ЧЛЕНСКО СПИСАНИЕ | ДЕКЕМВРИ 2023 / ЈАНУАРИ 2024 БР. 100
www.amsmklubmobiliti.mk
Претставуваме ROLLS-ROYCE SPECTRE
ОСТВАРУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНОТО ПРОРОШТВО
110 години Масерати
НЕПТУН, БОЛОЊА И БРАЌАТА МАСЕРАТИ
12.2023/01.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
1
2
12.2023/01.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
ВОВЕД
АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ Членско списание ИЗДАВАЧ: АВТО-МОТО СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-181 Факс: 02/ 3181-119 amsm@amsm.com.mk www.amsm.mk ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: Маргита Поповска ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН: Мартина Поповска РЕДАКЦИЈА: ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-351 Факс: 02/ 3181-349 redakcija@amsm.com.mk www.amsmklubmobiliti.mk
ИЗДАВАЧКИ СОВЕТ: проф. д-р Спасе Јовковски (претседател) Сиљан Аврамовски (член) Калинка Танеска (член) Јован Теговски (член) Миле Атанасов (член) Димитар Пендов Митко Смилков
НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ: Жарко Атанасоски Љубомир Анастасовски Данчо Здравковски Андријан Трипунов Александар Табаковски Игор Ландсберг
ТИРАЖ: 10.000 примероци ПЕЧАТИ: Печатница „Серафимовски“ - Скопје БАНКА: Комерцијална Банка А.Д. Скопје ЖИРО-СМЕТКА: 300000000915716
УЖИВАЈТЕ ВО ПРАЗНИЦИТЕ, НО НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ НА ВАШАТА БЕЗБЕДНОСТ!
Крај на една уште една година. Различна за секого, исполнета со добри и лоши моменти, подеми и падови… Изминатата година нека биде тест колку сме научиле од добрите искуства, но и од неуспешните обиди. Да размислиме што сме можеле да направме поинаку, дали треба да го промениме нашиот пристап, методите со кои сме работите или нешто друго. Да бидеме јасни и реални во поставување нови цели, бидејќи претходните анализи всушност служат да не направат уште подобри следната година. Да се фокусираме на параметрите на кои ќе можеме да влијаеме, а надворешни фактори да ги ублажиме колку што е можно повеќе. Да бидеме реални во поставување нови цели и помудри во донесувањето на наредните одлуки. Ова е време кога треба да сме посветени на нашиот тим, на луѓето со кои работиме, создаваме, креираме успеси, донесуваме одлуки… да не заборавиме да ги наградиме за довербата што ни ја дале, за лојалноста што ни ја покажуваат, за енергијата и посветеноста. Една од клучните одлуки на АМСМ и на тимот на редакцијата на АМСМ Клуб Мобилити е напредокот во следната година и чекорите што нè водат да бидат многу јасно поставени. Тимот што работи на списанието АМСМ Клуб Mобилити ви ги честита претстојните празници и ви посакува успешен почеток на новата 2024 година! Уживајте во празниците, но не заборавајте да се информирате за состојбата на патиштата, со оглед на тоа што се очекува зголемена фреквенција на сообраќајот на патните правци што водат кон граничните премини, кон зимските туристички центри, како и по должината на автопатот. На веб-страниците www.amsm.mk и www.amsmspi.mk ќе ги најдете потребните информации што треба да ги знаете за успешно и безбедно да го реализирате своето патување. Секако, не заборавајте и на вашата АМСМ членска картичка и на проверката на автомобилот што може да ја направите во сервисот на АМСМ, лоциран во Центар веднаш до Станицата за технички преглед во АМСМ. Следниот број на „АМСМ Клуб Мобилити“ очекувајте го во февруари 2024 во печатена верзија, на вашата домашна адреса и на веб страницата www.amsmklubmobiliti.mk Маргита ПОПОВСКА главен и одговорен уредник
ЕДИНСТВЕН ДАНОЧЕН БРОЈ: 4030991238264 ISSN 1857-6133
© Сите права се заштитени. Овој труд не смее да биде преведен или копиран во целина или негов дел без дозвола на издавачот. Забрането е било какво складирање и архивирање, електронско прилагодување, компјутерско програмирање или користење со некоја слична или различна технологија позната до денес или која ќе се развие во иднина.
Почитувани членови на АМСМ, Ве повикуваме на нашата е-маил адреса redakcija@amsm.com.mk да ни ги испратите своите е-маил адреси за да можеме да ви го доставиме интернет-изданието на списанието „АМСМ Клуб Мобилити“.
12.2023/01.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
3
ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА
АТЕСТ НА СИТЕ ВИДОВИ ПРЕПРАВКИ НА ВОЗИЛА
ФОЛИИ ТНГ КУКА
02/2631-181 4
12.2023/01.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
www.amsm.mk
HI-TECH
НОВОСТИ 7 ТРЕТА ГЕНЕРАЦИЈA „ДАСТЕР“ НОВ „ИПСИЛОН“
32 КАТАМАРАН ДОЛГ 56 СТАПКИ
24 СТИЛ
7
24 ЕСЕНЦИЈАЛНИОТ ДЕЛ НА ОФИЦИЈАЛНАТА ФОРМАЛНА ОБЛЕКА
АВТО-МОТО
ИСТОРИЈА 34 НЕПТУН, БОЛОЊА И БРАЌАТА МАСЕРАТИ
8 НОВ ПРИСТАП 10 ЗАПОЧНА ТРКАТА НА НАЈДОБРИТЕ
32
26 ПАТУВАЊЕ 26 ПРЕСТОЛНИНАТА НА УЖИВАЊЕТО, КАДЕ РЕЧИСИ СÈ ПОТСЕТУВА НА 19 ВЕК
12
34
ТЕСТОВИ И СОВЕТИ
СПОРТ
23 СООБРАЌАЈНИ ПРАВИЛА... ХАОС ИЛИ НЕ!?
46
38 ФЕРСТАПЕН ДОМИНИРА, ДРУГИТЕ ПЛАНИРААТ 44 ВИЦЕШАМПИОНИТЕ ПОВТОРНО СТАНАА ШАМПИОНИ
12.2023/01.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
5
| ОТА
ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
6
ДРЖАВА
ЗИМСКА ОПРЕМА
СРБИЈА
Ремени: задолжително; Детски седишта: задолжително за деца до 3 години, деца од 3 до 12 години не смеат да се возат на предно седиште; Средно светло дење: задолжително; Прва помош сет: задолжително; ПП апарат: не; Триаголник: задолжително; Рефлектирачки елек: задолжително, мора да се облече кога се излегува од возилото на јавен пат; Зимска опрема: од 1 ноември до 1 април, зимски гуми на сите 4 тркала - кога има снег или мраз на коловоз, синџири мора да се има во возилото надвор од град во определениот период, а се користат за погонските тркала само таму каде што се поставени сообраќајни знаци.
ХРВАТСКА
Ремени: задолжителни за сите седишта (казна 500 куни). Детски седишта: до 2 години задолжително на предно седиште во детски седишта соодветни според нивната возраст, деца до 12 години не смеат да се возат на предни седишта, од 2 до 5 години во соодветни безбедносни уреди на задно седиште, од 5 до 12 години соодветни ремени на задни седишта; Средно светло дење: задолжително за сите возила од последната недела во октомври до последната недела во март (казна 300 куни); Прва помош сет: задолжително; ПП апарат: само за комерцијални возила; Триаголник: задолжителен, за возила со приколка потребни се 2 триаголници; Рефлектирачки елек: задолжителен, стандард EN-471 Зимска опрема: Зимски гуми на сите 4 тркала ИЛИ летни со синџири. Период: 15 ноември - 15 април. Од 06 декември 2013, во Хрватска е воведен пропис за задолжителна зимска опрема на зимските делници на јавните патишта, во период од 15 ноември до 15 април, без оглед на моменталната состојба на патиштата. Mинимална длабочина на шарка од 4мм. Непочитување на овој пропис се казнува со глоба од 300 куни и исклучување од сообраќај.
ЦРНА ГОРА
Ремени: задолжително; Детски седишта: не, деца под 12 години не смеат да се возат на предни седишта; Средно светло дење: да, за сите возила; Прва помош сет: задолжително; ПП апарат: не; Триаголник: задолжително; Рефлектирачки елек: задолжителен; Зимска опрема: минимум 2 зимски гуми или летни со синџири. Период: 15 ноември - 31март. Товарни возила од 15 ноември до 31 март како дел од зимска опрема треба да носат и лопата.
СЛОВЕНИЈА
Ремени: задолжително за сите седишта (казна 120 евра); Детски седишта: Сите деца пониски од 150 см мора да се возат во безбедносни седишта соодветни за нивната возраст. Казна 200 евра; Средно светло дење: задолжително (казна 40 евра). Прва помош сет: задолжително за возила регистрирани во Словенија, за други се препорачува; ПП апарат: не; Триаголник: задолжително; Рефлектирачки елек: задолжително за автопат, за сите особи кои ќе имаат потреба да излезат од возилото (казна 40 еур); Зимска опрема: зимски гуми на сите 4 тркала или летни со синџири. Период:15 ноември - 15март. Кога се користат синџири, возила не смеат да возад над 50 km / h. Минималната длабочина за двата типа на гуми е 3 мм.
БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА
Ремени: задолжителни на предни седишта Детски седишта: На предното седиште не смее да се превезува дете помладо од 12 години. По исклучок на предното седиште може да се транспортира дете помладо од 2 години, доколку нема воздушно перниче или е исклучено, а детето се наоѓа во седиштето свртено на назад. На задното седиште деца до 5 години мора да бидат ставени во безбедносно седиште а деца на возраст од 5-12 години во посебен подметнувач прилагоден на височината и мора да бидат врзани со сигурносен ремен. Средно светло дење: да, казна 30 - 50 БАМ Прва помош сет: задолжително; ПП апарат: не; Триаголник: да; Рефлектирачки елек: задолжителен, казна 50 - 250 БАМ
12.2023/01.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
НОВОСТИ |
DACIA DUSTER
ТРЕТА ГЕНЕРАЦИЈА „ДАСТЕР“
К
ога се појави моделот „дастер“ никој не се надеваше, а уште помалку предвидуваше дека еден ден ќе стане најпродаваниот сув на континентов. Покрај овој податок, вреден за спомнување е и следниов, од обновувањето на производството во 2004 год. под директна управа на Рено Груп, Дачија има продадено над осум милиони моторни возила. Денес Дачија е присутна во 44 држави, а семејството брои дури четири членови, „сандеро“, „џогер“, „спринг“ и сега најновата трета генерација од моделот „дастер“. Новиот „дастер“ располага со сосема нов дизајн, ново лого, погонот на сите тркала е наследен од претходниците, но има и изведба чиј погон е само на предната оска и располага со три видови погонски единици, една како гориво користи гас, другата бензин (турбо 1,2 со умерена 48 V хибридна технологија) и третата е со хибриден погон со 140 КС. Релативно големото семејство се должи на платформата „цмф - б која за сите возила е иста.
Така се намалува времето за производство на еден примерок, односно се поедноставува производството, а профитот е за неколку пати поголем. „Дачија дастер“ ги има следниве димензии: 4.340 мм должина 1.810 ширина и 1.660 мм висина, додека најниската точка од возилото се наоѓа на 20,9 см од подлогата, додека изведбата 4 х 4 е повисока за осум милиметри. Оваа изведба нуди пет режими на возење, „ауто“ каде автоматски се пренесува вртежниот момент на предните или задните тркала во зависност од потребата, „снег“ режим кој самиот кажува кога треба да биде вклучен, а ист е принципот на употреба и за режимот „кал / песок“, но и за тој „теренскиот“ (оф роуд) кога возилото е надвор од асфалтот. И опремата во возилото е нова, има од сè по нешто, а не се заборавени ниту приврзаниците на екраните осетливи на допир. Досега се продадени 2,2 милиони „дастери“, но да не должиме, сите детали за возилото ќе ги добиете од увозникот. •
LANCIA YPSILON
НОВ „ИПСИЛОН“
К
ога беше основана групацијата Стелантис од страна на Пежо СА и Фиат Крајслер Автомобили во 2021, челниците веднаш ги одвоиле компаниите кои бележеле постојан минус во создавањето на профитот. Во потесниот круг од тој список се најде и Ланча. На овие компании им беше наложено да направат план за работа за следните години и доколку планот е издржан ќе им овозможат да продолжат со работа, во спротивно ќе бидат затворени. Ланча го изработи својот развоен план и еве ја сега пред светска премиера со нејзиниот легендарен модел „ипсилон“ („ипсилон - 10“). Во првите денови од последниот месец во годинава, Ланча официјално објави фотографија од новиот „ипсилон“, но само на дел од него. Тоа се фотографии кои ја подгреваат атмосферата во претпремиерниот период со цел да се зголеми интересот кај јавноста, односно потенцијалните купувачи. Покрај сериската, Ланча ќе произведе посебна серија на електричен погон од точно 1.906 примероци, а е наречена „едиционе лимитата касина“, правена заедно со познатата дизајнерска куќа за мебел Касина. Зошто 1.906 примероци? Затоа што во 1906 год. е формирана работилницата Ланча од страна на Винченцо Ланча и неговиот близок соработник Клаудио Фоголин. Светската премиера на новиот „ипсилон“ е закажана за наредната година во февруари, најверојатноголемото претставување е резервирано за Женева и тамошната автомобилска изложба што ќе се одржи од 26, односно 28 февруари до 3 март. •
12.2023/01.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
7
| АВТО-МОТО
Тест: Volkswagen Amarok 3.0 TDI V6 Style
НОВ ПРИСТАП ПОГОЛЕМ, ПОСМЕЛ, ПОПРЕФИНЕТ, ПОДОБРО ПОВРЗАН И ДАЛЕКУ ПОСПОСОБЕН „ГЕРМАНСКИ“ ПИКАП ОД БИЛО КОГА ДОСЕГА. МОДЕЛОТ AMAROK ПРЕМИЕРНО БЕШЕ ЛАНСИРАН ВО 2010 ГОДИНА, КАКО ПРВЕНЕЦ ОД СВОЈОТ ВИД ЗА МАРКАТА ОД ВОЛСФСБУРГ. ДЕНЕС, РЕЧИСИ 13 ГОДИНИ ПОДОЦНА ПРЕД НАС Е ДОЛГООЧЕКУВАНИОТ, ЦЕЛОСНО НОВ VOLKSWAGEN AMAROK.
Ц
елосно новиот Amarok е плод на соработка помеѓу Volkswagen и Ford во областа на комерцијалните возила каде компаниите имаат интензивна размена во двата правци. Ваквите соработки не се ништо ново во автомобилската индустрија, за тоа сведочат многу примери, а тука ќе го спомнеме само пикапот Mercedes X-Class кој беше базиран на добро познатиот модел Nissan Navara. На крајот на денот бенефитот е обостран, а на купувачот му се нуди уште една дополнителна алтернатива при изборот.
ИМПОЗАНТНИ ПРОПОРЦИИ
Секоја компанија што држи до себе вметнува некои делови и финеси кои ќе го дистанцираат од останатите и ќе го поврзат одредениот модел со карактеристиките на возило кое доаѓа од куќата, во случајов на Volkswagen. При првата средба со Amarok здивот го одзема маркантната појава и „гигантските“ пропорции. Неговата должина изнесува огромни 5.350 мм, широк е 1.910 мм, а висината е далеку над просекот на жител во нашата земја и изнесува 1.884 мм. Ако на сето тоа ги додадете и меѓоскиното растојание од 3.270 мм и оддалеченоста од асфалтот 235 мм станува јасно дека пред вас е сериозен примерок. Како што може да се види од приложеното, новиот Amarok има доста уникатен изглед. На
8
12.2023/01.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
прв поглед, може да се забележат идентични елементи со својот брат близнак, како што се надворешните ретровизори, рачките на вратите и линија на покривот, но тука завршува секоја поврзаност. Браниците се сосема различни, како и пластичните обраби над тркалата, светлосните склопови го следат IQ патернот на компанијата, плус тука е и маската на VW која е голема и импозантна, а на задниот дел помеѓу двете светлосни групи со облик на бумеранг, на задната врата гордо стои втиснато името на моделот.
НА ИСТО НИВО СО СУВ МОДЕЛИТЕ
И покрај заедничката основа со Ford Ranger, одговорните во Volkswagen се погрижија да вметнат доволно елементи по кои ќе се разликува дизајнот на ентериерот кај моделот Amarok. Ако ги барате, има голем број на детали кои ги поврзуваат овие два модели, како што се клучот, необичните рачки на вратите и менувачот, но она што е важно е изгледот на контролната табла, која е сосема поинаква кај Amarok, изведена со посуптилен пристап. Кај повисокиот дел од гамата, вклучувајќи го и тесттираниот модел (Style) има 12,3-инчен екран наменет за инструментите пред возачот и 12-инчен екран на допир поставен во портрет ориентација што се грижи за инфозабавниот систем и дел од функциите на климатизацијата. Физичките прекинувачи се присутно во мал број, но сепак ги има, поставени се под екранот и зад рачката на менувачот со што е овозможен брз пристап до одредени функции. Системот овозможува поврзување со Apple CarPlay и Android Auto, а не е заборавена ни подлогата за безжично полнење, како и двата типа на USB порти. Самиот кабински простор делува доста богато за ваков тип на возило и ги надминува очекувањата. Првенството е дадено на предните седишта каде комфорот е исклучителен, но не се заборавени ниту патниците на задната клупа од која нема да се пожалат и покрупни лица. Севкупниот впечаток на внатрешноста е одличен во визуелна смисла, сликата не бледнее ни и од перспектива на квалитетот на употребените материјали, додека пакетот на опременост во тесттираниот примерок оди дотаму што е на еднакво ниво како кај „развиканите“ SUV модели. Кој вели дека пикап треба да е само работно возило? Кога веќе зборуваме за пикап неизбежно е да се спомене и неговиот товарен простор. Овој тип на возила во светот е познат и под името „еден тон пикап“, а Amarok
АВТО-МОТО |
во целост го оправдува истото. Со себе може да понесе една евро палета или тежина која не ја преминува границата од 1.100 килограми, алките кои се поставени во товарниот простор дозволуваат прицврстување на терет до максимални 400 килограми. Доколку, пак, имате потреба да транспортирате нешто што е далеку потешко или габаритно и тоа не е проблем, бидејќи капацитетот за влечење на приколка изнесува 3.500 килограми.
