНО ДЕЛУВАЊЕ
Во текот на работењето, приправникот ќе добие целосна поддршка и помош при планирањето и реализирањето на наставата од страна на менторот на кого, од друга страна, ќе му биде овозможено преку соодветни активности истовремено и да ја следи реализацијата на наставата од страна на приправникот. Непосредното следење на работата на приправникот ќе се