Skip to main content

АМСМ Клуб Мобилити - Мај 2022

Page 1

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

1


2

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


ВОВЕД

СИТЕ НА ВЕЛОСПЕД! АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ Членско списание ИЗДАВАЧ: АВТО-МОТО СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-181 Факс: 02/ 3181-119 amsm@amsm.com.mk www.amsm.mk ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: Маргита Поповска ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН: Мартина Поповска РЕДАКЦИЈА: ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-351 Факс: 02/ 3181-349 redakcija@amsm.com.mk www.amsmklubmobiliti.mk

ИЗДАВАЧКИ СОВЕТ: проф. д-р Спасе Јовковски (претседател) проф. д-р Иво Дукоски (член) Калинка Танеска (член) Јован Теговски (член) Миле Атанасов (член) Димитар Пендов Митко Смилков

НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ: Жарко Атанасоски Љубомир Анастасовски Данчо Здравковски Андријан Трипунов Александар Табаковски Игор Ландсберг

ТИРАЖ: 10.000 примероци ПЕЧАТИ: Печатница „Серафимовски“ - Скопје БАНКА: Комерцијална Банка А.Д. Скопје ЖИРО-СМЕТКА: 300000000915716

Пролетта конечно пристигна. Температурите се зголемија, сонцето ги победи облаците и време е да се насочиме кон поактивен начин на живот. Зимата е зад нас и веќе немаме оправдување за мрзливоста. Седечкиот начин на живот и недостигот од физичка активност во современите услови и натаму се една од главните причини за појава на разни заболувања и болести. На сите ни е добро познато дека во борбата против нив значајна улога има физичката активност, особено возењето велосипед. Затоа, извадете ги вашите метални миленици на две тркала, подгответе ги добро и почнете максимално да ги користите. Едно од важните прашања е како да го изберете вистинскиот велосипед. Критериуми за избор на велосипед не треба да бидат брендот или атрактивниот изглед бидејќи со тоа само ќе си создадете повеќе мака и ќе добиете помалку задоволство, а да не зборуваме за непотребниот финансиски издаток за нешто што воопшто не ви е потребно. При изборот на велосипед мора добро да се размисли и да се има предвид за која цел и колку ќе се користи. Без оглед дали вашиот велосипед е нов или веќе е употребуван, може да настане некаков дефект, на пример, да ви пукне гума, па да не бидете во можност да уживате во секојдневните вртења на двете тркала. Но, АМСМ и овој пат е тука да помогне. Со големо задоволство ве информираме дека понудата на АМСМ членските картички ја проширивме и збогативме со нова - тоа е АМСМ ВЕЛО ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА. Веќе не мора да се грижите каде ќе го одржувате вашиот велосипед или ако се случи некоја незгода сега имате каде да се обратите (стр. 60). Со оглед на новите околности летото како веќе да не е толку далеку. Најверојатно движењето и патувањата нема да бидат толку ограничени. Токму затоа подгответе се за нови авантури. Погрижете се возилото да ви биде исправно соодветно на новата летна сезона. Независно од тоа колку го користите автомобилот во овој период, не ја пропуштајте можноста и оваа година да ги искористите привилегиите што ги имате како наши членови и направете бесплатна летна проверка на возилото. Следното јубилејно издание на „АМСМ Клуб обилити“ очекувајте го во јуни 2022 година, во печатена верзија на вашата домашна адреса и на нашата веб-страница www.amsmklubmobiliti.mk

ЕДИНСТВЕН ДАНОЧЕН БРОЈ: 4030991238264 ISSN 1857-6133

© Сите права се заштитени. Овој труд не смее да биде преведен или копиран во целина или негов дел без дозвола на издавачот. Забрането е било какво складирање и архивирање, електронско прилагодување, компјутерско програмирање или користење со некоја слична или различна технологија позната до денес или која ќе се развие во иднина.

Маргита ПОПОВСКА главен и одговорен уредник

Почитувани членови на АМСМ, Ве повикуваме на нашата е-маил адреса redakcija@amsm.com.mk да ни ги испратите своите е-маил адреси за да можеме да ви го доставиме интернет-изданието на списанието „АМСМ Клуб Мобилити“.

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

3


ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

ИЗВАДЕТЕ МЕЃУНАРОДНИ ДОКУМЕНТИ САМО ВО АМСМ СКОПЈЕ - ЦЕНТАР

4

www.amsm.mk

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

02/3181-181


НОВОСТИ 7

НОВ ЕЛЕКТРИЧЕН „СУВ“ ОД ЛЕКСУС

8

ТРОЈНА КРУНА ОД ХЈУНДАИ

12

12

СОВРШЕНА ГЕРМАНСКА АЛАТКА... АВТО-МОТО

14

ПОДГОТОВКА ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА ПРЕСТОЛОТ ТЕСТОВИ И СОВЕТИ

29

СЕ ПОЧИТУВА ЛИ ПЕШАЧКИОТ ПРЕМИН?

30

ЛЕТНИ ИЛИ ЗИМСКИ ПНЕВМАТИЦИ? СТИЛ

32

29

КАНДИРАНИ ЉУБИЧИЦИ-НАИЗГЛЕД УБАВИ, СО ПРИЈАТЕН ВКУС ПАТУВАЊЕ

34

НА ЕДНОДНЕВЕН ИЗЛЕТ ВО СЈАЈОТ НА РАСКОШОТ НI-TECH

40

РАЧЕН ПЛАНЕТАРИУМ ИСТОРИЈА

42

54

ОПЕЛОВА РОДЕНДЕНСКА РАЗГЛЕДНИЦА СПОРТ

46

КОГА МАКС „ВАДИ“ МАКСИМУМ

50

ДВЕТЕ ЛИЦА НА ЈАМАХА

54

ЧЕТИРИ АСА НА ВРВОТ

56

РОВАНПЕРА ГО ОСЛОБОДУВА ТАЛЕНТОТ

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

5


| ОТА

ХРВАТСКА Цени на патарина: СКОПЈЕ - ЗАГРЕБ

Наплатни станици: 40 ден. Миладиновци оддалеченост: 825 km

60 ден.Романовце

1€ Прешево

2 € Дољевац

7 € Белград

3,5 € Шид

-

-

-

-

-

17,30 € Загреб патарини: 32,50 €

СКОПЈЕ - СПЛИТ Наплатни станици:

40 ден. Миладиновци

60 ден. Романовце

1€ Прешево

2 € Дољевац

800 РДС.Белград 370 РДС. Шид

Језево 128.00 HRK

Босиљево: 30.00 HRК

Дугопоље: 151.00 HRK

оддалеченост: 1231 km

-

-

-

-

-

-

патарини: 55,30 €

-

ЦРНА ГОРА Цени на патарина: СКОПЈЕ - БУДВА Наплатни станици:

Скопје - Приштина - Пеќ - премин Кула - Рожај - Беране - Мојковац - Подгорица - Цетиње - Будва. оддалеченост: 449km

патарини: нема

СКОПЈЕ - БУДВА

Наплатни станици: Скопје - Приштина - Призрен - Кукс - Скадар - Бар - Будва. оддалеченост: 449km

патарини: нема

СЛОВЕНИЈА Цени на патарина: СКОПЈЕ - ЉУБЉАНА (преку Загреб ) Наплатни станици:

1€ Прешево

2 € Дољевац

800 РДС.Белград 370 РДС. Шид

17,3 € Загреб

1,1€ Обрежје

-

-

-

-

-

-

15 € СЛОВЕНИЈА (вињета- 7 ДЕНА) патарини: 48,50€

60 ден.Романовце

80 РДС. Прешево

210 дин. Дољевац

800 РДС.Белград

370 РДС. Шид

Jezevo: Toll: 1 41.00 HRK

Trakoscan: Toll: 48.00 HRK

15 € СЛОВЕНИЈА (вињета- 7 ДЕНА)

-

-

-

-

-

-

-

патарини: 54€

40 ден. 60 ден. Миладиновци Романовце оддалеченост: 964 km

СКОПЈЕ - МАРИБОР (преку Загреб ) Наплатни станици: 40 ден. Миладиновци оддалеченост: 941 km

6

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


НОВОСТИ |

LEXUS RZ 450E

НОВ ЕЛЕКТРИЧЕН „СУВ“ ОД ЛЕКСУС

Н

еодамна претставениот „лексус рз 450 е“ е всушност продолжение од концептот „лексус лф - з“, батериско возило со погон на сите тркала претставено минатата година. Сè е во ред со засебната платформа направена од лексусовите конструктори, велат со таа платформа возилото добило многу подобри возни особини, но има едно нешто кое не е наследено од концептот, а тоа е дизајнот. Речиси флуидниот дизајн на концептот „лф - З“ останал таму некаде заробен во некое музејско депо и сега наместо да го краси новиот модел, тоа чудо фаќа прашина. Зошто дизајнерите му дале предност на обичниот, а му кажале не на флуидниот облик? Секоја чест за големото меѓуоскино растојание (2.850 мм) кое овозможило подобро разместување на тежината, подобро сместување на батериите во подот и секако ниско изведеното тежиште. На сето ова додадена е контрола врз секое тркало, односно се надгледува вртежниот момент. На тој начин секое тркало добива врвен контакт со подлогата. Каде што има врвен контакт со подлогата, таму има врвна стабилност. Тој уред за надгледување е наречен „директ 4“. Покрај ова друга полезност од новата платформа има уште една, а тоа е поголемата удобност во внатрешноста. Како што изјаву-

ваат од Лексус, кабината е правена исклучиво да биде во служба на патниците и возачот. Тука треба да го спомнеме панорамскиот покрив со можност за затемнување, детаљ кој помага при намалување на температурата во возилото преку летните месеци. Што се однесува до литиум јонската батерија,

за неа Лексус дава гаранција од 10 години и вели по тој период нејзината моќност ќе се спушти на 90 отсто. Обликот на „лексус рз 450 е“ е сè уште мистерија со прашањето кое лебди, ако високата технологија земала големо учество во новиот „сув“, зошто дизајнот од концептот не преминал на серискиот модел? •

ABARTH 695 TRIBUT0 131

ВО ЧЕСТ НА ЛЕГЕНДАРНИОТ „131 РЕЛИ“

Ф

иат, поточно неговата спортска испостава со име Абарт деновиве претстави нова изведба од моделот „фиат 500 абарт“ и го нарече „абарт 695 трибуто 131 рели“. Оваа ултра спортска изведба е посветена на легендарниот модел „131 рели“ кој во минатиот век беше посебно подготвен за рели натпреварите од светски ранг. Легендата „абарт 131 рели“ е родена на почетокот од 70-те години од минатиот век. Возена од врвни рели возачи, „абарт 131 рели“ освојува три конструкторски титули, во 1977, 1978 и 1980 и две титули во класата на возачи, во 1978 титулата ја освои двоецот Марку Ален со совозачот Ика Кивимаки, а во 1980 со Валтер Рерл и совозачот Кристијан Гистдерфер. Семејниот автомобил „фиат 131“ отиде во фризерницата Абарт, а таму мајсторите го сторија своето, направија врвен автомобил исклучиво наменет за рели натпреварите, а наречен „фиат 131 абарт“. Правилата од тоа време налагале да бидат направени најмалку 400 примероци за хомологација и со тоа тркачките примероци да добијат влез во Светскиот шампионат во рели. Друмската изведба имала 138 КС, додека таа подготвената за рели фантастични 240. Автомобилот е дело на Фиат, Бертоне и Абарт. Фиа-

това е шасијата и моторот, од Бертоне е школката со две врати и пластиките, а фризирањето на моторот и дотерувањето на подвозјето и менувачот е дело на Абарт. Денес Абарт е во сопственост на Фиат, а работилницата е основана од Карло Абарт во 1949 год. Моделот „абарт 695 трибуто 131 рели“ направен во чест на 40 годишнината од легендарниот „фиат 131 абарт“, располага со 1,4 литарски мотор со 180 КС извадени со помош на турбо компресор од марката Гарет. Автомобилот

забрзува од 0 до 100 км/ч за 6,7 секунди, а показалката од брзинометарот застанува на бројката 225. Тука се и амортизерите од марката Кони задолжени да го држат автомобилот што е можно повеќе на асфалтот и за што поостри маневри, додека диск сопирачките се од марката Брембо, напред со пречник од 305 мм напред и 240 мм назад. Возилото ќе биде произведено во само 659 примероци, цената е некаде под 40.000 долари, а ќе се продава насекаде во светот каде е присутен Фиат. •

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

7


| НОВОСТИ

АВТОМОБИЛ НА ГОДИНАТА ВО СВЕТОТ

ТРОЈНА КРУНА ЗА ХЈУНДАИ

ГОДИНАШНИОВ ИЗБОР ЗА АВТОМОБИЛ НА ГОДИНАТА ВО СВЕТОТ МИНА ВО ЗНАКОТ НА ХЈУНДАИ. НЕГОВИОТ ЕЛЕКТРИЧЕН МОДЕЛ „ЈОНИК 5“ УБЕДЛИВО ЈА ОСВОИ НАЈГОЛЕМАТА КРУНА АВТОМОБИЛ НА ГОДИНАТА ВО СВЕТОТ, НО И УШТЕ ДВЕ ДРУГИ, ДИЗАЈНЕРСКАТА И ТАА „ЕЛЕКТРИЧНАТА“.

Ц

ела година возат, тестираат и бираат за да се сретнат следната година во Њујорк за време на првиот новинарски ден од автомобилската манифестација, да гласаат и да им ги врачат наградите на победниците. Така работи жирито составено од 102 специјализирани новинари за автомобили од 33 земји во светот( С.Македонија сè уште нема претставник во тоа жири). Најчесто новинарите се бирани од земјите производители на автомобили и од земјите кои се големи купувачи на автомобилите. Нашиот автомобилски пазар е премногу мал во однос на тие 33 земји од каде потекнуваат новинарите. Секој автомобил што се кандидира за учество во изборот за Автомобил на годинава во светот мора да биде нов, потоа да се произведува во најмалку 10.000 примероци годишно и ценовно мора да бидат под нивото на цената од луксузните автомобили, мора да се продава на најмалку два главни пазари во светот кои се наоѓаат на два континенти во периодот од 1 јануари 2021 и 30 март 2022 година. Според жирито најважните автомобилски пазари во светот се: Кина, Индија Јапонија, Кореја, Европа, Латинска Америка и САД. Возилата одбрани да учествуваат во изборот во класите Спортски автомобил на годината во светот, Градски автомобил на годината во светот, Електричен автомобил на годината во светот и Дизајн на годината во светот, имаат право на учество и во изборот на Автомобил на годината во светот и во Луксузен автомобил на годината во светот. Во вториот избор има два предуслови, возилото мора да биде претставник на луксузната класа. Сите возила што учествуваат во било која категорија од изборот, истовремено автоматски се одбрани да учествуваат во категоријата Дизајн на годината во светот. Годинава битката помеѓу одбраните по три кандидати во секоја класа, беше повеќе од тесна, но најголема гужва имаше во класата на Градски автомобил на годината. Таму „тојота јарис крос“ и „опел мока“ водеа беспоштедна и многу изедначена трка во која на крајот јапонскиот „сув“ со еден бод предност, 708 наспроти 707, извојува победа и така се закити со престижното признание. Ако битката меѓу моделите „јарис крос“ и „опел мока“ беше најнеизвесна до самиот крај, тогаш за целосно електрифицираниот „хјундаи јоник 5“ слободно можеме да го кажеме следново, убедливо ги порази своите лути ривали во дури три категории меѓу кои и во главната, најголемата награда Автомобил на годината во светот. Покрај круната од признанијата, Хјундаи собра уште две, беше прв во класите Дизајн на годината во светот

8

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

и Електрично возило на годината во светот. За Луксузен автомобил на годината е прогласен целосно електрифицираниот „мерцедес - бенц е ку с“, додека признанието Спортски автомобил на годината во светот отиде во рацете на Ауди за неговиот електричен модел „е - трон гт“. •


НОВОСТИ |

TOYOTA AYGO X

УРБАНИОТ Е ОФИЦИЈАЛНО ДОСТАПЕН ЗА МАКЕДОНСКИТЕ КУПУВАЧИ

AYGO X Е НОВАТА ВИЗИЈА НА TOYOTA ЗА АВАНТУРИСТИЧКИ ГРАДСКИ АВТОМОБИЛ ШТО НАСТАПУВА НА ПАЗАРОТ КАКО НАСЛЕДНИК НА „ОБИЧНИОТ“ AYGO КОЈ ЗАМИНУВА ВО ЗАСЛУЖЕНА ПЕНЗИЈА.

З

а разлика од неговите „роднини“ со кои ја делеше платформата и продукциската линија, моделите Citroen C1 и Peugeot 107, Toyota одлучи да го задржи малиот, градски автомобил во понудата, но подготви порадикален пристап за новата генерација која сега пристигна и на македонскиот пазар. Како еден од малкуте преостанати производители кои сè уште инвестираат во А-сегментот, Toyota реши да им понуди на европските купувачи „компактен урбан кросовер“. Концептот е дизајниран во Франција, а продукциската верзија е развиена во Европа. Дизајнерите на Toyota завршија одлична работа трансферирајќи го дизајнот од концептот на продукцискиот модел и конечниот резултат на Aygo X е навистина одличен. За разлика од своите претходници, целосно новиот Aygo X е базиран на сопствената GA-B платформа на Toyota на која, исто така, се поставени и Yaris и Yaris Cross. Секако, станува збор за најкомпактниот модел во опсегот на Toyota со должина од 3.700, ширина од 1.740, висина од 1.525 и меѓуоскино растојание од 2.430 милиметри. Новата платформа носи поголем отпечаток, со дури 235 милиметри поголема должина од претходно, а тоа резултира со поголем простор за задните патници и поголем багажник, чиј капацитет сега изнесува 231 литари. Кросоверскиот изглед е нагласен благодарение на пластичните заштити над тркалата, што се совпаѓа со двобојниот третман на извајано тело.

Full LED фаровите и задните светла имаат модерни графики, додека формата на страничните прозорци додава и спортски микс во конечната изведба. Aygo X добива некои одважни бои како Cardamon, Chilli, Ginger и Juniper, сите комбинирани со црна боја на Б-столбовите, покривот и задниот дел. Дизајнот на ентериерот е насочен кон помладата популација.

Фокусот е ставен на 9-инчен екран на допир со Toyota Smart Connect инфозабавниот систем, бежични унапредувања и „клауд“ навигација. Тука е и трикракиот управувач со интегрирани копчиња, мал екран на инструменталниот кластер, амбиенталното осветлување и JBL аудио систем. Возачкото седиште е поставено повисоко во однос на претходникот модел со што е унапредена прегледноста. Новиот Aygo X пристигнува со само една опција за погонот и тоа со природно аспирираниот 1,0-литарски трицилиндерски бензинец кој испорачува 72 КС и 93 Nm максимален вртежен момент. Моторот пристигнува во комбинација со петстепен мануелен менувач или S-CVT автоматик кои ја испраќаат моќност до предните тркала. На македонскиот пазар новиот Aygo X ќе се нуди во четири нивоа на опременост: Joy, Play, Pulse и Envy, а почетната цена изнесува 13,490 евра. •

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

9


| НОВОСТИ

МАКЕДОНСКА ПРЕМИЕРА НА OPEL MOVANO

СОВРШЕНА ГЕРМАНСКА АЛАТКА ЗА СЕКОЈА РАБОТА

КОМПАНИЈАТА ЕУРОИМПЕКС, ГЕНЕРАЛНИОТ УВОЗНИК ЗА ВОЗИЛАТА НА OPEL, ВО СОРАБОТКА СО ОПЕЛОВАТА ДИЛЕРСКА МРЕЖА, КОМПАНИИТЕ „АУТО ЦЕМ“ ОД ТЕТОВО И „АУТОМАКЕДОНИЈА“ ОД СКОПЈЕ, ОДРЖАА КОРПОРАТИВЕН НАСТАН НА КОЈ БЕШЕ ПРЕТСТАВЕНА ЦЕЛАТА ТОВАРНА И ПАТНИЧКА ГАМА ОД БРЕНДОТ OPEL, СО ПОСЕБЕН АКЦЕНТ НА НОВИОТ OPEL MOVANO.

