02.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk
1
2
02.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk
ВОВЕД
ИСКОРИСТЕТЕ ЈА АМСМ ПАРТНЕР ПРОГРАМАТА!
АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ Членско списание ИЗДАВАЧ: АВТО-МОТО СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-181 Факс: 02/ 3181-119 amsm@amsm.com.mk www.amsm.mk ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: Маргита Поповска ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН: Гоце Велески РЕДАКЦИЈА: ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-351 Факс: 02/ 3181-349 redakcija@amsm.com.mk www.amsmklubmobiliti.mk
ИЗДАВАЧКИ СОВЕТ: проф. д-р Спасе Јовковски (претседател) проф. д-р Иво Дукоски (член) Калинка Танеска (член) Јован Теговски (член) Миле Атанасов (член) Димитар Пендов Митко Смилков
НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ: Жарко Атанасоски Љубомир Анастасовски Данчо Здравковски Андријан Трипунов Александар Табаковски Игор Ландсберг
ТИРАЖ: 10.000 примероци
Во новата година сите имаат многу желби поврзани со нешто ново, поубаво, да се носи облека по најнова мода, да се купи нов автомобил, да се посети некој добар ресторан, да се ужива во реномиран хотел... едноставно да се случуваат убави работи што ќе означат нов почеток. Сето тоа да се издржи финансиски, за некого можеби е енигма, но не и за нашите АМСМ-членови. Едноставно, со АМСМ членската картичка искористете ги попустите што ги нудат повеќе од 200 наши АМСМ-партнери. Улогата на АМСМ Партнер програмата е Вие, нашите членови, да се почувствувате привилегирани со што ви се овозможува да купувате со попуст. Оваа програма овозможува погодности при купување на разни асортимани на производи и услуги. Попустите ги добивате на сите малопродажни локации што ја носат ознаката АМСМ ПАРТНЕР. Тоа подразбира можност за користење попусти во реномирани хотели, ресторани, кафулиња, бутици, продавници за бела техника, салони за убавина, стоматолошки ординации, продавници за спортска опрема, продавници за миленици... АМСМ Партнер програмата можaт да ја користат сите членови што ги поседуваат членските пакети за физички лица. Тоа се АМСМ членските пакети: Класик, Европа премиум и Лајт. Но, АМСМ со своите членски пакети нуди уште повеќе можности. Како дел од ARC Europe, асоцијација на водечките европски автомото клубови, АМСМ ви обезбедува пристап до една од најголемите програми за лојалност во светот, со повеќе од 115.000.000 членови во повеќе од 70 земји. Програмата Show your Card! или накратко SyC!, достапна каде било во Европа, САД и во Канада, ви нуди ексклузивна можност за попусти, дополнителни бенефиции и заштеди во познати светски синџир хотели, рентакар агенции, туристички атракции и во повеќе од 25.000 продавници само во Европа. И сè ова како наши членови ви е достапно само со покажување на АМСМ-членската картичка. Следното издание на АМСМ Клуб Мобилити очекувајте го во март 2021 на вашата меил адреса и на веб страницата www.amsmklubmobiliti.mk
ПЕЧАТИ: Печатница „Серафимовски“ - Скопје БАНКА: Комерцијална Банка А.Д. Скопје
Маргита ПОПОВСКА главен и одговорен уредник
ЖИРО-СМЕТКА: 300000000915716 ЕДИНСТВЕН ДАНОЧЕН БРОЈ: 4030991238264 ISSN 1857-6133
© Сите права се заштитени. Овој труд не смее да биде преведен или копиран во целина или негов дел без дозвола на издавачот. Забрането е било какво складирање и архивирање, електронско прилагодување, компјутерско програмирање или користење со некоја слична или различна технологија позната до денес или која ќе се развие во иднина.
Почитувани членови на АМСМ, Ве повикуваме на нашата е-маил адреса redakcija@amsm.com.mk да ни ги испратите своите е-маил адреси за да можеме да ви го доставиме интернет-изданието на списанието „АМСМ Клуб Мобилити“.
02.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk
3
4
02.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk
НОВОСТИ 7 10
12
СЕДУМТЕ ВОИНИ СЕ ПОДГОТВЕНИ ЕЛЕКТРИЧЕН ПОГОН ЗА „ЧЕТВОРКАТА“ АВТО-МОТО
12
ТЕМПЕРАМЕНТ ШТО ГИ БУДИ СЕТИЛАТА ТЕСТОВИ И СОВЕТИ
24
ЗОШТО ЗИМСКИ, А НЕ ЛЕТНИ... СТИЛ
25
АДЕКВАТНА ПРОТЕИНСКА ИСХРАНА
27
ПАТУВАЊЕ 27
СТАРОТО И НОВОТО ВО ИЛЈАДАГОДИШНО ПОСТОЕЊЕ НI-TECH
31
ИГРАЧКА ВО ВИД НА НАЈСОВРЕМЕНО ЛЕТАЛО ИСТОРИЈА
32
ЛЕГЕНДАТА НАПОЛНИ 75 ГОДИНИ СПОРТ
34
ГОДИНИ НА ДОМИНАЦИЈА
36
СТАРТОТ НА СЕЗОНАТА ПОМЕСТЕН ЗА ФЕВРУАРИ
39
НА СТАРТОТ СЕПАК БЕЗ МАРКЕЗ
44
ТРИ ТИМА ОД ЗЛАТНАТА СРЕДИНА СЕ
34
ПОДГОТВУВААТ ЗА „ДРЖАВЕН УДАР“
02.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk
5
СРБИЈА
ХРВАТСКА
Највисока дозволена брзина: Во населени места-сите возила 50 км на час Надвор од населени места-Автомобили, моторцикли-Автопат 120 км на час Останати патишта 100-80 км на час Автомобили со приколка-На сите патишта 80 км на час
Највисока дозволена брзина: Во населени места има ограничување на брзината за автомобил и моторцикл од 50 км на час На автопат ограничувањето за автомобил и моторцикл е 130 км на час На останати патишта ограниченоста е од 90-110 км на час
Употреба на мобилен телефон За време на возење е забранета употреба на мобилен телефон. Казна 50 евра. Дозволена е употреба на HANDS FREE.
Употреба на мобилен телефон За време на возење е забранета употребата на мобилен телефон. Казна 500 куни. Дозволена е употребата на HANDS FREE.
Дозволено количество на алкохол Дозволено количество на алкохол во крвта е 0,03%, 0% за професионални возачи, но доколку медицинското испитување укаже на нарушени нормални функции, возачот може да се казни без оглед на нивото на алкохол во крвта.
Дозволено количество на алкохол Дозволено количество на алкохол во крвта 0,05%, освен за возачите кои управуваат со возила носивост над 3,5 тони, професионални возачи и млади возачи до 24 год, кај кои толеранција е 0,00%.
Поважни телефони: Полиција-192, Амбуланта-194, Пожарна-193, АМСС (помош-информации) 00 381 11 1987/00 381 11 333 1200 (во Србија само 1987).
Поважни телефони: Полиција 92 или 112 Амбуланта 94, или 112 Пожарна 93, или 112 ХАК (инфо центар) +385 1 464 0800 (потоа бирајте 0) од Хрватска 062 777 777 ХАК (помош на пат) 1987 или (од мобилен +385 1 1987).
ЦРНА ГОРА
АЛБАНИЈА
Највисока дозволена брзина: Во населени места-сите возила-50 км на час Надвор од населени места-Автомобили, моторцикли, брзи патишта-100 км на час Останати патишта 80 км на час Автомобили со приколка на сите патишта-80 км на час
Највисока дозволена брзина: Во населени места има ограничување на брзината од 40 км на час На автопат ограничувањето е 110 км на час. На останати патишта максимална дозволена брзина е 80/90 км на час
Употреба на мобилен телефон За време на возење во Црна Гора е забранета употребата на мобилен телефон, казна 60-150 евра. Дозволена е употребата на HANDS FREE. Дозволено количество на алкохол Дозволено количество на алкохол во крвта е 0,03%, но доколку медицинското испитување укаже на нарушени нормални функции, возачот може да се казни без оглед на нивото на алкохол во крвта. Поважни телефони: Полиција 122/112, Амбуланта 124/112, Противпожарна бригада 123/112 АМСЦГ (инфо центар) +382 20 234 635 АМСЦГ (аларм центар) +382 20 19807/20 234 999, или 19807 6
02.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk
Употреба на мобилен телефон За време на возење е забранета употребата на мобилен телефон. Казна од 1.000 до 4.000 АЛЛ Дозволено количество на алкохол Возење под влијание на алкохол е најстрого забрането. Дозволено ниво е 0.01 % Поважни телефони: Полиција 129 Амбуланта 127 Пожарна 128, АЦА (помош на пат) 139 АЦА (инфо центар) +355 4 2387 017 (раб. вр. 24ч) +355 66 4001 222 +355 69 4001 222
НОВОСТИ
АВТОМОБИЛ НА ГОДИНАТА ЗА 2021
СЕДУМТЕ ВОИНИ СЕ ПОДГОТВЕНИ
Г
одинашниов избор за Автомобил на годината нема да биде во скратено издание иако така изгледа поради намалениот број кандидати, само 29. Причина за ваквите прилики во таборот на организацијата, одговорна за тестирање на возилата и доделување на наградата, е добро позната на сите затоа не мора да ја спомнуваме. Прогласувањето на победникот и доделувањето на наградата се одржува во Женева, односно на големата светска автомобилска манифестација која секоја година се организира во првата третина од месец март. Поради неприликите во светски рамки минатогодишното издание беше откажано, а како што одат работите и годинава халите на Палекспо ќе бидат празни. Засега нема никакви најави за откажување на манифестацијата, ниту се потврдени гласините за одржување на големиот собир на автомобилите. Како што спомнавме, во годинашниов избор учествуваат 29 кандидати: „ауди а 3“, „бмв 2 гран купе“, „бмв 4“, „цитроен ц 4“, „купра форментор“, „дачија сандеро“, „фиат 500“, „форд експлорер“, „форд куга“, „хонда е“, „хонда џез“, „хјундаи и 10“, „хјундаи и 20“, „хјундаи туксон“, „киа соренто“, „ленд ровер дефендер“, „мазда м икс 30“, „мерцедес бенц г л а“, „мерцедес бенц г л б“, „мерцедес бенц глс“, „мерцедес бенц с класа“, „пежо 2008“, „полстер 2“, „сеат леон“, „шкода октавија“, „тојота мираи“, „тојота ја-
рис“, „фолксваген голф“ и „фолксваген и д. 3“. Од овие пријавени жирито одбра седум автомобили кои влегуваат во завршниот круг каде се бира победникот. Тие седуммина величенствени ги предводи „цитроен ц 4“ кој во себе ја носи тежината на производителот светски познат по авангардниот дизајн–не секогаш, но неретко умее да изненади со невидени облици. По него следи марката Купра и нејзиниот модел „форментор“. Производителот е релативно нов во светот на автомобилите, поточно тоа е своевидна премиум марка на Сеат, или ако сакате спортска марка на Сеат. Според азбуката третиот избраник за титулата е новиот „фиат 500“, еден од леген-
дарните автомобили на Фиат првично обликуван од мајсторот на својот занает, Данте Џиакоза. Овој модел е носител на титулата од 2008 година. Четвртиот избраник е новата генерација од моделот „дефендер“, теренско возило чија татковина се пустините, степите, тундрите и џунглите, а е во сопственост на Ленд Ровер. Сега на ред е Шкода со нејзината „октавија“. Спомнатиот модел, како што одминува времето, така автомобилот се претвора во сериозна лимузина заедно со нејзината караван изведба. „Тојота јарис“ го носи товарот на титулата и затоа заедно мора да биде најподготвена за освојување на годинашнава. Не е мала работа да се биде носител на титула „Автомобил на годинава во Европа за 2000“ и тоа при првото појавување пред светската јавност. И пред неговото првично претставување „фолксваген и д. 3“ беше многу фален посебно во гласилата кои ја пратат автомобилската индустрија, да видиме дали така мисли и жирито кое ја доделува титулата Автомобил на годината. • Жарко Атанасоски
02.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk
7
НОВОСТИ
PICASSO PS-01
УМЕТНОСТ ВО ЗЕМЈАТА НА ЧОКОЛАДОТО
Н
овава година донесе и една сосема нова марка чија главна дејност е производство на автомобили. Новопечената марка доаѓа од земјата на чоколадото, часовниците, од земјата каде умеат со парите и златото, а нејзиното име е Пикасо. Првиот модел именуван како „пс 01“, е малку повеќе од само друмски автомобил, а зошто е тоа така, следи образложение. Класика од купе, тежина од само 900 кг, односно за постигнување на таква тежина задолжително е да се употребат карбонските влакна заедно со нивните соединенија со видоизменети хемиски формули. Првичните извештаи откриваат многу малку
за супер (хипер) автомобилот. Тоа е така затоа што производителот сè уште мудро ги крие деталите, ќе откриваат еден по еден детаљ, а ние новинарите ќе пишуваме за секој од нив. Класичен пример како нешто се рекламира во светски рамки, но за без пари. Велат погонската единица е V6 со двоен турбо компресор позајмена од некоја од тие поопасните италијански работилници. Околу 900 кг тежина и 600 КС, односно 1,5 коњски сили на еден килограм тежина. Ова е еднакво на болид во друмско пакување. Којзнае каква скулптура од чоколадо подготвуваат „швајцарските мајстори“ од Пикасо Аутомотив, но едно е сигурно, нема да биде полнето
со бадеми, лешници, фстаци или нешто слично, туку со „олинс“ амортизери, „карбо брејк“ сопирачки систем, со менувачка кутија од „садев“ и со што уште нè. Производителот Пикасо Аутомотив со седиште во Лугано, крие многу крупни нешта, а за детали и да не зборуваме, за нив речиси ништо не се знае. Во вакви случаи треба да се биде на штрек и будно да се пратат збиднувањата таму каде чоколадото, парите, златото и часовниците се на прво место. Ова е втор пат автомобилската индустрија да го користи името Пикасо. Првиот пат како модел на Цитроен, а сега како марка. •
Имено, Хјундаи наскоро треба да претстави возило за забава (спорт јутилити викл – сув) наречено „бајон“. Ништо спектакуларно на прв поглед, нели!? Сепак, Хјундаи вели дека неговиот сув ќе биде најевтиниот од сите кои се продаваат на европскиот пазар, а слично ќе биде и на останатите пазари или барем на поголем дел од нив. Светот сега најмногу сака сув и воедно тие возила се најпродаваните. Затоа секој производител во својата програма има најмалку по два до три, а некои и по-
веќе. Хјундаи оди на картата да му „подари“ на светот сув возило, но за мали пари. Многу одамна овој потег го направи Фиат кога ја моторизираше татковината веднаш по Втората светска војна, а му помогна Ламборџини, но во делот на земјоделието, во производството на современа земјоделска механизација. Истото го направи Форд со моделот „т“. Тоа се случи околу половина век порано од Фиат и Ламборџини. Ако Хјундаи успее да направи сув возило со најниска цена во класата, а притоа да ги задоволи основните потреби на едно семејство, тогаш бидете сигурни дека овој производител ќе го одбележи веков со својот потег и ќе влезе во автомобилската историја. Во својот првичен извештај пропратен со две фотографии, едната од патничкиот оддел, а другата од надворешниот дизајн, Хјундаи неколку пати наведува дека тргнува да прави сув достапен за поширок круг купувачи, односно сув за секого. Нема некои позначајни податоци, освен што возилото наречено „бајон“ ќе ја има линијата (дизајнот) од новиот „хјундаи и 20“ и малку од моделот „кона“. Тоа од прилика значи дека „хјундаи бајон“ ќе располага со должина од околу 4,2 до максимални 4,25 метри. Ќе биде повеќе од занимливо да се следи Хјундаи и да видиме што ќе претстави пред светот. Велат „хјундаи бајон“ ќе се појави во продажните салони заедно со раната пролет, а ќе бие битка на пазарот со „тојота јарис крос“ и „форд пума“. •
HYUNDAI BAYON
НАЈЕВТИНИОТ СУВ (!?)
Н
ештата се одвиваат според тоа како што некогаш кажале „модата се враќа“, тогаш бидете сигурни дека Хјундаи е на добар пат да си го оствари планот и воедно да постави рекордни продажни резултати. Сега ќе објасниме зошто е тоа така. Околу две децении корејскиот производител на моторни возила тргна да го освојува светот. Таа офанзива продолжува и денес, но сега употребува поинаква тактика, односно тактика која е веќе видена, но подзаборавена и од тие што први ја применија и имаа големи продажни резултати.