ПОДГОТВЕН ЗА СЕКОЕ ИСКУШЕНИЕ
Компанијата Volkswagen со Amarok јасно порачува дека неговиот талент не егзистира само на асфалтна подлога. За комфорот и стабилноста се грижи зголеменото меѓуоскино растојание за 175 мм, што исто така се грижи за подобра способност кога е надвор од патот. Аголот на пристап е 30 степени, додека максималниот агол со кој отстапува е 26 степени. Овие параметри, во комбинација со автоматскиот менувач и погонот на четири тркала, што овозможува заклучување на диференцијалот на задната оска, го ставаат Amarok во добра позиција кога треба да се управува во предизвикувачки услови на терен. Со големо растојание од подлогата и 3,0-литарски V6 турбодизел агрегат што располага со моќност 240 КС и уште поважните 600 Нм влечна сила, Amarok добро се справуваше со сложените предизвици по патеки на кои се движевме. Десетстепениот автоматски менувач својата работа ја извршува на висина на задачата, секогаш го одржува моторот на потребните вртежи како не би изгубил ни малку од перформансите, што резултира со одлични возни карактеристики на и вон асфалтната подлога. Доколку сакате, можете да ги изберете брзините рачно, а тоа се изведува преку копчињата поставени од страната на менувачот. Во „регуларни“ услови, трилитарскиот V6 му дава на Amarok способност да се движи многу лесно и при типично секојдневно возење, дигиталниот
ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ МОТОР:
ШЕСТЦИЛИНДРИЧЕН ТУРБО ДИЗЕЛ
ЗАФАТНИНА:
2.993 СМ3
МОЌНОСТ НА АГРЕГАТОТ:
240 КС При 3.250 врт/мин
МЕНУВАЧ:
10 СТЕПЕН АВТОМАТСКИ МЕНУВАЧ
ПОГОН:
НА СИТЕ 4 ТРКАЛА
ПОТПИРАЊЕ НА ТРКАЛА:
НАПРЕД: MCPHERSON НАЗАД: ЛИСНАТИ ПРУЖИНИ
СОПИРАЧКИ:
НАПРЕД: ВЕНТИЛИРАЧКИ ДИСКОВИ НАЗАД: ДИСКОВИ
ГУМИ:
НАПРЕД 255/60 R18, ПОЗАДИ 255/60 R18
МАСА НА ВОЗИЛОТО:
2.248 КГ
ДИМЕНЗИИ: Д/Ш/В:
5.350Х1.910Х1.884 ММ
ЗАБРЗУВАЊЕ ОД 0 ДО 100 КМ/Ч:
8.8 СЕКУНДИ
ПРОСЕЧНА ПОТРОШУВАЧКА:
10.3 ЛИТ/100 КМ
МАКСИМАЛНА БРЗИНА:
180 КМ/Ч
ЦЕНА НА ТЕСТИРАНИОТ МОДЕЛ:
52.600 ЕВРА
бројач на вртежи вели дека речиси цело време сме помеѓу 2.000 и 2.500 вртежи во минута. Промените на брзините обично поминуваат незабележливо сè додека возите разумно, доколку ви треба ненадејно да забрзате, менувачот инстант ќе спушти неколку брзини подолу како би го задоволил моменталното барање. Додека се движите низ многуте режими на возење, секоја од нив покажува детална анимација на дисплејот пред возачот која е дизајнирана да им помогне на оние кои можеби не се толку искусни или сигурни кој режим да го изберат во дадена ситуација. Откако ќе се избере саканиот мод на возење, возилото автоматски ја активира применливата поставка за менувачот и погонот, што значи дека процесот може да започне. За сите кои ги интересираат перформансите ќе кажеме дека забрзувањето на речиси 2.3 тешкиот пикап од место на мирување до 100 километри на час трае само 8,8 секунди, додека максималната брзина со која може да се движи изнесува 180 км/ч. За време на нашето дружење во просек трошевме по 12,0 литри дизел гориво на секои 100 изминати километри, што е над декларираниот просек, но во рамките на очекуваното. Моделот Amarok е сестрано возило кое може да покрие многу повеќе од секојдневните потреби на едно просечно семејство или мал бизнис, доволно цивилизиран на асфалтни подлоги и максимално подготвен за теренски авантури. • Данчо Здравковски
12.2023/01.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
9
| АВТО-МОТО
Автомобил на годината во светот
ЗАПОЧНА ТРКАТА НА НАЈДОБРИТЕ ЕВЕ НЕ НА ПОЧЕТОКОТ ОД УШТЕ ЕДЕН ИЗБОР ЗА АВТОМОБИЛ НА ГОДИНАТА ВО СВЕТОТ. ТРИЕСЕТ И ШЕСТ КАНДИДАТИ СЕ ПОДГОТВЕНИ, ИСТО ТАКА, И ЖИРИТО ШТО ВО ОВОЈ ПЕРИОД ГИ ТЕСТИРА ПРИЈАВЕНИТЕ АВТОМОБИЛИ. ПРОГЛАСУВАЊЕТО НА ПОБЕДНИКОТ Е ЗАКАЖАНО ЗА 27 МАРТ НА САЛОНОТ ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ЊУЈОРК.
И
зборот за Автомобил на годината во светот започна во 2003 година, односно годинава го слави својот 20. роденден. Убава можност да се запознаеме малку повеќе со манифестацијата посветена на автомобилите. Во 2003 година сè започна организациски, со подготовки, па правилник за работа, потоа тестирање и оценување и на крајот е прогласување победници и доделување признанија. Според правилата, за да биде кандидиран за изборот во 2024 година автомобилот треба да го исполнува следново: годишно мора да се произведува во најмалку 10.000 примероци и мора да биде под цената на еден луксузен автомобил. Потоа мора да се продава на најмалку два главни пазара во светот од вкупно седум (Кина, Јапонија, Кореја, Европа, САД, Јужна Америка и Индија) и таа продажба да биде распространета на најмалку два континента (на пример, ако се продава само во Кина, Јапонија и Кореја, тогаш автомобилот не може да се кандидира затоа што сите три пазари (држави) се наоѓаат на еден континент) и сè тоа мора да биде во период од 1 јануари 2022 до 30 март 2023 година. Натаму правилото го вели следново, автомобилите кандидирани во следниве категории, „спортски (брзински) автомобил на годината во светот, „градски автомобил на годината во светот“, „електричен автомобил на годината во светот“ и „дизајн на годината
10 12.2023/01.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
во светот“ автоматски влегуваат во изборот за „Автомобил на годината во светот“, без разлика што се номинирани и во други категории. И секако нивното учество во две или повеќе категории е можно доколку ги исполнуваат условите од погоренаведените правила. Натаму следува списокот со автомобили кандидирани за престижните награди: „абарт 500“, „бјд атто/јуан плус“, „бјд делфин“, „бјд сил/ато 4“, „шевролет тракс“, „цитроен ц 3 еркрос“, „фискер оушн“, „форд бронко“, „гвм хавал х6“, „гвм ора 07/лајтенинг кет/гранд кет“, „хонда е:н/е:нс 1/е:нп 1“, „хјундаи кона/кона електрик“, „хјундаи санта фе“, „КГ мобилити торес“, „санг јонг торес“, „киа ев 9“, „лексус лб икс“, „максус мифа 9“, „мазда ц икс - 50“, „мазда ц икс - 90“, „мг 1“, „митсубиши аутлендер“, „нио ет 5“, „омода 05/чери арицо 5“, „пежо 408/ 408 икс“, „серес 5/сф 5“, „субару крострек“, „сузуки фронкс“, „тојота приус“, „фолксваген ид. 7“, „волво е икс 30“, „веј кофи 02/лате 02“, „икспенг г 9“, „икапенг п 7“, „зикр 001“ и „зикр икс“ или вкупно 36 кандидати. Овие автомобили официјално ќе бидат претставени идната година во јануари, а во меѓувреме тие ќе бидат тестирани од над 100 новинари од целиот свет. Како и на досегашните, така и по шести пат генерален спонзор ќе биде Брембо. Во февруари списокот од кандидати ќе биде намален на 10 што ќе се борат за најголемата титула, а во другите категории ќе бидат избрани по пет кандидати. И сега, како што е зацртано во планот, од тие 10 ќе бидат избрани три што влегуваат во завршниот дел од изборот. Последното прегрупирање за влез во завршниот дел ќе се случи на 26 февруари на Салонот за автомобили во Женева. По четири откажувања женевската изложба се враќа. Откако ќе помине изборот во Женева следува прогласување на победниците на Салонот за автомобили во Њујорк на 27 март идната година. Во изборот за 2023 година првото место му припадна на Хјундаи со моделот „јоник 6“, а веднаш до него на второто место беше „бмв икс 1 и икс 1“, а третото го освои „киа ниро“. Хјундаи ја освои титулата и во 2022 година со моделот „јоник 5“, така што овој производител има идеална можност третпат да ја освои титулата со моделот „кона/кона електрик“. • Жарко Атанасоски
12.2023/01.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
11
| АВТО-МОТО
Претставуваме ROLLS-ROYCE SPECTRE
ОСТВАРУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНОТО ПРОРОШТВО ПРВИОТ ЕЛЕКТРИЧЕН ROLLS - ROYCE ВОЗИ ВО КЛАСА САМ ЗА СЕБЕ. ГИ ЗЕМА ГЛАВНИТЕ ОБЕЛЕЖЈА НА МАРКАТА И ГИ НОСИ НА ПОВИСОКО РАМНИШТЕ. ЕДНОСТАВНО, SPECTRE ПРЕД СЕ Е ROLLS-ROYCE, А ПОТОА ЕЛЕКТРИЧЕН АВТОМОБИЛ.
Е
лектричниот автомобил е совршено тивок и чист. Не испушта мирис и нема вибрации. Може да биде многу корисен кога би имале поставени станици за полнење. Но, засега не очекувам дека би можел да биде во употреба – можеби во некоја далечна иднина.” Овие зборови се храбро предвидување на пионерот во автомобилската индустрија, почесниот Чарлс Стјуарт Ролс, дадени како одговор за еден британски весник во далечната 1900 година. Човекот кој четири години подоцна во 1904 година ќе се сретне со генијалниот инженер Хенри Ројс и заедно ќе ја создадат легендарната марка Rolls-Royce. Во тоа време господинот Ролс сигурно не можел ниту да сони дека неговите зборови всушност се пророштво кое светот ќе го доживее повеќе од сто години подоцна. А, неговата компанија ќе создаде токму еден електричен модел кој поткрепен од своето благородничко потекло и инженерско совршенство блеска со секој аспект од својата појава.
12 12.2023/01.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
Името Spectre не е одбрано случајно. Традицијата на RollsRoyce да ги именува моделите според сенишни привиденија не го прескокнува ниту Spectre. Именката „Spectre” објаснува непријатна и опасна појава која сее страв, но во случајов не кај луѓето туку кај конкуренцијата во колку воопшто постои таква. Sectre е прв електричен автомобил на Rolls-Royce и прво на светот ултра-луксузно супер купе на електричен погон. Toj е доказ дека технолошкиот напредокот на батериите и електриката можат успешно да се вметнат во секој аспект од автомобилската индустрија дури и кај луксузните, и возилата со високи перформанси.
СОЗДАВАЊЕ НА НОВА КЛАСА
Се допаѓало некому или не, Spectre создава сосем нова класа: ултра-луксузно електрично супер купе. Интересно за него е што ги зема главните обележја на Rolls-Royce како што се: тивка работа, моќно повлекување благодарение на моментална испорака на масивен вртежен момент, незабележливо префрлање на степените во менувачот и дебело изолирана кабина, и ги носи на рамниште поставено значително повисоко. Едноставно Spectre пред сè е RollsRoyce, а потоа електричен автомобил. Затоа не се направени никакви отстапки ниту, пак, компромиси во поглед на просторот во кабината, комфорот, перформансите. Тој ја отвора електричната иднина на марката која даде завет дека до 2030 година сите нејзини модели ќе возат на електрика. Создавањето на Spectre како основа за сите идни модели на Rolls-Royce е плод на огромна тест програма во која се минати повеќе од 2,5 милиони километри во екстремни услови. Тие би одговарале на период од 400 години кога автомобилот би се возел во секојдневни услови.
АВТО-МОТО |
КОЛОС СО МАНИР НА БАЛЕРИНА
Иако купе, Spectre е автомобил со големи пропорции. Во должина мери 5.475 mm, широк е 2.017 mm, висок е 1.573 mm, додека меѓуоскиното растојание е растегнато на 3.210 mm. Со тежина од 2.890 kg тој е вистински колос кој додека вози танцува префинето како балерина. Изграден околу прочуената просторна алуминиумска шасија на Rolls-Royce која дозволува флексибилност при менување на конструктивни параметри за секој нов модел, Spectre ги надминува своите браќа во поглед на торзиската цврстина која е за 30% поголема. Затоа автомобилот се потресува помалку кога минува преку нерамнини и му дозволува на подвозјето да работи помеко. Планараниот систем на подвозјето првпат претставен во Ghost со дополнителна горна водилка која всушност е впивач на вибрации е модификуван токму заради 30% поголемата торзиска цврстина. Односно водилката која впива вибрации е отстранета, а на активното подвозје му се додадени стабилизатори кои можат автоматски да се одвојат и спојат зависно од условите. Така секое тркало реагира независно и кога ќе наиде на нерамнина вибрацијата не ја пренесува на цела шасија. Кога системот детектира свијок ги спојува стабилизаторите, ги зацврстува амортизерите и го активира управувањето на четири тркала елегантно водејќи го автомобилот низ свијокот.
ПОЧЕТОК НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ИДНИНА
Spectre вози со два електрични мотори, по еден на секоја оска. Напред со моќност од 190 kW и 365 Nm, и назад од 360 kW и 710 Nm кои се еквивалент на мотор со внатрешно согорување од 584 КС и 900 Nm. Спринтот на овој колос од безмалку 3 тони од место до 100 km/h трае 4,5 секунди, додека максималната брзина е ограничена на 250 km/h. Батеријата е литиум-јон и има капацитет од 102 kWh кои се доволни за автономија од 530 km. Сместена е под подот за кого во Rolls-Royce се послужиле со уште една конструкторска итрина. Подот е поставен на средина од хоризонталните странични греди, односно праговите, што се среќава првпат во индустријата. Под него тенката батерија е распослана по цела површина и создава совршено рамен стомак кој ја подобрува аеродинамиката. Сите канали за кабли и цевки се поставени меѓу батеријата и подот, а батеријата има улога на акустична изолација која е толку добра што во Rolls-Royce пресметале дека е рамна на 700 kg обична изолација.
12.2023/01.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
13
| АВТО-МОТО
ИНСПИРИРАН ОД СВЕТОТ НА ЈАХТИТЕ
Цртањето на оваа вонвременска скулптура на тркала повлекло инспирација од светови кои се надвор од автомобилизмот. Дизајнерите се послужиле со идеи од светот на современата уметност, модернистичкото скулпторство, наутичкиот дизајн, модата... Меѓутоа најзабележлива нитка се чистите и прецизни линии кои се рефлексија на стилот што го негуваат модерните тркачки јахти. Посебно течната линија на кровот која без прекршување почнува од подножјето на предното стакло и завршува одзади во стил на класичните „фастбек” купеа. Порабено со нагласено прекршување кое завршува во остри рабови напред, телото на Spectrе е безмалку идентично со она на тркачките јахти кои со клун ги сечат брановите. Поставен на бандажи од 23 инчи Spectre е една визуелна претстава за поимот „магичен килим” преку кого во Rolls-Royce го опишуваат начинот на кој возат нивните автомобили. Дебело поставена со благородни материјали и ново дизајнирани седишта кабината на Spectre е олицетворение на висока технологија. Покрај ѕвезденото небо кое го осветлува таванот, во Spectre и вратите светат со соѕвездие составено од 4.796 осветлени ѕвезди. Инженерите посветиле 10.000 часа работа и на ѕвездено осветлување на арматурата. Панелот пред совозачот на кого е испишано името Spectre е осветлено со преку 5.500 ѕвезди кои се целосно невидливи додека автомобилот не работи. Вратите, пак, се свет за себе. Долги се 1,5 метри и се најголемите врати кои досега се вградени во еден Rolls-Royce. Се отвораат кон напред, немаат рамка и 100% се изработени од алуминиум за да се смали тежината. Сепак, се масивни и затоа во нив е вграден цел систем за полесно отворање и затворање. Едно повлекување на рачката одвнатре ја отвора вратата во т.н. комфорна позиција која дозволува патникот да провери дали постои опасност од целосно отворање. Ако сè е во ред, ја повлекува и задржува рачката и
14 12.2023/01.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
вратата продолжува да се отвора. Вратата се затвора автоматски со притискање на копче или кога возачот ќе го притисне педалот од сопирачката. Со оглед на тежината вратите имаат сензори кои го одредуваат навалувањето. Па така, без оглед дали автомобилот е паркиран на рид или на рамно, системот секогаш со иста брзина ги отвора и затвора. Првото излегување на Spectre надвор од капијата на Rolls-Royce се случи есенва, но за нарачка сè уште треба да се чека. Списоците треба да бидат отворени во март следната година, а препорачаната фабричка цена стартува од 400.000 евра. • Љубомир Анастасовски
by
Софтвер за шпедитерско работење Софтверско решение наменето за работа на шпедитерски компании, целосно интегрирано со системите на Царинската Управа (СОЦДАД, ИТО, EXIM, итн.).
TsTrader им овозможува на шпедициите да ги завршат сите царински постапки со користење на само еден софтвер (увоз, извоз, акцизи, транзит, царински складишта).
12.2023/01.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
15
| АМСМ
•Дали доколку сум оснивач и сопственик на бугарска фирма која во сопственост има моторно возило, а немам бугарски документи за идентификација (пасош или лична карта), можам да го возам возилото кое е сопственост на мојата бугарска фирма ? Ако може, кои документи ми се потребни за тоа?
АМСМ: Согласно нашата позитивна законска
регулатива, наш државјанин ако нема двојно државјанство, не може да управува возило со странски регистерски таблички во РС Македонија. За надвор од државата, секоја држава засебно ја регулира оваа материја. За управување на моторно возило во друга странска држава, каде имате оснивано фирма,( во случајов Бугарија) треба да се обратите во нејзиното министерство за внатрешни работи каде соодветно ќе ви одговорат на Вашето барање. Доколку имате потреба од дополнителни информации ги очекуваме Вашите прашања на нашиот е-маил contact@amsmstp.mk, или во контакт центарот на АМСМ на следниот телефон +389 (0)2 3/181-181, а исто така можете да ја посетите нашата веб страница www.amsmstp.mk.
• Дали ќе има проблем за издавање на меѓународна возачка дозвола ако лицето има неплатени 4 казни од кои едната е за возење под дејство на алкохол? Благодарам, Андријан
АМСМ: Според законската регулатива се под-
несува Барање за издавање на меѓународна возачка дозвола до МВР (во станиците за технички преглед) со приложување на националната возачка дозвола и лична карта. Службеникот на МВР проверува дали има забрана за управување со моторно возило за определена категорија и истотот го заверува. Тоа значи, доколку се покренати прекршочни постапки и за истите Ви се изречени прекршочни санкции и истите се заведени во системот на МВР односно Ви е изречена забрана за управување со моторно возило, за определена категорија ќе се издаде Меѓународна возачка дозвола за категорија на возило за кое немате забрана.
• Јас сум АМСМ Член и ме интересира што претставува Травел-Инфо Сет. Поздрав, Филип
АМСМ: Травел-Инфо Сет претставува екслузив-
на услуга за членовите на АМСМ и содржи: 1. Информатор - сообраќајни и туринг информации за секоја државa 2. Патна карта - актуелна патна карта на државата или на регионот 3. Рутер - компјутерски подготвена патна рута за соодветниот патен правец (почетна, крајна точка и транзитни точки од планираното патување на членот на АМСМ, информации за насоката и за износот на километри, вкупниот износ на патарини и други гранични такси, како и многу други туринг информации неопходни за секое патување надвор од СР Македонија).