Н

овото Мовано е совршена германска алатка за секоја работа. Овој модел е моќен, безбеден и со незаменлива удобност за возачот. Тој е достапен во повеќе верзии на каросерија: фургон, комерцијално возило со два реда седишта, шасија со единечна или двојна кабина како и сандучар, кипер и конверзии на каросеријата. Товарниот простор е меѓу најдобрите во класата, со капацитет до 17m2 и во него може да се превезе максимум 4 еуропалети. Носивоста е до 2,1t, а внесувањето на товар во новиот Оpel Мовано оди со леснотија, благодарејќи на широкиот отвор на вратите и нискиот праг за товарање. Погонуван од 2,2 турбо-дизел мотори со силина од 120 до 165 коњски сили, бележи одличен низок резултат кога станува збор за потрошувачката на гориво и емисија на CO2 во сегментот. „Целосната електрификација на опеловата товарна гама на возила ја комплетира електрифицираната верзија на Opel Movano погонувано од 37kWh или 70kWh батерија, со корисна носивост до 1,3t, досег до 224km по WLTP и секако 0 емисија на CO2“, изјави Драган Јовев - Продукт менаџер за Opel, во Еуроимпекс. Секое од овие возила е со различни карактеристики, големини и димензии, различно ниво на капацитет на товар, ниво на опременост како и можност да бидат погонувани од мотори со внатрешно согорување, plug-in хибрид или електрични.

По процесот на детоксификација, Opel брендот има нов лик истакнувајќи се со Opel Vizor на предниот дел и Pure Panel во внатрешноста. Но и покрај тоа, Оpel не ја менува својата ДНК: тој е германски, модерен, доверлив бренд, технолошки напреден и со чист и прецизен дизајн. На настанот беа на располагање комерцијалните и патничките модели, почнувајќи од најмалиот модел Opel Corsa, SUV моделите: Crossland, новата Mokka, новиот Grandland, и претставникот во “D” сегментот Opel Insignia. Kако и товарните возила: Corsa Van, Combo, Vivaro и најновиот и најголемиот Opel Movano.

10

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

Возилата од гамата на Opel својата промоција ја имаа пред бројни соработници и потенцијални соработници, компании кои имаат потреба од едно до компании кои имаат потреба од флота на возила, а сè со цел компаниите да можат да се запознаат со возилата одблиску и да им бидат презентирани можностите и перформансите кои моделите на Opel ги нудат за нивно поедноставно секојдневно работење и помагање на нивните бизниси. • Данчо Здравковски


НОВОСТИ |

ЗЛАТНО ТРКАЛО 2022

ОФИЦИЈАЛНО ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ЗА НАЈПОСАКУВАНИТЕ

НАЦИОНАЛНИОТ ИЗБОР ЗА НАЈПОСАКУВАН АВТОМОБИЛ ВО МАКЕДОНИЈА, ЗЛАТНО ТРКАЛО, ВЕЌЕ ПРЕРАСНУВА ВО СЕРИОЗНА МАНИФЕСТАЦИЈА И ТРАДИЦИЈА ВО АВТОМОБИЛСКИОТ СЕКТОР ВО НАШАТА ЗЕМЈА. ТРЕТОТО ИЗДАНИЕ НА ЗЛАТНО ТРКАЛО ОФИЦИЈАЛНО ЗАВРШИ НА 26 АПРИЛ СО СВЕЧЕНОТО ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ ЗА ГОДИНЕШНИТЕ ПОБЕДНИЦИ.

И

зборот и гласањето за третото издание на Златно Тркало заврши со прогласување на победниците и доделувањето на статуетките од страна на организаторите, редакциите на Авто Плус, Carclub, Cars by Vik и RPM. Наградите ги подигнаа претставниците на официјалните импортери и застапници на брендовите кои победија на третото по ред издание на Националниот Избор за Најпосакуван Автомобил во Македонија. Годинава се избираа најпосакуваните автомобили во пет категории, а како новитет беше категоријата за Најпосакуван Премиум Автомобил каде триумфираше Porsche Taycan Cross Turismo. Апсолутен победник е Volkswagen ID.4, електричниот кросовер кој славеше во категоријата за Најпосакуван Електрифициран Автомобил и ја освои Главната награда за Најпосакуван Автомобил во Македонија. Во категоријата Најпосакуван Градски Автомобил триумфираше Peugeot 308, а за Најпосакуван Семеен Автомобил е избрана новата генерација на Kia Sportage. На крајот беа собрани 12.216 уникатни гласања, распределени меѓу 14 различни учесници, а она што може да претставува задоволство е што интересот за нови и целосно електрични автомобили во нашата земја расте, заедно со трендот кој преовладува и во европските земји. Националниот Избор за Најпосакуван Автомобил во Македонија и наградата Златно Тркало е нов и уникатен начин да се „почувствува“ пулсот и да се добие мислењето на луѓето и потенцијалните купувачи во нашата земја. Оваа манифестација е основана од страна на најуспешните онлајн медиуми во државата и претставува пристап за откривање на најпосакуваните возила во земјата. Основачот и главен уредник на Авто Плус – Г-дин Виктор Кошевалиски во својот говор го објави проширувањето со 4 нови медиуми: Убавина и Здравје.мк, МКД. мк, Бизнис Инфо.мк и Машки Магазин.мк со што од наредната година се проширува влијанието на Изборот на уште поголема публика, очекуваме и нови и интересни категории. Воедно, беше најавено продолжувањето на Изборот за Автомобил на Годината во Македонија®, кој Авто Плус® го има основано во 1995 година, а настанот беше паузиран поради Корона кризата. Овој избор е според стручно жири кое од оваа година добива нов состав. Наредната година, победниците и од стручното жири и од публиката, ќе бидат наградени во заеднички настан. • Данчо Здравковски

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

11


| АВТО-МОТО

Peugeot 308 1.5 HDi ATN 8 GT

ПОДГОТВЕН ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НA ПРЕСТОЛОТ КОМПАНИЈАТА PEUGEOT ЈА ПРОДОЛЖУВА НИЗАТА НА МОДЕЛОТ 308, А ОВОЈ ПАТ НА ПАЗАРОТ ГО ИСПРАЌА ПО ПОДГОТВЕН ОД КОГА И ДА БИЛО ДОСЕГА. ОПРЕМЕН СО НАЈНОВИ ТЕХНОЛОШКИ РЕШЕНИЈА, ВРВЕН ФИНИШ ВО ИЗРАБОТКАТА И МАРКАНТНИОТ ДИЗАЈН НА ЕКСТЕРИЕРОТ ВО КЛАСАТА ДИРЕКТНО ЦЕЛИ КОН ПРЕЗЕМАЊЕ НА ПРЕСТОЛОТ.

12

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


АВТО-МОТО |

В

о француската компанија добро знаат дека на европските пазари сè уште важна улога играат хечбек моделите. Затоа новата 308-ка доаѓа во целосно ново пакување кое особено го потенцира дизајнот и софистицираноста, а покрај стандардните мотори со внатрешно согорување достапен од лансирањето е и со две plug-in хибридни изведби. Дека 308 е предводник на своевидна пресвртница за француската марка доказ е и тоа што е првиот модел кој го носи и новиот амблем на лавот. МАРКАНТЕН ПЕЧАТ Кога за првпат ќе го погледнете целосно новиот Peugeot 308 со сигурност прво што ви паѓаат на ум е неговата впечатливост. Елегантните пропорции играат голема улога, особено кога го гледате автомобилот од напред. Тенките предни светла со LED матрична технологија и истакнати дневни светла поставени вертикално се во кохезија со решетката на ладилникот. На неа, пак, е нагласен новиот амблем на брендот и значката со бројот 308 која гордо стои на долниот раб на хаубата создавајќи јасна слика на исклучителен дизајнерски пристап со длабока спортска нота. За добивањето на поелегантни пропорции тимот задолжен за новата генерација на 308 ја зголемил должината за речиси 110 мм, висината е намалена 20 мм, а меѓуоскиното растојание е зголемено за 55 мм. Профилот делува доста динамично, пред сè поради долгиот поклопец на моторот, аголот на поставеност на ветробранот и ниската линија на кровот, како и контурните линии кои навлегуваат од двата краја на возилото кон вратите. Погледот кон задниот дел ни открива уште една страна на францускиот пристап кон обликувањето каде што продолжува стилот на тенки светлосни елементи со изразен светлосен потпис и црна попречна лента со висок сјај која ги спојува во една целина. Во севкупниот облик се вклучува и слегувачката линија на покривот преточена во спојлер задолжен за подобра аеродинамика. Марката Peugeot досега имала исклучително убаво дизајнирани модели кои ја носеле „тројката“ во името, но со новиот 308 Французите се надминаа себеси во естетски смисла.

АМБИЕНТ ОД ПРЕМИУМ КЛАСА За кабината на моделот 308 веднаш може да кажеме дека е вистински погодок. Во неа не се издвојува само современиот дизајн, туку јасно е потенциран и севкупниот квалитет на завршна обработка што е присутен низ целиот простор. Возачот седи ниско и спортски во седиште кое има одлична странична потпора, а за пронаоѓање на оптималната позиција и поставеност на малиот, ново дизајниран управувач потребно е малку време. Кабинскиот простор не е најраскошниот во класата, но секако дека 4 возрасни лица ќе се чувствуваат сосема комотно во амбиентот. Просторот за багаж располага со големина од 412 литри во основната конфигурација, а доколку имате потреба за транспорт на погабаритен товар со соборување на задните седишта добивате 1.323 литри. Забележлива улога игра инструмент таблата пред возачот која ја демонстрира посветеноста на Peugeot на најдобар начин. Префинетоста на доработениот iCockpit во 3D технологија кој работи поефективно и поседува нови детални графички решенија дополнително го подигнува севкупниот впечатокот. Инфозабавниот екран беше една од најголемите болки на претходната генерација, но во најголем дел целосно новиот систем ја надминува таа пречка. Новиот 10 инчен дисплеј изгледа одлично и е поддржан од секундарен i-Toggles панел чувствителен на допир под него кој е со иста ширина и половина од висината, поставен под агол за полесна употреба со кратенките за сите главни функции и може

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

13


| АВТО-МОТО

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ВОЗИЛОТО МОТОР:

ЧЕТИРИЦИЛИНДРИЧЕН ДИЗЕЛ

ЗАФАТНИНА:

14989 СМ3

МОЌНОСТ:

Максимална моќ: 96kW/130КС

МЕНУВАЧ:

8-СТЕПЕНА АВТОМАТСКА ТРАНСМИСИЈА

ПОГОН:

НА ПРЕДНИТЕ ТРКАЛА

ОБЕСУВАЊЕ НА ТРКАЛА:

НАПРЕД: MCPHERSON НАЗАД: ТОРЗИОНА ОСКА

СОПИРАЧКИ:

НАПРЕД: ВЕНТИЛИРАЧКИ ДИСКОВИ НАЗАД: ДИСКОВИ

ГУМИ:

НАПРЕД 225/40 R18, ПОЗАДИ 225/40 R18

МАСА НА ВОЗИЛОТО:

1.361 КГ

ДИМЕНЗИИ: Д/Ш/В: 4.367/1.852/1.444ММ

да се конфигурира по желба. Времето на реакција и прецизноста се брзи и точни, додека контролите за климатизација сè уште само на допир, но поголемиот дисплеј ја олеснува нивната контрола. Новиот 308 е полн со безбедносни функции, а особено ни се допадна адаптивната контрола на темпоматот која го користи радарот скриен зад новото лого на Peugeot на предната решетка што ги чита знаците на патот. Системот е секогаш подготвен за активирање, а тоа го прикажува со големо “OK' на iCockpit-от, потребно е само притискање на копчето за потврда на управувачот и системот започнува со дејствување. ЕДИНСТВЕН ВО ПОНУДАТА Во тестираниот примерок задолжен за погонот е единствениот турбо дизелски агрегат во понудата со зафатнина од 1.5 литри и расположива моќ од 130 КС, неговата влечна

14

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

сила изнесува 300 Nm и е на располагање од ниски 1.750 врт/мин. Погонот е на предната оска, а за трансмисија е задолжен 8 степен автоматски менувач кој се одликува со одлично избалансиран пренос за кој сметаме дека се поставува како идеален избор кај 308. Бараните задачи ги извршува беспрекорно добро без разлика кој модус (sport, normal, eco) на работа го избрал возачот, соработката со исклучително флексибилниот двигател во реалност овозможува одржување на високо возно темпо и реално ниска потрошувачка на гориво. За тоа сведочи и просечната потрошувачка што ја постигнавме по речиси 600 изминати километри, а таа изнесуваше 5,5 литри на секои 100 километри. Со зафатнина на резервоарот од 52 литри и повнимателно возење 1.000 километри со едно полнење се остварливи со сигурност. Забрзувањето до 100 км/ч трае 10,6 секунди што е во рамките на конкуренцијата, додека стрелката на бр-

ЗАБРЗУВАЊЕ ОД 0 ДО 100 КМ/Ч:

10.6 СЕКУНДИ

ПРОСЕЧНА ПОТРОШУВАЧКА:

4,5 ЛИТ/100 КМ

МАКСИМАЛНА БРЗИНА:

207 КМ/Ч

ЦЕНА НА ТЕСТИРАНИОТ МОДЕЛ:

34.390 ЕВРА

зиномерот запира на повеќе од доволни 207 километри на час. Покрај естетските промени оваа генерација на 308 поседува новина и под лимот, моделот е поставен на најновата генерација на платформата EMP2 на брендот, што е веднаш забележливо по сетирањето на суспензијата која е малку потврда, но сепак во возењето покажа прифатливо ниво на удобност. Компромисот помеѓу комфорот и спортското управување делува многу ветувачки, постигнатата рамнотежа само покажува колку труд е вложено од страна на инженерите на марката. Бучавата од суспензијата е добро изолирана во кабината, а силна страна на 308 во возената конфигурација е стабилноста при голема брзина. • Данчо Здравковски


АВТО МОТО |

BMW 2 SERIES ACTIVE TOURER

НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА BMW ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА

ВТОРАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА СПОРТСКИОТ СЕСТРАН АВТОМОБИЛ ОД ПРЕМИУМ КОМПАКТНИОТ СЕГМЕНТ ИЗОБИЛУВА СО ВИЗУЕЛНА ДИНАМИКА, НОВ ДИЗАЈНЕРСКИ ЈАЗИК ЗА НАДВОРЕШНОСТА И ВНАТРЕШНОСТА КОИ, МУ ДАВААТ ДИНАМИЧЕН ИЗГЛЕД И СОВРЕМЕН АМБИЕНТ.

Ф

ункционалност, технологија, препознатливо BMW задоволство при возењето и неверојатно прогресивeн пристап во дизајанот, го карактеризираат новиот BMW Серија 2 Аctive Tourer. Компанијата М Кар го претстави овој модерен кросовер кој зрачи со авторитативен дизајн, простор и го нуди најновото BMW дигитално искуство. „Новиот BMW Серија 2 Active Tourer е одговор на предизвиците на секојдневното урбано живеење: спој помеѓу потребите за урбани активности и активности во природа, индивидуалниот и фамилијарниот живот, градските и далечните патувања. Тој им нуди на патниците сместени на неговите пет седишта, забележително подобра удобност на подолги растојанија отколку неговиот претходник. Со совршен спој на префинетост и практичност, тој е сè што и треба на современата фамилија“, изјави Билјана Колемишевска, одговорна за маркетинг комуникации и ПР во компанијата М Кар. Втората генерација на спортскиот сестран автомобил од премиум компактниот сегмент изобилува со визуелна динамика, нов дизајнерски јазик за надворешноста и внатрешноста кои, пак, му даваат динамичен изглед и современ амбиент. Неговата суштински редизајнирана внатрешност комбинира разновидни новитети од полуксузните BMW автомобили. Геометријата на кабината и многуте детали се инспирирани од концептот на внатрешноста на импозантната BMW iX технологија. Ова создава прогресивен премиум амбиент, чии најважни елементи ги вклучуваат тенката инструмент табла, BMW Curved Display, заснован на новиот BMW Operating System 8 „лебдечкиот“ потпирач за раце со интегрирана контролна табла и сеопфатно намалување на бројот на физички контролни елементи. Внатрешната камера е еден корисен и забавен новитет кој им овозможува на патниците да си направат селфи фотографија за време на патувањето и да си ги испратат фотографиите на својот смарт телефон. Прогресивниот премиум карактер на новиот BMW Серија 2 Active Tourer е нагласен и со обемната стандардна спецификација. Неговата едноставна функционалност и опсегот на стандардна опрема – која значително ја надминува опремата на неговиот претходник – го прават новиот BMW Серија 2 Active Tourer особено атрактивен за активните луѓе со динамичен стил на живеење.

Згора на тоа, новиот BMW Серија 2 Active Tourer е предводник во компактниот сегмент кога станува збор за системи за помош на возачот, контрола/работење и комуникациски иновации. Стандардната спецификација вклучува: BMW Maps систем за навигација, спортски кожен волан, двозонски автоматски клима уред, Parking Assistant заедно со Reversing Assist Camera и Reversing Assistant, Cruise Control со brake function, Lane Departure Warning, сензор за дожд со контрола на бришачи и автоматско активирање на предните светла и многу други системи кои го олеснуваат возењето и го зголемуваат уживањето. Јасниот дизајн, впечатливиот преден дел и динамично издолжените пропорции се заслужни за неговиот спортски изглед и самоуверена појава. На предниот дел на автомобилот, овие квалитети се највидливо изразени преку впе-

чатливата BMW бубрежна решетка, која има зголемени димензии, и тенките контури на предните светла. Новиот BMW Серија 2 Active Tourer има целосно LED предни светла како стандардни. Овој автомобил е веќе во продажба и достапни се четири варијанти на моделот: со преден погон и моќност од 100 kW/136 КС до160 kW/218 КС. Новиот модел се произведува во фабриката на групацијата BMW во Лајпциг и ќе се нуди со мотори со внатрешно согорување, како и plug-in hybrid. Две нови plug-in hybrid верзии ќе се приклучат на серијата неколку месеци по претставувањето. Кај нив за првпат ќе биде вклучена BMW eDrive технологија од петтата генерација, која ја зајакнува динамиката и им дава значително подолг електричен опсег. BMW Серија 2 Active Tourer на нашиот пазар стартува со цена од 37.000 евра. •

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

15


| АВТО-МОТО

Претставуваме Prodrive Hunter

„FERRARI ЗА ВО ПУСТИНА” ТОКМУ СО ОВИЕ ЗБОРОВИ ДЕЈВИД РИЧАРДС, СОПСТВЕНИКОТ НА СПЕЦИЈАЛИСТОТ ЗА РЕЛИ PRODRIVE, ГО ОПИША СВОЕТО ВИДУВАЊЕ НА ТЕМА ХИПЕРАВТОМОБИЛ ЗА НА ТЕРЕН КОЈ СЕ ПЕРЧИ СО ЗАСЕГА НЕНАДМИНАТИ ПЕРФОРМАНСИ ПРЕКУ БИЛО КАКВА ПОДЛОГА.

