04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
1
Рециклирај за нов 5G смартфон За првите 1.000 вратени телефони, ние ќе насадиме 1.000 дрвја. telekom.mk/eco-popust
2
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
ВОВЕД
ТРГНЕТЕ НА ПАТ И ПАТУВАЈТЕ БЕЗГРИЖНО! АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ Членско списание ИЗДАВАЧ: АВТО-МОТО СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-181 Факс: 02/ 3181-119 amsm@amsm.com.mk www.amsm.mk ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: Маргита Поповска ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН: Мартина Поповска РЕДАКЦИЈА: ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-351 Факс: 02/ 3181-349 redakcija@amsm.com.mk www.amsmklubmobiliti.mk
ИЗДАВАЧКИ СОВЕТ: проф. д-р Спасе Јовковски (претседател) проф. д-р Иво Дукоски (член) Калинка Танеска (член) Јован Теговски (член) Миле Атанасов (член) Димитар Пендов Митко Смилков
НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ: Жарко Атанасоски Љубомир Анастасовски Данчо Здравковски Андријан Трипунов Александар Табаковски Игор Ландсберг
ТИРАЖ: 10.000 примероци ПЕЧАТИ: Печатница „Серафимовски“ - Скопје БАНКА: Комерцијална Банка А.Д. Скопје
Деновиве, се ближат најубавите велигденски празници, плановите за патување се тука, па нашите улици и патишта ќе бидат преполни со автомобили, велосипеди, пешаци, мотоцикли... За жал, булеварите и пешачките премини како да се претвораат во полигони за тестирање. Бидете внимателни пешаци, но уште повнимателни возачи. Подготвувајќи се за пат, не заборавајте да се информирате за состојбaта на патиштата, со оглед на тоа што се очекува зголемена фрекфенција на сообраќајот на патните правци што водат кон граничните премини, кон туристичките и излетнички центри, како и по должината на автопатот. На веб-страниците www.amsm.mk и www.amsmspi.mk ќе ги најдете потребните информации што треба да ги знаете за успешно и безбедно да го реализирате своето патување. Секако, не заборавајте и на проверката на вашиот автомобил која можете да ја направите во сервисот на АМСМ, лоциран во центар веднаш до Станицата за технички преглед во АМСМ. Внимавајте, ова е период кога морате да ги замените гумите за претстојната сезона. Дотраените пневматици значително ја загрозуваат вашата безбедност во сообраќајот. Ве потсетуваме да го искористите попустот од 30% при набавка на сезонски пневматици од АМСМ сервисот за автомобили, кој го добивате ексклузивно како наши членови. Ќе можете да ги дознаете и најновите резултати од тестот на летни гуми за 2022 година, според кој на врвот се наоѓаат само оние што ги исполнуваат сите услови за најдобра оценка. Следното издание на „АМСМ Клуб мобилити“ очекувајте го во мај 2022 година, во електронска верзија на вашата е-адреса и на нашата веб-страница www.amsmklubmobiliti.mk
Маргита ПОПОВСКА главен и одговорен уредник
ЖИРО-СМЕТКА: 300000000915716 ЕДИНСТВЕН ДАНОЧЕН БРОЈ: 4030991238264 ISSN 1857-6133
© Сите права се заштитени. Овој труд не смее да биде преведен или копиран во целина или негов дел без дозвола на издавачот. Забрането е било какво складирање и архивирање, електронско прилагодување, компјутерско програмирање или користење со некоја слична или различна технологија позната до денес или која ќе се развие во иднина.
Почитувани членови на АМСМ, Ве повикуваме на нашата е-маил адреса redakcija@amsm.com.mk да ни ги испратите своите е-маил адреси за да можеме да ви го доставиме интернет-изданието на списанието „АМСМ Клуб Мобилити“.
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
3
ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД
ИЗВАДЕТЕ МЕЃУНАРОДНИ ДОКУМЕНТИ САМО ВО АМСМ СКОПЈЕ - ЦЕНТАР
4
www.amsm.mk
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
02/3181-181
НОВОСТИ 7
ИЗБРАНИ НАЈПОСАКУВАНИТЕ АВТОМОБИЛИ ВО МАКЕДОНИЈА
11
18
НАЈДОБРИТЕ СЕ СЕКОГАШ НАГРАДЕНИ АВТО-МОТО
14
КОМПЛЕТНО ПАКУВАЊЕ ТЕСТОВИ И СОВЕТИ
26
ВО СЕКОЈ СЛУЧАЈ, ИМАЈТЕ ОДГОВОРНОСТ СТИЛ
30
БЕЛАТА КОШУЛА - НЕПРИКОСНОВЕН АВТОРИТЕТ ВО МОДАТА НА МАЖИТЕ,
34
НО И ЗА ЖЕНИТЕ ПАТУВАЊЕ 34
РАСКОШОТ И БОГАТСТВОТО ВО ПАТУВАЊАТА СО ЖЕЛЕЗНИЦА НI-TECH
38
ОБРОК ПРЕТВОРЕН ВО БЕСПИЛОТНО ЛЕТАЛО ИСТОРИЈА
40
57
ЈУБИЛЕЈ ВРЕДЕН ЗА ПОЧИТ СПОРТ
48
ДАЛИ ФОРМУЛА Е ЌЕ МОРА ДА СЕ ВОЗИ НА АЕРОДРОМИ?
50
ФЕРАРИ ГО СКЛОПИ МОЗАИКОТ, РЕД БУЛ ИМ ЈА РАСТУРИ ЗАБАВАТА
54
АПРИЛИЈА КОНЕЧНО ПОЛЕТА
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
5
од 1,3 метри
| ОТА
од 1,3 метри,возила со две осовини висина кај предната осовина повисока од 1,3 метри или пониска од 1,8 метри и возила со приколка со три или повеќе осовини и висина кај предната осовина пониска од 1,3 метри
1,3 метри и возила со две осовини и висина кај предната осовина иста или повисока од 1,8 метри
предната осовина повисока од 1,3 метри
МАКЕДОНИЈА
Висина на возилото кај предната осовина, се мери вертикално од коловозот до највисоката точка на возилото, над предната осовина.
Цени на патарина: Висината на надоместокот за употреба на пат (патарина) во денари на делниците на кои се наплаќа патарина изнесува: Патни делници
I A Категорија
I B Категорија
II Категорија
III Категорија
IV Категорија
20,00 МКД 50,00 МКД 40,00 МКД 20,00 МКД 40,00 МКД 20,00 МКД 20,00 МКД 20,00 МКД
40,00 МКД 80,00 МКД 60,00 МКД 40,00 МКД 60,00 МКД 40,00 МКД 30,00 МКД 30,00 МКД
50,00 МКД 120,00 МКД 100,00 МКД 60,00 МКД 80,00 МКД 60,00 МКД 40,00 МКД 40,00 МКД
100,00 МКД 220,00 МКД 180,00 МКД 100,00 МКД 150,00 МКД 110,00 МКД 80,00 МКД 80,00 МКД
150,00 МКД 330,00 МКД 260,00 МКД 150,00 МКД 220,00 МКД 160,00 МКД 110,00 МКД 110,00 МКД
I A Категорија
I B Категорија
II Категорија
III Категорија
IV Категорија
50,00 МКД 60,00 МКД 30,00 МКД 40,00 МКД 30,00 МКД 30,00 МКД 20,00 МКД 40,00 МКД
80,00 МКД 100,00 МКД 50,00 МКД 70,00 МКД 60,00 МКД 50,00 МКД 30,00 МКД 70,00 МКД
130,00 МКД 160,00 МКД 80,00 МКД 100,00 МКД 90,00 МКД 70,00 МКД 50,00 МКД 110,00 МКД
230,00 МКД 290,00 МКД 150,00 МКД 180,00 МКД 160,00 МКД 130,00 МКД 90,00 МКД 200,00 МКД
340,00 МКД 430,00 МКД 220,00 МКД 270,00 МКД 240,00 МКД 190,00 МКД 140,00 МКД 290,00 МКД
Скопје - Петровец и обратно (Петровец) Петровец - Велес и обратно (Сопот и Отовица) Велес - Градско и обратно (Стоби) Скопје - Миладиновци и обратно (Миладиновци) Куманово - Миладиновци и обратно (Романовци) Скопје - Тетово и обратно (Глумово и Желино) Тетово - Гостивар и обратно (Тетово) Тетово - Гостивар и обратно (Гостивар)
ВО ФАЗА НА ИЗГРАДБА СЕ И ПАТАРИНИТЕ НА СЛЕДНИТЕ ДЕЛНИЦИ: Патни делници Градско - Демир Капија и обратно (Демир Капија) Демир Капија - Гевгелија и обратно (Гевгелија) Штип - Свети Николе и обратно (Кадрифаково) Свети Николе - Миладиновци и обратно (Преод) клучка Миравци - клучка Демир Капија (Миравци) клучка Миравци - клучка Гевгелија (Миравци) клучка Смоквица - клучка Гевгелија (Смоквица) клучка Смоквица - клучка Демир Капија (Смоквица)
СРБИЈА Цени на патарина: СКОПЈЕ - НИШ
Наплатни станици: 40 ден. Миладиновци оддалеченост: 204 km
60 ден.Романовце
5,5 € Ниш патарини: 7 €
-
-
-
-
СКОПЈЕ - БЕЛГРАД
Наплатни станици: 40 ден. Миладиновци оддалеченост: 437 km
60 ден.Романовце
5,5 € Ниш -
8 € Белград патарини: 15 €
-
2,5 € Нови Сад патарини: 19,50 €
-
СКОПЈЕ - НОВИ САД
Наплатни станици: 40 ден. Миладиновци оддалеченост: 526 km
60 ден.Романовце
5,5 € Ниш
8 € Белград
-
-
-
СКОПЈЕ - СУБОТИЦА
Наплатни станици:
6
40 ден. Миладиновци
60 ден.Романовце
5,5 € Ниш
8 € Белград
5,5 € Суботица
оддалеченост: 526 km
-
-
-
-
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
НОВОСТИ |
ЗЛАТНО ТРКАЛО 2022
ИЗБРАНИ НАЈПОСАКУВАНИТЕ АВТОМОБИЛИ ВО МАКЕДОНИЈА
С
о завршувањето на гласањето, познати се сите победници во изборот Златно Тркало за 2022 година. Гласањето за Националниот Избор на Најпосакуван Автомобил во Македонија траеше од 1 до 15 март, a со завршувањето познати се и победниците во секоја од категориите за Златно Тркало 2022 година. На изборот, кој се одржува трета година по ред, учествуваа 15 автомобили кои беа распределени во пет различни категории, а целата македонска јавност имаше можност да го даде својот глас и да го избере Најпосакуваниот автомобил во Македонија. Златно Тркало прераснува во вистинска традиција, а годинава повторно успеа да привлече големо внимание кај јавноста, која го избираше својот фаворит во категориите Најпосакуван Градски автомобил, Најпосакуван Семеен автомобил, Најпосакуван Електрифициран автомобил, Најпосакуван Премиум автомобил и Главната награда за Најпосакуван автомобил во нашата земја. Како и секоја година, така и оваа, сите финалисти беа промовирани подеднакво на социјалните мрежи од страна на организаторите, а со добивањето на конечниот број на гласања, познати се и победниците. Најпосакуван Градски автомобил во Македонија е Peugeot 308 со освоени 37,70 проценти од гласовите
Hајпосакуван Семеен автомобил е Kia Sportage со 39,11 проценти од гласовите
Главната награда за Најпосакуван Автомобил во Македонија заминува кај Volkswagen ID.4 кој освои 38,35 проценти од вкупниот број на гласови
Најпосакуван Електрифициран автомобил е Volkswagen ID.4 со 32,90 проценти
Hајпосакуван Премиум автомобил е Porsche Taycan Cross Turismo со 43,45 проценти освоени гласови
За потсетување, право на учество во изборот имаа сите нови модели кои беа промовирани на македонскиот пазар во изминатите 12 месеци, по што организаторите формираа листа и истата беше презентирана пред официјалните и овластени увозници, а на конечната листа своето место го најдоа моделите кои самите импортери одлучија да ги номинираат во борбата за гласовите. •
AUDI A6 AVANT E-TRON
ЕЛЕКТРИЧНА КАРАВАН „ШЕСТКА“
Е
ве што нуди Ауди за 2024 година - караван изведба од лимузината „а 6“. На средина од месецов Ауди претстави концепт „а 6 авант е - трон“ кој треба да влезе во сериско производство по две години. Концепт караванот повеќе наликува на некој вид болид отколку на туристички автомобил. Ова е уште еден знак дека денешните купувачи сакаат автомобили со спортска нота. Караван лимузината, ако така можеме да го наречеме концептот, всушност е следбеник на серискиот и располага со следниве димензии: должина 4.960 mm, ширина 1.960 mm и висина 1.440 mm. Мора да се биде во чекор со конкуренцијата, затоа Ауди побрза да го претстави концептот „а 6 авант е - трон“. Со едно полнење на батеријата автомобилот може да измине солидни 700 км, а забрзувањето од 0 до 100 км/ч ќе биде околу четири секунди. Ако полнењето на батеријата трае само 10 минути, тогаш автомобилот ќе може да измине дури 300 км. Во подготовка се две изведби, едната со еден електромотор, а другата со два, и разбирливо кај втората изведба погонот е на сите тркала бидејќи обете оски поседуваат мотор. Новата платформа наречена „ппе“ не само што ќе послужи како основа за конструирање на електричната шестка, туку и за „четворката, но и за „осумката“. Подоцна приспособливата основа (платформа) ќе се користи и за останатите автомобили во поширокото семејство. •
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
7
| НОВОСТИ
RENO AUSTRAL
КАНГУ, АУСТРАЛ.... ШТО Е СЛЕДНО, КОАЛ(А)? нова технологија „е - тек“ која самостојно ја полни батеријата при возење. Овој погонски спој во себе има 1,2 литарски трицилиндричен бензински мотор. Спојот од ото и електричниот мотор создава солидна вкупна силина од 200 КС, а со нив ќе управува автоматска менувачка кутија со седум брзини. Оваа технологија засега е присутна само во автомобилите од погорните класи, но како што одминува времето, сите хибридни, но и чисто елек-
трични мотори ќе бидат снабдени со системот за самополнење на батеријата додека возилото е во движење. Најбогатиот пакет на опрема носи име „есприт алпина“. Да појасниме, не се работи за позајмување на погонскиот агрегат од моделот „110 а“ со цел да се добие спортска изведба. Рековме дека „есприт алпина“ е пакет на опрема, исто како што во Мерцедес имаат „амг лајн“, а автомобилот ја нема силината што се добива во работилницата
А
устрал, најновото од кујната на Рено и се разбира, возилото е „сув“, затоа што аналитичарите велат тоа е дизајнот на иднината. Името „аустрал“ доаѓа од „тера аустралис“ или во превод земја од југот - „рено аустрал“, односно „рено југ“. Ова е нешто како продолжување на нишката рено кангу, рено аустрал, што ќе биде следното, можеби рено коала? Како што напомнавме на почетокот возилото е „сув“ со должина од 4,5 метри ширина 1,83 и висина 1,62, меѓуоскиното растојание брои 2,67 м, додека најниската точка на возилото е на 17 см од подлогата. Одделот за товар има променлива зафатнина, од најмалку 430 до максимални 575 литри, во зависност од тоа дали задната клупа е крајно напред или крајно назад повлечена, односно дали е или не е присутна батеријата. Дизел моторите се непознати за ова возило, тоа значи ќе бидат вградувани само чистите, тие хибридните. И сега веднаш да го откриеме најдобриот најновиот и воедно најчистиот меѓу нив. Сосема
АМГ. Истото се случува и со „м пакетот“ во БМВ или „р лајн“ во Фолксваген. Шминка и толку, тоа е „есприт алпина“. „Рено аустрал“ е правен на најновата платформа „цмф цд“ на која подоцна ќе бидат правени и други возила. Основните изведби нема да имаат управлива задна оска, додека тие поскапите, ќе имаат и управлива задна оска (пет степени) и независно обесени тркала. Ако сите коцки се склопат и сè оди според планот, тогаш првите примероци ќе влезат во продажните салони на есен. За повеќе детали и цена обратете се кај увозникот. •
OPEL MANTA E
ЕЛЕКТРИЧНА „МАНТА“ ВЛЕГУВА ВО РИНГОТ
Г
одинава на крајот од зимава Опел најави воскреснување на некогаш многу популарниот модел „манта“. Повозрасните се сеќаваат на тој автомобил кој беше статусен симбол на спортски настроените возачи. Рака на срце и денес да се појави, но со истиот или сличен дизајн, автомобилот со сто отсто сигурност ќе постигне голем продажен успех. Опел на големиот притисок од јавноста повторно ќе го внесе моделот во производство. Сепак има една „непозната“ која вели изворниот дизајн на „манта“ ќе го остават во минатото, а на неговото место доаѓа, исто така, „манта“, но во „сув“ изведба. Жолтиот концепт „опел манта гсе електро мод““ кој се појави минатото лето оди во некое музејско депо. И од сета таа прашина за и околу некогаш популарната „манта“, нема ништо. Сега големите љубители на изворната „манта“ останаа со празни раце и наместо класика од купе, добија „сув“. Нови времиња нови навики. Денешниов свет не сака купе дизајн, сака нешто како теренско возило и производителите итаат да им излезат во пресрет. Сепак некои нешта беа познати уште минатата година кога се појави сув концепот „манта - е“ ја збуни јавноста со името - можеше да се насети дека нешто не е во ред, едно име два концепти (зелениот и жолтиот).
8
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
Велат новава, електрична, со едно полнење ќе изминува 700 километри, а помеѓу изведбите ќе има и со погон на сите тркала. Производителот не спомнува ништо за погонските единици, но според тоа што досега има објавено Стелантис во врска со новите платформи и електромотори, возилото „опел манта е“ ќе биде направено на сосема нова основа, додека силината на електромоторите ќе се движи помеѓу 170 и 245 КС. Опеловиот главен, „Михаел Лохшелер“, уште пред околу една година најавуваше дека „манта е“ наскоро ќе се појави. Некои велат минатиот февруари бил одреден за месец на светската премиера, но поради општата состојба во светот работите се одложени на неодредено време, но прашање на недели, не на месеци. Опел има едно децениско искуство со сериското производство на електромобили. Неговиот модел „ампера“ беше претставен пред повеќе од 10
години, а во 2012 ја освои титулата Автомобил на годината за 2012, така што Опел многу добро знае што прави, има најголемо искуство од сите други производители на континентов. Директни противници на „манта - е“ се: „цитроен е - ц 4“, „киа ев 6“, хјундаи јоник 5“, „фолксваген ид 5“ и тн. Ете зошто „манта - е“ влегува во рингот. Зеленото возило на фотографиите покажува занимлив дизајн, но да видиме што од сето тоа ќе добиеме во сериско производство. •
НОВОСТИ |
ПРИСТИГНА ПРВОТО ЕЛЕКТРИЧНО AUDI
НОВИОТ E-TRON SPORTBACK ДОСТАПЕН НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР
днината е електрична: во салонот на Audi ИSportback. во Скопје пристигна новиот Audi e-tron Динамично SUV купе кое нуди моќ-
ност до 300 kW и досег кој во зависност од конфигурацијата може да достигне до 446 километри (WLTP) со едно полнење на батеријата. Неговите дигитални Matrix LED светла се нова карактеристика што сега е достапна кај e-tron. Нивната светлина се дели на ситни пиксели и може да се контролира со исклучителна прецизност. Ова го олеснува центрирањето на светлината пред возачот, без воопшто да попречува на возилата кои доаѓаат од спротивната лента. ЕЛЕГАНТЕН, ЕФИКАСЕН, ПРЕПОЗНАТЛИВ: НАДВОРЕШЕН ДИЗАЈН Audi e-tron Sportback ја комбинира моќта на пространиот SUV со елеганцијата на купе со четири врати и прогресивен карактер на електричен автомобил. Со должина од 4.901 милиметри, ширина од 1.935 милиметри и висина од 1.616 милиметри, неговиот покрив се протега рамно над мускулестото тело, стрмно спуштајќи се надолу - во типичен купе стил се влева во D-столбовите. S-line пакетот на опрема става посебен акцент на спортската DNK на Audi e-tron Sportback. Стандардно е опремен со тркала од 20 инчи и спортска воздушна суспензија. Препознатливиот контурен браник е опкружен со поизразени воздушни завеси, кои го подобруваат протокот на воздух. Тие се протегаат под фаровите, а со тоа создаваат динамичен изглед дури и од далечина. Амблемот S-Line ја краси решетката на ладилникот, додека осветлените алуминиумски облоги на праговите на вратите имаат „S“ лого. На задниот дел, вградениот спојлер е стандарден, како и впечатливиот дифузер што се протега низ целата ширина на возилото и придонесува за извонредна аеродинамика.