*СИТЕ НАВЕДЕНИ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ ВАЖАТ ЗА ПОВИК ОД ФИКСЕН И ОД МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
16 12.2023/01.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
„ПОДОБРО ДА СЕ СПРЕЧИ ОТКОЛКУ ДА СЕ ЛЕЧИ” Како што пишува во насловот „подобро да се спречи отколку да се лечи“, адитивите треба да се користат пред да се појави некој проблем на возилото. Најчестиот проблем се дизните, посебно во пролет и во есен кога има големи температурни разлики т.е од некојпат -3C⁰ до +16C⁰. Во такви ситуации во резервоарот за гориво се прави кондензација која потоа се претвора во вода и во резервоарот имаме гориво и вода. Водата не може да се измеша со горивото и кога истата ќе дојде до дизната почнуваат да се јавуваат проблемите. За овој проблем Motul има решените т.е постои адитив Diesel System Clean и Fuel system Clean кој помага водата што е во системот за гориво да се апсорбира/спои со горивото и да не се создаваат проблемите. Покрај ова својство на адитивот тој, исто така, го чисти и шеширот на усисните вентили и со тоа за некој процент ја подобрува компресијата. Овој адитив препорачливо е да се користи на секој трети или четврти резервоар гориво.
Следствено неисправните дизни носат уште еден проблем кај возилата со дизел гориво кои имаат DPF филтер т.е кога имаме неисправни дизни не е добра и смесата воздух-гориво што придонесува до лоши издувни гасови кои дел се враќаат назад во усисна грана преку EGR вентил, дел одат во DPF филтерот и го запушуваат. Исто така, издувните гасови што се враќаат назад преку EGR вентилот ја запушуваат и усисната грана. Тоа придонесува да имаме сиромашна смеса со воздух а богата со гориво т.е ќе се зголеми потрошувачката на гориво и сè почесто возилото ќе прави регенерација на DPF филтерот. Бидејќи возилата ги возиме во град и тоа на кратки релации 5 до 10 километри во правец, процесот на регенерација е невозможно да се направи во такви услови на возење. Од Motul има решение и за овој проблем т.е постои адитив – DPF Clean кој се става во горивото и помага во процесот на чистење на DPF филтерот. Со помош на овој адитив температурата на согорување на PM10 честичките од 800C⁰ се симнува на 500C⁰ и целиот процес на соговорување на PM10 честичките може да се одвива и во градски услови. Исто така, вредно е да се знае за адитивите за појачување на октани-Octane booster и кетани – Cetane booster, кои го подобруваат согорувањето на горивото, даваат подобри перформанси и ја намалуваат потрошувачката на гориво.
Кога станува збор за Motul не се остава ништо на случајноста, па мораме да ги споменеме и адитивите што се ставаат во маслото т.е адитивот за перење на мотор -Engine clean auto кој се става во старото масло пред негова промена. Возилото се остава да работи 15-тина минути во лер и се испушта старото масло. Со овој адитив се чистат сите наслаги настанати од маслото а со тоа се подобрува и компресијата, во некои сличаи помага ако моторот има запечени карики.
Тука треба да го додадеме и адитивот за хидраулични подигачиHidraulic lifter care, кој се става во новото масло во сооднос 60 мл адитив на еден литар масло, овој адитив им го продолжува векот на хидрауличните подигачи и ја намалува буката што ја прават. Доколку имаме мало протекување од семеринг или дихтон, се користи адитивот за „лепење“ – Engine oil stop leak, се дозира во сооднос 60 мл адитив на еден литар масло. Исто така, постојат и два адитива за системот за ладење на возилото т.е адитив за перење и адитив за лепење. Адтитивот за перење – Radiator clean се користи за да се испере целиот систем за ладење со тоа што се става во системот за ладење и возилото работи околу поливина час во лер. Потоа се испушта стариот антифриз од системот и се става нов. Вториот адитив – Kuhler Dihct се користи доколку има мало протекување на антифриз. Адитивот кога ќе дојде при допир со воздух се стврднува т.е лепи каде што има оштетување на хладњакот и течењето на антифриз престанува. •
12.2023/01.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
17
| АМСМ
Green NCAP
НА СИТЕ ПОГОНСКИ ЕДИНИЦИ ИМ ТРЕБААТ ПОЗЕЛЕНИ ЦЕЛИ GREEN NCAP ГИ ОБЈАВУВА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ПРОЦЕНКАТА НА СЕДУМ ВОЗИЛА СО НИЗА ПОГОНСКИ АГРЕГАТИ: ТРИ ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА ОД TESLA, RENAULT И MG, ТРИ ХИБРИДНИ АВТОМОБИЛИ ОД MAZDA, MITSUBISHI И ALFA ROMEO И ЕДЕН ЧИСТО БЕНЗИНСКИ АВТОМОБИЛ ОД BMW, СИТЕ НЕОДАМНА ПРЕТСТАВЕНИ НА ЕВРОПСКИОТ ПАЗАР.
Tesla Model S
Р
езултатите од овие возила може да одговорат на некои од прашањата што потрошувачите си ги поставуваат кога купуваат нов автомобил: на пример, дали хибридите ги исполнуваат позелените очекувања од нивните технологии? Green NCAP открива дека доколку производителите не се посветат на одржливоста со намалување на емисиите и потрошувачката на гориво и зголемување на ефикасноста, тогаш автомобилите можеби нема да бидат зелени како што тврдат дека се, независно од погонската група. - „Green NCAP“ ги охрабрува потрошувачите кои се заинтересирани да го намалат влијанието врз животната средина, да обрнат внимание на пофините детали за перформансите на нивниот иден автомобил. Од клучно значење е новите купувачи да ги земат предвид независните информации за потрошувачите за да постигнат позелен избор усогласен со нивните преференции за возење. Ознаката „хибрид“ не значи автоматски дека ги надминува перформансите на добро управуваното возило со мотор со согорување. Производителите нудат различни нивоа на хибридизација за да се грижат за различни цели. Во исто време, во некои случаи, поголема моќност не мора да резултира со поголемо влијание врз животната средина, изјави д-р Александар Дамјанов, технички менаџер на Green NCAP. Tesla Model S импресионира не само со своите иновативни технолошки карактеристики, туку и со вниманието на енергетската ефикасност, перформансите и опсегот на возење. Тестираната верзија е верзијата со двоен мотор AWD, со капацитет на батерија од 100 kWh и импресивна моќност и моќност и вртежен момент (504 kW, 842 Nm). Водечкиот модел S дава пример за сегментот на чисто електрични луксузни автомобили со прикажување на висок и постојан опсег на возење до 630 km (околу 391,46 mi) во реалниот свет On-Road Drive, паметно уп-
18 12.2023/01.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
равување со топлина и висока ефикасност. Со бескомпромисен фокус на ефикасноста и термичкиот комфор и покрај изобилството на моќност, возилото лесно ги заработува сите 5 зелени ѕвезди и достигнува просечен резултат од 97%, само 1% помалку од моделот 3 тестиран минатата година. Слично фокусирана на моќноста и вртежниот момент, Mazda CX-60 е голем и луксузен SUV (Sports Utility Vehicle) и се тврди дека е најмоќниот сериски автомобил на Mazda досега. Автомобилот е plug-in хибрид и го користи својот електричен погон за да ја задоволи желбата на потрошувачите за поголема моќност, што последователно има влијание врз потрошувачката на гориво и енергија. Нејзината контрола на емисиите на загадувачки материи не импресионира. Во Индексот за чист воздух, тој доби скромна оценка од само 5,4/10. Како резултат на тоа, просечната оценка на возилото паѓа под прагот за дополнителна оценка за робусност и автомобилот се оценува само врз основа на стандардните тестови. CX-60 Plug-In Hybrid добива просечен резултат од 48% и собира 2½ зелени ѕвезди.
MAZDA CX-60
АМСМ |
Mitsubishi ASX
MG 5
Два благи хибриди се претерани во ова издание. Јапонскиот Mitsubishi ASX, компактен SUV со 1,3 l турбо бензински мотор е поддржан од слаб благ хибриден систем. Тестираните вредности на потрошувачка се околу 6 l/100 km, при што побарувачката се зголемува на 8,1 l/100 km во тестот на автопат со забрзувања со целосна моќност. Загадувачите во просек се добро управувани, иако емисиите на амонијак (NH3) и јаглерод моноксид (CO) би можеле подобро да се ракуваат. Mitsubishi ASX заработува просечен резултат од 41% и 2½ зелени ѕвезди.
Веќе некое време, Euro NCAP има поставено задача да го подигне нивото на безбедносна опрема кај комбињата и возилата за повеќе намени (MPV), но долгорочната одржливост треба да биде и важен фактор за поттикнување на производителите. Во ова издание, Green NCAP го воведува својот прв електричен MPV тестиран според неговите тешки протоколи: Renault Kangoo E-Tech. Ова е чисто електрично возило кое нуди подобрени транспортни способности за стоки и е насочено кон малите и средни бизниси (SMBs). Со својата релативно мала батерија (45 kWh), автомобилот е првенствено корисен за пократки растојанија. Меѓутоа, возилото се изневерува со неговата помала излезна ефикасност од мрежа до батерија од 84%, што е послаба од вообичаената вредност на денешните електрични автомобили. Со просечен резултат од 90%, Kangoo E-Tech штотуку успева да ги добие сите 5 зелени ѕвезди.
Alfa Romeo Tonale
Alfa Romeo Tonale е елегантен SUV со 1,5 l турбо бензински мотор кој е поддржан од 48V благ хибриден систем. Како и Mitsubishi, загадувачите просечно се управуваат, но зголеменото производство на амонијак и управувањето со јаглерод моноксид се предизвик за овој италијански автомобил. Вредностите на потрошувачката зависат од ситуацијата – од околу 5 l/100 km во стандардното возење на пат до 8,3 l/100 km при тестирањето на автопат. Alfa Romeo Tonale 1.5 VGT 48V-Hybrid добива просечен резултат од 42% и добива 2½ зелени ѕвезди. Некои благи хибриди можеби не ги исполнуваат нивните позелени очекувања, но електричните возила сè уште ги исполнуваат своите ветувања. Во ова издание, историскиот англиски бренд MG прослави оценка со 5 ѕвезди со својот MG 5. Овој целосно електричен караван достигнува максимална моќност од 115 kW и деклариран инсталиран капацитет на батерија од 61 kWh. Како што се очекуваше, тестот за ладен амбиент на -7°C откри значително зголемување на побарувачката за енергија, но ова може да се припише на брзото загревање на кабината и обезбедувањето соодветен термички комфор во студени, зимски услови. За време на тестирањето на капацитетот на батеријата, возилото беше наполнето со моќност на полнење од 11 kW, а утврдената ефикасност од мрежа до батерија импресионираше со 92%. MG 5 завршува со просечен резултат од 95% и 5 зелени ѕвезди. Минатиот месец, Green NCAP ја објави својата нова награда за проценка на животниот циклус (LCA), а пресметките на Green NCAP покажуваат дека MG 5 има релативно ниска проценета LCA врз основа на европскиот просек и ги исполнува критериумите за оваа LCA награда.
Renault Kangoo
BMW X1
Единственото чисто бензинско возило во ова издание, BMW X1 sDrive18i, е мал SUV кој обезбедува максимална моќност од 100 kW, што е најниска меѓу сите моментално понудени X1 верзии. Како и повеќето други бензински автомобили со фосилни горива, тој има најмалку резултати во Индексот на стакленички гасови поради емисиите на CO2 измерени на издувната цевка. Најсилниот адут на X1, сепак е неговиот последователен третман на издувните гасови. Во Индексот за чист воздух, BMW покажува високи и робусни перформанси и заработи многу заслужени 7,7 поени од 10. BMW X1 постигнува просечен резултат од 45% и собира 2½ зелени ѕвезди. • Мирко Гигов
12.2023/01.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
19
| АМСМ
ПАТУВАЈТЕ БЕЗГРИЖНО! ПОДГОТВЕТЕ ГО ВОЗИЛОТО Од техничката исправност на возилото зависи вашата и безбедноста на вашето семејство на пат. Како наши членови, превентивниот технички преглед го добивате бесплатно, па застанете во некоја од нашите станици за технички преглед и направете проверка. Во случај на потреба од сервисни услуги, искористете го попустот од 20% на работна рака во АМСМ сервисот за автомобили во Скопје (Центар), Велес и Кичево и заштедете.
ПОДГОТВЕТЕ ГИ ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ 24/7 При патување со автомобил надвор од земјата, не заборавајте да ја проверите валидноста на меѓународните документи, како зелен картон, меѓународна возачка дозвола и одобрение за управување со туѓо моторно возило, кое е неопходно доколку патувате со автомобил кој не е во ваша сопственост. Сите меѓународни документи се достапни 24/7 во АМСМ во Скопје – Центар, а кои документи ви се потребни за издавање на секој од нив ќе најдете на www.amsm.mk.
ИЗВАДЕТЕ ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ Ако сте веќе наш Europe Premium член или планирате обнова на вашата членска картичка, тогаш имајте во предвид дека со услугите вклучени во Europe Premium членската картичка добивате и бесплатно патничко осигурување со покритие од 20 дена кои можете да ги користите кумулирано во текот на една година, 365 дена, или во периодот наведен во полисата за осигурување. Патничкото осигурување важи на територијата на цела Европа, вклучувајќи ја и Турција, а ви обезбедува здравствена помош и осигурување за случаи кои се настанати во странство и се поврзани со патување во странство. Доколку сте наш Classic член, тогаш преку Мобилити Брокер достапни ви се полиси за патничко осигурување од сите осигурителни компании во земјава.
СПОДЕЛЕТЕ ГИ ЧЛЕНСКИТЕ УСЛУГИТЕ СО НАЈБЛИСКИТЕ Ако во вашето семејство има повеќе возачи, тогаш без двоумење искористете ја опцијата за семејно членство. АМСМ семејното членство ви овозможува услугите од вашата АМСМ членска картичка да ги споделите со членовите на вашето потесно семејство т.е деца до 26 години, сопруг/сопруга, мајка/татко, кои живеат под ист покрив и се водат на иста адреса во лична карта, или партнери кои живеат на иста адреса. На овој начин, секој добива дополнителна персонализирана картичка и право да ги користи сите услуги кои произлегуваат од вашиот основен членски пакет, било да станува збор за АМСМ Classic или АМСМ Europe Premium членска картичка. Семејна дополнителна картичка можете да извадите во моментот на зачленување или подоцна сè додека е активна вашата АМСМ членска картичка, по цена од 390 денари за АМСМ Classic и 690 денари за АМСМ Europe Premium дополнителна картичка. 02/3181-108
ЗАШТИТЕТЕ ГО ДОМОТ СО ДОМАЌИНСКО ОСИГУРУВАЊЕ За да патувате безгрижно, пред да тргнете било каде, бидете сигурни дека вашиот дом е секогаш безбеден. Направете домаќинско осигурување и осигурајте го вашиот дом од пожар, удар од гром, луња и град, провална кражба и разбојништво, излевање на вода од инсталации, кршење прозорски стакла итн., како и од штети кои можат да настанат кај соседите, а да влијаат и на вашиот дом. 02/3181-405
СПАКУВАЈТЕ СÈ ПО СПИСОК Без разлика каде и со каква намера патувате, доволно е да ги следите листите за пакување за различни дестинации кои ги подготвивме за вас, и да понесете сè што ви е потребно, од документи, преку облека и дополнителна опрема, до козметика и лекови. Листите за пакување се достапни за симнување на www.amsm.mk
20 12.2023/01.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
АМСМ |
БЛАГОДАРНИЦА ЗА УСПЕШНА СОРАБОТКА По повод Денот на Министерството за надворешни работи и 70-годишнина од основањето на Тениската федерација беше одржан Дипломатски тениски турнир, на кој учествуваа претставници на дипломатскиот кор во нашата земја. АМСМ, како поддржувач и партнер на турнирот, им додели АМСМ Европа Премиум членска картичка на најдобрите учесници. По тој повод, неодамна, во просториите на АМСМ се одржа средба на која присуствуваа Генералниот секретар Миновски Димитар, г. Златко Муцунски и г. Јован Теговски. На средбата, во знак на благодарност, Министерството за надворешни работи додели благодарници за успешната партнерска соработка, поддршка и особен придонес во реализацијата на Дипломатскиот тениски турнир. •
ПЕТРОЛ
СЕКОГАШ КИЛОМЕТАР ПОВЕЌЕ! Бензинската пумпа е лоцирана во рамките на АМСМ станицата за технички преглед во Чаир.
12.2023/01.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
21
| АМСМ
40 години АМСМ Контакт центар
ЈУБИЛЕЈ ВРЕДЕН ЗА ПОЧИТ ДАЛЕЧНАТА 1983 ГОДИНА, СО УРЕДБА ЗА НАЧИНОТ НА ВРШЕЊЕ НА РАБОТАТА НА СЛУЖБАТА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ НА ПАТ НА АВТО-МОТО СОЈУЗОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА, ОБЈАВЕНА ВО СЛУЖБЕН ЛИСТ НА СФРЈ БР. 52/82, ФОРМИРАН Е ИНФОРМАТИВНИОТ ЦЕНТАР НА АМСМ. НА 15.10.2023 ГОДИНА, 40 ГОДИНИ ПОДОЦНА, ИНФОРМАТИВНИОТ ЦЕНТАР, СЕГА ВЕЌЕ ПОЗНАТ КАКО АМСМ КОНТАКТ ЦЕНТАР, СЛАВИ ЗНАЧАЕН ЈУБИЛЕЈ, НА КОЈ СМЕ ОСОБЕНО ГОРДИ.
Во Контакт центарот во просек годишно пристигнуваат повеќе од 60.000 повици, а низ сите овие години сме одговориле на најмалку 2.400.000 повици за помош и информации на пат. На @196 примени се повеќе од 260.000 повици за помош на пат и шлепување и извршени се исто толку интервенции од Службата за помош на пат. Со најмалку 160 извештаи месечно присутни сме во масовните медиуми, националните и локалните радија и телевизии, информираме за состојбата на патиштата во земјава и предупредуваме за внимателно управување со возило кога тоа е потребно, дејствувајќи превентивно во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот.
В
еќе четири децении АМСМ Контакт центарот е достапен 24/7, 365 дена за помош на пат и шлепување во земјава, а за АМСМ членовите и во странство. Како резултат на членството на АМСМ во ФИА, АМСМ Контакт центарот во соработка со контакт центрите на другите европски автомото клубови, има можност за своите членовите да организира и да гарантира помош на пат и шлепување каде и да било во Европа. Покрај ова, Контакт центарот, во соработка со сите надлежни институции, како Министерството за внатрешни работи, ЈП за државни патишта и Управата за хидрометеоролошки рабoти, редовно информира за најновите состојби на патиштата. Низ сите овие години, вкупно 66 агенти беа дел од тимот на АМСМ Контакт центарот. Дел од нив сè уште се во АМСМ, дел се веќе наши пензионирани вработени, а дел се на раководни позиции во системот. Денес во него работат 10 агенти заради кои телефонските броеви на Контакт центарот196 и 15 555 се достапни секогаш за вас.