И

мето му е Hunter, или ловец. Има и зошто. Со него може да се тргне во лов на неизмерно задоволство зад волан кое произлегува од прелетување преку дини, ползење по карпи, пробивање низ шума, копање низ кал, преглед на прекрасните пејзажи на саваните во забрзан мод, па дури и, ако е баш мерак, „бришкање“ по автопат. Мммм... Звучи примамливо нели? Секако дека е! Впрочем идејата за брзо и моќно офроуд купе по принципот на оние од релито Дакар отсекогаш ги прогонувала октанските вљубеници. Дури имало и по некој обид во минатото кој најчесто завршувал како концепт и ништо повеќе од тоа. Меѓутоа британскиот рели специјалист Prodrive кој се прослави во WRC со Subaru Impreza зад чиј волан седеа имиња како Колин Мекре, Ричард Барнс, Петер Солберг, се одлучи за овој радикален чекор и сонот го претвори во јаве. На улица, пардон, на песок го имаме овој беснотилак со 600 КС под хауба односно меѓу седишта, ќе појасниме и зошто, со постојан погон на четири тркала, огромни гуми и кокпит како во тркач дотеран да заличува на цивил. Всушност Hunter е цивилна варијанта на нат-

16

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

преварувачот од Дакар во категоријата Т1 на тимот Bahrain Raid Xtreme со кого деветкратниот светски шампион во рели Себастијан Лоеб на годинешниот Дакар заврши на второ место. Но, иако цивил помоќен e од тркачот BRX Hunter T1 кој е ограничeн од техничките правила. КОГА Е ПОТКРЕПЕНА, ИДЕЈАТА Е СУПЕР Prodrive не сокрива дека идејата за реализација на проектот Hunter потекнува директно од главниот финансиер на тимот Bahrain Raid Xtreme, а тоа е принцот на Бахреин, Саман бин Хамад Ал Калифа кому му се допаднала идејата да може да прелетува преку дините побрзо отколку со тркачите од Дакар. На Блискиот Исток е распространета култура за која возењето низ пустината е хоби, начин на опуштање и бегање од монотонијата на секојдневието. Поклониците на оваа забава секогаш трагаат по подобри, помоќни возила кои најчесто ги добиваат со тјунирање и надградба на постоечката понуда на теренци на пазарот. Оваа популистичка идеја всушност била водилка за Prodrive за да се втурне во

еден ваков проект. А кога зад грб го имате и принцот на Бахреин како промотор тогаш реално е да се очекува дека проектот Hunter ќе пројде. Посебно на Блискиот Исток каде цената од 1,5 милиони евра без опции и данок, и не претставува проблем за да се протнат барем 25 примероци колку што е планирано да бидат произведени. ТРКАЧОТ ПУШТЕН ОД ЛАНЕЦ Вообичаено кога цивилен автомобил се поставува на основата на тркач тогаш се придушуваат сите параметри со цел да се прилагодат на различниот начин на користење. Но, во случајот на Hunter тргнале по обратен редослед. Всушност BRX T1 е придушен заради рестрикциите од техничките правила, па затоа Hunter личи како да е пуштен од ланец, посебно моќниот 3.5 литарски V6 твинтурбо во чија основа е издржливиот моторот на Ford, V6 Ecoboost познат од F-150 Raptor и Ford GT. Prodrive ја зема основата и сам ги надградува моторите кои претрпуваат значителен број модификации во однос на сериските. Толку многу што на крај малку нешта ги поврзуваат со оригиналот. Во случајот намерно e


АВТО-МОТО |

избран моторот на Ford бидејќи знаеле колку е издржлив. Сепак, комплетно го смениле за да го ослободат неговиот целосен потенцијал. Моторот добил сув картер, ново коленесто вратило, нови клипни лостови, клипови, брегасти оски, издув, пар поголеми турбо полначи, управувачка електроника... Доволно за на крај 3.5 литарецот да истискува повеќе од 600 КС и 700 Nm. Моќноста е за 50% поголема од онаа на тркачот на Лоеб кој вози со 400 КС. Со олкав излив на моќ Hunter лови темпо 100 за помалку од 4 секунди и достигнува максималнa брзина од безмалку 300 km/h. И што е најважно, за сето ова не му треба асфалт. ВО ЕЛЕМЕНТ ТАМУ КАДЕ НЕМА ПАТ Основата на Hunter е иста како кај BRX Hunter Т1. Просторна рамка од цевки од високолегиран челик која ја формира шасијата и заштитниот кафез спрема безбедносни пропозиции дадени од FIA. На неа се прицврстени панелите од карбон-фибер кои ја формираат каросеријата и кабината, и сите елементи од подвозјето, моторот и менувачот. Моторот е поставен напред-централно во шасијата.

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

17


| АВТО-МОТО

пирачките апарати кои ги сочинуваат вентилирачки дискови најголеми што дозволуваат бандажите, а ги зафаќаат сопирачки клешти со шест клипа.

Толку е втурнат кон средина што буквално влегува во кабината меѓу седишта туркајќи ги возачот и совозачот на страна. Под хауба има место само за вшмукувачкиот вод на интеркулерот. Спaрен е со шестстепен секвенцијален менувач на Sadev кај кого степените се менуваат преку една палка зад волан, влечи за нагоре, туркај за надолу. Останатото го прави хидрауличен актуатор. Менувачот го испраќа вртежниот момент до тркалата преку три диференцијали, централен, преден и заден кои се заклучуваат независно еден од друг, и го дели подеднакво 50:50 кон предна и задна оска.

18

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

Тркалата ги водат двојни напречни водилки, а се потпираат на двојни целосно подесувачки амортизери со пружини на секој агол исто како кај BRX Hunter T1. Со таа разлика што кај Hunter во однос на T1 одот е зголемен од 350 mm на 400 mm. За да се добие помеко возење и поголема способност за совладување на груб терен при брзини кои се незамисливи за останатите возила. Така Hunter влегува во елемент таму каде нема пат. Тркалата се огромни. Дијаметарот на гумите изнесува 35 инчи, а ширината 12,5 инчи и поставени се на ковани алуминиумски бандажи од 17 инчи, или 35/12,5–17. Во нив се сокриени со-

АКО НЕ СЕ ЗАБЕЛЕЖИ ЌЕ СЕ СЛУШНЕ Дизајнот на Hunter е наменски и нема некоја значајна разлика во однос BRX Hunter T1. Каросеријата личи како SUV-купе, но не како оние кои по пат на маркетиншки трик ни се протнуваат на голема врата од производителите. Ова е вистинско SUV-купе и точка. Способно до крај да го оправда своето име. Секако, создаден наменски Hunter е далеку е од убаво возило. Иако за волја на вистината сокрива некоја грда привлечност. Дизајнот го потпишува Ијан Калум, поранешниот шеф на дизајн на Jaguar со преку триесет години искуство, кој од пред три години основа свое студио за дизајн. Hunter e голем автомобил. Долг е 4,6 метри, а висок е 1,85 метри. Она што делува впечатливо е ширината од 2,3 метри и токму заради неа делува колосално. Но, таа му ја дава преку потребната стабилност за кога се бришка низ пустина и се прелетува преку дини. Внатре има место само за двајца, а одзади место багажник стои резервоар за гориво од 480 литри потребен за кога се вози на долги рути во предели далеку од цивилизација. А во колку не го забележите сигурно ќе го слушнете. Звукот што го ослободуваат двете издувни цевки кои стрчат странично од под вратите е моќен и лут. Повеќе наликува на диво рикање и далеку е од некоја рафинирана сонорна нота. Внатре владее спартански ред. Нема ништо повеќе од потребното. Слично како кај тркачот, но со подобрена звучна изолација. Седиштата се тркачки кади со појаси во шест точки, воланот е преслечен со алкантара за да не лизга, а остатокот од кабината се голи панели од лакиран карбон-фибер. Место инструменти има мултифункционален дисплеј и уште еден на централната конзола од која стрчи невообичаено поставената рачка од рачната на сопирачка. Првиот примерок е обоен во боја на песок по желба на принцот на Бахреин, бидејќи според него одговара на намената. Во Prodrive добиле нарачки за уште четири модели. Според нив изложбен салон не им е потребен. „Тој што е заинтересиран знае каде да не најде”, велат од Prodrive. • Љубомир Анастасовски


НОВОСТИ |

ПОДДРЖАНО ОД: ЧЛЕНСТВО

ПОМОШ НА ПАТ

БЕСПЛАТНА ЛЕТНА ПРОВЕРКА НА ВОЗИЛО ЗА АМСМ ЧЛЕНОВИ

Акцијата трае од 01-30.06.2022 година, а можете да ја користите во АМСМ сервисот за автомобили во Скопје (Центар), Велес и во Кичево, само со претходно закажување.

www.amsm.mk

02/3181-181 05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

19


| АВТО-МОТО

Претставуваме Lotus Emira

БОЖИЦА НА УБАВИНАТА

ТАА Е ВЛЕЗ ВО НОВАТА ЕРА НА ИСКОНСКАТА БРИТАНСКА МАРКА LOTUS КОЈА КАКО МИТСКАТА ПТИЦА ФЕНИКС ПОСЛЕ МНОГУ ПРЕМРЕЖИЈА СЕ КРЕВА ВО ПРЕСРЕТ НА ИДНИНАТА И ПРОДОЛЖУВА ДА ГО СЛАВИ ИМЕТО НА ЛЕГЕНДАРНИОТ ОСНОВАЧ КОЛИН ЧЕПМЕН.

20

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


АВТО-МОТО |

кое без двојби ќе остави траг и ќе биде запаметено како Lotus. Магијата на заведување која ја поседува Emira доаѓа од складните пропорции и како скулптура извајано тело. Визуелната драма почнува од уникатната хауба со интегрирани отвори кои го водат воздухот преку куполата на кабината кон задникот со интегриран спојлер. Извајаните врати слеани во страниците со просечени отвори течат кон мускулестиот задник нагласувајќи го драматичниот настап кој кулминира одзади. И таму владее склад на пропорции на двата отвори за одвод на врелиот воздух од под тркалата и масивниот дифузор од каде стрчат два издувни топа. Сето ова е покриено со интегриран спојлер во облик на лак под кого се кријат LED светла во форма на буквата С споени со лента на стоп светло.

И

зговарањето на името Lotus интуитивно асоцира на спортски автомобил дури и кај оние кои не се октански зависници. Данок на едно богато тркачко наследство пренесено во производство на едни од возачки највозбудливите автомобили што светот ги познава. Историјата почнува во далечната 1948 година кога Колин Чепмен го создава својот прв тркачки автомобил во својата гаража. Од неговите успеси се раѓа и идејата за спортски автомобил кој подеднакво ќе плени и на улица. Оттука почнува приказната за Lotus која трае и ден денешен. Иако по смртта на Чепмен марката минува низ многу премрежија паѓајќи во финансиски проблеми и менувајќи сопственици, сепак, успева да опстои и тоа благодарение на инженерската генијалност при создавањето на своите модели. Отсекогаш моделите на Lotus биле познати по извонредната возна динамика и директните информации кои се испраќаат до возачот ставајќи го неговото задоволство зад волан на прво место. И тоа без исклучок. Од ова правило не се отстапува. Денес под капа на кинеската мултинационална

компанија Geely иднината на Lotus повторно блеска како во времето на Чепмен. Во пресрет на новата ера под стратешкиот план Vision80 со кого Lotus чекори кон својата 80 годишнина која ќе се случи во 2028 година пристигнува Emira. Нов супер спортски автомобил создаден од нула, но врз основа на генетскиот код на Lotus. Иако името се сретнува во многу древни јазици во облик на „Eh-meerah” и се толкува како командант или лидер, сепак, кога ќе се погледне, првата асоцијација за Emira би била божица на убавината. МАГИЈА НА ЗАВЕДУВАЊЕ Emira е влезниот билет на Lotus во новата ера за марката. Со неа славното британско име меѓу автомобилите сака на ново да и се претстави на глобалната публика. Воедно ги кани возачки настроените ентузијасти да го почувствуваат легендарното задоволство на инволвираноста при возење што Lotus отсекогаш го нуди. Затоа креативниот тим успеал да создаде нешто кое наједноставно може да се опише како „Убаво”. Eлегантно, модерно, и безвременско парче автомобил

ПАСИВНА АЕРОДИНАМИКА Ефикасната аеродинамика е во сржта на Lotus од неговото основање. Филозофија која е нераскинливо врзана со испораката на извонредни перформанси и на пат, и на патека. Во Lotus при развој на секој модел аеродинамиката и возната динамика се слеани во една уникатна хармонија која ги користи природните закони. Тајната на успехот е во едноставноста и во паметниот инженеринг според кои нема потреба од активни аеродинамични додатоци. Тоа значи дека дизајнот, аеродинамиката и инженерингот се споени во едно. Emira е единствена во сегментот која генерира пасивен „downforce” прецизно балансиран меѓу предната и задната оска при сите брзини и совршено прилагоден кон тежинската распределба и геометријата на потпирањето. Станува збор за уникатна хармонија која создава магично возачко искуство кое е ненадминато во светот на автомобилите. Затоа Emira е подготвена да маѓепсува. Го маѓепса дури и Џенсон Батон поранешниот шампион во Формула 1 кој коментира, „Се очекува Lotus да има добра тракција и водење низ тесни свијоци каде брзината е мала, но силен „downforce” се чувствува и низ свијоци кои се ловат при полна брзина. Чувството на извонреден баланс е подеднакво без оглед како се вози. Исклучително добро, и ме одушевува.” ДОКАЖАНА ТЕХНОЛОГИЈА Основата на Emira е алуминиумска шасија споена со лепење, пионерска технологија развиена од Lotus за Elise во 1990-те години која ја наследуваат и останатите модели на

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

21


| АВТО-МОТО

марката. Emira се потпира на сосема нова архитектура на која ќе почиваат и новата генерација електромобили на Lotus. Шасијата нуди две можности на сетапот. Tour кој е прилагоден за секојдневно користење и испорачува оптимален спој на возна динамика со високи перформанси и покомфорно возење. Sports е достапен со т.н. Lotus Drivers Pack и нуди постегнато подвозје со подобрена динамичка способност и поголема чувствителност. И во двете изведби хидрауличното управување испраќа извонредни повратни информации до возачот кој чувствува како да е едно со автомобилот. Поставена на тркала од 20 инчи Emira во изведбата Tour носи гуми на Goodyear, Eagle F1 Supersport, а во изведбата Sports гуми на Michelin, Pilot Sport Cup 2. И за во двете изведби гумите се специјално развиени за потребите на Emira според барањата на Lotus и подеднакво придонесуваат за врвното возачко искуство. БОГАТО НАСЛЕДСТВО Поставен на богатото наследство на Exige и Evora движечката сила на Emira е прославениот 3,5 литарскиот V6 мотор потпомогнат со механички компресор и поставен во средина на шасијата. Во основа моторот е земен на заем од Toyota заради неговата докажана издржливост и комплетно е преработен од инженерите на Lotus за да ги задоволи потребите на еден супер спортист. Со помош на механичкиот компресор на Edelbrock кој преку интеркулер присилно пумпа воздух, моторот е навиен да испорачува 400 КС и 420 Nm кои се доволни за спринт до сто зa 4,3 секунди. Доколку се избере опцијата со автоматски менувач тогаш вртежниот момент расте на 430 Nm, а спринтот до сто се скусува на 4,2 секунди. Без оглед кој од двата менувачи со шест степени е во игра погонот е на задни тркала, а максималната брзина расте до 290 km/h. Оваа моторна поддршка важи за првото издание на Emira наречено V6 First Edition. На почетокот на следната година ќе се појави и основната верзија на Emira каде зад возачот место V6 „ќе вришти“ линиски четирицилиндарец кој доаѓа од соработката со AMG и ќе испорачува 360 КС. За ова ремек дело на AMG важи дека е најмоќниот сериски четирицилиндарец на светот. Моторот секако повторно е допрен од инженерите во Хетел кои му подариле нов вшмукувачки тракт и нов издув за да се добие уникатното искуство кое го нуди еден Lotus.

22

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

СПОРТСКИ АВТОМОБИЛ ЗА СЕКОЈ ДЕН Идејата која стои зад Emira е да биде спортски автомобил за секој ден. Emira поставува нови стандарди во светот на спортистите во поглед на практичноста, комфорот и функционалноста. Без оглед дали се патува или секојдневно се врти низ град Emira е спремна за исполнување на обврските. Во кабината комфорно патуваат двајца, зад седиштата има доволно место за два куфери, или торби со намирници, а оставен е и мал багажник од 150 литри зад моторот. И највисоките нема да се пожалат на возачката позиција, ниту на видливоста. Благодарение на големите стаклени површини и паркирањето е лесно. Внатрешното уредување е спортски едноставно и дополнето со прочуеното британско чувство на благородност.

Emira рачно ќе се произведува во погоните во Хетел кои се база на Lotus од 1966 година. Благодарение на инвестицијата од 100 милиони фунти погоните се модернизирани и подготвени за новата ера на марката. Првите примероци на Emira треба да почнат да излегуваат од погон оваа пролет. Цената на оваа ексклузивна серија Emira V6 First Edition која носи полн пакет на опрема во Велика Британија ќе чини 75.995 фунти, а во Европа, конкретно во Германија 95.995 евра. Кога на пазарот ќе се појави основниот модел со четири цилиндри цената ќе стартува од 59.995 фунти, или 71.995 евра. Списоците за нарачки се отворени. • Љубомир Анастасовски


БЕСПЛАТНО ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ СО EUROPE PREMIUM ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА Покритие од 20 дена со важност од 365 дена на територијата на Европа

02/3181-181

www.amsm.mk 05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

23


| АМСМ

ПРОЛЕТНИ АКЦИИ БЕСПЛАТНО ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ СО ВАШАТА EUROPE PREMIUM ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА Со цел да ви обезбедиме безгрижно патување, особено надвор од државата, Европа Премиум членскиот пакет го збогативме со нова услуга, бесплатно патничко осигурување. Патничкото осигурување, кое како Европа Премиум членови го добивате бесплатно, се однесува само на носителот на членската картичка, индивидуално. Вклучува покритие од 20 дена кои можете да ги користите кумулирано во текот на една година, 365 дена, или во периодот наведен во полисата за осигурување. Патничкото осигурување важи на територијата на цела Европа, вклучувајќи ја и Турција, а ви обезбедува здравствена помош и осигурување за случаи кои се настанати во странство и се поврзани со патување во странство. При обнова или издавање на Европа Премиум членската картичка, потребен ви е валиден пасош за изработка на полисата за здравствено патничко осигурување, која ќе ви биде доставена следниот ден, електронски, на вашата мејл адреса. Во случај да станете АМСМ Европа Премиум член онлајн, дополнително ќе бидете контактирани од АМСМ Секторот Членство за изработка на здравствено патничкото осигурување. Патничкото осигурување кое го добивате бесплатно со Европа Премиум членската картичка е без франшиза и не вклучува покритие од Ковид-19. Повеќе информации: 02/3181-108

ЗАШТИТЕТЕ ГО ВАШИОТ АВТОМОБИЛ СО КАСКО ОСИГУРУВАЊЕ Каско осигурувањето ги покрива штетите настанати на возилото независно од причината и виновникот: • Можност за вклучување ризик од кражба • Можност за осигурување со или без франшиза • Попуст на премијата при обнова на полисата (доколку не сте причиниле штета во претходната осигурителна година) Преку Мобилити Брокер достапни ви се полиси за каско осигурување од сите осигурителни компании во земјава. Како корисник на услугите на Мобилити Брокер добивате бесплатно посредување при реализација на отштетни побарувања. Услугите на Мобилити Брокер се бесплатни и не влијаат на цената на вашето осигурување. Повеќе информации: 02/3181-402

24

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


АМСМ |

И И ПОВОЛНОСТИ! ЗАКАЖЕТЕ БЕСПЛАТНА ЛЕТНА ПРОВЕРКА НА ВОЗИЛО ЗА АМСМ ЧЛЕНОВИ Летната сезона бара соодветна подготовка на возилото. Искористете ја привилегијата да се биде АМСМ член и закажете бесплатна летна проверка на возило, која ги вклучува следниве услуги: ПАКЕТ

1

ПРОВЕРКА

ДВИЖЕЊЕ

1. НИВО НА МАСЛО ВО МОТОР, 2. КОНТРОЛА НА АНТИФРИЗ, 3. КОЧИОНА ТЕЧНОСТ, 4. ТЕЧНОСТ ЗА СЕРВО УПРАВУВАЧ, 5. СОСТОЈБА НА АКУМУЛАТОР, 6. ВИЗУЕЛНА ПРОВЕРКА НА СОСТОЈБАТА НА МОТОРОТ

ПОВОЛНОСТ ЗА ЧЛЕНОВИ • БЕСПЛАТНА ПРОВЕРКА, • БЕСПЛАТНА РАБОТНА РАКА, • 15% НА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ

2

БЕЗБЕДНОСТ

1. ПОТРОШЕНОСТ НА ПРЕДНИ И ЗАДНИ КОЧИОНИ ОБЛОГИ, 2. СОСТОЈБА НА ПРЕДНИ И ЗАДНИ СВРЗНИ • БЕСПЛАТНА ПРОВЕРКА, ЕЛЕМЕНТИ НА ПОТПИРАЊЕТО, 3. СОСТОЈБА НА ЕЛЕМЕНТИТЕ ОД СИСТЕМОТ ЗА • 20% НА РАБОТНА РАКА, УПРАВУВАЊЕ, • 20% НА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ 4. СОСТОЈБА НА ЕЛЕМЕНТИТЕ ОД ПОГОНСКИОТ СИСТЕМ, 5. СОСТОЈБА НА ЕЛЕМЕНТИТЕ ЗА ПОТПИРАЊЕ НА МОТОРОТ

3

КОМОДИТЕТ

1. ПОЛНЕЊЕ НА КЛИМА УРЕД

• 20% НА ПОЛНЕЊЕ НА КЛИМА УРЕД

4

*само во Скопје

ГУМИ

1. КУПУВАЊЕ НА НОВИ ГУМИ, 2. ПРОМЕНА НА ГУМИ

• 30% ПОПУСТ ЗА КУПЕНИ НОВИ ГУМИ

При користење на бесплатна летна проверка, ги добивате сите погоренаведени пакети и услуги, со исклучок на пакетот „ГУМИ“, кој е достапен само во сервисот на АМСМ во Скопје-Центар. Акцијата трае од 01.06-30.06.2022 година, а можете да ја користите во АМСМ сервисот за автомобили во Скопје (Центар), Велес и во Кичево, само со претходно закажување. Закажување: 02/3181-181

ИНФОРМИРАЈТЕ СЕ ЗА КОВИД-19 ПРОТОКОЛИТЕ ЗА ПАТУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО Иако рестриктивните мерки за патување речиси секаде се укинати и сите европски земји се отворени за наши граѓани, сè уште постојат протоколи за влез кои се разликуваат зависно од земјата во која патувате. На веб страницата на АМСМ (www.amsm.mk) на едно место можете да најдете информации за протоколите за влез во 33 европски земји кои ќе ви ја олеснат подготовката за патување. Ковид 19 водичот за патување низ Европа на АМСМ е креиран во соработка со другите европски клубови кои, исто така, се членки на FIA. Овие информации ќе ви помогнат да разберете што можете да очекувате при влез во некоја од европските земји.