СПОРТСКА ЕФИКАСНОСТ: ЕЛЕКТРИЧНИ МОТОРИ СО ЕЛЕКТРИЧЕН QUATTRO ПОГОН НА СИТЕ ТРКАЛА Audi e-tron Sportback 55 quattro му овозможува на возачот да ужива во интеракцијата на ефикасност, перформанси и врвен комфор. Секоја оска е опремена со асинхрон електричен мотор кој се напојува со трофазна електрична енергија од системот за напојување. Со моќност од 265 kW и 561 Nm вртежен момент, двата стандардни електрични мотори имаат голема моќност при лансирањето на SUV купето од место - без CO2 емисии и во виртуелна тишина. На Audi e-tron Sportback 55 quattro му се потребни само 6,6 секунди да достигне 100 km/h, а максималната брзина е електронски ограничена на 200 km/h. Со префрлање од погонскиот опсег D во S и целосно притискање на педалата за гас, возачот може да го активира „Boost“ режимот. Во овој режим на возење, погонот генерира моќност од 300 kW и вртежен момент од 664 Nm за осум секунди. Ова му овозможува на SUV купето да забрза од 0 до 100 km/h за само 5,7 секунди. Двостепените менувачи со еден опсег на брзини го пренесуваат вртежниот момент од електричните мотори на оските. Прекинувачот, со кој возачот може да управува со палецот и показалецот, се користи за избор на брзини. Поставен во централната конзола, рачката од менувачот служи дополнително и како потпирач за раце. Новиот Audi e-tron Sportback може да се доживее одблизу во салонот на Audi во Скопје... •
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
9
| НОВОСТИ
10
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
НОВОСТИ |
АВТОМОБИЛ НА ГОДИНАТА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2022 ГОДИНА
НАЈДОБРИТЕ СЕ СЕКОГАШ НАГРАДЕНИ
НАЦИОНАЛНОТО ЖИРИ ЗА ИЗБОР НА „АВТОМОБИЛ НА ГОДИНАТА ВО МАКЕДОНИЈА“ ГОДИНАВА ПО 27. ПАТ ГО ОРГАНИЗИРА ИЗБОРОТ КОЈ Е НАЈСТАРАТА МАНИФЕСТАЦИЈА И ЕДИНСТВЕНА ОД ВАКОВ ВИД ВО МАКЕДОНИЈА. ВО ИЗБОРОТ УЧЕСТВУВААТ НОВИНАРИ СО ДОЛГОГОДИШНО ИСКУСТВО И СТАЖ ВО СЛЕДЕЊЕТО НА АВТОМОБИЛСКИТЕ НОВИТЕТИ И СЛУЧУВАЊА. ПОБЕДНИКОТ ЈА ДОБИВА НАГРАДАТА – СТИЛИЗИРАНА МАСКА НА ЛАДИЛНИК, АВТОРСКО ДЕЛО НА ВАЛЕНТИН ШИРИЛОВ, ШТО СЕ ДОДЕЛУВА ОД САМИОТ ПОЧЕТОК НА ИЗБОРОТ.
С
огласно условите за учество во Избор на Автомобил на годината за 2022 во Македонија, Националното жири ги одбра следниве возила кои влегуваат во финалето (по азбучен редослед): BMW iX, Dacia Sandero, Honda Jazz, Hyundai Tucson, Kia Sorento, Opel Mokka, Toyota Yaris Cross, Volkswagen ID.3 Секој од членовите на жирито има право на еден глас. Право на еден рамноправен глас имаат и самите финалисти, кои можеа да гласаат за еден кандидат, освен за сопствениот модел. Годинава право на глас имаше и публиката. Преку организирање на онлајн гласање и претставување на сите финалисти, моделот што ќе добие најмногу гласови добива еден (1) рамноправен глас со гласовите на членовите на Жирито и гласовите на финалистите. Согласно критериумите за Избор, членовите на Националното жири за избор на Автомобил на годината во Македонија 2022, донесоа одлука титулата да му ја додели на моделот HYUNDAI TUCSON При изборот на „Автомобил на годината во Македонија за 2022“ Националното Жири се раководеше од шесте критериуми: - адекватност и понуда на домашниот пазар - економичност и еколошка прифатливост - безбедност и примена на технолошки достигнувања - возни својства - дизајн - комфор и опременост ВО ГЛАСАЊЕТО - Моделот Hyundai Tucson доби три (3) гласа а два (2) гласа беа доделени на Toyota Yaris Cross. Гласот на публиката - Годинава во онлајн гласањето спроведено преку платформата на www.coty.mk беа забележани вкупно 4.315 гласа поделени на осумте финалисти. Моделот HYUNDAI TUCSON доби најмногу гласови – 941, со што доби ЕДЕН (1) ГЛАС. Гласот од финалистите - годинава ниту еден од моделите финалисти не доби доволен број гласови, и затоа овој глас нема да се смета.
ПРИЗНАНИЕ – EV НА ГОДИНАТА
Националното Жири реши и годинава да го додели Признанието EV на годината, (електричен автомобил) што ќе го добие модел кој ќе донесе најмногу новитети во однос на електрификацијата. Признанието EV на годината го доби моделот VOLKSWAGEN ID.3
Националното жири за Избор за автомобил на годината во Македонија. Наградата се доделува за посебни придонеси и резултати во автомобилската индустрија. Одлуката на Националното Жири е признанието „Томислав Биљарац“ за 2022 година да биде доделена на ЗОРАН МАРКОВСКИ.
ПРИЗНАНИЕ „ТОМИСЛАВ БИЉАРАЦ“
Националното Жири за Избор на „Автомобил на годината во Македонија“ по петти пат го доделува и признанието „Томислав Биљарац“, во чест на доајенот на македонското автомобилско новинарство, основач и прв претседател на
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
11
| НОВОСТИ
OPEL МАКЕДОНИЈА – ЕУРОИМПЕКС
НОВИОТ OPEL GRANDLAND ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА
НА САМИОТ КРАЈ ОД МЕСЕЦ МАРТ ВО САЛОНОТ НА OPEL МАКЕДОНИЈА – ЕУРОИМПЕКС, СЕ ОДРЖА ПРОМОЦИЈАТА НА НОВИОТ SUV ВО ГАМАТА НА OPEL - НОВИОТ OPEL GRANDLAND. МОДЕЛОТ БЕШЕ ПРЕТСТАВЕН ВО 3 РАЗЛИЧНИ ВЕРЗИИ И 3 РАЗЛИЧНИ БОИ, И БЕШЕ ПОТЕНЦИРАН СЕКОЈ ЕДЕН ЕЛЕМЕНТ ОД НОВИТЕТИТЕ НА НОВИОТ GRANDLAND. ПРИСУТНИТЕ ИМАА МОЖНОСТ ОДБЛИСКУ ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО НОВИОТ OPEL VISOR, INTELILUX LED СВЕТЛАТА, AGR СЕДИШТАТА КАКО И НОВИОТ PURE PANEL.
П
о најавата од Менаџерот за медиуми и односи со јавност – Ана Јовановска, која го претстави моделот како „не-типичен“ и SUV со кој можете да имате сè, кусо претставување за Брендот и новиот салон на Opel даде Маркетинг Менаџерот и заменик CEO на Еуроимпекс – Ивана Манчева Михајловска која изјави: „Во автомобилската индустрија минуваме низ турболентен период, меѓутоа – што се однесува до Опел брендот, заедно со нашите ценети продажно сервисни дилери Аутомакедонија од Скопје и АутоЦем од Тетово, работиме во насока на претставување на новиот пристап на Опел брендот, новата стратегија, новите модели и кон освојување на нови клиенти. По процесот на детоксификација, Опел брендот денес има нов линк, а поседува и нов таргет на публика кон која се обраќа. Но и покрај тоа, Опел не ја менува својата ДНК: тој е доверлив модерен германски бренд, технолошки напреден и со чист и прецизен дизајн“. Продукт менаџерот за Opel - Драган Јовев ја започна својата презентација и изјави: „Ова ни е втора промоција откако Opel направи едно големо RESET-ирање од COLD во COOL и враќање кон својата изворна ДНК: германски, модерен, возбудлив и пристапен. Овие ДНК вредности се вткаени со секој производ што излегува од Opel и го демонстрира нашето тежнеење кон квалитет, беспрекорно прецизен и чист дизајн, интуитивен ентериер, активна удобност на возачот.... Овие ДНК карактеристики ги има наши-
от претставник во SUV – C сегментот базиран на „multi-energy“ EMP2 платформата на Stellantis – новиот Opel GRANDLAND. Тој потоа внимателно ги презентираше сите корисни информации за моделот најавувајќи ја и цената за истиот како и нивоата на опременост и моторите кои ќе бидат понудени во Македонија. Новиот Grandland излегува од производната лента во фабриката во Ајзенах, Германија на нашиот пазар, започнува од 25.390 ЕУР со турбобензиски
12
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
мотор 1.2 130 КС и ниво на опременост „Grandland“. Во целата таа германска еуфорија, посетителите имаа можност да ги погледнат и останатите актуелни модели во гамата кои беа изложени пред самиот салон: Opel Corsa, новиот Crossland, новата Mokka и промотивниот модел - новиот Opel Grandland. Повеќе информации за моделот на веб страната opel.mk и на дилерските страници. •
НОВОСТИ |
ПОРШЕ МАКЕДОНИЈА
ПРЕМИЕРА НА НОВАТА ŠKODA FABIA
ДВАЕСЕТ И ДВЕ ГОДИНИ ПО ПРВОТО ДЕБИ НА ŠKODA FABIA, ИМПОРТЕРОТ ЗА ЧЕШКИОТ БРЕНД ПОРШЕ МАКЕДОНИЈА ОФИЦИЈАЛНО ЈА ПРЕТСТАВИ ЧЕТВРТАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА ПОПУЛАРНОТО ГРАДСКО ВОЗИЛО.
З
а првпат, Škoda Fabia се базира на модуларната платформа MQB-A0 од групацијата Volkswagen, што овозможи да се направи ентериерот уште поголем. Сега надминувајќи ја границата од четири метри, на 4.108 mm, новата Fabia е значително подолга од претходникот. Багажникот кој со 330 литри веќе беше најголем во сегментот - доби дополнителни 50 литри до капацитет од 380 литри. Со преклопување на задните седишта, капацитетот на багажникот може да се зголеми на 1.190 литри. Бидејќи се заснова на MQB-A0, новата Fabia сега може да се пофали и со многу системи за помош кои претходно беа резервирани за возила од повисоко ниво. Во комбинација со уште поцврстото тело, малиот автомобил нуди одлична активна и пасивна безбедност. „Fabia е составен дел од нашето портфолио повеќе од 20 години и ги отелотворува основните вредности на нашиот бренд како никој друг модел. Најновата генерација има сè што е потребно за беспрекорно да се надоврзе на успехот на своите претходници. Нуди повеќе простор од неговите конкуренти, совршена поврзаност, напредни системи за безбедност и емотивен дизајн - со други зборови, се што ви треба, и малку повеќе“. – изјави бренд менаџерот на ŠKODA г-дин Миле Станчев“ . Новиот емотивен дизајн и самоуверените пропорции ја прават новата Fabia многу привлечна. Предните светла со остри линии, како и задните светла со модерна LED технологија и кристални структури, го истакнуваат динамичниот изглед. Редизајнираниот ентериер се одликува со симетрична табла со централен дисплеј, опционална група на дигитални инструменти и хоризонтални украсни ленти. Во Македонија достапни ќе бидат нивоата на опременост Active, Ambition и Style во комбинација со два бензински мотори од сегашната генерација EVO на групацијата. Внатрешноста на Fabia воспоставува совршена рамнотежа помеѓу емотивноста и ергономијата. Визуелно, се карактеризира со централен инфозабавен систем до 9,2 инчи, малиот автомобил добива пристап до интернет благодарение на вградениот eSIM, што во исто време овозможува пристап до интернет радио. Паметните телефони можат да се поврзат со автомобилот преку безжична SmartLink конекција без потреба од кабел и индуктивно да се полнат во Phone Box. Amundsen, врвниот систем за инфозабава може да се управува со контрола на гестови и со помош на дигиталниот асистент Laura. Покрај најсовремените системи за инфозабава, кај Fabia за првпат може да се вгради и 10,25-инчна дигитална инструмент табла. Карактеристиките за комфор, кои вообичаено се наоѓаат во возилата од повисоко ниво, како што се греење на ветробранско стакло и греење на во-
лан, се дополнителни опции што го имаат своето деби кај Fabia. Останати детали во внатрешноста кои претставуваат новост кај Fabia е амбиенталното осветлување и за првпат, двозонска автоматска клима. Патувањето секогаш е лесно со Travel Assist, поудобно со Park Assist, и за прв пат кај Fabia, напредна верзија на Travel Assist системот кој нуди автоматска поддршка со лонгитудинално и латерално управување на возилото. До брзина од 210 км/ч Адаптивниот Темпомат автоматски ја приспособува брзината со возилото пред него. Lane Assist системот ја одржува Fabia на средина на коловозната лента и врши корекции кога се потребни. Напредниот Blind Spot Detect е достапен опционално. Fabia исто така активно помага при паркирање преку Park Assist системот. Во моментот во понудата на достапни се два бензински агрегати во четвртата генерација на Škoda Fabia. Најновите EVO мотори на групацијата Volkswagen кои се достапни во Fabia, се во соглас-
ност со строгиот стандард за емисии Euro 6 AP. Излезната моќност се движи од 48 kW (65 КС) до 59 kW (80 КС). Со комплетно нови функционални карактеристики, чешкиот производител на автомобили ја продолжува својата традиција да нуди Simply Clever решенија, во зависност од спецификацијата, Fabia нуди вкупно до 43 практични детали што го прават возилото полесно за употреба во секојдневниот живот - тоа е повеќе од кога било досега. Повеќе од две децении искуство во сегментот на мали автомобили, Fabia и Fabia Combi се важни темели на успехот на чешкиот производител на автомобили, со повеќе од 4,5 милиони произведени единици. Тој е втор најпродаван модел Škoda по Octavia и едно од најпопуларните возила во неговиот сегмент. Новата Fabia е достапна во сите овластени продажно-сервисни центри на Škoda во Македонија, со почетна цена од 14.500 евра. •
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
13
| АВТО-МОТО
Kia Sportage 1.6 CRDi First Edition
КОМПЛЕТНО ПАКУВАЊЕ
НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА МОДЕЛОТ SPORTAGE ПРИСТИГНУВА СО КОМПЛЕТНО НОВ ЕКСТЕРИЕР, НОВИ ДИГИТАЛНИ РЕШЕНИЈА ВО КАБИНАТА И НОВА ЛИНИЈА НА МОТОРИ, ЕЛЕМЕНТИ ШТО СЕВКУПНО СОЗДАВААТ ЦЕЛОСНО НОВ СТИЛСКИ ПЕЧАТ КОЈ ГО ОТСЛИКУВА НЕГОВИОТ КАРАКТЕР.
14
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
АВТО-МОТО |
В
о минатото, моделот Sportage забележа особен успех и добри пазарни резултати, а генерацијата која беше присутна на пазарот до крајот на 2021 година се сметаше за најуспешна досега, не само како изведба туку и како најпродаван модел со беџот на Kia во светот. Одговорните лица во компанијата добро знаат кои се најважните состојки за приготвување на успешен SUV модел, затоа за новата-петта по ред генерација го употребија комплетното акумулирано знаење со цел моделот да го постават уште повисоко во сегментот. СИЛЕН НАДВОРЕШЕН ВПЕЧАТОК Новиот Kia Sportage секако изгледа сосема поинаку од моделот што му претходеше. Предниот дел е местото каде што може да се најде најголемиот дел од дизајнерскиот пресврт. Големиот отвор на решетката од ладилникот која се протега по целосната ширина од предниот дел делува драматично, а тука се и новите обемни ЛЕД светла со облик на стрелки вперени кон патот да го дополнат севкупниот впечаток. Во профилот се отсликува динамичниот пристап прикажан преку линиите на прозорците кои благо се стеснуваат кон задниот дел, акцентирани со никлувани лајсни. Стилската трансформација е дополнета со успешниот и возбудлив заден дел чиј облик црпи инспирација од електричниот автомобил EV6, што секако е дел од новиот дизајнерски јазик на брендот Kia.
ЦЕЛОСНО ДИГИТАЛИЗИРАН Во внатрешноста, Sportage зема нов залет и целосно се збогува со минатото и аналогниот пристап. Како што е случај со задниот дел од надворешноста многу од дигиталните решенија во кабината се позајмени од брилијантниот електричен автомобил Kia EV6. Тука се истите два меѓусебно поврзани дигитални дисплеи, секој со големина од 12,3 инчи кои поседуваат одличен и јасен графички приказ. Времето на реакција на системот со кој се управува од централниот екран и неговиот логички распоред го прават да биде еден од најлесните за командување во моментов на пазарот. Под централниот екран, Sportage го усвојува и паметниот мал панел чувствителен на допир кој ги контролира кратенките за навигацијата и инфозабавата. или контролите за греење и вентилација. Тоа е паметна идеја која работи добро, логична и едноставна за употреба како и конвенционалните физички контроли. Секако, велиме, брaво за Kia бидејќи сметаме дека ова е далеку подобро решение отколку мигрирање на тие контроли на централниот екран на допир како што е случај кај многу од конкурентските модели.
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
15
| АВТО-МОТО
ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ВОЗИЛОТО МОТОР:
ЧЕТИРИЦИЛИНДРИЧЕН ДИЗЕЛ
ЗАФАТНИНА:
1598 СМ3
МОЌНОСТ:
Максимална моќ: 85kW/116КС
МЕНУВАЧ:
6-СТЕПЕНА МАНУЕЛНА ТРАНСМИСИЈА
ПОГОН:
НА ПРЕДНИТЕ ТРКАЛА
ОБЕСУВАЊЕ НА ТРКАЛА:
НАПРЕД: MCPHERSON НАЗАД: НЕЗАВИСНО ПОТПИРАЊЕ MULTILINK
СОПИРАЧКИ:
НАПРЕД: ВЕНТИЛИРАЧКИ ДИСКОВИ НАЗАД: ДИСКОВИ
ГУМИ:
НАПРЕД 215/65 R17, ПОЗАДИ 215/65 R17
МАСА НА ВОЗИЛОТО:
1.490 КГ
ДИМЕНЗИИ: Д/Ш/В: 4.515/1.865/1.650ММ
ПОЛН СО ПАМЕТНИ РЕШЕНИЈА Просторот на предните и задните седишта е одличен, со многу место за главата и нозете. Седиштата, како предните така и задните се многу удобни, а забележливо е дека Sportage нуди повеќе простор за нозете во средината на задниот дел од кабината од повеќето конкуренти. Ни се допаѓаат паметните решенија како што се интегрираните закачалки на потпирачите за глава на предните седишта и приклучоците за USB-C за оние на задните седишта кои, пак, се вградени од страните на предните седишта. Видливоста од возачката позиција нанапред е добра, но фактот што бришачот на задното стакло брише само мал дел значи дека погледот одзади понекогаш е малку незгоден во услови кога е врнежливо времето. Дека SUV возилата се практични и погодни за семејствата покажува и багажникот кој е длабок и со правилна форма, капацитетот во основната конфигурација
16
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
изнесува 526 литри, а доколку се собори задната клупа се зголемува до 1.715 литри. СЕРИОЗНА ОСНОВНА КОНФИГУРАЦИЈА Во тестираниот примерок на Sportage работеше турбодизелскиот агрегат со зафатнина од 1.6 литри што произведува 116 КС при максимални 4.000 врт/мин. Додека максималната влечна сила од 280 Нм е расположива во зоната од 1.500 до 3.000 врт/мин. Моделот Sportage во оваа конфигурација се одликува со прилично мазна работа, а знае силно да повлече низ средниот дел од опсегот на вртежи. Неговата економичност е еден од условите зашто се избира, а за сè да биде по највисоки стандарди свој придонес дава и исклучително прецизниот и лесен за ракување 6 степен мануелен менувач. За време на дружењето од неколку денови успеавме да постигнеме комбинирана потрошувачка од 6,7 литри на 100 км, што е за окулу 1.5 литри повеќе од фабрички декла-
ЗАБРЗУВАЊЕ ОД 0 ДО 100 КМ/Ч:
12.1 СЕКУНДИ
ПРОСЕЧНА ПОТРОШУВАЧКА:
5.1 ЛИТ/100 КМ
МАКСИМАЛНА БРЗИНА:
175 КМ/Ч
ЦЕНА НА ТЕСТИРАНИОТ МОДЕЛ:
26.900 ЕВРА
рираната вредност. Неговата максимална брзина изнесува 175 км/ч, додека од место до 100 километри на час стигнува за 12 секунди, вредности кои се во ранг на класата. Во возење кај Sportage е забележливо дека потпирањето е сетирано малку помеко, што е особено добро од гледна точка на удобност. Кривулестите патишта не се неговиот омилен амбиент, Sportage е многу посоодветно подготвен за долго крстарење на автопат. SUV моделите, де факто, станаа она што до неодамна на пазарот беа хечбек и седан изведбите, прв избор кога станува збор за семејно возило. Моделот Sportage, е простран, цврсто изграден и рафиниран претставник кој со својата удобност и нови технологии речиси е невозможно да се одмине кога се избира ново возило кое ќе ги исполни желбите на целото семејство. • Данчо Здравковски
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
17
| АВТО-МОТО
Претставуваме Abarth 595 / Abarth 695
МОДЕРЕН БЕСНОТИЛАК ПОД ЗНАКОТ НА ШКОРПИЈА ТОКМУ НА ПРОСЛАВАТА НА 73. ГОДИШНИНАТА ОД ПОСТОЕЊЕТО НА МАРКАТА, ABARTH ЈА ПРЕТСТАВИ ГАМАТА ЗА 2022 ГОДИНА НА СВОЈОТ ДОСЕГАШЕН ФАВОРИТ ABARTH 595, НО И НА ПОМОЌНИОТ ABARTH 695 КОЈ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРВОТ НА ПОНУДАТА.