22 12.2023/01.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
Пред 40 години бевме прв, а денес сè уште сме единствен контакт центар од ваков вид во земјава. Нека ни е среќен јубилејот – 40 години АМСМ Контакт центар! • Благица С. Блажевски
ТЕСТОВИ И СОВЕТИ |
Безбедност во сообраќајот
СООБРАЌАЈНИ ПРАВИЛА... ХАОС ИЛИ НЕ!? СПОРЕД ЗАКОНОТ, НАСТАПИ ПЕРИОД ВО КОЈ СЕКОЈ ВОЗАЧ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ТРЕБА ДА ИМА ЗИМСКА ОПРЕМА ВО АВТОМОБИЛОТ, ВКЛУЧИТЕЛНО И ЗИМСКИ ПНЕВМАТИЦИ. ПОЧИТУВАЊЕТО НА ЗАКОНСКАТА ОБВРСКА ЗА НОСЕЊЕ ЗИМСКА ОПРЕМА ВО ВОЗИЛАТА ВОДИ КОН НАМАЛУВАЊЕ НА РИЗИКОТ ОД СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА. ТОА СЕ ОДНЕСУВА И НА ПНЕВМАТИЦИТЕ - АКО СЕ СООДВЕТНИ, БЕЗБЕДНОСТА Е НА НАЈВИСОКО НИВО. ПРАШАЊЕ Е КОЛКУ ВОЗАЧИТЕ СЕ СВЕСНИ ЗА НЕОПХОДНОСТА ОД СООДВЕТНИ ПНЕВМАТИЦИ И ЗИМСКА ОПРЕМА.
Б
езбедноста во сообраќајот не е само во пневматиците и зимската опрема, туку и во почитувањето на патната сигнализација. Во практика почитувањето на патната сигнализација е на многу ниско ниво. Дали возачите се свесни за прекршувањето на сообраќајните правила? Според тоа што се случува на улиците, возачите покажуваат многу ниска сообраќајна култура. • Брзината е ограничена на 50 км/ч во населените места, на булеварите, а на споредните улички на 30 км/ч. На пример во Скопје ретко некој вози со 50 км/ч на булеварите. Со тоа се зголемува ризикот брзината да биде главна причина за сообраќајна незгода. А возењето на автопатиштата е како на трки. А често ги има и на булевари и веќе се дел од секојдневјето. • Паркирањето е уште еден голем проблем во сообраќајот. Најчеста глетка во населените места се паркирани автомобили на тротоарите, а пешаците се принудени да се движат на улица, со што се изложуваат на голем ризик да бидат повредени. Исто така, на голем број тротоари има градежни материјали, како и машини. На тротоарите
се наоѓаат и рекламните табли на локалите и продавниците што се наоѓаат во непосредна близина, потоа скутери и мотоцикли, но и најразновидни изложени производи. Тротоарите и пешачките зони станаа најомилени места за возење, паркирање и за изложбен простор. Секојдневје е сликата на пешаци што минуваат на црвено или каде што нема пешачки премин. • Возење и пиење алкохол или употреба на психотропни супстанции. Во таков случај рефлексите се забавени, видот е заматен, движењата се бавни и неконтролирани итн. Кога овие лица управуваат со моторни возила, тие се меѓу најчестите учесници во сообраќајните незгоди. Сите знаат дека многу нешта се забранети во сообраќајот, но сепак свесно прават прекршоци, не ги почитуваат сообраќајните правила и сигнализацијата. Сето ова може да се види секојдневно на улиците и патишата низ државава. Сегашниот хаос владее со децении и досега одзел многу човечки животи. Токму затоа мора најстрого да се применуваат казнените мерки за сите што не ги почитуваат правилата за возење, дури и за најмала и најнезначајна грешка. Само така ќе почне да се средува хаосот, нередот, само така ќе се искорени безредието во сообраќајот. • Жарко Атанасоски
12.2023/01.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
23
| СТИЛ
Машки вечерни аксесоари
ЕСЕНЦИЈАЛНИОТ ДЕЛ НА ОФИЦИЈАЛНАТА, ФОРМАЛНА ОБЛЕКА ВО ПРЕСРЕТ НА ПРАЗНИЦИТЕ, И НОВОГОДИШНИТЕ И БОЖИЌНИТЕ, КОГА СЕ ИНТЕНЗИВИРААТ ПРОСЛАВИТЕ, ВКЛУЧУВАЈЌИ ГО И ДОЧЕКОТ НА НОВАТА ГОДИНА, ДОКОЛКУ СЕ РАБОТИ ЗА ГАЛА, ИЗБОРОТ НА ОБЛЕКАТА НЕ ТРЕБА ДА ВЕ ЗАМОРУВА БИДЕЈЌИ СЕ СВЕДУВА НА ЕДНО НЕШТО, А ТОА Е ОФИЦИЈАЛНОСТА. СЕКАКО ДЕКА СМОКИНГОТ Е ЗАДОЛЖИТЕЛЕН, А МОДНИТЕ ДОДАТОЦИ ЌЕ ПРИДОНЕСАТ ДА ЈА ЗАОКРУЖИТЕ ПРЕТСТАВАТА ЗА СЕБЕ, ВРЗАНА СО СТИЛОТ.
Н
епогрешен е изборот на формална облека и кога се другите свечености во прашање, кои се одржуваат во вечерно време. Како што наближуваат празниците, и новогодишните и божиќните, така и прашањето за изборот на гардеробата зачестува - што да облечеме. Ако сте маж кој држи до себе, внимавате и на својот изглед меѓу другото, сигурно ќе ве засега. Поканата за гала-вечера, па и за дочек на Новата година, би можела да ви делува инспиративно кога се работи за изборот на облеката и без сомневање да се одлучите за смокинг. Впрочем, така наложува и етикецијата. Нормално, заедно со
24 12.2023/01.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
аксесоарите или модните додатоци кои ќе го комплетираат и него и впечатокот за вас, т.е. сликата во врска со стилот што го негувате. Се разбира, треба да бидете и достоен за вашата придружничка. Секако дека во едно од наредните изданија ќе се осврнеме и на женските вечерни аксесоари, на пример во февруарското. Зошто да не. Иако модните креатори препорачуваат и други бои (темносина, бела), црната е идеална за смокинг чиј материјал (100 проценти волна) исто така е особено важен за изработката, да изгледа како слеано со телото. И правилно избраните аксесоари се значајни, кои го дополнуваат, претставувајќи едно цело. Кошулата секако е бела, исто како и џебното шамиче, додека останатите се црни. Кога во прашање се украсите, можат да бидат и сребрени. ПРАКТИЧНИ, А И ЕСТЕТСКИ Трегерите или ремените за држење на панталоните не само што се практични, туку се одликуваат и со естетика. Тие се замена за каишот. Многумина грешат кога го носат со смокинг. По правило не се ни става на панталони од костум. Изберете квалитетни, од свилен сатен и кожа, телешка поради мекоста. Појасот е моден додаток за кој често се кршат копја бидејќи мнозина мислат дека е старомоден (по старата мода). Напротив, се карактеризира како класика. Допадливоста е и во наборите од свилен сатен, исто така. На задната страна обично има ластик што го помага држењето на панталоните, затоа нема потреба од трегери. Обата се црни, без исклучок.
СТИЛ |
Како водечка кога се работи за есенцијалниот дел на официјалната, формална облека е кошулата во боја на снег, на млеко итн. Останатите ја надополнуваат, суштински. За поголема софистицираност, изберете висококвалитетна, 100 проценти памук што гарантира чувство на пријатност, мекост - со јака „барон“, пластрон и француски манжетни, се разбира. Нека биде удобна, фит. Вообичаено, на кошулата й парираат чевлите чиј квалитет не смее да изостанува во никој случај. Копчињата на манжетните се подразбираат, особено кога се француските во прашање, кои во исто време се сметаат за многу важен детаљ. Покрај тоа, имаат за цел на вечерната облека што се карактеризира со проформа да й дадат извесна доза модерност благодарејќи на дизајнот. Сребрените се прав погодок, изработени рачно, како на пример со ковање. Нивната убавина, привлечност е и во рефлексијата, одбивањето на светлината од кој било аспект, без оглед на релјефноста.
СО ПОСЕБЕН ШМЕК, ЕЛЕГАНТЕН ПРВЕНСТВЕНО Лептир-машната или папилотката, пеперутката (како-годе) всушност е условен знак, симбол на официјалната, формална облека. Направена од 100 проценти свила, можете да ја врзувате самите доколку сте умешни, а и готовите (врзаните) се исклучително добри, само треба да ја закопчате одзади. Едноставноста, минимализмот й е битна карактеристика, без оглед на нејзината свечена нота, составка за која обично се врзува кичот. Елеганцијата е неприкосновена, во смисла на отменост, префинетост, па дури и вкус во облекувањето.
А белото шамиче, пак, дали ќе го ставите во горниот преден џеб или не, зависи од реверите на смокингот. Ако се заоблени, нема потреба од него. Класичните, односно реверите со остри рабови се идеални за џебно шамиче, во бела боја. Изработено од 100 проценти свила, со форма на квадрат чии димензии се 33×33 см, само треба да наѕира, да не стрчи. На облеката ѝ дава посебен шмек, во секој случај - елегантен. Доколку сте љубител на бразлетни, можете слободно да ставите, но не смее да биде нападна, премногу уочлива. Од тие причини се препорачува дизајн што се одликува со чистота, без компликуван механизам на закопчување. Гривната е совршен избор, направена од тежок метал: платина (родиум), сребро... Изработката е особено важна, би требало да се наоѓа во соодветство со копчињата на манжетните. Ако се одлучите за рачен часовник, избегнувајте бразлетна. Претрупаноста со аксесоари, модни додатоци би можела да изгледа кичесто. Машките се многу на број и онака. Секако дека саатот се однесува и на статусот, а истовремено е и престижен, говори за угледот, авторитетот. Високите цени се оправдани, сосем. Швајцарските предничат во поглед на квалитетот, нема сомневање. Имињата на брендовите кажуваат сè, нивните хронометри, хронографи се на врвот, како своевидни преседани. Нормално, комбинацијата на црна и бојата на среброто најубаво ќе се вклопи во целината на официјалната, формална облека свечената, вечерна. Светски познатите модни креатори, куќи не се штедат кога се работи за машките вечерни аксесоари, без оглед на нивната класичност. Основата е иста, различни се само формите, кои секогаш делуваат инспиративно, не само да ги купите, туку и да ги искомбинирате најдобро што можете, како на пример со смокингот и другите модни додатоци. Сакаме да признаеме или не, изгледот е посебно важен за впечатокот кој го оставаме, со тенденција да биде силен, па дури и за време на празниците, и новогодишните и божиќните, кога се интензивираат прославите, вклучувајќи го и дочекот на Новата година со придавката „гала“. • Игор Ландсберг
12.2023/01.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
25
| ПАТУВАЊЕ
Грац
ПРЕСТОЛНИНАТА НА УЖИВАЊЕТО, КАДЕ ШТО РЕЧИСИ СÈ ПОТСЕТУВА НА 19 ВЕК (ПРЕТ)ПРАЗНИЧНИТЕ ДЕНОВИ ВО ГРАЦ И ВЕСЕЛАТА АТМОСФЕРА, ДОБРОТО РАСПОЛОЖЕНИЕ ПОРАДИ БОЖИЌНИТЕ ПАНАЃУРИ СЕ САМО ЕДНА ОД МНОГУТЕ ПРИЧИНИ ЗА ВТОРИОТ ПО ГОЛЕМИНА ГРАД ВО АВСТРИЈА ДА ГО ПОСЕТИТЕ ВО ДЕКЕМВРИ И ПОКРАЈ ТОА ШТО БРОЈНИТЕ ЗНАМЕНИТОСТИ, СЛУЧУВАЊА ГО ПРАВАТ ИНТЕРЕСЕН ВО КОЈ БИЛО МЕСЕЦ ОД ГОДИНАТА. НЕГОВИТЕ ЖИТЕЛИ ВЕЛАТ ДЕКА Е МНОГУ ПОИНТЕРЕСЕН ОД ВИЕНА „ПОКУЛ“, СО ШТО СЕ СОГЛАСУВААТ И МНОЗИНА ТУРИСТИ.
26 12.2023/01.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
Н
ема сомневање, главниот град на Штаерска за време на адвентот, исто како и другите населени места, и големи и мали, не само во Австрија туку и во останатите земји со мнозинско католичко население, па дури и православно, кое го слави Рождеството Христово по грегоријанскиот календар, изгледа како во класичните бајки, филмовите инспирирани од нив, доследно. Покрај веселата атмосфера, доброто расположение, силен впечаток секако дека оставаат и богато осветлените излози, улиците чии светилки се палат точно во 16:30, без исклучок. Годинава маркетите се отворија на 18 ноември, а ќе траат како и обично, до 24 декември. Централниот, сместен пред Градското собрание, можеби е најпосетен, ама сепак и другите, како на пример во срцето на стариот град, веднаш до црквата на францисканците, кој важи за најстар во Грац, на Färberplatz, на Glockenspielplatz и на Mariahilferplatz, вклучително и ледените јасли во ренесансниот двор, привлекуваат и со големата понуда и со веселото, добро настроение. Студот не го спречува населението да уживаат во нив, затоплувајќи се со чаша Feuerzangenbowle, пунч, Glühwein. Во комбинација на печени костени, не изоставајќи ги ни чоколадите Zotter, нивниот трејдмарк. А туристите, пак, им се придружуваат на жителите во задоволството, често надополнето и со танцување на инструментална, класична музика во духот на празниците. Шетањето низ градот кој плени со својата автентичност ќе ве воодушеви и со големото присуство на млади луѓе. Од вкупно 300.000 граѓани, 40.000 се студенти. Оттаму и младешкиот изглед на Грац и занесот, без оглед на тоа што речиси сè потсетува на 19 век, на
ПАТУВАЊЕ |
неговата смиреност, убави чувства..., чии епохални вредности, благодарејќи на молскавичната брзина со која се развивала науката, остануваат во сеќавањата. Младоста е присутна секаде, не само во буквална смисла туку и метафорично, па дури и во стариот дел, центарот на градот и покрај тоа што во западниот се подразбира бидејќи таму е и универзитетот. Скоро и да нема студент кој не знае дека во околината е роден и познатиот Арнолд Шварценегер алиас Терминатор, а мнозина го посетиле и неговиот музеј. Во слободно време му се предаваат на хедонизмот, како што често знаат да кажат. Освен кафулињата, полни се и гостилниците, рестораните..., уживајќи во мераклиските работи - виното и кулинарските специјалитети по кои е познат Грац. Но и Штаерска воопшто. Јавниот градски сообраќај функционира беспрекорно, трамвајот ги поврзува буквално сите локации, места. И пешачките зони што го олеснуваат дополнително движењето. РЕНЕСАНСНИОТ, ДОМИНАНТЕН СТИЛ ВО ГРАДОТ СО МЛАДЕШКИ ЗАНЕС
Катедралата, мавзолејот и црквата Света Катарина
Внатрешноста на катедралата
Генерацискиот јаз во Грац е сосема непознат. Младите и старите се почитуваат меѓусебно, си укажуваат внимание. Оттаму и различноста на самите туристи, и во однос на возраста и во врска со сфаќањата. Впрочем, секој граѓанец ќе ви даде на знаење дека такви се и можностите кои ги нуди Грац - согласно интересите. Дотаму се стигнува поприлично лесно. Тур-операторите секако дека ќе ви ја препорачаат железницата како сообраќајно средство за превоз, чија линија од Виена и обратно е под заштита на УНЕСКО, поради 12-те тунели и 16-те вијадукти. Знаменитостите на градот во исто време се спој на историјата (минатото) и културата (и духовната и материјалната), со посебен акцент врз архитектурата, но и на природата во неговата околина. Можности за пешачење, возење со велосипед има во изобилство. Стилот на градбата е препознатлив. Објектите во голем степен ја преживеале и Втората светска војна. Без филување, одново ја раскажуваат својата приказна, секој ден. Ограниченото времетраење на престојот често знае да ја диктира и туристичката маршрута. Сепак, бедекерите ќе ве упатат на правите адреси. Незаобиколна секако е посетата на Schlossberg чија важност е особена и за името на Грац, кое потекнува од „градец“ (слов.). Имено, пред 1.000 години, па дури и повеќе, на ридот се наоѓало мало кале чие проширување започнало во средината на 1500-тите, по нацрт-планот на ренесансниот италијански архитект Domenico dell’Allio. Денес тврдината ја има во Гинисовата книга на рекорди, забележана како најјака фортификација на сите времиња, која не успеала да ја урне и Наполеоновата војска. Буквално сите други калиња ги разорила, со исклучок на ова, секако - заедно со камбаната и саат-кулата. И двете ги откупиле граѓаните. Утврдувањето е на висина од 473 м, каде што можете да се качите со жичарница, застаклен лифт, а и пеш. Саат-кулата се наоѓа подолу, само неколку метри. Датира од 13 век, реставрирана во 1560-тите. Надворешниот изглед е зачуван и ден-денес. Интерес побудуваат и грбовите (3 на број), исто толкуте ѕвона (огненото, ѕвоното кое ги отчукува часовите и ѕвоното на сиромашните) и „побрканите“ стрелки. Во близина е скулптурата на куче од камен, во сеќавање на домашниот миленик што во 1841-ва ја спасил ќерката на Kunigunde од киднапирање за брак од тогашниот унгарски крал.
12.2023/01.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
27
| ПАТУВАЊЕ
Саат-кулата
Спиралните скали
Палатата Eggenberg всушност е алегорија на универзумот, архитектонски - прикажувајќи ја егзактноста на вселената, светот... Нивната прецизност до ситница, какво што е и окружувањето во кое се наоѓа, прекрасно уредениот парк. Ја нарачал Hans Ulrich von Eggenberg во 1625-та, за да му се спротивстави на хаосот во изминатиот период. Неговата љубов кон хармоничната архитектура ја отелотворил во неа. И алузиите за времето и просторот, се разбира - претставени во собите, прозорците, вратите..., заедно со сликите во Planetelsaal, чија симболика секако е астрономска, врзана со небесните тела. И фазонирањето на градината било во согласност со т.н. планетарна сала. Денес палатата ја раководи Joanneum, провинцијалниот музеј на Штаерска. Лапидариумите, збирките монети се дел од нејзините поставки.