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

25


| АМСМ

ПРИЈАВЕТЕ СЕ ЗА ОБУКА ЗА „А“ КАТЕГОРИЈА Нема подобра сезона за обука за „А“ категорија од пролет. Затоа побрзајте и пријавете се навреме. За пријава за А категорија потребни ви се: • Лична карта (кандидатот мора да има 24 години), • Лекарско уверение Обука за А категорија вклучува: • Теоретска обука од 4 наставни часа, доколку поседувате Б категорија или во времетраење од 16 наставни часа, доколку не поседувате Б категорија, • Практичната обука која вклучува 16 мото часа. Обуката за А категорија можете да ја платите на рати без камата: • Со Дајнерс картичка на 12 рати, • Со платежните картички на Комерцијална Банка на 6 рати, • Со платежните картички на Стопанска Банка на 6 рати, • Со платежните картички на НЛБ Банка на 4 рати, или • Со Iute Credit на 12 рати. Пријавување и информации: 02/3181-240

АВТО ШКОЛА МОБИЛИТИ ПЛУС

ОБУКА ЗА „А“ КАТЕГОРИЈА ПРИЈАВЕТЕ СЕ ВЕДНАШ И ПЛАЌАЈТЕ НА РАТИ 02/3181-240 | www.avtoskolamobiliti.mk 26

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


АМСМ |

БОНУС ПРОГРАМА ЗА ЧЛЕНОВИ

ПОПУСТ

ПРИ ОБНОВУВАЊЕ НА АМСМ ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА Почитувани наши АМСМ членови, Вие што ја обновувате својата АМСМ членска картичка, но не поради услугите за помош на пат и шлепување, туку пред сè заради другите погодности што ги добивате. Вие што вистински ја препознавате вредноста на сите други услуги во членските пакети што ви овозможуваат да заштедите на различни начини во текот на цела година.. Токму за вас е наменета програмата БОНУС што може да ја искористите при обновување на вашата АМСМ членска картичка, почнувајќи од мај.. Програмата БОНУС ви овозможува скалест попуст при секое следно обновување на вашата АМСМ членска картичка, под следниве услови: - Обновување на членската картичка да биде во период од најмногу 30 дена од датумот на истек на претходната членска картичка, и - Да немате искористено услуга помош на пат и шлепување во претходниот членски период. Доколку ги исполнувате претходните услови, добивате попуст на редовната цена при обновување на АМСМ членската картичка, кој зависи од тоа колку години сте наш член во континуитет: - 10% попуст ако станувате наш член по вторпат - 15% попуст ако станувате наш член по третпат - 20% попуст ако станувате наш член по четврти пат - 25% попуст ако станувате наш член по петти пат и - 30% попуст ако сте наш член повеќе од 5 години во континуитет. Попустот што го добивате со програмата БОНУС може да го искористите само при обновување на вашата АМСМ членска картичка во АМСМ станиците за технички преглед во Скопје (Центар и Чаир), во Велес и во Кичево, како и во сите автомото друштва во земјава.. Повеќе информации: 02/3181-108

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

27


| АМСМ

• Ве молам за информација поврзана со полагање за возачка дозвола за Б категорија на лице кое ќе полни 18 години во јули 2022 година. Кога е најдобро да почнеме со обука, на која локација се одржуваат часовите од теоретската обука и секако, колку чини целиот процес на полагање и условите на плаќање. Поздрав, Илија АМСМ: : Постапка за оспособување на кандидат за возач може да се започне со наполнети 17 години и 6 месеци возраст. Во Вашиот случај најдобар период е месецов. До роденден би завршил со теоретска и практична обука и веднаш потоа би полагал. Потребно е согласност од двајцата родители (заверена на нотар), потоа организираме вадење на лекарско уверение (1.200,00 денари), теоретска настава од 20 наставни часа (4.500,00 денари, која се одржува во наша просторија на ул.М.Т.Гологанов, бр.21) и практична обука од 36 мото часа (20.000,00 денари). Нудиме можност за плаќање од 2 до 12 месечни рати.

• Сакам да купам АМСМ членство, но не знам на кој начин. Кои опции ги имате за зачленување? Поздрав, Ангел АМСМ: : Физичко или правно лице може да се зачлени купувајќи некој од АМСМ членските пакети за физички т.е. правни лица, лично во објектите на АМСМ во Скопје, Велес и Кичево исто како и во авто мото друштвата што издаваат АМСМ членства низ Р. Македонија, а зачленување може да се направи и on line со пристап на официјалната интернет страница на АМСМ: www. amsm.mk .

•Возачкиот испит го положив пред 15 години, но досега многу малку возев. Ме интересира која е цената за еден дополнителен час возење? Благодарам, Рената АМСМ: Цената на еден мото час дополнителна обука изнесува 650 денари.

*СИТЕ НАВЕДЕНИ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ ВАЖАТ ЗА ПОВИК ОД ФИКСЕН И ОД МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

28

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


TEСТОВИ И СОВЕТИ

Безбедност во сообраќајот

СЕ ПОЧИТУВА ЛИ ПЕШАЧКИОТ ПРЕМИН? ПЕШАЧКИОТ ПРЕМИН МОРА ДА ПРЕТСТАВУВА МЕСТО КАДЕ ШТО СИТЕ ВОЗАЧИ СОВЕСНО И ВНИМАТЕЛНО ЌЕ ЗАСТАНУВААТ, НО ЧЕСТО СЕ СЛУЧУВА ТОКМУ ТУКА ДА СЕ ПРЕДИЗВИКААТ СООБРАЌАЈНИ НЕЗГОДИ ВО КОИ ИМА И ЖРТВИ И ПОВРЕДЕНИ. „зебра“ е дел од улицата што Пленти,ознатата посебно е обележан со бели широки место каде што на пешаците им е дозволено да преминуваат на другата страна од улицата. Овој дел е наречен пешачки премин и тука пешаците имаат предност за минување. Но во секојдневјето се случува да не се почитува оваа предност на пешаците на пешачкиот премин. Има возачи што, однесувајќи се дрско и невнимателно, го преминуваат пешачкиот премин дури и кога по него веќе се движат пешаци. За севкупната состојба во сообраќајот придонесува однесувањето на сите учесници во него. Пешаците се најранливата категорија учесници во сообраќајот, а сите други се „посилни“ од нив. Токму поради тоа улицата мора да се преминува внимателно и откако ќе поминат сите автомобили затоа што така е најбезбедно. Имено, пред сè, неопходно е совеста на возачите да се издигне на највисоко ниво, но секако и на пешаците. Ако моторните возила се движат во колона,

препорачливо е пешаците да ги пуштат да поминат. Возачите никако не смеат да не ја почитуваат дозволената брзина од 50 км/ч на булеварите. Сите што не го почитуваат пешачкиот премин треба да бидат соодветно казнети, а казните за овој вид прекршоци мора дупло да се зголемат колку што е можно побрзо. За да се воспостави подобра и поефикасна контрола врз пешачките премини, препорачливо е на тие места да се постави систем за постојано набљудување, односно камери. Во последниов период се случија повеќе трагични настани со жртви и повредени на пешачките премини. Возењето со неприспособени брзини и според со-

обраќајните правила и условите на патот, како и возењето под дејство на алкохол се најчестите предизвикувачи на сообраќајни незгоди, а да не се заборави и зборувањето на мобилен телефон додека се вози. Возачите што истовремено возат и на каков било начин го користат мобилниот телефон се најопасни учесници во сообраќајот затоа што целото внимание не им е насочено на сообраќајот. Да се надеваме дека сите возачи ќе сфатат дека мора да застанат пред пешачкиот премин за да им дозволат и да им овозможат на пешаците безбедно да ја преминат улицата.

• Жарко Атанасоски

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

29


TEСТОВИ И СОВЕТИ

Безбедност во сообраќајот

НЕ ТРЕБА ВООПШТО ДА ПОСТОИ ПРАШАЊЕТО ДАЛИ ЗИМСКИТЕ ПНЕВМАТИЦИ ТРЕБА ДА БИДАТ ЗАМЕНЕТИ СО ЛЕТНИ И ОБРАТНО. ИМЕТО НА ПНЕВМАТИКОТ ПОКАЖУВА КОЈ ЗА КАДЕ Е И КАДЕ ПРИПАЃА. дредени видови на пневматици се Оновиден за површини покриени со прав, разситен материјал и кал, други се за чиста подлога, но има и такви што се строго наменети за совладување тешки терени, планини, пустински предели итн. Умерените и високи температури влијаат врз материјалите и врз гумата од коja е направен пневматикот. Поради влијанието на топлото време врз материјалот, производителите наоѓаат најповолни решенија при производството на пневматици со додавање најразлични супстанции. Така гумата добива други соединенија со кои станува поотпорна и подолготрајна или „полеплива“ за асфалтот. Летните пневматици постигнуваат најдобри резултати кога температурите се над 7 степени, а за студеното време (температури под 7 степени) соодветни се зимските. Материјалот од кој се направени летните и зимските пневматици не е ист. Едните се справуваат со топлината, а другите со студенилото. Ако со летни пневматици возите во зима, материјалот од коj се направени не може соодветно да одговори, односно траекторијата на сопирање е подолга, a во свиjоците се појавува лизгање на возилото. Ако во лето возите со зимски пневматици, се случуваат исти проблеми, нема добар

30

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

ЛЕТНИ ИЛИ ЗИМСКИ ПНЕВМАТИЦИ? контакт со подлогата и се јавува постојано чкрипења на жешкиот асфалт, а сопирањето временски добива уште неколку секунди плус наместо да се намали. Автомобил со летни пневматици во лето е многупати постабилен и неговата траекторија на сопирање е пократка. Обратно се случува ако во лето автомобилот се вози со зимски пневматици. Не само што зимските пневматици побрзо се трошат туку и не ја вршат работата како што треба. Ако секогаш велиме „безбедноста е на прво место, а потоа сè друго“, тогаш ста-

рите пневматици мора да се заменат со нови и соодветни за годишното време. Според законските одредби во Македонија, од 15 ноември до 15 март моторните возила мора да бидат снабдени со зимска опрема, но најдобро е да имаат зимски пневматици, а од 15 март до 15 ноември да се заменат со летните. За да може пневматикот да ја извршува задачата за која е наменет, мора да биде


TEСТОВИ И СОВЕТИ

правилно напумпан. Производителот на автомобилот наведува до која димензија и колку треба да биде напумпан пневматикот. Секој автомобил има лепенка или плочка на која прецизно се наведени атмосферите во пневматиците кога автомобилот не е оптоварен и кога е оптоварен. Придржувајте се кон советите на производителот затоа што само така безбедноста ќе биде на највисоко ниво. Неправилно напумпаниот пневматик прави повеќе штета. Ако пневматиците се недоволно напумпани, се зголемува

потрошувачката на гориво, стабилноста е намалена, пневматикот побрзо се троши, на возилото му треба повеќе време да постигне брзина и многу е веројатно тие пневматици да бидат трајно оштетени. Ако се премногу напумпани, стабилноста на возилото е многу нарушена, така што можни се излетувања во свијоците затоа што пневматикот го допира асфалтот само со средишниот дел од нагазната површина. Сега е вистинско време зимските пневматици да ги замените со летни, а потоа да одите во сервис да ги балансираат и правилно да ги напумпате. Кога патуваме, сите сакаме безбедно да пристигнеме до одредиштето. Безбедно возење се постигнува исклучително со дисциплина во сообраќајот: соодветни пневматици за периодот, задолжително користење на сигурносните ремени, без консумирање алкохол и почитување на пропишаната брзина и на сообраќајните знаци

• Жарко Атанасоски

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

31


| СТИЛ

Кулинарство

КАНДИРАНИ ЉУБИЧИЦИ, РУЖИНИ ЛАТИЦИ - НАИЗГЛЕД УБАВИ, СО ПРИЈАТЕН ВКУС ЗАШЕЌЕРЕНИТЕ ЉУБИЧИЦИ, РУЖИНИ ЛАТИЦИ ОДАМНА СЕ УПОТРЕБУВААТ ВО КУЛИНАРСТВОТО, НЕ САМО ЗА ДЕКОРИРАЊЕ, ТУКУ И ПОРАДИ ВКУСОТ - ПРИЈАТЕН, ДЕФИНИТИВНО. ТАКА Е СО ДЕЦЕНИИ, СТОТИЦИ ГОДИНИ, А ВО НИВНАТА УБАВИНА ЧЕСТО УЖИВАЛЕ И БЛАГОРОДНИЦИТЕ, КРАЛИЦИТЕ, ПРИНЦЕЗИТЕ, ЦАРИЦИТЕ, НО И МАЖИТЕ. СИСИ НА ПРИМЕР, СОПРУГАТА НА ИМПЕРАТОРОТ ФРАНЦ ЈОЗЕФ I НЕ ПРОПУШТАЛА ДА СЕ ПОЧЕСТИ САМАТА, БУКВАЛНО СЕКОЈ ДЕН, СО КАНДИРАНИ ЉУБИЧИЦИ, РУЖИНИ ЛАТИЦИ ОД ВИЕНСКАТА СЛАТКАРНИЦА DEMEL - K.U.K. HOFZUCKERBÄCKER И ДА СЕ ЗАСЛАДУВА СО НИВ. ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА И ДЕНЕС.

32

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

Н

е само австриската царица, потоа и кралицата на средноевропската држава Унгарија, со зашеќерени љубичици, ружини латици се засладувале и француските аристократки, вклучитeлно и сопрузите, па и децата. Но, десертите биле омилени и меѓу жителите на Блискиот, Далечниот и Средниот Исток. Се разбира, кандираните љубичици, ружини латици се користеле и за украсување на торти, печива.., неретко и на пијалаци. Всушност, приказната има поинаков тек, развојниот процес е различен, подруг и, секако, ги одразува естетичните чувства, вкусовите на источњаците, западњаците од памтивек. За употребата на цвеќињата, меѓу нив и љубичиците, ружините латици во кулинарството се зборува со ќеф, задоволство бидејќи надалеку прочуена е нивната лековитост и покрај вкусот за кој се говори дека има нежно слатки ноти. Впрочем, така е официјализиран. Се користеле за приготвување на мармалади, преливи, сирупи... На пример, густо сварениот шеќерен сок, пијалак од љубичици го измазнувал рапавиот глас на жените машкуданки, а ружината вода е, исто така, позната како неговото масло. Со нив се ароматизи-

рале и кондиторските производи. Секако, примената била широка, но благодарејќи на декоративните, украсните својства, карактеристики, вклучително и јадливоста, се здобиле со епитетот „луксузни“ без оглед на цената чија вредност е далеку од висока. И боите на љубичиците, ружините латици се неверојатно убави. Последниве години се применуваат и овде, но повеќе за декорирање. Како десерти воопшто не или сосем ретко, а во странство, на пример , можат да се купат во продавници за деликатеси, во слаткарниците на познатите мајстори. Се разбира, виенчанците/ Австријците обично им ги подаруваат на виенчанките/Австријките, парижаните/Французите на парижанките/Французинките во континуитет, да продолжи традицијата кога Сиси, жената на императорот Франц Јозеф I буквално секој ден си нарачувала кутија со зашеќерени љубичици, ружини латици за себе, да се почести. Убаво спакувана й ја доставувал газдата, сопственикот на Demel K.u.K. Hofzuckerbäcker (Виена). И денес може да се нарача онлајн. Цената на 38 грамско пакување е 12-12,50 евра, додека 100 грамско


СТИЛ |

ќесе во Ladurée (Париз) чини 12 евра. Очигледно дека приказната има висока цена. Историјата, минатото на десертните љубичици, ружини латици нè враќа двесте години наназад, дури и повеќе. Имено, ружините латици почнале да се кандираат во 1818-та во Тулуз и веднаш ги освоиле Хабсбурговците, иако живееле далеку, во палатата Хофбург на пример.

Љубичиците, пак, се зашеќерувале од 1860та, со четириесет и двегодишно задоцнување од причина што се истражувале долго време. Пишаните документи кажуваат дека ружините латици во Кина се кандирале порано барем сто и педесет години. Таму одамна се користеле и останатите јадливи цвеќиња во кулинарството, а другите, кои не можеле да се јадат, имале примена во фармакологијата и слично. Како било, и љубичиците и ружините латици се употребуваат и денес. Нивното зашеќерување има цел за истите да се одликуваат со естетика, да бидат естетични, прекрасни, убави, не заобиколувајќи го и нивниот вкус - нежно сладок. Љубичиците ги сакал и Наполеон, му биле омилени. Францускиот император се воодушевувал и од виолетовата боја. Не случајно е амблемна. Додека владеел, љубичиците ги одгледувале на големо, биле хортикултурни, градинарски производи како зеленчуците. Најдобар квалитет имале во Тулуз и неговата близина од кои на почетокот се правеле мириси, парфеми, а веднаш потоа, извесен аптекар почнал да ги зашеќерува, т.е. од нив

да произведува бонбони. Денес не може да се замисли тамошната кујна без кандирани љубичици. Почетокот на дваесеттиот век се карактеризирал со нивно или проширување на стопанството за одгледување на љубичиците во јужниот дел на Франција поради благата клима во текот на зимата. Во 1956-та била толку долга и сурова што културата речиси целосно изумрела. Притоа се одгледувале и други растенија, култури.., па интересот за неа опаднал. Едновремено и за кристализираните љубичици со шеќер. Дури во 1980ти, на средината, почнало ревитализирањето на културата. Се отвориле и работилници за кандирани, зашеќерени љубичици во неколку француски градови, така што купувачката се вратила на исто ниво како порано. За кристализирање на љубичиците со шеќер обично се користат дупли, цветови со двојни латици кои се берат на крајот на зимата и на почетокот на пролетта, но и подоцна. Убаво е големината да биде иста, соодветна за дехидрирање, потопување во сируп (шербет), односно густо сварен шеќерен сок и завршно, финално сушење. Одозгора се посипуваат со шеќер, а процесот е инаков за непрофесионално, аматерско кандирање, зашеќерување. Љубичиците се премачкуваат со белка од јајце, се посипуваат со шеќер, исто така, и се засушуваат. Со нив се украсуваат и печива и торти. Некои луѓе прават слатки, колачи(ња) исклучиво за нивна презентација. Секако, постапката е идентична, еднаква и кога се ружините латици во прашање. И едните и другите, согласно желбите, можат да се глазираат, да се премачкуваат со чоколада. Сепак, другите или зашеќерените љубичици, ружини латици го имаат приматот во кулинарството и поради тоа што наизглед се убави, но и заради вкусот - пријатен, нежно сладок. Без оглед на тукашната минимална употреба, сепак има кондитори, слаткари што ги користат за декорирање, а притоа се јадливи. Богатството на природата е бесценето за чие искористување и натаму се полемизира. Нема потреба, цвеќињата меѓу кои љубичиците, ружините латици се одгледуваат и причински, за готварски цели, да се употребуваат во кулинарството. Затоа е неопходно да се користат органски ѓубрива, произведени без хемиски додатоци, на биолошки начин и, секако, далеку од загадени вода, воздух и слично.