18
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
В
оден од пасијата кон мотоспортот Карло Абарт, основачот на славната спортска марка која ја краси лого на астролошкиот знак шкорпија, не сонувал дека неговото име ќе продолжи успешно да живее далеку после неговата смрт во 1979 година. Љубителите на автомобилизмот најмногу се сеќаваат на името Abarth заради тркачката изведба на, кај нас популарниот „Фиќо”, односно југословенската верзија на оригиналниот Fiat 600 - Zastava 750. Тркачот Fiat-Abarth 850TC и 1000TC (Turismo Competizione) доби безброј трки меѓу 1962 и 1971 година во шампионатите за сериски модификувани автомобили во класите до 850 сс и до 1000 сс. Го нарекуваа убиец на џинови бидејќи благодарение на
супериорните перформанси победуваше далеку поголеми модели. Посебно на трките во САД каде претежно на мокра патека беше далеку побрз од масивните V8 машини. Најмногу се памети верзијата 1000ТС заради нагласените испапчувања над тркалата, масивниот насаден браник напред во кого се сокриваше ладилник за маслото од моторот и кренатиот капак на моторот одзади. Зафатнината на малиот мотор со четири цилиндри и осум вентили му беше зголемена на 982 сс, а компресијата на 13:1. Имаше 2 x Weber 45DCOE карбуратори, истискуваше 120 КС при 8.200 min-1 и 130 Nm при 7.000 min-1, и беше способен да го одведе 353 cm долгиот и 570 kg тешкиот автомобил до максимални 215 km/h.
АВТО-МОТО |
Годинава токму на 31 март марката Abarth слави 73 години од своето основање и во таа чест ја претстави гамата за 2022 година на успешните модели Abarth 595 и помоќната изведба Abarth 695. Понуда која опфаќа модификации и за оние на кои им е поважен стајлингот, но и за оние на кои перформансите им се приоритетна ставка. Како и да è и двете изведби со нивните различни пакети нудат возбудливи перформанси, одлична возна динамика, пробивен звук од издувот, храбар стил и над сè задоволство при возењето. ABARTH 595: НАПОЛНЕТ СО ЧИСТО ЗАДОВОЛСТВО Влезот во семејството на Abarth го одредува моделот 595 кој е наполнет со 165 КС чисто возачко задоволство. Срцето кое пумпа во 595 е познатиот 1.4 литарски турбо бензинец кој истискува 165 КС при 5.500 min-1 и 230 Nm при 3.000 min-1 со помош на турбо полначот Garrett 1446. Доволно за малата ракета да спринтува од место до 100 km/h за 7,3 sec. и да вози со максимални 218 km/h. Со спуштено подвозје потпрено од амортизери на Koni со FSD систем и напред, и одзади за поголема контрола и солиден сопирачи апарат од вентилирачки дискови напрeд 284 х 22 и перфорирани дискови назад 240 х 11 mm Abarth 595 носи доволно техника за да го поткрене возачкото задоволство на повисоко рамниште. Соодветно на техниката доаѓа и опремата која го надополнува задоволството да се поседува и управува возило на Шкорпијата. Надвор во очи паѓаат бандажите од 16 инчи и двојниот хромиран издув, а внатре спортските седишта со задолжително лого на Шкропија, спортските педали од не`рѓосувачки челик и воланот со рамно дно дебело поставен за поспортско чувство при управувањето. Конективноста е поткрепена со екран осетлив на допир од 7 инчи со DAB радио и Apple CarPlay, а е компатибилен и со Android AutoTM. За оние кои се грижат за стајлингот во понуда е изведбата Abarth 595 Turismo која дополнително носи кожни седишта во црна или кафена кожа, 3D Навигација, 17 инчни бандажи Granturismo, автоматски клима уред и хромирани капаци на ретровизорите. Ентузијастите насочени кон перформанси кои извлекуваат повеќе од својот автомобил ќе се одлучат за Abarth F595 каде музиката ја прави издувниот систем Record Monza Sovrapposto кој претставува еволуција на
исконскиот издув Record Monza кој го прослави името на Abarth. Со нова звучна конфигурација и четири издувни цевки, по две од страна и поставени вертикално протокот низ Sovrapposto го контролира вентил со кого се управува преку копче на арматурата на кое стои логото на Шкорпијата. Така возачот бира дали сака да вози како џентлмен, или пак, сака да ужива во полниот продорен звук препознатлив за Abarth.
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
19
ABARTH 695: КУЛМИНАЦИЈА НА АБАРТОВАТА ФИЛОЗОФИЈА За оние возачки настроени ентузијасти кои никогаш не пропуштаат возењето да го претворат во возбудливо искуство врвот од понудата на Abarth верзијата 695 е вистинскиот избор. Во Abarth 695 1.4 литарскиот турбо е навиен на 180 КС и 250 Nm при истиот број на вртежи како и кај 595. Растот на коњицата го скратило времето потребно за спринт до темпо 100 кое изнесува 6,7 sec., додека ловот на максималната брзина застанува кога брзиномерот ќе стигне до 225 km/h. 695 нуди подобра возна динамика благодарение на спортското подвозје, а сопирачката моќ е поголема и поотпорна на прегревање благодарение на предните дискови кои доаѓаат од Brembo. Овие вентилирачки бушени дискови 305 х 28 ги зафаќаат четири клипни фиксни алуминиумски клешти обоени во препознатлива црвена боја. За дополнителна стабилност на овој мал беснотилак се грижи варијабилниот спојлер кој се добива со ексклузивниот тркачки пакет. Аголот на спојлерот се менува во 12 позиции од 0° - 60° и овозможува да се зголеми аеродинамичкото оптоварување врз задната оска. При максимален агол и брзина од 200 km/h оптоварувањето врз задната оска изнесува 42 килограми. Покрај практична спојлерот има и естетска примена и се навраќа на тркачко минато на Шкорпијата.
20
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
Во споредба со опремата која веќе ја опишавме кај 595 и изведбите, агресивниот 695 додава некои елементи кои ја нагласуваат неговата спортска нота како специјалните бандажи од 17 инчи кои создаваат ефект на присилно одведување на врелиот воздух од сопирачките, задолжителниот издув Record Monza со двојни издувни цевки поставени хоризонтално, со алкантара поставената арматура која не дозволува одблесок врз предното стакло дури и при најјако сонце, автоматски клима уред и 3D Навигација. Стилски напредната изведба Abarth 695 Turismo во однос на 595 додава сончев кров, додека ултимативниот тркач Abarth 695 Competizione додава титаниумски цевки на издувот Record Monza Sovrapposto, механички диференцијал со ограничено пролизгување и тркачки кади кои доаѓаат од специјалистот Sabelt. Седиштата имаат корито од карбон-фибер, нагласени страници и се поставени со комбинација од алкантара и кожа за да обезбедат поголема странична поддршка при спортско возење. Без оглед дали станува збор за Abarth 595 или Abarth 695 секоја од изведбите може да се добие и во отворената кабриолет варијанта која дополнително ја нагласува автентичноста на оваа џебна ракета на четири тркала. • Љубомир Анастасовски
НОВОСТИ |
Плати помалку!
ЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ ЗА СИГУРНА ФИНАНСИСКА ИДНИНА *Акцијата со која 1/4 од годишната премија ја добивате во ваучер за премија, важи за полиси склучени од 01.04-30.06.2022 година. 02/3181-405 | 02/5512-705
www.mobilitybroker.com.mk 04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
21
| АМСМ
ПРОЛЕТНИ АКЦИИ НАПРАВЕТЕ ЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ, ПЛАТЕТЕ ПОМАЛКУ Секојдневното живеење е динамично и стресно за сите. Но, затоа иднината се планира денес. Сигурната финансиска иднина е важна и за вас и за вашите поколенија. Со полиса за животно осигурување склучена во периодот од 01.04 до 30.06.2022 година добивате подарок 3 месечни рати и веднаш заштедувате. Со полиса за животно осигурување склучена во периодот од 01.04-30.06.2022 година добивате 1/4 од годишната премија во вид на ваучер за премија, независно од динамиката на плаќање. Ако плаќањето е месечно и квартално, ваучерот ќе биде платен како следно плаќање на премија. Акцијата важи за полиси за индивидуално осигурување, со период на траење од најмалку 10 години. Искористете ја акцијата и обезбедете сигурност и финансиска заштита, преку штедење по пат на животно осигурување кое не само што го обезбедува вашето семејство во случај на незгода, тешка болест или смрт, туку овозможува и други придобивки: • Исплата на осигурана сума при настанување на осигурен случај; • Сигурен облик на штедење со истовремено осигурување; • Создавате капитал за вашите идни планови; • Пропишана добивка; • Загарантирана исплата на парични средства по истекот на осигурувањето; • Осигурувањето важи 24/7 насекаде во светот. Повеќе информации: 02/3181-405 | 02/5512-705
ИЗВАДЕТЕ МЕЃУНАРОДНИ ДОКУМЕНТИ 24/7 НА ЕДНО МЕСТО Следуваат празници и продолжени викенди совршени за кратки патувања, па испланирајте ги навреме и подгответе ги сите документи потребни за патување со автомобил надвор од државата. Сите потребни меѓународни документи, како зелен картон, меѓународна возачка дозвола, одобрение за управување со туѓо моторно возило или патничко осигурување ви се достапни на едно место, во било кое време од денот и неделата, 24/7 во АМСМ Центар-Скопје. Освен 2 фотографии (45мм x 35 мм) кои, исто така, можете да ги направите во АМСМ Центар, за да извадите меѓународна возачка дозвола, неопходно е и: - Лично присуство со документ за идентификација (лична карта или пасош) и национална возачка дозвола, - Потврда од Министерство за внатрешни работи за прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило (се издава од страна на МВР во АМСМ секој работен ден од 07:00-19:00ч и сабота од 08:00-14:00ч) Повеќе информации: 02/3181-181
22
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
www.amsm.mk
АМСМ |
И И ПОВОЛНОСТИ! ОБУКАТА ЗА Б КАТЕГОРИЈА ПЛАТЕТЕ ЈА НА РАТИ Обуката за Б категорија нема да биде финансиско оптоварување на семејниот буџет со можноста за плаќање на рати без камата: - Со Дајнерс картичка на 12 рати; - Со платежните картички на НЛБ Банка на 4 рати; или - Со платежните картички на Комерцијална Банка на 6 рати; - Со Iute Credit на 12 рати. - Со платежните картички на Стопанска Банка на 6 рати; Можноста за плаќање на рати можете да ја искористите за сите обуки во Авто Школа Мобилити Плус. За пријава за обука за „Б“ категорија потребни се: - Лична карта, и - Лекарско уверение, кое најлесно е да го извадите преку Авто Школа Мобилити Плус. Притоа, обуката за „Б“ категорија може да започне со 17,5 години и писмена согласност од двајцата родители заверена на нотар, а вклучува: - Теоретска обука од 20 наставни часа во период од 5 дена - Практична обука од 36 мото-часови со времетраење од 90мин во период од 18 дена, кои вклучуваат посета на пологон, возење надвор од населено место и задолжително ноќно возење. Повеќе информации: 02/3181-240 | 02/3181-241
www.avtoskolamobiliti.mk
АВТО ШКОЛА МОБИЛИТИ ПЛУС
НЕ ДОЗВОЛУВАЈ ДА ТЕ ВОЗАТ ПРИЈАВИ СЕ ЗА ОБУКА ЗА Б КАТЕГОРИЈА
02/3181-240 | www.avtoskolamobiliti.mk 04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
23
,
АМСМ |
• Која е постапката за одјавување на моторно возило кое е продадено во друг град? Возилото е регистрирано во Куманово, а ќе биде на скопски таблички. Дали новиот сопственик кој е од Скопје може да појде во Куманово и да го одјави возилото со купопродажниот договор и сообраќајната книшка или ќе мора тоа да го стори првиот сопственик на возилото? Поздрав, Николај АМСМ: Согласно новите законски измени одјава на моторно возило може да извршат стариот или новиот сопственик на истото со приложена лична карта, сообраќајна дозвола и Договор за купопродажба, или со дадено полномошно на одредено лице кое мора да ја има и Вашата лична карта, сообраќајната дозвола и Договорот за купопродажба. •Дали е бесплатен прегледот на состојбата на возилото за членови на АМСМ, и дали истиот можам да го завршам во сабота во вашиот сервис? Благодарам, Антоанела АМСМ: Сервисот работи од понеделник до петок од 08 до 16 часот, и проверката за членови е бесплатна со претходна најава.
• Сакам да поднесам за меѓународна возачка дозвола, меѓутоа националната возачка е со моминско презиме, а личните документи се со ново презиме. Ме интересира што треба да доставам за меѓународна возачка дозвола во овој случај. Благодарам, Јасна АМСМ: Доколку Вашата национална возачка дозвола е со моминско презиме, а личните документи се со новото презиме во тој случај би имале проблем кога ќе излезете надвор од државата. Со самото прифаќање на новото презиме потребно е да ги промените сите лични документи вклучувајќи ја и националната возачка дозвола за да немате правен проблем.
• Во текот на наредниот месец ќе имам гости од Бугарија кои ќе дојдат со сопствен автомобил. Дали мојот син може да го вози нивниот автомобил? Поздрав, Момир+ АМСМ: Државјанин на нашата држава не може да вози странски автомобил во сопствената земја.
*СИТЕ НАВЕДЕНИ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ ВАЖАТ ЗА ПОВИК ОД ФИКСЕН И ОД МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
24
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
ЧЛЕНСТВО
ЗАЧЛЕНЕТЕ ПРИЈАТЕЛ И ЗАШТЕДЕТЕ! Вредносниот ваучер може да го искористите на сите локации на АМСМ во Скопје и Велес, за попуст на следниве услуги: - Технички преглед на возило - Полиса за осигурување од автоодговорност и зелена карта - АМСМ членство - Производи од АМСМ продавницата за автомобилска галантерија - Обуки за сите категории во АВТО ШКОЛА МОБИЛИТИ ПЛУС - Хомологација, одобрување на преправено возило, атест на плин и фолии за стакла во АМСМ ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА - Услуги во АМСМ Сервисот за автомобили - Услуги Помош на пат и шлепување - Горива на АМСМ ПЕТРОЛ
02/3181-108
www.amsm.mk 04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
25
TEСТОВИ И СОВЕТИ
Тест на летни пневматици 2022
26
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
TEСТОВИ И СОВЕТИ
ВО СЕКОЈ СЛУЧАЈ, ИМАЈТЕ ОДГОВОРНОСТ ТЕСТ НА ЛЕТНИ ПНЕВМАТИЦИ ÖAMTC 2022 ГОДИНА ДОБАР РЕЗУЛТАТ ВО ДВЕ ДИМЕНЗИИ Од Гинтер РАУЕКЕР
С
е бараат сеопфатни пневматици, оние што се добри во неколку категории. По можност да бидат навистина добри. Но ова не се однесува само на автомобилите вклучени во спортот, туку особено на пневматиците на нашите автомобили. Барањата за тоа се различни: добар притисок на влажен и на сув коловоз, долг работен век, мал шум што произлегува од пневматиците. Во зависност од карактеристиките на материјалот, дизајнерите на пневматиците го подобруваат нивното однесување на влажно, на пример, со користење помека гумена смеса на шарата. Дали до тоа доаѓа и по цена на долготрајноста? Во тој случај настанува побрзо трошење на пневматиците, што значи и помала километража. Избегнувањето на овој конфликт на цели што треба да се постигнат може да се опише и како квадратура на кругот. Поради тоа, резултатот од тестовите направени на летните пневматици од ÖAMTC и неговите европски партнери се повпечатливи. Еден од производителите на пневматици, го направи квадратот многу добро. И оваа година повторно се тестираа две димензии на пневматици, од вкупно 34 раз-
лични модели на пневматици што се наоѓаат во обемната програма за тестирање. Од една страна беа пневматициите со големина 18565-R15, популарна димензија за мали автомобили, како што е VW Polo, автомобил што, исто така, се користеше како тест-возило. Од друга страна се пневматиците со големина 215-60-R16, една од најпопуларните димензии што одговараат и на компактни теренци, како што е тест-возилото Skoda Karoq, а одговараат и на широкиот опсег на класи, почнувајќи од компактните теренци, па сè до теренците со средна големина, како што се Opel Astra, Peugeot 508 или Kia Optima ДИМЕНЗИЈА 185-65-R15 ЗА МАЛИ АВТОМОБИЛИ Се дојде до однапред позитивен заклучок - ниеден од 16 кандидати за тестирање не покажаа сериозни слабости, а дури шест модели на пневматици ја заслужуваат оцената „многу препорачливи“. Победникот на тестот, кој доаѓа од производителот Goodyear, веќе го има постигнато споменатиот баланс помеѓу големата километража и добрите перформанси на влажно. Километражата што може да се помине со тој модел пневматици е околу 50.000 км, но сепак импре-
сионираат постигнувањата добиени на влажни коловози. Со тоа овие пневматици се добар и сe почест избор на возачите. Кај производителите на пневматици Bridgestone и Pirelli фокусот сè уште е насочен првенствено на однесувањето на пневматиците и на перформансите што ги имаат на влажни и на суви коловози, а абењето и кинењето сè уште е на добро ниво. Michelin во целина е многу балансиран. Dunlop и Giti се оценети како „многу препорачливи“ за влажни и за суви коловози и имаат добри оцени при абење, што влијае врз нивната вкупна оцена.
Изработката на пневматик што би траел долго време и сè уште би имал добар притисок на влажни коловози веќе долго време се сметала за неизводлива. Со димензијата 185 Goodyear покажува дека тоа е можно. Стефан Кербл, експерт за пневматици во ÖAMTC
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
27
TEСТОВИ И СОВЕТИ
Препорака на ÖAMTC
Граници на оценката
= извонредни *****= многу препорачливи ****= препорачливи ***= условно препорачливи **= непрепорачливи *
Учество на критериуми
*****
**
*
1,6-2,5
2,6-3,5
3,6-4,5
4,6-5,5
Вкупна оценка
0,6-1,5
1,6-2,5
2,6-3,5
3,6-4,5
4,6-5,5
Индекс на брзина:
сите гуми со димензија 185. H (до 210 km/h) сите гуми со димензија 225. V (до 240 km/h)
Препораката на ÖAMTC и редоследот на моделите се базира врз вкупната оцена што се пресметува од евалуацијата на поединечните критериуми. Доколку некој модел врз основа
***
0,6-1,5
на неговите оцени за критериумите сув терен, влажност, потрошувачка на гориво, абење не е веќе „многу препорачлив“ (оцена полоша од 2,5), тогаш како вкупна оцена се зема најлошата оцена од наведените испитувања. При иста оцена редоследот е азбучен, според називот на производителот.
Сув терен 20 % (однесување при возење 35 %, безбедност при возење 35 %, сопирање 30 %), влажност 40 % (сопирање 30 %, аквапланинг по должина 20 %, аквапланинг попречно 10 %, управување 30 %, странично водење 10 %), звук 10 % (надворешен звук 50 %, внатрешен звук 50 %), потрошувачка на гориво 10 %, абење 20 %.
****
Сув терен, влажност, потрошувачка на гориво, абење
Индекс на оптоварување:
сите гуми со димензија 185. 88 (= 560 kg) сите гуми со димензија 185. 99 (= 775 kg)
Во полето на „препорачани“ модели на пневматици се издвојува Continental. Тоа е единствен пневматик што на тестот успеа да постигне многу добар резултат и рејтинг за еколошките и за економските критериуми. Во однос на потрошувачката на гориво, тој е далеку пред другата конкуренција, а покажа и добри перформанси во однос на можната километража. Забелешки за пневматиците Falken и Vredestein. Тие малку паѓаат во перформансите и во рејтингот при абење на пневматиците, но особено Vredestein позитивно се истакнува со неговите перформанси на суво и на влажно. Така, и двата вида пневматици може да претставуваат добра алтернатива за одредени возачи.