Иако ренесансниот двор е и парламентски, асоцира на раскошна забава. Постои веќе 466 години, од 1557-ма. Го опишуваат како ремек-дело на Domenico dell’Allio, чии аркади предизвикуваат восхит. Неизоставно и фонтаната од бронза, изработка на маниристите, и бакарните украси (анимални), вклучувајќи го и барокниот мебел. За време на адвентот, пред него се поставуваат јаслите од мраз, кои го симболизираат Раѓањето Христово. Дворот служи во исто време и за прикажување филмови, концертирање, банкети... Капелата од 1630-тите, нејзиниот езуитски олтар, сликата на Богородичното возвишување и двата кипа, на Света Барбара и на Света Катарина, имаат симболично значење - ја симболизираат обновата на католицизмот. ВО ДОСЛУХ СО МИНАТОТО, АМА И СО ПРИЈАТЕЛСКИ НАСТРОЕНИОТ ВОНЗЕМЈАНИН
И седиштето на штаерската влада се смета за чист, скапоцен бисер на архитектурата, кое импресионира со скалите во вид на спирала, нивната оптичка илузорност. Ги нарекуваат и скали на смиру-
28 12.2023/01.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
вањето. Необични се поради краткото стопување, раздвојување и повторно соединување на секој етаж. Влезот е слободен, од 7:30 до 20:00, сите 7 денови во неделата. Вечното почивалиште на царот Фердинанд - мавзолејот ќе го препознаете веднаш, по неговите куполи со синозелена (тиркизна) боја, како дел од целината, заедно со црквата Света Катарина и катедралата. Потсетува на Фиренца. Впрочем, таа е идеја на дворскиот сликар, Италијанецот Giovanni Pietro de Pomis. Безмалку 410 години го краси центарот на градот, од 1614-та. Надворешноста на црквата изобилува со детали, меѓу нив и скулптурниот приказ на светителката - заштитницата на универзитетот, свртена кон местото каде што е основан, во 1585-та, покажувајќи го и вкусот на тогашното време, прагот на ренесансата и барокот. Фасадата на катедралата можеби ќе ве збуни со нејзината едноставност, ама не и готскиот фрескоживопис во внатрешноста. Изградбата почнала во 1438-ма, по нарачка на Фридрих Трети, прво како парохиска црква. Главна станала во 1786-та. И реликвиите на влезот во седиштето на бискупот се сметаат за бесценето богатство, не само духовно. Посетата на катедралата не се плаќа. Историјата на градот, неговото минато е присутно буквално секаде, на секој чекор. Се разбира, музеите се најголемите репрезенти со изложените поставки, меѓу кои и оружарницата под раководство на Joanneum. Оружјето само по себе ја раскажува витешката приказна за страста. Можете одблизу да ги видите оклопите (метални облеки) што ги штителе средновековните воини во борбите, сите средства за напад или одбрана -вкупно 32.000 експонати распоредени на 4 ката. Децата воопшто не ја кријат воодушевеноста од нив, обидувајќи се внимателно да ги слушаат преданијата, сагите за подвизите на коњаниците итн. Влезниците чинат 11€ за возрасни, 4,5€ плаќаат младите луѓе, од 19 до 26 години, другите не. Исти се цените на билетите за влез и во Музејот на современата уметност, кој воодушевува и со својата надворешност. Го нарекуваат пријателски настроен вонземјанин, симнат од некоја друга планета. Неговиот модернистички стил знае и да збуни, особено поради визуелниот ефект, изгледа како да лебди над зградите. Дури 1.066 елементи од акрилно стакло ја покриваат биоморфната конструкција, дело на британските архитекти Peter Cook и Colin Fournier. Изложбениот простор на два спрата е погоден за различни манифестации, а има и ресторан. Се наоѓа на десната страна од реката Мура во чие корито е уметничката изработка, своевидната перформанса на њујорчанецот Vito Acconci од 2003-та, кога Грац беше прогласен за европска престолнина на културата. Железната конструкција се одликува со екстраваганција. Бродот или островот (се користат и двата термина) е идеален за пиење кафе, коктел..., по прошетката низ градот, посетата на историските, културните знаменитости, шопингот... Можно е и девојката и момчето во традиционална народна облека на Glockenspielplatz, како дел од механизмот на градскиот часовник, да ве потсетат дека е време за тоа, чии пируети во ритамот на музиката (3 вида) од 24-те ѕвона се штелувани да покажуваат кога е точно 11:00, 15:00 и 18:00. Или пак за обедување, вечера во некоја од многуте гостилници, ресторани. Почнете со Brettljause, даска на која има сирење, месо и варена риба. Продолжете со Backhendl, панирано пилешко. Завршете со Kaiserschmarrn, сечкани палачинки со пекмез од кајсии. Во меѓувреме, напијте се домашна ракија, вино... И наздравете • Игор Ландсберг
12.2023/01.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
29
ГАСТРОНОМИЈА
СВИНСКО КАРЕ СО ПИРЕ ТАРТУФ Подготовка: Свинското каре го отварате како книга и го печете на скара со чести превртувања. Откако ќе оцените дека е добро испечено (да биде бело во внатрешноста) го задушувате со малку путер (го поклопувате со сад). Пирето го правите класично со компир и додавате 1 лажица пате од тартуф или ткн. Тартуфата. *Доколку имате свеж тартуф изрендајте го одозгора. Исечете го месото и сервирајте го скалесто врз пирето. Совет: пирето од компир згответе го со млеко и путер - ќе биде многу повкусно. Сервирајте со микротревки. Јас искористив микро рукола. ДОБАР АПЕТИТ!
30 12.2023/01.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
читаj, гледаj, слушаj...
„NAPOLEON“ (НАПОЛЕОН) „CHRISTMAS“ CHER
П „МОЈАТА ЉУБОВНА ПРИКАЗНА“ ТИНА ТАРНЕР о мемоарите на неодамна починатата Внејзините кралица на рокенролот ќе прочитате за подеми и падови во животот - од
младоста во Нетбуш (Тенеси), преку патот до славата со Ајк Тарнер, до нејзиниот фантастичен успех во осумдесеттите години на 20 век и подоцна, Тина искрено ја преиспитува својата лична приказна - искушенија, достигнувања и сè помеѓу. Таа раскажува за годините на соработка со најголемите имиња во светот на музиката - Мик Џегер, Кит Ричардс, Дејвид Боуви, Бијонсе - и пишува за тоа како во 1986-та неочекувано ја запознала љубовта на својот живот и како се омажила за него, дваесет и седум години подоцна. Како што вели Тина: „Понекогаш најголемата среќа во животот ни се случува кога сме во состојба да ја цениме“. Соочена со низа здравствени проблеми и семејни трагедии што й се случија во последните неколку години, Тина се осврнува на својот неверојатен животен пат, пронаоѓајќи смиреност и цел, па дури и во најмрачните моменти. „Мојата љубовна приказна“ е силна и инспиративна приказна за жена која била доволно храбра да ја надмине секоја пречка што й се испречила на патот. Ставајќи ја нејзината впечатлива мешавина од енергија, срце и душа во центарот на вниманието, овие мемоари маѓепсуваат и мотивираат исто како и кој било од нејзините најголеми хитови. •
о повод Раѓањето Христово, американската пејачка на 20 октомври го промовираше својот 27-ми студиски албум, во соработка со Warner Records Inc., кој не само што й е прв авторски, по десетгодишна пауза (откако во 2013-та го издаде „Closer to the Truth“), туку и прв божиќен воопшто. 77-годишната божица на поп-музиката, како што е позната меѓу фановите, промоцијата ја најави уште во јули, горда на проектот за кој во медиумите рече дека не се работи за божиќен албум на вашата мајка, туку на Шер. Омотот го претстави во почетокот на септември, проследен со прашањето дали сте подготвени за Божиќ да го дочекате со мене. Вклучувањето на петте врвни артисти, уметници во албумот е одлука за која не се поколебала во ниеден момент и покрај тоа што ја донела во последен час. Дуетите со Stevie Wonder, Darlene Love, Michael Bublé, Tyga и Cyndi Lauper во песните „What Christmas Means to Me“, „Christmas (Baby Please Come Home)“, „Home“, „Drop Top Sleigh Ride“ и „Put a Little Holiday in Your Heart“ ги окарактеризира како полн погодок, заедно со другите 8 - „DJ Play a Christmas Song“, „Run Rudolph Run“, „Angels in the Snow“, „Please Come Home for Christmas“, „I Like Christmas“, „Christmas Ain’t Christams Without You“, „Santa Baby“ и „This Will Be Our Year“. Критичарите, исто така. •
чија светска премиера се одржа Фтатаилмот на 22 ноември се базира на вистиниприказна за Наполеон Бонапарта,
сосредоточувајќи се на неговиот подем во државната власт, како своевиден облик бонапартизам, вклучително и љубовната врска со Жозефина, неговата прва жена. Сценарист е David Scarpa, додека режијата ја потпишува Ridley Scott, кој во исто време е и продуцент, со уште неколцина, меѓу кои и Joaquin Phoenix, главниот актер што ја игра улогата на Наполеон. Жозефина ја глуми Vanessa Kirby. Епизодните ликови, ролји ги толкуваат Tahar Rahim, Ben Miles, Ludivine Sagnier, Matthew Needham, Youseff Kerkour, Phil Cornwell, Ian McNeice, Rupert Everett, Paul Rhys, Catherine Walker и многу други. Снимањето започна во февруари 2022-ра. За разлика од „Waterloo“ (1970-та), кој се фокусираше на 1 битка, оваа епска историска драма опфаќа дури 6, концентрирајќи се на нивните главни секвенции, заедно со бојот на Моренго (1800-та), каде што Наполеон е убиен. Музиката во позадината на 157-минутниот филм е дело на Martin Phipps. • Жанр: епска историска драма Актери: Joaquin Phoenix, Vanessa Kirby Режија: Ridley Scot
12.2023/01.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
31
| HI TECH
Кат 56
КАТАМАРАН ДОЛГ 56 СТАПКИ ЗИМА Е, ДА. НО ДАЛИ ЗИМА И ЈАХТА ОДАТ ЗАЕДНО? ДА, ЗОШТО ДА НЕ. НО И ДА НЕ ОДАТ ЕДНО СО ДРУГО, НЕКАДЕ НА ПЛАНЕТАВА Е ЛЕТО, ТАКА ШТО ЈАХТАТА МОЖЕ СЛОБОДНО ДА ОТПЛОВИ ВО ТОПЛИТЕ КРАИШТА. ЛЕСНО Е СО ЈАХТА, НО МНОГУ ПОТЕШКО БЕЗ НЕА.
Н
екој нарачал, а некој друг се нафатил нарачката, односно сонот, да го претвори во јаве. Нарачал Остин Паркер, компанија која се бави меѓу другото и со изнајмување јахти. Сакате да крстосувате на пример по Јадранското Море и да посетите многу острови, а меѓу нив и Корнатите? За такво нешто ќе ви треба пловило. Еве можност да пловите во најновото чудо од пловило во облик на катамаран дизајниран од студиото Пининфарина, мајсторот над мајсторите, поточно во одделот наречен Пининфарина Наутикал. Оваа италијанска куќа за остварување на проектот се посоветувала со градителот на јахти Де Симони Јахт Дизајн и се договориле да ја исполнат желбата на нарачателот Остин Паркер Јахтс Италија срл. Името на најновата јахта е „кат 56“, кратенка за катамаран долг 56 стапки. Значи вид на пловило катамаран, чија главна одлика е двојниот долен дел. Токму поради ваквата конструкција, катамараните се малку побрзи од обичните пловила, класичните, но и воедно се поштедливи со горивото. 17 метри долгиот и 7,0 м широкиот катамаран во себе „крие“ една поголема просторија за дневен престој и пет помали за гостите. Внатршниот дизајн не се карактеризира со некои претерувања и дизајнерски филувања, туку едноставноста преовладува на се-
32 12.2023/01.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
која педа од пловилото. Чистите линии заедно со употребливата вредност, но и со врвната завршна доработка и беспрекорната ергономија го прават пловилото повеќе од удобно. Наједноставно кажано пловилото е своевиден врв од притаен луксуз и со осет за добро обликувани внатрешни површини. Надворешниот облик е многу посебен бидејќи јахтата не личи на ниту една друга и може слободно да кажеме дека е посебна во секој поглед. И тука преовладуваат тие чисти основни линии со мали примеси на отстапки кои се еден вид заштитен знак за посебноста и воедно се препознатливи само за ова пловило. Гостите можат да уживаат на три палуби од кои најгоемата е таа главната која во еден дел како дополнување на кабината за дневен престој, а дел е класика од палуба. Другите две се помали и едната се наоѓа во предниот дел, а третата е највисоко поставена, но е помала од другите две. Таа е најпривлечна затоа што од таму имате јасен преглед на морската шир. При изработката употребени се најдобрите и најквалитетните материјали и сите тие се обработувани со најновите достигнувања во технологијата. Ништо не е препуштено на случајот, сите материјали мора да ја имаат сертификат за „а класа“ за потоа да бидат вградени и тоа не било која туку „прва а класа“. Така се прават квалитетни производи кои потоа имаат век на траење најмалку пет децении. А за опременоста на пловилото со инструменти за навигација, радари и сè останато, за тоа воопшто и да не зборуваме. Тоа што денес е врвот од дигитално електронские уреди, тоа ќе биде вградено во „кат 56“. Класа од пловило кое е потпишано од дизајнерска куќа позната насекаде во светот, а најмногу позната меѓу љубителите на автомобили затоа што Пининфарина пред сè е првенствено дизајнер за автомобили, а потоа и за сè друго. Фотографиите се дигитални, а тие од готовиот производ ќе бидат објавени некаде на пролет кога јахтата треба да биде пуштена во вода. Во овие мигови додека го пишуваме текстов, врвните мајстори во Де Симони Јахт Дизајн се на задача во халите сместени во Ла Специја во близина на Џенова. • Жарко Атанасоски
ИСТОРИЈА |
BMW R60/6 With side car
МОТОЦИКЛ ШТО ПРЕТСТАВУВА ПОИМ ЗА КВАЛИТЕТ ЈУНАКОТ НА НАШАТА РУБРИКА Е ЕДЕН НЕСЕКОЈДНЕВЕН МОТОЦИКЛ ОД МАРКАТА BMW R60/6 WITH SIDE CAR.
П
ред неколку месеци сретнав еден пријател, член на познат скопски мотоклуб, од кој побарав да ми посочи некој што има ретро мотоцикл што би го претставиле во членското списание АМСМ Клуб Мобилити. По неколку телефонски контакти се сретнав со сопственикот на овој прекрасен мотоцикл Деан Спасовски од Скопје. Својата приказна со мотоциклите Деан ја започнал од мали нозе кога татко му во 1982 година купил нов мопед марка ТОМОС. Мотоциклите се пасија во неговото семејство. Подоцна имале и друг мотоцикл марка MZ 251. На радоста и љубовта кон овие мотоцикли им нема крај, па Деан интензивно сака да го оствари својот сон од детството, а тоа е набавка на некој постар мотоцикл марка BMW. На прашањето како се родила љубовта кон старите модели на мотоциклите BMW, тој вели дека во соседството имал сосед што купувал само половни мотоцикли од оваа марка, за која Деан рече дека му прераснала во вистинска љубов. Почнала потрагата да купи ваков мотоцикл, ги гледал огласите, контактирал со познајници и конечно го нашол моделот на мотоцикл BMW R60/6 со боксер мотор и 40 КС и маса од околу 210 кг, со петбрзински менувач, произведен во 1976 година, но не во толку добра состојба. Деан решил да направи целосна механичка и лимаро-фарбарска реставрација, со цел да го врати во првобитната фабричка состојба. Мотоциклот бил завршен по неколку месеци макотрпна работа. Следувало уживања во возењето, како низ градот, така и низ нашата земја, но Деан не крие дека и мотоциклот го возел и на повеќе моторелија и низ други соседни земји. Пред неколку години посакал да купи странична приколка за да ја вози својата мала ќерка на која возењето й претставувало најголемо задоволство. Страничната приколка е од руската марка Дњепар, која одговара за ваков тип мотоцикли и која одлично е вклопена во целата комбинација, како на изгледот, така и
на монтажата. Деан вели дека поседува и други понови мотоцикли од познати светски реномирани марки, но љубовта кон овој модел е многу поголема, па се надева дека мотоциклот ќе остане долги години во неговото семејство. Деан за крај го пофали членското списание АМСМ Клуб Мобилити и на сите читатели им посака среќни новогодишни и божиќни празници. Исто така, упати и покана да ги посетат мотособирите што се одржуваат во текот на годината, а за мотоциклистите и нивните сопатници прати порака секогаш да носат заштитен шлем. • Жарко Атанасоски
12.2023/01.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
33
| ИСТОРИЈА
110 години Масерати
НЕПТУН, БОЛОЊА И БРАЌАТА МАСЕРАТИ АПЕНИНСКИОТ ПОЛУОСТРОВ КАКО ДА Е ПРЕДОДРЕДЕН ЗА „РАЃАЊЕ“ НА ВРВНИ СПОРТСКИ АВТОМОБИЛИ. ДЕНЕС САМО НЕКОЛКУ МАРКИ СВЕДОЧАТ ЗА ОВА, ЗА ЖАЛ, ГОЛЕМ БРОЈ ОД НИВ НЕ ОПСТАНАЛЕ. НА ПРИМЕР, РЕЧИСИ ВО СЕКОЕ МААЛО ВО ТОРИНО, МИЛАНО, ВО ДРУГИ ГРАДОВИ ИМАЛО РАБОТНИЦИ ЗА КОНСТРУИРАЊЕ АВТОМОБИЛИ И ПОВЕЌЕТО ПРАВЕЛЕ ВРВНИ СПОРТСКИ АВТОМОБИЛИ И ТОА ПО НАРАЧКА.
П
риказната за автомобилите од марката Масерати започнува со работното место на таткото Масерати во државната железница. Дури пет од седумте деца во семејството Масерати биле насочени кон машинството, но најмногу кон автомобилите и трките. Најстариот син Карло прво работел како конструктор на велосипеди во фирмата Афори, потоа во Фиат како пробен возач, но и во Изота Фрасчини. Алфиери бил најмногу преокупиран со автомобилите и работел во компанијата Изота Фрасчини, а по него дошле да работат Еторе и Ернесто. Шасија од
34 12.2023/01.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
„хиспано суиса“, менувач од „изота фрасчини“, мотор од трет автомобил, а сето тоа подготвено од тројцата браќа Алфиери, Еторе и Ернесто. Така браќата составувале автомобили и со нив се тркале. Охрабрен од почетните успеси, Алфиери со браќата основал компанија (работилница) „Социета Анонима Офичине Алфиери Масерати“ на 1 декември 1914 година. За генијалноста на браќата говори и следниов податок. Почнале со конструирање велосипеди, во кои подоцна вградувале мотори. Карло, најстариот од браќата, на 17-годишна возраст направил мотор со еден цилиндар и го вградил во возило што сам го направил со шасија од дрво, па затоа велиме дека тоа е првиот Масерати. Неговата умешност да вози тркачки автомобили веднаш ја забележал Фиат и подоцна го вработил како пробен возач. Додека бил во Торино во Фиат, Карло во слободно време правел нацрти и конструирал авионски мотор. Младиот конструктор и иноватор постигнал врвни резултати во машинството и трките, но починал во 1910 година од туберкулозата. Сега сè му останало на Алфиери. Во 1913 година тој отворил мала работилница во која ги поправал автомобилите од марката Изота Фрасчини. Потоа основал своја работилница со една цел - да произведуваат тркачки автомобили и со нив да учествуваат на трки, а понекогаш и да најмат возач што ќе вози нивен автомобил. Во 1926 година од работилницата излегол првиот Масерати именуван како „типо 26“, а со тој автомобил Алфиери победил во својата класа на една од најпознатите трки во тоа време, Тарга Флорио. Гран при болидот имал 1,5-литарски мотор со осум цилиндри во линија, обичен
ИСТОРИЈА |
менувач со три брзини (со четири од 1927 год.), алуминиумска основа и тело направено од конструкторот на шасии Медардо Фантуци. Тркачкиот автомобил „масерати типо 26“ бил произведен во само 11 примероци, а последниот е направен во 1932 год. Почетокот бил сосема солиден, но како одминувало времето, така работата одела се потешко. Во 1932 починал Алфиери и тогаш во фирмата се вратил Биндо, еден од седумте браќа. Дотогаш работел на раководно место во Изота Фрасчини. Поради севкупната состојба со двете економски кризи, браќата Масерати биле принудени во 1937 год. да му ја продадат компанијата на индустријалецот Адолфо Орси. Под водство на А. Орси, производството од Болоња било пренесено во Модена во близина на една од неговите фабрики.Тоа се случило во 1940 година, а потоа компанијата Масерати морала да работи за тогашната власт, една од силите на оската Рим - Берлин - Токио. За време на Втората светска војна Масерати произведувал свеќички за автомобили, електрични возила за доставување, но и делови за авионски мотори, односно произведувал речиси исто како на почетокот од формирањето на компанијата во 1914 год.
Автомобилот на шахот од Персија
ПЕРИОДОТ ПО ВОЈНАТА Е ПОЗНАТ ПО РЕСТРУКТУРИРАЊЕТО НА КОМПАНИЈАТА МАСЕРАТИ Според договорот, во 1947 година браќата Масерати се пензионирале и на водечко место дошол Алкесте Џијакомаци (зет за сестра на индустријалецот А. Орси). Тој успеал од Ферари да го земе конструкторот Алберто Масимино во 1944 година, а по неколку години дошол и Хуан Мануел Фанџо, најпознат и најдобар возач. Со него Масерати освоил две титули во современата Формула 1, првата во 1954 и втората во 1957 год. Во годините на двете победи А. Орси договорил стопанска соработка со владите не Аргентина и Шпанија. Од тие соработки Масерати немал добивка бидејќи производите останале непродадени (машини за правење алати). Затоа А. Орси бил принуден дел од акциите да им продаде
Масеарти „камсин“
на разни вложувачи, меѓу кои и Кредито Италијано. До 1968 год. Орси бил главен во Масерати, а потоа своите акции му ги продал на Цитроен. Мошне интересен е периодот во кој се појавува првиот туристички автомобил со име Масерати. Тоа се случило во 1946 год. и дело е на Ернесто Масерати. Прототипот именуван како „а 6“, „алфиери“ (за „а“) во чест на Алфиери Масерати, првпат бил изложен пред светската јавност на Салонот за автомобили во Женева. Јавноста била пријатно изненадена затоа што Масерати отсекогаш произведувал само тркачки автомобили, а одеднаш има светска премиера на туристички купе автомобил.
И еден друг автомобил предизвикал бурни реакции меѓу љубителите на автомобили и луѓето од автомобилската индустрија. Автомобил со специфичен купе облик, наречен „белата дама“. Тоа е еден од најретките и најценетите старовремени автомобили. Купето се појавило во 1961 год. како прототип и наедно е прв со директно вбризгување на Апенините. Дизајнот и технологијата вградена во него биле главна причина „белата дама“ да предизвика восхит кај шахот од Персија. Но тој сакал нешто уште повпечатливо и полуксузно. Тогаш славниот конструктор Џулио Алфиери го зел осумцилиндричниот мотор од болидот на Фанџо и го вградил во „белата дама“. Колку за информација, со тој болид (и мотор) Х. М. Фанџо победил на трката 12 часа Себринг. Во супер купето имало и позлатени површини во одделот за двајцата патници и благородно дрво обработено и изработено до крајни граници - купе со врвен луксуз, но и мотор зајмен од гран при болид, а сето тоа денес е класифицирано како еден вид врв во автомобилската индустрија. По една и пол деценија Масерати повторно ја шокирал јавноста. Со купето „а 6“ ја изненади, но ја шокира со класичната лимузина наречена „кватропорте“ (во превод „четири врати“), а во неа мотор (V8) сличен како тој во „белата дама“. Лимузина со спортски манири и многу коњски сили. Што му требаше ова на Масерати, било најчесто поставувано прашање во 1963 год. за време на светската премиера. Дотогаш никој не произвел лимузина со премногу коњски сили. Одеднаш Масерати се претставил како производител и на лимузини и тоа со изразена спортска нота. Треба да се знае дека денешните класични лимузини со спортски дух потекнуваат од „масерати кватропорте“, лимузина што годинава слави 60-годишнина. Во тоа време биле лансирани и моделите „мистрал“, „гибли“, „камсин“ и „бора“. Купувањето на Масерати од Цитрон датира од 1961 год. кога Цитроен тргнал да прави спортски изведби од своите модели. Тој чекор е наречен „проект с“. Цитроен го купил Масерати во 1968 год. и со тоа ја добил формулата за правење врвни спортски погонски агрегати. Како резултат на тоа произлегол „цитроен см“ со најсофистицирано „обесени“ тркала и V6 мотор зајмен од Масерати. Со оваа купе лимузина Цитроен имал светска премиера на Салонот за автомобили во Женева во март 1970 год. Така „цитроен см V6“ застанал рамо до рамо со лимузините на: Масерати, БМВ, Јагуар, Мерцедес и другите. Масерати банкротирал на 23 мај 1975 година, а Алехандро де Томасо, поранешен тркач и машински конструктор, го купил на 8 август 1975 год. Во негово време Масерати се справувал и со производството и со продажбата, но не како што посакувале челниците. „Битурбо“, „киалами“, „кватропорте III“, „кариф“се моделите што се појавиле додека А. де Томасо бил сопственик на познатиот производител на спортски автомобили. Меѓу нив „битурбо“ имал најмногу произведени единици и затоа ја добил титулата најдобро продаван Масерати. Сепак, нештата во компанијата не оделе како што треба. По подолги преговори Фиат го купил Масерати во 1993 год. Во преговорите 23 историски модели не биле правно заокружени, односно им се заканувало исчезнување во колекционерски гаражи. Тогаш се појавил Умберто Панини и ја спасил колекцијата од музејот на Масерати да не биде распрсната насекаде низ светот. Дотогашните непријатели Масерати и Ферари со заеднички сили произведувале автомобили. Масерати почнал да ги користи погонските единици од Ферари бидејќи биле техничко-технолошки понапредни. Така моделот „гт“ има ферариев мотор, но и другите модели, на пример сув возилото „леванте“, лимузината „кватропорте“, но и моделот „гибли“,
12.2023/01.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
35
| ИСТОРИЈА
Масерати „шамал“, 1990 г.
помала лимузина. Денес Масерати повторно е на пазарот, со најмногу купувачи на северноамериканскиот пазар, и засега добро му оди затоа што со години продава околу 15.000 возила, бројка што не е за потценување со оглед на тоа дека автомобилите со „тризабецот“ се луксуз и никогаш претходно не продале ни 5.000 примероци, а не пак 15.000. КАКО ТРИЗАБЕЦОТ БИЛ ИЗБРАН ЗА ЗАШТИТЕН ЗНАК? За тој дел од легендарната марка случајно или намерно бил задолжен нивниот брат уметник Марио Масерати. Него не го интересирале автомобилите и трките. Марио почнал да работи на заштитниот знак. Почнал да трага по инспирација за заштитниот знак, а за тоа слушнал
и нивниот семеен пријател маркизот Диего де Стерлих. На негов совет Марио го избрал тризабецот на богот Нептун. Неговата статуа се наоѓа на плоштадот Маџиоре во Болоња, така што симболиката би била повеќекратна. Компанијата потекнува од Болоња, а еден од главните споменици во Болоња е токму на богот на морето Нептун. Советот од семејниот пријател и симболиката на споменикот на богот Нептун му се допаднале на Марио и веднаш почнал да ги прави првите скици. Така тризабецот станал заштитен знак на автомобилите со име Масерати, а првичните скици и цртежи се чуваат во музејот на Масерати. Денес Масерати е во сопственост на Фиат Крајслер Автомобили, односно дел е од групацијата Стелантис, основана од Фиат Крајсер Аутомобили и Пежо СА. • Жарко Атанасоски
36 12.2023/01.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
СПОРТ |
Проект „Ф1 во училиштата“
ВТОРА ШАНСА И МЕДАЛ МИНАТАТА ГОДИНА ЗА ПРВПАТ СРЕДНОШКОЛЦИ ОД „ОРЦЕ НИКОЛОВ“ ВО СКОПЈЕ УЧЕСТВУВАА НА ФИНАЛЕТО ОД ПРОЕКТОТ „Ф1 ВО УЧИЛИШТАТА“ ОДРЖАН ЗА ВРЕМЕ НА БРИТАНСКОТО ГРАН ПРИ НА СИЛВЕРСТОУН, А ГОДИНАВА ПОВТОРНО СТИГНАА ДО ФИНАЛЕТО ...
О
бединети под името „Aerth Racing“, македонските учесници во проектот „Ф1 во училиштата“ успеаја да го прокнижат и вториот настап во финалето на оваа манифестација што се одржува веќе 20 години, при што и да добијат една од споредните награди. - Оваа година, нашиот тим преживеа несекојдневни предизвици, што не само што ни помогнаа да се развиваме како тим, туку и како индивидуи. Нашата екипа не застана во обидите да го подобри својот вкупен резултат, иако имавме неколку предизвици што нè спречуваа да го постигнеме тоа. Иако не завршивме на прво место, избрани сме во „топ 3“ од категоријата Иновации, што е огромно постигнување за нас и нашата иновативна работа, - ни раскажа Марио Блажевски, кој имаше задача да биде „тим – менаџер“. Согласно пропозициите, тимот бил претставен од петмина ученици, иако во поддршка дале повеќе заинтересирани ученици. - Цртањето на болидот беше задача на Мирослав Мишоски. Болидот беше само модел. Симулациите и анализите ги направивме јас и Миро со помош на најразлични софтвери. Делот од тимот што го претставуваа Теона Вангеловска, Дарко Трајанов и Бојан Ефтимоски ги покриваше другите сегменти на овој проект, кои повеќе беа насочени кон бизнис концептот и маркетинг стратегијата, - додава Блажевски. Ако првата година била за осознавање и вистинско учење, втората година за македонските средношколци била момент на потврда и унапредување. - Најголемиот предизвик беше редизајнот по пронаоѓање на проблем бидејќи доста од елементите се взаемно зависни. Втората година беше како враќање на старото и натамошно усовршување на новиот проект. Финалето беше презентација на сработеното и се одвиваше во Сингапур, под крилото на „Големата награда на Сингапур“ која беше дел од Светското првенство на Формула 1. Натпреварувањето не само што
ги изложи нашите умешности и проекти на голема сцена, туку ни даде можност да се инспирираме од најдобрите во светот на инженерството и технологијата. Недвосмислената најава дека ќе има и нови продолженија на оваа приказна, се темели и на фактот дека согледано е како овој проект влијае на проширување на хоризонтите, за кои учениците сè уште, досега, не биле свесни. - Иако нашиот вкупен резултат можеше да биде подобар, бидејќи ги увидовме слабостите, ние како тим го земавме тоа како предизвик за уште подобро во иднина. Нашата номинација во категоријата за Иновации беше како признание на нашите усилени напори да бидеме пионери во областа на STEM (Наука, Технологија, Инженерство и Математика). Иновациите што ги претставивме во нашиот проект се само почетокот на нашата визија за иднината. Ова натпреварување не е само за трки и инженери, туку и за младите умови кои го следат својот пат во областа на STEM. Во свет полн со брзи технолошки промени, „F1 in Schools“ не само што ги подготвува младите умови за предизвиците на иднината, туку и ги поттикнува да бидат креативни, иновативни и решавачки. Од Сингапур, со љубов и амбиција, оставаме отчет за иднината на STEM и за сите кои ќе учествуваат понатаму, - укажуваат од „Аerth Racing“. „Адреналинската“ возбуда која ја почувствувале покрај тркачката патека била надополнета и со неколку други искуства кои не биле „на дневниот ред“, па така екипата при посетата на „падокот“ во кој циркулираат сите учесници од Ф1 шампионатот успеала да се сретне и со поранешниот тимски шеф на Ферари, Стефано Доменикали, но и да посети неколку гаражи од екипите учеснички. - Среќавањето со Стефано Доменикали беше неповторлив момент, каде што го доживеав како извонреден водач на Формула 1, кој со својата стручност и страст кон моторспортот веднаш остава впечаток. При посетата на гаражите, почувствував дека се претопив во атмосферата на супериорна иновација и тимска координација. Како ученик со огромен интерес кон моторспортот, бев во можност да ги анализирам процесите и технологиите што ги користат тимовите, што ми овозможи да го разберам комплексниот инженерскиот свет во Формула 1. Ги следев механичарите и инженерите како работеа со прецизност, детално планирање на секој чекор, а таквата интеракцијата со тимовите ми овозможи да ги задавам прашањата и да учам од нивните искуства,- вели Блажевски кој заедно со останатите учесници имал шанса да биде примен во гаражите на екипи како Астон Мартин, Алпин и Мерцедес. • Александар Табаковски
12.2023/01.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
37
| СПОРТ
Светско првенство во Формула 1
ФЕРСТЕПЕН ДОМИНИРА, ДРУГИТЕ ПЛАНИРААТ СО ТРКАТА ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА АБУ ДАБИ СЕ „СПУШТИ ЗАВЕСАТА“ ЗА ТРКАЧКАТА СЕЗОНА ВО КОЈА МАКС ФЕРСТАПЕН И РЕД БУЛ СТИГНАА ДО НОВ УВЕРЛИВ ТРИУМФ.
З
а Ферстапен ова беше деветнаесетта победа во сезоната, но во исто време четврта во низа кога станува збор за автодромот во Абу Даби. Во неговата кариера триумфот во Абу Даби е со реден број 54, со што се издигна над Ален Прост (51) и Себастијан Фетел (53) на вечната листа. Иако по многу нешта ќе биде запаметена како рекордна, за првпат во историјата се случи еден возач да ги комплетира сите кругови од оваа сезона и да биде на 1.003. од нив во водство. Стартот на трката беше одбележан од дуелот на Ферстапен и Леклер, при што возачот на Ферари беше агресивно настроен, но не успеа да го остави ривалот зад себе и да поведе во трката, па Ферстапен почна да создава предност. Менување на позициите имаше зад нив за време на промената на пневматиците, а најголемо внимание привлече дуелот на Перез и Норис, кои се бореа за четвртото место, па дури имаа и меѓусебен контакт, за што Мексиканецот доби казна од пет секунди како
38 12.2023/01.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
причинител на истиот во очите на стјуардите. Знаејќи го тоа, Ферари проба да направи стратегиска одлука и да го пропушти Перез пред Леклер со идеја Мексиканецот да може да ја компензира казната со возење брзи кругови, бидејќи на италијанскиот тим му одговараше тој да биде пласиран пред Џорџ Расел. Но, тој план не се оствари, па на крајот од трката, по аплицирање на петте секунди, Перез заврши една секунда зад Расел и Леклер, a со неуспехот да го избие возачот на Мерцедес од третото место, всушност Ферари ја загуби втората позиција во генералниот пласман. - Би било погрешно да замислиме дека постои магично решение кое ќе ни даде пет десетинки или да откриеме нешто ново. Перформансите доаѓаат од различни делови на компанијата, базирано на фактите колку сме способни брзо да ги произведеме деловите или колку имаме добра издржливост. Ние изгубивме премногу поени оваа сезона поради различни причини, и поради издржливост, и поради дисквалификацијата на трката во Тексас, и заради попречување други возачи во текот на квалификациите. Јасно е дека треба да работиме во тие насоки. Исто така, треба да ги подобриме аеродинамиката и моторот, секое поединечно нешто. Не би рекол дека ние имаме нешто лошо и дека со брза поправка ќе успееме да направиме напредок од четири или пет десетинки. Најважно е сите илјада луѓе во фабриката да бидат убедени дека перформансите зависат од нив и дека сите се обидуваат да дадат и повеќе од очекуваното, дури и кога е во прашање една илјадинка од секундата. Во втората половина од сезоната, помеѓу трките во Зандворт и Абу Даби, ние немавме огромни промени на болидот. Имавме надградба во Јапонија, но во основа го задржавме истиот болид и можевме да завршиме подобра работа благодарение на подоброто разбирање на болидот, на подобриот сет-ап и на подобриот пристап од возачите,- прокоментира Фредерик Васер, тимскиот шеф на Ферари. „Архивирајќи“ ја оваа сезона во која доминацијата на Ред Бул беше најголем печат, коментаторите се свртеа кон можното сценарио за создавање втор победнички тим, откако беше соопште-
СПОРТ |
но дека првиот тим ќе му испорачува компоненти за болидот на Алфа Таури (поранешен Торо Росо). Тоа ги поттикна гласините за „копија“ на болидите, како во 2020 година, кога тимот на Рејсинг Поинт на сличен начин се „адаптираше“ користејќи мотор и менувач од Мерцедес, но нивниот болид беше и дизајнерски мошне сличен. - Навистина сме далеку од приказната за „розевиот мерцедес“. Постојат некои компоненти што смеат да бидат пренесени и тие се дел од правилата што смееш да испорачаш и тоа е тоа што Алфа Таури ќе го добие. Но кога ќе го погледнете болидот, постојат фундаментални разлики меѓу нивниот болид и оној на Ред Бул. Според мене, има други болиди кои што се со многу поблизок концепт до нашиот отколку Алфа Таури. Доволно е само да ги погледнете Астон Мартин или Мекларен, ќе видите дека нивната задна суспензија е мошне слична на нашата, особено таа на Мекларен. Се разбира, и другите имаат право да го направат истото како што Мерцедес и Ферари веќе снабдуваат други тимови со менувачи, суспензија, воздушен тунел, па дури и алатки за симулација. И тоа ќе биде идентичен однос и во нашиот случај. Потоа останува на нив како тие ќе ги искористат. Можете да видите дека Мекларен во втората половина на сезоната подобро ги искористи некои делови отколку што самиот производител (Мерцедес) го направи тоа во својот тим,- рече Кристијан Хорнер во име на првиот тим на компанијата Ред Бул.
КАЛЕНДАР НА ФОРМУЛА 1 ВО 2024 ГОДИНА 02.03 - ГН Бахреин, Манама 09.03 - ГН Саудиска Арабија, Џеда 24.03 - ГН Австралија, Мелбурн 07.04 - ГН Јапонија, Сузука 21.04 - ГН Кина, Шангај 05.05 - ГН Мајами, Мајами 19.05 - ГН Емилија Ромања, Имола 26.05 - ГН Монако, Монте Карло 09.06 - ГН Канада, Монтреал 23.06 - ГН Шпанија, Барселона 30.06 - ГН Австрија, Шпилберг 07.07 - ГН Британија, Силверстон 21.07 - ГН Унгарија, Будимпешта 28.07 - ГН Белгија, Спа Франкошамп 25.08 - ГН Холандија, Зандворт 01.09 - ГН Италија, Монца 15.09 - ГН Азербејџан, Баку 22.09 - ГН Сингапур, Марина Беј 20.10 - ГН САД, Остин 27.10 - ГН Мексико, Сиудад Мексико 03.11 - ГН Бразил, Сао Паоло 23.11 - ГН Лас Вегас, Лас Вегас 01.12 - ГН Катар, Лосаил 08.12 - ГН Абу Даби, Јас Марина
ШАМПИОНОТ СОНУВА ЗА ЛЕ МАН Трките на издржливост како што е легендарната „24 часа Ле Ман“ се предизвик за многумина, а сега и Макс Ферстапен се придодаде на листата возачи кои сакаат да атакуваат на тој трофеј. Трикратниот светски првак во Формула 1 со тоа го поддржа ветеранот Фернандо Алонсо кој веќе го има освоено и посочи дека би сакал да вози заедно со Шпанецот во таков тим. - Трките на издржливост во Ле Ман се нешто што јас дефинитивно би сакал да го работам. Сум бил веќе таму кога татко ми се натпреваруваше на некоја трка. Атмосферата е чудесна, има премногу луѓе, се вози преку ноќ, на изгрејсонце, а тоа е навистина „кул“. Сум зборувал со Фернандо на оваа тема и тој ми рече дека би се вратил со мене заедно на таквите трки. Па, јас реков, „уау“, тоа би било навистина „кул“, - изјави Ферстапен како одговор на новинарско прашање за неговата иднина, декларирајќи дека реализацијата на таквите планови ќе почека додека не ја заврши кариерата во Формула 1.