• Игор Ландсберг

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

33


| ПАТУВАЊЕ

BRITISH PULLMAN

ПАТУВАЊЕТО СО ВОЗ Е АВАНТУРА, ВИСТИНСКО ДОЖИВУВАЊЕ ШТО ВЛИЈАЕ НА ДУХОТ КАКО СПОЗНАНИЕ КОЕ И ДЕНЕС, КОГА СВЕТОТ БУКВАЛНО СЕ РАЗОРУВА, НÈ ИСПОЛНУВА ДО КРАЈ И ПРОДОЛЖУВА... ОВОЈ ПАТ СО BRITISH PULLMAN. РАЗЛИКАТА МЕЃУ НЕГО И ДРУГИТЕ, ОСТАНАТИТЕ ДВА ПАТНИЧКИ ВОЗА НА BELMOND - ROYAL SCOTSMAN И VENICE SIMPLON-ORIENT-EXPRESS Е ОРГАНИЗАЦИСКА БИДЕЈЌИ АРАНЖМАНИТЕ НА ПРВИОТ СЕ НЕКОЛКУЧАСОВНИ. ЛУКСУЗОТ ИМ Е ЗАЕДНИЧКИ, ВКЛУЧИТЕЛНО И РАСКОШОТ И БОГАТСТВОТО НА ЕНТЕРИЕРНАТА ОБРАБОТКА. НЕИЗБЕЖНО И УБАВАТА ПРИКАСКА, И МИНАТА И СЕГАШНА, КОЈА СЕ РАСКАЖУВА СО МЕСЕЦИ ОТКОГА ЌЕ ЗАВРШИ ЕДНОДНЕВИОТ ИЗЛЕТ ВО БРИТАНИЈА, ОД НЕЈЗИНИТЕ ГРАТЧИЊА, СЕЛА ДО ПРВЕНСТВЕНИТЕ НАТПРЕВАРИ, СО ЗАКУСКА (ОБРОК), ЧАЈ И ШАМПАЊ.

34

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

НА ЕДНОДНЕВЕН ИЗЛЕТ ВО СЈАЈОТ НА ЛУКСУЗОТ П

атниците кои сакаат поинакви, необични патувања имаат неколку опции, да уживаат во неколкудневните аранжмани што ги организира Belmond или Royal Scotsman, Venice Simplon-Orient-Express, но и во неколкучасовните со British Pullman. Иако се обновени, вагоните на патничкиот воз и натаму се одликуваат со елеганција. Нема сомневање, таков е и престојот во него - патниците со префинет вкус и покрај тоа што целат на руралните области, далеку од метрополскиот град, за истите да ги посетат, разгледаат.., нивното задоволство е несмалено бидејќи луксузот ги следи постојано, и додека седат во нивните купеа и додека пијат или чај или шампањ, но и обата, со закуска или обед. Се разбира, неодолива драж има тематиката. Имено, сите патувања се тематски, разнообразни. British Pullman, т.е. неговите вагони се прилично стари, од 1920-те. Но, реновирањето ги направи толку барани, привлечни што се

претворија во синонимни - амблем, симбол на луксузот. Со него се возат и членовите на кралското семејство, од самиот почеток. И ѕвездите на „сребреното платно“ (silver screen) од 1910-те и подоцна се превезувале со British Pullman, а дел од вагоните и денес ги носат имињата на филмските артисти, за долго сеќавање на нив. Секако и другите се врзани со убави приказни од Zena, Vera, Phoenix, Perseus, Minerva, Lucille, Ione, Ibis, Gwen, Cygnus до Audrey. Во „феникс“ обично се вози кралицата Елизабета Втора. Историјата е зачувана, предметите се антика, со уметничка вредност, а винтиџ осветлувањето ги прави уште поатрактивни, заедно со тапацирот кој, исто така, е скап, луксузен. Повеќето вагони се карактеризираат со гламур, без оглед на класичниот мебел, а иконичното значење на дизајнот на „лебедот“, потпишан од американскиот режисер Вес Андерсон, ги привлекува и модернистите, приврзаниците на модернизмот, но и на зелената, бојата на


ПАТУВАЊЕ |

Т Јорк

вечера или ручек во купе или вагон-ресторан и кога е попладневниот чај во прашање, со артисти, забавувачи. Атмосферата многу често е весела, расположението ја достигнува својата врвна точка. Се разбира, препорачлива е отмена, префинета облека, елегантна пред сè. Мажите во „таксидо“ (смокинг) или трендовски, во „мејд ин Британ“, а жените во фустан или необично, во креација со таква етикета. Шампањот е, исто така, неодминлив и на почетокот, за добредојде и на крајот пред заминување. Во меѓувреме, додека се обедува, може да се избира, комбинира, менува - има секакви (буквално) пијалаци. Околу јадењата, одбирот е голем, а изненадувањата се убави секогаш и многу. На пример, со патувањата се врзуваат и посебни кулинари, готвачи - специјални гости (шефови на возовата кујна), меѓу нив и Ollie Dabbous и Paul Ainsworth и Simon Rogan и Tom Aikens и Raymond Blanc. Повеќето се добитници на ѕвездата „мишелин“. Сезонските јадења од менијата се прават од свежи овошја, зеленчуци, морски плодови, меса... Во тек е пролетното, а јагнешкото филе од Велс и чоколадните „тартуфи“ се најбарани, како сирењата итн. Може да се избере од неколкуте комбинации (осум), и вегетаријанска и месна, вклучувајќи го и бранчот. За женските дружби се раскажува и по нив уште долго. Нивен организатор е пекарницата Luminary, слаткарката Claire Clark и тимот на Pretty Sweet каде што работат исклучиво жени. Освен чај, се послужуваат и сендвичи, слатки

- колачи(ња), торти.., па и шампањско вино (едно шише Veuve Clicquot за две патнички). Секој вагон збира од 20 до 26 гости, а распоредот се прави откога ќе заврши резервирањето, на маса за еден, двајца, тројца и четворица во сепаре. Патувањата обично се индивидуални (посебни), а неретко има и групни (заеднички, корпоративни) со цел да се прослави нешто, свечено да се одбележи некој празник, настан - венчавка, роденден. Поводот е различен, а доживувањето и големо и возбудливо, како искуството, без оглед на бројноста - 226 патници во 10-11 вагони, уникатни на свои начини. Гостите, исто така, можат и да ги продуцираат истите, по нивна желба. Belmond и British Pullman ја исполнуваат секоја. Романтиката се подразбира. И авантурата и таинственоста (мистеријата). Оваа пролет е инспиративна, топлото време ги буди сетилата, пријатните чувства... Сите аранжмани се продадени. Согласно тематиката и содржината е различна. Се поаѓа од лондонската железничка станица Викторија. Инспириран од убиствата во криминалните романи - бестселерите на Агата Кристи, ручекот е интерактивен, содржи пет јадења и чини 435 фунти (безмалку 31.840 денари), од 11:05 до 16:15. Толкава е цената и за патувањето во стилот на 1920-тите, а посетата во Бат, со бранч (вклучително и ручек со четири јадења) има цена од 560 фунти (скоро 41.000 денари). Поаѓањето е во 09:40, се враќа во 19:45. Толку чинат и патувањата до палатата

тревата, на свежите, неовенати лисја. Во неговата кола (железничка), т.е. вагон се бара место плус, за да се почувствува меѓу другото и шармот на комбинацијата со архаични, старински предмети. Всушност, на тој начин се одржува автентичноста, неизбежно и парцијално. Резервацијата е задолжителна (до четворица), но не само за Cygnus. Местата се ограничени, седиштата и во купеата и во ресторанските вагони се избираат согласно аранжманите и ексклузивитетот. Дестинациите обично се примамливи, неретко и сензационални. Можат да се посетат и британските гратчиња, села и дворците, замоците и првенствените натпревари, фудбалски на пример. Да се видат и ретките убавини во Бат, Јорк и Кантербери, во палатата Бленхајм и Сандрингам, во Беркшир (на Ројал аскот) и Челзи (на цветниот саем). Изборот е голем, за стилски да се мине денот, да се ужива во него. Искуството е незаборавно и кога се работи за

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

35


| ПАТУВАЊЕ

Оксфорд

Кантербери

Бленхајм (08:45-19:30), Вадестон Манор (08:4519:30), Лонглет (живеалиштето на батските маркизи, од 09:40 до 19:45), Оксфорд (08:4519:30) и посетите на истите, додека педесетгодишнината од сообраќањето на Brighton Belle до јужниот брег од Лондон и обратно се одбележа со патување во друштво на Michael Portillo, разговор со него во British Airways i360 - 162 метарска кула, бранч со Bellini (коктел) и вечера со три јадења, чија цена изнесуваше 1.350 фунти (околу 98.800 денари). Се поаѓаше во 10:00, а враќањето беше во 19:30, на 30 април. Се разбира, немаше слободно место. Мајските тури се, исто така, полни. Резервирано е буквално сè. Како што кажавме и претходно, купувањето на билетите може да биде и онлајн. Имено, веб-страницата има опција меѓу другото и да се види како тече пополнувањето. Интересот е голем за сите аранжмани, засега тринаесет на број. Секако, враќањето на спомените од 1920-те ги привлекува и домашните и странските гости, патниците кои се восхитуваат од нивниот гламур. Од тие причини се повторува без оглед на тоа што патувањето е кусо, трае нешто повеќе од три часа. Цената е 490 фунти (околу 35.860 денари) со парна локомотива и 435 фунти (безмалку 31.840 денари) или 365 фунти (малку повеќе од 26.700 денари) со електрична, по лице. Тргнувањето е во 11:40, односно 11:05, а враќањето во 16:10, т.е. 16:15. Железницата минува низ Кент, прочуената градина во Англија. Притоа се обедува, со вино (меѓу другото и шампањ). Има четири јадења, деликатеси кои се послужуваат на ленен чаршаф, во порцелански чинии, кристални чаши. Приборот за јадење, односно есцајгот е посребрен, а декоративната уметност (арт-деко) се подразбира, согласно темата. Но, како се наближува летото, така се зголемува и бројот на приморските населби до каде што се патува. Билетот за Margate и Whitstable и назад, сосе ручек и пијалак, чини 400 фунти (околу 29.270 денари). За Belmond се зборува со пиетет, благодарејќи на British Pullman, Royal Scotsman и Venice Simplon-Orient-Express - луксузните патнички возови за чии аранжмани се бара карта повеќе, со цел да се доживее и Британија и Европа, да се восприемат, почувствуваат сеопфатно, во сиот нивен луксуз...

• Игор Ландсберг

36

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

37


ГАСТРОНОМИЈА

ГОТВИМЕ СО

ФИЧО ФИЛИП ПОПОВСКИ

ТОРТИЉА СО СВИНСКО МЕСО Подготовка:

Претходно испеченото прасечко месо расцепкајте го на конци со помош на виљушка. Потоа загрејте го во тавче со малку барбикју сос (сос за скара). Тортиљата премачкајте ја со барбикју сос и крем сирење. Додадете тенко исечкани кисели краставички и црвен кромид. На крај по желба додадете рендана моцарела и преклопете ја тортиљата на половина. Додатно испечете ја од двете страни и исечете ја на парчиња по желба. Како прилог јас додадов рендана зелка измешана со малку вода од кисели краставички, малку павлака, малку мајонез и тенко исечкан црвен кромид. На крај промешајте ги зеленчуците со павлаката и мајонезот и направете крем салата. Ова јадење е класичен „street food”.

Уживајте!

38

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


ЧИТАЈ, ГЛЕДАЈ, СЛУШАЈ |

„ЧЕТИРИ ИЛЈАДИ СЕДМИЦИ“ ОЛИВЕР БУРКЕМАН

Б

естселерот на „Њујорк тајмс“ е своевидно упатство за обичните смртници: како да управувате со времето. Неговиот автор тврди дека просечниот човечки животен век е апсурдно, навредливо кус. Под претпоставка дека ќе доживеете 80 години, имате само околу 4.000 седмици. Никој не треба да каже дека нема доволно време. Опседнати сме со списоците на задачи што треба да ги завршиме, со преполните електронски сандачиња, рамнотежата работа-приватен живот и постојаната битка со дистракции. И покрај тоа, ние ретко ја поврзуваме секојдневната борба со времето со крајниот проблем на управување со него: предизвикот како најдобро да ги искористиме нашите 4.000 седмици. Потпирајќи се на учењата и на античките и на современите филозофи, психолози и духовни учители, Оливер Буркеман ни нуди забавен, практичен и длабок водич за времето и управувањето со времето. Отфрлајќи ја залудната модерна фиксација „да се заврши сè“, „Четири илјади седмици“ ги запознава читателите со алатки за градење на значаен живот со прифаќање на конечноста, покажувајќи колку од бескорисните начини до кои сме дошле размислувајќи за времето не се неизбежни, непроменливи вистини, туку избори што сме ги направиле како поединци и како општество - и дека можеме да ги правиме работите поинаку. •

„THE BEST OF BOND… JAMES BOND“

З

а љубителите на серијалот за Џејмс Бонд, тајниот агент 007, неговата продукциска куќа пред извесно време го издаде новиот албум, комплет цедеа (2) со песни на Адел, Били Ајлиш и Сем Смит, меѓу другите. „The Best of Bond… James Bond“, како впрочем и сè што е врзано со главната личност во неговите филмови, може да се нарача и онлајн, а цената е 10,99 фунти (безмалку 820 денари) на 007store.com на пример. Албумот или двете цедеа содржат 26 песни од серијалот чии филмови се карактеризираат со тематска разнообразност. Неодминливо, такви се и песните. Акцентот е врз „Skyfall“ на Адел, нумерата од истоимениот филм со најголем профит, добитничка на „оскар“ во 2013-та, врз „No Time To Die“ на Били Ајлиш и, секако, врз „Writing’s On The Wall“ на Сем Смит, нумерата од „Spectre“, која е, исто така, добитничка на „оскар“ во 2016-та. Останатите 23 песни од албумот се „James Bond Theme“ (The John Barry Orchestra), „From Russia With Love“ (Matt Monro), „Goldfinger“ (Shirley Bassey), „Thunderball“ (Tom Jones), „You Only Live Twice“ (Nancy Sinatra), „On Her Majesty's Secret Service“ (The John Barry Orchestra), „We Have All The Time In The World“ (Louis Armstrong), „Diamonds Are Forever“ (Shirley Bassey), „Live And Let Die“ (Paul McCartney & Wings), „Nobody Does It Better“ (Carly Simon), „Moonraker“ (Shirley Bassey), „For Your Eyes Only“ (Sheena Easton)... и „Another Way To Die“ (Jack White & Alicia Keys) на второто цеде. •

„DANCING ON GLASS“ (ТАНЦУВАЊЕ НА СТАКЛО)

Ф

илмот е шпански, а неговата премиера се одржа во Малага (25 март), на филмскиот фестивал. „Нетфликс“ е всушност и дистрибутер и емитувач на „Dancing On Glass“, од 8 април. Jota Linares е потпишан и како режисер и како сценарист, заедно со Jorge Naranjo. Филмот се снимаше во Мадрид, а говори за пријателството, заемниот однос на љубов, почит и доверба меѓу две балерини кои танцуваат во заедничка трупа, изолирани од реалниот свет. Пријателството се раѓа кога едната почнува да го чувствува притисокот со добивањето на главната улога во новата претстава, спротивно од другата која е отфрлена, без ангажман во истата. María Pedraza како Irene ја предводува целата психолошка драма, од почеток до крај. Инаку, таа е и актерка и модел и танчарка. Благодарејќи на серијалите „Money Heist“ и “Elite“ (обата трилери) се здоби со слава од широки размери. • Жанр: психолошка драма Актери: María Pedraza, Paula Losada, Mona Martínez, Marta Hazas, Ana Wagener Режија: Jota Linares

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

39


| HI TECH

Висока технологија

РАЧЕН ПЛАНЕТАРИУМ ЗОШТО ВИСОКАТА ТЕХНОЛОГИЈА НАЈЧЕСТО ЈА ВРЗУВААТ СО БЛАГОРОДНИТЕ МЕТАЛИ И СКАПОЦЕНИТЕ КАМЕЊА (МИНЕРАЛИ)? ЧАСОВНИЦИТЕ ЗА КОИ ПИШУВАМЕ СЕ ТОКМУ ТАКВИ, ВО СЕБЕ ИМААТ ВРВНА МАШИНА, ЕДНА И ЕДИНСТВЕНА НА ПЛАНЕТАВА, НО ПРЕВИСОКАТА ЦЕНА Е ДЕЛО НА ПЛАТИНАТА И ДИЈАМАНТИТЕ.

40

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

С

ветот на високата технологија е насекаде околу нас. Нема нешто направено, а во него да не е присутна високата технологија: автомобили, авиони, пловила, велосипеди, облека, тениски рекети, очила, часовници, градежни материјали и уште милион други предмети кои човекот ги направил со помош на најновите техничко технолошки алатки и достигнувања. Часовниците како и сите други предмети се дел од таа висока технологија. Штом нешто во себе содржи најнова технологија, истото е и најскапо. Се чини моделот „полноќен планетариум“ е еден од тие, инаку сопственост на марката Ван Клиф и Арпелс познати во светот по луксузни предмети, накит и останати „играчки“.

Производителот ја претстави „поетската комплицирана колекција“ и на јавноста й подари еден рачен часовник за дамите и еден за појакиот пол именувани како „полноќен планетариум“ и „лејди планетариум“. Телото на второ споменатиот часовник посветен на дамите е изработено од платина опточено на краевите со дијаманти, а чудниот механизам или подобро да кажеме комплицираниот е приказна за себе. Механизмот содржи пет подвижни дискови. Првиот диск (прстен), со најголем пречник е наменет за покажување на точното време, односно ја следите ѕвездата што паѓа за да дознаете колку е часот. Таа ѕвезда го обиколува „небескиот свод“ за 12 часови. Потоа на ред е нашава планета која прави еден круг (револуција) за 365 денови, додека месечина-


HI TECH |

та на секои 24 часа ја обиколува земјата. Следна планета е Венера и најблиску до сонцето е Меркур. И како што е редот во космичкиот простор, сонцето е во центарот на нашава галаксија, така е и на часовникот за дамите. Да не заборавиме да кажеме дека секое космичко тело е направено од некој драг камен како на пример месечината е направена од дијамант, а Венера најверојатно од сафир. Комплицираното движење на планетите околу сонцето е овозможено од единствениот механизам што досега е вграден во некој часовник. Ист таков механизам има и изведбата „полноќен планетариум“ наменета за машкиот пол, со таа разлика што на него се поставени повеќе подвижни дискови затоа што има повеќе небески тела. Во ценатрот е Сонцето, а потоа планетите: Меркур, Венера, Земја, Марс, Јупитер, Сатурн, и во најголемиот прстен сместена е ѕвездата што паѓа (кометата) која за 24 часови прави еден круг и воедно го мери времето. Покрај вселената, во часовникот е присутна и геологијата - планетите се изработени од минеали. Меркур е направен од серпентин, Венера од хлоромеланит за Венера, тиркизот е за планетата Земја, црвен јаспис за Марс, син агат за Јупитер и сугилит за Сатурн. И сега за 687 денови Марс ќе направи една револуција, а Сатурн ќе се заврти околу сонцето за 29,5 години или 10.756 денови. Сето тоа се гледа на двата спомнати часовници посветени на вселената. Ако сега во моментов купите еден од двата часовници, планетите се поставени веродостојно како и во реалниот сончев систем. Механизмот е автоматски, односно сам се навива и е премногу комплициран затоа што сите дискови (прстени) се поврзани, а се движат со различна брзина и згора на тоа најголемиот диск (прстен) го мери времето со голема точност. Овој премногу комплициран механизам содржи 396 делови и е дело на Кристијан ван дер Клаув врвен мајстор над мајсторите за астролошките часовници. Тој е повикан од компанијата Ван Клиф и Арпелс да ги конструира овие два часовници кои нарачателот ги нарече „поетска комплицирана колекција“. За „компликацијата“ да биде подготвена за светска премиера од цртеж до краен производ биле потребни две и пол години. Сето тоа ќе ве чини 250.000 долари или по 50.000 долари за секое од петте шестмесечја во тие две и пол години. • Жарко Атанасовски

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

41


| ИСТОРИЈА

160 години Опел

ОПЕЛОВАТА РОДЕНДЕНСКА РАЗГЛЕДНИЦА НАЈНАПРЕД МАШИНИ ЗА ШИЕЊЕ, А ЗАЕДНО СО НИВ И ВЕЛОСИПЕДИ СО КОИ СТАСАЛ ДО НАЈГОЛЕМ СВЕТСКИ ПРОИЗВОДИТЕЛ. ПОТОА НА РЕД ДОАЃААТ АВТОМОБИЛИТЕ И МОТОЦИКЛИТЕ, ЗА ДЕНЕС ДА ОСТАНЕ САМО СО ЧУДАТА НА ЧЕТИРИ ТРКАЛА, НО СÈ УШТЕ НЕ Е ЈАСНО ЗОШТО ГИ НАПУШТИЛ ВЕЛОСИПЕДИТЕ И МОТОЦИКЛИТЕ.