Тест на летни гуми 2022 година - димензија 185-65-R15
Goodyear EfficientGrip Performance 2
Bridgestone Turanza T005
Michelin Primacy 4 1)
Pirelli Cinturato P1 Verde
Dunlop Sport blue response
Giti GitiSynergy H2
Laufenn G Fit EQ+
Continental EcoContact 6
Firestone Roadhawk
C/A/69
B/A/70
C/A/68
C/B/69
В/A/67
C/A/70
D/B/70
A/A/70
C/A/70
сув терен 20 %
2,3
1,8
1,8
1,6
2,0
2,4
2,4
2,5
2,2
влажност 40 %
2,0
1,7
2,0
2,3
2,5
2,3
2,6
2,8
2,8
звук 10 %
3,2
3,3
2,9
3,2
3,0
3,2
3,0
2,9
3,7
потрошувачка на гориво 10 %
2,2
1,9
2,1
2,1
2,3
2,4
1,8
1,2
2,4
абење 20 %
1,0
2,5
2,0
2,5
2,5
2,5
2,5
1,5
2,0
вкупна оцена 100%
2,0
2,1
2,1
2,3
2,5
2,5
2,6
2,8
2,8
Препорака на ÖAMTC
****
****
****
****
****
****
***
***
***
(+) добри на сув коловози кога е влажно
(+) добри на сув коловози кога е влажно
(+) многу добри при потрошувачка на гориво, добри на сув коловоз (-) мали недостатоци на влажно
(+) најмала потрошувачка, многу добри при влажност, добри на сув коловоз (-) мали недостатоци на влажен коловоз
(+)добри на сув коловоз (-) мали недостатоци при влажност
Евалуација на критериуми Ознаки на етикетата според производителот/ отпор при превртување/ адхезија при влага/надворешен звук
1.Се очекува модификација за 2022 година-Michelin Primacy 4+кс на оптоварување: 91
(+) најдобри оцени при абење, добри на суви патишта и во влажни услови
(+) најдобри на влажно, многу добри на сув коловоз, многу добри при потрошувачка на гориво
(+) многу добри на сув коловоз, добри на влажно,
(+) најдобри на сув коловоз, добри на влажно
Тест на летни гуми 2022 година - димензија 215-60-R16
Continental Premium Contact 6
Michelin Primacy 4 1)
Bridgestone Turanza T005
Dunlop Sport bluResponse
Toyo Tires Proxes comfort
Nokian Tyres Wetproof
Debica Presto HP2
Hankook Ventus Prime 3 K125 2)
Kumho Ecowing ES31
Kleber Dynaxer HP4
C/A/72
B/A/68
B/A/72
B/A/68
C/A/70
C/A/68
C/B/72
C/A/72
B/B/70
B/A/69
сув терен 20 %
1,9
1,7
1,8
2,1
2,5
2,2
2,6
2,5
1,5
2,1
влажност 40 %
2,1
2,5
2,4
2,3
2,4
2,1
2,7
2,7
2,7
2,8
звук 10 %
2,6
2,8
2,9
2,8
2,4
2,7
2,9
2,6
2,8
2,9
потрошувачка на гориво 10 %
1,9
1,4
1,6
2,1
2,5
2,6
2,2
1,8
1,9
2,0
абење 20 %
2,0
1,5
2,0
2,5
2,5
2,5
1,5
1,5
1,5
2,0
вкупна оцена 100%
2,1
2,1
2,2
2,4
2,5
2,6
2,7
2,7
2,7
2,8
Препорака на ÖAMTC
****
****
****
****
****
***
***
***
***
***
(+) најдобри оцени при влажност, многу добри на сув коловоз и добри на потрошувачка
(+) многу добри на сув коловоз, добри при потрошувачkа и при абење добри на влажно
(+) добри на сув коловоз и при потрошувачка добри на влажно
(+) најдобри оцени при влажност, добри на сув коловоз (-) мали недостатоци при потрошувачка
(+) многу добри при абење (-) мали недостатоци при сув и влажен коловоз
(+) многу добри при потрошувачка и при абење, добри на сув коловоз (-) мали недостатоци при влажност
(+) најдобри на сув коловоз, многу добри при потрошувачка и при абење (-) мали недостатоци на влажност
(+) добри на сув коловоз (-) мали недостатоци на влажност
Евалуација на критериуми Ознаки на етикетата според производителот/ отпор при превртување/ адхезија при влага/надворешен звук
1.Се очекува модификација за 2022 година-Michelin Primacy 4+ 2. од производителот достапен е hankook ventus prime 4
28
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
(+) добри на сув коловоз и кога е влажно
(+) добри на сув коловоз и кога е влажно
(+ ко (ци
TEСТОВИ И СОВЕТИ
ДИМЕНЗИЈА 215-50-R16 ЗА КОМПАКТНА И ЗА СРЕДНА КЛАСА
Резултатите добиени и кај пневматиците со поголеми димензии се добри и постојано позитивни. Од 18 пневматици, пет пневматици се со рејтингот „ многу препорачливи“, а дванаесет модели се со рејтинг на „препорачливи“. Само еден пневматик е со рејтинг на „условно препорачлив“. Петте „многу препорачливи“ модели не покажуваат никакви слабости и поените ги добиваат врз основа на својот многу добар баланс. Michelin и Bridgestone се особено импресивни на суви патишта, а Continental постигнува врвни оцени на влажни патишта. Кога станува збор за потрошувачка на гориво и абење, пневматиците Michelin навистина се истакнуваат. Dunlop се покажува како многу добро балансиран пневматик, иако пневматиците Toyo со своите оцени се на сама граница во сите
главни критериуми, сепак обезбедуваат место помеѓу првите пет пневматици. Nokian, пак, се водечки на полето „препорачани“ пневматици. Иако постигнуваат добри резултати на суво, на влажно и во однос на абењето, можноста за подобра оцена ја пропушта кога станува збор за критериумот потрошувачка на гориво. Општа забелешка - Во однос на овој критериум на терен има големи разлики. Има разлика од речиси десет проценти помеѓу најекономичниот пневматик (Кormoran) и најлошиот пневматик (Lassa). Пневматиците Kumho имаат најдобар рејтинг од сите кандидати на суви патишта (Hankook, исто така, постигнува добар резултат на суви патишта), но има мали слабости на влажни коловози. Во рамките на оваа димензија, пневматикот Sava е најдобар во однос на абењето. Но тоа важи за сите - добрата рамнотежа, од-
BFGoodrich Advantage
Falken Sincera SN110 Ecorun
Semperit Speed-Life 3
Vredestein Ultrac
Fulda EcoControl HP
Cooper CS7
Matador MP47 Hectorra 3
C/B/69
C/A/69
C/B/70
C/A/69
E/C/69
C/B/68
C/B/70
2,9
1,9
2,4
1,8
2,7
3,2
3,3
3,0
2,6
3,0
2,1
3,1
3,2
2,7
3,2
2,7
2,9
3,0
3,2
3,0
2,8
2,1
1,7
1,9
2,5
2,2
1,9
2,0
2,5
3,0
2,0
3,0
1,0
3,0
2,5
3,0
3,0
3,0
3,0
3,1
3,2
3,3
***
***
***
***
***
***
***
(-) мали недостатоци на сув коловоз, слабости при влажен коловоз
(+) многу добри на сув коловоз и на потрошувачка (-) мали недостатоци при влажност и при абење
(+) многу добри на потрошувачка, добри на сув коловоз (-) слабости при влажен коловоз
(+)многу добри на потрошувачкa (-) слабости при сув коловоз, при влажен коловоз и при абење
(-) слабости при сув коловоз, при влажен коловоз и при абење
(+) најдобри оцени при абење (-) недостатоци на сув и на влажен коловоз
(+) најдобри оцени при абење (-) недостатоци на сув и на влажен коловоз
носно добриот баланс се зема предвид, пред сè, за целокупната оцена на пневматиците, а свое влијание има и послабата оцена добиена за другите главни критериуми. Тоа може да се види кај пневматиците Kormoran што се на последно место според перформансите добиени на спроведените тестови. Како што веќе споменавме, пневматикот може да постигне апсолутна најдобра вредност во потрошувачката на гориво и добра оцена за абење, но покажува и јасни слабости и недостатоци кога станува збор за критериумите поврзани со безбедноста. Пневматикот брзо ги достигнува границите на добра кохезија со коловозот, особено на влажен. Имајќи го предвид вкупниот збир на својствата, пневматикот влегува во рејтингот на „условно препорачливи“ пневматици.
ПРЕПОРАКИ НА ÖAMTC ЗА ПНЕВМАТИЦИ
- Секогаш користете четири пневматици од ист
модел и тип. - Новите модели на пневматици нудат најнови технички достигнувања и подобрувања. - Сите четири пневматици треба да имаат ист датум на производство, а со тоа и ист технички статус. Информациите за ова се дадени со бројки на страничниот ѕид на пневматикот на крајот од буквите DOT (четирицифрен број - првите две цифри се неделата, последните цифри се годината). - Тркалата треба да се менуваат помеѓу предната и задната оска на секои шест месеци. Меѓутоа, ако разликата во длабочината на шарата е поголема од еден милиметар, подобрите пневматици треба да останат на задната оска од безбедносни причини. - Редовно проверувајте го притисокот во пневматиците, по можност на секои две недели. Во случај на големо оптоварување, зголемете го притисокот во пневматиците во согласност со
спецификациите на производителот на возилото во упатството за работа. НА ВЛАЖЕН АСФАЛТ ЗА СОПИРАЊЕ ОД 80 ДО 0 KM/H ДИМЕНЗИЈА 215-50-R16
Firestone Winterhawk 4
Sava Intensa hp 2
Barum Bravus 5HM
Esa+Tecar Spirit Pro
Lassa Competus H/P
Semperit Speed Life 3
Nankang Green/Sport Eco-2+
Kormoran Road Performance
C/A/72
C/B/72
C/B/72
C/B/72
E/A/70
C/B/72
C/B/72
C /C/72
2,2
2,3
2,8
3,4
3,4
3,4
3,5
3,5
2,9
3,0
3,1
3,0
3,2
3,3
3,2
3,7
3,0
2,7
2,8
2,7
3,0
2,8
2,5
2,9
2,3
2,4
2,2
1,9
2,9
1,8
2,1
1,2
2,0
1,0
2,0
2,0
2,5
2,0
3,0
2,5
2,9
3,0
3,1
3,4
3,4
3,4
3,5
3,7
***
***
***
***
***
***
***
**
+)добри на сув оловоз -) мали недостатои на влажност
(+) најдобри при абење, добри на сув коловоз (-) слабости на влажност
(-) мали недостатоци на сув коловоз и слабости при влажност
(-) мали недостатоци при потрошувачка, слабости на сув и влажен коловоз
(+) многу добри при потрошувачка (-) мали недостатоци на сув коловоз слабости на сув и влажен коловоз
(-) слабости на сув и влажен коловоз и при абење
(+) најмала потрошувачка (-) слабости на сув и влажен коловоз
(+) многу добри при потрошувачка (-) недостатоци на сув и влажен коловоз
Continental Durchschnitt Kormoran 30m
35,9m 39,7m 43,4m 32m
34m
36m
38m
40m
42m
44m
7,5 метри разлика во растојанието за сопирање на влажен асфалт, помеѓу најдобриот и најлошиот модел на пневматик. ПРЕДВИДЕНА КИЛОМЕТРАЖА ДИМЕНЗИЈА 215-50-R16
Continental Durchschnitt Kormoran 30m
35,9m 39,7m 43,4m 32m
34m
36m
38m
40m
42m
44m
Колку долго трае пмевматикот? Разликите се огромни. Најдобриот модел трае речиси двапати повеќе од најкраткиот модел на теренот за тестирање. Превземено од OAMTC
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
29
| СТИЛ
Мода
БЕЛАТА КОШУЛА – НЕПРИКОСНОВЕН АВТОРИТЕТ ВО МОДАТА ЗА МАЖИТЕ , НО И ЗА ЖЕНИТЕ НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ КОГА СЕ РАБОТИ ЗА МОДАТА, НО И ТРЕНДОВИТЕ ВО НЕА Е ПРЕСУДНО. СЕКОЈ МАЖ КОЈ ВНИМАВА НА ИЗГЛЕДОТ НЕ ЈА ИЗОСТАВА ОД СВОЈАТА ГАРДЕРОБА. ИМА НЕКОЛКУ, СИГУРНО. А, НЕ СЛУЧАЈНО Е ИМЕНУВАНА И КАКО НЕЈЗИНА КРАЛИЦА. СО ВРАТОВРСКА ИЛИ ПАПИЛОТКА И СИВО ИЛИ ЦРНО САКО, ПА И КОСТУМ, ТАА Е ДЕЛ ОД ФОРМАЛНАТА ОБЛЕКА ЗА КОЈА СЕ ВЕЛИ ДЕКА Е ЧИСТА КЛАСИКА. НО, МОЖЕ ДА СЕ КОМБИНИРА И СО ЏИНС, БЕЗ ДОДАТОЦИ, ЗА ПОГОЛЕМА ЛЕЖЕРНОСТ. НАПРОЛЕТ Е ДОЗВОЛЕНА И ОДДИШКА.
К
ласичниот изглед на секој маж кој смета дека облеката, вклучително и стилот е одраз на неговата нарав, во ниеден случај не може да биде погрешен кога се говори за белата кошула и формалните пригоди, од работните места до свеченостите, гала-вечерите на пример. Но, таа е сестрана, може да се носи дури и со фармерки, без вратоврска или папилотка и сиво или црно сако, па и костум, раскопчана малку и, се разбира, не одозгора, туку внатре. Чистотата е особено важна. Со убав парфем, комбинацијата нема утка. Во текот на пролетта се дозволени такви „екскурзии“, а лежерноста й прилега совршено.
30
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
Како и да било, нејзината форма суштински не претрпела измени уште од времето на владеењето на кралицата Викторија (1839-1901), кога Велика Британија доживеала силен развој. Значи, двесте и педесет години, па и повеќе, белата кошула е неизоставно парче облека во шкафот на секој маж кој пази на себе, буквално. За неа и не може да се зборува поинаку, освен како феномен, и тоа културолошки. Модната историја секако й должи на белата кошула, првенствено заради бесмртноста или вечноста, уште од времето на англиската кралицата Викторија. Била симбол на класните спротивности без оглед на тоа што најчесто се носела одоздола, под некое друго парче облека. Всушност, долго време била видлива само крагната. Понекогаш била и одвоена, за полесно да се пере. Само важните луѓе во општеството можеле да ги носат (имале повеќе на број) и често да ги перат, нивните домашни помошнички. Всушност, поврзаноста меѓу општествената положба и таквата кошула се гледала и во изразот „white collar“ (бела крагна) бидејќи, како што споменавме, ја облекувале само т.н. достоинственици - вработените во канцелариите на високи позиции, со високи примања,
кои не работеле физички работи. Господски, џентлменски е другото име на „white collar“ или неговото значење. На луѓето чии позиции не биле високи, туку обични - чиновнички, а носеле такви, бели кошули, гледале со негодување бидејќи облеката им била неадекватна или неусогласена со нивниот ранг, општествен. Интересно е и толкувањето на крагната, односно типот. На пример, висока и тврда (колосана, штиркана) можеле да носат припадниците на елитата, кои се разликувале од службениците (обичните) по ниските и меки (згужвани) крагни што им овозможувале да се движат полесно, така и да си ја вршат работата. Оттаму и фразата „кренат нос“ чие значење има поврзаност меѓу видот на крагната од белата кошула и високите достојници. Се разбира, другиот израз - „blue collar“, својствен за мануелните работници кои се облекувале во плаво, таква била униформата и кошулата, дел од неа, бидејќи флеките од работењето биле помалку забележливи отколку на бело. До крајот на 19 век биле искристализирани многу работи. На пример, се мислело дека оние што преферирале украси, односно декорации на кошулите биле „немажествени“, додека бе-
СТИЛ |
лите кошули без нив ја симболизирале мажественоста и таквото однесување. Исто така, преовладувало мислењето дека на луѓето со бели кошули можело да им се верува и дека биле вистински професионалци - способни, трезвени. Крајот на 19 век донел и нови правила, т.е. кошулата веќе не била статусен амблем од причина што нејзиното производство се масовизирало, цената се намалила воопшто на облеката, која станала подостапна за секого. Така, белата кошула се купувала често, а се носела и во црква и на работа и на прошетка. Но, класните спро-
тивности не исчезнале, бојата на кошулата немала значење, но разликите биле забележливи во кроевите, во квалитетот на ткаенините и во дискретните стилски варијации. Така е отприлика и денес, а особено важен е и брендот, се разбира. По завршувањето на Првата светска војна се чувствувале големи промени во секој поглед. И во модата, секако. Едвард VIII, за чие помодарство се зборува и денеска, но и за модното влијание, па и во трендовите, заговарал измени на кошулите, вклучително и белите. Острите линии на пример ги заменил
со меки, за поголема удобност и, се разбира, го внел колоритот на голема врата. Сепак, во 1920-те и натаму белата кошула се врзувала со угледот, репутацијата и почитта, уважувањето, па и со т.н. дендија или дендизмот чија битност ја установил Бодлер. Таквата кошула ги одвојувала гиздавците од толпата. Елеганцијата им била во крвта, односно префинетиот, истанчен вкус. Тогаш и Томас Џ. Ватсон, директорот на IBM, инсистирал да се почитува дрес-кодот, вработените да носат класична бела кошула дел од „униформата“. И не само тој. Многу газди го следеле неговиот пример, барале од луѓето да го негуваат деловниот изглед, а класичната бела кошула се подразбирала, едноставно била синоним на професионалноста, односно деловноста. Во средината на 20 век, синтетичните материјали со нејасен, сомнителен квалитет го преплавиле мануфактурното производство и белите кошули претрпеле измени во дизајнот, се додавале карнери, се украсувале со разноразни додатоци, а се променила и крагната, односно ширината. Без оглед на „китнестата“ доминација, едноставната бела кошула се сметала за „пригодна“ и натаму. Претставувала своевиден отклон, му пркосела на бранот дезенирани, шарени кошули. 1980-те ги одбележаа т.н. романтични кошули, со цветни дезени, а се внимаваше и на трговските марки, брендовите. Имаше помама по нив. Модните индустриски магнати одлучуваа што ќе биде во тренд, а кои работи ќе излезат оттаму. Едновремено ги формираа и цените на брендираните, маркираните кошули - белите, класичните за префригано да ги врзат со престижот и, се разбира, општествениот ранг. Од викторијанската ера до модерноста на дизајнот, патот не бил само искривен, туку и долг, но белата кошула и натаму останала број еден, со немерливо значење во класичниот начин, стил на облекување, а одвреме-навреме и во лежерниот. И денес е така, отстапка нема. Секако, приказната нема да биде потполна доколку не ја споменеме и женската кошула, белата се разбира. Можеби е значајна, исто како машката, но сепак е инаква, поврзана со револуцијата во работењето на жените, како и борбата за нивните права и рамноправноста. Веројатно и оттаму доаѓа мислењето дека на облеката не може да се гледа само како на парче ткаенина. Залудно не се вели: ти си тоа што носиш. • Игор Ландсберг
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
31
ГАСТРОНОМИЈА
ГОТВИМЕ СО ФИЛИП ПОПОВСКИ
ФИЧО
Рижото фунги Состојки и сос: • 20 гр. Кромид • 80гр. Свежи печурки • 120 гр. Carnaroli ориз • 30 мл. Бело вино или Просеко • 75 гр. Пармезан • 30 гр. Путер • 20 гр. Паста од црн тартуф
Подготовка:
Најпрвин кромидот се сечка ситно и се пропржува во тава на малку маслиново масло. Откако ќе добие стаклест изглед се додава оризот и печурките и се пропржуваат заедно. Се додава бело вино (или Просеко), убаво се промешува додека алкохолот да испари и се додава, кутлача по кутлача, бујон. При крај се додаваат путерот и пармезанот и интензивно се меша, постапката се повторува додека не добиете густа кашеста смеса. Пред крај се додава тартуфа (крем од црн тартуф) и се соединува. Густината на крај ја подесувате со пармезанот. Бидете внимателни, секое рижото се згуснува со ладење.
Добар апетит!
32
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
ЧИТАЈ, ГЛЕДАЈ, СЛУШАЈ |
„HIGHER“ MICHAEL BUBLÉ
„НЕВИДЛИВИОТ ЖИВОТ НА АДИ ЛАРУ“ В. Е. ШВАБ
И
сториско-фантастичниот роман „Невидливиот живот на Ади Лару“ е горко-слатка љубовна приказна, но и омаж на уметноста и на уметничката инспирација. Со фаустовски заплет и промислувања за моралот и смислата на животот, овој роман ги надминува границите на жанрот фантастика и со надвременската убавина на класиците гарантира задоволство при читањето на секој што ќе посегне по него. Приказната почнува во Франција во 1714 година. Ади Лару сака само едно: да се ослободи од оковите на животот во провинција за да може сама да господари со својата судбина. Во момент на очај таа се спогодува со ѓаволот, кој за возврат и ветува слобода и вечна младост. Но, цената за тоа е висока; секого кого ќе го сретне, набргу ја заборава. И така младата жена почнува патување низ вековите што ја носи на различни места од европската историја, спознавајќи ја притоа тенката граница меѓу осаменоста и малодушноста. Ади Лару се обидува да остави трага во времето и просторот, во историјата на уметноста: таа е позната муза на старите мајстори, безимена убавица во песните на големите поети. Триста години подоцна, Ади во една книжарница во Њујорк запознава момче кое ќе ја запамети... •
Н
а 25 март годинава, пејачот Michael Bublé го издаде својот деветти студиски албум, насловен „Higher“, а го публикуваше „Reprise Records“, издавачката куќа од 1960-те, чиј основач е Френк Синатра. Инаку, четириесет и шестгодишниот Канаѓанец има хрватски, поточно истарски корени. Оттаму се всушност неговите сродници, т.е. предците од татковата страна. Од 2005-та е присутен во музичкиот свет, а благодарејќи на првиот албум „It’s Time“ го привлече вниманието на публиката во сите континенти, буквално. Вториот албум „Call Me Irresponsible“ ја потврди успешноста, но и секој нареден. Конечно, паузата од четири години (во 2018-та го издаде „Love“) ја прекина со „Higher“ на чие издавање му претходеа сингловите „I’ll Never Not Love You“ (28 јануари), „My Valentine“ (11 февруари, автор е Пол Макартни), како и насловниот (10 март). Потписот на пејачот е ставен и на текстовите и на музиката, со неговите соработници. Десетте останати песни во албумот се „A Nightingale Sang in Berkeley Square“, „Make You Feel My Love“, „Baby I’ll Wait“, „Crazy“ (со Willie Hugh Nelson), „Bring It On Home to Me“, „Don’t Get Around Much Anymore“, „Mother“, „Don’t Take Your Love From Me“, „You’re My First, My Last, My Everything“ и „Smile“. •
„AGAINST THE ICE“ (ПРОТИВ МРАЗОТ)
С
ветската премиера се одржа во февруари, на 15-ти, во рамките на 72 Меѓународен филмски фестивал во Берлин, а Netflix почна да го емитува на 2 март. Се работи за приказна во чија вистинитост не може да се посомнева никој затоа што е раскажана од Ejnar Mikkelsen во „Two Against the Ice“ (Двајца против мразот). Филмот жанровски е историска драма со авантуристички елементи, а дејството се одвива на Гренланд во 1909 година. Всушност, Ejnar Mikkelsen бил еден од членовите на поларната експедиција од скандинавската земја Данска, кој заедно со Iver Iversen се изгубил за време на истражувачката работа. Нивните лични, необични преживувања се прикажани во „Against the Ice“ на поинаков начин, без напнатост, преку сценариото на Nikolaj Coster-Waldau и Joe Derrick, акцентирајќи ја љубовта и пријателството . Критиките за филмот се поделени, а многумина го фалат глумењето на главните актери. Филмот е снимен и во Исланд, покрај Гренланд. • Жанр: авантуристичка, историска драма Актери: Nikolaj Coster-Waldau, Joe Cole, Heida Reed Режија: Peter Flinth
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
33
| ПАТУВАЊЕ
Royal Scotsman и Venice Simplon-Orient-Express
ПОСЛЕДНИТЕ ГОДИНИ, ЗАРАДИ КОВИД-19, ВКЛУЧИТЕЛНО И ЕКОНОМСКАТА СОСТОЈБА, ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ПРЕТРПИ ЗАГУБИ, НО И ПРОМЕНИ. СЕ СВЕДЕ НА МИНИМУМ, И ТУКА И ВО СВЕТОТ. ЗА СРЕЌА, ПОЛЕКА СЕ ВРАЌА СО ИСТИТЕ, ПА И НОВИ ЛИНИИ ЗА КОИ СЕ БАРА И КАРТА ПОВЕЌЕ. НА ПРИМЕР, ЛУКСУЗНИТЕ ПАТНИЧКИ ВОЗОВИ НА BELMOND И НАТАМУ СЕ АТРАКТИВНИ БЕЗ ОГЛЕД НА ЦЕНИТЕ ЗА НИВНИТЕ ПАТУВАЊА СО ПРИДАВКАТА „БАСНОСЛОВНИ“. ROYAL SCOTSMAN И VENICE SIMPLON-ORIENT-EXPRESS ГО ВРАТИЈА ПРИМАТОТ. НИВНИТЕ АРАНЖМАНИ СЕ ПРОДАДЕНИ ЗА СЛЕДНИТЕ ДВА-ТРИ МЕСЕЦИ, ДУРИ И ПОВЕЌЕ, А ОРУЖЕНИТЕ КОНФЛИКТИ НЕ ГИ ПРЕМИСЛИЈА ЛУЃЕТО, ПАТНИЦИТЕ СО ДЛАБОК ЏЕБ. РАСКОШОТ Е САМО ЕДНА ОД ПРИЧИНИТЕ ЗА НИВНОТО ПРЕБУКИРАЊЕ. ОСТАНАТОТО Е УЖИВАЊЕ - ДУХОВНО БОГАТСТВО.