8
02.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk
НОВОСТИ
HONDA HR-V
ВО ПРЕСРЕТ НА ТРЕТА ГЕНЕРАЦИЈА
Е
ден цртеж на кој е прикажано задното крило, стаклото од патничкиот оддел и дел од стоп светлото. Тоа е сè што Хонда подготви во пресрет на светската премиера на третата генерација од моделот „хр-в“, која е закажана за 18 февруари. Од цртежов не може ништо да се каже за дизајнот или за било што друго. Спомнатиот модел мора да биде во чекор со конкуренцијата
(„митсубиши а с икс“, „киа селтос“, „хјундаи кона“, нисан кашкаи“ итн.) и затоа возилото ќе биде од корен ново. Ќе биде задвижувано од хибриден погон и според првите „озборувања“ моторот со внатрешно согорување има зафатнина од 1,5 литри (веќе познатиот и – втек), додека електричниот погон го сочинуваат два електромотори. Во зависност од пазарот за кој ќе биде наменета третата
генерација „х р – в“, во моделот ќе се вградуваат две менувачки кутии, обична и автоматска кои ќе вршат пренос на силината на две, односно четири тркала. Цената не е објавена, но сигурно моделот со погон на сите тркала ќе биде меѓу поскапите изведби. Да почекаме до 18 февруари кога ќе бидат обелоденети сите податоци за новиот хондин сув „х р – в“. •
02.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk
9
НОВОСТИ
BMW M4
ЕЛЕКТРИЧЕН ПОГОН ЗА „ЧЕТВОРКАТА“
Р
аботите во автомобилската индустрија се испревртуваат. БМВ најави електричен погон за „четворката“, но не беше конкретен дали погонот ќе биде целосно електричен, хибриден, или, пак, со оној умерен (48 волтен) хибриден погон. При првичното претставување на „четворката“ во 2020 година, најавија дека купе изведбата ќе поседува мотор со над 500 КС. Ако е така, а така е,
тогаш БМВ го посочува громогласниот V8 мотор кој има способност да го понесе возилото до 100 км/ч тргнувајќи од место за 4,0 секунди. И сега се прашувате зошто на почетокот напишавме дека работите во автомобилската индустрија се изместуваат. Сега ќе објасниме. Киа најави спортски модел со силина доволна да предизвика забрзување од 0 до 100 км/ч за
само 3,5 секунди, но нагласува дека автомобилот нема да биде од рангот на „м“ серијата од БМВ. Нешто подготвуваат, но никој ништо не кажува што точно ќе претстави. Светската премиера на електричниот „бмв м 4“ ја очекуваме годинава во последните денови од јуни и почетокот на јули. •
KIA
ЕЛЕКТРИЧЕН СПОРТИСТ ВО НАЈАВА
Д
еновиве се дигна малку повеќе прашина кога Киа го обелодени својот план за наредните петнаесетина месеци во кои треба да лансира девет електромобили од кои еден ќе биде спортски. Токму тој, спортскиот, предизвика внимание кај светската јавност. Според првичните сознанија и како што велат официјалните соопштенија, автомобилот нема да биде ниту од класата „н“ во сопственост на „колегата“ Хјундаи, а уште помалку ќе биде конкурент на изведбите „м“ и „амг“. Не дека автомбилот нема да биде брз, но фабриката нема интерес од истиот да прави изведба наменета и за тркачките патеки. Киа ќе се задржи на класата „гран туризмо“, а конструкторите велат дека силината нема да му недостасува на спортскиот модел, туку ќе ја има на претек, а тоа се приметува од забрзувањето, од 0 до 100 км/ч за само 3,5 секунди. Со овој модел Киа сака да има претставник во светот на спортските автомобили, не од типот на
10
02.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk
врвните спортски автомобили, но затоа ќе биде дел од егзотиката. Најавата која стигна директно од првиот човек на компанијата, Хо-Сунг Сонг, не
содржеше датум кога „спортистот“ ќе истрча на асфалт. •
HR.NET како интегрирано решение овозможува да се соберат и поврзат податоци за целиот работен циклус на еден вработен, од моментот кога вработениот е само кандидат за вработување, селекција, воведување, развој, евалуација и промоција.
Автоматизација на административните процеси со вграден систем на нотификации
Единствено досие на вработениот и лесен пристап до потребните информации
Фокусирање на вистински предизвици како управување со таленти
Усогласеност со законска регулатива
Елиминација на повторувачки внес на податоци
Собирање и поврзување на податоците за целиот работен циклус на вработените на едно место
02.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk
11
AВТО-МОТО
Тест: Seat Leon FR 1.5 eTSI 150 DSG
ТЕМПЕРАМЕНТ ШТО ГИ БУДИ СЕТИЛАТА ШПАНСКИОТ ТЕМПЕРАМЕНТ ПРЕТОЧЕН ВО LEON FR ВЕРНО ЈА ПРОДОЛЖУВА ТРАДИЦИЈАТА НА БРЕНДОТ ПОЛН СО ЕМОЦИИ. СПАКУВАН СО МНОШТВО НАПРЕДНА ТЕХНОЛОГИЈА, ВОЗНИ КАРАКТЕРИСТИКИ КОИ СЕ ЗАДОЛЖЕНИ ДА ГИ ИСПОЛНАТ ВИСОКИТЕ ОЧЕКУВАЊА НА ЕНТУЗИЈАСТИТЕ И СОФИСТИЦИРАН ИЗГЛЕД, ПРАВАТ ДА БИДЕ ЕДЕН ОД НАЈАТРАКТИВНИТЕ АВТОМОБИЛИ ВО С-СЕГМЕНТОТ.
С
е поприсутните кросовери и SUV возила жестоко ги напаѓаат класичните хечбек автомобили кои пополека го губат здивот во оваа битка. За воља на вистината повеќето производители сè уште веруваат дека за нив има место, а во оваа група спаѓа и шпанскиот Seat, кој со новата генерација на моделот „Leon“ докажува дека забавните хечбек автомобили се сè уште релевантен фактор. ЕВОЛУЦИЈА НА СТИЛОТ Новата 4-та генерација на Leon е обликувана на начин што се потпира кон еволутивниот пристап на дизајнирање. Причината лежи во тоа што претходната генерација на Leon поседуваше привлечен и спортски екстериер кој беше одлично прифатен од публиката. За да се
12
02.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk
задржи зацртаниот правец и да се подигне на повисоко ниво работено е во правец за надополнување на индивидуалност. Затоа велиме дека новиот Leon е едно навистина уредно парче дизајн со слободен и забавен карактер што скрива многу мали детали низ целата надворешност споени во една целина која одлично го претставува неговиот темперамент. Печатот на предниот дел кој заедно го создаваат дневните LED светла слични на големиот SUV Tarraco, обликот на поклопецот од моторот и горниот дел од решетката на ладилникот му даваат на моделот Leon визуелен идентитет што го дефинира како ултрамодерен претставник на компанијата. Сликата продолжува одзади каде дизајнерите од Seat додаваат светла лента по целата ширина на
задниот дел од автомобилот со прилично возбудлива кореографија. Според спецификациите тестираниот примерок обоен во карактеристична црвена боја поседуваше FR пакет на опременост, што значи дека автомобилот е поставен на поголеми, 18 инчни ,,Performance” алуминимски бандажи, поседува спортски додатоци на долниот дел од каросеријата и ретровизори со сатенски ефект. Вака спакуван Leon изгледа дополнително впечатлив и спортски без тоа гласно да го кажува. ДИГИТАЛНА ФИЛОЗОФИЈА За надворешноста велиме дека е инспирирана од претходната генерација, но кога ќе се отворат вратите на новиот Leon ве дочекува комплетно нов пристап на градење и начин на размислување. Уре-
АВТО-МОТО
дувањето го следи примерот на новата дигитална филозофија која е креирана од принципалот што воедно подразбира минималистички пристап кон хардверските елементи и максимална употреба на напредна технологија за приказ на сите информации и командување со речиси сите секундарни функции. Затоа пред возачот е поставен голем мултифункционален екран на кој освен стандардните мерачи на брзина и вртежи на моторот може да прикаже целосна карта на навигацискиот систем... Вториот екран, осетлив на допир има димензии од 10 инчи, наменет е за инфотејмент системот и е поставен високо на централниот гребен, во неговото подножје се поставени т.н ,,слајдери” за подесување на температурата и командување со јачината на звукот од аудио уредот. За жал физички прекинувачи воопшто не постојат, но добро е што за при-
викнување и управувањето со командите не е потребен подолг период. Просторот на предниот дел од кабината е извонредно организиран, седиштата иако се со спортски карактеристики и нудат добра потпора во сите правци поседуваат одлични пропорции во кои се седи многу удобно. Патниците на задната клупа го уживаат бенефитот на продолженото меѓуоскино растојание и зголемената севкупна должина на автомобилот, бидејќи речиси целиот дополнителен простор е наменет за подобрување на комфорот за патниците на задниот дел. Габаритот на багажниот дел изнесува 380 литри кои се изведени максимално рационално во однос на ширината и длабочината. Во целина создадена е многу напредна и допадлива внатрешност која ја краси спортска нота што воедно дозволува да се истакне и комфорната страна на Leon FR.
ПРИМЕРЕН СПОРТИСТ Новата генерација на Leon доаѓа со богата палета на двигатели, бензински, дизелски, „плаг-ин хибрид” и „мајлд хибрид” опции, подготвен да ги задоволи сите вкусови и потреби. Во тестираниот примерок работеше 1.5 литарскиот еTSI турбо бензински агрегат кој покрај сите класични компоненти е збогатен со лесна 48-волтна електро хибридна технологија и мала литиум-јонска батерија. Оваа технологија овозможува функција за краткорочно засилување, можност за краткотраен „coasting” и деактивирање на два од четирите цилиндри, сè со цел да се намали потрошувачката на гориво и испуштањето на штетни издувни гасови, а за цело време да не го одвлече вниманието на возачот. Новиот Leon FR со оваа моторизација го одржува спортското ветување, неговите 150 КС и 250 Нм влечна сила одлично
11.2020 02.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk | www.amsmklubmobiliti.mk
13
АВТО-МОТО
ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ВОЗИЛОТО
соработуваат со прецизно пресметаниот 7 степен автоматски DSG менувач кој реагира правовремено и со висок степен на агилност. Во оваа конфигурација Leon FR нуди неколку „модови“ на возање: Eco, Normal и Sport, или, пак, Individual начин на работа преку кој може да се подесат повеќето функции по желба на возачот. За забрзување до 100 км/ч потребни се 8,5 секунди, додека максималната брзина изнесува 216 км/ч. а за цело време потрошувачката изнесуваше 8,2 литри на 100 км. Подвозјето на Leon FR иако е спортски сетирано делува доста рафинирано, дури и со тркала од 18 инчи ги впива нерамнините на патот на начин што не ја нарушува удобноста при возењето. На автопат, на отворен пат или во град, Leon е секогаш подготвен да одговори на предизвикот поставен од возачот следејќи ги зададе-
14
02.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk
МОТОР:
ЧЕТИРИЦИЛИНДРИЧЕН ТУРБО БЕНЗИНЕЦ
ЗАФАТНИНА:
1.498 СМ3
МОЌНОСТ:
150 КС При 5.000 врт/мин.
МЕНУВАЧ:
7 СТЕПЕН АВТОМАТСКИ
ПОГОН:
НА ПРЕДНИТЕ ТРКАЛА
ОБЕСУВАЊЕ НА ТРКАЛА:
НАПРЕД: MCPHERSON НАЗАД: MULTI LINK
СОПИРАЧКИ:
НАПРЕД: ВЕНТИЛИРАЧКИ ДИСКОВИ НАЗАД: ДИСКОВИ
ГУМИ:
НАПРЕД 225/40 R18 ПОЗАДИ 225/40 R18
МАСА НА ВОЗИЛОТО:
1.360 КГ
ДИМЕНЗИИ: Д/Ш/В: 4.368X1.800X1.442 ММ ЗАБРЗУВАЊЕ ОД 0 ДО 100 КМ/Ч:
8,4 СЕКУНДИ
ПРОСЕЧНА ПОТРОШУВАЧКА:
4.8 Л/100 КМ
МАКСИМАЛНА БРЗИНА:
216 КМ/Ч
ЦЕНА НА ТЕСТ МОДЕЛОТ
25.500 €
ните команди без поговор. Новиот Seat Leon FR ги буди сетилата, претварајќи го секојдневното возење во забава со што потврдува дека хечбек моделите сè уште имаат нешто што кросовери и SUV моделите не можат да и го понудат на публиката. • Данчо Здравковски
ЗНАМ КОГА СУМ СИГУРЕН
www.insumak.mk
Несреќен случај (незгода)
Каско-осигурување на моторни возила
Домаќинство
Пожар и некои други опасности
Провална кражба и разбојништво
Машини, инсталации и апарати
Пакет за деловни субјекти
02.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk
15
АВТО-МОТО
Претставуваме LAMBORGHINI SC20
УНИКАТ ДОСТОЕН ДА ГО СЛАВИ РАЗБЕСНЕТИОТ БИК СОЗДАДЕН ОД ТРКАЧКОТО ОДДЕЛЕНИЕ НА LAMBORGHINI, SQUADRA CORSE, ОТВОРЕНИОТ ТРКАЧ ХОМОЛОГИРАН ЗА НА УЛИЦА Е УНИКАТЕН ПРИМЕРОК КОЈ ПЛЕНИ СО СВОЈОТ СТАС, ГЛАС И БЕСНОТИЛАК ОД ПЕРФОРМАНСИ.
Г
орделиво да се носи славата на една одгледувачница на змееви е тешко бреме кое не простува грешки. Во светот на автомобилите тоа е јасно како бел ден. Затоа во Lamborghini внимателно го негуваат своето наследство и задираат во иднината, начнувајќи ги прашањата што би требало да се очекува од марка која носи слава на спортска легенда. Затоа, од време на време, екскурзиите во непознатото кои боцкаат во љубопитноста на октанските зависници, љубителите на марката и се разбира на клиентите, ја креваат марката на пиедестал кого секако го заслужува. Сведоци сме на проект создаден од Lamborghini Squadra Corse, спортското одделение на Lambogrhini, кое покрај тоа што го води сервисот за мотоспорт е задолжено и да создава уникатни примероци својствени само за марката од Сент`Агата Болоњезе.
16
02.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk
ТРКАЧ ХОМОЛОГИРАН ЗА НА УЛИЦА Пред нас е Lamborghini SC20, отворен тркач хомологиран за на улица и втор по ред уникатен примерок создаден од Lamborghini Squadra Corse. Како и неговиот претходник, уникатниот SC18 Alston кој беше претставен пред две години, така и SC20 e целосно дизајниран во стилистичкиот центар на Lamborghini, Centro Stile. SC20 е создаден следејќи ги желбите на клиентот кој бил инволвиран во проектот од првите скици направени на хартија од дизајнерите на Lamborghini, па сè до неговата изработка. Желбата на клиентот била да се создаде уникатен автомобил екстремен како со дизајн, така и со перформанси. Затоа во него се компонирани најнапредните аеродинамички решенија кои Lamborghini ги користи кај своите тркачки модели. Инспирација за SC20 биле славни модели како: Diablo VT Roadster, Veneno Roadster,
Concept S и Aventador J. А, резултатот е драматична комбинација од креативност и став на бескомпромисен тркач. ИСПОЛИРАН ДО СОВРШЕНСТВО Целосно изработено од јаглеродни влакна телото на Lamborghini SC20 е извајано и исполирано од рацете на инженерите за аеродинамика на Lamborghini. Тесно соработувајќи со дизајнерите тие ја споиле убавината со аеродинамиката. Добиен е оптимален проток на воздух потребен за постигнување вртоглави перформанси, но и за да се обезбеди комфор на
АВТО-МОТО
патниците во отворената кабина при високи брзини. Издадениот преден сплитер врамен со две перки и масивни отвори за воздух е инспириран од Huracan GT3 EVO, додека страниците извајани како скулптура наликуваат на решенијата применети кај Essenza SCV12. Мускулестиот задник е украсен со масивно антикрило од јаглеродни влакна кое се мести во три позиции: Ниско, Средно и Високо оптеретување. Зависно од брзината. УБАВИНАТА Е ВО ДЕТАЛИ Lamborghini SC20 е опточен со ексклузивни детали кои повеќе одат на рака со бесценет накит, отколку со автомобил.
Почнувајќи од основното лакирање на каросеријата во „Bianco Fu” бела боја измешана специјално за клиентот, преку која совршено прилегаат акцентите во, исто така, уникатната „Blu Cepheus” сина боја. Истите нијанси се повторуваат и во ентериерот каде совршено се надополнети со детали во „Nero Cosmus” црна боја и „Bianco Leda” бела боја. Највпечатливиот елемент од кабината е јасно воочливиот елемент од јаглеродни влакна кој ја покрива арматурата. Текстурата на јаглеродните влакна покрај на целиот монокок се забележува и на задниот ѕид од кабината, панелите на вратите, централната конзола и воланот. Јаглеродните влакна се забележуваат и на седиштата кои се преслечени во кожа и алкантара, а рачките на вратите се изглодани од полн алуминиум. И на крај, за ексклузивноста да биде поголема отворите за вентилација се создадени со користење на технологија на 3D печатење која дозволува креирање на уникатни елементи. МОЌЕН И ПРОДОРЕН Перјаницата на моторите на Lamborghini, атмосферскиот 6.5 литарски V12 беснее централно во шасијата на SC20. Фино избрусен од инженерите на Squadra Corse
овој биковски моќен дванаесетцилиндарец испорачува 770 КС при 8.500 min-1 и мрсен вртежен момент од 720 Nm при 6.750 min-1. Овој моќник со продорен звук кој наежува ги задвижува сите четири тркала преку седум-степен менувач IRS со независни лостови за менување и електронски управуван централен диференцијал. Контактот со подлогата го обезбедуваат гумите Pirelli PZero Corsa поставени на бандажи од 20 инчи напред и 21 инч назад. На овој начин е исполнета комбинацијата на софистициран инженеринг, напреден дизајн, единствено спортско доживување, со италијанскиот истенчен вкус и филигранската изработка. Lamborghini SC20 е уште една техничка и стилска вежба која тесно ги врзува спортскиот оддел Squadra Corse со центарот за дизајн Centro Stile овозможувајќи му на Lamborghini да исполнува желби на клиенти и да создава уникатни проекти на комплетни автомобили од развој, преку процес на конструирање, до завршна изработка. Секако во Lamborghini ја чуваат интимноста на клиентите, па затоа нема информација колку чини и за кого е изработен уникатниот Lamborghini SC20. Затоа останува само да уживаме во убавината која ние е предочена. • Љубомир Атанасовски 02.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk
17
АМСМ
БЕЗБЕДНИ СЕМЕЈНИ ПАРКИНГ МЕСТА И ВО ПРИВАТНИТЕ ТРГОВСКИ ЦЕНТРИ Проектот „Безбедни семејни паркинг зони“ кој започна со обележување на паркинг места наменети за трудници и родители на деца до 3 годишна возраст во рамките на паркинзите со кои стопанисува ЈП Градски паркинг Скопје, сега продолжува да се имплементира и на приватните паркинзи. Безбедни семејни паркинг места се обележани и на паркинзите на дел од приватните трговски центри во Скопје: • Skopje City Mall • Capitol Mall и • Ramstore Mall Во следната фаза од имплементацијата на проектот, безбедни семејни паркинг места треба да се обележат и низ сите градови во земјава. Ве потсетуваме дека ознаката за дозволено паркирање на безбедни семејни паркинг места може да ја извадите во АМСМ Станиците за технички преглед во Скопје, во Центар и во Чаир. Повеќе информации за проектот и постапката за издавање на ознаката, може да најдете на нашата веб страница.
ИНВЕСТИРАЈТЕ ВО ОБУКА ЗА „Ц“ КАТЕГОРИЈА Една од најдобрите инвестиции е секогаш инвестицијата во самите себе, а оваа во обука за „Ц“ категорија е и една од оние кои најбрзо се враќаат. Авто Школа Мобилити Плус ви гарантира квалитетна обука за „Ц“ категорија која се врши со камион Мерцедес 1224. Пријавете се навреме и инвестирајте паметно во себе. Повеќе информации на 02/3181-240 18
02.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk
АМСМ
ОСИГУРАЈТЕ ГО СВОЈОТ И ЖИВОТОТ НА ВАШЕТО СЕМЕЈСТВО Водите стресен и брз начин на живот, или, пак, имате ризична професија? Секогаш е добро да се размислува за непредвидените околности кои се секаде околу нас. Момент на невнимание може да доведе до непосакуван случај кој освен до емотивна болка може да доведе и до финансиски потешкотии. Ова осигурување е наменето за сите оние кои сакаат да си обезбедат, за себе и на своето семејство, сигурност и финансиска заштита. Со склучување на договор, вие одлучувате да штедите по пат на животно осигурување кое не само што го обезбедува вашето семејство во случај на незгода, тешка болест или смрт, туку ви овозможува и други придобивки: - Исплата на осигурана сума при настанување на осигурен случај; - Сигурен облик на штедење со истовремено осигурување; - Создавате капитал за вашите идни планови; - Пропишана добивка; - Загарантирана исплата на парични средства по истекот на осигурувањето; Осигурувањето важи 24/7 насекаде во светот. Затоа осигурувањето на живот е одличен избор. Tоа е одговорен потег. Повеќе информации на 02/3181-402
02.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk
19
АМСМ
FIA Region I-Start-up предизвик
S
tart-up компаниите со иновативни идеи поврзани со автомобилските услуги, мобилноста и пошироките асистанс услуги, како што се домот, здравјето, животниот стил или личната помош, се поканети на овој предизвик. Избраните start-up компании ќе имаат повеќекратни можности да се поврзат со FIA Region I мрежата, која преку своите клубови, претставува повеќе од 36 милиони потрошувачи во Европа, Среден Исток и во Африка. Со цел промоција на овогодинешниот FIA Region I предизвик отворен и за македонските start-up компании, АМСМ склучи Меморандум за соработка со Деловно-Технолошки Акцелератор УКИМ. Во насока на охрабрување и обезбедување на сите потребни информации за условите за аплицирање и категориите во кои start-up компаниите можат да ги пријавуваат своите идеи, беше одржана и онлајн дебата со заинтересираните македонски start-up компании. „Од 1994 година досега, АМСМ е единствената членка на FIA (Светската автомобилистичка Федерација) за мобилити од нашата земја. Како членка на FIA имаме привилегија да бидеме во друштво на најголемите мобилити клубови од Европа и пошироко, можност да учиме од нивните искуства и да ги применуваме нивните најуспешни практики. Веруваме дека ова е само почеток на успешна идна соработка. Ги охрабруваме сите старт-ап компании да аплицираат и со задоволство ги очекуваме сите нови идеи кои на нас клубовите ќе ни овозможат подобри услуги, дигитализација и ќе ни помогнат да им го олесниме животот на нашите членови“, објасни Благица Станојевиќ Блажевски од Авто-мото Сојузот на Македонија. Компаниите може да ги понудат своите идеи
20
02.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk
Македонските start-up компании предизвикани од FIA и мобилити клубовите ПО УСПЕШНОТО ПРВО ИЗДАНИЕ, FIA REGION I ПОВТОРНО ИМ НУДИ МОЖНОСТ НА START-UP КОМПАНИИТЕ ДА СЕ ПОВРЗАТ СО МРЕЖА ОД 103 МОБИЛИТИ КЛУБОВИ. во следните категории: - Како мобилити клубовите може да ја подобрат и иновираат употребата на автомобили во иднина, - Како клубовите може да ги понудат најдобрите решенија за мобилност на своите членови и - Како мобилити клубовите може да им го олеснат животот на луѓето и надвор од нивните автомобили? „Категориите за пријава на предизвикот ги одразуваат подрачјата во кои мобилити клубовите ги проширија своите активности во последните децении. Денес, нивните деловни активности не се поврзани само со автомобилите, туку со мобилноста генерално, дури и со услуги кои го поедноставуваат и олеснуваат животот на нивните членови“, рече Сара Камбиер од Светска Автомобилистичка Федерација Регија I на одржаната онлајн презентација на повикот пред македонските старт-ап компании. За Александар Стамболиев од Бизнис Акцелераторот УКИМ ова е можност да се дојде до сериозна соработка со огромен пазар, каде компаниите може да добијат поддршка во финансии и експертиза. „Акцелераторот УКИМ се вклучи како партнер
на АМСМ со цел да обезбеди поддршка во подготовка на апликација на сите заинтересирани стартапи. Зависно од потенцијалот на пријавените апликанти на овој повик, Акцелераторот УКИМ има можност да инвестира до 30.000 евра за дизајн и развој на производот или услугата, развој на прототип, проценка на пазарот, градење на тимот и / или рано генерирање приходи. Во текот на февруари Акцелераторот УКИМ ќе обезбеди бизнис советувања и прилагодени програми за поддршка на апликантите кои ќе бидат пред-селектирани од Акцелераторот УКИМ. За таа цел на располагање се целокупното искуство и ресурси на нашите основачи, кои заедно во соработка со повеќе од 3.000 професори од најстариот универзитет во Македонија, 25 ментори – успешни Mакедонци во светот и нашите меѓународни партнери, ќе Ви помогнат да го остварите својот бизнис потенцијал и да бидете селектирани во следната фаза на поддршка на Светската Автомобилистичка Федерација“, објасни Стамболиев. Предизвикот е отворен до 28.02.2021 година, а повеќе информации за условите и за аплицирање, можете да најдете на нашата веб страница и на веб страницата на Бизнис Акцелератор УКИМ. • Маргита Поповска
АМСМ
• Сакам да ве прашам дали може кај вас да се регистрира кола на рати и ако може на колку? Благодарам, Соња АМСМ: Доколку плаќате со картичка, само во тој случај можноста за плаќање на рати е достапна т.е. банката износот ви го дели на рати. • Би сакал да знам колку често градски и меѓуградски автобуси доаѓаат на технички преглед и дали често имало случаи сообраќајна полиција да ви донесе автобуси на технички преглед? Поздрав, Станислав
• Ме интересира колку чини вадење на нова сообраќајна дозвола и што треба да приложам? Поздрав Сашо АМСМ: Образецот сообраќајна дозвола чини 200,00 денари. Вообичаено промена на сообраќајна дозвола се врши кога нема место за заверка (печат). Во тој случај не ви е потребна дополнителна документација. Во случај да вршите промена по основ на купопродажба, поклон итн. го приложувате договорот, нотарски заверен.
• Дали сè уште се издаваат ЦОЛ таблички во АМСМ? Поздрав Горан. АМСМ: Во АМСМ веќе подолго време не се издаваат ЦОЛ табличките. Истите таблички се издаваат во министерството за внатрешни работи што се наоѓа во македонска телевизија отсек - моторни возила.
АМСМ: Градските и меѓуградските автобуси имаат законска обврска како и сите други возила да доаѓаат еднаш годишно да извршат технички преглед. Покрај оваа обврска поради карактерот на експлоатација тие законски треба да извршат и шестмесечен технички преглед кој не се разликува од редовниот. Исто така, се случува често сообраќајната полиција да донесе автобуси и на истите да им изврши вонреден технички преглед, при што доколку се утврди дека постои техничка неисправност истите времено ги исклучува од сообраќај додека не се отстрани неисправноста.
*СИТЕ НАВЕДЕНИ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ ВАЖАТ ЗА ПОВИК ОД ФИКСЕН И ОД МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
02.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk
21
ПРОГРАМА „ЗАЧЛЕНИ ПРИЈАТЕЛ И ЗАШТЕДИ СО АМСМ“ Почитувани АМСМ членови,
Судејќи по бројот на ваши зачленети пријатели, сигурни сме дека веќе добро ја познавате програмата „Зачлени пријател!“, со која како АМСМ членови имате можност АМСМ членските пакети да ги препорачате на вашите пријатели, да ги зачлените и притоа да добиете привилегии и поволности за вас. Овојпат со цел да одговориме на вашите барања и да ви овозможиме да заштедите, воведовме вредносни ваучери кои ги добивате доколку зачлените ваш пријател. Вредноста на ваучерите се разликува и зависи од типот на членскиот пакет кој вашиот пријател го избрал.
22
ЗАЧЛЕНИ ПРИЈАТЕЛ ВО НЕКОЈ ОД СЛЕДНИТЕ АМСМ ЧЛЕНСКИ ПАКЕТИ ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА:
ДОБИВАТЕ ВРЕДНОСЕН ВАУЧЕР ОД:
LIGHT Членство
100,00 ден.
CLASSIC Членство
250,00 ден.
EUROPE PREMIUM Членство
600,00 ден.
02.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk
CLASSIC
EUROPE PREMIUM
LIGHT
Услови за ДОБИВАЊЕ на вредносен ваучер „Зачлени пријател!“
Начин на КОРИСТЕЊЕ на вредносен ваучер „Зачлени пријател!“
Вредносниот ваучер го добивате само при зачленување на нов АМСМ член, при што нов АМСМ член е: - Физичко лице кое станува АМСМ член по првпат. -Физичко лице кое не е АМСМ член најмалку една година.
Вредносниот ваучер кој го добивате за зачленет пријател може да го искористите во период од една година од датумот на издавање, на сите локации на АМСМ во Скопје (Центар и Чаир) и Велес, за попуст на следниве услуги во системот на АМСМ: - Технички преглед на возило. - Полиса за осигурување од автоодговорност и зелена карта. - АМСМ членство - Производи од АМСМ продавницата за автомобилска галантерија. - Обуки за сите категории во АМСМ АВТО ШКОЛА МОБИЛИТИ. - Хомологација, одобрување на преправено возило, атест на плин и фолии за стакла во АМСМ ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА. - Услуги во АМСМ Сервисот за автомобили. - Услуги Помош на пат и шлепување. - Горива на АМСМ ПЕТРОЛ.
Зачленувањето на вашите пријатели може да го направите во просториите на АМСМ Скопје (Центар и Чаир) и во Велес. Право на вредносен ваучер за зачленет пријател имате само доколку сте активен АМСМ член Програмата „Зачлени пријател!“ не важи во период кога АМСМ членските пакети се на промотивна/акциска цена.
02.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk
23
TЕСТОВИ И СОВЕТИ
Зимски гуми
ЗОШТО ЗИМСКИ, А НЕ ЛЕТНИ... И ЗОШТО НОВИ, А НЕ СТАРИ ПНЕВМАТИЦИ? ФИЛОЗОФИЈА НА ВОЗЕЊЕТО АВТОМОБИЛ Е НАМАЛУВАЊЕ НА РИЗИКОТ ДО НАЈНИСКО МОЖНО НИВО И ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА И, ДОКОЛКУ СЕ ПОЧИТУВА, НАЈБРЗО ЌЕ СЕ ПРИСТИГНЕ ДО ПОСАКУВАНОТО ОДРЕДИШТЕ.
М
ногу често се случува сопствениците на моторни возила да ја поминат зимата возејќи со летни пневматици. Поради оваа неправилност уште еднаш да ја објасниме разликата меѓу летните и зимските пневматици. Уште на прв поглед може да се забележат подлабоките шари на зимските во однос на летните пневматици. Шарите се подлабоки за да може поголемо количество снег да навлезе во нив, а издигнатите делови да пропаднат колку што е можно подлабоко во снегот. На тој начин зимскиот пневматик полесно се движи по снегот отколку летниот пневматик каде што плитките шари немаат толкав волумен да соберат поголемо количество снег и затоа испакнатините на пневматикот не може да пропаднат длабоко во снегот. Поради тоа летните пневматици се поподложни да пролизгуваат на снег и на кал. Втора разлика е смесата од која се направени. Смесата кај летниот пневматик покажува најдобри резултати на температури над +7 С степени. Под оваа температура летниот пневматик се зацврстува, смесата ги губи својствата и контактот со асфалтот не е како што треба, а да не зборува-
24
02.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk
ме за однесувањето на снег. Летниот пневматик ќе послужи и во зима, но со голема доза на ризик автомобилот нема да биде стабилен колку во топлиот период од годината. Зимскиот пневматик има своја „работна температура“ од +7 и оди во минус. Смесата на зимскиот пневматик е создадена да ги покажува своите најдобри својства на ниски темпратури. Често се случува сопствениците на возилата да возат со зимски пневматици и во лето. Но зимскиот пневматик во лето ќе биде значително послаб при контактот со асфалтот. Многу често се случува да се продаваат стари пневматици со многу извозени километри и да се ставаат на друг автомобил што е премногу ризично и опасно. Големите удари во некој предмет може да предизвикаат деформирање на каркасата (челичната мрежа во пневматикот) и тоа доведува до неправилно тркалање, неправилно балансирање и постои можност во дадена ситуација пневматикот да покаже „балонче“ (орев) или да пукне поради различни притисоци во гумениот дел, особено на местата каде што е деформирана. Втора опасност е што долготрајната употреба и големиот број изминати километри доведуваат до дотраеност на смесата, таа се укрутува, ги губи своите првични својства. На старите пневматици се појавуваат пукнатини што со текот на време стануваат сè поголеми, побрзо се абат, покрути се и веќе не успеваат толку добро да одржуваат контакт со асфалтот, а траекторија-
та на сопирање е подолга. Ако возило со стари пневматици се движи со брзина од 80 км/ч, измерената патека од моментот на сопирање до застанување ќе изнесува, на пример, 25 метри, а со нови пневматици автомобилот ќе застане на 22 метра. Три метри во плус се дури и премногу во дадени ситуации. Филозофија на возењето автомобил е намалување на ризикот до најниско можно ниво и зголемување на безбедноста и, доколку се почитува, најбрзо ќе се пристигне до посакуваното одредиште. Новиот пневматик ја чува главата. • Жарко Атанасоски
СТИЛ |
Бодибилдинг
АДЕКВАТНА ПРОТЕИНСКА ИСХРАНA С
поред инструкторите, личните тренери, дури и во фаза на мускулно дефинирање не смее да се внесува помалку од 2.200 килограм-калории на ден. Треба да се земаат 5-6 помали оброци наместо 3 поголеми, на секои 2,5-3 часа. Така, дневната потреба за протеини ќе се распредели правилно бидејќи организмот не може да свари повеќе од 30-40 г протеини по оброк. Количеството на калориите што се внесуваат мора да биде поголемо од потрошеното. Тоа може да се пресмета и табеларно. На пример, редовниот вежбач треба да внесува 1,5-2 г протеини на килограм телесна тежина секој ден. Битно е и времето кога се земаат протеините. Шејкот може да се испие во текот на вежбањето, или веднаш по него, бидејќи тогаш мускулите најдобро ги апсорбираат протеините. Кога се зголемува количеството на внесени калории, треба да се земе предвид дека расте и нивото на маснотиите. За да се намали, неопходен е физички труд, кој, пак, може да доведе до калориски дефицит. САМИ ПО СЕБЕ НЕ ЈА ЗГОЛЕМУВААТ МУСКУЛНАТА МАСА Има неколку опции. Како прво, можете да јадете повеќе додека трае програмата за градење на мускулната маса, а по нејзиното завршување да се ориентирате на вежбите за согорување на мастите. Втората опција е да јадете помалку за време на тренингот и, како трето, можете да направите неколку вежби за губење на маснотиите пред да започне програмата за градење на мускулната маса и, на крај, да завршите со вежби за отстранување на салото. Треба да се знае дека синтезата на протеините е воз-
можна доколку се внесат во доволно количество. Мускулите на луѓето што активно се занимаваат со бодибилдинг се понапнати во споредба со другите. Затоа и нивната потреба за протеини е поголема. Тоа се надоместува со разни додатоци, суплементи во исхраната. Инаку, протеините ги има во месото, во рибата, во јајцата, во млекото и во млечните производи, кои се препорачуваат да се јадат. Во случај да не се внесат протеините така, можат да се користат протеински концентрати од соја, млеко, јајца, сурутка итн., вклучувајќи ја и нивната мешавина. Комерцијалните производи служат како дополненија на дневната потреба од протеини. Тие, сами по себе, не можат да ја зголемат мускулната маса ако не се вежба паралелно и не се применуваат советите што ги даваат инструкторите, личните тренери. ВНЕСЕНИ ПРОТЕИНИ НАСПРОТИ АКТИВНОСТ Според нив, треба да се земаат 30-40 г протеини, 5-7 пати на ден. Додатокот во исхраната како, на пр., протеински концентрат од сурутка, измешан со млеко, ќе обезбеди дополнителни 30 г протеини по шејк. Менито на луѓето што почнуваат да се занимаваат со бодибилдинг заради зголемување на мускулната маса и обликување на телото би требало да изгледа приближно вака. - Појадок (во 8 часот): омлет од 6 јајца со сирење, една чаша млеко и една мала шолја каша од зоб, овес. - Прва ужина (во 10.30 часот): еден шејк (протеински концентрат од сурутка, измешан со млеко), 2 банани, едно чиниче варен ориз и едно парче сирење (50 г). - Ручек (во 12.30 часот): едно парче пилешки гради, една чинија варен интегрален ориз и една чаша млеко. - Втора ужина (во 15 часот): еден шејк, едно јаболко, еден морков и два сендвича со маргарин од кикиритки. - Вечера (во 18 часот): едно парче месо по желба (350 г), една чаша млеко, 2 поголеми компири и 200 г брокула. - Оброкот пред спиење (меѓу 20 и 21.30 часот) се состои од еден шејк и едно чиниче интегрален ориз. Се препорачува количеството на внесените протеини
КАКВА ИСХРАНА, КОЛКУ ПРОТЕИНИ, СЕ НАЈЧЕСТИТЕ ПРАШАЊА ШТО СИ ГИ ПОСТАВУВААТ ВЕЖБАЧИТЕ, ПОЧЕТНИЦИТЕ ВО БОДИБИЛДИНГОТ, КОИ ИМААТ ЦЕЛ ДА ГО (ПРЕ)ОБЛИКУВААТ СВОЕТО ТЕЛО. ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА МУСКУЛНАТА МАСА НЕ Е ВОЗМОЖНО ДОКОЛКУ НЕ СЕ ВНЕСУВААТ БАРЕМ 3.000 КИЛОГРАМ-КАЛОРИИ ДНЕВНО. да соодветствува на спортските активности. Така, на пр., неактивните луѓе треба да внесуваат 0.8 г протеини на еден килограм телесна тежина, возрасните рекреативци од 0,1 до 1,5 г, натпреварувачите (во години) од 1,2 до 1,8 г, спортистите во развој, тинејџерите од 1,6 до 1,8 г, возрасните луѓе што сакаат да ја зголемат мускулната маса од 1,4 до 1,8 г, спортистите (кои го ограничуваат внесувањето калории) од 1,6 до 1,8 г, а максималното количество протеини што може да го внесе секој возрасен човек треба да изнесува 1,8 до 2 г. ЈАГЛЕХИДРАТИТЕ СЕ ИЗВОР НА ЕНЕРГИЈА Количеството на протеини во прехранбените продукти е различно. На пр., 60 г пилешки гради содржат 18 г протеини, во 100 г туна има 20 г протеини, 45 г свинско месо содржи 10 г протеини, во 180 г јогурт има 8 г протеини, половина шолја грав содржи 6 г протеини, во 100 г бакалар има 21 г протеини. Неопходно е да се внесуваат и јаглехидрати бидејќи тие се извор на енергија за организмот. Се содржат во интегралниот, пченкарниот, ‘ржаниот, црниот леб и сл., во оризот (по можност интегрален) - малку, во тестото (интегрално) - мало количество, во компирот (исклучиво варен). Доколку можете, слаткото заборавете го. Јаглехидратите се консумираат наутро, до пладне, бидејќи варењето трае долго. Ако ги земате околу 18 часот, ќе имате проблеми со спиењето. Причина е метаболизмот што на полноќ го достигнува максимумот. Човечкото тело нема каде да го складира вишокот и да го искористи утредента, туку автоматски го претвора во маснотии. • Игор Ландсберг
02.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk
25
ГАСТРОНОМИЈА
БИФТЕК БАРБАКАН Состојки
• 280 грама бифтек • Морков • Домат (чери) • Пиперка • Брокула • Сол • Бибер
Подготовка:
280 грама свеж бифтек се пече на скара на ќумур неколку минути, од двете страни. Се сервира со зеленчук претходно подготвен на скара. ДОБАР АПЕТИТ!
26
02.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk
ПАТУВАЊЕ
Викенд одмор во Европа
СТАРОТО И НОВОТО ВО ИЛЈАДАГОДИШНОТО ПОСТОЕЊЕ
Луксембург - Стар град
КРАТКИОТ ИЛИ ВИКЕНД ОДМОР (CITY BREAK) ОД НЕКОЛКУ ДЕНА ВО ГРАДОВИТЕ Е СÈ ПОПОПУЛАРНА ФОРМА НА ПАТУВАЊЕ И НАЈЧЕСТО ТОА Е ТРИДНЕВЕН ИЛИ ЧЕТИРИДНЕВЕН ПРЕСТОЈ ВО ПОГОЛЕМИТЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ, НО И ВО МЕСТА КОИ СЕ МАЛКУ ПОЗНАТИ, НО КОИ ПЛЕНАТ СО СВОЈАТА УБАВИНА. ГЛАВНА ЦЕЛ НА ОВИЕ ПАТУВАЊА Е ПОБРЗО ДА СЕ СТИГНЕ ДО САКАНАТА ДЕСТИНАЦИЈА, ДА СЕ ЗАПОЗНААТ ОСНОВНИТЕ КУЛТУРНО-ЗАБАВНИ ОДЛИКИ, ДА СЕ ПОЧУВСТВУВА ЖИВОТОТ НА УЛИЦАТА, ДА СЕ ОДИ НА ШОПИНГ... ОСОБЕНО Е ПОПУЛАРЕН КАЈ ЛУЃЕТО ШТО НЕМААТ ПОВЕЌЕ ОД НЕКОЛКУ ДЕНА ЗА ПАТУВАЊЕ, НО И КАЈ ОНИЕ ШТО САКААТ ДА ЈА СМЕНАТ СРЕДИНАТА БАРЕМ ЗА НЕКОЛКУ ДЕНА НАКРАТКО.
А
ко не сте од оние што во секое време знаат која дестинација сакат да ја посетат, прво добро размислете што очекувате од патувањето. Според тоа дали се фокусирате на култура, забава или на шопинг, одлучете кој град или област е најдобар за ваков одмор. За да се одлучите полесно, понекогаш е добро да проверите што се случува во моментов во големите европски градови, особено во период кога заради општата состојба со Ковид-19 групните патувања главно се откажани. Добро разгледајте кои се моментните цени на авионските билетите за да можете да направите конечна одлука за тоа каде ќе патувате. Колку побрзо резервирате, толку е поевтино. А и сместувањето можете да го резервирајте преку интернет. Хотелите лоцирани подалеку од центарот може да ви заштедат пари, но проверете дали местото е добро поврзано со другите делови на градот, така што почетната мала цена да не се претвори во најскапо патување. Ако патувате до дестинацијата со ав-
томобил, задолжително проучете низ кои места поминувате за да можете да направите пауза. НЕОБИЧЕН МИКС НА СТАРОТО И НОВОТО Нашиот предлог за краток одмор е прекрасниот Луксембург, минијатурна држава опкружена од Белгија, Германија и Франција, кој се наоѓа на врвот на најбогатите и најмали европски земји. Благодарејќи на географската положба, тука се споени различни култури и тоа претставува микс на старото и новото. Познат е по старите дворци и палати, карпестата уметност (северниот дел е богат со пештери исцртани со цртежи од праисторијата), како и по подземните канали што во Првата и во Втората светска војна служеле како засолниште за десетици илјади граѓани, а еден дел од нив денес се подземни галерии и туристички атракции. Луксембург е една од најмалите држави во светот. Зафаќа површина од 2,6 илјади квадратни километри и спаѓа во најбогатите земји во Европската
Унија. Луксембург не го крие своето богатство. Најскапите возила се честа глетка на улиците, постарите куќи се одржувани, а новите се беспрекорно проектирани; улиците се поплочени, нема трага од ѓубре, а патишта се рамни како стакло. Овде ќе видите како живеат луѓето со минимална плата од околу 1.800 евра и со просечна плата од околу 4.000 евра во земја во која нема доволно луѓе за да се пополнат сите работни места. Тајната на успехот што го оствари оваа „минијатурна“ држава во голема мера лежи во челичната индустрија, големиот број банки и во виното „мосел“. Уште пред повеќе од три децении локалните жители ги увиделе придобивките на безвизниот режим и без голем напор почнале да ги извезуваат своите производи и да споделуваат искуства со колегите од Германија и од Франција. ЕВРОПСКА ПРЕСТОЛНИНА Луксембур секогаш бил во поволна позиција кога станувало збор за европската интеграција. Уште од основањето на ЕУ во 1952 година неколку иституции биле лоцирани во овој град. Како роден град на Роберт Шуман, еден од татковците на Европа, Луксембург има привилегија да биде еден од престолнините на Европа, не само поради географската поставеност во срцето на Европа, туку и поради повеќејазичноста. Со повеќе од 150 различни националности, градот претставува вистинска економска, социјална и културна комбинација од раси и идеи. Главниот град на оваа мала држава носи исто име 02.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk
27
ПАТУВАЊЕ
- Луксембург. Во него живеат 80.000 жители. Во моментов тој е финансиски центар и главно седиште на многу интeрнационални организации, вклучително и на Европската Унија. Тоа е еден од најбогатите градови во светот, со развиен банкарски центар. Целиот град изгледа како голема изложба. Ако сте љубител на ренесансата, ќе уживате во градот со ренесансна архитектура. Можете да го користите Јавниот градски превоз кој е бесплатен, односно за користење на автобусите и на трамваите повеќе не треба да се плаќа билет. Градот Луксембург е волшебна мешавина од антиката и модерното во комбинација со локалното и глобалното, едноставноста и луксузот. ИСТОРИЈА ШТО ЌЕ ВЕ ФАСЦИНИРА Сè до 20 век Луксембург бил сиромашна земја. Архитектурата се состоела од помали куќи и рурални цркви што датирале од 17 век, кои сè уште постојат и сведочат за тоа време. Имало само неколку големи земјопоседници што покажувале видливи амбиции за градење. Старата тврдина град Луксембург е една од ретките тврдини со разновидност на стилови на воена архитектура, од времето на средниот век до првата половина на 19 век. Дел од трагите оставени низ текот на времето се вратите што датираат од 12 и од 13 век, надворешните ѕидови од времето на Џон Слепиот, шпанските кули, австриските кули и прусиските бараки... Casemates du Bock. Луксембуршката карпа Бок со утврдувањата се наоѓа на влезот во познатиот Касематес ду Бок. Станува збор за подземни тунели долги 21 км, издлабени во цврста карпа. Подземните одбранбени тунели биле изградени во 1644 година во периодот на шпанската доминација. Биле поставени на различни нивоа и на длабочина од 40 метри. Затоа Луксембург е наречен и Гибралтар на Северот. По демонтирањето на тврдината, 17 км од тунелот останале во добра состојба. Денес голем дел од овие утврдувања може да се посетат пешки, а еден дел со организирана тура. Влезот е дозволен од 1 март до 3 ноември. Билетите за возрасни чинат 7 евра, а за студенти 6 евра. Plateau Bourbon е целосно изградена во архитектонски стил инспириран од градбите во Париз и во Берлин на почетокот на 20 век. Зградата со кула на левата страна денес е седиште на банката Banque et Caisse d'Epargne de l'Etat. Позната е по музејот на банката што е ретроспектива на историјата на банката и банкарството во Луксембург воопшто. Grand Ducal Palace е официјална резиденција на големиот војвода од Луксембург. Зградата со декорации во ренесансен стил била изградена во 16 век. 28
02.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk
Замокот Вианден
Cathedral to the Blessed Virgin е неверојатен пример за доцниот готички стил што открива различни компоненти и орнаменти инспирирани од ренесансниот стил. На почетокот била наречена црква на Jesuit, а во 1870 година папата Пиус IX ù ја посветил оваа црква на Дева Марија. Adolphe Bridge или мостот Адолф, кој, исто така, го нарекуваат нов мост, е подигнат помеѓу 1900 и 1903 година за време на владеењето на големиот војвода Адолф. Мостот, долг 85 метри (вкупна должина 153 метри), висок 42 метра, имал најголем камен свод што дотогаш бил направен, и се протегал по долината Петрусе. Vianden, една од најпопуларните екскурзии во Луксембург е патувањето во селото од бајките и замокот Вијанден. Главна атракција на Вијанден е замокот изграден во 12 век. Замокот бил седиште на грофовите до 15 век, а подоцна бил продаван сè додека не станал обична урнатина и во 1977 година станал државна сопственост. Сега е убаво уреден и вистинско задоволство е да се шета по неговите соби и ходници. Погледот на овој замок потсетува на многу бајки од детството за принцови и принцези, волшебници и вештерки. Налето живописното опкружување го Музеј MUDAM
претвора градот во вистинска кошница, во која се собираат туристи од цел свет, запоседнувајќи ги многубројните кафулиња и пабови на главната улица, од каде што има одличен поглед на замокот. КУЛТУРА ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ ИЛИ УМЕТНОСТА НА ЖИВЕЕЊЕТО Во Луксембург музеите имаат церемонијален облик. Во Градскиот историски музеј се собрани повеќе од илјада години историја на овој град. Во Националниот музеј на историја и уметност е лоциран еден од најубавите римски мозаици северно од Алпите. Постојаните и привремените изложби на Националниот музеј на природна историја ги фасцинираат сите љубители на модерната уметност. Музејот на модерна уметност Grand-Duc Jean MUDAM е еден од најамбициозните архитектонски и културни проекти. Кинеско-американскиот ерхитект Иеох Минг Пеи го осмислил и го дизајнирал проектот и ја трансформирал тврдината Туген, која била стратегиска воена локација, и ја претворил во уметничка креација. Во близина на MUDAM е Филхармонијата, која е домаќин на многу престижни музички групи. Филхармонијата на Луксембург, изградена од
ПАТУВАЊЕ
и одлична услуга. Зелените површини во Pétrusse Valley, јавните паркови и живописните брегови на регионот Алзете се идеални за релаксација, а пешачката зона е вистински шопинг автопат со огромен број бутици и продавници. Пиењето бело вино (домашен ризлинг) претставува омилен ритуал. Покрај уживањето во овој пијалак, уживајте во одличниот вкус на kachkeis - варено сирење, во чадено свинско месо во сос, ребра на скара, црн пудинг... На крајот од вашата прошетка низ Луксембург посетете ја Чоколадната куќа (спроти Grand Ducal Pалата) и уживајте во вкусот на вистинската чоколада, но и во вкусните колачи, пити и торти. • Маргита Поповска Филхармонија
Кристијан де Портзапарк, покрива широк спектар на музички интереси. Тука може да се слушнат класични ремек-дела, да се откријат современи композитори, да се слуша класичен и европски џез и да се истражуваат музички култури од целиот свет. Оркестарот на Филхармонијата на Луксембург, исто така, се наоѓа во зградата. Градскиот Гранд театар е домаќин на опери, мјузикли, денс-шоуа и претстави што се играат на француски, германски и на англиски јазик. Во сезоната Луксембург нуди голем број најразлични концерти и фестивали, од мјузиклот „Printemps musical“, фестивалот „Summer in the City“, за индијанското лето „Live at Vauban“ до „Winterlights“ и „Schueberfouer“, еден од најголемите панаѓури во Европа што привлекува повеќе од 2 милиона посетители секоја година. Има многу можности за славење во Луксембург, а секогаш тие се поврзани со кулинарската уметност. Има многу ресторани што нудат префинета кујна
02.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk
29
| ЧИТАЈ, ГЛЕДАЈ, СЛУШАЈ
„EVERMORE“ TAYLOR SWIFT
„ДРАГ ЕДВАРД“ ЕН НАПОЛИТАНО
Д
раг Едвард“ од Ед Наполитано, која според „Њујорк тајмс“ и „Вашингтон пост“ е една од најдобрите книги во 2020 година, доби и македонски превод. Таа влезе и во потесниот избор во категоријата „фикција“ на изборот за најдобри дела во 2020 година на една од најпознатите светски веб-страници за книги „Гудридс“ (goodreads.com). Едно летно утро, дванаесетгодишниот Едвард Адлер, заедно со неговиот, родителите и уште 183 патници патуваат со авион од Њујорк до Лос Анџелес. Меѓу нив е и еден финансиски вундеркинд, активен на Волстрит, млада дама која се соочува со несакана бременост, ранет авганистански ветеран, бизнис-тајкун и слободоумна жена која бега од својот маж. И тогаш-се урива авионот. Едвард е единствениот преживеан. Случајот на Едвард го привлекува вниманието на јавноста, но нему му е тешко да се соочи со загубата на семејството. Непрестајно чувствува дека душевниот мир го изгубил на оној судбоносен лет и дека неговата судбина засекогаш е врзана со авионот и со преостанатите патници… Фокусот во „Драг Едвард“ е ставен на внатрешниот живот на главниот протагонист и е повеќедимензионален портрет на незаборавна група ликови и трогателна илустрација на различните начини на кои може да закрепне едно скршено срце.
30
02.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk
E
vermore е деветтиот студиски албум на триесет и едногодишната кантавторка од Америка, Taylor Swift, кој излезе на 11 декември 2020, во продукција на Republic Records, само неколку месеци (поточно пет) откако го промовираше Folklore. Всушност, Evermore е резултат од продолжената соработка на Taylor Swift и продуцентот на Folklore, Aaron Dessner, меѓу кои се појави креативна хемија, а кантавторката не можеше да престане да пишува дури и по објавата на последната песна од осмиот студиски албум. Затоа, Taylor Swift за Evermore вели дека е „сестрински албум“ на Folklore. Еvermore е комбинација на алтернативен рок, фолк-поп и камерен рок, што се карактеризира со „зимски“ аранжмани на класична гитара, пијано... Лирскиот дел се врти околу измислените и нефиктивни концепти на љубовта, бракот, неверството, тагата... Стандардната едиција содржи петнаесет песни, меѓу кои и „Willow“, „Champagne Problems“,„No Body, No Crime“ (со Haim), „Coney Island“ (со the National) и „Marjorie“.
„DUNE“ (ДИНА)
D
une е филм чие прикажување во киносалите допрва претстои. Планирано е да се емитува од 1 октомври годинава, иако неговата премиера се одржа на крајот од 2020-та. Дотогаш може да се гледа и онлајн. Станува збор за меѓународна копродукција меѓу Канада, Унгарија, Велика Британија и САД. Негови сценаристи се Jon Spaihts, Denis Villeneuve (режисерот) и Eric Roth. Dune е, всушност, прва од планираните две адаптации на истоимениот роман од 1965 год. на Frank Herbert, што ја опфаќа првата половина од книгата. Филмот ја раскажува приказната за Paul Atreides (го игра Timothée Chalamet), водачот на номадските племиња, инаку син на благородничко семејство, во битката за контрола на пустинските дини на планетата Arrakis. • Жанр: авантура, драма, научна фантастика Актери: : Timothée Chalamet, Rebecca Ferguson, Oscar Isaac, Josh Brolin, Stellan Scarsgård, Dave Bautista, Stephen McKinley, Henderson, Zandaya, David Dastmalchian, Chang Chen, Sharon DuncanBrewster, Charlotte Rampling, Jason Momoa, Javier Bardem Режија: Denis Villeneuve
HI |HITECH TECH|
Подводно летало
ИГРАЧКА ВО ВИД НА НАЈСОВРЕМЕНО ЛЕТАЛО КОГА ГО НАБЉУДУВАТЕ ПОДВОДНИОТ ЖИВ СВЕТ, НИВНОТО ДВИЖЕЊЕ ВИ ИЗГЛЕДА ТОЛКУ ЕДНОСТАВНО И ЕЛЕГАНТНО. ИМАТЕ ТАКОВ ВПЕЧАТОК ЗАТОА ШТО ТОА Е НИВНАТА ПРИРОДНА СРЕДИНА, А АКО САКАТЕ ДА БИДЕТЕ ДЕЛ ОД НЕА БАРЕМ И НА НЕКОЛКУ МИНУТИ, ТОГАШ „АКВАЏЕТ Х 2“ Е ТОКМУ ЗА ВАС.
З
има е и ни на крај памет не ни е до пливање, плажи, сончање и сè друго што доаѓа со летото. Но, планетава стана глобално село и сега речиси сите нешта „му се достапни“ на човештвото. Затоа вашиот зимски одмор можете да го претворите во летен. За тие денови на одмор да ви бидат уште повозбудливи се погрижиле од компанијата Ховерстар кои конструирале една играчка во вид на најсовремено летало. Има крила и труп (фуселаж) и мотор сместен во опашката. Ако играчката е направена во вид на летало, сепак не лета. Не лета во воздух, но затоа лета под вода, односно умее да нурка и да се движи во водената шир исто како авионите. На крилата има посебни места каде нуркачот ги става рацете и ја држи играчката. Го вклучува електромоторот и подводното патување може да започне. Играч-
ката ве води таму каде вие сакате, односно вие управувате со неа слично како да управувате со велосипед, а малото крилесто пловило го менува правецот. Малку воведно пливање со инструктор, усогласување на вашите движења со рацете за подобра контрола на пловилото наречено „ховерстар акваџет дајв х 2“ и забавата може да започне. Сè е исто како кај авионите и затоа со пловилото можете да изведувате дури и подводни лупинзи. Брзината на пловењето ја определува нуркачот преку тристепениот „менувач“. Не е класичен менувач, но штом брзината на движење се регулира преку него, тогаш тој уред е менувач. Командите од менувачот се наоѓаат на десното крило кај фатот за десната дланка, додека забрзувањето оди преку посебниот уред многу сличен на тој од мотоциклите.
„Акваџет х 2“ е пловен објект направен од јаглеродни (карбонски) влакна, лесен е и брзо, се пренесува од едно на друго место, затоа што се расклопува и како такво го сместувате во неговата торба. Моќниот електромотор му овозможува на „акваџет х 2“ да постигне брзина од дури 9
02.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk
31
|HI TECH
|HI TECH
километри на час. За способноста на моторот производителот Ховерстар нагласува дека може да влече четири возрасни лица без никакви последици по долговечноста на електромоторот. Подводното летало располага со следниве димензии: распон на крила 106 см, дебелина на трупот 14 см, а пропелерот (елисата) има радиус од 29 см и е покриена со решеткаста капа. Електромоторот ја добива потребната електрична енергија преку батеријата која со едно полнење обезбедува над 100 минути подводна прошетка. Тие што имале прилика да ги посетат коралните гребени и да пливаат заедно со желките и
32
02.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk
разнобојните риби велат чувството е неповторливо. Подводниот свет на секоја педа е изненадување не само за тие што првпат нуркаат, туку и за поискусните. Да се биде дел од тој свет е нешто многу посебно и доколку се придржувате кон упатствата добиени претходно од стручни лица, тогаш вашата прошетка со „акваџет х 2“ во друштво со подводниот растителен и животински свет ќе претставува вистинско задоволство и уживање. Но, освен што е наменета за уживање, ова пловило може да се користи и за спасување. Брзината во такви ситуации е од големо знаечење, а токму тоа е една од одликите на „ховеркрафт
акваџет х 2“. Препорачливо е нуркањето, односно подводното возење да не биде на длабочина поголема од пет до седум метри затоа што во спротивно, може да дојде до оштетување на „леталото“ и со тоа да се доведете во опасност. Целата совршеност и употреблива вредност на „ховерстар акваџет дајв х 2“ ќе чини 799 долари. Пронаоѓачот не гарантира негово сериско производство. Засега производството се одвива ако има нарачки. Тоа е сегашниот начин на работа на проиводителот Ховерстар, а за понатаму не се знае. • ЖаркоАтанасоски
ИСТОРИЈА |
Volkswagen tipo 1
ЛЕГЕНДАТА НАПОЛНИ 75 ГОДИНИ О
вој пат рубриката Историја ја посветуваме на легендарниот автомобил „фолксваген тип 1“, попознат како „буба“, а бидејќи производителот долго време произведуваше само еден модел, кај народот беше познат само под името „фолксваген“. Кога ќе се спомнеше името „фолксваген“ сè беше јасно, се знаеше за кој автомобил станува збор, не беа потребни дополнителни појаснувања. Е да, малку подоцна се појави кабриолет изведба, така што тоа „фолксваген“ доби уште еден збор и сега автомобилот беше именуван како „фолксваген кабриолет“. Иако „фолксваген тип 1“ слави 75-та годишнина од своето постоење, сепак автомобилот не е за првпат произведен во 1945 година, туку неколку години порано кога во предвоена Германија тогашниот канцелар Адолф Хитлер испратил јавен повик за конструирање народен автомобил фолкс (народ) и ваген (автомобил) во кој ќе може да се сместат пет лица, кој ќе биде економичен и ќе троши седум литри гориво, автомобил способен да се движи со брзина од 100 км/ч, едноставен за произведување и лесен за одржување. Тоа се случува некаде на крајот од првата половина на деценијата, ’30 години од минатиот век. Неколку конструктори излегле со своите нацрти и планови и откако сите биле разгледани од тогашниот германски политички врв заедно со канцеларот, бил одбран планот на Фердинанд Порше, како концепт кој најмногу одговарал на
НЕКОЛКУ АВТОМОБИЛИ ВО СВЕТОТ МОЖАТ ДА СЕ ЗАКИТАТ СО ЕПИТЕТОТ ЛЕГЕНДА, А МЕЃУ НИВ СИГУРНО Е И „ФОЛКСВАГЕН ТИП 1“. НЕМА КОЈ НЕ ГО ЗНАЕ И НАСЕКАДЕ Е БАРАН, ПОСЕБНО ПОСТАРИТЕ МОДЕЛИ. И ДЕН-ДЕНЕС СОПСТВЕНИЦИТЕ ПРАВАТ СОБИРИ ШИРУМ СВЕТОТ-ЛУЃЕТО СТАНАЛЕ ЗАВИСНИЦИ И НЕ МОЖАТ БЕЗ СВОЈОТ ЉУБИМЕЦ. барањата. Откако планот на Порше бил одбран во 1935 година, прототипот излегува една година подоцна во 1936. Тука има еден момент во кој се сретнува името на чешкиот конструктор Ханс Ледвинка вработен во Татра. Ледвинка и Порше биле колеги и често разменувале идеи за и околу автомобилите. Речиси ист таков автомобил Ледвинка направил во компанијата каде работел. Тука се појавуваат првите
сомневања од страна на Татра дека тоа не е оригинална идеја на Ф. Порше. Чешкиот производител сета работа ја префрлил во суд, но набрзо војната стапила на сцена и случајот бил затворен. Кога сето ова околу конструирањето на народниот автомобил било организациски покриено, паралелно се градела фабрика. Во меѓувреме имало нарачка за производство на 30 примероци во кабриолет изведба со цел да бидат
02.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk
33
| ИСТОРИЈА
првично прикажувани на разни манифестации низ градовите, народот да види дека „народниот автомобил“ е стварност и дека секој ќе може да го купи, преку посебното штедење со помош од државата. Тука доаѓа еден период на производство на „фолксвагенот“ кога 630 примероци излегуваат од кругот на фабриката, но тоа било сè. Производството престанало, а на неговото место се правеле разни возила за воени потреби, сите на основа од „народниот автомобил“. „НАРОДНИОТ АВТОМОБИЛ“ СЕКОЈ ЌЕ МОЖЕ ДА ГО КУПИ Периодот по војната е клучен за „фолксвагенот“. Тогашните структури во државата повторно го поттикнале правењето на автомобилот. Во тоа време морало да се обезбеди дозвола за индустриско производство, таков бил редот во повоена Германија. Дозволата за производство на народното возило била издадена и се тргнало кон екипирање со работна рака и алати. Откако сето тоа било средено, производството започнало на 27 декември 1945 и до крајот на годината биле направени 55 примероци. Сето тоа одело бавно бидејќи фабриката немала соодветен кадар и конструирањето се одвивало рачно. Но по една година напорна работа усовршувањето дошло до израз и сега месечно биле произведувани по 1.000 автомобили. „Фолксвагенот“ почнал да се приметува на улиците, а сопствениците биле задоволни од него. Најкрупниот чекор во историјата на овој модел е направен во 1949 година кога одлучуваат автомобилот да го извезат во САД. Сето тоа било под капата на Рузвелт и неговиот „Њу дил“ за помош и обнова на германската економија. За тамошните купувачи автомобилот кој доаѓал од новоизградениот град Волфзбург, бил малку чуден и несфатливо мал за та34
02.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk
мошните. Тие преку „барата“ навикнати на најмалку петметарските лимузини, сега да се привикнат на мал автомобил со чуден дизајн. И додека „фолксваген“ се справувал со американските купувачи, Татра повторно стапува на сцена со случајот „автомобил со мотор сместен назад и погон на задните тркала“, сето тоа конструирано од Ханс Ледвинка („татра т 97“ и „татра т 570“) . Судот во 1961 година пресудува во корист на Татра, а Фолксваген ù исплатил три милиони марки. Продажбата на народниот автомобил одела бавно во САД, до 1954 биле продадени 6.000 примероци, но како што одминувало времето, продажбата растела. Статистичарите успеале да избројат вкупно 150.000 продадени единици во период од почетокот на извозот во 1949 до крајот на 1959. Продажбата почнала постепено да се зголемува откако моделот претрпел ситни дизајнерски исправки и моторот со зафатнина од 1,2 литри бил најнапред заменет со 1,3 литарски во 1966 година, а една потоа воздушно ладениот боксер мотор од 1,3 е заменет со ист таков, но со поголема работна зафатнина, 1,5 литри. И додека продажбата на популарниот „фолксваген“ или „буба“ руши продажни рекорди, светот е зафатен со хипи движењето, а комбето од спомнатиот производител се врзува за тоа мировно движење. Кабриолетот си го зазема своето место и неретко можел да се види во сончевата Калифорнија, Флорида и неизбежниот Мајами. Првата нафтена криза во САД е знак за тамошната индустрија да намалат со големината на V8 и V6 лимузините. Тогаш се појавува сериозната конкуренција на „фолксваген“, како на пример: „амц гремлин“, „форд пинто“ „шевролет вега“, а тука се и јапонските автомобили како „тојота корола“ и „датсун 510 и б 210“. Рекорд во продажбата е забележан во
1973, а потоа бележи пад не само во наредната 1974 , туку и во годините што следат. Најнапред класичниот модел престанува со продажба во САД во 1977 година, а три години подоцна и кабриолетот. Последниот примерок од популарниот автомобил е произведен во Пуебла, Мексико, во месец јули 2003. Две децении подоцна 1997 год. Фолксваген ја враќа популарната „буба“ во САД, но сега со свеж дизајн во ретро стил и ја продава до 2010 година. Овој модел на „буба“ е правен на основа од моделот „голф“ и само дизајнот им е различен. Потоа во 2011 година, на ред е втората генерација од современата „буба“. Светот е просто поплавен со клубови посветени на „фолксваген тип 1“, тоа е правилното име на автомобилот кој слави 75-та годишнина. Точно е тоа дека ова име никаде не е запишано на школката како што обично бидува, но затоа е име користено внатре во фабриката. Кај народот овој автомобил е познат како „фолксваген“ и „фолксваген буба“. Форд со моделот „т“ беше единствениот конкурент во тоа време, но легендарната „бубачка“ ја надмина дури и бројката од 20 милиони произведени единици, рекорд над рекордите. Најновата статистика вели дека Тојотиниот модел „корола“ ги има срушено сите рекорди. Според поизводителот од фабричките ленти во: Волфзбург, Хановер, Оснабрик, Инголштад, Емден, Белгија, Финска, Ирска, Југославија, Мексико, Бразил, Венецуела, ЈАР, Австралија, Тајланд, Индонезија, Малезија, Филипини, Нов Зеланд и Нигерија ширум светот излегле 21.529.464 примероци, од кои 15,8 милиони од постројките во матичната земја. Последниот примерок од популарниот „фолксваген“ излезе од фабриката во Пуебла Мексико на 9 јули 2019 година. • Жарко Атанасоски
СПОРТ |
Рели Дакар 2021
ГОДИНИ НА ДОМИНАЦИЈА ЧУДНИ СЕ ОВИЕ ПОСЛЕДНИВЕ ДВАЕСЕТИНА ГОДИНИ ВО СВЕТСКИ НАЈПОЗНАТОТО РЕЛИ. СÈ НЕКОЈ ДОМИНИРА ВО НЕКОЈА ОД КЛАСИТЕ КАКО НА ПРИМЕР: КТМ, МИТСУБИШИ, КАМАЗ, ДУОТО МИНИ – БМВ ИЛИ ПЕЖО – ЦИТРОЕН. МНОГУ ТИТУЛИ РАСПОРЕДЕНИ ВО САМО НЕКОЛКУ ИМИЊА ОД ПРОИЗВОДИТЕЛИ, А МЕЃУ НИВ СЕ ВПЛЕТКА И ПЕТЕРХАНСЕЛ НАРЕЧЕН МИСТЕР ДАКАР.
Г
одинешново рели Дакар по втор пат се одржа само во Саудиска Арабија. Иако организаторот минатата година најавуваше вклучување на уште две до три држави (Египет, Јордан, Бахреин?) од Арапскиот Полуостров и пошироко, сепак тоа не се случи поради ситуацијата со вирусот. Најбезболно, најбрзо и наједноставно беше да се побара од Саудиска Арабија уште еднаш да биде единствениот домаќин на релито. Саудијците го прифатија предлогот од организаторот, а потоа беа завршени останатите ситни работи за и околу релито. Најнапред беше донесена одлука да се намалат брзините со кои ќе се совладуваат етапите. Тоа го постигнаа со поинаку одбраните
рути („патеки“), односно сега од возачите не се бараше да развиваат голема брзина, туку да дојде до израз нивната техника при совладување на теренот. Најдобро се снајдоа возачите кои располагаа со врвна техника во возењето. Безбедностa беше пресудна за организаторот. Негова цел отсекогаш била, е и ќе биде, сите учесници да се вратат дома, но авто мото спортот отсекогаш во себе криел ризик за кој натпреварувачите се повеќе од свесни. Карванот од мотоцикли, автомобили, камиони и „експериментални“ возила кои стасаа на целта изминаа над 7.500 километри од кои речиси над 4.700 км беа специјални етапи каде се мери времето на минување. Големите имиња и овој пат не изостанаа и со право ќе нагласиме, тие дојдоа, видоа, возеа и победија. Карванот тргна од Џеда и по 7.646 километри талкање низ пустинските предели, натпреварувачите повторно се вратија во Џеда да минат низ целта. Вкупната должина на специјалните етапи од 4.767 км најбрзо ги мина Петерхансел со совозачот Булангер, кому оваа титула му беше 14-та, шест во класата на мотоцикли и откако премина во класата на автомобилите во 1999 година, тој освои уште осум. Зачудувачки е тоа што чо-
веков воопшто не ни помислува на повлекување, а уште помалку му текнува да седне со новинарите и да обелодени крај на неговата кариера. Најзанимливо и највпечатливо е неговото возење на ова 43-то по ред издание од релито Дакар. На три денови до крајот на релито Стефан Петерхансел победува на етапата и толку, но затоа на останатите 11 никогаш не беше под четвртото место. Откако по втората етапа го освои првото место во генералниот пласман, не го испушти до крајот. Таквото негово возење го доведе до 14 титула. Умерен, но сепак доволно брз секогаш да биде меѓу првите четворица по извозување на секоја специјална етапа. Веднаш зад него беше Насер Ал Атијах. Тој постојано вршеше притисок на Петерхансел, но не успеа да го преземе водството. И покрај неговите шест етапни победи, сепак не успеа да стигне до највисокото место на подиумот, бидејќи доцнењата во останатите етапи беа пресудни за неговиот пласман. И големиот рели возач Карлос Саинц потклекна под темпото кое го наметна Петерхансел. Не успеа да се закити со титула, иако беше постојано при врвот, но сепак релито го заврши на подиумот како третопласиран со совозачот Круз Лукас. Постојаноста во ритамот на возењето и секако речиси тридецениско02.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk
35
| СПОРТ
то искуство го однесе Мистер Дакар до уште една победа. Се чини Петерхансел го знае секое зрно песок, секој камен и ја знае секоја дина низ пустините на планетава. Не е мала работа да си носител не на една, не на две, ниту, пак, на три титули, туку на 14 и како капак на сè да бидеш врвен во две класи, во класата на мотоциклите и автомобилите. Сличен резултат постигнува уште еден тим. Не е колега на претходно спомнатиот возач, но затоа се колеги со неговото возило. Возилото, поточно камионот Камаз со децении наназад им зема мерка на сите. Нема марка која учествувала на релито, а да не биде победена од Камаз. И годинава како и многу други претходно мина во знакот на Камаз и по којзнае кој пат го има подиумот само за себе, 1–2–3, само Камаз, друг никој. Да зборуваме за технологијата на руската машинерија пред која потклекнаа звучните светски имиња и тоа не само некои од тие имиња, туку сите. Ивеко се труди да направи нешто повеќе, но доминацијата на Камаз е толку голема што останатите тимови не се сигурни во себе. И да сака некој производи-
36
02.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk
тел да учествува на релито, не му е сеедно секоја година да биде победуван од Камаз. Тоа кај конкуренцијата предизвикува страв, но и голема завидливост и фрустрации за останатите тимови, за производителите, за возачите и за нивните спонзори. Секоја година да се надевате дека еве сега ќе победам, а всушност Камаз победува. Останатите со прстот во уста се неми набљудувачи и ништо повеќе од тоа. Врвни светски производители не можат веќе две децении да се мерат со Камаз, а не, пак, да му излезат на мегдан наречен Дакар рели. Јака, силна машинерија, квалитетна, беспрекорно конструирана која од година во година само се усовршува. Сето тоа го разбравме, но од каде толку добри возачи и сервисери? Секој камион на релито е опслужуван од три лица. Како се случува со децении Русија да има врвни возачи и сервисери кои постојано победуваат. Ако направиле врвен камион, тоа не значи дека можат да направат и врвни возачи. Но, нема да згрешиме ако кажеме дека и тие се во рангот на Мистер Дакар. Руската дружина е целосно подготвена и со
орудија (камионот) и со екипажи. Нешто слично како со Камаз имаме случај во класата на мотоциклите. КТМ исто колку и Камаз, 18 пати ја освојуваше титулата, но Хонда и минатата и оваа година застана на патот до тронот и ги освои првите две места на сегашново рели. И покрај скршениот нос и болката во зглобот Кевин Бенавидес стигна прв, а втор неговиот тимски колега Рики Брабец. Сем Сандерленд со КТМ мораа да се задоволат со третото место. Чудни се овие години, односно овие две децении во релито Дакар. Во секоја класа имаме доминантен претставник. Едно време Митсубиши (12 титули) не можеа да го симнат од тронот, а сега тоа е Мини. Јапонскиот производител Митсубиши сè уште води по бројот на етапни победи, 161, а далеку зад него на второто место е Пежо со 78, а потоа следат Цитроен и Фолксваген со по 59 победи. Во класата на мотоцикли КМТ води со 225, Јамаха е втора со 140 и трета е Хонда со 91 победа. Кај камионите Камаз води со 165, а Јамаха е прва во класата на квадрициклите со 138 етапни победи. Во класата на квадрициклите М. Андухар е прв, Г. Енрико втор и трет П. Копети, додека класата на лесни (ссв) возила на поиумот беше во следниов состав, Ф. Лопез Контардо, А. Џонс и А. Домжала. И за крај да го спомнеме подиумот наречен Камаз–Дмитриј Сотников, Руслан Ахмадеев и Илгиз Ахматзјанов, стартен број 507 прво место, Антон Шибалов, Дмитриј Никитин и Иван Татаринов, стартен број 501 второ место и трето место за Ајрат Мардеев, Дмитриј Свистунов и Ахмет Галиаутдинов со стартен број 509. Како што тргнале нештата да се одвиваат во овој дел од автомобилскиот спорт, многу веројатно е и наредната година да се вози релито на исто место, но на територија од уште неколку држави. Но засега, за жал, ништо не е познато за следното издание од релито Дакар. • Жарко Атанасоски
СПОРТ |
Светско првенство во Формула E
СТАРТОТ НА СЕЗОНАТА ПОМЕСТЕН ЗА ФЕВРУАРИ ЛОГИСТИЧКИТЕ ПРОБЛЕМИ ГИ ПРИНУДИЈА ОРГАНИЗАТОРИТЕ ДА ЈА ОТКАЖАТ ПРВАТА ПЛАНИРАНА ТРКА ЗА 2021 ГОДИНА.
С
едмата сезона на трките со електрични болиди, која за првпат го понесува епитетот официјално светско првенство под капата на ФИА, сепак не започна со предвидените трки за 16 и 17 јануари во Сантијаго, Чиле. Иако организаторите не наведоа причина во своето официјално известување, во кулоарите се пренесува информацијата дека логистичките проблеми за транспорт на опремата и возилата од Европа во Јужна Америка се испречиле како непремостливи, поради пандемијата од Ковид 19 којашто повторно зема замав низ повеќе земји. Поради тоа што трките во Формула Е претежно се возат во период декември-јуни, со цел да не се конфронтираат со популарните натпреварувања како Формула 1 или Мото ГП (пандемијата од Ковид 19 ја уништи веќе сезоната за 2019-2020), па организаторите откако откажаа десетина трки, на крајот ја финишираа 2020 година организирајќи шест рунди во девет дена на патеката во Берлин. Ова соопштение за откажувањето на трките
во Чиле беше лиферувано откако екипите се собраа за официјален тест на патеката „Рикардо Тормо“, лоцирана на југот од Шпанија, во Валенсија. Според календарот, втората рунда е предвидена за крајот на февруари во Саудиска Арабија, а тоа е дестинација кадешто веќе видовме неколку светски настани на Блискиот Исток (Формула 1 во Бахреин и ОАЕ) а, исто така, во март се очекува стартот на Мото ГП во Катар. Во овој момент не постои најава дали организаторите ќе понудат алтернатива за откажаните трки, или повторно е можен крај на сезоната со финале по рецептот од 2020 година. Меѓутоа, ова не е единствен проблем којшто му се заканува на првенството со
брзорастечка популарност. Две респектабилни фабрики ја објавија својата интенција да ја напуштат Формула Е на крајот од сезоната во 2021 година. Први со ваква непопуларна одлука се јавија од Ауди. Во нивното соопштение е наведено дека ќе се фокусираат на сегашноста. - Електромобилноста не е повеќе сон за иднината, туку сегашност. Ауди ќе ги искористи своите ресурси и ќе се рефокусира да подготви електричен автомобил што ќе се натпреварува на релито Дакар, како и други хибридни решенија кои ќе бидат прикажани во трките на издржливост, како што е легендарната „24 часа Ле Ман“. Во соопштението, пак, на БМВ владее истата
02.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk
37
| СПОРТ
реторика и електрификацијата на возилата наречена „новата нормалност“ и не се навестени други планови во светот на мото спортот. - Стратешкиот фокус на БМВ групацијата се менува, но останува во полето на електричната мобилност. Сите решенија во иднина ќе бидат понудени во комплетната гама и на глобално ниво. Според најавите, третата генерација на болиди од Формула Е требаше да стартуваат во 2022, а досега само од индиската фабрика Махиндра го имаат потврдено учеството во шампионатот. Со заедничка одлука на сите инволвирани, поради ефектите од пандемијата воведувањето на „генерација 3“ беше поместено за една година подоцна. Ауди заедно со Нисан беше еден од двата тима кои имаа советодавна улога во ФИА во насока на развивањето на електромобилноста, но тимскиот шеф на Ауди, и поранешен Ф1 возач Ален Мекниш изјави дека повлекувањето не е инспирирано од грижите за третата генерација на болиди во Формула Е. Дека можеби станува збор за извесни заеднички одлуки (или договор) меѓу двете германски фирми кои се во сенка на доминацијата на Мерцедес во Формула 1, може 38
02.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk
да послужи и одлуката истите две фабрики на крајот од 2020 година да го објават своето повлекување од туринг шампионатот ДТМ. Организаторите на Формула Е сметаат дека нема простор за паника и дека многу скоро ќе се појават други фабрики коишто ќе ги заменат досегашните, при што шпекулациите најмногу се однесуваат за јужнокорејските Хјундаи и Киа. Исто така, Ф1 тимот Мекларен којшто подготви своја екипа за настап во Индикар, најави дека го разгледува можното учество во Формула Е, но со почеток од 2023 година. - Ни беше забрането да учествуваме во Формула Е затоа што бевме добавувачи на акумулатори за сите тимови. Со тој тендер на ФИА ние немавме дозвола да се натпреваруваме како тим. Новата генерација на болиди во Формула Е воедно носи и ситуација кадешто ние не сме ексклузивни снабдувачи со акумулатори, па поради тоа ние започнуваме да ја анализираме ситуацијата, бидејќи таа тркачка серија е мошне интересна. Се разбира, треба да се прашаме и зошто другите напуштаат,-изјави извршниот директор на Мекларен, Зак Браун. Според него, Ауди е во право што оди во други сфери на спортот, но во исто време вели дека Формула Е станува атрактивна
поради лимитирањето на трошоците од страна на организаторите. - Започнаа како мошне евтина серија, но потоа трошоците се искачија до баснословно ниво. Вообичаено тоа се случува, но сега се чини дека ќе бидат донесени прописи за воспоставување на лимити пред трошоците да продолжат да растат. Воедно Мекларен потврди дека освен за Формула Е, исто така, се интересираат и за трките на издржливост, бидејќи веруваат дека во двете серии можат да бидат конкурентни и дека тие ќе имаат позитивна рефлексија на нивниот бренд, како и дека се комерцијално одржливи. Шпекулациите сугерираат дека и Хонда, по објавата за напуштање на Формула 1, можеби ќе има интерес да се вклучи во Формула Е, но јапонската фабрика ги сосредоточи своите интереси исклучиво кон Индикар првенството коешто е најбитно за пробив на јапонската фабрика на американскиот пазар.
СПОРТ |
УТВРДЕНИ ПРВИТЕ ОСУМ ТРКИ ОД КАЛЕНДАРОТ На 28 јануари беше соопштено дека првиот дел од календарот е потврден и во него се вклучени осум трки. Конечниот изглед на сезоната ќе биде познат напролет, односно по одржувањето на првите две трки, а во конкуренција се уште шест локации (Берлин, Лондон, Сеул, Хаинан, Њујорк и Мексико Сити). Трките означени со две ѕвездички треба да поминат низ процесот на хомологација на патеката од страна на ФИА и да бидат потврдени од страна на Светскиот совет за моторспорт на ФИА, додека трките со една ѕвездичка ја чекаат само потврдата од највисокото тело на светската автомобилистичка федерација.
26.02.2021 27.02.2021 10.04.2021 24.04.2021 08.05.2021 22.05.2021 05.06.2021 06.06.2021
Дирија, Саудиска Арабија Дирија, Саудиска Арабија Рим, Италија ** Валенсија, Шпанија * * Монте Карло, Монако * * Маракеш, Мароко * Сантијаго, Чиле * Сантијаго, Чиле *
РЕСЕНЧАНЕЦОТ ЕРХАН ЈАЈОВСКИ ПОБЕДИ ВО ФОРМУЛА Е СИМУЛАЦИЈА Трките од таканаречените е-спортови, во кои што акцијата се одвива со посредство на електронски уреди (компјутери, симулатори) имаат огромна популарност на светско ниво, а од пред неколку години и највисоките светски првенства како Формула 1 и Формула Е започнаа со свои официјални натпреварувања. Изненадувањето не можеше да биде поголемо: во првата виртуелна трка од Формула Е победи македонски учесник-Ерхан Јајоски од Ресен. Поради фактот што ова е официјален натпревар од самата серија, победникот на крајот ќе добие шанса да тестира со вистински болид од Формула Е (генерација 2), а воедно да добие и парична награда. „АМСМ Клуб Мобилити“ веќе го контактираше Ерхан Јајоски за интервју во еден од следните броеви. • Александар Табаковски
02.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk
39
| СПОРТ
Светско првенство во МОТО ГП
НА СТАРТОТ СЕПАК
БЕЗ МАРКЕЗ?
ИАКО ОД ПОВРЕДАТА ВО ХЕРЕЗ ПОМИНАА НЕЦЕЛИ ДЕСЕТ МЕСЕЦИ, МАРК МАРКЕЗ И НАТАМУ Е НАДВОР ОД ХОНДА, А ВО СИТЕ ДРУГИ ТИМОВИ СЕ СЛУЧИЈА ПРОМЕНИ КОИ НОСАТ ИЗВЕСНИ „ДЕСТАБИЛИЗАЦИИ“ НА КУС РОК.
П
ромени и приспособување на новите ситуации е клучот на решението во услови на глобалната пандемија. Мотоциклистите ќе се соочат со скратен формат на претсезонски тестирања коишто оваа сезона ќе ги имаат само на патеката Лосаил во Катар. За некои од возачите кои ќе дебитираат во кралската класа како Лука Марини (полубрат на Валентино Роси) и Енеа Бастианини (шампион од минатата година во категоријата Мото 2) тоа ќе биде прво искуство со најмоќните мотоцикли што се возат во овој спорт. Пред стартот на новата сезона планиран за 28 март, возачите ќе го имаат на располагање планираното петдневно тестирање во период од 6 до 12 март, што ќе значи официјално
40
02.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk
запознавање со новите машини и новите екипи. Бидејќи претходно планираниот тест во Сепанг, Малезија беше откажан поради влошувањето на ситуацијата со Ковид 19, организаторите одлучија пред тестот во Катар, на 3 и 4 март да дозволат дополнителни денови за дебитантите и официјалните тест возачи на екипите, што би требало да биде наменето само за „разработување“ на опремата. Ова тестирање ќе биде само за возачите од највисоката категорија, додека оние од Мото 2 и Мото 3 ќе тестираат на патеката Херез, во Шпанија, од 16 до 18 март. Исто така, направени се и промени во претходно донесениот календар за 2021 година, со што светската мотоциклистичка федерација и промоторите на ова пр-
венство се договорија во Катар да се вози и втора трка една недела по одржување на првата, поточно на 4 април. Карванот потоа, согласно планираното, се враќа во
СПОРТ |
Европа, но предвидено е прво да се вози трката во Португалија на 18 април, со што се одлагаат претходно вброените трки во Аргентина и Тексас. Потоа ќе ги видиме редовните станици од европскиот дел на календарот, по три во еден месец, и тоа: шпанскиот Херез, францускиот Ле Ман и италијанскиот Муџело во мај 2021 година, како и каталонската Барселона, германскиот Заксенринг и холандскиот Асен во текот на јуни. Летната пауза би требало да започне по одржувањето на трката за Големата награда на Финска на 11 јули, по што акцијата ќе продолжи со трките
на австрискиот Ред Бул Ринг и англискиот Силверстон во втората половина на август. Сегашниот изглед на календарот укажува дека во Европа се планирани две трки во септември (Арагон и Мизано), по што треба да следи прекуокеанската турнеја со четирите трки во Јапонија, Тајланд, Австралија и Малезија, сите во октомври. Финалето на сезоната традиционално е на средината на ноември во Валенсија, а дополнително патеката во Индонезија ја вбројуваат како резервно место за одржување на гран при трка во случај некоја од предвидените да се откаже. Доколку ситуацијата дозволи, во последниот квартал е можно и одржување на одложените трки (Аргентина и Тексас). Иако до почетокот на тестирањето сите екипи и возачи ќе го знаат својот распоред за новата сезона, двајца од нив сепак ќе бидат во исчекување. Состојбата со осумкратниот светски шампион Марк Маркез сè уште е непредвидлива и без јасни прогнози за негово можно враќање на асфалтот. Мотоциклистот на Хонда својата трета операција ја имаше на 3 декември, но обновената повреда (скршеница на десната рака) во случајов бара од него сè уште да мирува и да дозволи коската цврсто да зарасне. Поради
тоа се шпекулира дека тој нема да ја започне оваа сезона според планираното иако првите индикации беа дека тој добро закрепнува. Светските медиуми сè повеќе се занимаваат со прашањето кој би можел да го добие неговото седиште доколку Хонда одлучи да повика друг возач на негово место. Се издвојуваат две имиња: Штефан Брадл којшто е официјален тест возач на екипата и од неодамна ослободениот пилот и предводник на Дукати, Андреа Довициозо. Италијанецот како намерно да ги одби сите други понуди и реши да земе „пауза“, но неговите очекувања беа потврдени со изјава за италијанските медиуми дека „доколку телефонот заѕвони, јас сум подготвен“. Сепак, шансите на Довициозо пред Брадл се чинат мали, бидејќи официјалниот инженер на Маркез во Хонда, Санти Ернандез, даде изјава за шпанските медиуми во која вели дека е пологично да се продолжи со Брадл. - Не ми се чини дека би било нормално Хонда да потпише со Довициозо за да го замени Марк. Ако во текот на сезоната било размислувано за опцијата Брадл како тест возач да биде вклучен во тимот, на крајот ќе испадне дека сте го откачиле. На крајот на краиштата, Штефан заврши одлична работа и јас не би можел 02.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk
41
| СПОРТ
да разберам зошто би потпишале некој друг возач за три трки. Многу поголема логика има замената да биде со Брадл бидејќи тој е оној што најдобро го чувствува моторот. Тој ги разбира работите што се случуваат во трката, а кои можат да се разберат само во едно гран при, бидејќи тој ја има брзината и бидејќи е тестер што тестира нешта за да го подобри моторот, па кој би бил подобар од него за да го замени Марк,-запраша шпанскиот инженер. Минатата година Брадл имаше два пласмани меѓу првите десет на последните шест трки од сезоната, при што во финишот одржан на португалската патека во Портимао тој дојде до седмото место и беше пред тимскиот колега Алекс Маркез, а само две секунди зад младиот Јапонец Такаки Накагами. Во меѓувреме, Маркез објави дека започнува со лесен фитнес тренинг како, на пример, возење статичен велосипед, со што почнува да работи на својата физичка форма некаде од 20 јануари. Сепак, споделените фотографии од овој настан јасно укажуваат дека неговата лева рака сè уште е цврсто бандажирана и постои голема неизвесност кога тој ќе биде навистина закрепнат, бидејќи најави дека овојпат нема да избрза со одлуката за враќање. Во таборите на противниците, исто така,
е раздвижено. Во Дукати имаат два нови возачи, додека кај шампионите во Сузуки задржана е возачката постава со Жоан Мир и Алекс Ринс, но тимскиот шеф Давиде Бривио замина за да гради кариера во Формула 1. Говорејќи за „Скај спортс“ актуелниот светски првак изјави дека тоа не би требало да се рефлектира на нивните перформанси на патеката. - Ситуацијата ќе биде мошне тешка, бидејќи Давиде беше референтна точка за овој тим, но јас сум смирен и уверен дека повторно ќе завршиме добра работа бидејќи ги имаме луѓето што можат тоа да го постигнат, - рече Мир. Наспроти ова, најраздвижено е во Јамаха, каде што се случи „големата трампа“
меѓу фабричкиот и сателитскиот тим. Деветкратниот светски првак Валентино Роси иако има 41 година останува во спортот, но овојпат преку тимот на Петронас, којшто минатата сезона изненадувачки имаше двајца возачи кои беа подобро пласирани од оние во фабричкиот тим. Сега, Фабио Квартараро му се приклучува на Маверик Вињалес, додека Роси кој лани комплетираше петнаесет сезони со фабричкиот тим, за првпат по својата дебитантска сезона во 2000 година ќе вози за сателитски тим, при што тимски колега ќе му биде Франко Морбидели. -Тоа сепак е промена, во тоа нема сомнение, иако преселбата е само до „следната врата“ и е малку различна. Но, од друга страна за Валентино нема да има никаква разлика бидејќи тој и натаму ќе ја има поддршката од Јамаха и ќе користи мотор со иста спецификација како и нашите возачи. Голема вистина е дека натамошниот развој ќе биде предводен од возачите во фабричкиот тим, но Валентино останува мошне важен дел од нашиот процес за собирање податоци. Да се имаат повеќе возачи на патеката е важно и нашите инженери ќе ги разгледуваат податоците од Фабио и Маверик, но и од Валентино, за да можат да направат добар развој на фабричкиот мотор,-изјави тимскиот шеф Лин Јарвис. Најавено е дека освен што ќе го има истиот мотоцикл Роси ќе го задржи и истиот инженер кој го имаше минатата сезона, со што би требало да има безболна транзиција во новата натпреварувачка сезона. • Александар Табаковски
42
02.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk
02.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk
43
| СПОРТ
Светско првенство во Формула 1
ТРИ ТИМА ОД ЗЛАТНАТА СРЕДИНА СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА „ДРЖАВЕН УДАР“! МЕКЛАРЕН, РЕЈСИНГ ПОИНТ И РЕНО СЕ НАЈДОА ПРЕД ФЕРАРИ ВО 2020 ГОДИНА И УСПЕАЈА ДА ПРОМОВИРААТ КОНЦЕПТИ СО КОИ СЕ ВЕРУВА ДЕКА МОЖАТ ДА ИМААТ ПРОГРЕС И ВО НОВАТА СЕЗОНА.
П
ромовирањето на новите правила во Формула 1 би требало да отвори ново поглавје од трките во светското првенство, а со тоа се подгреваат надежите дека е можен и нов, понеизвесен распоред на силите, или со други зборови крај на доминацијата на Мерцедес. Поради појавата на пандемијата со Ковид-19, правилата кои требаше да стартуваат од 2021 година се поместени за 2022 година, па со тоа и плановите на сите инволвирани беа поместени за една сезона.
44
Но, Рено го потврди напредокот во однос на 2019 година и оваа година го освои петтото место кај конструкторите со 181 бод, во речиси изедначена трка со Мекларен и Рејсинг поинт, кои завршија пред нив со минимална предност од 202, односно 195 бода. За споредба, во 2019 година, исто така, беа петти, но со 91 бод. Оваа година можеби Ферари беше слаб, но осетно засилени беа и Рејсинг Поинт и Мекларен кои, исто така, бележат голем скок во однос на пред две сезони. Секоја од овие три екипи кои во моментот ја
сочинуваат горната половина од „златната средина“ има свои планови и надежи како да се доближи уште повеќе до врвот. Да тргнеме со ред, од трето до петтопласираниот! Мекларен подолго време го подготвува својот камбек на врвот, но откако пропадна планот со Хонда и Алонсо, се свртеа кон моторот на Рено. Бидејќи и таму се смени менаџментот, Зак Браун одлучи да се префрлат на моторите од Мерцедес, а во меѓувреме го обезбедија Џејмс Ки, техничкиот директор на Скудерија Торо Росо. Иако пред него многумина се обидоа, тимот се соочуваше со разни технички проблеми и постојано имаше префрлување на одговорноста од тимот за шасија кон тимот за моторот, или обратно. Дополнително, во нивниот табор доаѓа Даниел Рикардо, еден од возачите кои важат за „топ 5“ во моментов, па сега е прашање кога сето тоа ќе се вклопи во еден идеален спој? Фактот што Ландо Норис ќе ја вози третата сезона и веќе собра значајно искуство, прави шансите на Мекларен да
СПОРТ |
добијат на „тежина“, иако е повеќе од јасно дека интеграцијата на новиот мотор со шасијата е клучната алка за перформансите во 2021 година. Рејсинг поинт го промени сопственикот откако беше Форс Индија, но сега откако истиот сопственик ја купи англиската фабрика Астон Мартин, повторно го преименува тимот и влегува во натпреварувањето како „фабрички тим“. Но, ова не е единствениот адут на екипата: во нивниот болид седнува Себастијан Фетел, четирикратен светски првак кој треба да се промовира во лидер покрај младиот Ленс Строл. Минатата сезона на Серхио Перез му појде од рака да освои прво место во Бахреин со нивниот болид, за кој на почетокот на годината имаше поплаки дека премногу наликува на оној од Мерцедес користен во 2019 година. Иако ФИА во одреден момент им изрече парична казна по поплаките од Рено, изостана очекуваниот расплет со одземање на бодови или суспендирање, по што екипата продолжи да ги користи „спорните делови“. Менувањето на корпоративните бои од розеви во зелени веројатно е најмалата промена што влијае на перформансите, но ќе ги
направи препознатливи. „Грми“ и во Рено! Откако дојде до промена на врвот на менаџментот (во фабриката), прашање на време беше кога ќе биде обелоденета новата стратегија на француската фабрика во однос на Формула 1, но првите вести најавуваат големи реформи! Реномираниот Ф1 тим кој бил шампион и како конструктор, но и како снабдувач со мотори, реши од 2021 година учеството во светското првенство да го направи со автомобилскиот бренд Алпин. На некој начин, со тоа ќе ја
дистанцираат Формула 1 од марката Рено, односно ќе ја испромовираат спортската верзија на француските автомобили, како што Мерцедес го прави тоа со АМГ, но Германците ги задржаа и двете имиња. Откако стана јасно дека Рикардо си оди, пукна нова „бомба“ со ангажманот на Фернандо Алонсо, кој пред две години се повлече од Ф1 за да ја брка „тројната круна“, односно победи на трките „24 часа Ле ман“ и „500 милји Индијанаполис“. Дополнително, со откажувањето на Мекларен, тие сега се самостој-
02.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk
45
| СПОРТ
ни корисници на своите мотори. Последен детал во нивниот мозаик е ангажманот на „магионичaрот од Мото ГП“, Давиде Бривио, поранешен тимски шеф на Јамаха кој направи историја со Валентино Роси, а потоа го следеше и во Дукати, а во Алпин доаѓа директно од шампионскиот табор на Сузуки, каде што, исто така, создаде светски првак во елитната класа–Жоан Мир. Има промени и над него, но тоа се менаџерски структури на кои Бривио треба да им рапортира. По сето изнесено, станува јасно дека сите направиле чекори кои теоретски водат кон подобри денови за нивните тимови. Можеби „најстресно“ е во Рено, бидејќи де факто со промената на Сибил Абитебу од местото тимски шеф (претходно беше и технички директор), всушност се губи нишката со оној кој досега ги влечеше клучните потези. Иако
46
11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk
не беа соопштени причини за прекин на соработката со Абитебу, не може да се заобиколи фактот дека тој најавуваше концепт во кој 2021 година беше „однапред прежалена“, бидејќи сите ресурси и идеи беа насочени кон шансите за пресврт со промена на правилата во 2022 година. Тоа може да биде „нож со две острици“ бидејќи од една страна ги ослободува од притисок за успех во 2021 година и можат да „тренираат“ во висок режим за следната сезона, но во исто време може да биде и демотивирачки, како и да компромитира некои одлуки во клучен час, како на пример развој на болидот во сфери кои можеби се неинтересни од аспект на правилата за 2022 година. На хартија, Рејсинг Поинт (Астон Мартин) има наједноставна транзиција бидејќи е со истиот мотор од лани, спротивно од Мекла-
рен кој ќе мора да ги решава загатките на почетокот од сезоната, а предвиден е само еден официјален тест со 3 дена! Дополнително, ФИА и промотерите од Либерти Медија, донесоа одлука тренинзите во петок и сабота наместо по 90 да траат по 60 минути што, исто така, не оди во насока на оние на кои им е потребна километража и тестирање за да го разберат болидот и да ги одгатнат неговите тајни за подобро штелување. Но, сезоната е долга! Календарот предвидува 23 трки од 28 март до 12 декември, и приказната е веќе видена. Некој ќе се развива побрзо, некој побавно, но на крајот сите имаат доволно „умни глави“ во екипите за да знаат како да извадат подобри перформанси. Тогаш ќе дојде време да се постави и клучното прашање, колку се далеку Мерцедес и Ред Бул, па и Ферари, бидејќи никој од нив „не седи со скрстени раце“. Ултимативно, трки во кои нема да има доминација на една екипа, а повеќе од нив ќе се борат за победи и пол позиции, ќе донесе поголема возбуда и неизвесност. Очекувањата се познати, реализацијата на замислените планови ќе биде прикажана во пракса. Одложувањето на првата трка и нејзиното поместување кон крајот на сезоната дава две екстра седмици за совршени подготовки и старт од соништата во новата сезона на Формула 1 • Александар Табаковски
СПОРТ |
Колумна своерачно
АЛЕКСАНДАР ТАБАКОВСКИ
ПРАШАЊЕ НА ИДЕНТИТЕТ СЕ ПОСТАВУВА ПРАШАЊЕТО КОГА ЌЕ СЕ СЛУЧИ ДВЕТЕ СЕРИИ ДА СТАНАТ ДО ТОЛКУ СЛИЧНИ ШТО ВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ЗНАЕ ПО ШТО СЕ РАЗЛИКУВААТ.
Ф
актот дека на планетава има сè повеќе различни автомобилистички и мотоциклистички натпреварувања укажува дека на светско ниво организаторите се охрабруваат да организираат нови тркачки серии коишто се одвиваат според некои нови правила, кои во визиите на основачите гарантираат поголема возбуда на патеката. Не мора да се навраќаме многу далеку, доволно е да се потсетиме дека кога за првпат почна да се организира релито Париз-Дакар на него учествуваа егзибиционисти коишто сакаат да се справат со предизвикот и да ја поминат пустината макар и со приватно рено 4, а денеска е тоа мултимилионска забава во којашто големите фабрики гледаат начин за добар маркетинг на нивните конструкции. Со текот на времето оваа серија од различни комерцијални причини беше преместена во Јужна Америка, па на Блискиот Исток, и со тоа ја загуби својата база на поддржувачи меѓу обичните луѓе. Во поновата историја знаеме дека се формираше таканаречената ГП 2 серија, којашто денес прерасна во Формула 2, но своевремено беше иновирана од
приватни претприемачи коишто освен што успеаја да им овозможат релевантен напредок на младите возачи кои се подготвуваат за Формула 1, испробаа и многу „керефеки“ со правилата, па така на мала врата беше направен историски преседан, во трките квалификации да се возат само со важност за првата трка, додека во втората најдобрите осум стартуваат по обратен редослед. Кога започна да се организира Формула Е, оригиналноста се однесуваше на користење електромотор и акумулатори како единствен извор за перформансите, но спортските правила останаа како што беа замислени во ГП 2. Со прифаќањето на статусот светско првенство од оваа година, правилата по коишто се организира Формула Е и официјално ќе бидат ратификувани од страна на ФИА како основа за спроведување организација на едно светско првенство. Со тоа ќе постои јасна разлика меѓу правилата што се во употреба во Формула 1 и на оние што се на располагање во другите серии. Мошне е јасно дека таквите правила не се дел од јасно познатата ДНК на Формула 1 низ чијашто седумдецениска историја во преден план секогаш биле промените во техничките правила.
Бидејќи Формула 1 се определува да еволуира во таканаречена „јаглерод-неутрална“ серија, тоа значи дека и правилата во блиска иднина ќе се менуваат во насока на избегнување на фосилните горива како извор на перформанси, а со тоа ќе стане мошне слична до она што денес го гледаме во Формула Е. Се поставува прашањето кога ќе се случи двете серии да станат до толку слични што веќе нема да се знае по што се разликуваат. Определбата за речиси идентична техничко-технолошка иднина неминовно ќе доведе до изедначување на двете серии и едната од нив ќе мора да направи втор чекор во насока на изградбата на својот идентитет и на тој начин да се подготви за иднината. Во овој момент може само да претпоставуваме и да шпекулираме со различни идеи, но иднината многу брзо ќе ни покаже во кој правец ќе се одвиваат нештата бидејќи кај двете тркачки серии е предвидена промена во правилата од 2022 година. •
02.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk
47
| СПОРТ
WRC– Рeли Монте Карло
РЕКОРДНИ ОСУМ ПОБЕДИ ВО МОНТЕ КАРЛО АКТУЕЛНИОТ СВЕТСКИ ШАМПИОН СЕБАСТИЈАН ОЖИЕ ГО СОБОРИ РЕКОРДОТ И ПО ОСМИ ПАТ ГО ОСВОИ ЛЕГЕНДАРНОТО РЕЛИ НА МОНТЕ КАРЛО КОЕ СО СВОЈАТА 110-ТА ГОДИШНА ИСТОРИЈА ВАЖИ ЗА НЕКРУНИСАН КРАЛ МЕЃУ РЕЛИЈАТА.
Н
ема двојби дека релито на Монте Карло е рели кое најмногу му лежи на срце на седумкратниот светски шампион Себастијан Ожие. Роден во близина на Гап градот домаќин на релито, Ожие кој годинава ја вози својата последна сезона во WRC, успеа по рекорден осми пат да го освои ова славно рели. Во 2019 година Ожие со седмата победа го изедначи дотогашниот рекорд на сонародникот и деветкратен светски шампион Себастијан Лоеб. Планираше да го напушти релито на крајот на минатата година. Меѓутоа лани победата му избега за 12,6 секунди, колку што беше поспор од Нувил. Се чини дека Ожие го продолжи договорот со Toyota само за годинава да го постави рекордот на Монте Карло. Рекорд вреден за паметење и за кого веруваме ќе остане недостигнат уште долго. Да ги вратиме сеќавањата на повеќекратните победници на Монте Карло. По четири победи бележат: Томи Макинен, Валтер Рерл, Сандро Мунари и Жан Трево. По три победи имаат: Карлос Сајнц и Дидие Ориол. А по две победи освоиле: Мики Би-
48
02.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk
асион, Ерик Карлсон и Бјорн Валдегард, сé легенда, до легенда. Меѓутоа годинава релито на Монте Карло нема да остане запаметено само по рекордната победа на Ожие, туку и по фактот дека тоа се случи на јубилејната 110-та годишнина на релито, и дека со него стартува сезоната која ќе обележи крај на ерата на актуелните „WRC - World
Rally Car”, или Светски рели автомобил. По 25 годишно владеење со светската рели сцена, тие в година ќе бидат заменети со новата и се надеваме возбудлива хибридна генерација на рели автомобили. Годинешното издание на релито на Монте Карло ќе остане запаметено и по враќањето на Pirelli како снабдувач на гуми на Светскиот шампионат во рели, кој отсуствуваше од сцената цели 10 години. Иако во скратен формат заради пандемијата од Ковид-19, годинешното рели на Монте Карло понуди сочна содржина полна со компликувани предизвици, кои,
СПОРТ |
пак, ги ставија на лимит способностите на тимовите и на екипажите. Збиено во 14 брзински испити кои покриваат 257,64 km од вкупната рута долга 1.392,92 km релито повторно беше вистински тест за возачите кои на ист брзинец можеа да се сретнат со снег, мраз, мокри и суви парчиња пат што го прави изборот на гуми пресуден. Заради скратениот формат и полицискиот час во Франција релито стартуваше со два брзинци во четврток попладне на 21 јануари. Победувајќи и на двата брзинци От Танак се промовираше во лидер на релито. За разлика од лани кога направи грешка и доживеа страшна несреќа, Танак возеше како по терк и поведе оставајќи ги зад себе младиот Рованпера, Еванс, Нувил и Ожие кој имаше проблеми со сопирачките. Но, ова кусо попладне беше вовед во вистинските збиднувања кои се очекуваа во останатите три дена. Проблемите со сопирачките на автомобилот на Ожие беа решени и шампионот можеше да атакува на брзинците што следеа во петок наутро. Покажа од каков материјал се направени шампионите и од петто се искачи на прво место после утринскиот круг брзинци. Зад него беше тимскиот другар Еванс кој својата шанса ја доби во втората половина од денот и на крај го поведе релито. Еванс изби на чело откако Ожие згреши, се изврте и дупна гума на претпоследниот брзинец од денот. Меѓутоа Ожие се прибра. Извозе во стил на голем мајстор на последниот брзинец од денот, и иако не го доби дуелот со Еванс ја стопи неговата предност на само 7,4 секунди на крајот од денот. За Танак релито повторно ги отвори своите темни намери. На утринските брзинци неговиот автомобил Hyundai i20 WRC
губеше моќност на тесните остри свијоци. Доволно за да загуби многу време во однос на водечките и да заврши на третото место на крајот од денот. Рованпера заврши четврти, а Нувил петти заради лошиот избор на гуми, но и заради невоиграноста со новиот совозач. Тој на само една седмица пред стартот на сезоната го раскина партнерството со долгогодишниот совозач Николас Гилсул, и го замени со Мартијн Видаег. Ништо не можеше да го спречи Ожие во намерата да го освои релито. Беше решен да го надомести загубеното време од претходниот ден. После брилијантното возење, во сабота наутро, низ со снег и мраз прекриените планински патишта, во само 18,31 km успеа на Еванс да му украде скоро 18 сек. Безмалку секунда по километар. Ова беше само вовед во нападот на Французинот. Возеше самоуверено во остатокот од денот и поведе со предност од 13 сек. пред Еванс. Третото место му припадна на нивниот тимски другар Кале Рованпера. Нувил и Сордо за Hyundai завршија четврти и петти. Танак беше во игра за третото место, но беше дисквалификуван. На два брзинци едно по друго дупна гума, а имаше само една резервна. На пат кон сервисната зона организаторите забележале дека буквално вози на бандаж. Сметајќи дека не е безбедно така да вози на јавен пат го отстраниле од со-
обраќај. Брилијантниот перформанс на Ожие не запре ниту на последниот ден од релито. Без оглед на солидната предност пред Еванс, шампионот не престана да форсира. Освои три од четирите брзински испити кои беа на распоред во недела, а за да биде круната поголема победи и на специјалниот Телевизиски брзинец освојувајќи ги дополнителните 5 бодови, или максималните 30 бодови. Така Ожие се закити со рекордната осма победа на ова рели и вкупно 50-та во неговата кариера. Осумте победи на Ожие на ова славно рели се протегаат низ три декади и се постигнати со пет различни производители. Неговиот тимски другар Еванс ниту на последниот ден од релито не можеше да најде вистински одговор за возењето на Ожие. Едноставно мораше да се задоволи со втората позиција. Признавајќи дека возел премногу на сигурната страна не влегувајќи во ризик. Дупната гума го спречи Рованпера во потерата по трета позиција и совршен 1-2-3 финиш за Toyota. Тој мораше третата позиција да му ја препушти на Нувил за кого место на пиедесталот со нов совозач е и повеќе од доволен успех. Рованпера мораше да се задоволи со четвртото место. Сордо беше петти, а шести Катсута. Јапонецот кој го заокружи успехот на Toyota од 100 проценти, или четири од четири екипажи. Ова беше успех од соништата за новиот директор на тимот, Јари-Мати Латвала кому ова му е прво рели на новата позиција. Следното рели е новина во Светскиот шампионат и е замена за легендарното рели на Шведска. Станува збор за Арктичкото рели на Финска. Релито на Финска го напушта вообичаениот формат и се сели длабоко во замрзнатиот и оддалечен Арктички Круг на северниот дел на Финска на крајот од февруари. • Љубомир Атанасоски
02.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk
49
КУПУВАЈТЕ СО ПОПУСТ СО ВАШАТА АМСМ ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА! 10% попуст Бистро „БАРБАКАН“
Што ќе се руча денес? Одговорот ќе го најдете во менито на бистро „Барбакан“, каде секој рецепт носи поинакво доживување, а атмосферата е предизвик за сите сетила. Искористете го попустот од 10% кој го добивате како наши членови и заштедете. Локација: бул. „8-ми септември“-Скопје
10% попуст Спортска опрема и обувки „СПОРТ М“
За било кој спорт и од било кој спортски бренд, најголемиот избор на опрема и обувки, секогаш е во „Спорт М“, каде како наши членови добивате 10% попуст на целиот асортиман, а со тоа и шанса добро да заштедите. Локација: ГТЦ и ТЦ „Рамстор“ – Скопје
20% попуст Очна оптика „ГЕТАЛДУС“
Оптички или очила за сонце, какви и да барате, сигурно ќе ги најдете во моделите на најпознатите светски брендови во оптика „Геталдус“ и притоа ќе заштедите 10% со покажување на вашата членска картичка. Како наши членови добивате и бесплатен очен преглед. Локација: Камени мост (зграда Ибнипајко) Скопје
10% попуст Клучар гравер „БАЖЕ“
Изработка на клучеви, продажба и поправка на брави и сите видови на клучарски услуги кои не затребуваат често, но кои треба да знаете каде се најдобри и од кого да ги побарате. Попустот од 10% кој го добивате како наши членови е само дополнителен мотив да го изберете овој наш АМСМ Партнер. Локација: ул.„Јордан Мијалков“ бр.6 - Скопје
АМСМ Партнер попустите не можете да ги користите за производи и услуги кои се на акциска цена. Сите останати АМСМ Партнер продажни места и детални информации за нив можете да најдете во брошурата во прилог и на веб страницата на АМСМ.
50
02.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk
02.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk
51
52
02.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk
Покажете ја Вашата картичка
% > > > > > > > > > > > > >>> Внимателно избрани партнери
Попусти за членови
FRESH EXPRES” FRAN” ” ” OTTICA ITALIANA”
“
2
02.2020
LATERRAZZA
LATERRAZZA
ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД
АМСМ Услуги Станица за технички преглед 10% попуст на технички преглед www.amsmstp.mk
ПОМОШ НА ПАТ
АМСМ Услуги Служба за помош и информации на пат 20% попуст на сервисни услуги и 5%-10% попуст на резервни делови www.amsmspi.mk
ПРОДАВНИЦА ЗА ГАЛАНТЕРИЈА
20% попуст во АМСМ продавница за галантерија само за АМСМ членови www.amsmspi.mk
02.2020
3
Watches and jewelry „MY TIME“
4
02.2020
МОМЕНТ МАЛ
02.2020
5
6
02.2020
02.2020
7
“
8
02.2020
02.2020
9
02.2020
02.2020
%
02.2020
10
2008
02.2020
15%
02.2020
02.2020
02.2020