П

риказната за Опел и неговите 160 години започнува во 1862 кога Адам Опел ја формирал компанијата со седиште во Риселсхајм, првенствено како работилницата за производство на машини за шиење. Адам Опел бил многу познат конструктор на овие машини и како што времето одминувало така работата одела по нагорна линија. Во 1886 год. производството било проширено со велосипеди. Квалитетната и прецизна изработка на производите не им биле непознати на купувачите, така што набрзо Опел станал најголем производител на машини за шиење и велосипеди во матичната земја. Опеловиот прв автомобил датира од 1898 год. Адам Опел потпишува преддоговор со Фридрих Луцман за заедничко производство на автомобили, но во меѓувреме починува. Работата прејдува во рацете на неговата сопруга и двајцата најстари синовите. Тие се сега одговорни за работата и се обврзуваат дека ќе го испочитуваат договорот за заедничко

42

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

производство на автомобили со Ф. Луцман во наредните две години. До крајот на 1901 биле произведени вкупно 65 автомобили, а потоа соработката со Ф. Луцман престанува. Истата година Опел склучува договор со компанијата Дарак, за заедничко производство на автомобили кои ќе го носат името „опел дарак“ - каросерија од Опел, а шасија од Дарак. Првиот автомобил со сопствен дизајн е претставен во 1902 год. на Салонот за автомобили во Хамбург, а започнале да го произведуваат во 1906 година, но набрзо потоа партнерството со Дарак престанало во 1907. Некаде во тоа време Опел почнува да произведува мотоцикли. Истовремено познатиот модел „докторваген“ (4/8 пс“) е претставен во 1909 год. и набрзо е прифатен од широк круг купувачи поради неговата издржливост да ги совладува нерамните патишта. Особено биле задоволни лекарите затоа што можеле да стасаат до сите пациенти. Кога некој автомобил е почитуван поради квалитетот, способноста да совладува нерамни патишта, да биде удобен и воедно да биде со прифатлива цена, тогаш успехот е неизбежен. Уште на почетокот Опел создал своја клиентела која ја задржал сè до денешен ден. И денес Опел го бие глас како марка која произведува мошне солидни автомобили, како семејни така и модели наменети за помладите возачи, така е кај нас во Македонија, но и на континентов. Бидејќи обемот на работата брзо се зголемувал, Опел имал потреба од постојано тестирање на автомобилите. Тоа го правел на јавните патишта, но останатите учесници во сообраќајот биле револтирани од бучавата која ја правеле автомобилите и од однесувањето на тест возачите. Под притисок на јавноста Опел во 1917 започнал да гради соп-

ствена патека за испитување на автомобилите. Патеката била готова во 1919, а официјално отворена есента 1920 год. под името Опел Ренбан (Опел тркачка патека). ПОЧЕТОЦИТЕ НА РАКЕТНАТА ТЕХНОЛОГИЈА Тоа било времето и на Фриц фон Опел, внукот на Адам Опел, кој експериментирал со ракетни мотори. Тогаш Ф, фон Опел заедно со Макс Валиер постигнува неколку брзински светски рекорди со прототиповите „рак 1“ и „рак 2“, а позабележителен е тој постигнат со „рак 2“ во 1928 кога брзинометарот ја покажал бројката 238 (км/ч). Потоа следел нов рекорд со брзина од 256 км/ч (290) постигнат со прототипот „рак 3“. „Опел рак 4“ се запалил, а потоа одговорните од железницата ги забраниле тестирањата на ракетните возила. Тие автомобили всушност се движеле исклучиво по железничките пруги и така ги постигнувале Софија и Адам Опел

Фабриката на Опел 1906 година.


ИСТОРИЈА |

Опел Лутзман -1902 година.

рекордите. Во 1929 год. на 30 септември е изведен првиот лет на човек со летало на ракетен погон. Фриц фон Опел е пилотот, а конструктор на леталото (авионот) бил Јулиус Харти, додека ракетниот мотор е позајмен од прототипот „рак 1“. И авионот како и прототип возилото се првите чекори на светов на полето на ракетните мотори. Подоцна оваа прва светска ракетна програма на Фриц фон Опел, Макс Валиер, Фридрих Вилхелм Сандер и Јулиус Хатри ќе послужи како основа за развој на ракетите од страна на Вернер фон Браун, конструкторот на „фау 1 и фау 2“ за потребите на нацистичка Германија во Втората светска војна, а по војната тој работи за американската вселенска агенција НАСА и станува главен на програмата Аполо. Значи, почетоците на ракетната технологија се одвивале некаде во погоните на Опел. Во третата деценија од минатиот век финансиската состојба на Опел била повеќе од добра, а како нема да биде кога е производител број 1 во својата земја и меѓу првите три на континентов. 1924 год. е битна за Опел бидејќи се појавува моделот „лаубфрош“ кој набрзо станал еден од најпродаваните. Во тој период, неколку години пред и потоа, компанијата Опел не го запоставила производството на велосипеди, туку напротив го доусовршила. Во тоа време Опел бил светски најголемиот производител на велосипеди, а произведувал и мотоцикли. Тие биле произведувани во три, односно четири периоди, првиот од 1902 до 1907, потоа од 1912 до 1914 за потоа да продолжи од 1919 до 1924 година. Третиот и последен период е најкус, а започнува во 1928 кога Опел ги купува правата од Ернст Нојман Неандер и неговиот модел „неандер 500“. Опел го доработува овој модел и го именува како „мотоклуб 500 охв“. Подоцна овој мотоцикл ќе му послужи на Фриц фон Опел како основа за постигнување брзински

рекорди кога во него ќе вгради неколку ракетни мотори. АВТОМОБИЛИ ЗА СЕЧИЈ ВКУС Според Адам Опел автомобилот морал да биде достапен за поширок круг луѓе. Со слично гледиште бил и Хенри Форд на другата страна од „големата вода“. Финансиската моќ на Опел била забележана од американскиот производител на автомобили Џенерал Моторс, но во исто време надвиснала светската криза, а браќата Опел барале стратешки партнер способен да вложи во зголемените апетити на компанијата. ГМ бил тој кој купил дури 37 отсто од акциите на Опел, а подоцна во 1931 година ги откупува преостанатите акции и станува целосен сопственик. Сем тој чекор на ГМ други не превземал, сета организација и развој и натаму биле водени од Опел. Компанијата и натаму вложувала во развојот и во 1935 година отвора нова современа фабрика во Бранденбург за производство на лесниот камионет „блиц“. Истата година Опел е првиот германски производител кој стасал до 100.000 произведени возила. Тоа му успеало најмногу поради моделот „п 4“ и неговата цена од 1650 марки. „Опел п 4“ има современ линијски мотор со четири цилиндри, развивал 23 КС и постигнувал крајна брзина од солидни 85 км/ч. Таа година ќе биде запаметена и по претставувањето на првиот масовно произведуван автомобил со самоносечка каросерија целосно направена од челик. Моделот „олимпија“ претставувал врв во индустријата, мал, аеродинамичен, полесен од сите други автомобили и воедно со најдобри брзински способности и најмала потрошувачка на гориво. За овој комплетен производ Опел добива патент за кој велат дека е еден од најважните во севкупната автомобилска индустрија. Само две години подоцна во 1937, во фабриката во Риселсхајм Опел произведу-

ва над 130.000 возила. Оваа фабрика дома е прва, а седма во светот по број на произведени автомобили во една година. И токму кога Опел руши рекорди во производството и кога се појавува моделот „капетан“, над светот надвиснува Втората светска војна. До почетокот на војната Опел ќе произведе скоро 25.400 примероци и толку. Потоа фабриките ќе бидат во служба на воената машинерија по наредба на тогашниот нацистички режим. За време на војната сите индустриски објекти биле уништени од силите на Антантата. И фабриките во Риселсхајм и Бранденбург биле разрушени, така што по војната стапи период на комплетирање на алатите, суровините и останатите работи потребни за производство на автомобилите. Некаде во тоа време руската команда бара дел од преостанатите производни машини бидејќи Германија била поделена меѓу големите сили. Велат дека во поделбата кај Русија останале цртежи и скици од моделот „кадет“. Тоа се случува во 1948 година. Наводно Русија потоа го произведува автомобилот „москвич 400“ кој многу потсетувал на автомобилот од скиците, „кадетот“. Опел го враќа производството во 1946 кога од фабриката во Риселсхајм излегува камионетот „блиц“. Сега на ред бил моделот „капетан“. Одговорните имале желба да го вратат во производство. Тоа им успеало, но морале да му дадат предност на моделот „олимпија“ бидејќи имал далеку помал мотор. Според договорот фабриките не смееле да произвеОпел Корса

Опел Корса 1988-1992 година.

Опел Манта

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

43


| ИСТОРИЈА

Опел ГТ- Ерхард Шнел

дуваат мотори поголеми од 1,5 литри. Во 1947 излегува „олимпија“, а една година подоцна и моделот „капетан“ е подготвен за продажба. Обновен Опеловиот „кадет“ се појавува во 1959 година и оттогаш овој модел станува икона во семејството Опел. Кај нас во Македонија неколку модели од Опел станаа, да речеме, култни, најнапред „олимпија“, потоа „рекорд“, а најмногу и најпочитуван е моделот „кадет“, во поново време „корса“ и се разбира „астрата“ продолжение на „кадетот“. „Кадетот“ се појавува во далечната 1936, војната го прекинува производството во 1940, а фабриката влегува во служба на воената машинерија. Производството е обновено во 1962 год. и трае до 1991, а кабриолетот продолжува уште две години, за потоа моделот да биде преименуван во „астра“. НАЈПРОДАВАНИОТ МОДЕЛ НА ОПЕЛ Од 1936 (1937) до денес моделот „кадет“ / „астра“ е најпродаваниот Опел на сите времиња во семејството и затоа конструкторите посветуваат премногу внимание при создавањето на нова генерација. До денешен ден се продадени околу 25 милиони примероци и тоа само на континентов, а тоа што на другите пазари се појавува под друго име, на пример на азискиот пазар се продаваше под името „исузу џемини“, тие примероци не се присутни во бројките. „Опел кадет“ од 1985 и „опел астра“ од 2016 се закитиле со континенталната титула „Автомобил на годината“. И денес моделот „астра“ е еден од најомилените, напосакуваните и најбараните во популарно нареченета висока ниска класа или по најново „опел астра“ е припадник на класата (сегментот) „ц“. Моделот „корса,“ исто така, е припадник на

44

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

ниската класа автомобили, поточно е член на ниската средна класа (сегмент „б“). Првиот примерок е претставен пред светската јавност во септември 1982 год. Моделот „корса“ е најпопуларен кај младата популација возачи, но подеднакво е присутна и кај возрасните, затоа што е почитувана од сите генерации. Речиси и да нема генерација која не е обожувана од јавноста. Секој што купува автомобил од ниската средна класа, задолжително и неизбежно „корсата“ се наоѓа на списокот од посакувани модели. Малку е чудно што овој многу популарен модел досега ја нема освоено континенталната титула „Автомобил на годината“, но и покрај тоа „корсата“ по бројот на продадени примероци е веднаш зад „астрата“. Во 1998 год. е „корса“ е најпродаваниот автомобил во светот во својата класа со 910.839. Тогаш е продавана на четири континенти под пет имиња, односно марки во пет каросериски изведби. Од првата „корса“ во 1982 до денешната шеста генерација продадени се над 18 милиони примероци. За овој модел има уште еден занимлив податок, досега „корсата“ се нудеше и во каросерија со три врати, но најновата засега се продава само со пет врати. И класичните лимузини се дел од поширокото семејство: „рекорд“, „комодоре“, „сенатор“, а во поново време „вектрата“, односно во најново „инсинијата“. Ако во минатото Опел имаше свој претставник во класата над средната, денес Опел е присутен од ниската ниска класа до заклучно со средната класа. Ако некогаш моделот „сенатор“ биеше битка со средната премиум класа, денес тој начин на работење е напуштен. Најновото од Опел е што Џенерал Моторс го

продаде на Пежо за 2,3 милијарди долари заедно со Воксал во 2017, така што денес е дел од групацијата Стелантис и сега е заедо со Пежо, Цитроен, Фиат, Абарт, Алфа Ромео, Крајслер Доџ, ДС, Фиат, Професионал, Џип, Ланча, Масерати, Мопар, Рам и Воксал. Сега во мода се електричните возила и Опел веќе го има целосно електрифицираното наречено „рокс е“, мало возило, двосед, кое може да биде управувано од лица со наполнети 15 години. Возилото веќе се продава на домашниот пазар и засега нема никакви најави дека истото ќе оди на продажба во други држави на континентов. Неговата цена е 6.000 евра, а истото возило со друг дизајн ќе се продава како „цитроен ами“, а можно е да се продава и како „фиат тополино“. Мошне занимлив е одделот за дизајнирање каде моделот се осмислува директно во три димензии. Откако моделот ќе биде речиси готов, тогаш дизајнерите заедно со одговорните во компанијата седнуваат да го анализираат дизајнот, како надворешниот така и внатрешниот. Мал амфитеатар со не повеќе од 60 до 70 места и 10 на 3,5 метри пано за прикажување на автомобилот во три димензии во размер 1:1. Таму се вршат исправки на дизајнот со помош на компјутери, а програмите во кои се дизајнираат возилата не можат да се најдат во продажба, туку се развивани во Опел и се користат само за Опел и за никој друг. Во таа сала со часови и денови се набљудува дизајнот на моделот сè додека не се испегла и последниот детаљ, а потоа конечниот изглед оди во производство. Тоа е строго чуван оддел во матичната фабрика чии ѕидови и врати се обложени со олово, а се влегува без мобилен телефон, фотоапарат, разни пенкала, моливи, запалки, кутии цигари, кибрити, клучеви, часовник и останати предмети и се разбира со посебна дозвола од одговорните во фабриката. И денес главнината на Опел сè уште се наоѓа во Риселсхајм исто како и пред 160 год. Таму се осмислуваат плановите за идните возила, се дизајнираат и се конструираат од врвни мајстори на својот занает, а потоа готовите производи, автомобилите, ги продаваат во повеќе од 60 земји во светот. • Жарко Атанасовски


05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

45


| СПОРТ

Светско првенство во Формула 1

КОГА МАКС „ВАДИ “ МАКСИМУМ АКТУЕЛНИОТ СВЕТСКИ ПРВАК ИМАШЕ ТЕЖОК СТАРТ НА СЕЗОНАТА ИМАЈЌИ ПРЕДВИД ДЕКА ВО ДВЕ ОД ПРВИТЕ ТРИ ТРКИ НЕ УСПЕА ДА СТИГНЕ ДО БОДОВИ ПОРАДИ ТЕХНИЧКИ ПРОБЛЕМИ, НО НЕГОВИОТ ОДГОВОР ВО ЧЕТВРТАТА И ПЕТТАТА РУНДА БЕШЕ УДАР ЗА НАДЕЖИТЕ НА КОНКУРЕНТИТЕ. о освоени 34 поени во Имола и дополСФерстапен нителни 26 поени во Мајами, Макс направи сè што беше во не-

гова моќ за да се врати во игра за шампионската титула. Додека тој прокнижи нови 60 бода на неговото салдо, водечкиот на табелата, Шарл Леклер, додаде само 33 на своето конто. По пет трки од 2022 година, Леклер и Ферстапен се издвоени на врвот од табелата со 104, односно 85 поени, како најочигледни фаворити за титулата. Големиот „кам-бек“ на Ферстапен започна со уништување на „домашната

46

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

забава“ на Ферари. Патеката во Имола го носи името „Дино и Енцо Ферари“ и се наоѓа на само стотина километри од фабриката во Маранело. Оваа сезона со одлука на ФИА, оваа патека заедно со „Ред Бул Ринг“ во Австрија и „Интерлагос“ во Бразил беше определена да биде една од трите кои ќе имаат поинаков формат на гран при викендот, акомодирајќи ја ланската иновација на таканаречени „спринт квалификации“. Согласно новите промени, квалификациите се возат во петок попладне по само еден тренинг на патеката, додека во сабота се организира мини-трка на 100 километри, која, пак, го детерминира конечниот редослед за старт во неделното гран при. Сепак, за разлика од 2021 година кога бодови добиваа само првите тројца, сега првите осум во „спринт квалификациите“ добија поени по системот 8-76-5-4-3-2-1. На овој начин, Ферстапен го максимизираше својот учинок, па од Имола си замина со 34 поени, односно 8 бода за прво место во „спринт квалификациите“, стандардните 25 бода за победа во неделната трка и уште еден дополнителен поен за најбрз круг!