34
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
РАСКОШОТ И БОГАТСТВО ПАТУВАЊАТА СО ЖЕЛЕЗН И
нтересот за Royal Scotsman е голем, а негови патници се луѓе што ја обожаваат Шкотска, т.е. нејзините планински врвови, езерата со ефект на огледало, па и долините каде што се дворците или аристократските, богаташки резиденции. Но, патувањата им овозможуваат на гостите да се запознаат и со традициите, обичаите на Шкотите, односно Шкотланѓаните, и со легендите, митовите, а содржините или активностите од нивните програми се различни, усoгласени со маршрутите, од посетите на шкотските мануфактури каде што се произведува виски, но и дегустира, вклучително и на дуќаните за производите на дестилационите процеси, т.е. дестилатите, надалеку прочуени, до прошетките во шумите и пукањата во глинените или керамичките гулаби. Секако, дел од времето е резервиран и за престој во самиот воз чија восхитувачка убавина произлегува од неговата оригиналност и ексклузивноста, се разбира додека лета со брзина што е пропишана и својствена за возови чија придавка е „луксузни“. А, вечерите на свеќи ја дополнуваат, неза-
обиколно и т.н. кејли (cèlidih, забава со пеење, свирење, танцување и раскажување приказни). Возот е пуштен во 1985-тата, значи дека 37 години функционира одлично. Патниците до 1990тата престојувале во старите вагони, но славата не била ни малку поматена бидејќи архаичноста била доста ценета. Всушност, првите години се здобил со најголема популарност. Belmond ги заменил со Pullman коли (железнички), а реновирањето е всушност дело на James Park Associates, кое и денес е исто, непроменето. Изворот на вдахновението инаку е таканареченaта ера, односно периодот на Едвард (1901-1910 година) или поточно ентериерите на тогашните камени градби, пред сè замоците, но стилизирани. Лакираните дрвени панели, но и мебелот преслечен со платна во топли бои, му даваат посебен шарм, вклучително и парните тушеви кои придонесуваат и за негова, т.е. комфорност на приватните кабини. Royal Scotsman е крстен во 2007-та и оттогаш се воведуваат иновации, новини како неодамнешниот Bamford Haybarn Spa. Имено, цел
ПАТУВАЊЕ |
ОТО ВО НИЦА вагон е претворен во спа-центар кој е прв, единствен во светот. И таканаречената кола опсервер е многу посетена. Оттаму се гледа сè, погледот е спектакуларен, додека се ужива во некој пијалак, седнати на тросед или фотелја, но секогаш полна е и верандата. Колата опсервер е местото и каде што се прават вечерните забави. Приватните кабини се акомодирани, потсетуваат на дворците, а удобноста им е другото име. Првото е луксузот или раскошот сеедно. Шкотските платна се доминантни, особено тартанот чиј квалитет е висок, наизглед и убав. Ѕидовите наместа се украсени со рачно изработени слики. Еднокреветни, двокреветни, „близначки“ - поврзани меѓусебно за двајца и апартмани, со неколку простории за семејство, изборот навистина е голем. За леглата, нивната угодност не може да се има сомнеж. И покрај тоа што се отмени, префинети, собите располагаат и со тавански вентилатор, и со греење кое може да се подесува, и со плакар, и со држач на облека, и со мијалник, веце и туш, и со бели крпи што се променуваат
секојдневно, и со фен, и со перници од пена и антиалергичен јорган, и со ватирана покривка за креветот, и со ѕвонец за повик на сервисот чии поволности се пресметани во цените, кои се различни согласно турите и деновите, односно времетраењето на патувањата. Цените варираат од 4.000 фунти (294.698 денари), 4.800, 5.500, 6.650, 7.000, 9.500 до 12.500 фунти (9.209,312 денари), од два, три, четири, пет до седум дена. Инаку, без оглед на вирусната пандемија и оружените конфликти, резервациите се направени, пребукирано е сè, до крајот на август. Притоа се посетуваат интересни места, градови, села..., дури може и да се плива во езерата, чистотата на планинските езера го нуди тоа. Целата содржина е осмислена убаво, за деновите на гостите да бидат исполнети максимално, а истовремено да се има време и за оддишка, во приватните кабини, додека пири ветрот заради отворените прозорци. Неоспорно уживање, идеално време за сонување и покрај грубата реалност. Па и во Bamford Haybarn Spa. Освен ручекот на отворено, како дел од програмскиот концепт чии активности (веслање на брза вода, играње голф, дегустирање виски, планетно истражување со астроном) знаат да бидат и напорни, да уморат, и оброците (утрински, пладневни, вечерни, па и меѓу) во ресторанскиот вагон се, исто така, искуствени, со придавката „уникатни“. Ресторанот инаку е обложен со махагон, а јадењата се приготвуваат со прехранбени, шкотски производи. Се послужуваат и вина и ликери и вискија од слад. Јадењата се кулинарски ремек-дела, од пердувест или крупен дивеч и морски плодови до чаден лосос. Екстраваганцијата е присутна и во деликатесните салати од гулаби, халибути (ретки видови риби)… Десертите, пак, воодушевуваат и со изгледот, а вкусноста е несомнена. Впрочем, не може да биде инаква бидејќи подготовката е следена од шефот Mark Tamburrini со мишелин ѕвезда, но и тој е вклучен
максимално бидејќи рецептите се всушност негови. За сезонските овошја и зеленчуци да бидат свежи, набавката се врши секој ден. Локалните пазарџии се и доставувачи на попатните станици. Нема промашување никаде, во секој поглед. И навечер, откога ќе заврши оброкот. Забавата е типична шкотска, со гајда. Шкотланѓанецот е, исто така, облечен традиционално, а здолништето му е амблемно. Присутен е постојано, ги дочекува гостите, патниците, но и се испраќа со нив. И да, вискито е задолжително и на доаѓање и кога си заминуваат. Се чува професионално и се точи од буре. Вообичаените здравици се однесуваат на патувањето, на стекнатите пријателства, со желба да го повторат и пак да се видат. МИНАТО ДОСТОЈНО ЗА ПОЧИТ И Venice Simplon-Orient-Express, чие минато е достојно за пофалба и за почит, не загуби од атрактивноста ни денес, кога се говори за патувањата низ Европа, од Венеција, како што кажува неговото име, преку Верона, до Амстердам, Брисел, Будимпешта, Виена, Истанбул, Лондон, Париз, Прага и во спротивен правец. Извесно време, поради технички причини, како и вирусната пандемија, долгите линии се укинаа. Но, за среќа, повторно се обновија и Venice Simplon-
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
35
| ПАТУВАЊЕ
Orient-Express повторно е на железничките шини. Уживањето што го нуди, чувството на радост и задоволство во патувањето е очигледно, а доказ е и сведоштвото на патниците, личното искуство и сеќавањето, спомените, без оглед на времетраењето, макар и еден ден, вклучувајќи ја и ноќта. Всушност, целта е гостите да преноќат во нив, да се препуштат на комфорот и покрај тоа што преовладуваат гламурот и луксузот, и во кабините, апартманите, и во првокласните ресторани, на забавата.., и притоа да се чувствуваат како да се наоѓаат во некој прекрасен кралски дворец. А, неговата историја се раскажува одново и одново. Блиското минато е богато исто како и далечното, кога го нарекувале воз на кралевите и крал на возовите. Имено, во 1867 година Georges Nagelmackers од Брисел одлучил да замине во Америка, накратко. Патувал и со железница, во Pullman вагон, каде што и преноќил. Седиштата, кои личеле на клупи, се пуштале надолу за патниците да можат да спијат, но неудобно. Тогаш бил млад, полн со идеи, обземен со желби за нови достигнувања. Сфатил дека во Белгија недостасуваат железнички коли, но не какви било, туку раскошни, во исто време и комфорни, каде што ќе може да се преноќи, но и да се јаде. Размислувал и решил да се фати за работа. Кога се вратил, го напуштил банкарството и почнал да го реализира планот. Не било ни малку лесно, се соочувал со сериозни проблеми, предизвици, но не се откажал. Судбината сакала да го поврзе со George Pullman и сора-
36
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
ботката започнала. Ги преуредиле вагоните така што вметнале дрво, обработено фино, и месинг. Седиштата ги тапацирале со кадифе, прозорците ги покриле со исти завеси, со убави долги реси, ставиле многу детали, се погрижиле за кујната во ресторанот.., и во 1883 год., на 5 јуни, Express d’Orient тргнал за Виена. Осум години потоа го ребрендирале во Orient-Express. До 1930-тите, кога станал „миленик“ на елитата, направиле измени, и тоа неколку, а во меѓувреме сообраќал на релацијата Лондон-Париз-Истанбул. Патем застанувал и во други поголеми градови, како впрочем и денес. Крајна дестинација во извесен временски период била и Атина. Така функционирал до 1977 год. На 19 мај сообраќал последен пат. Крајот на истата година бил, всушност, почеток на неговото блиско минато, кога James Sherwood, тогашниот претседател на Orient-Express Hotels Ltd. (сега Belmond Ltd.), од аукциската куќа Sotheby’s во Монако купил две железнички коли, вагони од луксузниот патнички воз, а во наредните пет години вложил единаесет милиони фунти во други триесет и пет, купени од различни колекционери, музеи. Ги поправиле, обновиле и на 25 мај 1982 година Venice Simplon-Orient-Express го започна вториот живот, сообраќајќи на релацијата Лондон-Венеција. Тој е, всушност, еден од неколкуте луксузни патнички возови на Belmond, кој патува и за главниот град на Франција - Париз, од Венеција каде што е неговата почетна станица. Возот не сообраќа во декември, јануари и во февруари. Карти за оваа дестинација, одредиште
кое истовремено е и најпосакувано, можат да се резервираат и онлајн. Моменталната цена е 4.120 фунти (околу 305.000 денари), за еден. Имено, секоја кабина има мијалник, туш-кабина, топла и ладна вода, пешкири, влечки, бањарки, а тоалетите се надвор, на едниот и на другиот крај од вагонот. Вкупно има седумнаесет железнички коли од кои, во единаесет се наоѓаат кабините за престој, спиење, ресторанот зафаќа три вагони, во еден е барот, во два се чува багажот, кои во исто време служат и како сервис. Има и ексклузивна продавница, која се наоѓа во средината на возот. Од Венеција се поаѓа во 07:46, а во Париз се пристигнува во 08:33 утредента. Пред да се напушти Venice Simplon-OrientExpress, во купето може да се појадува (оброкот се состои од топло печиво, чаден лосос, јајца, тартуфи, кавијар, како и вода, кафе, чај). Потоа, стјуардите ги местат креветите за да се ужива во глетката од прозорците, седејќи на софите од 1920-тите бидејќи е запазен тој стил, а возот се движи со голема брзина. Всушност, стјуардите се постојано на располагање, од моментот на качувањето до напуштањето на возот, кога се пристигнува во француската метропола. Во меѓувреме патниците можат и да се одморат, да читаат, да си муабетат, да се напијат жесток пијалак во барот, а ручекот и вечерата во ресторанот се нешто посебно. Јадењата и пијалаците се послужуваат во порцелан, сребро, кристал, готви Christian Bodiguel, заедно со тимот, кој е и шеф, а има освоено и неколку мишелин ѕвезди. Се користат свежи продукти, кои се набавуваат попатно, по станиците каде што застанува возот. На пример, јастозите ги ловат во Brittany (регион во Франција), јагнешкото месо е од Mont Saint-Michel (Нормандија, исто така, француска комуна), каде што јагнињата пасат близу соленото мочуриште. Сите оброци се вклучени во цената, освен пијалаците и à la carte опциите, кои се наплаќаат дополнително. Протоколите мора да се почитуваат, како за ковид-19, така и другите, на пример за дрес-кодот. На пример, во ресторанот е задолжително да се носи соодветна, односно елегантна облека - костум, т.е. фустан. Можностите, погодностите што ги нуди Venice Simplon-Orient-Express додека се патува за Париз едноставно привлекуваат, но и гостите, патниците ги тераат на размислување, за повторно да му се вратат, макар и да се возат на друга релација, бидејќи гарантираат убав помин, а спомените од времето поминато во него будат чувство на пријатност, секогаш кога ќе се присетат на возбудливото доживување.
• Игор Ландсберг
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
37
| HI TECH
Windhorse Pouncer
БЕСПИЛОТНО ВОЗИЛО ПРЕТВОРЕНО ВО „ОБРОК“ ЧОВЕКОТ НА СЕКОЈ НАЧИН НАСТОЈУВА ДА СИ ГО ОЛЕСНИ СЕКОЈДНЕВНИОТ ЖИВОТ. ОД ТАА ПРИЧИНА Е НАПРАВЕНО И БЕСПИЛОТНОТО ЛЕТАЛО „ПАУНСР“, НАМЕНЕТА ЗА ДОТУР НА ХРАНА, ВОДА, ОБЛЕКА И ЛЕКОВИ ВО ПРЕДЕЛИ ПОГОДЕНИ ОД НАЈРАЗЛИЧНИ КАТАСТРОФИ.
Б
езброј пати светот бил средиште на катастрофи, пожари, земјотреси, урагани, торнада, поплави, вулкански ерупции, цунами, лавини, а неретки се и катастрофите предизвикани од човекот. Кога една област од планетава ќе биде погодена од катастрофа од било кој тип, тогаш животот на населението се менува за 360 степени. Се јавува недостиг на вода за пиење, храна, лекови, облека, засолништа и што уште нè. Тогаш на сцена стапуваат спасувачките екипи, а
38
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
најчесто со нив се војската и полицијата. Во областите погодени од катастрофите може да настрадаат и патиштата, аеродромите, мостовите и надвозниците и тогаш дотурот на помош (лекови, храна, вода, облека) е отежнат или е целосно оневозможен. Развојот на технологијата, посебно во денешно време, е толку брз што речиси секојдневно се појавуваат нови и нови нешта. Компанијата Виндхорс Аероспејс заедно со Фрејзер Неш, е една од тие што работат на пронаоѓање нови нешта кои ќе го олеснат животот на човекот. Ако го напишеме следново, нивниот пронајдок е беспилотно летало, тука нема ништо ново, но ако напишеме, нивното леталото во себе носи вода, храна лекови и облека, тогаш работата добива друг тек. Леталото наречено „паунср“ има распон на крила од 3,0 метри и е направено од материјали кои подоцна можат да бидат целосно искористени. На пример, конструкцијата е направена од дрвена маса која погодените
од катастрофата можат да ја искористат за потпалување оган да се стоплат и воедно да направат јадење. Материјалот од кои се направени крилата може да се искористи за правење шатор (засолниште), затоа што материјалот е водонепропустлив. Треба да го додадеме следново, воздухопловот има мала погонска единица за која производителот сè уште се нема изјаснето каква е, односно дали е електрична или клипна (мотор со внатрешно согорување). Лансирањето на леталото наречено „паунсер“ се одвива преку катапулт или е закачено за некое поголемо летало. При тестирањата беспилотното летало било закачено за транспортниот авион „ ц 130 херкулес“ и од точката на напуштање до приземјувањето „паунсер“ успеал да прелета 35 до 40 километри. Тогаш леталото било пуштено од 3.300 метри висина, а кога било пуштено од 7.800 метри висина, леталото успеало да прелета 100 километри. Брзината при едрењето не била поголема од 100 км/ч. Ова
HI TECH |
летало кога е празно тежи само 25 килограми, а 75 е неговата крајна полетна маса. Сигурно некој се прашува колку сето ова чини. Секоја сума пари е незначителна кога е во прашање човечки живот, но за љубопитните ќе направиме исклучок - цената на леталото „паусер“ изразена во денари изнесува околу 18.000 денари плус 5.000 до 6.000 за малата погонска единица и гпс уредот преку кој леталото прецизно го наведуваат до крајното одредиште. Преку гпс уредот леталото може да слета точно на саканото место со грешка од пет до седум метри. Конструкторите од Виндхорс Аероспејс подготвуваат три летала со различна носивост.
Леталото кое може да понесе товар од 50 кг, има распон на крила од 3,0 метри, додека телото (фуселажот) е долго 1,5 метри. Ова летало носи ознака „марк II“, додека „марк I“ и „марк III“ можат да понесат 25, односно 100 кг . Распонот на делта крилата е ограничен на 3,0 метри поради просторот што го нуди авионот „ц 130 херкулес“. Инаку, малиот воздухоплов „паунсер“ може да биде лансиран и од балон. Дали лансирањето ќе биде од авион, од катапулт или балон, зависи од конфигурацијата на теренот. Сепак да нагласиме, леталото датира од пред седум - осум години и сè уште е во фаза на испитувања, а како што велат од компа-
нијата тестирањата се при крај. Слично нешто има направено и познатиот дизајнер и конструктор на автомобили Гордон Мареј, само не е летало, туку копнено возило (камион) со должина не поголема од 4,4 метри, наречено „о икс трак“, наменето за совладување тешки терени и употреба во секојдневието. Колку за потсетување, Г. Мареј е творец на туристичкото купе „мекларен ф 1“ и некогашен конструктор на формула 1 болидите . • Жарко Атанасовски
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
39
| ИСТОРИЈА
50 години БМВ Моторспорт
ЈУБИЛЕЈ ВРЕДЕН ЗА ПОЧИТ СПОРТСКИТЕ РАБОТИЛНИЦИ СЕ ПОВЕЌЕ ОД БИСЕР ЗАТОА ШТО ТИЕ СЕ ЕДЕН ВИД ЛИЦЕ НА КОМПАНИЈАТА. АВТОМОБИЛСКИОТ СПОРТ Е КРУНАТА НА ПРОИЗВОДИТЕЛОТ ПРЕКУ КОЈА НАЈЛЕСНО СЕ СТИГНУВА ДО СЛАВА И ПОГОЛЕМ БРОЈ КУПУВАЧИ НА ТУРИСТИЧКИТЕ АВТОМОБИЛИ. СÈ ШТО Е НОВО ВО АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА НАЈЧЕСТО Е ДОБИЕНО ПРЕКУ РАЗВОЈОТ НА ТРКАЧКИТЕ АВТОМОБИЛИ.
М
ногу од производителите на автомобили во својот „двор“ имаат оддел одговорен за спортските автомобили и во него има оддел за суровите спортски автомобили односно тркачките. Ништо чудно со оглед на тоа што речиси сите производители учествуваат на најразновидни трки, што ридски, што на кружни патеки, рели итн. Е сега тука има една многу осетлива посебност, некои производители купуваат други помали работилници на спортско тркачки автомобили. Такви се на пример Фиат со Абарт, Рено со Алпин, а БМВ пред неколку денови ја купи работилницата Алпина која до вчера ги преработуваше (фризираше) некои од моделите на БМВ и ги про-
40
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
даваше под свој заштитен знак и име. Не дека Фиат, Рено и останатите слични на нив немале спортско тркачки оддели, туку овие помалите производители, поточно работилници, ги преработувале сериските автомобили од Фиат и Рено и со нив настапувале на трки и остварувале врвни резултати. Кога ќе се појавел автомобил со името Абарт на тркачка патека сите знаеле дека тоа е автомобил на Фиат, но доработен и „навиен“ од работилницата Абарт. Истото тоа важи и за Алпин со автомобилите од Рено. Текстов не го посветуваме на баварската Алпина, туку сакаме да ја овековечиме приказната на БМВ за неговата спортско тркачка работилница основана пред точно 50 години, во 1972 год. Тој оддел БМВ го нарекол „Моторспорт“, односно „БМВ Моторспорт“, а подоцна само „БМВ М“. Идејата да се отвори по-
Најпосакуваната „м тројка“ (е 30 м 3), 1987 год.
себен оддел во фабриката во кој ќе се прават исклучиво тркачки автомобили, доаѓа пред сè од фабричкиот тим кој учествувал на трките ширум светот. Нивната идеја била преточена во стварност пред 50 години со точно 35 вработени. И замислете само една година подоцна од тој спортски оддел излегува „бмв 3,0 цсл кој дебитира во Европскиот шампионат за туристички автомобили во кој доминира цели шест години. Но да се вратиме на почетокот. На чело на БМВ Моторспорт е Јохен Нипраш, некогашен возач во Порше, а потоа тркачки менаџер во Форд. Тој го составил првиот тим од конструктори и возачи кои во иднина ќе придонесат многу за севкупниот развој - Крис Амон, Тоне Хецманс, Ханс Јоаким Штук и Дитер Квестер, додека Бјорн Валдегард и Ахим Варболд го претставувале рели тимот. Моделот „3,0 Првиот автомобил од БМВ со ознаката „М“, „бмв м 1“
ИСТОРИЈА |
Легендарните „бмв м 635 цси“ и „бмв м 1“
цсл“ со кој БМВ го освојуваат шампионатот за туристички автомобили на континентов, поседува алуминиумски врати и куќиште од магнезиум за менувачот. 3,34 литри, шест цилиндри во линија, два вентили по цилиндар и 360 КС. Истата година БМВ организира курс за возење (префинето возење) во познатиот швајцарски зимски центар Сент Мориц, а како инструктори се појавуваат токму врвните возачи од тимот на БМВ Моторспорт. Тоа биле часови за професионалци, а од 1977 БМВ има курс за добро возење и за аматери. Во таа 1973 „бмв 3.0 цсл“ победува на трката 24 часа Леман во класата за туристички автомобили. Од 1973 до 1979 овој автомобил ќе жари и пали на тркачките патеки. Во тоа време на сцена стапува 2,0 литарскиот четирицилиндричен турбо мотор со околу 300 КС вграден во формула 2. Најнапред Жан Пјер Жарие, а потоа и тимот на Марч со овој мотор прави чуда во рацете на Патрик Депаје (1974), Бруно Џакомели (1978), Марк Шурер (1979) и Корадо Фаби (1982) сите со титули. За подобар пробив на северноамериканскиот пазар БМВ планира да влезе во ИМСА шампионатот. Тоа се случува во 1975 година кога БМВ го освојува шампионатот во категоријата за конструктори. Ете ја наједноставната формула да се освојат што повеќе потенцијални купувачи. Тој тркачки оддел многу добро си ја вршел работата и со конструирањето на тркачките автомобили и со тренинг сесиите за аматерите. Врвниот возач Рауно Алтонен од 1977 година е главниот учител за возење.
Паул Роше, мајсторот над мајсторите, творецот на 1,5 литарскиот турбо мотор со 1400 кс.
Тркачкиот оддел малку повеќе ги подзаборави останатите возачи, тие што не се професионалци. Луѓето сакале спортски модел со ознака „м“ за секојдневна употреба, а БМВ сè уште не им излегол во пресрет. 1978 година ќе биде забележана во историјата на БМВ М како година кога за првпат се појавува автомобил во продажните салони со ознаката „м“. Тоа бил моделот „бмв м 1“. Во изработката бил вмешан и Ламборџини кој според договорот ќе ја прави шасијата и телото. Но поради внатрешните проблеми на Ламборџини, БМВ тргнува да соработува со други две италијански работилници. Марчеси и Т.И.Р. и двете лоцирани во близина на Модена. Покрај тркачката изведба била направена и туристичката, со висина од 114 цм и централно сместен
мотор со 277 КС. Цена точно 100.000 марки за максимални 264,7 км/ч. Познатиот возач од формула 1 Алан Џонс бил еден од сопствениците, додека легендата Ники Лауда со тркачкиот модел има три победи од осум трки во Про Кар серијата. Првиот автомобил со „м“ во името добива уште еден член во премалото семејство, тоа е „ бмв 535 м“ со 215 КС. Класика од лимузина, а не купе лимузина, со спортски особини. Таа филозофија на класични лимузини со многу коњски сили ја разбирал само Масерати, а како доказ служи моделот „кватропорте ројал“. БМВ ВО СВЕТОТ НА Ф1 Сега доаѓа ерата на влегување на БМВ во формула 1. Најзаслужен за тој „излет“ е Пол Роше
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
41
| ИСТОРИЈА
Шампионскиот болид „бребем бмв ф1 турбо бт 52“ од 1983 год. возен од Нелсон Пике
Нелсон Пике во шампионскиот болид заедно со уште седум легендарни возач извозеа неколку кругови пред ГП на Австрија во 2015 год. Патека Редбул ринг во Спиелберг.
кој од сериски 1,5 литарски мотор со четири цилиндри во линија, успеал да створи расен тркачки погонски примерок со почетна силина од 630 до 800 КС. Таткото на овој турбо мотор, Пол Роше, велел дека моторот развивал дури 1400 КС, но не можеле да ги измерат бидејќи динамометарот мерел силина до 1.280 коњи, а потоа не. За преголемата силина на моторот сведочеле многумина, дури и конкуренцијата му симнувала капа на БМВ за врвно направениот мотор. Болидот на Бребем возен од Нелсон Пике и Рикардо Патрезе, опремен со 1,5 литарски мотор, за првпат се појавува на 23 јануари 1982 година на патеката Кијалами во ЈАР. Неколку недели подоцна Пике ги добива првите бодови за освоеното петто место во Спа Франкошамп. Првата победа тимот на Бребем со БМВ мотор ја забележува на 13 јуни во Монтреал. Големата надмоќ на болидот „бребем бмв турбо бт 52“ веднаш
42
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
резултира со голем скок. По само 630 денови од својата премиера успева да се закити со титула. Тој легендарен шампионски болид со 1,5 литарски турбо мотор од БМВ е возен од Нелсон Пике. За болидот на Бребем и денес се зборува, велат најбрзиот болид благодарение на најмоќниот агрегат во формула 1 на сите времиња. Од најобичен морот за вградување во туристичките автомобили до супериорен во класата каде грешките не се дозволени и класа каде нема место за дилетантизам, тоа е класата „формула 1“. Да направиш толку моќен мотор и сè уште да не е надминат од друг, тоа е повеќе од успех. И денес болидите од формула 1 користат турбо мотори со слична, односно иста зафатнина, но БМВ засега не е дел од најбрзиот циркус. „М“ класата истовремено се претставува пред светската јавност во „петката“ со што популарноста и натаму расте, има многу почит кон
овој автомобил од поклоници на спортските лимузини. Во времето кога светот на големо ги славел успесите на 1,5 литарски мотор со четири цилиндри во линија, одделот за туристичките автомобили го лансира моделот кој во фабриката е познат под шифрата „е 30“, а во продажните салони како новата „тројка“ (1982 год.). Од овој модел изведбата купе, тргнува накај одделот Моторспорт, а таму ја пречекуваат мајсторите на својот занает кои со филигранска точност ја преуредуваат во нешто толку посебно и толку посакувано насекаде во светот. Купе „тројката“ излегува од тој спортскиот оддел како „бмв м 3“ и јавноста е оставена без здив (1986 год.). Дали била туристичката „м тројка“ или тркачката, народот обете ги обожувал, а меѓу тркачите тој автомобил бил најпосакуваниот и воедно најмногу купуваниот за трки. Ако го погледнете континенталниот шампионат за туристички автомобили лесно ќе ја приметите доминацијата на „бмв м 3“ (е 30). Вреден за спомнување е моделот „ м5“ во V10 мотор позајмен директно од формула 1 и вграден во спомнатата лимузина. Вистински бисер од спортски автомобил, но и екстраваганција. БМВ веќе не го вградува V10 моторот, така што можеме да кажеме дека „м петката“ од тоа време денес претставува повеќе од бајадера. Бидејќи БМВ не учествува во формула 1, сигурно многумина од љубителите на кои им е познато за 1,5 литарски турбо мотор, се прашуваат зошто БМВ не учествува во најбрзиот циркус кога веќе има добра подлога со турбо моторите и нивната мала зафатнина. Тој легендарен 1,5 литарски турбо мотор има четири цилиндри во линија, додека сегашниот кој го вградуваат во болидите има шест цилиндри во V со работна зафатнина од 1,6 литри и секако турбо полнач. И едниот и другиот се турбо мотори, но со различна градба, линија наспроти V и четири цилиндри наспроти шест. Најверојатно не му е на БМВ до развој на сосема нов мотор, иако сега формула 1 е во нова турбо ера. Тоа се неколкуте најсветли моменти во историјата на БМВ, поточно на неговиот оддел наречен „М“ (моторспорт). Не дека во денешно време одделот Моторспорт не е толку активен, далеку од тоа, но како да отсуствуваат тие врвни резултати од светски калибар. • Жарко Атанасовски
БЕСПЛАТНО ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ СО EUROPE PREMIUM ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА Покритие од 20 дена со важност од 365 дена на територијата на Европа
02/3181-181
www.amsm.mk 04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
43
| СПОРТ
Осмомартовско женско рели 2022
ЖЕНИТЕ ПОКАЖАА ДЕКА СЕ ВНИМАТЕЛНИ И ВЕШТИ ВОЗАЧИ ГОДИНАШНОТО ЖЕНСКО РЕЛИ ЌЕ БИДЕ ЗАПОМНЕТО ПО ВОЗЕЊЕТО ПО СНЕЖНИТЕ СКОПСКИ УЛИЦИ, А 18 УЧЕСНИЧКИ ПОТВРДИЈА ДЕКА РАМНОПРАВНО И ПОДЕДНАКВО СЕ ВЕШТИ КАКО МАЖИТЕ ВОЗАЧИ ДА ВОЗАТ ПРИ НЕПОВОЛНИ УСЛОВИ, ПОТЕНЦИРААТ ЗА АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ ОРГАНИЗАТОРИТЕ ОД АВТОМОБИЛИСТИЧКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА.
П
о повод меѓународниот празник на жените 8 Март, Автомобилистичката федерација на Република Северна Македонија во соработка со Меѓународната федерација, под покровителство на Агенцијата за млади и спорт и голем број спонзори, на 6 март на улиците на Скопје традиционално третпат го организираа Осмомартовското женско рели 2022. Учествуваа 18 натпреварувачки, односно 36 со совозачките. Жените возачи се натпреваруваа во четири класи: К-1 до 1.200 кубици, К-2 до 1.600 кубици, К-3 до 2.000 кубици и К-4 над 2.000 кубици. За учество во настанот им беше потребно исправно возило, возачка дозвола, сообраќајна исправа и жена совозач.
44
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
Поради неисчистениот паркинг пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ годинава изостана вториот дел од релито, гимкана - обележана патека за вешто возење. Организаторите и добрите познавачи на автомобилизмот оценија дека учесничките покажаа и потврдија дека се внимателни и вешти возачи и имаат одлично искуство да се справат со лизгавите скопски улици на снег и на целта да пристигнат со одлично време. - Дамите учеснички во релито уште еднаш покажаа цврста желба, храброст и умешност со учеството во Осмомартовското рели, велат од АФСМ. Во една од салите на СЦ „Борис Трајковски“ на учесничките им беа дадени потребните инструкции за маршрутите и препораките од тимот на АФСМ. Релито почна од паркингот на СЦ „Борис Трајковски“ и секоја минута стартуваше по еден автомобил. По завршувањето на релито беа прогласени победничките во четирите категории, а беа доделени награди, признанија и пригодни подароци за сите учеснички. Во оваа пригода организаторот АФСМ им порача на сите жени возачи од државата да се вклучат во поголем број во Осмомартовското рели 2023 и да постигнат повисоки резултати и успеси. Победничките на ова рели изјавија дека е прекрасно чувството кога на целта ќе се влезе со најдобро време, ќе се освојат највисоки резултати, а добиената награда претставува признание за нивната умешност како возачи. • Антоанела Димитриевска
СПОРТ |
ПРВОПЛАСИРАНИ Во К-1 до 1.200 кубици прва на целта пристигна Олга Цуцулеска со совозачката Сања Донева Тасевска, со време од 45:02:75. Во К-2 до 1.600 кубици (во која и годинава имаше најголем број учеснички) прва на целта пристигна Сандра Кизова со совозачката Марија Николовска, со време 45:01:14. Во К-3 до 2.000 кубици прва на целта пристигна Славјанка Станојковска со совозачката Снежана Цветкова, со време 45:01:95 Во К-4 над 2.000 кубици прва на целта пристигна Стефанија Атанасовска со совозачката Александра Ќурчиевска, со време 45:02:41.
Трка 23 - првопласираната во првата категорија до 1.200 кубици
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
45
| СПОРТ
Автомобилизам
AФСМ ГИ ВРАЧИ ПЕХАРИТЕ ЗА НАЈДОБРИТЕ ВО ГЕНЕРАЛНИОТ ПЛАСМАН ВО СИТЕ КЛАСИ ЗА АВТОМОБИЛИЗАМ ЗА СЛАЛОМ И РИДСКИ НАТПРЕВАРИ ЗА 2021 ГОДИНА
Д
имитриј Кимовски од АК „Перформанс“ од Скопје и годинава е прв во класата Е-2000 во ридски натпревари за 2021 година. Кимовски во 2019, 2020 и во 2021 година едноподруго е шампион во оваа класа во ридски натпревари, а како признание за тоа од АФСМ ја доби високата награда Златна кацига. Во разговорот тој потенцира дека очекува да освои уште две златни, односно вкупно три златни кациги што ќе му овозможи да ја добие и најпрестижната награда - дијамантска кацига. Тој апелира и бара од надлежните за спорт во земјата и од Агенцијата за млади и спорт, како во изминатите години, така и за натпреварувачката сезона во 2022 година, да му обезбедат средства за настап на претстојните меѓународни европски трки каде достојно и со успех ќе ја презентира Република Северна Македонија. Лани сите четири трки од ридските натпревари на земјава за 2021 година се одржаа на патеката на Пониква. Кимовски на секој натпревар освојуваше по 20 бода што е најмногу од сите натпреварувачи, или за четирите натпревари освои вкупно 80 бода, со што го освои првото место во класата Е1-2000. Димитриј Кимовски е присутен во автомобилизмот
46
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
ДОДЕЛЕНИ ПРИЗНАНИЈА НА НАЈДОБРИТЕ веќе 10 години. Седум години се натпреварувал со автомобил југо во најмалата класа. - Започнав во 2011 година, седум години се натпреварував со автомобил југо, три-четири години возев на трките во Македонија и три години во српскиот шампионат затоа што во тоа време кај нас имаше смени во АФМ и не се одржуваа автотрки, па бев принуден да возам во Србија, појаснува Димитриј. Тој вели дека на крајот на сезоната 2018 година го набавил своето ново возило Honda sivik pejper, кога на последната трки на Водно настапил само ревијално. Во 2019 година со своето ново возило започнал да се трка и на кружни и ридски трки. - Освоив три шампионски титули на ридските трки во 2019, 2020 и во 2021 година, ги добив шампионските титули и златната кацига на што сум посебно горд. Во моментов тоа е мое најпрестижно признание од сите медали и признанија. Се надевам дека ќе освојам уште две златни кациги, односно со три златни кациги ќе можам да ја добијам и дијамантската. Се надевам дека ќе ја освојам и најпрестижната награда во автотрките, најави Кимовски за АМСМ Клуб Мобилити,. Овие месеци Кимовски интензивно се подготвува за претстојната сезона во 2022 година. Најпрво за
настапот на Европското првенство во ридски трки, но е разочаран што лани и годинава сè уште не е финансиски поддржан од надлежните од Агенцијата за млади и спорт. - Во 2020 година Агенцијата за млади и спорт ме поддржа за учеството на европските авто ридски трки, што резултираше и со одлични резултати, но, за жал, за 2021 и за годинава сè уште не добив поддршка. Но сепак очекувам да ја сменат одлуката и во наредните месеци финансиски да ме поддржат за годинашните европски трки, очекува Кимовски. Тој вели дека со финансиската поддршка од Агенцијата за млади и спорт во 2020 година бил успешен на регионалните автонатпревари, на кружните трки во БиХ, Србија и во Грција. Лани во Србија освоил вицешампионска тутула во кружни трки во класата Е-1 2000. Во БИХ, на трките во Бања Лука, освоил високи резултати што добиваат бодови за европскиот шампионат. - Лани за учеството на меѓународните трки платив сам и имав мала поддршка од пријатели, но без поддршка од Агенцијата е многу тешко. Би сакал Агенцијата да ми излезе во пресрет и повторно да ме поддржи бидејќи постигнувам високи резултати, потенцира Кимовски. Тој најави дека се подготвува за автотрката во Будимпешта на патеката каде што се вози Формула
СПОРТ |
1 и се одржуваат мото џипи натпревари. За оваа трка успеал да обезбеди средства за учество со пријатели што го сакаат спортот и од спонзори. - Тоа е доволно само за една трка, но не и за другите трки за кои сум подготвен да настапувам. Планирам да учествувам и на првата трка Хунгоринг во Будимпешта, но неизвесно е дали ќе се појавам на трката Словачка Словакиаринг, на автопатеката во Хрватска и во Австрија на патеката Редбулинг. Кимовски најави дека сигурно ќе настапи на македонскиот шампионат во ридски трки за 2022 година што го организира АФСМ, на две трки на патеката кај Кочани (првата ридска трка кај Кочани е закажана за мај, а другите се во септември и октомври) и една трка на патеката кај Пробиштип. Доколку се асфалтира патеката кај Крушево, ќе може и таму да се одржи една авто ридска трка. Кимовски објаснува дека засега нема најави дека ќе се одржат кружните автотрки бидејќи Македонија сè уште нема ваква специјална патека за тоа, а изминатите години македонското авто првенство за кружни трки се одржуваше во Грција. ПРИЗНАНИЈА ЗА НАЈДОБРИТЕ АФСМ им ги додели признанијата на најуспешните македонски автотркачи во 2021 година во слалом и ридски натпревари, како и на автомобилистите што успешно настапиле на некои меѓународни шампионати. На 23 март во Скопје, АФСМ свечено им ги додели признанијата на најдобрите во автомобилизам во 2021 година во генералниот пласман во слалом (вешто возење) што се одржаа на патеката во Долнени и на најдобрите во генералниот пласман во ридски натпревари во 2021 година што се одржаа на патеката на Пониква. На двете патеки во слалом (вешто возење) во Долнени и на патеката за ридски натпревари на патеката на Пониква кај Кочани имаше по четири натпревари, а резултатите се собираа по што се добија конечните резултати генерален пласман во двете дисциплини. Во слалом 2021 во група 1 класа 1 прво место од трите трки освои Ташко Конески на АК Фичо 600, со 52 бода. Во група 1 класа 2 прво место освои Драган Стефановски, член на АК Проспорт, со 60 бода. Во група 1 класа 3 прво место освои Димитар Јовчевски од АК Фичо 600, со 55 бода. Во група 2 класа 5 прво место освои Љубомир Лазаров од АК Проспорт, со 55 бода. Во група 2 класа 6 прво место освои Димитар Јовчевски од АК Фичо 600, со 60 бода. Во група 3 класа 7 прво место освои Христаки Давитковски од АК Фичо 600, со 52 бода. Од клубовите на прво место АК Фичо 600 од Скопје со 60 бода, втор е АК ПРОСПОРТ од Скопје со 45 бода,
а трет е АК ПУЛСТАРС 15177 од Скопје со 36 бода. Во ридски натпревари 2021 во Е1 1200 прво место освои Христаки Давитковски од АК Фичо 600 со 60 бода. Во Е 1 1400 прво место освои Донче Иванов од АК Фичо 600 со 20 бода. Во Е 1 1600 прво место освои Слободан Трајковски од АК Перформанс со 80 бода. Во Е1-2000 прво место освои Димитриј Кимовски од АК Перформанс со 80 бода. Во Е1+2000 прво место освои Влатко Костовски од АК Проспорт со 70 бода. ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН ВО РИДСКИ НАТПРЕВАРИ 2021 Првото место му припадна на АК Перформанс од Скопје со 80 бода, втор е АК Проспорт од Скопје со 52 бода, трет е АК Скопје од Скопје со 51 бод, четврт е Фиќо 600 од Скопје со 31 бод ,а петти е АК Џи Форс од Скопје со 20 бода. На свеченоста им беа доделени признанија на македонските автотркачи што успешно настапиле на италијанскиот БТР шампионат: Игор Стефановски Иже, на европскиот БТР шампионат Ристо Вуков во шампионатот централноевропската зона, второпласираниот во групата Б, Влатко Костовски. Признание добил и Петар Богатиновски во картинг во централноевропската зона - шампионат и како тринаесетти пласиран. Од АФСМ признанија добија и најмладите што учествуваат во картинг натпреварите источната зона и во бугарскиот шампионат: Стефан Стафановски, Васил Апостоловски и Христо Ковачи. Во изјавата за АМСМ Клуб Мобилити претседателот на АФСМ, Павле Доневски, потенцира дека натпреварите што се одржуваат во ридски трки во Кочани
на Пониква, освен за македонскиот шампионат, добиваат бодови и за централноевропската зона. Вели дека, за жал, кај нас нема кружни трки затоа што нема кружна патека, а засега е неизвесно дали годинава повторно ќе се одржат на патеката во Грција. Веќе една деценија бараат да се изгради ваква патека кај Скопје или некој друг град и се надева дека наскоро ќе се реализира тоа. • Антоанела Димитриевска
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
47
| СПОРТ
Светско првенство во Формула Е
ДАЛИ ФОРМУЛА Е ЌЕ МОРА ДА СЕ ВОЗИ НА АВТОДРОМИ? КОНЦЕПТОТ НА ТРКИ СО БОЛИДИ КОИ 100% ОД СВОЈАТА СНАГА ЈА ЦРПАТ ОД ЕНЕРГИЈАТА ШТО ИМ Е СКЛАДИРАНА ВО АКУМУЛАТОРИТЕ ДОСЕГА ДОЗВОЛУВАШЕ ТРКИ НИЗ ГРАДСКИТЕ УЛИЦИ ИЛИ ДРУГИ ПАТЕКИ, КАДЕ ШТО ЈА ПРОПАГИРАШЕ СВОЈАТА „НУЛА ЕМИСИЈА НА ШТЕТНИ ГАСОВИ“. НО, БОЛИДИТЕ ОД ТРЕТАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА ФОРМУЛА Е, ЌЕ СТАНАТ ПРЕМНОГУ БРЗИ!
Г
радските трки имаат неодминлив шмек бидејќи луѓето можат да ја следат тркачката акција од секаде! Монако како патека што има најдолга традиција на градска трка во историјата на Формула 1 ни има овозможено призори каде што луѓето се забавуваат на уникатен начин, капејќи се во својот базен лоциран на покривот, пиејќи шампањско на некој од балконите со до-
48
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
бар поглед на трката, или едноставно уживајќи на забавите кои се организираат по големиот број јахти во марината, дојдени специјално за гран при викендот. Публиката едноставно има причина за повеќе уживање и следење на тркачката акција од блиску, нешто што не може да се преслика на автодромите, иако и тамошното гостопримство за корпоративните гости чини „суво злато“ и нуди ретко видени задоволства од кулинарскиот свет. Градски трки има и во пониските категории на натпреварување, па дури некои од нив се пандан на Монако и Ф1, како што тоа со традиција е Макао за дел од младинските серии, но безбедносните мерки се засилуваат, а сето тоа ја оневозможува досегашната „декаденција“ и разгаленост на публиката. Формула Е имаше поинаква мисија кога се организираше низ улиците на Лондон, Париз и Њујорк, но со развојот на технологијата, се развија и перформансите. Третата генерација на болиди во Формула Е се очекува да биде втората најбрза автомобилистичка серија, зад Формула 1, бидејќи перформансите ќе ја надминат Формула 2 (поранешна ГП2), а која е се вози речиси исклучиво на автодроми. Со новите правила, капацитетот на акумулато-
рите ќе биде 350 киловати (еквивалент на 470 коњски сили), а првичните прогнози велат дека времињата за еден круг ќе опаднат за пет до седум секунди, споредено со актуелните болиди на Формула Е. Се очекува крајната брзина да надмине 320 километри на час. Дури и извршниот директор на натпреварувањето, Џејмс Ригли, призна дека со одредени промотери веќе разговараат за нови локации. Се очекува прва на удар да биде трката во Париз, која досега се возеше на патека чија што должина беше само 1,93 километри долга. - Болидите од Генерација 3 ќе бидат побрзи и ќе има повеќе шанси за престигнување. Јасно е дека некои патеки ќе имаат тешкотија да се приспособат на новите подобрувања, како што е забрзувањето. Често се спомнува патеката во Париз, каде што има многу свиоци од 90 степени, што е типични за уличните патеки. Разговараме со луѓето, ние сè уште сакаме да имаме трки таму. Тоа се нашите планови и за 2023 и за понатаму,- изјавил Ригли како одговор на новинарско прашање. Ригли го посочил и веќе видениот пример каде што Формула Е во минатото користела скратена верзија од патеката во Монако, но од почетокот на болидите кои се таканаречена „Генерација 2“,
СПОРТ |
промотерите дозволија трката да се одвива на истата патека како и за Формула 1. - Таквата транзиција ни донесе особено атрактивна трка, со 65 престигнувања и шест промени во водството. Тоа е она што очекуваме да се случи со болидите од „Генерација 3“, но дополнително и да се постигнат времиња за еден круг што се пет, шест или седум секунди побрзи во еден круг. Во соработка со ФИА ќе евалуираме кои патеки се безбедни и можат да овозможат возбудливи трки. Дел од промотерите сами ја потенцираат подготвеноста за да ги акомидираат новите болиди од 2023 година.
- Сè што можеме да направиме за да биде попредизвикувачко и повозбудливо, ќе ни биде задоволство да го направиме. Ние ќе се обидеме да понудиме сè, па и нешто ново, доколку мора да се менува должината на патеката. Нашата цел е трката тука да биде нешто специјално. Многу е важно да ги направиме трките возбудливи, ние сакаме да ги имаме најдобрите трки,- гласи изјавата на Принцот Калид бин Султан ал-Фаисал, кој е претседател на авто-мото федерацијата на Саудиска Арабија. Веќе на 28 април во Монако е закажана промоција на болидите од „Генерација 3“. Од друга страна, во веста за приклучувањето на Јужна
Африка во календарот на првенството за идната година, исто така, може да се насети определбата за иднината. - Електричните возила ќе го најдат својот пат тркајќи се покрај некои од најфамозните локации во Кејптаун, како што е Грин Поинт и Вотерфронт,се вели во соопштението. Со заминувањето на Ауди, БМВ и Мерцедес, се зголемија грижите дали Формула Е ќе продолжи да ги интересира големите светски производители, или тие сметаат дека она што го научија досега во „подвижната лабораторија“ ќе им биде доволно за блиската иднина. За 2023 година потврдени се Масерати, Нисан, ДС автомобили, Јагуар, Махиндра и Порше, како и кинеската компанија НИО 333. - Болидите од „Генерација 3“ ќе направат од трките низ градските улици уште поголема драма и возбудлива акција, правејќи во исто време голем скок на полето на електричната мобилност. Ќе има нов стандард на перформанси и ефикасност што ќе биде доказ за иноватиовниот развој на електричните возила од страна на производителите кои се инволвирани во трките,- вели Ригли, што меѓу редови ја најавува определбата Формула Е да остане на улиците, а не на автодромите. Трките се прават за публика, а таа живее во големите метрополи и не мора да оди на далечни дестинации за да ја види акцијата одблиску. Концептот на Формула Е ќе остане уникатен, барем за уште некое време, бидејќи со доближувањето на Формула 1, двете серии ќе си конкурираат и ќе започнат да си пречат една на друга. На овој начин, тоа нема да се случи набрзо, што му годи на спектаклот. • Александар Табаковски
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
49
| СПОРТ
Светско првенство во Формула 1
ФЕРАРИ ГО СКЛОПИ МОЗАИКОТ, РЕД БУЛ ИМ ЈА РАСТУРИ ЗАБАВАТА НОВИТЕ ПРАВИЛА ЈА ДОНЕСОА ПОСАКУВАНАТА ВОЗБУДА И ИЗЕДНАЧЕНИ ПЕРФОРМАНСИ НА ПОВЕЌЕ ТИМОВИ. НОВАТА СЕЗОНА КОНЕЧНО НОСИ НОВА ПРИКАЗНА. ДОСЕГАШНАТА ДОМИНАЦИЈА НА МЕРЦЕДЕС НА СВОЈ НАЧИН „ЈА ЗАДУШУВАШЕ“ НАВИВАЧКАТА АТМОСФЕРА БИДЕЈЌИ ГО ИМАА ГЛАВНИОТ ЗБОР ВО ТРКИТЕ ОД 2014 ГОДИНА, СО РЕТКИ ПРОБЛЕСОЦИ НА ФЕРАРИ ВО ПЕРИОДОТ МЕЃУ 2017 И 2019 ГОДИНА, КОГА ФЕТЕЛ И ЛЕКЛЕР УСПЕАЈА ДА ИМ СЕ СПРОТИВСТАВАТ И ДА ГИ ПРЕДИЗВИКААТ ВО БОРБАТА ЗА ТИТУЛАТА. СЕПАК, ТОА КОНЕЧНО МУ УСПЕА НА РЕД БУЛ, КОЈ ВО 2021 ГОДИНА ЈА ИМАШЕ ПОБЕДОНОСНАТА КОМБИНАЦИЈА СО ХОНДА.
50
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
П
ол позицијата на Шарл Леклер во Бахреин, надополнета со победа во истото гран при беше главната вест во медиумите. Ферари им се врати на победите по 45 трки пауза! Според историските податоци, тоа е втор најголем пост во историјата на легендарниот тим: во периодот од 1990 до 1994 година, во периодот на доминација на Аиртон Сена и Мекларен Хонда, тие имале 59 трки без победа! За утеха, последната победа пред постот (Голема награда на Сингапур 2019), како и првата после него, сега во Бахреин, се „еден-два“ триумфи, односно надополнети со освојување на второто место. Овој пат, тоа можеби повеќе се должеше и на други околности, бидејќи двата болида на Ред Бул не ја завршија трката, а Макс Ферстапен не само што беше второпласиран во поголемиот дел од неа, туку и активно го напаѓаше Леклер во почетокот. Со победата, Леклер поведе и во шампионатот, со што стана првиот Моначанец кој водел на табелата во Формула 1. За возачот на Ферари, ова е само трета победа во 81 старт, но не треба да се заборави дека првата сезона ја мина како дебитант и аутсајдер, во тимот на Алфа Ромео. За Карлос Саинц, пласманот на второто место е повторување
на најголемиот успех во кариерата (ГН Италија 2020 година и ГН Монако 2021 година). – Се случува нешто чудно со моторот, – им порачал Леклер преку тимското радио, по што во продолжение открил дека се шегува, пред да мине како прв на стартно-целната рамнина. Возачот ги искористил истите зборови како во сезоната 2019-та, кога на трката во Бахреин остана без посакуваната победа и ја употреби истата фраза „Се случува нешто чудно со моторот“. – Направив мала шега преку радиото при последниот круг, им порачав дека се случува нешто чудно со моторот. Сигурно им дадов причина за срцев удар на инженерите, но сè беше во ред, тоа беше шега. Многу сум среќен што отворивме со голема победа, – изјави Леклер. Луис Хамилтон на крај се појави на подиумот, иако во текот на трката се вкупно извозе само 5 круга како дел од првата тројка. Двете откажувања на болидите на Ред Бул (прв случај по ГН Австрија 2020 година) му донесоа подиум финиш, а Џорџ Расел како четврто пласиран стигна до најдобриот пласман во кариерата. Големо изненадување беа и болидите на Алфа Ромео и
СПОРТ |
Хаас, кои користат погон на Ферари, па така Кевин Магнусен (со Хаас) дојде до 5 место, а Валтери Ботас (со Алфа Ромео) до шесто место, кое претходно го имаше освоено и во квалификациите. Со други зборови кажано, на крајот од трката, четири од првите шест болиди имаа погон на Ферари. Окон на седмото место и Алонсо на деветтото покажаа дека и Алпин (поранешен Рено), има своја равенка за освојување на бодови базирана на издржливоста, но сепак во перформанси заостануваа зад другите. Кинезот Жу кој дебитираше во Алфа Ромео, стана 66 возач во историјата на Формула 1 кој во првата трка освоил најмалку еден бод. Ред Бул беше единствениот тим кој не го заврши првото гран при во Бахреин. – Тежок резултат за прифаќање. Ќе направиме целосна истрага, но изгледа дека двата болиди страдаа од сомнителен проблем со пумпата за гориво, – гласи објаснувањето на Ред Бул за катастрофалниот епилог на тркага. Ферстапен појасни дека имале и други проблеми во текот на трката. – Се чувствував одлично во натпреварувачка смисла и овој резултат е навистина лош за нас. Проблемот првично започна со сопирачките и затоа му дозволив на Леклер да се одлепи. Потоа, имав проблем со балансот, а по последниот пит стоп, мојот управувач се закочи. Тоа направи работите да бидат многу тешки во дуелот со Саинц, а конечниот проблем мислам дека беше нешто со системот за гориво. Поради тоа морав да се откажам и беше болно да се види дека не завршија нашите два болиди. Сигурно ќе анализираме и ќе го утврдиме проблемот и ќе научиме од него. Ова е мотоспорт и сите работи се непредвидливи, ова е прва трка и има уште многу до крајот, – изјави Макс Ферстапен. Сепак, тимот покажа дека е во состојба да се врати по овој удар. Веќе на следната трка во Саудиска Арабија, на градската патека во Џеда, Серхио Перез стигна до пол позиција, а Макс Ферстапен беше посреќен при влегувањето во бокс и успеа да дојде до победа. Тој му се доближи на Леклер во финишот и двајцата возачи неколку пати се престигнаа определувајќи го победникот во трката на најубав можен начин, со многу возбуда за гледачите. Разликата од 549 илјадити делови од секундата е една од најмалите регис-
УШТЕ ЕДНА УЛИЧНА ТРКА ОД 2023 ГОДИНА Промотерите на светското првенство во Формула 1 ја потврдија долго шпекулираната зделка за враќање на Лас Вегас во календарот со свој слот за 2023 година, односно 40 години по славните моменти кога низ тогашните улици на „Градот на гревот“ се тркаа великани како Нелсон Пике, Ален Прост, Кеке Розберг и други. Засега е познато само дека трката ќе се вози во ноќни услови, што најавува непопуларен термин за следење на директен пренос во живо во Европа, то ест на полноќ. Иако првите реакции вообичаено се позитивни, фановите кои реплицираа на Твитер искажаа безброј негативни коментари на тема „трета трка во САД“, како и отсуство на некои од славните автодроми од календарот на Формула 1 како Хокенхајм (Германија), Киелами (Јужна Африка), Сепанг (Малезија) и други. Оваа година од календарот од календарот беше исфрлена Русија, а договорот на промотерот за организација на трката во Сочи беше раскинат.
трирани меѓу првите двајца во Формула 1, а прва од ваков тип по италијанското гран при во 2020 година. Ферари, исто така, може да биде задоволен, иако победата им избега во последните моменти. Второто место на Леклер и третото на Саинц им донесоа два пласмана на подиумот, на две трки во низа, што е повеќе отколку што имаат во минатите две сезони севкупно. За разлика од претходната трка, само 13 болиди завршија на целта, а во текот на 2021 година тоа се случи само еднаш (на ГН Унгарија). Мик Шумахер, кој излета претходниот
ден на квалификациите и ја стопираше втората сесија за подолг временски период, не настапи на трката, но за среќа потврди дека одлично се чувствува. Леклер и Саинц се лидери на табелата: Моначанецот има 45 бода, а вториот возач на Ферари има 33 бода. Ферстапен со 22 е трет, пред Расел и хамилтон кои имаат акумулирано по 22 односно 16 бода. Првенството продолжува со трките за ГН Австралија (10 април) и ГН Емилија Ромања (24 април). • Александар Табаковски
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
51
Колумна своерачно
АЛЕКСАНДАР ТАБАКОВСКИ
КОГА ЖИВОТОТ ЌЕ ТИ ДАДЕ ЛИМОНИ ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА ТРКАЧКИТЕ СЕРИИ МОЖАТ ДА ИМААТ РАЗБИРАЊЕ ДО ОДРЕДЕН СТЕПЕН, НО НА КРАЈОТ ОД ДЕНОТ, ТИЕ ЌЕ ГИ ОРГАНИЗИРААТ ТРКИТЕ СО ОНИЕ ВОЗАЧИ ШТО ЌЕ ДОЈДАТ И ШТО ЌЕ СЕ ПРИЈАВАТ ЗА НАТПРЕВАР. ситуации се дел од Нтираатеочекуваните животот, но понекогаш се рефлеки на многу други полиња како
што е кариерата, бизнисот, па дури и на хоби активностите. Тешката економска ситуација во светот не е нова вест, но со пандемијата од Ковид-19 и последните воени дејствија на европско тло, целата слика станува уште покомплексна. Авто спортот е зависен од маркетинг, а тие активности се оние кои „страдаат“ меѓу првите кога светот не функционира како што треба. Но, времето неумоливо тече и стартот на новата сезона си дојде – сакале ние или не. Македонските автомобилисти се соочени со истите проблеми како голем број нивни колеги од други делови на светот – како да ја продолжат својата кариера во услови кога ништо не функционира како што треба на деловно ниво? Организаторите на тркачките серии можат да имаат разбирање до одреден степен, но на крајот од денот, тие ќе ги организираат трките со оние возачи што ќе дојдат и што ќе се пријават за натпревар. Светот ќе продолжи да се врти и сонцето пак ќе изгрее, колку и да делува тешка некоја ситуација како повлекување на спонзорите или намалени буџети. Повторно, можеби ситуацијата не е розова за да се рекламираат моторни масла, осигурување или друг бизнис,
52
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
но никој од нас не може да ги избегне тие трошоци: секоја година ќе мора да го регистрираме возилото, ќе мора да купиме осигурување, ќе мора да смениме масло во моторот и така натаму. Да, психозата е голема кога гледаме ситуации како редици за гориво пред бензинските станици, недостаток на масло за јадење во продавниците – но на крајот од денот, сите „како попчиња“ ќе си ги подмириме сметките на крајот од денот. Верувам дека извесен мал број на луѓе ќе успеат да заштедат или ќе бидат принудени да се откажат од некои свои потреби, но на нив маркетингот не може да влијае. Би рекол: може да влијае на оној поголем дел од пазарот, кој на крајот ќе продолжи да функционира како што продолжува и сè друго. Фиктивното апстинирање или соучеството во психозата дека е крај на светот нема да помогне – само ќе им одмогне на оние кои се зависни од таа маркетинг поддршка, како што во случајот се тркачите. Нивната кариера мора да продолжи, бидејќи сега им се тие години на зрелост и подготвеност. Старата поговорка вели „кога животот ќе ти даде лимони, тогаш направи лимонада“. Искористи го максимумот од ситуацијата. Можеби буџетот ќе биде намален, можеби нема секој да успее да ги добие посакуваните средства, но
светот нема да застане. Во таа насока, случајот на Игор Стефановски Иџе, кој од ТЦР трките се сврте кон европското првенство на ридски патеки, го сметам за добар пример. Не знам колку му е „по ќеиф“, но успева да ја продолжи кариерата откако во текот на зимата не успеа да ги продаде автомобилите што досега ги користеше за настап. Дополнително, овие ридско – брзински трки иако не се толку популарни како кружните, сепак во 2014 и 2015 му овозможија да стане европски првак и да се стекне со високо реноме. Во кружните трки не е доволно само да имаш добро подготвен автомобил, бидејќи може да „те вовлечат“ во судир и постојано да треба да се инвестираат пари во поправки. Не би сакал да отворам и друга тема, но дефинитивно и судиите не му беа наклонети кога требаше тој да биде обвинет за предизвикување на некој судир, а обратно неговите конкуренти во неколку наврати му нанесува штети. Во секоја криза мора да се зачува „ладна глава“. Секоја одлука мора да биде добро пресметана, па дури и онаа на компаниите кои се општествено одговорни и го помагаа спортот. Тркалата мора да продолжат да се вртат... •
ЧЛЕНСТВО
www.amsm.mk
02/3181-181 04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
53
| СПОРТ
Светско првенство во Мото ГП
АПРИЛИЈА КОНЕЧНО ПОЛЕТА ИАКО БЕА ФАВОРИТИ ВО ПРЕД-СЕЗОНСКИОТ ПЕРИОД, НА УЧЕСНИЦИТЕ ОД АПРИЛИЈА ИМ СЕ НАСМЕВНА СРЕЌАТА ВО ТРЕТАТА ТРКА ОД ПРВЕНСТВОТО ДА СТИГНАТ ДО ИСТОРИСКА ПРВА ПОБЕДА. езоната стартуваше со трката под Слемиот рефлектори во Катар, каде што најгофаворит, Франческо Бањаја, не
успеа да ја заврши трката, па според старата мудрост дека не победува оној за кој што е речено, возачот на сателитското Дукати - Енија Бастијанини, си замина од премиерната трка сезонава со големиот пехар. Бањаја беше деветти во квалификациите, но во трката се судри со Хорхе Мартин кој ја имаше пол позицијата, бидејќи и двајцата имаа слаб старт. Тимот ја презема одговорноста за неговиот пад во перформансите и упати јавно извинување до возачот. - Ние сме тим и работиме заедно. Зборувавме и расчистивме, нема потреба од извинување. Јас изјавив дека нема да тестирам повеќе бидејќи сметав дека претеравме со тестирања, но тоа е невозможно во фабрички тим. Мојата порака се должеше на тоа што бев бесен и имав многу прашалници во главата поради сето тоа,- помириливо коментираше фаворитот пред втората трка во Индонезија.
54
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
Но, тогаш на сцена стапија временските услови и небото „се отвори“ над патеката Мандалика, па силните дождови ја повлијаеја и оваа трка. Најдобро во таквите околности се снајде Мигел Оливеира, а Бастијанини остана лидер во генералниот пласман благодарение на финишот на 11 место. - Не сум среќен со оваа трка, бидејќи преферирам да возиме на суво. Но, во ред е, имав навистина бавен старт и загубив многу позиции. Дури после 7-8 круга го постигнав мојот ритам и бев брз до крајот, при што успеав да повратам неколку места. На крајот стигнав да се борам за осмото место, но Брад Биндер ме престигна во вториот свиок и јас отидов надвор од патеката. Воопшто не е важно што сум водечки во генералниот пласман, единствено што посакувам е да имам подобра трка следниот пат,- гласеше изјавата на лидерот во поредокот. Статистичарите пресметаа дека износот од триесет бодови по две трки е најмалиот за еден лидер во првенството од 1987 година, а за волја на вистината тогаш наместо 25 се доделувале по 15 бода за победа. Покрај дождот, главна сторија која што ги окупираше медиумите беше повредата на Марк Маркез, кој откако минатите две сезони пропушти многу трки поради претходните повреди, со новото излетување на патеката Мандалика повторно
ќе мора да се помири со нова пауза иако беше целосно закрепнат. - Втората невро-офталмолошка евалуација покажа многу позитивен развој за парализираниот нерв кој што беше повреден при падот во индонезиското гран при. Заздравувањето сè уште не е завршено, и Марк Маркез ќе мора да го следи терапевтскиот режим со конзервативен третман, - објави екипата на Хонда. Во ситуацијата кога поранешниот шампион не беше достапен за коментар по бруталниот пад во сесијата за загревање пред почетокот на трката во Индонезија, медиумите за најнови информации го нападнаа неговиот помлад брат Алекс Маркез кој вози во сателитскиот тим на Хонда. - Првите денови мислев дека е нормално што е нерасположен. Никогаш не сум го видел толку потиштен, но за среќа подобрувањата се тука. Тој се чувствува добро и јас се шегував со него. Тој чувствува поголемо подобрување и тоа е добро за неговата глава. Се надеваме дека ќе го видиме набрзо, тој е мој брат, јас сакам да го видам назад на патеката но, исто така, и за возачите со Хонда е добро тој да биде на патеката и да го вади максимум од мотоциклот. Актуелниот светски првак Фабио Куартараро беше во сенка на лошиот пласман во Катар (деветто место), но во Индонезија се најде на второто место. Тој од своја страна оцени дека напредокот во раз-
СПОРТ |
Фабио Куартараро
Алеш Еспаргаро и Хорхе Мартин
војот на неговата Јамаха сè уште е далеку од она што е посакувано ниво и пријави дека има проблеми со пронаоѓањето на добар контакт со асфалтот, особено на задната страна од мотоциклот. - Не знам како да се подготвувам. Да бидам искрен, ова е ситуација каде што не можете да правите многу работи. Не можете секогаш да се обидете да го подобрите контактот, но тој е мошне важен и зависи од патеката, па рангот во кој што нашиот мотор работи добро е навистина малечок. Кога контактот е добар, моторот работи супер, но веднаш штом се загуби, личи како да притискате премногу, а добивате помалку. Во Катар испробав многу работи, но на крајот потребно е малку среќа и зависи од тоа кој свиок и која патека ви лежи и на неа може да се адаптирате брзо, - рече Квартараро по освоениот подиум.
Дукати повторно „колабираше“ во Индонезија и повторно Бањаја се најде „во прашалници“. -Имам многу прашања околу мојата трка. Морам да разберам многу нешта, или што не работеше, бидејќи за време на тестирањето во Малезија моторот беше мошне добар во дождливи услови. Денеска имав проблеми од самиот старт и веќе при првото притискање на сопирачките се чувствував чудно и загубив многу позиции. Тогаш се обидов да притиснам, но предниот дел ми бегаше и имав среќа што не излетав. Ги гледав и пневматиците, изгледаше како да не работат добро. Можеби јас не притискав толку многу како вообичаено, но сепак е чудно. Разочаран сум бидејќи освоив само еден поен во две трки, а нашиот потенцијал е многу поголем од тоа,- прокоментира возачот на Дукати.
Со ваквиот расплет, натпреварувачите стигнаа на третата трка во Аргентина, а таму се случи ново, иако очекувано чудо. Возачите на Априлија кои во зимските тестирања предничеа заедно со Дукати и Сузуки, имаа свој ден, бидејќи нивниот мотор во Јужна Америка работеше перфектно. По шест години развој и тестирање, италијанската фирма на првата априлска трка од 2022 година, стигна до првата победа во историјата во „кралската класа“, откако во минатото продуцираше многу шампиони во пониските категории. - Среќен сум што победив, но ова не менува ништо. Јас сум среќен човек, мојата работа е мојата страст, имам семејство од соништата. Имам сè што човек може да посака. Затоа и оваа победа не менува ништо, но за сите во Априлија, ова е огромен чекор. Пред шест години кога се повлеков од Сузуки и потпишав за нив, никој не сакаше да оди таму, не веруваше во тој проект. Уште во тестирањата знаев дека ја имам најдобрата машина во мојата кариера, но тешко беше да се оцени дали таа ќе биде добра за пласман меѓу првите пет или меѓу првите десет. Го покажавме нашиот потенцијал, чекор по чекор, бидејќи ова не беше среќна победа во дождлива трка. Имавме најбрзо време во квалификациите, а денес и во трката, па го преземавме и првото место во генералниот поредок. Сето ова е како сон. Екстремно сум среќен бидејќи ова е едно од најтешките првенства некогаш. Имам 32 години и сакам да ја завршам кариерата на најдобар можен начин,изјави Алеш Еспаргаро по триумфот во „Рио Хондо“, најавувајќи дека „ќе бидат во групата што ќе се бори за победи и подиуми на секој гран при викенд“. Еспаргаро со 45 бода е водечки во генералниот пласман, а во групата возачи зад него се Биндер со 38, Бастианини и Ринс со 36, по што седуваат последните двајца светски прваци, Куартараро со 35 и Жоан Мир со 33 бода. До крајот на април мотоциклистите ќе се тркаат на американското гран при во Тексас, по што следува враќањето во Европа на патеката Алгарве во Португалија и шпанското гран при во Херез на 1 мај. • Александар Табаковски
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
55
| СПОРТ
Twingo Cup
СЕКОЈА СЕЗОНА ОДИМЕ ЧЕКОР НАПРЕД ЕДИНСТВЕНОТО НАТПРЕВАРУВАЊЕ ВО КОЕ МАКЕДОНСКИ ВОЗАЧИ ЌЕ СЕ ИСПРОБААТ НА ВИСТИНСКИ ТРКАЧКИ ПАТЕКИ ВО ЕВРОПА, TWINGO CUP ВИКЕНДОВ ЈА ПОЧНУВА ТРЕТАТА СЕЗОНА. ВОЗЕЊЕ СО ПОДЕДНАКВО ПОДГОТВЕНИ ВОЗИЛА И ШЕСТ РАЗЛИЧНИ ЕВРОПСКИ ПАТЕКИ СЕ ПРЕДИЗВИК ЗА ДЕВЕТТЕМИНА МАКЕДОНЦИ КОИ ОД АПРИЛ ДО ОКТОМВРИ ЌЕ СЕ БОРАТ ЗА ТИТУЛАТА НА СЕЗОНАТА, КОЈА ВКЛУЧУВА И ПАРИЧНА НАГРАДА, НО И ЗА ГЛАВНАТА НАГРАДА ЕЛЕКТРИЧНИОТ АВТОМОБИЛ RENAULT TWIZZY ШТО ЌЕ ГО ДОБИЕ НАЈДОБРИОТ ВОЗАЧ ОД СИТЕ ТРИ СЕЗОНИ.
56
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
T
wingo Cup им нуди можност на натпреварувачите да ги покажат своите возачки способности и да уживаат на патеката. Покрај за Twingo Cup во кое има засега 33 пријавени возачи, истите трки ќе се бодуваат и за FIA CEZ првенството, и за националните првенства на Словенија и на Македонија, а трофеи ќе им бидат доделени и на најдобрите во категоријата „Junior“ за возачи до 23 години, како и категоријата „Gentlemen“ за возачи над 40 години. Организаторот Aутомотив Груп и АКК Рено Спорт Скопје сезонава ќе им овозможат на возачите да имаат вистински предизвик со учество на патеки на кои се вози и Формула 1, а Twingo Cup ќе биде придружен дел од тркачките викенди на одредени патеки каде, исто така, ќе се возат трки од различни серии. „И покрај тешките времиња пред сè поради короната, успеавме да организираме две сезони од Twingo Cup. Секоја сезона одиме чекор напред, следејќи ги амбициите на нашите натпреварувачи. Учиме како клуб, како организатор и како натпреварувачи и секоја сезона сме се подобри. Twingo Cup е подеднакво и натпреварување, и дружење и забава. Најважно е што можеме да покажеме, а и досега покажавме дека и во овој спорт имаме и таленти и зрели возачи. Сезонава првпат ќе возиме на патеки како што се Ред Бул Ринг, Брно и Монца. Тоа се нови предизвици за нашите натпреварувачи, за
нивните можности и чекор напред во нивната афирмацијата, но и на македонскиот авто спортот надвор од државата. Ги знам добро и верувам во момците кои ги управуваат овие „мали количиња“ дека имаат квалитет да се носат со конкуренцијата. Голема благодарност и до спонзорите Аутомотив Груп, С-лизинг, ПСС, Триглав и Агенцијата за млади и спорт кои не следат во оваа европска авантура на Twingo Cup“, вели Зоран Калеников, организаторот на Twingo Cup. Пријавени се 33 возачи од шест држави во Twingo Cup, најбројни се оние од Словенија, а од Македонија ќе има девет возачи. Ќе има и возачи од Србија, Италија, Чешка и Австрија. Во првенството на Македонија ќе се борат девет возачи. Петмина се членови на АКК Рено Спорт Скопје, двајца се од Свифт рејсинг, и по еден член имаат АКК Проспорт и АКК Сити Скопје. Ќе има и двајца дебитанти кои ќе возат на познатите патеки во Европа заедно со другите натпреварувачи. Тоа се Борис Стојменов и Мурис Хамзиќ, кои ќе бидат во возила на AKK Рено Спорт Скопје. Актуелен првак во Automotive Twingo Cup за 2021 година е Давид Малинковски кој лани освои 122 бода и победи на четири од вкупно осум трки, а шестпати беше на пиедесталот. Лани имаше петмина различни победници на трките од Automotive Twingo Cup. • Данчо Здравковски
СПОРТ |
Extrem E – Вовед во шампионатот
ЗА СПАС НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА ПОРАЗЛИЧЕН ОД СÈ ШТО Е ДОСЕГА ВИДЕНО ШАМПИОНАТОТ EXTREME E Е ИНСПИРИРАН ОД НАУЧНАТА ФАНТАСТИКА НА СЕРИЈАЛОТ ВОЈНА НА ЅВЕЗДИТЕ И РЕЛИТО ДАКАР, А СО ЦЕЛ ДА СЕ ПОДИГНЕ ГЛОБАЛНАТА СВЕСТ ЗА ВЛИЈАНИЕТО НА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ
E
xtreme E е сосема нов концепт на мотоспорт, така наречена Одисеја на електричните автомобили, во случајот електрични тркачки теренци, чија цел е подигнување на свесноста на глобално ниво за влијанието на климатските промени врз планетата Земја, односно откривање и запознавање на најдалечните места на нашата планета кои се најпогодени и трпат големи последици токму од климатските промени и ефектот на стаклена градина. На списокот се места како Гренланд, Саудиска Арабија, Чиле,
Сенегал ... Секаде каде што има нарушување на екосистемите од влијанието на човекот. Секој настан има и своја одредена цел, а таа е да се запознае светот со проблемите кои на тоа конкретно место ги предизвикуваат климатските промени и загадувањето. Првиот настан годинава сака да предочи за опустошувањето на она малку обработливи површини кои ги има во Саудиска Арабија и за загадувањето на морето од пластика кое влијае врз губењето на биолошкиот диверзитет во Црвеното море.
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
57
| СПОРТ
ОДИСЕЈ ЗА 21 ВЕК Главен јунак на шампионатот е електричниот теренец Odyssey 21 специјално конструиран за овој вид натпреварување и идентичен за сите тимови. Овој 2,3 m широк тркач изграден околу просторна рамка од цевки од ниобиум челична легура носи два електромотори од по 250 kW што е еквивалент на 550 КС. Тежината од 1.780 kg е условена најмногу од батериите со капацитет од 54 kWh. Odyssey 21 е способен за спринт до темпо 100 за 4,5 sec. и за совладување на стрмнина до 53° или 130% зависно од подлогата. Зелената ќуд на Odyssey 21 ја открива и каросеријата чии панели се изработени од природни влакна од лен. Секој од десетте тима има идентично возило, единствената разлика е во бојата на каросеријата и рекламните налепници. Затоа во Extreme E нагласуваат дека акцентот на шампионатот е ставен врз возачката умешност на екипажите. ЗЕЛЕН ТРАНСПОРТ За транспорт на комплетната инфраструктура на шампионатот Extreme E е задолжен поранешниот британски воен брод St. Helena кој е целосно преработен за потребите на Extreme E и користи поморско дизел гориво со низок процент на сулфур кое го нарекуваат Шампањ. Бродот воедно служи и за одржување на семинари, научни трибини, па дури и за спроведување на научни експерименти благодарение на современата лабораторија со која е опремен. Дури има и сопствена градина во која кујнскиот персонал ги одгледува зеленчукот и зачините кои се користат при приготвување на храната. РАЗЛИЧЕН ОД ДОСЕГА ВИДЕНОТО Концептот на шампионатот Extreme E е поразличен од сè што е досега видено. Инспириран е од имагинарните трки наречени „Pod Racing” од филмскиот серијал Војна на Ѕвездите на кои љубителите на оваа научнофантастична приказна сигурно со задоволство се сеќаваат, но и од релито Дакар. Всушност претставува еден вид спој на овие две натпреварувања, а целта е да се стави фокус на возачкото умеење и способноста на возачот брзо да се прилагоди на предизвикот од различни замки кои ги крие непредвидливиот терен преку кого се вози. Ставен е акцент и на половата еднаквост, па оттука секој тим е составен од два возачи маж и жена кои се менуваат на возачката позиција после секој одвозен круг, а менувањето на позициите е кусо наречено „Switch” или Замена. Овој нов тркачки формат кој ги исправува натпреварувачите пред вистински предизвик да
58
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
се борат еден против друг во директен дуел е составен од пет Гранпри настани кои се нарекуваат Х Prix или Икспри. Секое Икспри се вози во викенд и со себе пакува повеќе квалификациски и финални рунди на директни дуели. Секоја рунда е сочината од два круга, а секој круг покрива далечина од околу 14 километри. По секој завршен круг следува Замена на возачката позиција. Така се промовира половата еднаквост, но се добива и изедначеност на силите меѓу натпреварувачите мажи против жени и обратно. Тимовите тајно одлучуваат кој од возачите ќе стартува прв соодветно на стратегијата која зависи од условите на патеката, и спрема нив прилагодениот возачки стил на тимските другари. Останатите дознаваат кој ќе вози прв во моментите кога возилата ќе се наредат на стартната линија. Секој од возачите во својот круг има право на т.н. „Hyperdrive” односно краткотрајно зголемување на моќноста, а со неа и брзината, кое се активира преку притискање на копче на волан. Времето кога ќе се вклучи „Hyperdrive” е клучно и тоа може да одлучува за победа или пораз. НАТПРЕВАРУВАЧКИ ФОРМАТ И ПОЕНИ Натпреварувачкиот викенд е исполнет со квалификациски сесии во сабота и трки во недела.
КВАЛИФИКАЦИИ Сабота утро првата квалификациска сесија е составена од две рунди со по пет автомобили, секоја рунда се вози два круга со замена на возачите после првиот круг. За тоа кои екипажи влегуваат во првата или во втората рунда одлучува извлекување. Сабота попладне втора квалификациска сесија, две рунди со по пет автомобили, се возат два круга со замена. Позициите на екипажите во втората квалификација се одредуваат според прелиминарните времиња од првата квалификација. После секоја квалификациска рунда се добиваат бодови: 1 место – 5 бода 2 место – 4 бода 3 место – 3 бода 4 место – 2 бода 5 место – 1 бод Овие бодови не влегуваат во бодовното салдо на шампионатот и служат само за одредување на квалификациската позиција на тимот за во финалето. Збирот на бодовите од двете квалификациски сесии ја одредуваат позицијата на тимот во финалето.
СПОРТ |
БОДУВАЊЕ ЗА ШАМПИОНАТОТ Бодување за титулата во шампионатот на Extreme E е исто како и во Светскиот шампионат во рели. Но, има мал трик за освојување на 6 место. Било кој од двата тима што завршиле на 3 место во Полуфинале 1 и Полуфинале 2 имаат шанса да го освојат шестото место. Кому ќе му припадне зависи од тоа кој ќе има подобро време во специјалната рунда Continental Traction Challenge или Супер Сектор, која се вози на крај од тркачкиот викенд. А целосниот преглед личи вака: 1 место – 25 бода (Победник во Финале) 2 место – 18 бода (Второ место во Финале) 3 место – 15 бода (Трето место во Финале) 4 место – 12 бода (Четврто место во Финале) 5 место – 10 бода (Петто место во Финале) 6 место – 8 бода (3 место од Полуфинале 1 или Полуфинале 2 и најдобро време на Continental Traction Challenge) 7 место – 6 бода (3 место од Полуфинале 1 или Полуфинале 2) 8 место – 4 бода (2 место во Луда Трка) 9 место – 2 бода (3 место во Луда Трка) 10 место – 1 бода (4 место во Луда Трка)
ФИНАЛЕ Недела утро стартуваат финалните рунди. Финалето е сочинато од вкупно три полуфинални рунди наречени: Полуфинале 1, Полуфинале 2 и Луда Трка. Распределбата кој тим во која рунда ќе вози зависи од освоените бодови и соодветно на тоа освоените позициите во квалификациите. Правилата велат дека распределбата оди на следниот начин:
1 место – Полуфинале 1 2 место – Полуфинале 2 3 место – Полуфинале 2 4 место – Полуфинале 1 5 место – Полуфинале 1 6 место – Полуфинале 2 7 место – Луда Трка 8 место – Луда Трка 9 место – Луда Трка 10 место – Луда Трка Полуфинале 1 – Рунда со три автомобили, првите двајца одат во финале Полуфинале 2 – Рунда со три автомобили, првите двајца одат во финале Луда Трка 1 – Рунда со четири автомобили, првиот оди во финале Финале – Рунда со пет автомобили: Првите тројца одат на подиум
CONTINENTAL TRACTION CHALLENGE Специјалниот предизвик на Continental Traction Challenge или Супер Сектор, како што е наречена оваа рунда, се вози на крајот од викендот и во неа учествуваат сите тимови изедначено без оглед на остварувањето од претходните трки. Оној тим што ќе победи во овој предизвик ќе освои 5 бода кои влегуваат во бодовите од шампионатот. Затоа без оглед на исходот од претходните трки петте бода се добар поттик за да се биде најбрз во овој предизвик. ДЕСЕТ ТИМА ЗА ДЕСЕТКА Во годинешната сезона учествуваат десет тима секој со по два возачи. Првата трка веќе се одржа низ најдолгата непрекината песочна пустината на светот во Саудиска Арабија во близина на градот Неом. На првото Арабиско Икспри победи тимот на Нико Розберг, Rosberg X Racing, со возачката постава Јохан Кристоферсон и Микаела Алин-Котулински. Тие ги освоија и дополнителните 5 бода од предизвикот на Continental и сега се водечки во шампионатот. Следниот предизвик за кој ќе стане збор во овие редови е Исланд Икспри кое се вози на Сардинија на 07 и 08 мај каде ќе продолжиме со запознавањето на тимовите и специфичностите поврзани со шампионатот на Extreme E. Следењето на трките во живо оди исклучиво преку каналот на Екстреме Е на YouTube. • Љубомир Анастасовски
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
59
| АМСМ
СЕМЕЈНО ЧЛЕНСТВО - СПОДЕЛЕТЕ ГИ ЧЛЕНСКИТЕ УСЛУГИ СО НАЈБЛИСКИТЕ АКО ДОСЕГА ЧЛЕНСКИТЕ УСЛУГИ, ОСОБЕНО ОНИЕ ЗА ПОМОШ НА ПАТ И ШЛЕПУВАЊЕ, МОЖЕВТЕ ДА ГИ КОРИСТИТЕ САМО ЗА ВАС ЛИЧНО, КАКО НАШИ ЧЛЕНОВИ, ОТСЕГА СО ОПЦИЈАТА ЗА СЕМЕЈНО ЧЛЕНСТВО, ЧЛЕНСКИТЕ УСЛУГИ МОЖЕТЕ ДА ГИ СПОДЕЛИТЕ И СО СВОИТЕ НАЈБЛИСКИ. АМСМ семејното членство ви овозможува услугите од својата АМСМ членска картичка да ги споделите со членовите на вашето семејство. Користењето на опцијата семејно членство има повеќе предности: • ЗАШТЕДУВАТЕ. Годишниот надомест за семејно членство е неколкупати помал од цената на АМСМ членската картичка. Наместо повеќе членски картички во едно семејство, сега имате можност за една членска картичка со повеќе корисници. • МАКСИМАЛНО ГИ КОРИСТИТЕ ИНТЕРВЕНЦИИТЕ за помош на пат и шлепување. Со оглед на тоа дека во членскиот пакет се вклучени повеќе интервенции, веројатноста дека ќе ги искористите е поголема со додавање на членови од вашето семејство како корисници. • ЦЕЛОТО СЕМЕЈСТВО ШТЕДИ! Користејќи ја опцијата за семејно членство, на своите најблиски им овозможувате пристап до попусти во повеќе од 250 внимателно избрани АМСМ Партнер продажни места во земјава и во над 25.000 продавници и туристички атракции кои се дел од Show your Card! програмата само во Европа. Семејна членска картичка можете да извадите во моментот на зачленување, но и подоцна, во тек на траење на вашата АМСМ членска картичка.
60
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
Дополнителна Classic семејна членска картичка чини 390,00ден, а дополнителна семејна Europe Premium членска картичка чини 690,00ден. Семејна членска картичка можете да извадите и онлајн на www.amsm.mk. Споделете ги услугите и патувајте БЕЗГРИЖНО! Повеќе информации 02/3181-108 •
СЕМЕЈНO ЧЛЕНСТВО
СПОДЕЛЕТЕ ГИ ПОВОЛНОСТИТЕ СО НАЈБЛИСКИТЕ! ЕДНА КАРТИЧКА, ИСТИ УСЛУГИ, ПОВЕЌЕ КОРИСНИЦИ!
02/3181-181
www.amsm.mk 04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
61
ПОМОШ НА ПАТ
ПРОФЕСИОНАЛЕН СЕРВИС ЗА ВАШЕТО ВОЗИЛО
АМСМ - ЦЕНТАР, СКОПЈЕ
www.amsm.mk 62
04.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
02/3181-133