Сезоната на Формула 1 во 2024 година ќе започне со зимските тестирања во Бахреин на 21-ви февруари. Една седмица подоцна ќе се одржи и првото гран при на истата патека, за потоа да уследи и трката во Саудиска Арабија. Она што е поразлично од досега виденото е дека трките ќе се возат во сабота навечер, со објаснување дека тоа морало да се направи заради почетокот на рамазанските пости на 10-ти март. • Александар Табаковски
12.2023/01.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
39
| СПОРТ
Светско првенство во Формула Е
СЕЗОНАТА ПОЧНУВА ВО ЈАНУАРИ
НА СВОЕТО ГОДИШНО СОБРАНИЕ ФИА ПО ТРАДИЦИЈА ГИ УСВОЈУВА КАЛЕНДАРИТЕ НА СПОРТСКИТЕ НАТПРЕВАРУВАЊА КОИ СЕ „ПОД НЕЈЗИНА КАПА“, А ВОЗБУДАТА ПОЧНУВА СО ТРКИТЕ ОД ФОРМУЛА Е ВО МЕКСИКО, ВЕЌЕ НА 13 ЈАНУАРИ.
П
ретстојната сезона на Формула Е ќе биде воедно и јубилејна, бидејќи ќе биде прославена 10 годишнината од стартот на шампионатот, кој беше прифатен како светско првенство во Формула Е од 2020 година. Иако првата трка е извозена во септември 2014 година во Пекинг, замислата за овој шампионат датира од 2011 година, а негови идејни творци се шпанскиот бизнисмен Алехандро Агаг и тогашниот претседател на ФИА, Жан Тод. Во сезоната 2022/23 година, шампионската титула ја освои Џејк Денис со тимот на Андрети, користејќи машинерија од Порше. Неговите најголеми конкуренти имаа погон подготвен од Јагуар, при што Мич Еванс возеше за фабричкиот тим на оваа фирма, додека Ник Касиди лани возеше за сателитскиот тим Енвижн, но сега ќе му се вози на сонародникот во тимот на „големите мачки“.
40 12.2023/01.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
- Во трките, општо земено може многу лесно да бидеш измамен и ништо не треба да се зема за дефинитивно, особено не во Формула Е. Нивото на натпреварување во овој шампионат е фантастично, но мислам дека може да се каже дека нашиот основен пакет, спореден со она што го имавме минатата година, го гледаме како добра стартна основа, - изјави тимскиот шеф на Јагуар, Џејмс Баркли. За време на претсезонските тестови во Валенсија, се покажа дека разликата меѓу најбрзото и најбавно време што беше постигнато изнесува 7 десеттинки, а тоа ветува голема изедначеност во пресрет на новата сезона. Поранешниот шампион, Ник де Вријс, кој во меѓувреме настапуваше во Формула 1, од оваа сезона се враќа во Формула Е и ќе ја зголеми конкуренцијата настапувајќи за Махиндра. Од оваа година, со правилата се дозволува надополнување на енергија на пит-стоп. Минатата година, поради стравување дека нема да имаат подготвена технологија за реализација на оваа замисла, беше дадена алтернатива истата да почне да се реализира од 2024 година. Но на претсезонските тестирања, првична варијанта за оваа технологија беше достапна за тестирање и дел од екипите увежбуваа таков тип на сервисна акција чиешто времетраење е апроксимативно околу 30 секунди, но притоа се работеше со редуциран напон (волтажа).
СПОРТ |
КАЛЕНДАР НА ФОРМУЛА Е ЗА 2024 ГОДИНА 13.01.2024 - Мексико Сити, Мексико 26.01.2024 - Дирија, Саудиска Арабија 27.01.2024 - Дирија, Саудиска Арабија 10.02.2024 - Хидарабад, Индија 16.03.2024 - Сао Паоло, Бразил 30.03.2024 - Токио, Јапонија 13.04.2024 - Мизано, Италија 14.04.2024 - Мизано, Италија 27.04.2024 - Монте Карло, Монако 11.05.2024 - Берлин, Германија 12.05.2024 - Берлин, Германија 25.05.2024 - Шангај, Кина 26.05.2024 - Шангај, Кина 29.06.2024 - Портланд, САД 20.07 2024 - Лондон, Велика Британија 21.07.2024 - Лондон, Велика Британија
- Не успеавме да направиме доволно тестови со опремата. Имавме неколку симулации на она што би требало да биде дополнување на енергија за да може да имаме подобро разбирање на пит-стопот како стратешки елемент. Веројатно публиката не знае дека постојат повеќе нешта што треба да бидат средени, затоа што не е само технологијата туку и колку е таа опрема робусна, колку е издржлива, колку може да се потпре човек на неа за да функционира при секое користење? Постои спортски елемент, но исто така треба да се види како тоа ќе резултира во пракса, каков резултат ќе даде на куси, а каков на долги патеки. Има многу нешта што треба да се доработат и би рекол дека ова тестирање беше малку подоцна отколку што требаше за да можеме да бидеме комфорни во текот на сезоната,- вели Роџер Грифитс од тимот Андрети. По прашање на календарот, истиот веќе беше усвоен на седницата на Светскиот совет за моторспорт на ФИА, но со дополнителна одлука беше направена една промена. Трката низ улиците на Рим ќе биде преселена на автодромот Мизано крај Римини, кој минатава деценија беше домаќин на трките од Мото ГП. Причината е дека болидите на Формула Е кои й припаѓаат на таканаречената „Генерација 3“, станале пребрзи за патеката која е базирана на градските улици и во текот на трката од претходната сезона се случил сериозен инцидент.
Постојат и најави дека патеката направена на поранешниот берлински аеродром Темпелхоф, треба да биде комплетно реновирана, а низ медиумите циркулираат и информации дека е можно враќање во календарот на Индонезија, со патеката во Џакарта, но тоа не би требало да биде на штета на некоја друга трка. Шпекулациите беа лансирани додека не беше потврдено местото на Токио како организатор на трка за оваа година, но откако тоа се случи, се претпоставува дека враќањето на Џакарта би било како додатна трка во идните сезони. • Александар Табаковски
12.2023/01.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
41
ПАТУВАЈТЕ И ПЛАЌАЈТЕ БЕЗ ГРИЖИ! ВАШАТА АМСМ ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА, CLASSIC ИЛИ EUROPE PREMIUM, СЕГА МОЖЕ ДА БИДЕ И VISA AMSM КРЕДИТНА КАРТИЧКА. 02/3181-108 42 12.2023/01.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
www.amsm.mk
Колумна своерачно
АЛЕКСАНДАР ТАБАКОВСКИ
КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ И ТРКИТЕ ФОРМУЛА 1 СЕ СТРЕМИ КОН „НЕТ ЗЕРО“ ВО 2030 ГОДИНА, А НАЈГОЛЕМ ЧЕКОР ВО ТАА НАСОКА Е ВОВЕДУВАЊЕТО НОВИ ПРАВИЛА ЗА МОТОРИТЕ ОД 2026 ГОДИНА.
Д
ијагнозата вели дека нивото на стакленички гасови е пораснато многукратно во однос на прединдустриската ера (1850-1900 година). Освен јаглеродот диоксид во ова „друштво“ се наоѓаат и метанот и азотниот оксид, при што и двата имаат екстремно поголем потенцијал за загревање на атмосферата. Учеството на возилата придонесува за 15% од вкупното количество на стакленички гасови. Борејќи се за имплементирање на решенија кои ќе го запрат тоа глобално затоплување, развиени се две сценарија, кои би можеле да ги именуваме како повеќе оптимистичко (А) и помалку оптимистичко (Б) по прашање на очекуваните ефекти во 2100 година. Ако во 2022 година зборуваме за покачена просечна температура од 1,15 степени на светско ниво, помалку оптимистичкото сценарио предвидува во 2100 година тоа да изнесува +2 степени Целзиусови. Наспроти ова поубавата иднина е можна со +1,5 Целзиусови во 2100 година, но за да се стигне до неа се предвидува дека во 2050 најпрво глобалната температура ќе порасне до 1,8 степени Целзиусови, а потоа ќе опаѓа благодарение на мерките што се преземаат: елиминација на стакленичките гасови како јаглерод диоксидот, но и со замена на изворите на енергија од фосилни резерви кон обновливите извори (воздух, сонце). За да се дојде до „нула емисија“ на јаглерод диоксид во 2050 година потребно е најмалку 45 отсто намалување на емисиите веќе во 2030 година (СО2) или -55% стакленички гасови. Притоа, се посакува до 2050 година 88% од енергијата да доаѓа од обновливи извори, плус 8% од нуклеарна енергија, а само 2% да останат од базирани на фосилните резерви. Оттука, јасно е зошто ФИА се определи за нови правила во автоспортот, каде што веднаш се бараат решенија преку спортот за унапредување на превозните средства од нашето секојдневие. Во предвечерјето на носењето на новите правила, најгласна дебата се водеше околу натамошната употреба на енергијата од обновливи извори. Она што започна како проект под името КЕРС и имаше моќност од 60 киловати кои можеа да се употребат во текот на 6,67 секунди со воведувањето на турбо-моторите во 2014, прерасна во МГУ-К, систем кој се проценуваше дека нуди 120 киловати сила и може да биде користен во текот на целиот круг. Вториот извор кој дополнително беше востановен (МГУ-Х) според желбите на актуелните учесници (фабрики кои ги произведуваат моторите) би било најдобро да е укинат, а за сметка на тоа да се овозможи капацитет од 350 киловати на МГУ-К во 2026 година. Сепак и покрај тоа што Мерцедес, Ферари, Рено и Хонда беа обединети околу овој предлог, влезот на Ауди и Форд во Формула 1 ќе значи дека и тие треба да ја дадат својата согласност по ова прашање.
Согласно најавите, турбо-моторите со зафатнина од 1.600 сантиметри кубни ќе останат во употреба, но ќе мора да работат исклучиво на синтетичко био-гориво кое што нема да ја загадува околината со емисија на јаглерод диоксид. Се очекува да има низа приспособувања на правилата, па така се очекува да биде отстранет лимитот за протокот на горивото, а за да се овозможи негова софистицирана и долготрајна употреба, бројот на вртежите се прогнозира дека ќе биде намален од 15.000 во минута на под 11.000. Совршеноста на актуелната технологија кај моторите со внатрешно согорување се очекува да биде практично „ресетирана“, бидејќи со предложените измени се предвидува опаѓање на ефикасноста, во смисла на искористувањето на потенцијалот на моторот. Поради отстранување на МГУ-Х ќе се врати таканаречениот „турбо-лаг“, при што и нема да се регенерира дополнителна енергија од овој извор. Но, не треба да се очекува зголемено учество од горивото, туку сосема спротивно: резервоарите наместо 100 килограми од 2026 година ќе имаат дозвола да понесат само 70 килограми гориво за една трка. Автоматски, тоа става акцент на зголеменото ниво на енергија што ќе мора да се добива и користи преку МГУ-К. Оттука на почеток мора да се зголеми енергијата што ќе се користи од обновливи извори па покачувањето на нивото на 350 киловати ќе го овозможи премостувањето на проблемите со гориво. Прашање е што би било следно, бидејќи над 350 киловати Формула 1 ќе прерасне во копирање на Формула Е, па поради тоа развојот на новите мотори со внатрешно согорување ќе биде пресуден во дефинирањето на иднината на овој спорт. Ако ЕУ ја форсира забраната за продажба на возила со мотори кои имаат внатрешно согорување до 2035 година, се оставаат неколку години за инженерите преку спортот да ги унапредат погонските агрегати за автомобилите на иднината, пред тие да стигнат до сериско производство. Од инженерски аспект негативна страна на новите правила е што болидите ќе станат потешки за најмалку 30 килограми, па тоа може да доведе до побрзо уништување на гумите и постигнување на помали брзини. Дел од конструкторите не би сакале да ја менуваат и филозофијата на изработка на болидите, па предупредуваат дека се можни обиди кои би го нарушиле визуелниот изглед. Во Формула 1 сепак мора да се води сметка и за шоуто. Промени на моторите имало во минатото, но овој пат ќе биде потребно да се има и соодветен пакет на правила кои што ќе го максимизираат ефектот што е од добробит за целата планета, а нема да го убијат спортот онаков каков што го знаеме досега. •
12.2023/01.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
43
| СПОРТ
EXTREME E – Бакарно Икс-При на Чиле
ВИЦЕШАМПИОНИТЕ ПОВТОРНО СТАНАА ШАМПИОНИ ТИМОТ НА ROSBERG X RACING СО ЈОХАН КРИСТОФЕРСОН И МИКАЕЛА АЛИН-КОТУЛИНСКИ ЗАД ВОЛАН НА ЕЛЕКТРИЧНОТО БАГИ ODYSSEY 21 ПО ВТОР ПАТ СТАНА ШАМПИОН НА EXTREME E, ОТКАКО ЛАНИ ТИТУЛАТА МУ ПОБЕГНА ЗА САМО ДВА БОДА.
О
ткако трките на Extreme E минатата сезона наидоа на одличен прием во Чиле, шампионатот одлучи годинава повторно да се врати на тлото на пустината Атакама и да продолжи да ги промовира тамошните напори за намалување на негативното влијание што го има рударството врз животната средина. Место на збиднување повторно беше градот Антофагаста кој е центар на рударството во Чиле уште од средината на 19 век. Околу него се наоѓаат трите најголеми рудници на бакар на светот од отворен коп чие негативно влијание за малку ќе уништело повеќе ендемски видови на флора и фауна и ќе ги избришело од мапата на земјината топка. Меѓутоа групата Антофагаста Минералс која ги поседува рудниците во 2019 година започналa низа проекти
44 12.2023/01.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
благодарение на кои бројноста на загрозените видови почнала да се враќа, па дури и да расте во однос на бројноста пред да почне нарушувањето на природата. Промовирањето на овие активности на рударската компанија од Extreme E минатата година донело поголем интерес и низа предлози за унапредување на проектите. Последниот настан од годинешниот шампионат во Extreme E како и лани повторно се возеше во прегратките на пустината Атакама, најсуровото место на планетата со помалку од 1 mm дожд на метар квадратен на годишно ниво, и екипажите повторно се сретнаа со суровите услови кои владеат на ова место. Се повтори и минатогодишниот ролекостер од патека која изобилува со големи косини и претставува сериозен предизвик за совладување сам по себе, на страна од лутите меѓусебни дуели кои неретко доведуваат до судири и превртувања. Годинава организаторите направиле мали измени оставајќи на патеката повеќе скокови кои се најатрактивниот дел од трките. Тимот Aciona Sainz XE - ASXE на овој последен настан од сезоната влезе со блага предност пред тимот RXR, но со оглед на неизвесноста која знае да се случи на трките од Extreme E, подеднакви шанси за освојување на титулата имаа и тимовите Veloce Racing, No.99 GMC HUMMER и X44 Vida Carbon. Оваа тесна распределба меѓу тимовите ветуваше разгорување на голема борба на последните две трки од сезоната кои го сочинуваа настанот во Чиле. Борбата за титула се разгори уште за време на квалификациите од деветтата трка. Прв и со најмногу бодови во Големото финале влезе тимот на X44 Vida Carbon кој победи во втората рунда од првата сесија и беше втор во втората рунда од втората сесија. Зад него се најде тимот на Veloce Racing кој победи во првата рунда од пр-
СПОРТ |
вата сесија, но иако не заврши во втората квалификациска сесија сепак освои доволно бодови за пласман. Rosberg X Racing имаше голема среќа во првата сесија бидејќи дупна гума после судирот со багито на NEOM McLaren. Гумата беше заменета, но времето загубено. Сепак, багито на RXR успеа да се пласира на четвртото место по откажувањето на тимот ASXE заради технички проблем. Тимот NEOM McLaren заврши трет и заедно со RXR се пласираше во Големото финале. Последен тим со пласман беше ASXE. Тие имаа откажување, но и победа во втората квалификациска сесија. Иако освоија ист број на бодови со тимовите Carl Cox Motosport, Andretti Extreme E и JBXE го добија пласманот заради победата. Тимот на RXR ја освои победата во Големото финале и го поведе шампионатот со една трка до завршница на сезоната. Сепак, на стартот лебдеше неизвесност и постоеше голема тензија бидејќи четири од петте тимови кои стартуваа сè уште беа во трката за титула. Силниот старт го лансираше тимот ASXE на водечка позиција додека во првиот свијок RXR успеа да се избори за втората позиција и се залепи близу до нив. X44 мораше да ги следи од третата позиција со обиди за престигнување. NEOM McLaren, пак, заостануваше на четвртото место. Кога стивна густиот правлив облак предизвикан од стартувањето на стартната линија можеше да се забележи возилото на Veloce Racing. Техничките проблеми го спречија да стартува и тимот мораше да се откаже. Првиот круг од трката мина без менување на позициите, но веднаш по смената на возачите тимот на RXR успеа да му побегне на багито на ASXE и создаде мала предност. Го сочува водството и победата дојде очекувано. ASXE завршија минорни 0,356 сек. зад нив, а на трето место се пласираше тимот X44. Добриот резултат од Големото финале им помогна на RXR и на ASXE да се издвојат во трката за титула со 164 и 158 бодови соодветно. Зад нив се најде Veloce Racing со 129 бодови, а No.99 HUMMER со 105 бодови и X44 со 103 бодови веќе далеку заостануваа. Последната трка од сезоната и втора на настанот во Чиле блесна како круна на сезоната која заврши со едно драматично финале. Сите влогови беа на маса за тимовите на Rosberg X Racing и на Aciona Sainz XE. Тимот на RXR за влакно ја испушти победата во првата рунда пласирајќи се на второто место со 0,863 сек. зад NEOM McLaren. Наспроти нив ASXE победи во втората рунда разгорувајќи ја борбата за титула. Во втората сесија ASXE и RXR возеа ги освоија второто и третото место. Заради лошиот пласман во квалификациите RXR влезе во трката за Големото финале на петтата позиција. Наспроти нив тимот ASXE беше прв. Меѓу нив се наредија тимовите на Veloce Racing, NEOM McLaren и X44.
Драматичното Големо финале последно во сезоната беше набиено со акција од самиот старт и му припадна на тимот на Veloce Racing. Тимот докажа дека неговите возачи имаат брзина, но непостојаноста не им дозволи да влезат во трката за титула. Се чинеше дека тој што ќе извојува предност на стартот ќе ја однесе и победата во оваа трка. Затоа Матијас Есктром од ASXE беше човекот кој изведе совршен старт и ја поведе трката. Кевин Хансен од Veloce Racing успеа да се пикне зад него возејќи буквално на браник. Обидувајќи се да се протне крај нив од внатрешна страна во првиот свијок Јохан Кристоферсон од RXR закачи на брег и го лансираше својот ODYSSEY 21 странично на две тркала. Неверојатно е како Швеѓанецот успеа да ја задржи контролата и да го спушти багито на четири. Но, акробацијата го чинеше дупната гума која мораше да се замени и тој падна на петтото последно место. Врвот од поредокот остана не сменет до времето за менување на возачите. Veloce Racing и ASXE менуваа совршено и веднаш продолжија. Но, Танер Фауст од NEOM McLaren не успеа да сопре на време во зоната на менување и удри во багито на X44. По ударот ODYSSEY 21 на NEOM McLaren беше уништен и тимот мораше да се откаже од трката, иако со оштетувања на возилото тимот на X44 можеше да ја продолжи трката. За жал нивниот ODYSSEY 21 ја немаше веќе истата брзина и тимот иако остана на патека реално беше надвор од трката за повисок пласман. Со ваков распоред на силите тимот на RXR не мораше да форсира. Третото место секако му беше загарантирано, а со него и титулата во колку тимот на ASXE завршеше втор. Токму на ASXE победата му беше преку потребна бидејќи со неа ќе дојдеше и титулата. Во еден свијок, во обид да го престигне ODYSSEY 21 на Veloce Racing со Моли Тејлор зад волан, Лајла Санц ги надмина способностите на својот ODYSSEY 21 лансирајќи го во серија превртувања по што возилото беше толку оштетено што не можеше да продолжи. Така желбата за победа се претвори во дебакл. После оваа егзибиција Veloce Racing мирно ја заврши трката со победа. Следствено второто место му припадна на RXR, а со него и втората титула од постоењето на шампионатот.
Без оглед на победата во последната трка од сезоната тимот на Veloce Racing не успеа да го престигне тимот на ASXE во генерален пласман и покрај неговото откажување. Крајниот исход сепак беше во корист на тимот на RXR кој со освоени 182 бодови ја понесе шампионската титула. Тимот на ASXE годинава успеа да освои најмногу 171 бодови, додека третопласираниот Veloce Racing освои 155 бодови. • Љубомир Анастасовски
12.2023/01.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
45
| СПОРТ
Мото ГП
ПОВТОРНО БРОЈ 1 И ПОКРАЈ ГРЕШКИТЕ Франческо Банаја - победник во Валенсија 2023
ВОЗАЧОТ НА ДУКАТИ, ФРАНЧЕСКО „ПЕКО“ БАЊАЈА, ПО ВТОР ПАТ БЕШЕ ПРОГЛАСЕН ЗА СВЕТСКИ ШАМПИОН ВО МОТО ГП, ОТКАКО НЕГОВИОТ КОНКУРЕНТ ХОРХЕ МАРТИН ИМАШЕ СУДИР...
Н
а последниот гран-при викенд во Валенсија, Бањаја пристигна со предност од 21 поен пред Мартин, но нештата се драматизираа откако во спринт трката Мартин ја однесе победата и освои 12 поени, додека актуелниот шампион финишираше како петти. Тоа го стави целиот акцент на главната трка во неделата, со која требаше да се дефинира конечниот изглед на табелата. Математички гледано, на Пеко Бањаја му требаше пласман на петтото место за да ја одбрани титулата, но и покрај лошиот старт на викендот, тој имаше „одлична вест“ пред главната трка, бидејќи носителот на пол позицијата, Маверик Вињалес, беше казнет со три места поради техничките проблеми со неговиот мотор во текот на загревањето. На тој начин, Бањаја поведе во трката пред Мартин кој стартуваше како шести, но веднаш се избори за позиција зад директниот ривал. Сепак, агресивниот пристап не му помогна на Мартин, бидејќи направи грешка во првиот свиок во третиот круг, поради што падна на осмото место и мораше да вложи нови напори за да проба да го достигне лидерот. Веќе три круга подоцна, борејќи се за петтата позиција со осумкратниот светски шампион, Марк Маркез, претендентот Хорхе Мартин направи нова непрецизност, овој пат во четвртиот свиок на патеката „Рикардо Тормо“, што резултираше со негов пад и елиминација како од трката, па така се создаде и разрешница во дуелот за шампионската титула. Бањаја со победа го запечати новиот триумф, етаблирајќи се како прв возач на Дукати којшто освои две титули во низа низ целата седумдецениска историја на Светското првенство во мотоциклизам. Воедно, тој е првиот шампион со две титули во низа по успесите на Маркез, кои завршија во 2019 година, бидејќи во меѓувреме
46 12.2023/01.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
Жоан Мир со Сузуки и Фабио Куартараро со Јамаха освоија по еден шампионски наслов. - Се чувствувам добро, фантастично. Кога возиш со бројот 1, да бидеш втор во шампионатот е лош резултат. Не би бил среќен со второто место во првенството, бидејќи кога си шампион мора да демонстрираш зошто си „број 1“. Мислам дека направивме перфектна работа за да останеме шампиони. Во вториот дел од првенството, во поголем број пати бевме побрзи и конкурентни, особено кога се возеше главната трка којашто носи повеќе поени. Минатата сезона е нешто на што треба да бидеме мошне горди, но оваа сезона е уште повеќе од тоа, бидејќи повторно сме број 1 и покрај грешките, лошата среќа во некои ситуации, бидејќи сепак повторно ја освоивме титулата. Затоа мораме да бидеме горди. Минатата година влегов во последната трка со 23 поени предност, но иако имаше само една трка чувствував многу поголем притисок. Денеска имавме тотално различна ситуација и мислам дека направив голем чекор во задржувањето на присебноста и подоброто справување со ситуацијата. Тимот ми помогна да продолжам да учам од моите грешки, да разбирам и да се подобрам. Потребно е да се продолжи на овој начин, да се учи и да се подобрува, - елаборираше Пеко Бањаја по задржување на шампонскиот трон. Конечниот пласман на трката беше определен од стјуардите, откако по многу перипетии, Фабио Ди Џанантонио стигна до второто место, стартувајќи како единаесетти, но беше казнет заради некоректен притисок во пневматиците, а со додавањето на дополнителни 3 секунди до неговиот резултат, тој падна на четвртото место. На тој начин, Јохан Зарко беше промовиран како второпласиран, а Бред Биндер на крајот го освои третото место, откако имаше големи осцилации во текот на трката, заменувајќи го за кратко Бањаја во водството, но губејќи го истото поради преширок излез од свиокот број 11 на половина од трката, при што загуби неколку позиции. Губитник на денот сепак беше Хорхе Мартин, кој на крајот успеа да даде и одговор на повеќе прашања, а меѓу другото се осврна и на шпекулациите дека Дукати нема да го земе во фабричкиот тим откако го загуби дуелот со Бањаја.
СПОРТ |
Франческо Банаја - шампион 2023
- Среќен сум во тимот на Прамак Дукати. Мислам дека дури и да победев денеска, немаше логика да се префрлам во фабричкиот тим, бидејќи кога победуваш со еден тим, тоа значи дека возиш за најдобриот тим. Искрено, сметам дека ако досега не сум го докажал својот потенцијал, тогаш никогаш нема да направам доволно за да ме земат во фабричкиот тим. Да се направи нешто повеќе од ова е навистина комплицирано, за да се бориш за титулата на последната трка и да завршиш втор, тоа значи дека ако не ме земат поради тоа, нема да ме земат поради ништо. Сакам да му честитам на Пеко, тој направи сè за да ја заслужи титулата и среќен сум за Дукати. За мене, денешниот ден е ден за плачење. Веќе го сторив тоа, и ќе се трудам што побргу да го заборавам. Но, во исто време, радосен сум што можам да прославувам нешто што е постигнато возејќи за мал сателитски тим. Испишавме историја и освоивме 13 победи, уште не знам колку подиуми и имавме безброј круго-
Прогласување 2023
ви во водство. Тоа е резултат за почит, а на почетокот на сезона целата ни беше да бидеме помеѓу првите тројца и горди сме што направивме повеќе од тоа. Кога ќе стигнеш толку блиску до освојување на титулата, не сакаш да ја загубиш, но мислам дека ние не ја загубивме титулата денеска. Имавме 21 поен помалку и тоа беше голем проблем. Но во втората половина од сезоната личеше како да сме најдобриот тим во шампионатот – рече Хорхе Мартин. Прамак Дукати е шампион во екипна конкуренција пред фабричкиот тим, во кој Бањаја остана без поддршката на Ениа Бастијанини поради негова повреда на стартот од сезоната. Дукати е убедливо прв меѓу конструкторите, додека зад нив се КТМ и Априлија, додека Јамаха и Хонда се најдоа на последните две позиции. Според календарот за 2024 година, новата сезона ќе започне на 10 март во Катар и ќе има 22 трки со традиционален финиш во Валенсија во втората половина на ноември. • Александар Табаковски
12.2023/01.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
47
| СПОРТ
WRC – Рели Јапонија
СОВРШЕН КРАЈ НА ЕДНА УСПЕШНА СЕЗОНА TOYOTA ОСВОИ СÈ ШТО МОЖЕШЕ ДА СЕ ОСВОИ ВО СВЕТСКИОТ ШАМПИОНАТ ВО РЕЛИ. ПОКРАЈ ТИТУЛАТА ЗА ПРОИЗВОДИТЕЛИ И ЗА ВОЗАЧИ ОСВОЕНИ НА ПРЕТХОДНИТЕ НАСТАНИ, ВО ЈАПОНИЈА ЈА ОСИГУРИ И ТИТУЛАТА НА ВИЦЕШАМПИОН КОЈА МУ ПРИПАДНА НА ЕВАНС.
T
oyota не можеше да посака подобра завршница на сезоната. Тимот на најголемиот производител на автомобили на светот кој годинава освои сè што можеше да се освои закитувајќи се со две круни, блескаше и на последното рели од календарот. На своето домашно рели, релито на Јапонија, тимот на Toyota забележа голема 1 – 2 – 3 победа запишувајќи совршен крај на една исклучително успешна сезона. Титулите беа решени далеку пред стартот на релито на Јапонија, но тоа не значеше дека екипажите на Toyota Gazoo Racing на домашната сцена за тимот ќе се повлечат во сенка. Напротив. Релито на Јапонија за нив беше уште една прилика да докажат дека не залудно се наоѓаат на врвот на светската рели сцена. Воедно немаше да биде праведно да се разочараат верните јапонски навивачи и страсни поддржувачи на релито како спорт без оглед на полот и возраста. Елфин Еванс беше фаворит број еден за освојување на ова рели. Дури имаше и отворена поддршка од претседателот на Toyota Gazoo Racing, Акио Тојода. Еванс приказната ја започна минатата сезона кога прикажа извонредно темпо и беше недофатлив на првите два дена од релито. Но, оштети тркало на последниот ден од релито и заврши петти. Сепак, со своето возење успеа да го импресионира Тојода кој годинава јавно го поттикна да даде сè од себе и да му овозможи заедно со него да се качи на врвот од победничкиот пиедестал поставен во градот Тојота. На огромно задоволство на Тојода кој е најголемиот поддржувач на релито на Јапонија, Велшанинот ги оправда очекувањата. Евидентно е
48 12.2023/01.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
дека му лежат асфалтните патеки на Хоншу, главен и најголем остров од јапонскиот архипелаг. Втор пат по ред покажа дека е недопирлив на јапонскиот асфалт и со малку среќа стигна до оваа толку посакувана победа. Во колку неговиот тимски другар Такамото Катсута не ја прокоцка својата шанса излетувајќи од пат во петок наутро Еванс ќе имаше сериозен противник, бидејќи Катсута беше најбрзиот возач на релито и освои 10 од вкупно 22 брзински испити. За Еванс нe претставуваше закана ниту минатогодишниот победник Тиери Нувил од таборот на Hyundai кој без оглед на брзината излета во петок попладне. Така Еванс остана без вистинска конкуренција. Токму Нувил беше човекот кој го поведе релито во четврток навечер. На наменски направената патека внатре во стадионот на Toyota, во директни дуели екипажите приредија вистинско шоу пред повеќе од 40.000 фанови. Се чинеше дека на ова рели ќе доминира тимот на Hyundai бидејќи три екипажи предводени од Нувил се најдоа во првата четворка. Зад него беше Есапека Лапи, а Дани Сордо беше четврти. Лапи и Сордо беа разделени од Танак. Возачите на Toyota мораа да се задоволат со позиции од петтото место. Таму се најде Катсута кој беше најбрз во јапонскиот тим. Рованпера, Оѓжие и Еванс заостануваа повеќе од 4 секунди. Сепак вистинскиот предизвик ги очекуваше екипажите во петок наутро, делумно заради поројниот дожд и делумно заради лизгавите патеки прекриени со паднати лисја кои на места беа полоши отколку мраз. Катсута прв подлегна на условите. Излета на првиот испит од денот, на неполни 12 km од стартот. Го скрши ладилникот и мораше да продолжи само со електричен погон. На истото место по него настрадаа и Сордо со Hyundai i20 N, и Формо зад волан на Ford Puma. Меѓутоа за разлика од Катсута кој успеа да стигне до целта, Сордо и Формо останаа заглавени во речно корито крај пат. Заради нив испитот беше откажан, а на останатите учесници им беа доделени просечни времиња. Нувил тука не можеше да се израмни со пeрформансите на Еванс кој го поведе релито. Напорите да се стигне Велшанецот завршија со удар во дрво на шестиот испит по што Нувил мораше да се откаже. Така без директна закана Еванс го заврши денот како победник. Зад него пристигна Ожие со безмалку 45 секунди задоцнување, а трет е Рованпера со близу 2 миниту доцнење. Изненадувачки, четвртото место на крајот од денот му припадна на Андреа Микелсен од категоријата WRC2.
СПОРТ |
ПОБЕДА НА ПРВО РЕЛИ WRC2 –ПРВА ИКЕЛСЕН ЈА ЗАЦВРСТУВА ТИТУЛАТА
Без заканите од главниот ривал Тиери Нувил, Еванс можеше да си дозволи да се опушти во саботата на третиот ден од релито. Лесно му беше да ја контролира високата предност пред најблиските тимски другари Ожие и Рованпера. Никој од нив ниту се обидуваше да го стигне Еванс. Позициите останаа не сменети. Единствената цел беше да се заврши ова непредвидливо рели и дома да се однесе колку може поголема победа. Се чинеше како триото на Toyota да вози рели само за себе. Техничките проблемите со кои се сретнаа Есапека Лапи и От Танак не им дозволија да се искачат скалило повисоко. Затоа и поголеми возбудувања немаше. Лапи беше четврти, Танак петти, а на шестата позиција заврши локалниот херој Катсута. Еванс со нетрпение го очекуваше отворањето на патеките во недела на последниот ден од релито. Беше исклучително претпазлив иако ниту од далеку не беше спор. Еванс беше на добар пат да запише уште една победа на своето конто и токму тоа и го стори.
Непредвидливото рели на Јапонија им предизвика големи главоболки и на екипажите од категоријата WRC2. Актуелниот шампион Андреас Микелсен повторно застана на врвот во својата класа. Победи и на релито на Јапонија со што убедливо го зголеми водството во генерален пласман, иако веќе титулата беше во негови раце на претходното рели. Најблиските конкуренти не можеа да најдат вистински одговор за брзината на Микелсен. Затоа мораа да се задоволат со постоечкиот пласман. Односно, второто место му припадна на уште еден силен натпреварувач Николај Гријазин, додека третото го освои Кајетан Кајетановиќ, кого воедно на ова рели го прогласија за предизвикувач на годината во својата категорија. Мина прв низ целта со 1 минута и 18 секунди предност пред Ожие и 1 минута и 46 секунди пред Рованпера. Катсута во текот на денот успеа да го мине Танак, и му фалеше уште малку да го мине и Лапи. Сепак, она што е најважно за тимот на Toyota веќе се случуваше, односно Еванс, Ожие и Рованпера донесоа дома 1 – 2 – 3 победа. Лапи остана на четвртото место, Катсута на петтото, а Танак на шестото. Без оглед на освојувањето на титулата за производители, и на возачи, Toyota повторно имаше потреба да слави. Посебно заради оваа голема 1 – 2 – 3 победа на домашен терен. Победата му помогна на Еванс да остане вицешампион. Така годинава тимот на Toyota освои сè што можеше да се освои во Светскиот шампионат во рели. • Љубомир Анастасовски
12.2023/01.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
49
| АМСМ
СОВРШЕН НОВОГОДИШЕН ПОДАРОК ЗА ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛИ Изборот на добар новогодишен подарок претставува вистински предизвик, особено ако сакате да изберете нешто уникатно за вашите пријатели, колеги или соработници. Наш предлог е да подарите нешто практично и корисно, а веќе знаете дека зборуваме за АМСМ членска картичка. Еве неколку добри причини зошто да подарите токму АМСМ членска картичка: • Безгрижност и безбедност на пат – Бесплатната помош на пат е корисна за секој што на градски или подолги релации патува со автомобил. Било да се работи за дупната гума, испразнет акумулатор или некој неочекуван дефект на возило, оној на кој ќе му подарите АМСМ картичка добива професионална помош во секое време, на секое место, во земјава или надвор од неа. На овој начин секоја потенцијална стресна ситуација на пат станува многу полесна. • Ексклузивна заштеда – АМСМ членската картичка овозможува заштеда при купување или користење различни услуги во внимателно избрани продажни места
50 12.2023/01.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
и локални бизниси: хотели, ресторани, продавници за спортска опрема, бела техника и сл. Преку пристап до АМСМ Партнер попустите, членската картичка гарантира дополнителна вредност во форма на заштеда во текот на целата година, долго по завршувањето на празниците. • Постојана поддршка и грижа - Членската картичка гарантира цел систем на поддршка во текот на цела година. Од потсетници и акции за сезонска подготовка на возилото до заштеди во земјата и странство и помош за планирање на патувањето, таа е тука за да го направи полесен животот на нашиот член. За разлика од традиционалните подароци, АМСМ членската картичка е подарок со кој сигурно нема да погрешите. Повеќе информации за тоа како да подарите АМСМ членска картичка може да добиете во сектор Членство на: 02/3181-108
САМО УБАВИ СПОМЕНИ ОД СЕКОЕ ПАТУВАЊЕ! БЕСПЛАТНО ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ СО EUROPE PREMIUM ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА Бесплатно патничко осигурување со покритие од 20 дена можете да ги користите кумулирано во текот на една година, 365 дена, или во периодот наведен во полисата за осигурување. Патничкото осигурување важи на територијата на цела Европа. 02/3181-108
www.amsm.mk 12.2023/01.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
51
Г О Д
И
Н
И
ГИ ШТИТИМЕ ВАШИТЕ ИНТЕРЕСИ ВО ОСИГУРУВАЊЕТО! ПОЛИСИ ДОСТАПНИ ОД:
02/3181-405 52 12.2023/01.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
www.mobilitybroker.com.mk