Неговиот ривал од Ферари успешно се носеше во улогата на втор фаворит, финиширајќи зад Ферстапен во секоја сесија – освен во последната и највредна за освојување на поени – неделната трка. Перез го мина Леклер уште на стартот, а потоа одолеваше на нападите и на крајот дочека огромна грешка на возачот од Монако. Kога се чинеше дека Леклер има темпо и посвежи гуми за да го нападне Перез, следеше огромна грешка на неколку круга пред крајот. Моначанецот излета и падна на осмата позиција, а до крајот успеа да се избори за шесто место, што секако беше големо разочарување за него, но и за италијанските тифози на трибините. За да биде катастрофата на Ферари уште поболна, Карлос Саинц не освои бодови, односно не ја заврши трката поради излетување на самиот почеток од трката. Ваквиот расплет му овозможи на Хелмут Марко, неофицијалниот лидер на таборот „Ред Бул“ кој умешно кокетира со официјалната ролја на „советник“, да испрати вознемирувачки пораки до италијанската „скудерија“. – Конечно стигнавме до еден-два по-


СПОРТ |

беда, првпат од 2016 година, што е важно за подигнување на моралот. Исто така, овој резултат покажува дека сме конкурентни, едноставно треба да го склопиме пакетот и повторно сме тука во битка за титулите. Ферстапен два пати загуби многу поени, да не беше тоа, сега ќе беше на врвот. Не сум убеден дека Ферари ќе може да ни парира. Видовме дека кога правиме вистински притисок, почнуваат да грешат, Саинц направи голема грешка, Леклер, исто така, изјави Австриецот, со што ги погоди ривалите онаму каде што најмногу „ги боли“. За да не биде сè толку сурово (само за) Ферари, се погрижи таткото на Макс, поранешниот Ф1 возач Јос Ферстапен. Тој се осврна на друг момент од Имола, кога неговиот син го престигна седумкратниот светски првак Луис Хамилтон за цел круг. Во неговата колумна објавена на официјалниот веб - сајт на возачот на Ред Бул, Јос Ферстапен напиша: – Макс имаше неверојатен викенд во Имола, не направи ниту една грешка. Имаше целосна контрола, тоа беше неверојатно. Искрено, уживав кога видов дека го претекна Хамилтон за еден круг, најмногу поради тоа што се случи минатата година. Хамилтон навистина се мачи оваа година, неговиот тимски колега Џорџ Расел е во многу подобра сиутација. Ретко имате прилика на тој

начин зад себе да оставите болид на Марцедес, напиша во колумната Јос Ферстапен. Тоа донекаде испровоцира одговор од тимот на „сребрените стрели“, кои го нагласуваат феноменот на „потскокнување“ како еден од главните проблеми со нивниот болид, кој е конструиран според новите правила за 2022 година. – Работиме напорно во фабриката и голем дел од активностите се поврзани со обидот да го разбереме овој феномен, односно да се обидеме да го контолираме. Не е реално дека проблемот ќе исчезне одеднаш, ќе работиме чекор по чекор, но барем има охрабрувачки сигнали. Можеби уште во Мајами ќе се забележи разликата, – изјави Џејмс

Шовлин, еден од водечките инженери во тимот на Мерцедес. За волја на вистината, Хамилтон не задоцни цел круг во Мајами, но таквиот расплет можеби може само привремено да го утеши, бидејќи конечните пласмани беа детерминирани од појавата на возило за безбедност на крајот од трката. Од друга страна, позитивна енергија проструи кај Ферари бидејќи нивните возачи имаа „еден-два“ во квалификациите, кога ја искористија невнимателноста на Ферстапен во одлучувачката сесија на квалификациите. Но, актуелниот светски првак успеа „да ги сложи коцките“ и во трка да ги победи ривалите, престигнувајќи ги двајцата уште во пр-

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

47


| СПОРТ

вите десет круга. Според медиумите, падот во перформансите на Ферари е протолкуван како лоша компатибилност на пневматиците со „нечистиот“ асфалт, а дополнително природата на патеката (со брзи свиоци во последниот сектор пред излегување на правецот каде што се бара висока крајна брзина), му одела во корист на ривалскиот тим. Холанѓанецот тргна во напад уште во првите моменти од трката и го мина Саинц на стартот, а набрзо покажа дека има извонредно темпо и му се залепи на Леклер. Без видливи проблеми ја искористи брзината на болидот за да направи престигнувачки маневар во деветтиот круг. Вториот заплет се случи кога Ландо Норис направи голема грешка на десетина круга пред крајот и возилото за безбедност беше аплицирано на патеката, па така предноста од речиси осум секунди на Макс „падна во вода“. Пред рестартот, сите болиди се наредија еден до друг, па Леклер се обиде да направи притисок, но Ферстапен успешно се одбрани и не потклекна под притисокот. Обратна ситуација имаше во борбата за третото место, па Саинц се одбрани од Перез, по што Шпанецот беше со Ферстапен и Леклер на подиумот во Мајами. Дека Макс повторно беше „пуштен на максимум“ покажа фактот дека повторно го имаше најбрзо извозениот круг, за што доби дополнителен поен. Во завршницата од трката, интересна беше и борбата за петтото место која му припадна на Расел пред тимскиот колега Хамилтон, а во топ 10 завршија и Ботас, Алонсо, Окон и Албон. - Ако земеме предвид колку поени ќе понесеме дома, не можеме да бидеме премногу разочарани, пред сè бидејќи водиме во двете првенства. Сепак, јасно е дека треба да реагираме, рече тимскиот шеф на Ферари, Матија Биното. За разлика од ривалите, Ферари успеа да донесе конкурентен болид на стартот од сезоната и оттогаш кон него се однесува според правилото „ако нешто добро работи, не го чепкај“. Тие не направија надградби на болидот досега, иако тестираа нов дифузер во Австралија. Враќањето во Европа би можело да ја олесни логистиката и воведувањето на надградбите на болидите, но пред сè да

48

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

ПЕРЕЗ ГО ПРЕДУПРЕДИ РЕД БУЛ

Иако е во сенка на резултатите на Ферстапен, вториот пилот на Ред Бул, Серхио „Чеко“ Перез добива големо медиумско внимание со своите изјави. Мексиканецот најпрво изјави дека би заминал од Ф1 доколку календарот и натаму се проширува со додавање на нови трки, а потоа ги освои „ударните вести“ со нова изјава како одговор на прашањето дали би му дозволил на Ферстапен да го помине на патеката ако тоа му е потребно во борбата за шампионската титула. – Би ја напуштил Формула 1 ако тимот ме смета како втор возач. Тоа би било непочитување кон мојата кариера. Ако од мене се побара да го пуштам Макс да победи на трка, а во тој момент јас сум во игра за шампионската титула, мислам дека би настанал голем проблем. Но, сега сето тоа не е важно. Тимот отворено ни даде дознаење дека сака двата возачи да бидат напред. Нема ништо подобро од борба за титула со Макс. Го имаме најдобриот тим и тоа ни помага да напредуваме, изјави 32 годишниот Мексиканец. Во досегашниот тек од сезоната. Чеко Перез е на третата позиција во генералниот поредок со 66 бода.

направи и добра анализа каде заостануваат зад ривалите. Мајами покажа дека на правците каде што се мери крајната брзина, Ред Бул беше доминантен уште на тренинзите, па кога во трка го имате Ферстапен зад себе (со активен ДРС што му го овозможуваат правилата), болидот што е напред нема големи шанси сам по себе да опстане долго на таа позиција. Сепак, Биното посочи уште еден факт што може да биде влијателен.

- Од оваа сезона постои лимит на средствата кои можете да ги потрошите. Очекувам дека во еден момент, Ред Бул ќе запре со надградбите, во спротивно нема да можам да сфатам како го прават тоа! Во последните два викенди од мај се возат трките во Шпанија и Монако, а потоа на 12 и 19 јуни следуваат трките во Азербејџан и Канада. • Александар Табаковски


Колумна своерачно

АЛЕКСАНДАР ТАБАКОВСКИ

РУСКИ СПОРТИСТИ СПОРТИСТИТЕ СЕ ЛУЃЕ КОИ СВОЈАТА КАРИЕРА ЈА ГРАДАТ НИЗ СПОРТОТ И СЕ ВОВЛЕЧЕНИ ВО ПОЛИТИЧКИТЕ ЗБИДНУВАЊА НАДВОР ОД СВОЈАТА ВОЛЈА. ОД МАЛИ НОЗЕ СЕ УЧЕНИ НА ЧЕСЕН ПРИСТАП, КАДЕ ШТО ВАЖИ „НЕКА ПОБЕДИ ПОДОБРИОТ“. д почетокот на воениот конфликт Оциркулираат меѓу Русија и Украина во медиумите секакви информации, ми-

слења и анализи за сите руски државјани кои поради различни причини патуваат надвор од својата татковина. Дел од нив се и спортистите кои настапуваат на различни спортски манифестации. На почетокот од сезоната во Формула 1 видовме пример каде што американскиот тим Хаас го раскина договорот за спонзорство со фармацевстката компанија Уралкали, која ја поддржуваше кариерата на возачот Никита Мазепин. Во светот на фудбалот, руската репрезентација беше дисквалификувана од натпреварите кои требаше да се доиграат за пласман на Светското првенство во Катар. Како што конфликтот се разгоре, така и пропагандната машинерија се вклучи во целост и почнаа изјавите на поединци да се мерат и споредуваат со нечии лични критериуми за здрава логика. Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал иако се големи ривали на теренот, беа едногласни дека одлуката на Вимблдон да не дозволи настап на тенисери од Русија и Белорусија едноставно – „не е фер“. Сепак, исто толку големи имиња се јавија со поддршка, па Гари Каспаров возврати дека „не е фер што Украинците гинат“. Од друга страна, дел од спортистите, кај извесен број на спортски федерации, можат да побараат да им биде дозволен настап, при што тие нема да бидат

пријавени како спортисти од матичната земја, односно ќе настапуваат под знамето на светската федерација. Во автомобилските трки, таков пример се случи во европското ТЦР првенство, каде што Евгени Леонов и Клим Гаврилов без да го употребуваат својот национален идентитет смеат да возат и да се тркаат, а на нивните пари не им се наоѓа маана. За разлика од нив, на Европското првенство во шах кое се играше во Словенија, организаторите (под името Европска шаховска унија) ги суспендираа федерациите на Русија и Белорусија и пропишаа дека можат да играат само оние кои „ќе ја сменат федерацијата или ќе изразат желба да играат под знамето на ФИДЕ“. Проблемот со ваквото „решение“ (на ТЦР Европа и ФИДЕ) е дека на тој начин само на извесни играчи им се дозволува настап. Судиите и тренерите, кои не можат да настапат под знаме на ФИДЕ, се осудени да седат дома, а со нив и сите други шахисти (меѓу кои и талентираните младинци) кои не биле на ниво да играат на највисоките и најпрестижните турнири. Со други зборови, можеби е најдено решение за настан на петмина или десетмина играчи, но илјадници други се „исклучени“. Дополнително, руските организатори ги загубија манифестациите што им беа доверени. Трката на Формула 1 што се возеше во Сочи речиси молскавично беше избришана од календарот, а тоа подоцна беше направено и со шахов-

ската олимпијада. Не сакам во оваа колумна да застанам на било чија страна, но гледам дека политиката на извесен начин го оптоварува спортот. Не сакам ниту да го релативизирам прашањето на војната, бидејќи макар еден човек да биде повреден, не е ни хумано, а уште помалку убаво да се поддржи. Спортистите се луѓе кои својата кариера ја градат низ спортот и се вовлечени во политичките збиднувања надвор од својата волја. Од мали нозе се учени на чесен пристап, каде што важи „нека победи подобриот“. Во случајов, не верувам дека тие се моќни да направат некаков бунт и да се конфронтираат со власта во своите земји – а тоа е единсвеното нешто што репресивните мерки можат да го поттикнат. Со други зборови, нивната „елиминација“ нема да и помогне на политиката во нејзината кампања. И на крајот, „нема да победи подобриот“, бидејќи тој „најдобриот“ можеби е од Украина, а можеби од Русија или Белорусија. Објективната спортска публика ќе аплаудира на тенисерот што ќе победи прикажувајќи најдобар тенис, форма и изведба, а не поради нечија национална припадност. Лично, би одел во друга крајност, каде што нема потреба од истакнување националност и знаме. Победите им припаѓаат на најдобрите, а не на оние чии што спонзори се дозволени или чие што знаме и химна смеат да се истакнат во јавност. •

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

49


| СПОРТ

Светско првенство во Мото ГП

ДВЕТЕ ЛИЦА НА ЈАМАХА ПРОДОЛЖУВАЊЕТО НА МОТОЦИКЛИСТИЧКАТА СЕЗОНА ВО ТЕКСАС ДОНЕСЕ ТЕЖОК ВИКЕНД ЗА АКТУЕЛНИТЕ ШАМПИОНИ, НО ВРАЌАЊЕТО ВО ЕВРОПА ПОКАЖА ДЕКА НЕ ТРЕБА ДА СЕ ОТПИШАТ. е изградена патеката крај Остин Оскототкако во Тексас, таа е домаќин на американгран при по претходните искуства со Лагуна Сека и Индијанаполис. Речиси истовремено со нејзината појава, дојде и подемот на Марк Маркез, кој оттогаш нанижа многу победи и шампионски титули. Тој е неприкосновен „владетел“ од 2013 година, со исклучок во 2019 година кога славеше Алекс Ринс (а во 2020 година трката беше откажана поради неможноста да се патува среде пандемијата од Ковид-19).

50

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

Затоа, веста дека Маркез ќе се појави во Тексас ги освои медиумските наслови, поради неговиот оправдан изостанок на трката во Аргентина, што се должеше на страотниот пад во Индонезија. Тој не криеше дека одлуката да настапи на американското гран при ја донел самиот. - Им кажав на луѓето во тимот дека сум дојден тука да се натпреварувам, а не само да свртам неколку круга. Се разбира, ако мојот вид не е добар, нема да можам да возам брзо. Затоа им реков „не ме прашувајте за видот, ако имам проблеми ќе ви кажам самиот“. За да бидеш конкурентен треба да си концентриран на нештата поврзани со составување на мотоциклот, -рече Маркез. Шпанецот се квалификуваше деветти, што е негов најслаб пласман во стартниот поредок на патеката во Тексас. Според неговите зборови, самиот не си верувал во текот на квалификациската сесија иако смета дека подготовките ги одработил навистина добро. За да бидат неговите тешкотии уште поголеми, тој пријави дека имал технички проблем на стартот од трката, кога „подивела“ електроника-

та на неговиот мотор. Проблемот со кој се соочил бил присутен во текот на целата трка, но тој успеал да го контролира и да си ја врати самодовербата со освојување на шестото место. Таквата ситуација им „отвори врата“ на останатите да покажат што умеат, но повеќемина од фаворитите, исто така, имаа проблематичен викенд во Тексас. Шампионот Фабио Квартараро имаше пад во квалификациите и мораше да стартува од шесто место. Во петорката пред него сите беа на Дукати, а тој факт повеќе од доволно кажува дека нивниот мотор бил најсоодветен за оваа патека. Пол позицијата беше кај Хорхе Мартин, со Бањаја и Милер од фабричкиот тим веднаш пред Зарко и Бастијанини. Сепак, во трката капацитет за победа покажаа само двајца: Милер и Бастијанини. Возачот на фабричкиот Дукати иако долго време беше во водство, на крајот потклекна под нападите на Енеа Бастијанини, кој е дел од сателитскиот тим Гресини Дукати. Со ова, Бастијанини во четвртата трка сезонава стигна до втората победа и се врати на врвот од табелата.


СПОРТ |

Фабио Куартараро

- Возачкиот стил на Енеа е мошне сличен со оној на Андреа Довициозо. Обајцата во својот возачки пристап се потпираат на сопирачките и ја користат предната гума до максимум. Поради таквото претходно искуство за мене е полесно да разберам што се бара да направам на мотоциклот. Нивна најголема разлика е тоа како излегуваат од свиоците: Енеа се задржува на лимитот, додека Довициозо беше понекогаш премногу агресивен. Резултатите од почетокот на сезоната му помогнаа на Енеа да се подобри и да почне да работи на себе. Тој навистина направи голем чекор и е многу поприсебен и поаналитичен. Порано Енеа повеќе се потпираше на чувствата и знаеше тоа добро да го објасни, додека Довициозо отсекогаш бил многу поаналитички настроен и се измачуваше со премногу размислувања за сите аспекти, - раскажал инженерот Џирибуола во интервју за британскиот „Аутоспорт“. Со враќањето во Европа се смени и среќата на главните протагонисти, па така Бастијанини, кој славеше на трките во Катар и САД имаше незгоден пад во квалификациите за португалското гран при. Откако во Тексас актуелниот светски шампион Фабио Куартараро рече дека Јамаха не е подготвена да се бори за подиумот, на патеката Агарве во Портимао мораше самиот да се демантира, откако

претходно рече дека во Тексас морал да се вложи 100 проценти иако бил во дуел за шесто или седмо место. - Оваа патека е „фифти-фифти“, но следните две во Шпанија и Франција се навистина значајни за нас. Не ни е дозволено да направиме грешка. Ако сакаме да се бориме за титулата, нема простор за грешки. Мора да се биде на подиум бидејќи без тоа ќе биде невозможно да се има добра позиција во финишот на сезоната, - рече Куартараро, кој ургираше преку медиумите Јамаха да направи сериозни надградби на конструкцијата. Во квалификациите Куартараро беше на петтото место, додека Јохан Зарко со сателитското Дукати ја освои пол позицијата пред Жоан Мир со Сузуки и Алеш Еспаргаро со Априлија. Малерозниот Франческо Бањаја имаше лош пад во кој го повреди рамото, па се мачеше да го заврши гран при викендот. Веднаш по стартот Жоан Мир го презема водството, а Куартараро успеа да го достигне и престигне веќе во четвртиот круг, по што непопречен од другите славеше изненадувачки доминантна победа. Веднаш по трката тој потсети дека неговата последна победа била минатата сезона, па затоа повторно го почувствувал задоволството дека има специјална мисија. - Во основа, никогаш не сум рекол дека моторот не работи. Моторот работи на

начин така што кога не работи тогаш не сме во позиција да се бориме за победи. Точно е дека ни недостига висока крајна брзина, но на оваа патека не се чувствував лошо бидејќи имав супер брз излез од последниот свиок. Клучен за мене беше токму последниот сектор, но во суштина ништо не е сменето со моторот,рече Куартараро. Овој резултат воедно беше и поттик Јамаха да признае преку медиумите дека му нуди нов договор на Куартараро и дека очекува тој да остане во тимот, но конечната верзија на нивниот договор за иднината ќе биде позната дури во јуни. Истовремено, Андреа Довициозо објави дека тешката ситуација со моторот на Јамаха во неговиот случај резултирала со извинување од страна на тимот. - Овој мотор не е лош, ги има истите позитивни нешта како пред десет години кога првпат го возев, но лошите страни сега му се уште полоши. Тоа е затоа што конкурентите работеле на своите конструкции и станале многу поконкурентни. Токму затоа го имаме овој микс, па дури и Фабио којшто лани стана шампион, оваа година се мачи,- објасни Довициозо. На крилјата на успехот, Јамаха се соочи со трката во Шпанија што беше најавена како една од оние што се многу важни за нивната кампања – и повторно констатираше дека конкуренцијата имала

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

51


| СПОРТ

СУЗУКИ СЕ ПОВЛЕКУВА НА КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА? Откако во 2020 година Сузуки повторно стана светски шампион со Жоан Мир, се очекуваше јапонската фабрика да направи многу поголем исчекор и се обврзе на подолг рок во светското мотоциклистичко првенство. Наспроти тоа, медиумите шпекулираат дека Сузуки на крајот од сезоната ќе го повлече својот фабрички тим, но во опција им е да задржат барем еден од сегашните двајца возачи и да му понудат седиште во извесен „сателитски“ тим за следната сезона. Ваквиот расплет зачудува бидејќи најверојатно Жоан Мир ќе се збогува со тимот и ќе прејде во Хонда, а поради некоја причина одлуката за продолжување на соработката ќе значи уште една сезона за Алекс Ринс. Реагираше и промотерот на светското првенство во мотоциклизам, кој во своето соопштение за ваквата шпекулација отсечно укажа дека Сузуки има валиден договор за настап во Мото ГП до крајот на 2026 година. - Ние го контактиравме Сузуки за да го потсетиме на неговиот договор и на тоа дека тие не можат да донесат таква одлука еднострано. Доколку фабриката одлучи сепак да дојде до раскин на договорот, ние ќе одлучиме кој е идеалниот број на возачи и тимови за следните сезони, се вели во соопштението.

подобар мотор во Херез. Овој пат, Франческо Бањаја блесна во квалификациите и речиси за половина секунда го остави зад себе Фабио Куартараро, изјавувајќи потоа дека извозел еден од најдобрите кругови во кариерата. Дека резултатот не бил случаен потврди и ривалот од Јамаха, откако Бањаја доминираше во трката од почеток до крај и покажа дека бил недостижен. - Бев загрижен утринава бидејќи настапив на утринското загревање без да користам средство за ублажување на болката во повреденото рамо. Докторите од мобилната клиника ми помогнаа, но сепак на крајот ми беше тешко. Освен во последниот свиок, сите точки за сопирање се од десна страна. Особено шестиот свиок ми беше тежок бидејќи се чувствував како некој да ми става товар на рамото, а тоа ми предизвикуваше болка. Би сакал да продолжам на овој начин, а не да губам поени, изјави Бањаја. Италијанецот кој веќе има договор со Дукати и за следните две години рече дека во меѓувреме го паузирале развојот на моторот и оставиле простор тој да биде адаптиран според него. Медиумите тоа го толкуваа како сигурен знак дека неговиот тимски колега Џек Милер ќе замине од тимот, но најверојатно ќе го замени седиштето со друг возач на Дукати, па се шпекулира дека тоа би можеле да бидат младите надежи, Енеа Бастијанини или Хорхе Мартин. Куартараро во меѓувреме со второто место се одржа на врвот на табелата и со 89 бода има мала предност во однос на Еспаргаро, кој со пласманот на третото место се надоврза на претходниот подиум во Португалија и победата во Аргентина. Разликата е само 7 бода, по што следуваат Бастијанини и Ринс со 69, а Бањаја и Зарко имаат по 56. Профилирањето на шампионските кандидати ќе биде процес што најдобро ќе се оценува пред летната пауза, а до неа има уште шест трки – или точно толку колку што се извозени досега. Затоа и треба да се сочека, бидејќи претстојат трки на најдобро познатите патеки за сите: Ле Ман, Муџело, Барселона ... • Александар Табаковски

52

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


ЧЛЕНСТВО

ЗАЧЛЕНЕТЕ ПРИЈАТЕЛ И ЗАШТЕДЕТЕ! Вредносниот ваучер може да го искористите на сите локации на АМСМ во Скопје и Велес, за попуст на следниве услуги: - Технички преглед на возило - Полиса за осигурување од автоодговорност и зелена карта - АМСМ членство - Производи од АМСМ продавницата за автомобилска галантерија - Обуки за сите категории во АВТО ШКОЛА МОБИЛИТИ ПЛУС - Хомологација, одобрување на преправено возило, атест на плин и фолии за стакла во АМСМ ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА - Услуги во АМСМ Сервисот за автомобили - Услуги Помош на пат и шлепување - Горива на АМСМ ПЕТРОЛ

02/3181-108

www.amsm.mk 05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

53


| СПОРТ

Светско првенство во Формула Е

ЧЕТИРИ АСА НА ВРВОТ СО КОМПЛЕТИРАЊЕТО НА ШЕСТ ТРКИ ОД ШАМПИОНАТОТ, ОНИЕ СО НАЈГОЛЕМА КОНЗИСТЕНТНОСТ СЕ ИЗДВОИЈА И КАКО ГЛАВНИ ФАВОРИТИ ЗА ТИТУЛАТА.

54

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


СПОРТ |

П

о невообичаената двомесечна пауза, Формула Е продолжи со реализација на трките предвидени со календарот. Очигледно, Саудиска Арабија и Мексико беа доволни за загревање, но по избивањето на пандемијата со Ковид-19 некои трки станаа невозможни за организација поради разните прописи и протоколи кои ги лимитираат патувањата, па така публиката веќе и ќе заборави дека трките на Формула Е се возеа во Јужна Кореја и Кина, на пример. Дополнително, трката во Ванкувер, Канада која беше планирана за оваа сезона, е поместена за 2023 година. Европскиот дел од календарот започна со двете трки во Рим, а уште на првата прес конференција водечкиот во генералниот пласман, Едоардо Мортара од Вентури, ја допре оваа тема, која е болна точка на сите организатори во овие времиња. - Мене ми делуваше како пауза меѓу две сезони, бидејќи трката во Мексико беше пред речиси два месеци. Не мирував два месеци, најпрвин бев болен веднаш по Мексико, но сега сум среќен дека сме во Рим и го правим она што го сакам. Се надевам дека ќе можеме да останеме конкурентни како што бевме во првите викенди. Трките нудат поголемо задоволство кога се бориш на врвот. Мислам дека не е најважно дали ќе останеме водечки во генералниот пласман, поважно е да бидеме конкурентни и да продолжиме да

освојуваме добри резултати и поени. Дури на крајот на првенството ќе видиме каде сме, рече швајцарскиот возач. Мортара победи на втората трка во Дирија, Саудиска Арабија, а беше меѓу фаворитите и во Мексико, но таму се случи блесокот на Порше и „еден-два“ победата на Верлен и Лотерер. Поради ваквиот пресврт, сите очекувања во Италија беа токму насочени кон тоа дали ќе уследи доминација од страна на германскиот тим, или, пак, во игра ќе се вратат некои претходни победници, како Ник де Врис и Стофел Вандорн, кои му донесоа „еден-два“ на Мерцедес во првата трка сезонава. Тренинзите започнаа со најбрзо време од Мортара (1:40.022), пред Мич Еванс од Јагуар и Ник де Врис од Мерцедес, но веќе на втората сесија, резултатите беа унапредени за цела секунда и најбрзи беа други тројца возачи: Жан Ерик Верње (1:39.082) пред Паскал Верлен од Порше и Сем Бирд од Јагуар. Следуваа квалификациите според ново воведениот систем кој предвидува директни дуели како полуфинале и финале по првичното традиционално возење во група. Ова им овозможи на возачите на Мерцедес да влезат во завршницата со двата болида меѓу најбрзите четири, а на крајот и Стофел Вандорн да се најде на пол позицијата. Робин Фријнс од Вирџин беше втор, пред Ник де Врис од Мерцедес.

Но, трката покажа сосема друга верзија на приказната и во неа победи Мич Еванс, кој стартуваше од деветтото место! На стартот поради излетувањето на Максимилијан Гинтер беше аплицирано возило за безбедност, но Еванс успеа да ја престигне возачката двојка на Порше, а во рестартот „му се закачи“ на Џејк Денис. Нивниот дуел траеше повеќе од пет круга, но кога му се доближија на Антонио Феликс да Коста, Еванс искористи момент кога Џејк Денис беше „во сендвич“ и направи контакт со болидот пред себе (за што заработи и казна). Пред него беше водечката четворка од квалификациите (Вандорн, Фријнс, де Вријс и Верње), па најпрво поради пад во перформансите на ривалите стигна до трето место. Тогаш се случи и промена на врвот, Фријнс го престигна Вандорн за првото место, по што Еванс со внимателно активирање на расположливата енергија успеа да ги престигне еден по еден и на направи предност од седум секунди, додека тие продолжија со двобојот зад неговиот грб. На крајот Фријнс беше втор, Вандорн трет, додека од четврто место натаму се најдоа Верње, Бирд, да Коста, Мортара и Верлен. Веќе следниот ден донесе нова трка во Рим, која започна со „покажување заби“ од Верње во тренинзите, а потоа и со освојувањето на пол-позицијата. На ова „кумуваше“ расплетот од претходните квалификациски дуели, кои беа освоени со

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

55


| СПОРТ

НИСАН ГО ОТКУПИ ТИМОТ ВО ФОРМУЛА Е Јапонската фабрика Нисан се обврза кон Формула Е со прифаќање на правилата што ќе ја регулираат „Генерација 3“ во во следните на трките со Победници класатагодини на камиони болиди на електричен погон. Откако пред само два месеца беше лиферувана веста дека поранешниот Ф1 возач, Шарл Пик, го презема белгискиот тим ДАМС, сега е објавен договорот со кој ДАМС му продава на Нисан дел од својот тим, поточно оној дел што ги подготвува болидите за настап во Формула Е. ДАМС се натпреварува во Формула Е од 2014 година, при што најпрво ги бранеше боите на Рено, а потоа се „ребрендираше“ и го претставува Нисан. Нивен најголем успех беше второто место во сезоната 2018/2019 година. - Нашата соработка беше одлична од почеток и соработувавме за да постигнеме големи успеси минативе три-четири години. Решивме да инвестираме во „Генерација 3“ и да имаме целосна

контрола во секој домен. Овој проект е интегрален дел на Нисан. Од инвестициска гледна точка ние сме сосема подготвени да го направиме овој чекор. Одделот за истражување и развој останува во Франција, но ние веќе испративме многу инженери од Јапонија да работат таму на овој проект. Сега, двете страни работат заедно за идентична цел и да си го пренесат знаењето и умеењето,изјави Ашвани Гупта, извршен директор на Нисан. Медиумските написи најавуваат дека со овој чекор Нисан ќе ги преземе и работите за конструкцијата на болидот, што досега било извршувано од трета надворешна страна. Исто така, наскоро се очекува потврдување и на уште едно преземање, откако Мерцедес најави дека се повлекува од Формула Е, а купец најверојатно ќе биде приватниот тим Абт Моторспорт, кој во минатото го водеше проектот на Ауди во Формула Е.

вниманието со освојување на пол позицијата пред Верлен, Верње и Вандорн. Но, во трката, Еванс не успеа да ја исконтролира потрошувачката на енергија како во претходните случаи и се жалеше на преголемо трошење, па ривалите го чекаа моментот кога тој ќе мора самиот да го „отпушти“ педалот за гас. Верлен имаше комфорно водство во средишницата по што уследи застанување поради дефект, но тогаш Вандорн го забрза ритамот и ја користеше заштедената енергија, па на крајот успеа да ги помине ривалите и да ја однесе победата. - Имам победа тука во 2015 година со ГП2, но во Формула Е не ми одеше од рака. Оваа година имав добар пласман во квалификациите, и знаев дека ова ќе биде долга трка, во која треба да се чека шансата. Еванс и Паскал не се одвоија на стартот, а јас успеав да заштедам енергија. Тоа ми помогна, особено откако го преземав водството и почнав да правам предност. Вториот „атакмод“ го искористив токму за да ја зголемам разликата,- објасни Вандорн. Со ова Вандорн изби и на првото место во генералниот пласман, каде што има 81 поен, пред Верње со 75. Двократниот победник од Рим, Мич Еванс, исто така, е во „високото друштво“ со 72 бода, додека конзистентниот Робин Фријнс има само еден поен помалку. До крајот на сезоната се предвидени уште 10 трки, кои треба да доведат до прогласување на новиот шампион во средината на август. • Александар Табаковски

56

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


СПОРТ |

WRC – Рели Хрватска

РОВАНПЕРА ГО ОСЛОБОДУВА ТАЛЕНТОТ ИЗВОНРЕДНА ПОБЕДА НА МЛАДИОТ КАЛЕ РОВАНПЕРА НА РЕЛИТО НА ХРВАТСКА КАДЕ ПОКАЖА ДЕКА Е СИЛА НА КОЈА ТРЕБА СЕРИОЗНО ДА СЕ СМЕТА, А ДАЛИ ВО НЕГО ГИ ГЛЕДАМЕ ИДНИТЕ ЛОЕБ И ОЖИЕ ОСТАНУВА НА ВРЕМЕТО ДА ПОКАЖЕ.

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

57


| СПОРТ

Р

елито на Хрватска го става Светскиот шампионат повторно во акција после долгата пауза од безмалку два месеци. Третиот по ред настан во шампионатот и првото чисто асфалтно рели во новата хибридна ера на светското рели треба да ја покаже поставеноста на силите после двата традиционално специјалистички настани на почетокот од сезоната Монте Карло и Шведска. Комплексните брзински испити поставени на непредвидливата асфалтна подлога која знае да лизга дури и кога е суво се вистински предизвик. Квалитетот на асфалтот на планинските патеки низ Хрватското Загорје постојано варира од супер мазни потези, до истрошени, но и сериозно оштетени делници. Вистински предизвик и авантура во непознатото за екипажите. Водечкиот во шампионатот младиот Кале Рованпера минатата година доживеа вистински дебакл во Хрватска. Излета само неколку километри после почетокот на релито и не успеа да го стекне преку потребното искуство за напад на непредвидливиот хрватски асфалт. Меѓутоа, годинава поучен од минатогодишното искуство покажа дека е направен од шампионски материјал и дека е сила на која треба да се смета во иднина. Рованпера беше неприкосновен на хрватскиот асфалт. Со оглед на недостатокот на искуство ретко кој очекуваше дека младиот Финец ќе блеска. После долгата пауза која тимовите ја искористија за тестирање возачите признаа дека стануваат повеќе комфорни зад волан на асфалт

58

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

во однос на релито на Монте Карло. Првиот тест пред почетокот на релито покажа дека е така. Водечките возачи подеднакво покажуваа добри времиња и беа блиску. Нувил и Танак го менуваа најдоброто време сè до последниот тест кога Рованпера се искачи на врвот. Оттука почна неговиот подем кој му ја донесе победата. Иако пропушти да го осознае релито минатата година Рованпера го тргна на страна неискуството и победи на три од четири брзински испити кои го отворија релито на Хрватска во петок наутро. Така го поведе релито создавајќи предност од 12,5 sec пред Нувил уште на почеток. Со дожд натопениот асфалт и маглата која се крена на ридовите од Загорје како воопшто да не претставуваа пречка за младиот Финец. Можеби помогна неговиот пласман во шампионатот и можноста да стартува прв и да вози на чиста подлога која подоцна беше покриена со кал заради кратењето на свијоци од натпреварувачите. Меѓутоа утрото не му донесе среќа на Нувил. На патната делница кон сервисниот парк неговиот автомобил изгаси заради скинат ремен на алтернаторот. Нувил и совозачот Мартијн Видаег го туркаа автомобилот и паднаа од истоштеност во сервисот. Сепак, задоцнија на временската контрола и добија казна од 40 sec. Така паднаа на четвртата позиција овозможувајќи му на От Танак да влезе во игра за победа. Остатокот од денот продолжи во доминација на Рованпера. Победи на уште три од четири испити и до

крајот од денот создаде предност од минута и дваесет и три секунди пред Танак. Трет заврши Крег Брин, четврти Нувил, петти Оливие Солбег, а Еванс не можеше повеќе од шеста позиција бидејќи на двапати менуваше дупната гума што му одзеде премногу време. Покрај првичните 40 sec Нувил дополнително беше казнет со уште 1 min, а згора на тоа и 1.900 евра и два дена социјална работа под надзор на инспектор на FIA, заради надминување на брзината на патнa делницa каде место 80 km/h возел со 156 km/h. Вториот ден од релито мина во знак на Танак. Првиот испит од саботното утро беше откажан заради нагло влошување на временските услови. Релито продолжи од вториот испит каде Танак му зема десет секунди на Рованпера. Следниот испит беше одлучувачки кога заради дупната гума Рованпера, за жал, загуби без-


СПОРТ |

малку 55 секунди во однос на Танак. Естонецот успеа да му земе уште 1,4 sec на четвртиот испит од денот и во пладневниот сервис влезе со 16,8 sec заостанување зад Рованпера. Предноста на Финецот се стопи за повеќе од минута во само едно претпладне што говори за непредвидливоста на релито. До крајот на денот на преостанатите четири испити Рованпера се врати во форма и успеа да заврши со 19,9 sec пред Танак. Брин ја задржа третата позиција пред Нувил кој сепак успеа да ја намали разликата во очи на последниот ден од релито. Еванс го наследи петтото место од Солберг кој го уништи автомобилот на првиот брзински испит од денот и се откажа. Шестото место го наследи Такамото Катсута. Недела, првиот испит од третиот ден мина во знак на Рованпера. На беше најбрз, беше втор со

0,8 sec зад тимскиот другар Есапека Лапи. Но, му украде 11,2 sec на Танак кој се коцкаше со изборот на гуми. Така разликата меѓу нив се зголеми на 31,1 sec на три испити до крај на релито. Ниту вториот испит од денот не направи голема разлика. Танак беше побрз, но 28,4 sec повторно беа многу за да се надоместат со два испити до крај. И тука драмата почна. На претпоследниот испит од релито небото се отвори. Бура се истури врз 13,15 километри долгата рута во која Рованпера загуби сè што градеше во текот на трите натпреварувачки дена. Коцкањето на Танак со гумите се покажа како вистински потег. Тој го доби испитот и успеа да му побегне на Рованпера за 1,4 sec влегувајќи на последната брзинска делница како лидер на релито. Остануваа уште 14,09 километри на кои требаше да се одлучи за конечниот исход. Тука Кале беше одлучен да победи. Возеше извонредно и на крај успеа да украде доволно време за да го добие двобојот со 4,3 sec предност на крајот од релито. Призна дека ова е најтешката победа која ја освоил во кариерата и дека е многу горд на неа. Од друга страна, Танак отворено му честиташе наведувајќи дека не му е јасно од каде Кале ја нашол брзината. Естонецот беше искрен и призна дека заврши втор благодарение на паметните одлуки и изборот на гуми, и дека тимот треба да работи уште за да ги достигнат перформансите кои на Рованпера му ја донесоа победата. Нувил успеа да го престигне Брин и да го улови третото место кое му помогна на тимот на Hyundai да се искачи на табелата во шампионатот за возачи. Брин заврши четврти, а Еванс и Катсута останаа на петтото и шестото место. Во ова вртоглаво финале на релито на Хрватска исто како и минатата година кога Еванс на последниот испит загуби од Ожие, за победникот одлучуваа последните метри. Победата му дозволи на Рованпера да ја зацврсти лидерската позиција во шампионатот за возачи. Сега има 76 бода, или 29 повеќе од второпласираниот Нувил со 47 бода. Со 30 бода Брин е трет. Меѓу производителите Toyota го има приматот со 129 бода. Hyundai во Хрватска успеа да го престигне M-Sport Ford и сега има 84 бодови, наспроти 80 на британскиот тим. Следно на репертоарот е релито на Португалија кое стартува на 19-ти мај. Во Португалија се очекуваат возбудливи моменти бидејќи повторно ќе имаат прилика во костец да се фатат Себастијан Лоеб и Себастијан Ожие како дел од својата делумна програма и да ја продолжат битката на џинови која почна на годинешното рели на Монте Карло. • Љубомир Анастасовски

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

59


| АМСМ

АМСМ ВЕЛО ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА ЗА ПОМОШ НА ПАТ ЗА ВЕЛОСИПЕДИСТИ ОД МЕСЕЦ МАЈ, НА ГОЛЕМО ЗАДОВОЛСТВО НА СИТЕ ВЉУБЕНИЦИ ВО ГРАДСКИОТ ВЕЛОСИПЕДИЗАМ, ПОНУДАТА НА АМСМ ЧЛЕНСКИТЕ КАРТИЧКИ, ЈА ПРОШИРИВМЕ И ЗБОГАТИВМЕ ЗА УШТЕ ЕДНА, ПОЕДНАКВО ВРЕДНА АМСМ ВЕЛО ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА. АМСМ ВЕЛО членската картичка е наменета за физички лица за кои велосипедот е омилено превозно средство, а ги вклучува следните услуги:

Во случај на замена на резервен дел, трошокот за резервниот дел е на товар на корисникот. Услугите за бесплатен мобилен сервис, помош на пат и пренос на велосипед се достапни за користење до 20км на градско подрачје, во двата правци, со повикување на 196. АМСМ ВЕЛО членската картичка чини 600 денари, а важи една година од датумот на издавање. Извадете АМСМ ВЕЛО членска картичка онлајн на www.amsm.mk.

ВЕЛО ЧЛЕНСТВО БЕСПЛАТЕН МОБИЛЕН СЕРВИС, ПОМОШ НА ПАТ И ДЕФЕКТ ДО 21 ЧАСОТ

VELO

Повеќе информации 02/3181-108

1 ИНТЕРВЕНЦИЈА

- ПРОМЕНА НА ГУМА И НОСЕЊЕ НА РЕЗЕРВНА ВНАТРЕШНА ГУМА, (СО ИСКЛУЧОК НА ТУБЕЛЕС ГУМА)

- ПОПРАВКА НА СКИНАТ ЛАНЕЦ - ЗАМЕНА НА СКРШЕНА ПЕДАЛА (ГАЗИШТЕ) - ШТЕЛУВАЊЕ -ПОДЕСУВАЊЕ НА БРЗИНИ - ПРЕСТЕГНУВАЊЕ НА ВОЛАН - ПРЕСТЕГНУВАЊЕ НА СЕДИШТЕ - ПРОМЕНА НА САЈЛА ЗА КОЧНИЦИ - ПРОМЕНА НА САЈЛА ЗА БРЗИНИ БЕСПЛАТЕН ПРЕНОС НА ВЕЛОСИПЕД 24/7

1 ИНТЕРВЕНЦИЈА

ПРЕЗЕМАЊЕ НА ВЕЛОСИПЕД И ПРЕНОС ДО ОДРЕДЕНА ЛОКАЦИЈА НА ТЕРИТОРИЈА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО ПОВЛАСТЕНА ЧЛЕНСКА ЦЕНА

НЕОГРАНИЧЕНО

ПОВОЛНОСТИ ПРИ СЕРВИСИРАЊЕ НА ВЕЛОСИПЕД ВО АМСМ

20% ПОПУСТ

АМСМ ПАРТНЕР ПРОГРАМА ЧЛЕНСКО СПИСАНИЕ КЛУБ МОБИЛИТИ

ПОДДРЖАНО ОД:

(ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ)

600,00 ден

60

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА ЗА ПОМОШ НА ПАТ ЗА ВЕЛОСИПЕДИСТИ 02/3181-108

www.amsm.mk 05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

61


ЗАШТИТЕТЕ ГО ВАШИОТ АВТОМОБИЛ НАПРАВЕТЕ КАСКО ОСИГУРУВАЊЕ. Полиси достапни од:

02/3181-405 | 02/5512-705 62

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

www.mobilitybroker.com.mk


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook