Skip to main content

AMSM Klub Mobiliti Juni 2020 br. 46 elektronsko

Page 1

06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

1


2

06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


УЖИВАЈТЕ ВО АЛТЕРНАТИВНИОТ ПРЕВОЗ

АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ Членско списание ИЗДАВАЧ: АВТО-МОТО СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-181 Факс: 02/ 3181-119 amsm@amsm.com.mk www.amsm.mk ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: Маргита Поповска ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН: Бојан Димитријевиќ РЕДАКЦИЈА: ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-351 Факс: 02/ 3181-349 redakcija@amsm.com.mk www.amsmklubmobiliti.mk

ИЗДАВАЧКИ СОВЕТ: проф. д-р Спасе Јовковски (претседател) проф. д-р Иво Дукоски (член) Калинка Танеска (член) Јован Теговски (член) Миле Атанасов (член) Димитар Пендов Митко Смилков

НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ: Жарко Атанасоски Љубомир Анастасовски Данчо Здравковски Андријан Трипунов Александар Табаковски Игор Ландсберг

ТИРАЖ: 10.000 примероци

Летото само што почна, а со него и плановите и идеите каде да го поминеме нашиот летен одмор. Во мислите веќе сме на нашата сакана дестинација, но реалноста е тука за да нѐ потсети дека летово нема да го поминеме така како што сме замислиле, да патуваме на долги дестинации, да посетуваме интересни места... Но сигурно е дека повеќе ќе го користиме автомобилот и затоа не смееме да заборавиме на нашите обврски како активни учесници во сообраќајот и да му посветиме поголемо внимание на управувањето. Ние не сме единствени на патиштата, тука се и пешаците и велосипедистите како рамноправни учесници кои заеднички треба да се грижат за севкупната безбедност во сообраќајот. Но дали е секогаш така? Се случува возачите да се однесуваат како ним да им припаѓаат улиците и многу често велосипедистите и пешаците ги перципираат како пречки, а не како живи суштества со исти права и кои заслужуваат почит. Само тогаш кога ќе сфатиме нечии одредени потреби, особено кога ќе прифатиме дека велосипедот е превозно средство, ќе имаме многу помалку проблеми. Сѐ поголем број љубители на велосипед активно го користат како сообраќајно превозно средство, но мора да се има предвид дека и покрај големиот број патеки, сепак, безбедноста на велосипедистите во сообраќајот сѐ уште не е на потребното ниво. Можностите и плановите за зголемување на безбедноста на велосипедистите во градот се големи. Во последните години многу се вложува во велосипедската инфраструктура. Се преземаат голем број активности што не се насочени само кон подобрувањето на инфраструктурата, туку и кон подигнување на свеста на возачите за рамноправноста на велосипедистите како равноправни учесници во сообраќајот, од една страна, но и кон зголемувањето на свеста на велосипедистите за еднакво почитување на сообраќајните правила и прописи, од друга страна. Изборот на алтернативните форми на мобилност треба да биде наше секојдневје, навика од која добиваме сите, нешто во што треба заеднички да инвестираме и во чиј резултат заедно ќе уживаме. Следното издание на „АМСМ Клуб Мобилити“ очекувајте го во јули 2020 година, во електронска верзија на вашата емаил адреса и на веб страницата на www.amsmklubmobiliti.mk

ПЕЧАТИ: Печатница „Серафимовски“ - Скопје БАНКА: Комерцијална Банка А.Д. Скопје ЖИРО-СМЕТКА: 300000000915716 ЕДИНСТВЕН ДАНОЧЕН БРОЈ: 4030991238264

Маргита ПОПОВСКА главен и одговорен уредник

ISSN 1857-6133

© Сите права се заштитени. Овој труд не смее да биде преведен или копиран во целина или негов дел без дозвола на издавачот. Забрането е било какво складирање и архивирање, електронско прилагодување, компјутерско програмирање или користење со некоја слична или различна технологија позната до денес или која ќе се развие во иднина.

Почитувани членови на АМСМ, Ве повикуваме на нашата е-маил адреса redakcija@amsm.com.mk да ни ги испратите своите е-маил адреси за да можеме да ви го доставиме интернет-изданието на списанието „АМСМ Клуб Мобилити“.

06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

3


4

06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


10 12

НОВОСТИ ПЕТНАЕСЕТТЕ НАЈДОБРИ НОВА ГЕНЕРАЦИЈА ОД СТАНДАРДНО ДОБРИОТ „ИКС ТРЕИЛ“

14 18

АВТО-МОТО ЛОГИЧЕН ИСЧЕКОР ГОДЗИЛА СО СТИЛ НА МОДЕН КРЕАТОР

14

Имиџот што Kia го постигна на стариот континент највеќе се должи на моделот Ceed...

28

ТЕСТОВИ И СОВЕТИ ЛЕТНИ ГОРЕШТИНИ И ПОДГОТОВКИ ЗА ПАТУВАЊЕ

32

СТИЛ МИРИСОТ Е ОДРАЗ НА ВАШАТА ЛИЧНОСТ

36

ПАТУВАЊЕ БАЛКАНСКИ БИСЕРИ НА ДОФАТ НА РАКА

44

46

50 54 56

34

Светот на авијацијата засекогаш ќе го памети 28 мај 2020 како ден во кој авионот „цесна 208 б гранд караван“ го имаше...

HI-TECH НАЈГОЛЕМИОТ АВИОН ВО СВЕТОТ СО ЕЛЕКТРИЧЕН ПОГОН ИСТОРИЈА ЗАГАТО И НЕГОВИОТ 101. РОДЕНДЕН СПОРТ ШОУТО ПРОДОЛЖУВА, КАЛЕНДАРОТ НЕПОЗНАТ! РЕСТАРТОТ СИГУРЕН, КАЛЕНДАРОТ НЕ Е ДЕФИНИТИВЕН НЕКОГАШ И ДЕНЕС

Додека Формула 1 ги потврди само првите осум трки за јули, август и почетокот на септември, во Мото ГП објавија календар од...

55

06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

5


ЧЕШКА КАЗНИ ГЛОБИ НА ЛИЦЕ МЕСТО

Полицијата може да одреди парична глоба на самото место и да побара итна исплата на казни до 5.000 CZK. Полицијата може да ја одземе возачката дозвола на самото место за сериозни престапи. ЗГОЛЕМЕНИ ЦЕНИ НА ГЛОБИ:

- Ако не се носи сигурносен ремен или шлем: 1.500 - 2.500 CZK и 3 поени - Не превезување дете во безбедносно седиште за деца: 1.500 - 2.500 CZK и 4 поени - Употреба на мобилен телефон додека возите: 1.500 - 2.500 CZK и 2 поена - Паричната казна за одбивање антиалкохолен тест на здив е од 25.000 до 50.000 CZK и забрана за возење од една до две години и загуба од 7 поени. - Секој возач што плаќа парична казна, мора да побара потврда.

МАКЕДОНИЈА СОСТОЈБА НА ПАТИШТА

Регионалниот пат Р-2332 патен правец Ресен-Охрид (Отешево-Трпејца, преку национален парк Галичица) од 2.5.2020 година е отворен за сообраќај за возила со вкупна маса до 3,5 тони. Информации за движење низ ЈАСЕН од 1.4.2020 ПАТНИОТ ПРАВЕЦ ШТО ГО ПОВРЗУВА СКОПЈЕ СО МАКЕДОНСКИ БРОД: Скопје кон Македонски Брод 07:00 - 08:30 часот и 16:30 - 18:00 часот Македонски Брод кон Скопје 06:00 - 07:00 часот и 18:30 - 20:00 часот ОД 1.5.2020 ВОВЕДЕНИ СЕ И ДОПОЛНИТЕЛНИ ТЕРМИНИ: Скопје кон Македонски Брод: 12:00 - 12:30 часот Македонски Брод кон Скопје: 12:30 - 13:00 часот

АВСТРИЈА ПАТАРИНА – ЕТИКЕТА Сите моторни возила мора да платат етикета „Маутивинет“ за да ги користат автопатиштата и експресните патишта.

Тарифа 2020 1 година*

2 месеци**

10 дена

Моторцикл

36.20 €

13.70 €

5.40 €

Автомобил, возило со 2 оски или повеќе, до 3,5t ***

91.10

27.40

9.40

* важи 14 месеци (од 1 декември до 31 јануари следната година) ** за период од 2 месеца (на пример, од 5.1 до 5.3 или од 31.7 до 30.9). *** Не е потребна „вињета“ за каравани Етикетата е достапна од канцелариите на OeAMTC, места за премин на границата со Швајцарија, поштата, осигурителните компании и некои бензински пумпи. За возила над 3,5 тони патарините се собираат по електронски пат со мала кутија (ГО-кутија) ставена на шофершајбната. Овие уреди се достапни во продажните центри во Австрија и во соседните земји. Корисниците на системот можат да ги платат патарини преку сметка слична на сметката за кредитна картичка („пост-плата“) или преку зачуван кредитен систем за наплата („претплата“).

6

06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


MINI

УБАВИНИТЕ НА ПРИРОДАТА И „МИНИ КАНТРИМЕН“

И

зведбата „кантримен“ во семејството на Мини е една од тие малку чудните, но покрај тоа што претставува своевиден имиџ примерок на четири тркала, воедно возилото е уште толку употребливо. Ако неговиот каросериски претходник има три врати, кантримен има пет, впечатливо поголема должина и што е најважно погон на сите тркала. Ако едниот е типичен градски претставник, „шмекер“ од висока класа, „кантрименот“ може да се пофали со безгрижните излети надвор од асфалтот, каде градскиот примерок не може ни да замисли да шета. Погон на сите тркала, но и електричен покрај клипниот мотор со кој тивко ќе влезете во градските средини без да правите бучава и што е најважно не го загадувате воздухот. Сето тоа го може изведбата наречена „ол 4“ со која природата е поубава од кога и да било досега. Обновувањето беше неопходно затоа што моделот датира од 2016 година, така што сега сигурно ќе биде

повеќе од две години на пазарот, задавајќи и постојана главоболка на конкуренцијата. Кога ќе се соберат и одземат сите нешта кои учествуваат во моделот „кантримен“, ќе се дојде до бројка од 11 варијанти. Тоа се „мини уан кантримен“, „мини купер кантримен“, „мини купер кантримен ол 4“, „мини купер кантримен с“, „мини купер кантримен с ол 4“, „мини купер се кантримен ол 4 (пхев)“, „мини оне д кантримен“, „мини купер д кантримен“, „мини купер д кантримен ол 4“, „мини купер сд кантримен“ и „мини купер сд кантримен ол 4“. Во еден модел имате неколку подмодели, некои се наменети за индивидуалци, а некои како кантримен за семејно настроените. И да го напомнеме следново, сите погонски единици ги задоволуваат стандардите еуро 6. Рестилизираниот „мини кантримен“ очекувајте го во продажните места ова лето во август, а цената и останатите детали ќе ги добиете кај увозникот на возилата. •

PORSCHE

КЛАСИКАТА НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ ИЗОСТАВЕНА

O

бновувањето на моделот „рио“ е завршено и сега единствено се чека испораката на првите возила, а тоа ќе се случи на есен. Колку моделов од сегментот „б“ е важен за производителот говори и следниов податок. Моторите се заменети со нови кои се електрифицирани, односно во себе имаат благ хибриден систем со што јаглеродниот диоксид во издувните гасови сега е намален од минимални 8,1 до 10,7 отсто. Втора новост во погонските единици е системот за варијабилно отворање и затворање на вентилите. Овој систем Киа го нарекува „кввд“ (Continuously Variable Valve Duration CVVD). Што всушност значи тоа? Во зависност од тоа колку се оптеретува моторот, всисните и издувните вентили се отвораат помалку или повеќе. Помало оптеретување помало отворање, а поголемото оптеретување предизвикува поголемо отворање на спомнатите вентили.

Електрифицираниот трицилиндричен турбо мотор го има во две извдби со 100 и 120 КС „извадени од мотор со 1,0 литри работна зафатнина. Тоа се тие нови моменти (читај мотори) во обновениот „рио“, но за љубителите на класиката производителот сè уште го вградува мошне солидниот атмосферски 1,2 литарски мотор со 84 КС. Покрај изменетиот надворешен дизајн, рестилизираниот „рио“ во одделот за патници добива нов поголем осум инчен екран, а во делот помеѓу брзинометарот и мерачот за вртежи поставен е поголем четири инчен екран со повисока резолуција. Сето тоа е поставено на табла која изгледа како да е направена од јаглеродни влакна. Во пакетот од измени и дополнувања ќе ја спомнеме богатата електронско дигитална опрема со која возилото станува уште побезбедно. Севкупната сериска и дополнителната опрема што ја има обновениот „рио“ е рамо до рамо со автомобилите од погорните класи. Изведбата „рио еко динамикс +“ е меѓу првите модели од Киа кој во себе има електрична спојка. Механичката врска е изоставена и на нејзино место е електрониката. Ваквиот систем добил име „интлиџент манул трансмишн“. Електрифицираните, односно тие со „умерен“ (благо) хибриден погон кај нив можете да изберете во кој режим сакате да го возите автомобилот, во „еко“, „спорт“ и „нормал“. Уште од далеку се приметува големата офанзива на Киа во светски размери, не само на европскиот пазар. Штотуку излезе со обновеното „пиканто“, за неполн месец производителот лансира редизајн изведба од четвртата генерација на моделот „рио“ •

06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

7


BMW

НОВАТА „ЧЕТВОРКА“ И НОВОТО ЛИЦЕ

M

инхенците истрчаа на теренот со новата „четворка“. Натамошното пишување е невозможно ако веднаш не се спомне неговиот малку чуден преден дел. Маската каде отсекогаш доминирале симетричните отвори кои се попознати како „бубрезите“, некако двои од севкупниот дизајн. Да појасниме, некогаш БМВ имал такви „бубрези“, издолжени, многу издолжени, но сето тоа било во склад со тогашниот дизајн, овие денешниве отскокнуваат од дизајнот. Добро, тоа е нашето видување на нештата, а за деталите наскоро ќе се изјасни дизајнерот затоа што досега сигурно има стигнато еден куп прашања на негова „адреса“. Купето со поголеми димензии од претходната генерација, располага со 4768 мм должина, 1852 мм ширина, додека меѓуоскиното растојание е зголемено за 41 мм и сега изнесува 2851 мм и е високо 1383 мм. Возилото во должина „пораснало“ за 128 мм, 27 во ширина и 6 мм во висина. И покрај зголемените димензии новата „четворка“ е пониска од соодветната лимузина од која

потекнува за 57 мм. Конструкторите велат дека купето добило дополнителни зацврстувања на платформата со што е подобрена стабилноста на правците, но воедно и постабилни и побрзи излегувања од свиоците. Ќе се вградуваат и бензински и дизел мотори, а ќе има и од тие со 48 волтната технологија наречени благо хибридни, електричен погон кој дава дополнителни 11 КС кои се многу употребливи во момените на претекнување. Познатиот „м спорт“ пакет, исто така, е во понуда каде најзначајна придобивка е поинаквото обесување на тркалата, а потоа доаѓаат 18 инчни пневматици на сосема нови алуминиумски тркала, повеќе детали на предниот и задниот дел, но и внатрешноста е во служба на спортот и спортските детали. Со новото купе сè е во ред, единствено што ние сме изненадени од дизајнот на маската и сега реагираме некако чудно. Не сме навикнати на новиот изглед, затоа негодуваме, но сè во свое време. •

TOYOTA

ТОЈОТА И НЕЈЗИНИОТ ОБНОВЕН „ХАЈЛУКС“

T

ојота го обнови својот пикап „хајлукс (хајлакс)“ кој веќе е влезен меѓу легендите од автомобилската индустрија. Редизајнот донесе поагресивен изглед каде доминира предниот дел во кој рељефните површини се забележливи уште од далеку. Тоа кажува за желбата на дизајнерите нивното возило да биде повпечатливо, да се двои од останатите во средината и да „запнува“ за око на секој минувач. Покрај новите дизајнерски решенија, „тојота хајлукс“ има и нов дизел мотор со зафатнина од 2,8 литри со 204 коњски сили и 500 Нм вртежен момент. Овие два параметри се доволни возилото да забрза од 0 до 100 км/ч за точно 10 секунди, што е повеќе од солиден резултат, ако се има во предвид неговата носивост од еден тон заедно со неговите два тона, вкупно три. Новиот мотор ќе се нуди во изведбата, со продолжена кабина и во изведбата со двојна кабина, со автоматски или обичен шестстепен менувач и тоа само со погон на сите тркала, затоа што

8

06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

некои од изведбите имаат погон 4х2. Денес овој вид возила сè повеќе ги сретнуваме во градските средини, а производителот соодветно одговара на потребите од купувачите. Затоа конструкторите во обновениот модел од осмата генерација го имаат дотерано подвозјето да биде повеќе накај лимузинско кога се движи по асфалт и истовремено да биде врвно теренско возило кога се наоѓа некаде на планина, долина или некој друг предел. Велат сега возилото е поудобно за возење на асфалт од сите претходни генерации. Одделот за патниците речиси и да нема нешто што имаат класичните лимузини. Сè што е во служба на удобноста, сè е внатре ставено, така што најдобро е човек добро да се преслуша и дури потоа да одлучи што да купи кога ќе влезе во салонот на Тојота, пикап или лимузина. „Тојота хајлукс“ за првпат се појавува во 1968 година и со секоја нова генерација ја докажува својата доминација во класата. Го има освоено и Северниот и Јужниот пол, вулканите во Исланд, а во 2019 се закити со титула од релито Дакар. •


MERCEDES

КЛАСИКА ВО КУПЕ И ВО КАБРИОЛЕТ ИЗДАНИЕ

O

ткако беше обновена најпознатата лимузина на мерцедес, таа со ознака „е класа“, веднаш потоа на ред за редизајн беа купето и кабриолетот. Овој модел од Мерцедес несамо што е најбараниот, туку воедно располага и со повеќе изведби, лимузина караван, купе и кабриолет. Најзабележителни детали на обновеното купе и кабриолет е нивниот преден дел каде е назначена агресивноста, но и елеганцијата без која не се може. Задната светлосна групација заедно со севкупниот заден дизајн оддава впечаток на нешто порафинирано, подотерано, а во одделот за патници прво што паѓа во очи е новиот управувач. Групата од погонските единици е составена од неколку бензински и дизел со 48 волтната хибридна технологија застапена само во некои изведби. Интересно е што сите изведби се снабдени со девет степен автоматски менувач. Силината

со кои располагаат моторите се движи во распон од 197 коњски сили извадени од бензински мотор со четири цилиндри и турбо компресор, до максимални 435 во изведбата со ознака „амг“ која во себе има шестцилиндричен мотор со зафатнина од 3,0 литри. Како и секогаш опремата кај оваа марка возила била и ќе биде богата. Има од сè по нешто и за сечиј вкус, а кој го интересира нека го земе списокот во раце и слободно нека избере што му одговара. За безбедноста и безбедносните системи кои се на највисоко ниво не треба ни да спомнуваме, а за тие најпребирливите има неколку нови бои: цирус сребрена, тоа цирус се мисли на облаците од видот цирус и нивната сребрено белузлава боја, потоа графитно сивата, пустинската сребрена наречена Мохаве по истоимената пустина и патагонска црвена, по областа Патагонија во Аргентина. •

MAZDA

ПОВТОРНО „БТ 50“

З

атоа што Исузу не им чинеше во С. Америка, Мазда сега ќе ја користи неговата основа за обновената втора генерација од пикапот „бт 50“. Производството е речиси започнато и се чека само на светската премиера, најверојатно преку интернетот на 17 јуни. Засега производителот прикажува делови во „сенка“ од возилото и секој пат го најавува денот на првичното прикажување. Според досегашните нешта, Мазда има долга традиција во производството на пикап возила, така што новава (обновена) генерација ќе биде продолжение на нејзините вредности.

Според потребите на пазарите, во „мазда бт 50“ ќе бидат вградувани мотори со различна зафатнина. Конструкторите велат најснажниот има работна зафатнина од 3,0 литри и 190 КС на располагање кои ќе се пренесуваат на сите тркала преку шестстепен автоматски или обичен менувач. Само едно не е јасно. Новиов модел ќе биде наменет за Далечниот Исток и Австралија со Полинезија и Микронезија, но првите примероци ќе бидат испорачани на само на австралискиот континент туку и во Африка, во текот на наредната година. А каде и кога остатокот од светот ќе го добијат на продажба обновениот модел од втората генерација на пикапот „бт 50“ треба да одговори производителот. •

06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

9


MERCEDES-MAYBACH S650 NIGHT EDITION

ПЕТНАЕСЕТТЕ НАЈДОБРИ

K

ога ќе се спомне лимузина од класата „с“ веќе е познато, говориме за марката „Мерцедес Бенц“ и сè ни е јасно, затоа што тоа е автомобил од горната класа во која луксузот игра главна улога. Но кога на тој ист автомобил од класата „с“ му е додадено името „мајбах“, е тогаш нештата добиваат друга димензија, а луксузот станува уникатен. Има една вистина што се спомнува, тие што купуваат скапи автомобили не им е сеедно кога ќе видат некој на улица со ист автомобил како нивниот. Конкретно „мерцедес – бенц с 650“ е сериски автомобил со долг список од сериска и дополнителна опрема, скап е, но не е тоа тоа, затоа што е сериски и многумина може да го имаат. Најверојатно, производителот затоа нуди несекојдневна лимузина и тоа само за пазарот во САД. Истата лимузина ја нуди со наставка „мајбах“ и сега лимузината го добива името „мерцедес мајбах с 650“. За нагласување на уникатноста, лимузината ќе биде произведена во само 15 примероци и тоа го нагласува во името со „најт едишн“, односно „мерцедес мајбах с 650 најт едишн“. Ако се само 15 примероци, а толку се според изјавите на производителот, јасно е, моделот ќе го поседуваат само 15 мина во држава со скоро 270 милиони жители и можноста да се сретнат некаде е многу мала. Оваа загарантирана уникатност ќе ги чини сопствениците 250.000 долари, а колку за информација, „обичната“ лимузина без наставката „мајбах најт едишн“ чини 200.000 долари. Што е толку поинаку од обичната до посебната изведба за разликата да биде 50.000 долари? Изработката, материјалите, пардон, грижливо одбраните материјали, не прва класа, туку вон класа, врвни парчиња од материјали, најдобрите што може да ги понуди светот. Сето тоа е вградено во „мерцедес мајбах с 650 најт едишн“ и како додаток имате и порцелански детали, а за кожни и дрвени, тоа во мајбах е секојдневие, за тоа воопшто не треба да се зборува. Во официјалниот извештај е нагласено, цитираме: „снабден е со рачно правен 6,0 литарски V12 мотор....“. Не било каков туку рачно направен и продолжува со два турбо компресори кои помагаат да се извлечат 621 КС потребни да забрза од 0 до 100 км/ч за 4,6 секунди. Списокот на опрема во внатрешноста почнува со можноста да бирате каков амбиент сакате во задниот дел од автомобилот. Диодите овозможуваат 64 бои на осветлување и 64 бои на внатрешноста, така што останатото зависи од вас. Удобноста во кабината е надополнета со тридимензионалното амбиентално озвучување „барместер“, двата 12,3 инчни екрани осетливи на допир, со масажа и вентилација во седиштата и што уште нè. Подвозјето е врв од достигнување. Со воздушните перничиња кои играат улога на амортизери управува систем наречен „ерматик“, кој го следи теренот (подлогата на која се вози) и начинот на возење, а потоа системот ги ускладува сите податоци и ја подесува суспензијата на најоптимално ниво. Сета оваа работа ја контролира системот „меџик боди контрол“, за автомобилот да „лизга“ по асфалтот како во море од масло, или како што велат италијанските морнари „бонаца“. Тука е и пакетот од безбедносни помагала „дап“ и системот за ноќна видливост наречен „нвап“. И да, туку има место за дополнителна опрема што вам ви се допаѓа. Конкуренција на „мерцедес мајбах с 650 најт едишн“ се лимузините од Бентли и Ролс Ројс, „флаинг спар“ и „гоуст“. •

10 06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


LEXUS IS

БОРБА ВО КОМПАКТНАТА ПРЕМИУМ КЛАСА

M

оделот „ис“ е припадник на премиум компактната класа и со тоа претставува директен конкурент на „алфа ромео џулија“, „ауди а4“, „бмв 3“, „мерцедес ц класа“, „инфинити ку50“ и „акура акорд“. За справување со конкуренцијата Лексус ја понуди четвртата генерација од популарниот модел „ис“. Бидејќи Лексус нема дизел мотори остануваат трите бензински од кои третиот со зафатнина од 2,5 литри со четири цилиндри е хибриден и поседува 180 КС („ис 300х“). Едниот од преостанатите два агрегати е реден четирицилиндричен со зафатнина од 2,0 литри кој со помош на турбо компресор развива 245 КС („ис 300“), додека другиот е V6 со зафатнина од 3,5 литри и 316 КС („ис 350“). За поголема удобност, но и подобро лепење за асфалтот,

Лексус ги вградува своите амортизери со двојни вентили, едниот поголем за справување со поголеми нерамнини на асфалтот, а кога нерамнините се мали тогаш одговорен за работата на амортизерот е малиот вентил. Со овој метод на конструирање амортизери се овозможува нивна подолга експлоатација, но и стабилно однесување на автомобилот при поголеми брзини. Производството се одвива во матичната земја, но сите мислеа дека новиот „ис“ ќе се произведува во досегашната фабрика која претставува своевидна лабораторија каде погонот на задните тркала е доведен до перфекција, но производството е префрлено во новите погони. Во зависност од пазарите, „лексус ис“ ќе стигне до купувачите на крајот од оваа и на почетокот од идната година•

FORD MUSTANG MACH 1

СО НАДЗВУЧНА БРЗИНА

Н

а конструкторите, поточно на одговорните во Форд им беа потребни 17 години повторно да го претстават моделот „мустанг мах 1“. Малку чудно, но сега е моментот според нив за светска премиера. Името кажува сè, „мустанг“ е нешто како втор заштитен знак во Форд покрај неговото лого. И веднаш погодувате, производителот го претстави супер купето кое ќе започне да се продава на пролет следната година. Бидејќи спортскиот купе автомобил е од тие кои неретко беа користени за трки, Форд ќе понуди и тркачка изведба, односно комплет, од делови со кои автомобилот се претвора во тркачка машина, а потоа се оди директно на писта, затоа што на таквите таму им е местото. Моторот има осум цилиндри распоредени во V со вкупна за-

фатнина од 5,0 литри. Со 480 КС при 7000 врт/мин. Силината се пренесува на задната оска преку шестстепен обичен менувач или 10 степен автоматски во зависност од желбата на купувачот. Во првичните податоци покрај другото, спомнати се 5,7 секунди потребни автомобилот да постигне брзина од 100 км/ч тргнувајќи од место. Велат продажбата ќе започне наредната година на пролет и тоа со цена од 50.000 долари за „основниот“ модел. 480 КС за 50.000 долари, тоа е повеќе од солидна цена, а друга поволност е што секој сопственик може да го надоградува својот автомобил затоа што производителот оставил простор за такво нешто. Тоа „мах 1“ во името е нешто како автомобилот брз исто колку и звукот. •

06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

11


NISSAN

НОВА ГЕНЕРАЦИЈА ОД СТАНДАРДНО ДОБРИОТ „ИКС ТРЕИЛ“

„И

кс треил“ или „роуг“ тоа се имиња кои Нисан ги користи за едно исто возило. Во зависност од пазарите возилата носат различни имиња. На пример, за северноамериканскиот автомобилски пазар Нисан го користи името „роуг“, а за европскиот пазар „икс треил“. Кога веќе ја разјаснивме разликата во имињата, да преминеме на светската премиера. Претставувањето мина преку интернетот, а светот имаше можност да ги види првите официјални фотографии и видео материјали. Задоволни или не од дизајнот, четвртата генерација од моделот е веќе претставена и сега се чека на продажбата која ќе започне во доцна есен и во првите недели и месеци од наредната година. Тука треба да се има во предвид светскиот автомобилски пазар и нисановиот интерес каде ќе бидат однесени првите примероци. „Нисан икс треил“ е најпродаваното нисаново возило од класата сув, а неретко во изминативе две децении моделот го наоѓавме и на првото место на одделни пазари. Генерално моделот го бие добар глас како рационално, практично и употребливо возило. Со таа филозофија тргна Нисан при конструирањето на четвртата, најновата генерација од спомнатиот модел. Нема ништо поубаво од тоа конструкцијата, производот, да биде во служба на човекот. Според досегашните генерации кои се докажале во пракса, Нисан и овој пат нема згрешено во „пресметките“ за и околу моделот „икс треил“ – „роуг“ и неговата употреблива вредност. Тука треба да се нагласи и тоа колку овој модел е теренско, а колку нетеренско возило. До некаде, да, „икс треилот“ е теренско возило, но исклучиво кога се движи низ лесни терени и ако погонот е на сите тркала, додека останатите терени се строго наменети за докажаниот „патрол“. Зошто „икс треилот“ не е теренско возило? Затоа што користи „шасија“ (платформа) од автомобилите во гамата, поточно ја користи нивната самоносечка каросерија. И покрај неговиот крупен изглед, сепак е покус за скоро четири сантиметри од претходникот. Списокот од мотори е долг и тука повторно игра улога каде возилото ќе се продава, на кој дел од планетава. Едни пазари бараат поголеми, а други помали по зафатнина агрегати. На континентов најмногу ќе бидат застапени агрегати со помала работна зафатнина од тие што се нудат на американскиот пазар. Безбедносните електроники почнуваат со: детекторот за слепиот агол, потоа предупредување кога возилото го губи правецот и навлегува во друга коловозна лента, систем за ноќно возење, динамичка контрола на стабилноста, додека пропилот технологијата ќе се нуди само во посебни изведби, а не во сите. Производителот нуди погон само на предни или на сите тркала. Силината од моторите ќе се распределува во предната или до предната и задната оска преку обичен и преку автоматски „цвт“. Првичните информации не се толку издашни, така што за деталите околу димензиите, моторите и останатите чинители, ќе почекаме уште некое време. •

12 06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

13


Возевме Kia XCeed 1.0 T-GDi Vision

ЛОГИЧЕН ИСЧЕКОР СО НОВИОТ ХCEED КОРЕЈСКАТА КОМПАНИЈА ГЛАСНО КАЖУВА ДЕКА ПОВЕЌЕ НЕ САКА ДА БИДЕ РЕЗЕРВЕН ИГРАЧ, ТУКУ СМЕЛО ГИ ПОКАЖУВА СВОИТЕ КВАЛИТЕТИ СО КОИ МОЖЕ РАВНОПРАВНО ДА СЕ НОСИ ВО БОРБА СО ИГРАЧИТЕ ОД ПРВИОТ ТИМ.

И

миџот што Kia го постигна на стариот континент највеќе се должи на моделот Ceed, кој од своето деби во 2006 година континуирано бележи позитивни резултати. Свесни за постигнатиот успех раководните лица од компанијата во најновата, 3-та генерација се охрабрија и од моделот Ceed создадоа комплетен подбренд. Имено, покрај веќе познатите „хечбек“ и караванска изведба, во семејството постепено беа додадени верзиите Proceed, „лајфстајл“ интерпретација на караван-купе автомобил и последниот во низата, моделот ХCeed кој доаѓа како алтернатива во многу популарни-

14 06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

от сегмент на урбани „кросовер“ автомобили. ПОЛН ПОГОДОК Пратејќи ги светските автомобилски трендови корејската компанија одлучи да се послужи со примерот кој веќе е искористен од другите производители и семејството го дополни со модел кој ќе биде поспортска алтернатива на SUV возилата од гамата. Иако изведбата XCeed е изградена врз база на „хечбек“ моделот Ceed, сепак станува збор за многу повеќе од класично преземање на основната и поставување на повисока основа. Од таа причина верзијата XCeed со стандардната

изведба ја поврзуваат единствено предните врати, сите други елементи на екстериерот се специфично создадени за овој модел. На предниот дел е забележлив обликот на браникот кој е со поголеми отвори за воздух и хромирани додатоци. Стандардно, светлосните склопови се во LED изведба, навлегуваат подлабоко кон заштитната маска и имаат далеку поагресивен дизајн. Профилот на автомобилот дополнително ги открива разликите, XCeed има подолга каросерија чија поставеност е подалеку од подлогата отколку кај Ceed. По примерот на протеренските изведби долниот дел од екстериерот е обрабен со


црни заштитни елементи, додека кровот е со далеку поизразена слегувачка линија како што се движи кон крајот на автомобилот. Силуетата на купе автомобил доаѓа до израз особено преку обликот на заден дел, каде што на највисоката точка е поставен спортски дизајниран спојлер. Робусниот изглед на задниот браник ја заокружува сликата за спортскиот дух, но тука доаѓа и еднинствената замерка за дизајнот. Трендот кој во последно време е популарен кај производителите наметнува наместо вистинските завршетоци на издувниот систем во браникот да се имплементираат лажни хромирани отвори, за жал овој пристап е применет и

кај XCeed. Сепак и покрај оваа мала замерка, без разлика од кој агол се гледа XCeed изгледа атрактивно и модерно со линии кои визуелно го прават различен од конкуренцијата. КОНФОРНА СТРАНА Со зачекорувањето во внатрешноста на XCeed се сретнувате со познато опкружување, бидејќи во суштина ентериерот е речиси ист како кај стандардната варијанта на Ceed. Единствените разлики од технички аспект се забележливи во делот на дисплеј на инфотејмент системот кој е со големина од 8 инчи и кој стандардно е опремен со функциите за поврзување на паметен

телефон преку Apple CarPlay и Android Auto. За разлика од некои производители кои се обидуваат сите секундарни функции да ги вметнат на екранот, во Kia сè уште се држат до традицијата. Затоа управувањето со климатизацијата се одвива преку засебни команди кои се логички поставени и секогаш при рака, што е добар показател дека не треба сè да биде комплицирано. Што се однесува до материјалите, тие се за нијанса на повисо ниво отколку кај стандардната верзија. Понудата на простор во кабината е секако една од појаките страни на XCeed. Со минималното зголемување на надворешните габарити бенефитот се испорачува

06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

15


на втората половина од автомобилот. Задната клупа располага со простор каде што и повисоките лица ќе немаат проблем со удобното сместување, простор има доволно за колената, но и за главата, иако кровот има слегувачка линија. Исто така, во прилог оди и зголемениот волумен на багажникот што сега досегнува капацитет од речиси 430 литри. Севкупниот впечаток е повеќе од позитивен, минималните промени во кабинскиот простор влијаат позитивно и прават овој модел да ја истакне својата комфорна страна. ДОВОЛНО ДОБАР БАЛАНС Тестираниот модел ја поседуваше основната моторна опција што брои 120 КС сили кои доаѓаа од агрегатот со зафатнина од 998 см3 помогнат со турбо полнач, што воедно е компатибилен со строгите Еuro 6d –Temp нормативите. Наведената моќност која ја испорачува е повеќе од доволна за користењето во градски услови и повремени излети на подолги патеки. Автомобилот во оваа конфигурација потегнува без потешкотии, благодарение на влечната сила од 172 Нм која е

16 06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

на располагање од 1.500 до 4.000 врт/ мин, на моменти делува поспретно отколку што може да се претпостави. Агрегатот работи во спрега со одлично пресметана 6 брзинска трансмисија која се одликува со исклучителна прецизност и релативно краток од при промена на степените. Забрзувањето до 100 км/ч трае 11.3 секунди, а максималните 186 км/ч без никаков проблем можат да се дофатат. Постигнувањата се сосема коректни за автомобили со тежина од 1.257 кг. и малолитражен мотор од само еден литар. Декларираната просечна потрошувачка изнесува 5.5 литри што во реални услови значи дека таа се движи во зоната 7-7,5 литри на секои 100 изминати километри. За да биде сè на страната која ја потегнува надворешниот дизајн се грижи подвозјето кое е сетирано повеќе кон конфорната страна, но истото може да биде доволно прецизно, што на модел како Xceed кој поседува повисока става му овозможува да се однесува многу софистицирано во урбаниот сообраќај, но и при возење на отворен пат. • Данчо Здравковски

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ МОТОР:

ТРИЦИЛИНДРИЧЕН ТУРБО БЕНЗИНЕЦ

ЗАФАТНИНА:

998 СМ3

МОЌНОСТ:

120 КС ПРИ 6.000 ВРТ/МИН.

МЕНУВАЧ:

6 СТЕПЕН МАНУЕЛЕН

ПОГОН:

НА ПРЕДНИТЕ ТРКАЛА

ОБЕСУВАЊЕ НА ТРКАЛА:

НАПРЕД: MCPHERSON НАЗАД: MULTI LINK

СОПИРАЧКИ:

НАПРЕД: ВЕНТИЛИРАЧКИ ДИСКОВИ НАЗАД: ДИСКОВИ

ГУМИ:

НАПРЕД 205/60 R16, ПОЗАДИ 205/60 R16

МАСА НА ВОЗИЛОТО:

1.257 КГ

ДИМЕНЗИИ: Д/Ш/В:

4.395X1.826 X1.483 ММ

ЗАБРЗУВАЊЕ ОД 0 ДО 100 КМ/Ч:

11.3 СЕКУНДИ

ПРОСЕЧНА ПОТРОШУВАЧКА:

5.5 ЛИТ/100 КМ

МАКСИМАЛНА БРЗИНА:

186 КМ/Ч

ЦЕНА НА ТЕСТ МОДЕЛОТ

18.550 EU


ЗНАМ КОГА СУМ СИГУРЕН

ПЛАТИ ПОЛИСА ОНЛАЈН insumak.mk

Несреќен случај (незгода)

Пожар и некои други опасности

Патничко осигурување

Каско-осигурување на моторни возила

Провална кражба и разбојништво

Домаќинство

Машини, инсталации и апарати

...и сите останати видови осигурување 06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

17


Претставуваме NISSAN GT-R50

ГОДЗИЛА СО СТИЛ НА МОДЕН КРЕАТОР NISSAN ЗАЕДНО СО ЛЕГЕНДАРНОТО ДИЗАЈНЕРСКО СТУДИО „ITALDESIGN“ ПРЕКУ ИКОНАТА МЕЃУ ЈАПОНСКИТЕ СУПЕРСПОРТСКИ АВТОМОБИЛИ GT-R НА ВИСТИНСКИ НАЧИН ПРОСЛАВУВААТ 50. ГОДИШНИНА, NISSAN ОД СОЗДАВАЊЕТО НА GT-R, А ITALDESIGN ОД СВОИТЕ ПОЧЕТОЦИ.

18

06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


С

о лик на концепт наменет да плени со својот стајлинг Nissan GT-R50 сокрива многу посочна содржина способна подеднакво да плени и на писта, единствено место каде може безбедно да се истражуваат неговите неверојатни перформанси. Предвиден да биде произведен во лимитирана серија од само 50 примероци и проценет на 1.1 милиони долари GT-R50 важи за најскапиот модел на Nissan во историјата на марката. Создаден е не само да биде дел од уште една лимитирана серија, туку да претставува уникат каков што досега не е виден ниту меѓу далеку поскапите суперспортски автомобили. И Nissan, и студиото „Italdesign“ успеале врз основата на сосема употреблив модел со врвни перформанси да создадат основа за серија од 50 ултимативни кастом примероци секој изработен според желбите на својот сопственик. Токму така, обединувајќи го најдоброто од Nissan и Italdesign, двете марки им овозможиле на ретките среќници да впливаат во море од опции, а сè со цел создавање на уникат, до уникат во една прилично ограничена серија. Иако најавен уште минатата година како проект за прослава на 50. годишнината од постоењето на Italdesign и на Nissan GT-R како модел, судбината на GT-R50 стоеше под знак прашалник сè до скоро кога и официјално беше потврден стартот на производството, а минатиот месец се појави и првиот примерок од серискиот модел.

ПОСВЕТЕНИ НА ДИЗАЈНОТ Основанo од едно од најголемите имиња во светот на автомобилскиот дизајн Џорџето Џуџаро, дизајнерското студио Italdesign ги бележи своите почетоци од 1968 година. Оттогаш, до денес се потпишува под најуспешните модели од светот на автомобилите. Вредно да се спомене е првата генерација на VW Golf од 1974 година заедно со подеднакво успешното купе со три врати VW Scirocco. Меѓу привелигираните се Alfa Romeo 159 и Alfa Romeo Brera, модели на Fiat, Lancia, Maserati, Suzuki, Hyundai, Daewoo... Посебна е приказната со Seat за чии потреби Italdesign отвора сестринска фирма во Барселона и помага во развој и дизајн на моделите на шпанската марка. Italdesign работи и на индустриски дизајн во сите сфери, моделирање и изработка на прототипи, и производство на каросерии. Со цел да се задоволи пазарот на уникатни и колекционерски автомобили Italdesign во 2017 година отвори уште една сестринска фирма наречена „Italdesign Automobili Speciali“. Оттаму до сега излегол моделот „Italdesign Zerouno“ од кого се направени два примероци од предвидената серија од пет примероци. Неговата, пак, отворена изведба „Zerouno Duerta“ е планирана за продукција од само еден примерок за кого сè уште не е примена нарачка.

06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

19


МОНСТРУМ НА ЧЕТИРИ ТРКАЛА Nissan GT-R со право го носи прекарот „Годзила” јапонскиот монструм од филмското платно чија разорна моќ уништува сè пред себе. Како спортска изведба на серијата Skyline на Nissan, GT-R за првпат е претставен во 1969 година. Идејата на Nissan е GT-R да служи како основа за тркачката изведба која ќе вози во азиската серија на трки на издржливост. Идејата се покажува како успешна и затоа GT-R опстојува низ пет генерации како спортска изведба на серијата Skyline, додека шестата и актуелна генерација на GT-R се одвојува со ознаката како посебна спортска марка на Nissan. Прекарот „Годзила” го добива третата генерација на GT-R, R32 во 1989 година од Австралискиот магазин за автомобили „Wheels”. Благодарение на навиениот турбо мотор и погонот на четири тркала специјално развиен за трки R32 ги уништува конкурентите на тркачките патеки. Оттаму и прекарот за моќното јапонско чудовиште. Третата R32, четвртата R33 и петата R34 се генерациите кои го прославија GT-R. Посебно R34 која со управување и погон на четири тркала и моќна енергана под хауба беше неприкосновена и на писта и на улица. Октанските зависници сè уште тагуваат по R34 од кого тјунерите извлекуваа и по 1000 КС и токму таа е појдовната точка за уште поекстремниот актуелен модел R35 кој се појави во 2007 година и оттогаш внимателно се дотерува, од година во година, претворајќи се во ултимативна спортска машина. Посебно нејзината екстремна изведба NISMO на чија основа почива и лимитираниот роденденски GT-R50. ЈАПОНСКА ТЕХНИКА, ИТАЛИЈАНСКИ ДИЗАЈН Во стил на најдобрите производители на каросерии Italdesign кој се потпишува под дизајнот на GT-R50 рачно ќе го произведе секој примерок од лимитираната серија од 50 примероци. Важно, секој примерок ќе биде скроен посебно според желбите на неговиот сопственик и на тој начин се планира да бидат изработени 50 уникати. Со неприкосновен стил кој го задржува препознатливиот настап на GT-R, но дотеран со многу сензибилитет автомобилот плени со својата појава. Посебно до израз доаѓа задното крило кое делува како да е слеано со каросеријата, но со помош на хидраулика се подигнува и ја врши својата аеродинамичка функција. Тоа е потребно за да се скротат 720 бесни коњи кои ги произведува моќниот V6 од 3.8 литри кој е потпомогнат од два турбо полначи на специјалистот Garett кои се позајмени директно од тркачот кој се натпреварува во серијата GT3. Покрај 720 КС при 7100 min-1, моторот турка и 780 Nm вртежен момент меѓу 3600 и 5600 min1. Тие преку секвенцијалниот менувач со две спојки и шест степени поставен на задната оска по принципот трансаксл и спортскиот погон на четири тркала ATTESA E-TS се пренесуваат на подлогата со помош на тркала од 21 инчи обуени во гуми на Michelin Pilot Super Sport со димензии 255/35 напред и 285/30 одзади. За сопирање се ангажирани карбон-керамички пливачки вентилирани и бушени дискови на Brembo. Предните со димензии 390х32,6 mm ги зафаќаат шест клипни моноблок сопирачки клешти, додека задните со димензии 380х30 mm ги зафаќаат четири клипни моноблок клешти. За врвната возна динамика се грижи и потпирањето зад кое се потпишува специјалистот Bilstein со неговиот активен систем DampTronic. Перформансите сè уште не се откриваат, но ако се знае дека стандардниот GT-R NISMO со 600 КС и 652 Nm успева да го катапултира возачот од место до 100 km/h за 2,5 секунди и да го одведе до максимална брзина од 330 km/h, тогаш GT-R50 со своите 720 КС и 780 Nm ќе биде уште поекстремен. Всушност кај Nissan GT-R50 by Italdesign екстремноста оди до максимум и во однос на перформансите, така и во однос на стилот, и во однос на цената. • 20 06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

21


Повеќе информации на АМСМ инфо линија

02/ 3181-181

НАСКОРО ПОВТОР РЕЗЕРВИРАЈТЕ ГО СВОЕТО МЕСТО ЗА ОБУКА ЗА А, Б ИЛИ Ц КАТЕГОРИЈА Пролетната гужва на кандидати за обука не нè одмина ниту оваа година, особено кога станува збор за обука за мотоцикли, кои периодов се особено актуелно превозно средство, имајќи ги во предвид околностите. Затоа, фатете ред и пријавете се навреме за: •обука за А и А1 категорија на Kawasaki •обука за Б и БЕ категорија на современо и климатизирано возило по ваш избор •обука за Ц категорија со камион „Мерцедес 1224“ При обука, Авто Школа Мобилити ги применува сите мерки за заштита на здравјето на кандидатите и инструкторите. Повеќе информации на 02/3181-240 секој работен ден од 08:00-16:00ч.

ПОДАРОКОТ Е НАЈУБАВ КОГА ГО ИЗБИРАТЕ САМИ При технички преглед на возило во АМСМ Станицата во Скопје (Центар) имате можност да изберете подарок од продавницата за автогалантерија, и тоа: - подарок во вредност од 250 ден. со полиса за автоодговорност и - подарок во вредност од 350 ден. со полиса за автоодговорност и зелен картон. Продавницата на АМСМ за автогалантерија е лоцирана во рамките на АМСМ Центар, а подарокот го избирате сами. Повеќе информации: 02/3181-181

22 06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


Повеќе информации на АМСМ инфо линија

02/ 3181-181

РНО ЌЕ ПАТУВАМЕ! ПРОЧИСТЕТЕ ГО КЛИМА УРЕДОТ ОД БАКТЕРИИ И ВИРУСИ Редовното одржување, прочистување и дезинфекција на клима уредот се секогаш важни, но уште поважни се сега, во услови на Covid 19 пандемија. Процесот на дезинфекција кој го користи АМСМ сервисот за автомобили се заснова на процес на небулизација, со кој гарантираме дезинфекција на сите компоненти на клима уредот, вклучувајќи го и филтерот и вентилаторот. На овој начин третманот има прочистувачки ефект на целиот систем и физички ги отстранува микроорганизмите. Дезинфицираните системи се заштитени од појава на бактерии и до 6 месеци од извршената дезинфекција, согласно NEN 6265 тестот. Како АМСМ членови добивате 20% попуст на услугата. Закажување на 02/3181-181 секој работен ден од 08:00-16:00ч.

*СИТЕ НАВЕДЕНИ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ ВАЖАТ ЗА ПОВИК ОД ФИКСЕН И ОД МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

23


EURO NCAP

НОВИ ПРАВИЛА ЗА ОЦЕНУВАЊЕ ЗА ПОДОБРА ЗАШТИТА

НА СЕКОИ ДВЕ ГОДИНИ ЕВРОПСКАТА ПРОГРАМА ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА ВОЗИЛАТА - EURO NCAP ГИ ОБНОВУВА И ЗАОШТРУВА СВОИТЕ ТЕСТ ПРОТОКОЛИ. ОВАА ГОДИНА СЕ ИМПЛЕМЕНТИРААТ НОВИ ТЕСТОВИ КОИ ЌЕ ГИ АДРЕСИРААТ НЕКОИ ВЕЌЕ ДОЛГО БАРАНИ ПОТРЕБИ ВО ДЕЛОТ НА ЗАШТИТАТА НА ПАТНИЦИТЕ, ЌЕ ДОНЕСАТ ПОДОБРУВАЊЕ ВО ДЕЛОТ НА РЕАКЦИЈАТА ВЕДНАШ ПО СООБРАЌАЈНАТА НЕЗГОДА И ЌЕ ГИ ПРОМОВИРААТ ПОСЛЕДНИТЕ НАПРЕДНИ ТЕХНОЛОГИИ ЗА АСИСТЕНЦИЈА НА ВОЗАЧИТЕ.

Г

лавна промена претставува имплементацијата на нова движечка преграда за фронталниот тест за удари на возило во движење, со што се заменува претходниот регулациски базиран умерен тест за мерење на деформации, кој Euro NCAP го користеше изминатите 23 години. Овој нов тест за удари не само што ја мери заштитата на патниците во возилото, туку истовремено оценува како предните структури на возилото допринесуваат за повредите во другото возило партиципант во колизијата. Значајни иновации се Мобилната Прогресивна Деформирачка Бариера и уникатниот метод за оценување на компатибилноста на возилото, како и пионерската примена на најнапредната „THOR“ средно – голема машка кукла за тестирање удари во светот. Страничните удари се сметаат за втор најзначаен причинител на повреди кои резултираат со смрт или тешки повреди. Најновните подобрувања во оваа зона на безбедносните оценувања вклучуваат прилагодувања во однос на брзината и масата на страничниот тест со бариера од блиската страна, зголемувајќи ја тежината на тестот. Уште позначајно, Euro NCAP за првпат ќе врши евалуација на заштитата од импактот од далечната страна, фокусирајќи се на возачот и потенцијалната интеракција помеѓу возачот и сопатникот на предното седиште. Со овој тест, заштитата која се нуди со новите контра-мерки на пазарот, како на пример централните воздушни перничиња, ќе може да биде соодветно верификувана. Euro NCAP продолжува со тестирање на последната генерација системи за превенција на сообраќајни незгоди и безбедносна асистенција на возачите. Нови, предизвикувачки тест сценарија се додадени за оценување на AEB (итното автоматско сопирање) за возилата и ранливите учесници во 24 06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

сообраќајот, како што се ситуациите со возење наназад и вртење на раскрсници. Како дополнување, преземен е првиот чекор за евалуација на системите за мониторинг на статусот на возачот, дизајнирани да препознаат умор или дистракција, како дел од оценувањето на Безбедносната Асистенција. Подобрувањето на безбедноста на возилото не се состои само во повеќе воздушни перничиња или подобри системи за безбедносна асистенција. Реакцијата по сообраќајната незгода игра витална улога во можноста за преживување. Во партнерство со CTIF, Меѓународната Асоцијација на Противпожарни и Спасувачки услуги, Euro NCAP разви нови правила за оценување со кои ќе се промовира подобра заштита по сообраќајната незгода. Производителите ќе бидат наградувани кога информациите за спасување ќе бидат точни и лесно достапни. Euro NCAP, исто така, ќе ја проверува леснотијата за извлекување на телата, електричните рачки на вратите, итн. и ќе ги охрабрува напредните eCall функции. Овие промени се главни столбови на новите Euro NCAP протоколи за 2020 година. Влијанието на овие новини, како и неколку други помали промени, ќе биде значајно. Затоа, потрошувачите мора да бидат внимателни кога директно ќе ги споредуваат последните резултати со оценувањата од претходните години. Она што останува исто е тоа што само оние возила кои ќе покажат одлични перформанси во заштитата од удари, избегнувањето на сообраќајни незгоди и добар одговор по сообраќајна незгода, се оние што потрошувачите треба да ги бараат и се тие што ќе добијат врвни Пет Ѕвезди оцена. Светската пандемија зададе значаен удар на индустријата и тестирањата на Euro NCAP се привремено стопирани последните неколку месеци. Бидете тука за нови резултати по завршување на летото!!! Мирко Гигов


Прашања и одговори

• Кое е работното време на шалтерот за издавање на зелен картон? Благодарам, Зоран АМСМ: Работното време за издавање на зелен картон и меѓународни документи е 24 часа во текот на целата година. • Која е постапката при купување на кола, регистрирана во друг град, а

новиот сопственик е во Скопје, (место на живеење). Дали може да се вози, на тие таблички и таа сообраќајна (од друг град) до новата регистрација следната година? Се разбира со склучен купопродажен договор кај нотар, за пренос на сопственост. Поздрав, Милисав

лагање. Мојата ќерка ќе наполни 18 години во мај 2021 година. Благодарам, Фросина

АМСМ: Во вашиот случај возилото треба да се одјави во градот каде што е стариот сопственик, да се вратат регистарските таблички и со одјавената сообраќајна дозвола и возилото да дојдете во АМСМ за да се подготват документи за промена на сопственост бидејќи новиот сопственик според Законот за возила е должен во рок од 15 дена да ја смени сопственоста на возилото т.е. сообраќајната дозвола.

• Дали со сè уште важечко Класик членство (важноста му е уште 3 месеци) можам да извадам Европа премиум членство и доколку можам до кога ќе му биде важноста. Поздрав, Раде

АМСМ: За да може Вашата ќерка да започне со обука за Б категорија ќе мора да има наполнето 17,5 години, а полагањето ќе биде со наполнети 18 години.

АМСМ: Како АМСМ член со активно АМСМ Classic членство може да купите АМСМ Europe Premium членство чија важност ќе биде од датумот на издавање со рок на важност од една година, со тоа што • Дали може со штотуку ќе се стопираат услугите наполнети 17 години да се на веќе активното АМСМ започне со обука за Б ка- Classic членство. тегорија, а потоа и со по-

ВАШИТЕ ПРАШАЊА ИСПРАЌАЈТЕ ГИ НА ЕЛЕКТРОНСКАТА ПОШТА: contact@amsm.com.mk

*СИТЕ НАВЕДЕНИ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ ВАЖАТ ЗА ПОВИК ОД ФИКСЕН И ОД МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk 25 05.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk 25


26 06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

27


Безбедност во сообраќајот

ЛЕТНИ ГОРЕШТИНИ И ПОДГОТОВКИ ЗА ПАТУВАЊЕ ЛЕТНИТЕ ПАТУВАЧКИ ШЕМИ БАРААТ ПРЕТХОДНА ПОДГОТОВКА СО ЦЕЛ ПОЛЕСНО ДА СЕ СПРАВИТЕ СО ГОРЕШТИНИТЕ. ВОЗЕЊЕТО АВТОМОБИЛ НА +40 СТЕПЕНИ НЕ Е МНОГУ ПРИЈАТНО, НО ЗАТОА МОЖЕ ДА БИДЕ МНОГУ ЗАБАВНО.

Г

одинашново лето 2020 ќе биде запомнето по тоа што патувањата нема да бидат како во минатото, се мисли на масовноста и на метежот на автопатите, на аеродромите, железничките и на автобуските станици. И покрај сè, сепак, ќе се патува, а како превозно средство најчесто ќе се избира автомобилот поради индивидуалноста. Другиот сообраќај ќе биде десеткуван како последица на добро познатите причини што нема да ги споменеме затоа што милион пати е зборувано за нив во другите медиуми. Ние строго ќе се задржиме на патувањата среде летниот период кога температурите во сенка понекогаш достигнуваат и над 40 степени Целзиусови. Горештините умеат да го направат патувањето нервозно и непријатно. Колку и да е ситуацијата напната, мора да бидете подготвени затоа што знаете дека нервозата не

28 06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

води никаде. Временските услови во лето се такви и тука нема повеќе дискусија. Кој не може и не сака да „се вари“ во автомобил среде лето, нека не тргнува на пат, а за останатите што веќе прават планови имаме неколку совети што ќе им бидат од голема корист. • Избегнувањето на жештината е клучно за попријатно патување. Пред да тргнете автомобилот мора да биде под сенка најмалку два часа и задолжително треба да земете поголеми количества вода за пиење и за миење. Избегнувајте други видови течности, особено сокови затоа што во нив доминира шеќерот и нема да ја изгасне жедта. Покрај неизбежната вода, земете нешто за јадење, омилените јадења го дополнуваат доброто расположение, но земете храна што не се расипува. На топло некои прехранбени производи се подложни на расипување.

Некои возачи патувањето го почнуваат во раните утрински часови за да ги избегнат дневните горештини. Сепак, кога патувате треба да бидете добро наспани и одморени, во спротивно можно е да задремете на воланот. Затоа тргнувањето по полноќ е ризично. Во првите часови од возењето сè е в ред, но кризниот момент, дремката, се јавува со појавата на првите сончеви зраци. Најдобро е да сте добро наспани, а потоа возете и уживајте во патувањето. Седењето во автомобилот ќе ви биде поудобно ако на седиштето ставите памучна ткаенина, најчесто тоа се крпите за плажа, фротирките. Со нив нема толку многу да ја чувствувате топлината. Ако патувањето е долготрајно и имате потреба од застанување, тогаш барајте сенка за возилото и откако ќе излезете никако не оставајте ги децата или домашните миленици во автомбилот. Се случува


да нема сенка таму каде што сте наумиле да одморите, па затоа парче ткаенина со светла боја во должина колку автомобилот, ќе ви биде од голема корист. Сончевите зраци нема директно да паѓаат на автомобилот, а тоа значи пониска температура во делот за патници. И оставете ги сите прозорци отворени најмалку по еден сантиметар за да има проветрување. За време на возењето почесто отворајте ги прозорците за да се смени воздухот внатре и вентилацијата задолжително да биде пуштена, отворена. • Клима-уредот задолжително да биде детално проверен пред да патувате и внимавајте со неговата употреба. Ако надвор температурата е +40 степени, во автомобилот сигурно е над +50. Ако на овие температури ја нагодите климата да работи на +20, тогаш не му правите добро на вашиот организам. Големите температурни разлики можат да предизвикаат главоболка, папсаност, а не е исклучена можноста од добивање настинка и активирање на синусите. Затоа внимавајте како ракувате со климата. Колку што е добра, толку е лоша. • Сега ќе се префрлиме на радијаторот од возилото. Има улога да ја намалува температурата на моторот и затоа неговата површина мора да биде

чиста, односно неговото „саќе“ да не биде прекриено со мушички и прав. Чистите површини на радијаторот условуваат подобро разладување на моторот и на делот за патници. • Прекривките за предната и за задната шофершајбна ќе ви завршат голема работа ако ги имате. Каде и да застанете, ставете ги каде што им е место, а потоа светлото платно што го споменавме префрлете го на автомобилот и сега имате своја сенка, ситуација многу подобра отколку автомобилот да биде изложен директно на сонце. • Пред да тргнете на патување, како што е ред, на автомобилот мора да му се направи детална проверка. Тоа ќе го направите во некој од сервисите, а во АМСМ имате можност за превентивен технички преглед. При годишното регистрирање на вашето моторно возило АМСМ ви нуди неколку пакети со разни погодности што важат и во странство. • При крај сме со советите и тука некаде ќе ве потсетиме на пневматиците. Тие мора да бидат напумпани како што наложува производителот. Правилно напумпани пневматици даваат помалку отпор, а со тоа помалку се оптоварува моторот. Кога моторот помалку е оптоварен, нема прекумерно да загрева.

Во подготовките за патување спаѓа и деталното миење и чистење на автомобилот. Чистотата на стаклата е од суштинско значење за безбедноста, па откако автомобилот ќе биде измиен, пребришете ги стаклата со алкохол затоа што само така ќе ги отстраните мрсните дамки. Ако стаклата се нечисти, се јавува дисперзирање на светлината што придонесува за намалена, заматена видливост, особено во часовите кога сонцето изгрева или заоѓа, кога зраците паѓаат под остар агол. Пред да ви кажеме дека тоа е сè да ве потсетиме да користите и очила за сонце. •Жарко Атанасоски

06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

29


Очила за сонце

НЕ ШТЕДЕТЕ ПРИ КУПУВАЊЕТО ОПТОМЕТРИСКИТЕ ЕКСПЕРИМЕНТИ ПОКАЖУВААТ ДЕКА СИНАТА БОЈА РЕЛАКСИРА, ЦРВЕНАТА ГО ЗАБРЗУВА ПУЛСОТ И ГО ЗГОЛЕМУВА КРВНИОТ ПРИТИСОК, ДОДЕКА НАЈЗАБЕЛЕЖИТЕЛНА Е ЖОЛТАТА „ЛИМОН“ БОЈА. БЕЛАТА БОЈА Е НАЈЗАБЕЛЕЖИТЕЛНА НОЌЕ, А ЖОЛТАТА ПРИ ОБЛАЧНО ВРЕМЕ И ВО СНЕЖЕН ПРЕДЕЛ. ЦРВЕНАТА БОЈА НОЌЕ СЕ ЗАБЕЛЕЖУВА КАКО ЦРНА.

О

чилата кои отстрануваат дел од сината светлина, која особено им пречи на возачите, штитат од ултравиолетово зрачење. Денес, по правило, очилата од познатите производители се произведуваат со сите параметри за заштита, но факт е дека е подобро да се носат и несоодветни очила за сонце отколку никакви. За да бидат пријатни за носење, очилата за сонце мора да бидат доволно темни, затоа што тие ја ублажуваат големата светлина, особено ако сме на планина на која има снег, каде што штетното зрачење е значително поголемо. Се препорачуваат зелена, сива, кафена боја за заштита, додека другите бои ги менуваат природните бои на средината и всушност се само моден детаљ. Затемнетите стакла се пријатни за носење кога има силен извор на светлина, но пречат во случај на нагли промени на количеството светлина или во затворени простории, бидејќи на окото му е потребно одредено време за да се прилагоди на светлосните промени. Истражувањата покажуваат дека долготрајното изложу-

30 06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

вање на ултравиолетови и на инфрацрвени зраци им штети на очите. Чувствителноста на овие зраци не е подеднаква кај сите, односно почувствителни се оние кои имаат посветол тен. Добро избраните очила за сонце можат значително да го намалат сјаењето, да ја подобрат изразеноста на предметите и да придонесат за чувство на пријатност во услови на сончевост. Фоточувствителните контактни леќи се користат речиси четириесет години. Тоа се леќи кои го менуваат затемнувањето во зависност од јачината на изворот на штетните ултравиолетови зраци од сонцето. Во темнина тие се обоени 15 отсто, додека надвор потемнуваат дури за 75 отсто. Кај првата генерација на чувствителни леќи затемнувањето одело многу бавно, а било потребно и многу време за да осветлат, дури 1215 минути. На денешните брзи фоточувствителни леќи им се потребни само 30 секунди за да постигнат затемнување од 85 отсто и многу брзо се враќаат на целосна проѕирност. Тоа е особено важно за возачите кога влегуваат во недоволно освет-

лен тунел. Фоточувствителните леќи ги впиваат ултравиолетовите зраци, а освен зрачењето, на потемнетите леќи влијае и топлината на воздухот. Денес, главно, се користат пластични фоточувствителни леќи. Во САД и во многу европски држави постојат закони со кои се штитат корисниците на очила во случај на сообраќајни незгоди, затоа што стаклото може да се распрсне и сериозно да го повреди окото. Поради тоа, пластичните леќи се посигурни и подобри, а особено се соодветни за очила со диоптрија поради еднаквото затемнување на сите делови. Кај минералните (стаклените) контактни леќи, подебелите делови посилно се затемнуваат. Леќите можат да бидат облагородени со разни слоеви кои ќе ја спречат играта на светлината, одблесокот од површината на водата, од снегот, од песокот, што особено пречи во текот на летото и на поголеми височини. Поради тоа потребни се соодветни очила против сонце, со поларизирани леќи и со антирефлексен слој на внатрешната страна, затоа што така значително се подобрува природната боја.


НАЈБРЗО СЕ ГЛЕДА ЖОЛТАТА БОЈА

Се проценува дека повеќе од 90 отсто од информациите за сообраќајот возачот ги прима преку сетилото за вид, што значи дека визуелното предупредување е клучно за неговото однесување и за постапките. Во Европа - 26,8 отсто, а во Северна Америка 31,2 отсто од незгодите се случуваат во квечерина или ноќе. Забележувањето на возилата зависи од периодот на денот, од метеоролошките услови, од бојата на патот и на околината. Влијанието на бојата на возилото врз безбедноста на сообраќајот е комплексно, затоа што различни студии докажуваат дека бојата влијае на сообраќајните незгоди, на ориентацијата и на безбедноста, може да придонесе за зголемување на напорите, за замор, за намалување на визуелната перцепција и слично. Истражувањата покажуваат дека сината боја релаксира, црвената го забрзува пулсот и го зголемува крвниот прити-

сок, додека најзабележителна е жолтата „лимон“ боја. Белата боја е најзабележителна ноќе, а жолтата при облачно време и во снежен предел. Црвената боја ноќе се забележува како црна. Надворешната светлина и светлосната сигнализација на возилото овозможуваат осветлување на патот, со кое се обележува положбата на возилото и укажува на активностите кои возачот има намера да ги направи на автопатот. Во текот на вршењето услуги, како помош на пат, интервенција на полицијата, на службите од патот, итната медицинска помош и пожарникарите, битно е да се обележи положбата на интервентното возило на патот. За тоа се користат ротациони „трепкачи“ или силни светла на жолта, сина, црвена боја или на комбинации од бои. При тоа, сепак не треба да се запостават придружните несакани ефекти на заслепување на возачите и одвлекување на вниманието од управувањето со возилото. •Жарко Атанасовски

06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

31


Гордон Џејмс Ремзи Јуниор

Парфем

МИРИСОТ Е ОДРАЗ НА ВАШАТА ЛИЧНОСТ

Парфемот, мирисот што луѓето го ставаат на себе, е како отпечаток од прсти - единствени, неповторливи - нема два исти, секој парфем има поинаков мирис на друг човек. Поради хемијата на телото, неговата специфичност, навиките..., вашиот омилен парфем мириса поинаку на вас и на некој друг што, исто така, го употребува. Како индивидуален, личен печат, по нас остава траги од неговата арома, вклучувајќи ги романтичноста, одважноста, интригата. Но, кои се најчестите грешки што се прават кога се парфемите во прашање и како да се избегнат?

32 06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


а парфемот да ја одигра својата улога како што треба, мора да се нанесе правилно, на вистински начин. Доколку сакате вашиот скапоцен мирис да „заблеска“ и да трае долго, па дури и цел ден, морате да поведете сметка каде го нанесувате и како се однесувате спрема него. Еве како да ги избегнете најчестите грешки што се прават кога станува збор за парфемите... САМО НАПРСКАЈТЕ, НЕМОЈТЕ ДА ТРИЕТЕ Многумина од нас ќе напрскааат од мирисот на рачните зглобови и несвесно ги тријат еден од друг, а потоа истото го повторуваат и на вратот. Како што наведуваат стручњаците, тоа е лоша навика. Фрикцијата која настанува со триење ја загрева кожата со што се произведуваат природни ензими, кои го менуваат мирисот. Така на удар се горните и средните ноти, заедно со сушењето, односно најдолгиот период од отворањето на парфемот. Кај цветните мириси, на пример, со триењето на зглобовите еден од друг се губи нивната свежина. За да го зачувате интегритетот на вашиот омилен парфем, а истовремено да се погрижите истиот да трае подолго, напрскајте мало количество на својата кожа и почекајте да се исуши. ОКРУЖУВАЊЕТО ИМА КЛУЧНО ЗНАЧЕЊЕ Кога се работи за чување на парфемот, мора да знаете дека вашиот мирис е како жив организам. Тој е чувствителен на промени во своето окружување, па така, не сака да преоѓа од топло во ладно. Таквите температурни промени може да доведат до неочекувани хемиски реакции внатре во природните состојки, поради што парфемот многу брзо ќе ги загуби својствата. Ако цитрусниот мирис го оставите во купатило, неговата свежина може да се загуби, да стане непријатна. Сигурно дека шампањот нема да го оставите на сонце, зар не? Тоа не треба да го правите и со вашиот парфем. Најдобро место за чување на парфемот е кутијата во која сте го купиле, на собна температура, без влага и тензии. НАЈДОБРИТЕ ПАРФЕМИ ДОАЃААТ ВО МАЛИ ПАКУВАЊА Без оглед на високата цена, парфемот мора да се користи брзо. Доколку шишенцето е половина празно и го чувате на вашата тоалетна масичка, знајте дека на кислородот, природниот непријател на мирисот, му дозоволувате пополека да ги уништува неговите мирисни молекули, менувајќи ја суштината на неговиот состав. Се разбира, доколку парфемот го користите секој ден, големото пакување нема да ви пропадне, но генерално треба да се „држите“ до мали пакувања, кои остануваат свежи до три месеци. Доколку, пак, сакате да купите големо пакување, инвестирајте и во мало шишенце каде што ќе го прелиете, а големото пакување чувајте го во фрижидер. СИНТЕТИКАТА НЕ Е ГРД ЗБОР Луѓето едноставно ја обожаваат идејата за природен мирис, но тоа понекогаш не е возможно. Дали знаете од каде потекнува аромата на мошусот, која е меѓу најобожаваните во светот на мирисите? Таа се добива од животни, што, пак, на многумина не им се допаѓа таквото спознание. Нотите на божурот, фрезијата, лилјаните, на пример, не можат да се добијат природно бидејќи не испуштаат каква било арома кога се обработуваат, па нивиот мирис мора да настане со мешање на синтетички молекули. Некои од најдобрите парфеми користат мешавина од природни и синтетички елементи од деветнаесеттиот век. Тоа се прави под остра контрола и тестови на бројни институти. Мешавина од есенцијални масла, апсолутни есенции и вештачки добиени состојки содржат парфемите со највисок квалитет. КОГА НЕ СТЕ СИГУРНИ, КОРИСТЕТЕ ЈА СВОЈАТА ГЛАВА Неколку сосема реални правила може да го „носат“ вашиот парфем на подолги патеки. Според мислењето на стручњаците, мирисите не можат да траат долго на сува кожа, па затоа се сугерира користење на лосион за тело со исти ноти или хидратантен крем без мирис, кој нема да се меша со парфемот. Местата на кои го нанесувате парфемот, исто така, имаат клучно значење. На пример, не треба да ги покривате со облека, туку да ги бирате деловите кои се изложени како пулсните точки на вратот, зглобовите или лактите, доколку носите блуза без ракави. Шик алтернатива на тоа е нанесувањето парфем на марамата или на косата во мало количество. •Игор Ландсберг

06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

33


„Mеден месец“

ОБИЧЕН ОДМОР, ИЛИ ГАРАНЦИЈА ЗА ДОБАР БРАК

Секој од нас се нашол во ситуација барем да слушне дека се зборува за традиционални патувања на младоженците, познати кај нас како „меден месец“. 34 06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

С

понтаноста на еден таков муабет, беше повод за пишувањето на овој текст, каде што всушност дебатиравме дали месец е календарска величина или синоним за месечина. Пребарувајќи ги странските изрази, дојдов до сознанија дека италијанскиот назив за оваа традиција се нарекува „luna di miele“ (месечина од мед), додека на шпански е речиси идентично, со изразот „Luna de miel“, а капак беше општо познатото „honeymoon“ (медена месечина) од англиското говорно подрачје. Сето ова укажува дека изразот кај нас се одомаќинил согласно официјалниот спрско-хрватски јазик во поранешната држава, од каде што е наследен „месец“ наместо македонски назив „месечина“. Сепак, не сите јазици го поддржуваат истиот стил, а најголемо отскокнување пронајдов во германскиот израз „Flitterwochen“, каде што буквалниот превод би значел „светкави седмици“. Натамошното истражување ме доведе до сознание дека обичајот во древниот Вавилон налагал таткото на невестата да му дава меден алкохолен пијалок на зетот колку што ќе посака! Денеска тоа се нарекува медено пиво, а дефиницијата вели дека е алкохолен пијалок создаден од ферментиран мед со вода, а понекогаш со додаток на разни овошја и зачини. Со ова, повторно доаѓаме до значењето на името, бидејќи вавилонскиот календар бил лунарен и се базирал на месечината. Во народот заживеал терминот „месец од мед“, со што се става еднаквост меѓу еден месец и еден месечев циклус. Постојат и написи кои сугерираат дека месечината е земена како метафора за љубовта на младенците, која од таканаречена полна месечина се трансформира до граници на исчезнување. Официјалниот „Оксфордски речник на англискиот јазик“ цитира спомнување на „honey moon“ уште од 1546 година во различни литературни творби, низ кои што веќе се започнува и со користење на сложенката како ознака за извесен период, кој што има и свој крај. Она, пак, што ние денеска го знаеме како традиција за брачни патувања, потекнува од Велика Британија, како обичај за кој се укажува дека бил особено распространет на почетокот од 19 век. Повисоките сталежи на тогашното општество правеле таканаречена „невестинска турнеја“, понекогаш придружувана и од пријатели или роднини, со цел да ги посетат роднините кои не можеле да присуствуваат на свадбената веселба. Имајќи предвид дека тогаш сообраќајот и не бил многу развиен, а на постарите лица им било тешко да патуваат, младите ја правеле таа обиколка, запознавајќи ги своите


повозрасни роднини и нивните семејства. Различни интернет написи велат дека оваа пракса наскоро се проширила на европскиот континент и во Франција станала позната под името „voyage à la façon anglaise“ (во превод: патување во англиски стил) од 1820-тите години па наваму. Полека, таквиот тренд прераснал во своевидна ознака на основите на модерниот масовен туризам. Овој период познат низ историјата и како „Belle Époque“, по крајот на француско-пруската војна во 1871 година, па сè до почетокот на Првата светска војна во 1914 година. Најпопуларни дестинации за меден месец во тоа време биле токму француската ривиера, како и Италија, особено нејзините крајбрежни одморалишта и романтичните градови како Рим, Верона и Венеција. Обично патувањето почнувало вечерта после свадбата, а младенците заминувале директно од приемот на гости за да го фатат доцниот воз или брод. Може да се прочитаат и информации дека во еврејската традиција, медените месеци често пати се одложуваат до седум дена за да овозможат славење од седум вечери ако посетите на пријателите и роднините не можат да се вметнат во патувањето. Во 21 век, на светот му се познати и други облици на свадбени патувања, па така „соло месец“ или „уни месеци“ се оние во кои младенците одат на патување, но секој сам, без својот брачен другар. Според „Њујорк Тајмс“, таквите алтернативи на меден месец особено се погодни за двојките кои не можат да се договорат каде да одат или едниот од нив е спречен во дадениот период, при што како најпознат пример се зема оној од филмот „Сексот и градот“, направен во 2008 година, кога главната хероина (Кери Бредшо) го претвора нејзиниот пропаднат меден месец во Мексико, во патување со нејзините пријателки! Умните глави кои се занимаваат со продажба, секогаш се трудат да најдат начин како да стимулираат трошење на парите и нивно циркулирање низ стопанството. Така на пример, често слушаме за „Back-to-school“ акции кои се наменети за поттик на продажбата во одреден временски период, иако некои бранши баш и немаат никаква врска со школството и едукацијата. Но, во индустријата на угостителството и хотелиерството, „медените месеци“ се веќе разработена шема, па и многу интернет сајтови пишуваат на оваа тема, а соодветно на тоа нудат и услуги на заинтересираните. На таквите сајтови (конкретно HoneymoonGoals.com) пронајдов и резултати од неодамна спроведени анкети кои ги откриваат денешните карактеристики на медени-

от месец. Така, на пример, младенците во просек поминуваат по една недела на меден месец, а главна причина за неможноста да останат повеќе ја наведуваат недостатокот на средства. Најдолгиот меден месец траел повеќе од 50 дена, каде младенците патувале на повеќе дестинации, или возеле со автомобил на повеќе места или оделе на подолги кампинг патувања. Согласно традициите, 76,4 проценти од младенците тргнале на меден месец во првата недела од нивниот брак. Од нив 30% за еден ден, а останатите ¾ во првата недела. Како најважен аспект за одбирање на дестинацијата кај младенците сепак, се покажала цената. Веднаш после неа се временските услови, а на трето место се активностите кои се нудат на таа дестинација. На крај, најмалку важни на младенците им биле ексклузивноста и „Инстаграм-погодноста“ на дестинациите во кои сакале да патуваат за медениот месец. Во просек, младенците на својот меден месец потрошиле од 2.500 до 3.500 долари. Скоро половина потрошиле 2.000 долари и помалку, а само една четвртина потрошиле повеќе од 5.000 долари. Нова специфика е тоа што благодарение на ширењето на продажбата преку интернет, две третини од двојките „уплатиле сами“, а само 35 отсто им ја довериле организацијата на туристичките агенции. Иако многу луѓе претпоставуваат дека медениот месец е одговорност на „зетот“, всушност во доминантен е бројот на „невестите“ кои ги планирале ваквите патувања. Со текот на времето, популарноста на дестинациите се менувала. Покрај вечно инспиративните места како Париз и Рим, гондолите во Венеција и куќата на Јулија во Верона, со фамозниот балкон под кој Ромео и се додворувал, исто така, се профилирале како места кои вљубените двојки сакале да ги видат. За оние на кои Европа им била далеку, Рио де Жанеиро, Хаваи, Мексико и Карибите им се најпопуларни места во Средна и Јужна Америка, а обратно – Монтреал во Канада се профилирал како дестинација за оние кои доаѓаат од таму во Северна Америка, најчесто поради фактот што тоа е „најевропски град“ со низа интересни фестивали, воедно втор франкофонски град на светот зад Париз. Денеска разни извори на Интернет нудат топ локации речиси во секоја земја, дури и наменски насловувајќи го како дестинации за меден месец, а тука спаѓаат егзотични плажи во Тајланд и Француска Полинезија, но и разни замоци и бањи низ Германија. Буквално, индустријата веќе го има преземено главниот збор, па меѓу мноштвото од понуда веќе е тешко да се направи тесен избор. Индивидуалниот пристап

зема замав, а со тоа персонализацијата на таквиот сон кој лесно станува јаве најчесто е по желба на младите. Светот несомнено ја прифати оваа пракса, а итрите туристички претприемачи ја популаризираа како традиција и денес тоа е „класа сама за себе“ во светот на патувањата. •Александар Табаковски

И ПЧЕЛИТЕ ОДАТ НА МЕДЕН МЕСЕЦ! Следниов текст веројатно може да биде дел од таканаречените рубрики „Верувале или не“, бидејќи нуди уште една перспектива за тоа како во природата се подредени нештата кога станува збор за буквален пример од меден месец. Имено, истражувајќи на оваа тема, дојдов до написи во кои се објаснуваат првите денови од животот на пчелата - матица. Веднаш по нејзиното раѓање во улиштето, пчелата - матица го напушта улиштето неколку дена, за да се сретне со повеќе трутови во одделни собирни места на трутовите. Таму таа е оплодена за цел живот и потоа се враќа во улиштето за да остане таму до крајот на својот век и да положува јајца. Во основа, младата матица оди на „меден месец“ и се враќа, подготвена да го живее остатокот од животот во улиштетот. Вековното практикување на пчеларството можеби довело до ваква паралела со „заминувањето“ пред да се почне нов живот во „кошницата“.

ПОМАЛКУ ШАНСИ ЗА РАЗВОД

Една научна студија од 2015 година потврдила дека одењето на меден месец се поврзува со намален ризик од развод, без оглед колку многу или малку време поминале младенците на меден месец. Од друга страна, големите трошоци и значителните задолжувања заради другите настани поврзани со свадбата, како венчалните прстени и свадбената церемонија, се поврзуваат со повисок ризик за развод.

06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

35


Светско богатство на Унеско - Балкан 1 дел

БАЛКАНСКИ БИСЕРИ НА ДОФАТ НА РАКА ЧЕСТОПАТИ МИСЛИМЕ ДЕКА ЗА НЕЗАБОРАВЕН ОДМОР НИ Е ПОТРЕБНА НЕКОЈА ДАЛЕЧНА И НЕПОЗНАТА ДЕСТИНАЦИЈА, НО ВЕРОЈАТНО ГРЕШИМЕ ЗАТОА ШТО НЕ СЕ ОСВРНУВАМЕ НА ТОА ШТО НИ Е НА ДОФАТ. ОВОЈ ПАТ БАЛКАНОТ, СО СИТЕ СВОИ НЕОТКРИЕНИ ПРИВЛЕЧНОСТИ И ДЕСТИНАЦИИ ЗА ЧИЈА УБАВИНА И ВРЕДНОСТ ОЧИГЛЕДНО НАБРЗО ЌЕ СТАНЕМЕ СВЕСНИ, СЕ ПОГРИЖИ ЗА ИЗНЕНАДУВАЊАТА.

МАКЕДОНИЈА

Република Македонија го зазема централниот дел на Балканскиот Полуостров и сосема е природно ова патување да го започнеме со нашата прекрасна земја. Патувајќи низ Македонија ги откриваме убавините на величествениот кањон Матка, паркот Маврово, легендарните Стоби, Битола и Скопје, преубавите езерски убавици, прекрасната Шара... со единствена можност да се ужива во македонската национална храна и да се дегустира добро вино. Охрид и Охридско Езеро Овој наш преубав град, познат и како Вечен град, лежи на бреговите на Охридското Езеро. Тој претставува историја на македонската култура, некогашен најважен образовен центар и лулка на писменоста на словенските народи, каде што се наоѓал и најстариот универзитет во Европа (IX век), благодарејќи на работата на св. Климент и св. Наум. Првпат градот Охрид се споменува во 3 век пр.н.е., а првиот голем опис датира од V век, кога се бранел од племенските напади за време на Големата миграција. Поради големиот број цркви и манастири, градот е познат и како балкански и европски Ерусалим. Охрид е познат и како „град на светлината“ што претставува буквален превод на неговото старо име Лихнид. Според една легенда, која ја запишале браќата Миладиновци, кога се градела охридската тврдина, царот Јустинијан се качил на ридовите на кои лежел градот и гледајќи ја прекрасната околина извикал „ох рид“, т.е. колку убав рид и оттогаш гра36 06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

дот се нарекува Охрид. Духот на антиката се чувствува и во амфитеатарот во стариот дел на Охрид. Се верува дека е изграден во III век пр.н.е. Зачувани се многу предмети од тој период, како и од средниот век. Денес во овој амфитеатар се одржуваат многу настани, вклучително и Охридско лето. Ако го посетите Охрид во текот на летните месеци и не гледате претстава токму на ова место, ја пропуштате единствената можност да споделите чувство какво што имале гледачите што седеле тука илјадници години пред вас. Еден од најубавите подароци на природата во Европа се Охридското Езеро и неговата околина. Доволно е само од далечина да го видите како мирува, да ги слушнете брановите и да се загледате во бескрајното синило за да се вљубите во него. Познатиот писател Иво Андриќ во својот патопис „Крај светлото Охридското Езеро“ запишал: „Кога во сончев ден се капете во Охридското Езеро и кога наеднаш ќе изроните од неговите длабочини и кога во еден еден миг ќе ја заплискате водата над себе, околу вас во круг, на мазната светлотемна површина се создаваат сребрени, проѕирни, големи и мали меурчиња. Во секое од нив двапати се огледува сонцето, како две искри со нееднаква големина. Кога ќе се приближете до едно од поголемите меурчиња и ќе го задржите здивот за да не го разбиете, во него, како во криво огледало, можете да го здогледате своето лице, влажно и насмеано. А над вас секогаш останува светлото сонце, како огромна ѕвезда. Сето тоа трае кратко, како секоја убавина, а се повторува безброј пати...“ Езерото е старо меѓу 4 и 10 милиони го-

дини, а со тоа е најстаро на нашиот континент. Зафаќа површина од 358,2 km2 и може да збуни со својата големина. Човек би помислил дека пред себе има дел од море истргнат од океанот и фрлен меѓу високите планини што го опкружуваат од сите страни. Охридското Езеро оправдано го нарекуваат македонско слатководно море а од биолошки аспект претставува најзначаен воден екосистем во Европа. Благодарејќи на овие карактеристики, во 1980 година Охридското Езеро и градот Охрид се прогласени за светско културно наследство, под заштита на УНЕСКО. Светската важност на езерото е потврдена во 2010 година кога НАСА и Меѓународниот астрономски сојуз решиле едно од езерата на Сатурновата месечина Титан да го носи името Охридско Езеро Незаборавно искуство е нуркањето во единствената подводна археолошка локација на Балканот, каде што може да се видат голем број атрактивни ендемични форми на живот, како што е кружниот охридски сунѓер. Езерото изобилува со подводни извори по источниот и по јужниот брег и тоа ги прави неговите води неверојатно бистри. На некои места проѕирноста достигнува до 22 метра длабочина. Повеќето површински извори се наоѓаат во близина на манастирот „Св. Наум “, а во близина на градот се најпознатите извори Студеништа, познати како Билјанини извори.

ЦРНА ГОРА

Тоа е дестинација што никого не го остава рамнодушен бидејќи нуди сѐ: море и плажи, знаменитости во старите градови Котор, Пераст и Будва, луксузниот остров Свети Стефан, природните ресурси на


Плитвички Езера Скадарското Езеро и планинските карпи, авантури со рафтинг на реката Тара или скијање на Дурмитор и Бјеласица. Котор Со векови Котор, градот со вредни антички споменици на културата, цркви и катедрали, претставува предизвик за секој турист. На секој чекор низ Стариот град Котор, барем со имагинацијата, посетителот може се врати во средниот век, во барокот или во периодот кога пиратите делеле правда на бреговите низ светот. Во него се зачувани траги од илирската и од римската култура, готската, ренесансната и барокната. Стариот град Котор е еден од медитеранските градови со најдобро зачуванa средновековна урбана целина од XII до XIV век и запишан е во Списокот на светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Ранохристијанската базилика што се наоѓа под црквата Пресвета Богородица, кај главната градска порта на стариот Котор, е најстара археолошки запишана зграда и датира од VI век од н.е. Во XI век Котор го примил патронот на градот свети Трифун, во чија чест била изградена катедралата што денес важи за симбол на Котор. Културното богатство на Котор е непроценливо. Градската ризница ги крие најважните културни знаменитости: Саат-кулата (VIII век), Катедралата Свети Трифун (XII век), Црквата на Свети Лука (XII век), Ректорската палата (XVII век), Црквата на Света Марија (XII век), Црквата на Пресвета Богородица (XV век), Театарот Наполеон (XIX век).

Националниот парк Дурмитор и Кањонот Тара Националниот парк Дурмитор во Црна Гора е лоциран на планинскиот масив Дурмитор, а тука се и кањоните на реката Тара со 1.500 видови растенија и 130 видови птици. Националниот парк Дурмитор зафаќа 39.000 хектари, а 20.000 хектари се под заштита на УНЕСКО и од 1980 година се запишани во Списокот на светско наследство. На Дурмитор се наоѓа и највисокиот град на Балканот, Жабљак, на надморска височина од 1.456 метри, опколен со дваесет и три врва повисоки од 2.300 метри. Кањонот Тара е прогласен за светски еколошки резерват. Тука се и кањоните Драж и Сушице, долината на кањонот Комарница, голем број планински врвови, од кои 48 со над 2.000 метри височина, 18 глацијални езера со име Планински очи. Како стотици други дестинации ширум светот, така и овој парк е избран и заштитен од Обединетата национална организација за образование, наука и култура. Ова место е исклучително вредно за човештвото затоа што е центар на развојот на балканската флора, со алпски и алпско-арктички цветни елементи, на јужните падини на кањонските долини се распространети супмедитерански, па дури и медитерански цветни елементи, а околу езерото се наоѓа сибирска тајга. Планинските ливади и пасишта, карпите и пукнатините во нив, боровите, снегулките, тресет бубачките, екосистемите во слатководните води го прават овој дел од Југоисточна Европа вреден и неспоредлив со кој било друг дел во светот.

СЛОВЕНИЈА

Словенија многупати е нарекувана „скриено богатство“. Иако сте слушнале за неа, можеби не сте помислиле да ја посетите. Секако сте слушнале за познатите места во Словенија, како на

пример главниот град Љубљана, или пак, за Бледското езеро, но оваа земја крие уште многу други убавини кои чекаат на вас. Доколку се одлучите да ја посетите, ви предлагаме некои од нив. Шкоцијански јами Јамите во пештерите во Словенија спаѓаат во најзначајните природни феномени во светот, најголеми подземни кањони, со исклучителна убавина, со уникатен екосистем и големи историски вредности затоа што биле населени уште од праисторијата. Поради тоа, во 1986 година биле запишани во Списокот на места за светско наследство на УНЕСКО во Европа. Пештерите се издвојуваат од сите други пештери со огромниот кањон на реката Река, со должина од околу 3,5 км, ширина од 10 до 60 метри, со максимална висина од 140 метри. На некои места таа се шири во огромни простории, а со 2,2 милиона м2 просторијата на Мател е најголема во Европа и една од најголемите во светот. Археолошките истражувања откриле дека луѓето ги населувале овие пештери уште од мезолитот, неолитот, бронзеното и железното време, сè до антиката и средниот век, т.е. последните 5.000 години. Јамите немале само локална вредност туку и голема религиозна вредност во праисториските времиња кога било особено важно земскиот живот да се поврзе со подземниот, задгробниот. Оваа област, исто така, е дом на многу ретки и загрозени видови птици и лилјаци, но и ретки пештерски животни (на пример, човечка риба). Поради необичните геоморфолошки и микроклиматски услови, тука се развил единствен екосистем во кој има комбинација од медитерански, супмедитерански, централноевропски и алпски географски системи.

Шкоцијански јами

06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

37


во (Кралево). Грандиозните ѕидови на манастирот опкружуваат четири цркви: Црквата Богородица и кралската црква (црквата на светите Јоаким и Ана), изградени од мермер, како и црквата Свети Никола и уште една црква од која се зачувани темелите. Манастирот е познат по својата колекција на фрески од XIII и од XIV век. Во 1986 година УНЕСКО го запишал Студеница во Списокот на светско наследство. Она што не треба да се одмине се Средновековни споменици на Косово (Манастир Високи Дечани, Манастир Пеќ, Манастир Грачаница, Црква Девици од Љевиш кои навистина пленат со својата убавина.

Охрид

Идрија Идрија е град и центар на истоимената општина во Западна Словенија. Со векови градот Идрија своето постоење им го должи на рудниците за жива, некогаш најбогати во светот, кои сега се затворени поради непрофитабилност. Европејците повторно ја откриле живата во Идрија и тука се зачувани делови од најголемиот комплекс за вадење жива во светот, па во 2012 година Идрија била запишана во Списокот на светското наследство на УНЕСКО во Европа под наслов „Наследството на живата“, заедно со шпанскиот рударски град Алмаден.

СРБИЈА

Кога ќе дојде летото, повеќето од нас сакаат да одат на море, сметајќи дека тое е најдобрата дестинација на која треба да се помине годишниот одмор. Сепак, и покрај тоа што нема море, Србија е толку богата со природни убавини и скриени места што ќе ги задоволат и највисоките критериуми. Градот Стари Рас и манастирот Сопожани Стари Рас со манастирот Сопожани се издвојува како еден од најважните културно-историски комплекси во Србија. Овој локалитет, составен од тврдини, манастири и цркви, лоцирани во близина на Нови Пазар, бил запишан во Списокот на светско наследство на УНЕСКО во 1979 гоМанастир Студеница

38 06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

дина, под името Стари Рас со Сопожани. Стари Рас е средновековен комплекс составен од голем број споменици, распространети во Градина, во Пазариште со Подгреже, Трговиште, Градина во Постење, Градината на Реља, црквата во Напрељ и латинската црква во Постење. Името Рас најверојатно потекнува од старото име Арса, запишано од византискиот историчар Прокопиј во VI век. Ова име го определило идното име на српската држава Рашка. Долга е историјата на локацијата каде што се наоѓаат остатоците од Стари Рас. При археолошките истражувања е утврдено постоење на населби уште од раното бронзено време. На десниот брег на реката Рашка е откриена римска базилика од крајот на четвртиот или од почетокот на петтиот век. На овој локалитет се наоѓаат и некои од најзначајните архитектонски споменици во Србија, како што се Црквата на светите апостоли Петар и Павле, Џурџеви Ступови и Сопожани. Во областа Рас се пронајдени многубројни остатоци од секојдневниот живот, уникатни сведоштва за богатото минато на српската средновековна држава. Манастир Студеница Тоа е еден од најголемите и најбогатите манастири на Српската православна црква, кој го основал Стефан Немања во 1190 година. Се наоѓа на 57 км од Краље-

ХРВАТСКА

Хрватска е земја на илјада острови, со исклучителна природа и богато наследство. Тоа е земја чија убавина се слави уште од античко време. Многумина ја нарекуваат рај на земјата, место за вистинска инспирација. Сплит Во најважниот список на историски и природни места од светско значење е запишан и Сплит, една од најпопуларните дестинации не само во Хрватска, туку и на целиот Медитеран. Неговото историско јадро е пример за тоа како ваков споменик може да биде дел од градскиот живот. Центарот на Сплит е жив, не е само празна музејска школка и затоа трае толку долго. Кога се ​​шета низ центарот на Сплит како да се минува низ вековите на градскиот живот, по безброј слоеви историја, архитектура и градски дух. Токму затоа Сплит е привлечен за посетителите од цел свет. Но тоа е и модерен град и затоа е посакувана локација за живот или дестинација за патувања. Мора да се сака и да се почитува за да може да живее барем уште 17 века. Задолжително мора да се запознаат неговите плажи, Марјан, старите и новите населби, културните институции, музеите, баровите, рестораните, клубовите во кој било период од годината. Ако спаѓате во „ловци“ на места на УНЕСКО, тешко е да најдете подобро од тие на Сплит. Почнете од Сплит и Диоклецијановата палата, која римскиот цар Диоклецијан ја подигнал околу 300 година, каде што престојувал по повлекувањето од престолот. Потоа разгледајте ги Шибеник и локалната катедрала Свети Јаков. Катедралата Свети Јаков во Шибеник била градена повеќе од еден век. Постојат повеќе работи што ја прават уникатна, не само во хрватската архитектура, туку и во европската. Катедралата целосно е изградена од камен и без друг материјал; уникатна е по храбрата структура на камени плочи без врзувачки материјал; единствена е меѓу ренесансните цркви според предната фасада во облик на детелина и според хармонијата на архитектурата и редот од 71 реалистичен скулпторски портрет околу апсидите.


На враќање застанете на средновековниот скапоцен камен Трогир. Поминете еден ден на островот Хвар каде што може да ја најдете најубавата миризлива лаванда. На дневните патувања може да посетите уште две страници на УНЕСКО, Дубровник и националниот парк Плитвички Езера. Единствена локација до која потешко се доаѓа е Еуфразиевата базилика во Пореч. Еуфразиевата базилика спаѓа во најзачуваните споменици на рановизантиската уметност на Медитеранот. Се наоѓа во Пореч, Хрватска. Била изградена во VI век за време на бискупот Еуфразиј и царот Јустинијан I. Од 1997 година е под заштита на УНЕСКО. Со градбата на оваа базилика е започнато во 553 година врз темелите на друга базилика од порано време. Подоцна во базиликата била изградена и трета црква во готски стил. Иако објектот бил оштетен од земјотреси, пожари и војни, сепак мозаикот од V век е зачуван до денес. Најстариот фрагмент на мозаикот датира од III век. Дубровник Дубровник, или како што уште се нарекува „Бисерот на Јадранот“, е сместен на крајниот јужен дел на Хрватска. „Оние што бараат рај на земјата мора да дојдат во Дубровник“, напишал Бернард Шо, маѓепсан од убавините на градот, чии недопрени градски ѕидови денес се под заштита на УНЕСКО. Основан е во VII век од н.е., од XIV до XVI век Дубровник го доживеал својот најголем подем како метропола на трговијата, науката и уметноста, а во шеесеттите и во седумдесеттите години по Втората светска војна, кога почнал да се развива туризмот, станал и најомилена туристичка дестинација на Јадранот. Своето богато културно-историско наследство Дубровник најубаво го раскажува при прошетката по неговата главна улица. Славните ѕидови со величенствената кула ќе ви подарат прекрасен поглед на магичните острови Шипан, Лопуд и Колочеп, расеани како бисери во морското синило. Од Онофиревата чеш-

ма до Градските камбани, преку префинетите зданија на палатата Спонза и славниот Кнежевски двор, како и барокните цркви Св. Влах, катедралата Вознесение Маријана, Св. Игнација, во овој град секој чекор е доживување само за себе. Во летниот период Дубровник блеска со посебниот сјај на единствената театарска сцена во светот, каде што од близината на тврдината Ловријенац, издигната 37 метри над морето, зборовите на бесмртниот Хамлетов монолог „Да се биде или не...“ одекнуваат со посебна тежина. Национален парк Плитвички Езера Пространи шумски комплекси, исклучителни природни убавини на езера и водопади, богата флора и фауна, планински воздух, контрасти на есенски бои, шумски патеки и дрвени мостови... се дел од уникатната целина што ја препозна УНЕСКО и во 1979 година беа меѓу првите заштитени. Прошетајте низ овој рај на земјата во секое време од годината затоа што сите езера се волшебни на свој начин. Волшебниот свет на Плитвичките Езера, лоциран меѓу Мала Капела и Пљешивица во Лика, се нарекува и Ѓаволеста градина заради локацијата и историјата. Легендата вели дека езерата се формирале по голема суша, кога луѓето, животните и растенијата копнееле по капка вода. Луѓето постојано се молеле и тогаш во долината се појавила Црната кралица и им се смилувала на луѓето и предизвикала силен ветер и грмотевици и конечно почнало да врне. Дождот врнел долго и нивото на водата се зголемило доволно за да се формираат езерата. Верувале или не во легендата, на самиот влез во волшебниот свет на Плитвички Езера ќе ја откриете убавината на 16 сино-зелени езера, меѓусебно поврзани со пенливи водопади и каскади и прекрасен животински свет. Езерата постепено се прелеваат и се спуштаат едни во други во серија од 5.460 метри воздушна линија. Првите сериозни почетоци на туризмот

на Плитвички Езера биле забележани во 1861 година, кога била изградена „кралската куќа“ во која можело да се сместат само тројца, а веќе во 1894 година областа ја посетиле илјада туристи и патници. Денес повеќе од еден милион посетители годишно уживаат во нив. Стариот дел на Трогир и Староградско Поле Градот Трогир лежи на островот меѓу копното и островот Чиово. Специфичноста на градот е во скулпторската уметност на каменот. Поради оваа убавина и вредност, УНЕСКО го вклучи стариот град Трогир во Списокот на светско наследство. Одењето по улиците на Трогир е како патување во минатото, во времето на Грците, Римјаните и Венецијанците. Речиси секоја куќа има стилски карактеристики, грб или натпис. Зачувани се голем број палати и куќи, повеќето се од XIII век, и десетина цркви. На јужната страна на градот се зачувани голем број средновековни ѕидови со кули. Тука е статуата на св. Ивана, познатата тврдина Камерленго од XV век, Кулата на свети Марко што била поврзана со кулата Камерленго за одбрана од османлиските напади. Староградско Поле на островот Хвар е заштитен културен пејзаж во кој старата грчка поделба на земјиштето е зачувана до ден-денес како систем на патишта и терасовидни парцели. Станува збор за најдобро зачуван антички грчки катастар на Средоземното Море, поради што е седмо хрватско место во Списокот за светско наследство на УНЕСКО. Всушност тоа е најголема плодна рамнина на сите јадрански острови. Се наоѓа во централниот дел на островот Хвар, меѓу Стари Град и Врбоска. Долго е околу 6 км, со просечна ширина од околу 2 км и зафаќа површина од 1.376 ха. Карактеристични почви на полето се црвената, глинестата и песочната, кои се формирана од алувијални наноси. По северниот раб на полето се наоѓа езерцето Драчевица, единствен површински извор на вода што речиси никогаш не пресушува. • Маргита Поповска

Дубровник

06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

39


ЌЕ ПАТУВАМ ВО ХРВАТСКА И ВО ЦРНА ГОРА, КАДЕ МОЖАМ ДА ЗАШТЕДАМ СО МОЈАТА АМСМ ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА? СО ПРОГРАМАТА SHOW YOUR CARD! КАКО АМСМ ЧЛЕНОВИ ШТЕДИТЕ КАДЕ И ДА ПАТУВАТЕ НАДВОР ОД ГРАНИЦИТЕ НА НАШАТА ЗЕМЈА, НО И ВО ВАШАТА ДРЖАВА. ШТО ЗНАЧИ ТОА? ТОА ЗНАЧИ ДЕКА СО ПОКАЖУВАЊЕ НА ВАШАТА АМСМ ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА ВО ПРОДАЖНОТО МЕСТО SYC! КАДЕ ШТО ЌЕ ЈА ПРЕПОЗНАЕТЕ НАЛЕПНИЦАТА СО ЛОГОТО SHOW YOUR CARD! НА САМИОТ ВЛЕЗ, ВИЕ ЌЕ ДОБИЕТЕ ОД 10% ДО 50% ПОПУСТ. ХРВАТСКА ДУБРОВНИК EMERGENSEA - 10% попуст на асистенција и помош при пловење Концептот на EmergenSea е настанат пред 8 години во Хрватска со цел да се овозможи помош и асистенција на море. Концептот како водечки бренд за морска асистенција развивајќи се во бренд денес брои повеќе од 5.000 членови и 70 оператори низ 5 медитерански земји. Мрежата се состои од група професионалци и ентузијасти со посебен кодекс на однесување чија примарна цел е да им се овозможи помош на морепловците додека пловат. Со специјализирана опрема и обучен тим EmergenSea се 24/7 достапни за услуга. HERTZ РЕНТ - А - КАР - 10% до 15% попуст од најниската цена на изнајмување на возило Hertz е ексклузивен партнер на Show your Card! и ги нуди своите попусти за членовите на АМСМ во повеќе од 150 земји, на повеќе од 8.500 локации. Во Дубровник се наоѓаат на повеќе локации. GHETALDUS OPTIKA - 10% попуст на сите производи и услуги Ghetaldus Optika е најголемата оптика во Хрватска со највисоки стандарди. Нивниот кnow-how, конзистентност во работата и широк спектар на очила, диоптерски очила, леќи и рамки за очила од светски брендови се гаранција дека ќе добиете навистина врвна услуга. За одличната услуга зборува и стручноста на нивните офталмолози во нивните очни болници. ОПАТИЈА HOTEL OPATIJA - 15% попуст на стандардни соби со појадок или полупансион и 15% попуст на масажи Хотелот Опатија се наоѓа во центарот на прекрасниот град Опатија на северниот брег на Јадранското море, на само 3 минути од градската плажа. Опкружен со парк и зеленило, со 216 удобни соби и ресторан со прекрасна национална и меѓународна кујна, овој хотел ќе ви овозможи незаборавен одмор. ЦРНА ГОРА HERTZ РЕНТ - А - КАР Од 10% до 15% попуст од најниската цена на изнајмување на возило. Hertz е ексклузивен партнер на Show your Card! и ги нуди своите попусти за членовите на АМСМ во повеќе од 150 земји, на повеќе од 8.500 локации. Во Црна Гора се наоѓаат на повеќе локации во Подгорица и во Будва. Повеќе информации и резервации на www.hertz-europe.com. BEST WESTERN HOTELS EUROPE Со околу 1.300 хотели ширум Европа и 2.100 во Америка и Азија, Best Western се секаде каде што сте и Вие. Во Best Western хотелите добивате до 20 % попуст на сите локации во Европа и Азија (вклучувајќи ги и Best Western Premier Хотелите). Букирајте на: http://www.bestwestern.com/deals-offers/special-rates/show-your-card/?IATA=33333003 , АМСМ кодот е: 568 HARD ROCK CAFE Kафе - ресторани застапени во 21 земја Повеќе од 40 години Hard Rock Cafe го оживува духот на музиката. Во однос на храната имате можност да уживате во свежи и високо квалитетно подготвени специјалитети од менито, вклучувајќи ги и легендарните бургери, а, пак, во Rock продавниците ќе уживате во рок-енд-рол инспирираните предмети. Со 194 локации во 60 земји ширум светот Hard Rock Cafe е еден од најпрепознатливите брендови на глобално ниво. Како АМСМ член во Hard Rock Cafe имате 10% попуст на храна и безалкохолни пијалоци. Дознајте повеќе на www.hardrock.com. АМСМ членовите секогаш добиваат повеќе! Сите попусти можете да ги пребарате на на нашиот нов пребарувач на www.amsm.mk доколку кликнете на Show your Card! логото, внесете град каде што ќе патувате и одберете категорија. Попустите можете да ги пребарате и на www.showyourcard.eu. Доколку сте постојано во движење симнете ја бесплатната апликација за IOS и Play store Show your Card discounts и пребарајте ги попустите.

1

2

3

Секаде каде што ќе го забележите логото

Покажете ја Вашата АМСМ - ЧЛЕНСКА картичка

и ПОПУСТОТ

Сите попусти може да ги пребарате на www.amsm.mk во делот на Show your Card!-пребарување на попусти низ Европа. АМСМ членовите секогаш добиваат повеќе!


HR.NET како интегрирано решение овозможува да се соберат и поврзат податоци за целиот работен циклус на еден вработен, од моментот кога вработениот е само кандидат за вработување, селекција, воведување, развој, евалуација и промоција.

Автоматизација на административните процеси со вграден систем на нотификации

Единствено досие на вработениот и лесен пристап до потребните информации

Фокусирање на вистински предизвици како управување со таленти

Усогласеност со законска регулатива

Елиминација на повторувачки внес на податоци

Собирање и поврзување на податоците за целиот работен циклус на вработените на едно место


Вргањ на жар Состојки Вргањ Путер Сол Бибер Магдонос Лук Пармезан

Подготовка

Најпрвин печурките се мијат, чистат и сецкаат. Исецканите печурки се ставаат на тавче и се пропржуваат неколку минути. Лукот и магдоносот ситно се сецкаат и се поросуваат врз печурките. На крај печурките се сервираат во тањир и врз нив ситно се ренда пармезанот. Добар апетит!


„ЛЕТО КАКО ВО ‘МАМА МИА’ “ ЕНИ РОБЕРТСОН

„THE STUDIO ALBUMS“ ABBA

„MULAN“ (МУЛАН)

а сите обожаватели на музиката на „АББА“ и на филмот „Мама миа“, од печат излезе романот „Лето како во „Мама миа“ од Ени Робертсон. Приказната во книгата се движи околу Лорел, која не ризикувала никогаш во животот. Сепак, како што се приближува летото, решена е да го направи она што никој не би го очекувал од неа. Инспирирана од музиката од омилената група „АББА“ и уште поомилениот филм „Мама миа“, го зема пасошот и се качува на лет за грчкиот остров Скопелос, кој се наоѓа на западниот дел од Егејското Море, подготвена да доживее летна авантура. Со звукот на брановитe, опкружена со прекрасни предели, Лорел го истражува островот и ужива во дружењето со ексцентричната сопственичка на шармантната вила во која е сместена. Волшебните зајдисонца, остриот вкус на виното, мирисот на морето, преубавите плажи: сето тоа и прираснува за срце. Меѓутоа, кога ќе се наметне прашањето за враќање во Лондон, ќе мора да донесе важна одлука…

етот, кој содржи осум цедеа, на еден од најпопуларните бендови на светската музичка сцена ќе излезе во продажба на 3 јули, како своевиден „подарок“ за неговите обожаватели. Ќе чини 128 евра. Шведскиот квартет одлучи да го издаде овој сет од осум цедеа (студиски албуми) за да ја одбележат претстојната четириесетгодишнина од издавањето на последната грамофонска плоча во 1981 година - „The Visitors“. И песните што се наоѓаат на останатите седум цедеа беа големи хитови во текот на седумдесеттите, почнувајќи од 1973 год., и почетокот на осумдесеттите години од минатиот век. Првиот лонг-плеј беше насловен „Ring Ring“, а потоа следуваа „Waterloo“ (1974 г.), „ABBA“ (1975-та), „Arrival“ (1976 год.), „ABBA the Album“ (1977 г.), „Voulez Vous“ (1979-та), „Super Trouper“ (1980 год.). Интересно е тоа што песните на шведската четворка се слушаат и денес, а освен возрасните, ги пеат и младите, кој во времето на нивното „владеење“ не биле ни родени. Групата остави трајни белези на поп-музиката пред четириесетина години, па и повеќе.•

ежисерот на „Whale Rider“ и „North Country“, по долготрајна, петнаесетгодишна пауза, се врати во филмската „индустрија“ со најновото остварување - „Мулан“, во продукција на Walt Disney Pictures. Сценариото е на Rick Jaffa, Amanda Silver, Lauren Hynek и Elizabeth Martin. Акционата драма се базира на истоимената балада и е адаптација на анимираниот филм од 1998-та. Се снимаше во Кина и во Нов Зеланд, а Liu Yifei беше избрана во конкуренција од илјада актерки, кои дојдоа на аудицијата. Станува збор за високобуџетно остварување од двесте милиони долари, каде што се зборува за младата Хуа Мулан, најстарата ќерка на болниот кинески воин, која се пријавува да служи војска во империјалната армија, претставувајќи се како негов син.

З С Р

ЖАНР: акциона драма ГЛУМЦИ: Liu Yifei, Donnie Yen, Jason Scott Lee, Yoson An, Gong Li, Jet Li РЕЖИЈА: Niki Caro

06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

43


HI-TECH

CESSNA 208B Grand Caravan

Најголемиот авион во светот со електричен погон ДВЕ КОМПАНИИ ПОГОЛГО ВРЕМЕ ВРШАТ ТЕСТИРАЊА И ЕКСПЕРИМЕНТИРААТ СО ЕЛЕКТРИЧЕН ПОГОН СМЕСТЕН ВО СЕГАШНИВЕ ЛЕТАЛА. НЕОДАМНА ИМАА УСПЕШЕН 30 МИНУТЕН ЛЕТ СО „ЦЕСНА КАРАВАН“ ПРЕЛЕТУВАЈЌИ РЕЧИСИ 160 КИЛОМЕТРИ.

С

ветот на авијацијата засекогаш ќе го памети 28 мај 2020 како ден во кој авионот „цесна 208 б гранд караван“ го имаше својот прв лет. Се прашувате како тоа познат авион со децении наназад да има прв лет. Летот не беше со клипен, туку со електричен мотор. До денешен ден „цесна 208 б гранд караван“ е најголемиот авион во светот што полетал со електричен мотор. Најзаслужни за сета работа е компанијата „Магникс“ која се нафати да направи замена на погонската единица, на местото од досегашниот го постави електромоторот од сопствено производство, додека компанијата „Аеротек“ е задолжена за тестирање, хомологација на леталото и секако за конструкторскиот зафат, замената на моторите. Ова не е првпат Магникс да прави експерименти со авиони, заменувајќи го

44 06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

клипниот мотор со електричен. Компанијата „Ивиејшн Еркрафт“ која е во екот на тестирање на истоименото летало користи електричен мотор со потпис од Магникс. Некаде на крајот од 2019 година Магникс направи замена на обичниот со електричен мотор на „дхц 2 бивер“ летало кое најчесто има шест седишта вклучувајќи го и пилотското. Успешниот лет на спомнатиот авион траел 15 минути. Тоа доволно кажува за искуството и за сериозноста на Магникс заедно со водечкиот во компанијата „Рои Ганзарски“. Ова лице во разговорите со новинарите и експертите за летала има изјавено повеќе пати колку електричните мотори се поевтини и поедноставни за конструирање и одржување отколку клипните, нагласува колку се полесни и поштедливи, односно сака да каже колку помалку делови имаат електричните авионски мотори. Откако леталото „цесна 208 б гранд

караван“ успешно се приземји по 30 минутниот лет, Рои Ганзарски веднаш се пофали со потрошувачката. Струјата потрошена за половина час лет со брзина од 185 км/ч чинела не повеќе туку точно 6,0 долари. Натаму тој вели дека вкупните трошоци за летање се помали за 40 до 70 отсто во корист на електричните погонски единици. Тие 40 отсто заштеди „ги сместува“ во сегашните авиони, кои неретко ги нарекуваат авиони од стар ков, додека заштедите ќе бидат далеку поголеми, односно 70 отсто кај ново дизајнираните летала и веднаш го спомнува леталото Алис со девет седишта кое располага со многу испеглана аеродинамика и лесна конструкција каде се внесени најновите авио сознанија и технологии. Всушност, затоа најновите летала во својата класа се далеку полесни и со далеку подобра аеродинамика од старите добри: злинови, јакови, пајпери, цесни, молови, муни и останатите. На пример, летала-


HI-TECH

та со старите дизајни, според Р. Ганзарски, ќе можат да покриваат летови до околу 160 километри, + / - 10 километри, додека новодизајнираните како Алис, нив им препишува летови со истиот мотор и до 800 – 900 километри. Во сегашни услови електричните авиони можат да покриваат куси растојанија за кои денешните авионски компании воопшто не се заинтересирани. На пример од Скопје до Охрид со автомобил потребни се околу два и пол до три часа возење, а со мал авион на електричен погон летот ќе трае околу 35 минути. Според сегашните достигнувања во авијатиката, електричниот погон може да веднаш да се вгради во малите авиони кои без никаков проблем ќе ги покриваат малите растојанија до 150 - 170 километри. Две нешта го „гушат“ напредокот на електричниот авио превоз, тоа се застарената технологија и застарената аеродинамика на сегашниве летала. Светот сè уште си тера по старо при конструирањето на „современите“ летала, а тешките батерии раскажуваат посебна приказна кои во „цесна 208 б гранд караван“ одземаат точно 1000 кг и сè уште не можат во себе да акумулираат поголемо количество енергија. Затоа денес во светот некои компании експериментираат со литиум сулфурни батерии и со горивни ќелии, односно преку нив водородот ќе преминува во електрична енегија, а како несакан „ефект“ во својство на издувните гасови ќе се појави водена пареа и ништо друго. Ги спомнавме застарената технологија на конструирање авиони и застарената аеродинамика. Тие денес сè уште се во употреба, човештвото не прави поголеми чекори кон новите облици кои се далеку поаеродинамични, а нивните конструкции полесни и поцврсти од сегашните. Доказ за тоа е спомнатата „цесна караван“ чии корени датираат од ’60 години од минатиот век. Нејзиниот изглед воопшто не е современ, конструкцијата е застарена, а уште повеќе е застарена аеродинамиката, но сепак авионот и понатаму се произведува и во моментов можете да го нарачате, купите. Колку за ваша информација погледнете го авионот „алис“ кој е во фаза на тестирање и самите направете споредба. Според Рои Ганзарски најдобро е светот да се зафати со подготовка на сосема нови дизајни кои ќе располагаат со беспрекорна аеродинамика и најсовремени конструкциски решенија од една страна и од друга страна да се произведуваат поиздашни и полесни батерии. Кога овие нешта ќе бидат задоволени, авијацијата ќе може најудобно да се смести во својата фотеља и да им каже збогум и на стариот дизајн, и на старата класична конструкција и да ги „откачи“ моторите со внатрешно согорување заменувајќи ги со електрични. Денес имаме авио конструктори чии исклучиво современи летала од засега „непознати“ причини не можат да влезат во сериско производство. Пример за тоа е леталото „смартфиш“ за кое пишувавме пред повеќе години. Тое е едно од многуте кои се соочуваат со проблеми и засега фаќаат прашина во некоја гаража или хангар. • Жарко Атанасовски

06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

45


Бисери во автомобилската индустрија

ЗАГАТО И НЕГОВИОТ

101. 101

РОДЕНДЕН ДА СЕ ОПСТОЈУВА СО РАЧНА ИЗРАБОТКА ВО СВЕТ НА МАСОВНОТО ПРОИЗВОДСТВО Е ВИСТИНСКО ЧУДО И НЕВОЗМОЖНА МИСИЈА. СЕПАК, ВО ТАКВИ УСЛОВИ ОПСТОЈУВА РАБОТИЛНИЦАТА „ЗАГАТО“, ЕДЕН ОД БИСЕРИТЕ ВО АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА, КОМПАНИЈА ЧИИ ЗНАЕЊА И ТЕХНИКИ НА ПРОИЗВОДСТВО СЕ ПОСЕБНИ И СЕКОГАШ ЧЕКОР ИЛИ ДВА ПРЕД ОСТАНАТИТЕ, НО НИКОГАШ ЗАД НИВ. 46 06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


У

ште на почеток од текстот во куси црти ќе кажеме што значи името Загато во светот на автомобилите. Неколку светски познати производители се фалат дека се први со употребата на алуминиумот при конструирањето возила. Нема ништо чудно во тоа што нивните „чеда“ на четири тркала се направени од алуминиум. Ако тие се фалат со употребата на алуминиумот, тогаш што треба да каже работилницата Загато? Оваа мала, но моќна фирма го употребува алиминиумот во првите години по Првата светска војна или да нема забуни, спомнатата компанија прави автомобили од алуминуим скоро еден век. И што правиме сега? Кој е главниот лик? Некој што произведува многу повеќе од милион автомобили секоја година, и бидејќи е голем и моќен, си зема за право да се рекламира со употребата на алумниумот во неговите производи. Сè ќе беше во ред да не постоеше малата, но многу почитувана италијанска компанија „Загато“. Уште еден „миг“ вреден за паметење. Кога светот на автомобилите немаше поим што значи тоа аеродинамика, а уште помалку воздушни тунели, Загато веќе на големо ги кроеше своите автомобили да бидат што е можно поснаодливи - да му „избегаат“ на воздухот. Кога сме веќе кај воздухот и бегањето од него, да го спомнеме Загато за уште една иновација. Оваа кројачница на автомобили е првата која светлата ги вградува во телото на автомобилот, светлата не се надвор и не штрчат над останатиот дел од автомобилот, туку се дел од аеродинамичната скулптура. Тоа што денес го гледате кај современите автомобили, посебно во делот на светлосните групации е дело на големиот мајстор на својот занает Уго Загато. Сите производители прават концепти, но само компанијата Загато прави концепти кои се готови автомобили со сите чинители, тестирани и хомологирани, единствено им фали регистарска табличка. Загато никогаш не направил концепт кој служи како украс на саемските изложби. Неговите концепти се автомобили кои веднаш може да ги возите. Единствено Загато така прави со сите свои концепти и никој друг во автомобилската индустрија. Сега кога веќе малку од малку имате претстава која е компанијата Загато, ќе продолжиме со почетоците на ова надалеку познато име. Годината е 1919 кога разрушувањата и трагедиите од Прва светска војна се веќе завршени. Ентузијастот и секогаш гладниот за наука и конструирање, Уго Загато, најнапред искуството го стекнувал во „Каросерија Варезина“ лоцирана во градот Варезе и истоврмено посетува школо за дизајн, Санта Марија. Во виорот на војната работи во фабриката за авиони „Помилио“ каде учи како и на кој начин се обработува алуминиумот, како се обликува и крои при конструирање на леталата. Претходно работел и како заварувач, така што нема нешто, а да не научил во врска со правењето автомобили и авиони. Процесот на производство му бил целосно познат и во 1919 год. ја напушта фабриката за авиони Помилио за да отвора своја компанија „Каросерија Уго Загато“ во Милано, специјализирана за конструирање автомобили и авиони и истовремено нивно сервисирање. Имал познавања од заварување, потоа го познавал процесот како се прави автомобил од чиста нула и како се конструираат телата на авионите и сè до краен производ со сите делови на него подготвен за лет. Негов следен чекор бил да направи своја конструкција на четири тркала, но не како постоечките, туку нешто посебно. Тогашните автомобили биле несмасни, тромави и тешки со облик кој воопшто не воодушевувал. Правењето автомобили со воведување познавања од аеронаутиката, е тоа било нешто сосема ново и посебно. Токму тоа му бил сонот на Загато да направи автомобил во кој лесниот метал алуминиум ќе биде вграден, а конструкцијата ќе наликува на таа од авионите и што е најважно, авионската аеродинамика ќе ја внесе во своите креации. Дотогаш светот немал видено конструкција која е мешавина од тогашната автомобилска индустрија и аеронаутиката. Всушност на светот воопшто не му било јасно што прави Уго Загато. И покрај нејаснотиите, сепак неговата работа не останала незабележана. 06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

47


Алфа Ромео била заинтересирана нејзините автомобили да бидат што полесни и побрзи бидејќи во тоа време за неа трките претставувал дел од секојдневието. Миланската компанија посебно била заинтересирана за нова лесна шасија за легендарната трка „Миле миља“ која се возела од Бреша до Рим и назад. Соработката со Алфа Ромео ќе донесе успеси за обете компании, посебно за Загато како штотуку отворена компанија. Од 1928 до 1930 Загато со неговите каросерии во алфиниот модел „1750 загато“ ќе ја донесе првата победа на „1000 милји“, а во 1930 год. „алфа ромео 1750 загато“ ќе ги освои првите четири места. Така Загато си го обезбедува епитетот најуспешен производител на спортски каросерии наменети за трки. Не само Алфа Ромео, туку и Ферари и Бугати соработувале со Уго Загато и неговите креации. Благодарение на многуте каросериски иновативности и посебно во делот на аеродинамиката, победите во трките се множеле. Неговиот син Елио со „фиат 8V загато“ доминирал во класата „гт (гран туризмо) со вкупно 83 места на подиумот освоени во 160 трки во ’50 години од минатиот век. На крајот од оваа декада доаѓа престижната награда „Компсо де Оро“ за тогашниот најнов облик „фиат абарт 1000 загато“. Тука некаде временски се надоврзува и договорот со Астон Мартин, а за почеток на соработката Загато подготвил гран туризмо класа, „астон мартин дб 4 страдале гт загато“ претставен на Салонот за автомобили во Лондон. Интересно е што соработката меѓу овие две компании

48 06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

постои до денешен ден. Кога е во прашање Алфа Ромео и Загато доаѓаме до податок кој повторно ќе ги збуни големите компании. Новата ера носи со себе и нов приод кон констуирање автомобили, со нови алатки и нови технологии. Напливот од компјутери во секојдневието доведе до нивна употреба и во дизајнирањето. Во 1989 година Загато е тој што ја крои школката на експерименталниот модел „алфа ромео спринт загато“ или скратено „алфа ромео сз“. Овој автомобил е обликуван со сега веќе познатиот „кад“ програм или во превод тоа значи, „алфа ромео сз“ е првиот спортски автомобил целосно обликуван преку спомнатата програма. И повторно Загато прв, а не тие големите што вредат неколку стотици милијарди долари. Каде и да се појави Загато со своите облици предизвикува почит од останатите и ретко кога останува без награда, како на пример безвременскиот дизајн „ламборџини раптор“ од 1996 год. кога го добива признанието „Најдобар концепт“ на Салонот за автомобили во Женева. Кога Фиат и Крајслер ја озваничија заедничката работа, Загато го претстави концептот „тз 3 страдале“, „доџ вајпер“ во школка од „алфа ромео“. Сличен уникатен проект е моделот „вираж шутинг брејк“ направен да се одбележи 100. годишнината од постоењето на Астон Мартин. Тука не треба да се пропушти ни „загато мостро“ со мотор од масерати, а по повод 50. годишнината на Ламборџини и 95. роденден на компанијата, специјалистите за каросерии одлучија сето тоа да го одбележат со „ламборџини 5-95“ правен на основа од „ламборџини гаљардо“ во 2014 година. Меѓу најновите дела на Загато е мотоциклот „мв агуста“, потоа ограничена серија од моделот „венквиш с“, всушност тоа е цело едно семејство од „венквиши“ се разбира за Астон Мартин и скоро видениот „исо риволта вижн гран туризмо загато“. И покрај брзите промени и брзиот напредок во автомобилската индистрија, внукот на Уго Загато, Андреа Загато, сегашен главен во компанијата, вели дека не е загрижен. Како да биде загрижен кога класиката која ја негува Загато е посебна и својствена само за нив и никој друг, такви заоблени скулптури негува еден век, а светот позитивно реагира на нив. Новите технологии и брзите промени во начинот на производството нема да донесат негативни влијанија во Загато затоа што компанијата уште од првиот ден била пред останати во начинот за кроење автомобили. Конструирање посебен облик на веќе позната шасија и мотор, но со елементи и аеродинамика својствени за авионската индустрија, тоа го негува никој друг туку само Загато. Затоа компанијата Загато ќе опстојува, ја има посебноста, но воопшто не е розова иднината на останатите градители на каросерии кои еден по еден ги снемува. Италијанската статистика брои 97 работилници, а денес ги има се помалку. Дали Загато е еден од тие последните кои треба да ја бранат честа на фелата и традицијата на конструирање каросерии? Некогаш на почетокот автомобилите не се купувале како денес, односно постоела една група од работилници во кои се создавале автомобили по нарачка. Секоја работилница била препознатлива по многу нешта и секоја правела уникати. На шасија од готов автомобил, муштеријата си одбирал друг мотор и друг облик, а „кројачите“ во работилницата ги засукувале ракавите и „танцот“ почнувал. На шасијата се вградувал моторот, а потоа сите други каросериски делови заедно со посебно избраниот облик, си го наоѓаат своето место за на крај да се надзира ремек делото направено, скроено, за нарачателот. Зошто сега на 101. годишнина од постоењето? Нашите стари во вакви прилики велат: „да си здрав и жив до 101 и назад“. Затоа и ние и го посакуваме истото на надалеку познатата фирма за дизајн и производство на каросерии Загато. • Жарко Атанасовски


06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

49


Светско првенство во Формула 1

ШОУТО ПРОДОЛЖУВА, КАЛЕНДАРОТ НЕПОЗНАТ! ФОРМУЛА 1 ВО НЕКОЛКУ НАВРАТИ СЕ ОБИДУВАШЕ ДА СОЧИНИ КАЛЕНДАР ЗА РЕСТАРТИРАЊЕ НА СЕЗОНАТА, НО РАЗНИТЕ ПРЕЧКИ ОКОЛУ ПАТУВАЊАТА, ИЗОЛАЦИИТЕ И ДРУГИТЕ ПРОПИСИ, ЕДНОСТАВНО ДОВЕДОА ДО СИТУАЦИЈА ВО КОЈА СЕ ПОТВРДЕНИ САМО ПРВИТЕ ОСУМ ТРКИ ВО ПЕРИОД ОД ПОЧЕТОК НА ЈУЛИ ДО СРЕДИНА НА СЕПТЕМВРИ, ДОДЕКА СÈ ДРУГО Е ВО ФАЗА НА ПРЕГОВОРИ!

50 06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


O

ткако стана извесна варијантата дека некои трки ќе отпаднат од календарот поради разни причини, а бројот од најмалку 15 до 18 трки мора да биде задржан заради легитимитет на првенството, се прејде на договарање по две трки на извесни автодроми. Така, стартот на првенството е прецизиран за 5 јули во Австрија, но воедно е проследен со уште една трка на 12 јули, по што ќе следи „комшискиот“ Хунгароринг на 19 јули. Августовската сесија започнува со првата од двете трки во Силверстоун на 2 август, за седум дена подоцна да има уште една за Големата награда на Британија. Барселона е „џокерот“ предвиден за 16 август повторно како домаќин на шпанското гран при, по што повторно има 14 дена пауза. На 30 август во својот традиционален термин доаѓа Спа Франкоршамп, односно трката за Големата награда на Белгија, а на шести септември, повторно во својот традиционален термин, трката во Монца за Големата награда на Италија. Ако се направи анализа на овој редослед кој може уште да се нарече и прва половина од ревидираниот календар, станува јасно дека и покрај острата криза со пандемијата

во Шпанија и Италија, овие две локации се назад во календарот, иако во нивна близина беа жариштата за кои се говореше како за воени полиња. Веќе беше потврдено дека од календарот отпаѓа Монако бидејќи нема да се бара нов датум за него, а подоцна се објави дека, исто така, отпаѓаат и уличните трки во Азербејџан и Сингапур. Најголемо изненадување е откажувањето на јапонското гран при во Сузука, кое традиционално се смета за еден од класиците покрај Спа, Монца и Силверстоун. Но, во услови на заткулисна комуникација, сите детали не се обелоденети. Мора да се земе предвид дека постои можноста и земјата домаќин едноставно да не сака да преземе ризик, без оглед во кој дел точно го гледа тоа, или, пак, се плаши од финансиски крах на трката без публика. Интересно е да се спомене дека и во мотоциклистичкото првенство, Јапонија го повлече своето гран при во Мотеги. Со тоа се „апсолвирани“ десет од претходно планираните 22 дестинации, но исто така се смета дека доцното откажување на првата трка во Австралија всушност ја елиминираше од можноста да се најде повторно во календарот, што би значело дека 11 трки се во игра. Холандија требаше да се врати во календарот во мај, но поради пандемијата, исто така, објави дека ќе сочека една година. Најлоши се шансите за Мексико и Бразил, каде што избивањето на пандемијата се случи подоцна. Во тој дел од светот е и трката во Тексас, па чисто од логистички причини таа може да ја доживее судбината на другите две трки, доколку се откажуваат во пакет. Од друга страна, извесно е дека сезоната ќе заврши со трки во Бахреин и Абу Даби, при што дури се спомнува шансата Бахреин да има две трки, поради можноста да ја модификува патеката во сосема нов дизајн, двојно побрз од актуелниот и со многу мал број на свиоци. Со други зборови, несигурни се уште трките во Кина, Виетнам, Канада, Русија и Франција. Најголеми шанси од оваа група има Кина која преговара за две трки, додека Канада се чува во резерва доколку може да се спари со друга блиска во регионот. Останатите трки не се спомнуваат во медиумите, но затоа, пак, има заинтересираност и од две патеки кои не беа претходно планирани, а тоа се германскиот Хокенхајм и италијанскиот Муџело. Според извесни шпакулации, со две трки во втората половина од септември во Германија, потоа две трки во Кина со уште една во резерва (најверојатно Русија), календарот би можел да ја добие конечната физиономија, штом веќе се знае дека финишот е со дупла трка во Бахреин, како и една во Абу Даби. - Тие не прашаа пред повеќе време, дали сте отворени за повеќе од една трка ако имаме проблеми да најдеме алтернативи? Тоа е единствено нешто што го имам официјално од Формула 1. Тоа беше мошне рано, кога уште се обидуваа да го состават европскиот дел од календарот. Нашиот одговор беше дека можеме да преговараме на таа тема. Идејата за користење на другата конфигурација е на Рос Браун, особено деталите во кои тој навлезе. Интересно е, сметаме дека е возможна,- рече Шеикот Салман по прашање на трките во Бахреин, предвидени за крајот на ноември и почетокот на декември, кој како најголем проблем ја истакна трката од светската серија на трки на издржливост, чија што трка во календарот ја закажале за 21 ноември. Но, ако еден предизвик беше да се состави календарот, сосема поинаков предизвик е да се направи протокол за „новата реалност“. Трките без гледачи (барем на почетокот) ќе значат помалку атмосфера, но во исто време треба да бидат соодветно шоу за ТВ преносот. Сепак, традиционалната „Парада на возачите“ ќе биде укината бидејќи беше наменета за публиката на трибините. Традиционално пред почетокот на трката, кога сите болиди се на стартните позиции, во најголем дел ќе има само

06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

51


механичари и мошне ретко некој гостин, кој ќе мора да го запазува правилото за дистанцирање. Промени ќе има и во процедурата на прогласување на победниците: засега плановите се во насока првите три болида да бидат паркирани пред главната трибина, а возачите да стојат на нив. Нема да има физичко доделување на трофеи, туку тие ќе бидат прикажани само на ТВ. Според насоките за организиација, доколку се случи во некоја екипа повторно да се појави заболен како што беше случај тоа со Мекларен во Австралија, сезоната нема да се прекине и натпреварите ќе продолжат. За вакви ситуации изработен е Правилник на 80 страници и ќе биде своевидна „Библија“ за организаторите. Надежите се големи дека во сезоната кога се прославува 70. роденден од одржувањето на првата трка, сепак ќе има шампионат. Постојат некои недоумици, бидејќи беа планирани 22 трки, па евентуалниот шампион кој би бил прогласен

по мал број одржани трки, би можел да нема легитимитет каков што се посакува. Очекувањата се дека организаторите ќе успеат да создадат сезона во која ќе има најмалку две третини од планираниот број на трки, односно најмалку 15 со цел да се добие таквиот легитимитет. Ова е важно и заради ТВ преносите кои мора да ги има во извесен минимален број, за договорите за ТВ правата да бидат валидни. Може да се претпостави дека доколку првиот дел од сезоната не биде повлијаен од некакви случувања, сè би можело да оди според планот, а обратно, ако ни првите осум трки не се целосни, хипотеката се зголемува. Ситуацијата сега претставува борба со горе доле „познат“ непријател, за разлика од она во март 2020, кога паниката беше голема. Среќата ги следи храбрите, па во овој случај тоа е единственото нешто кое навистина им е потребно на организаторите и учесниците. Среќа, и тоа во континуитет. • Александар Табаковски

ПЕРФОРМАНСИ И ШАНСИ Бидејќи помина многу време од зимските тестирања, тогаш супериорниот Мерцедес сè уште е фаворит број еден за титулата. Луис Хамилтон има шанса да изедначи или собори повеќе рекорди на Михаел Шумахер, но со оглед на неизвесноста поради капацитетот на сезоната, неблагодарно е да се зборува однапред. Се верува дека првите три трки ќе дадат добар вовед во тркачките перформанси на тимот, бидејќи Австрија како патека бара болид со конфигурација во која има потентен мотор, добар систем за ладење, а не толку сензитивна аеродинамика. Влијанието на моторот е големо, па 10 коњски сили можат да направат разлика и од 19 стотинки, велат предвидувањата, додека за Унгарија тој износ е 12 стотинки. Обратно, во Унгарија како патека со големи аеродинамички барања може да се очекуваат сосема спротивни резултати. За потсетување е дека лани на овие две патеки Ред Бул беше најдобро подготвен. Натаму, Силверстоун, Спа и Монца ќе ги форсираат брзите болиди, како што тоа беше Ферари лани. Ваквиот микс ветува жежок старт, така што првите три трки навистина можат да бидат своевиден лакмус за остатокот од сезоната, но исто така и сите осум сами по себе можат да значат дека во вториот дел од сезоната се оние на кои што нема вакви екстреми и можеби одат во прилог на Мерцедес. Како и во секоја друга ситуација, времето ќе покаже кои прогнози биле точни!

52 06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


ПЕРИОДОТ ПО СТОПИРАЊЕТО НА СИТЕ АКТИВНОСТИ НА СВЕТСКИТЕ ТРКАЧКИ ПАТЕКИ ДОНЕСЕ ГОЛЕМ ПОДЕМ ВО ТАКАНАРЕЧЕНИТЕ ВИРТУЕЛНИ ТРКИ, КАДЕ ШТО ВОЗАЧИТЕ ПРЕКУ СИМУЛАТОРИ ГИ ПОКАЖУВАА СВОИТЕ ПОЗНАВАЊА НА ВАКВИОТ ТИП ТРКИ. ОНА ШТО ПОРАНО БЕШЕ ИГРА ЗА РАЗОНОДА, ДЕНЕС Е ГОЛЕМА ИНДУСТРИЈА ШТО ЗАРАБОТУВА ОГРОМНИ ПАРИ ОД ДЕЦАТА И ОД ОНИЕ ШТО СЕ ЧУВСТВУВААТ КАКО ДЕЦА.

Н

а големите шефови од мотоспорт светот оваа идеја им се допаѓа од едноставна причина што им обезбедува „образована“ публика за следење на трките во иднина. Децата преку виртуелните трки дознаваат што значи да се вози болид, какви квалитети треба да има еден возач, како се учи одредена патека, како се сетира возилото за разни потреби итн. Сето тоа дава солидна основа за да може идните млади луѓе добро да го разбираат светот на трките и во него да уживаат со големото знаење, да се идентификуваат со своите идоли и да ги посетуваат трките за да уживаат во реалноста. Меѓутоа, интересот за трките, па макар и кога во нив учествуваат вистински Ф1 пилоти, генерално останува затскриен бидејќи успесите во овие трки не им значат ништо на учесниците, освен можеби на децата во публиката што би сакале да ги имаат нивните квалитети. Така, при спроведената анкета меѓу фановите на официјалниот сајт, околу 50% од испитаниците воопшто не ја гледале долго најавуваната виртуелна трка низ улиците на Монако. Од другата половина испитаници, 40 % искажале некаква позитивна оцена меѓу 3 и 5, а околу 10 % искажале негативно мислење со оцена од 1 до 2.

53 04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

Според написите на интернет-порталите, светската гејминг-индустрија во 2018 година имала продажба од околу 140 милијарди долари. Порастот на светско ниво се очекува да има стапка од 12 % во нормални околности, а за пандемијата едни сметаат дека ќе доведе до пораст, а други до намалување, секој поради свои причини. Во статистиката се вели дека делот на индустријата што се занимава со таканаречениот е-спорт, каде што се трките, има предвиден пораст од 30 %. Бројот на светската популација на „гејмери“ се зголемува со развојот на мобилната телефонија, па сега се идентификувани 2,2 милијарди различни профили, за разлика од дамнешните времиња кога се бараа скапи играчки конзоли. Парите што се вртат во огромна мера се заработуваат од таканаречените „бесплатни игри“ или дури 85 % од приходите доаѓаат оттаму. Кои приходи во бесплатни игри? Тоа е трикот – не плаќате за да ја купите играта, туку за да купите некакви помошни елементи во неа со кои имате поголеми шанси за добар резултат. Статистиката вели дека повеќе од 50 % од луѓето направиле барем една микротрансакција купувајќи такви „ситници“, а како највлијателни за бизнисот се сметаат извесни ликови што за тоа држат „предавања“ на своите канали по разни социјални мрежи. Можеби сето ова не допира до тркачката публика, но тоа е цената што се плаќа за таа едукација на идните гледачи. За разлика од вистинските трки, овој пат немаше класични вести за ваквите трки. Напротив, две најголеми сензации беа дека еден

американски возач од НАСКАР во текот на играта упатил расистичка навреда до соперник, не знаејќи дека неговиот глас се пренесува до сите. Втората беше дека (сега веќе поранешен) пилот од Формула Е, повикал профи гејмер да вози наместо него во една виртуелна трка. Можеби засега ќе продолжи таквата поларизираност, но во иднина е можно најголем дел од публиката да доаѓа токму од овие „извори“. Јапонската компанија „Сони“ е прва што ги проби Ф1 игрите на пазарот од 1996 до 2006 година, додека од 2009 година Берни Еклстоун ја започна соработката со компанијата „Кодмастерс“ што сè уште трае. Во целата анализа недостасува податок колку заработуваат организаторите на Формула 1 од ваквите настани или од лиценцирањето на „официјалната игра“ бидејќи очигледно се вртат огромни пари, но тркачката индустрија каде што трошоците се најголеми – нема некоја придобивка од тоа. Парите завршуваат во џебовите на компаниите што ги развиваат игрите и смислуваат секојдневни нови начини за продажба. Заклучокот се наметнува сам по себе и верувам дека еден ден компанијата што е промотор на Формула 1 и самата ќе биде сопственик на својата игра и ќе заработува од тоа бидејќи мора да се разграничи што е главен производ, а што е само забава. • 06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

53


MOTO GP

РЕСТАРТОТ СИГУРЕН, КАЛЕНДАРОТ НЕ Е ДЕФИНИТИВЕН ТРКИТЕ ОД СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО НА МОТО ГП ЌЕ СЛЕДАТ ДЕЛ ОД ЛОГИКАТА УПОТРЕБЕНА И ПРИ КОНСТРУИРАЊЕТО НА КАЛЕНДАРОТ ВО ФОРМУЛА 1, КАДЕ ШТО ЌЕ СЕ ВОЗАТ ПО ДВЕ ТРКИ НА ЕДНА ПАТЕКА.

Д

одека Формула 1 ги потврди само првите осум трки за јули, август и почетокот на септември, во Мото ГП објавија календар од 13 сигурни трки и уште четири кои не се сигурни. Оттука, во официјалното соопштение се наведува дека бројот на трки ќе биде меѓу 13 и 17, но извесно е дека првите две трки се на добро познатата патека во Херез. Рестартот на сезоната ќе се случи на 19 јули, по што ќе следи уште една трка на мотодромот „Анхел Нието“ на 26 јули. Следната група на трки најавува три викенди во низа, и тоа на 9 август во Брно, Чешка, а веднаш потоа на 16 и 23 август во Шпилберг, Австрија, на популарниот „Ред Бул ринг“. За септември по пауза од три седмици сега се резервирани три

54 06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

датуми, и тоа на 13 и 20 во Римини за трката која се вози како Голема награда на Сан Марино, додека на 27 септември се планира Големата награда на Каталонија во Барселона. На 11 октомври е закажана трката за Големата награда на Франција во Ле Ман, додека во следните два викенда од овој месец се планирани трките на северот од Шпанија во Арагон. Како последни во официјалниот календар фигурираат трките во Валенсија, каде што традиционално се става точка на сезоната. Овој пат на автодромот „Рикардо Тормо“ се закажани датумите 8 и 15 ноември, нешто што било пракса и во минатото гледано низ призма на датумите. Откако се откажа трката во Катар на 8 март, на ова светско првенство му претстои мини сезона во време тра-

ење од пет календарски месеци. Сите 13 закажани трки се во Европа, додека меѓу оние кои сè уште имаат шанса да бидат дел од Мото ГП се трките во Тексас (САД), Аргентина, Малезија и Тајланд. На овој начин се потврди дека меѓу трките за овогодинешната кампања нема да ги има редовните станици како Муџело во Италија, Заксенринг во Германија, Силверстоун во Велика Британија, како ни трките на Далечниот Исток во Јапонија и Австралија. Дополнително, стартот на Големата награда на Финска ќе биде поместен за идната сезона. Засега нема најава за присуство на публика, но ова прашање ќе биде предмет на повторно разгледување веднаш откако сезоната ќе започне и ќе се направи пресек на она што зна-


чи здравствена ситуација во моментот, како и препораки на владата на земјата домаќин. - Како промотори имавме тешка задача. Веднаш кога го добивме одобрувањето за протоколот, бевме во можност да го предложиме овој календар. Некои трки ќе се возат по два пати, мора да ги испланираме така заради ограничувањата на протокот на луѓе преку границите, додека други ќе се возат само еднаш. На овој начин ќе организираме 13 трки, а ќе биде мошне интересно доколку успееме да вметнеме и трки надвор од Европа. Се надеваме дека ќе успееме да го објавиме конечниот календар до крајот на јули, а во него да ги вметнеме можните четири трки кои би требало да завршат до 13 декември,- објасни Кармело Езпелета, извршен директор на промотерската компанија „Дорна“ која што стои зад Мото ГП. - И покрај многуте пречки и ограничувања кои ќе мораме да ги прифатиме, мислам дека е позитивна вест што конечно имаме календар кој ќе ни овозможи да се тркаме во 2020 година, иако во редуцирана форма. За време на самоизолацијата ние како тим направивме сè што можевме за да бидеме подготвени за стартот на сезоната. Календарот е мошне збиен, ќе бара големи напори од секого, не само од возачите, туку и од сите инженери и механичари. Поради сето ова, сакам да се заблагодарам на сите во Дукати Корсе (тркачкиот оддел), како и на нашите партнери и спонзори за поддршката и разбирањето во овие тешки времиња, - рече Луиџи Дал Иња,

првиот човек на италијанскиот тим од Борго Панигале. Возачите воглавно се радосни што се враќаат во седлото, при што Довициозо од своја страна предупредува дека нема да има простор за грешки, а Петручи додава дека иако добро ги познаваат некои патеки, сè ќе биде мошне поразлично бидејќи на пример Херез редовно го возат во период април – мај, а сега тоа ќе биде јули кога ќе има драстична разлика во условите за возење и ќе се истакнат оние што најбрзо ќе се приспособат на новата ситуација. Сезоната во 2020 година и без ова ќе влезе во историјата, бидејќи се претпоставува дека може да биде последна за деветкратниот првак Валентино Роси, додека во тимот на Репсол Хонда покрај Марк Маркез ќе дебитира неговиот брат Алекс Маркез. • Александар Табаковски

19 јули ГН Шпанија, Херез 26 јули ГН Шпанија, Херез 09 август ГН Чешка, Брно 16 август ГН Австрија, Ред Бул ринг 23 август ГН Австрија, Ред Бул ринг 13 септември ГН Сан Марино, Римини 20 септември ГН Сан Марино, Римини 27 септември ГН Каталонија, Барселона 11 октомври ГН Франција, Ле Ман 18 октомври ГН Арагон, Арагон 25 октомври ГН Арагон, Арагон 08 ноември ГН Валенсија, Валенсија 15 ноември ГН Валенсија, Валенсија

06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

55


WRC – Технички откритија кои го сменија релито

НЕКОГАШ И ДЕНЕС

КОЛКАВА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ ДЕНЕШНИТЕ АВТОМОБИЛИ КОИ ВОЗАТ ВО СВЕТСКИОТ РЕЛИ ШАМПИОНАТ И НИВНИТЕ ПРЕДЦИ СО КОИ ЗАПОЧНА ОВА ГЛОБАЛНО НАТПРЕВАРУВАЊЕ КОЕ ОПСТОЈУВА 46 ГОДИНИ И ПОСТОЈАНО ПРИВЛЕКУВА НОВИ ФАНОВИ.

56 06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


Н

апредокот на релито низ годините е директно поврзано со техниката која се сокрива во автомобилите за рели. Од скромните почетоци во далечната 1973 година автомобилите за рели кои учествуваат во Светскиот рели шампионат дотуркаа далеку во поглед на техниката и технологијата кои се спакувани под агресивно скроената каросерија. Она што е исто, и тогаш и денес, е дека конструктивно автомобилите за рели се водат според строго пропишаните технички правила на FIA наменети за ова натпреварување. Секако техничките правила низ годините се менуваа, а со нив се менуваа и автомобилите. Но, кои се најголемите технички откритија кои го сменија релито? Колкава ли е разликата меѓу шампионскиот автомобил од 1973 година Renault – Alpine A110 и актуелниот шампион Hyundai i20 WRC? Кои се техничките откритија кои го сменија ликот на релито во изминатите 46 години? За да биде поинтересно почнуваме од назад. 5. ТУРБО ПОЛНЕЊЕ Присилното натполнење на моторите не е непознаница уште од почетоците на релито. Турбо полначот кој како механичка компонента за зголемување на моќноста на моторите со внатрешно согорување датира од почетокот на минатиот век, доживеа примена во светот на релито со почетокот на 1970-те години преку тогаш неприкосновениот Saab 99. Но, монструмите со преку

500 КС од Група Б која стартуваше во 1982 година беа тие кои ја прославија ерата на турбото. Гломазниот погон на четири тркала и дополнителната тежина ги принудија сите производители кои учествуваат во шампионатот да ги искористат благодетите на турбото. Единствен против аргумент за турбо полнењето беше одзивот. Нешто кое Lancia во Delta S4 го реши со вградување на механичи компресор и турбо полнач. Првиот ја подигнува моќноста при ниски вртежи, а вториот при високи. Подоцна инженерските умови овој проблем на недостаток од моќност при ниски вртежи го решија со т.н. „Anti-Lag” систем кој дозволува турбо полначот да се врти и додека моторот работи во празно и ја става на располагање дополнителната моќност со лесно притискање на педалот за гас. 4. АЕРОДИНАМИКА За волја на вистината таа како воопшто да не постоеше во зачетоците на релито. Можеби Renault – Alpine A110 личи како да е дело на инженери за аеродинамика, но во реалноста тој е само добро скроен автомобил. Од друга страна, пак, еден рели монструм каков што е Lancia Stratos навистина делува спремна да сече низ воздухот. Но, иако сече, не лепи. Поточно нема аеродинамички систем кој ја лепи за подлогата при висока брзина, односно систем кој произведува „Downforce”. Овој поим дојде на ред во времето на Група Б кога автомобилите со толку многу моќ од

06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

57


под хауба едвај можеа да се контролираат. Иако и тогаш поставувањето на аеродинамички додатоци повеќе беше произволно, отколку научно издржано. Денес секој спојлер, крило, или перка се внимателно распоредени и генерираат масивни вредности на „Downforce” кои буквално го лепат автомобилот за подлога и дозволуваат повисоки брзини и поголема стабилност. 3. ГУМИ Единствената врска меѓу автомобилот и подлогата. Доколку не се како што треба залудни се силните коњи. Технологијата на гуми отпорни на продупчување почна токму во Светскиот шампионат во рели во текот на 1990-те години. Прв беше Michelin со оваа технологија, а брзо почна да ја нуди и Pirelli. Но, најважниот напредок во перформансите на гумите е конструкцијата и составот. Всушност во составот на гумата се крие вистинската наука. Трикот е да се направи гума која брзо ќе се загрева за да испорача максимални перформанси, но ќе остане на исто ниво и нема да се прегрева за времетраење на сетот од брзински испити за кои е предвидена. На ова поле работите се отидени најдалеку. Сепак, зачетоците на постојан развој на ова поле датираат од 1960-те години кога рели легендата Рауно Алтонен зад волан на Mini го притискал својот снабдувач Dunlop постојано да работи на подобрување на гумите за рели. 2. СУСПЕНЗИЈА Насловот е кусиот одговор на четирикратниот светски шампион Томи Макинен кога после првото возење на Toyota Yaris WRC му го поставиле прашањето која е најголемата разлика во однос автомобилот со кого ги освоил титулите во 1990-те години. Од воведувањето во игра на погонот на четири тркала суспензијата е таа која ја зголемува брзината со која се ловат свијоци. Ниту еден друг аспект во конструкцијата на рели автомобилите не е отиден толку далеку. Најновите повеќестепени амортизери можат да се сетираат така што ќе го превидуваат патот што следи. Дозволуваат автомобилот да се смири веднаш после највисокиот, најдолгиот и најбрзиот скок на напредвидливата патека. И не само по скок, суспензијата е пресудна за тоа како ќе се скротува динамиката на автомобилот. Најголема заслуга за суспензијата на модерните рели автомобили носи техничкиот директор на M-Sport Ford, белгиецот Кристијан Лорио. Тој го претстави новиот начин на размислување во својот Ford Focus RS од 2006 година, многу помек автомобил кој успешно ги впиваше нерамнините и нудеше

58 06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


високо ниво на тракција и прецизност при водење. 1. ПОГОН НА ЧЕТИРИ ТРКАЛА Приказната за погонот на четири тркала во светот на релито започнува со Audi. Германците во 1980 година го претставија својот новитет наречен Quattro кој со текот на годините прерасна во синоним за сите автомобили кои ја поседуваат оваа техничка досетка. И што е најважно, погонот на четири тркала се задржа во светот на релито до ден денешен, а често го гледаме и во сериските автомобили. Интересно е што погонот на четири тркала не беше веднаш прифатен како големо откритие. Напротив, го следеше доза на скептицизам меѓу познавачите кои беа убедени дека возната динамика на оригиналниот Audi Quattro ќе биде слична на теренско возило, бидејќи во тоа време само теренците имаа погон на четири тркала. Но, скептицизмот исчезна откако на релито во Португалија во 1980 година финскиот ас Хану Микола, кој ја возеше шасијата број 6 на Audi Quattro, го победи до тогаш извонредниот Ford Escort RS1800, и го заврши релито

со предност од половина час. Откако Хану Микола и Audi Quattro си ја завршија својата задача беше јасно дека погонот на четири тркала е иднината на релито. Револуцијата започна. Оттогаш не постои производител кој не нашол начин како моќноста да ја испраќа до сите четири агли на автомобилот. А по револуцијата и воведувањето на погонот на четири тркала, следеше и очекуваната еволуција. Инженерите почнаа да се расфрлаат со активни диференцијали напред, централно, па дури и назад. Оваа дигитална контрола на моќноста која му се нуди на возачот својата кулминација ја достигна на почетокот на 2000-те години. Развојот отиде дотаму што на возачот му се нудеа збунувачки лепези од опции за сетирање на диференцијалот, односно начинот на кој тој ќе ја пренесува силината на моторот кон подлогата. Во игра не беше само различниот вид на подлога, туку можеше да се менува сетапот од свијок, во свијок што претставуваше врв на ова техничко откритие кое дефинитивно одигра најголема улога во развојот на релито. • Љубомир Атанасовски

04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

59


ЗАШТЕДЕТЕ И СТАНЕТЕ НАШ ЕВРОПА ПРЕМИУМ ЧЛЕН СО 30% ПОПУСТ

ИСКОРИСТЕТЕ ГО ПОПУСТОТ ШТО ГО ДОБИВАТЕ ПРИ ВАДЕЊЕ НА КОЈ БИЛО МЕЃУНАРОДЕН ДОКУМЕНТ ЗА ПАТУВАЊЕ СО ВОЗИЛО ВО СТРАНСТВО (ЗЕЛЕН КАРТОН, ОВЛАСТУВАЊЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ТУЃО МОТОРНО ВОЗИЛО, МЕЃУНАРОДНА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА ИЛИ ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ) И СТАНЕТЕ ЕВРОПА ПРЕМИУМ ЧЛЕН ЗА САМО 1.890 ДЕНАРИ ГОДИШНО. Како наш Европа Премиум член ќе се чувствувате сигурно, каде и да патувате во земјава или во Европа. Членската картичка Европа Премиум ви обезбедува бесплатни услуги, попусти и погодности со кои не само што значително ќе заштедите, туку и секогаш ако се најдете во неволја ќе имате кому да му се јавите, а тоа, ќе се согласите, многу значи. Како Европа Премиум член, покрај услугите во земјата, добивате и услуги каде било во Европа: - Бесплатен пренос на оштетено возило во случај на сообраќајна незгода (до 400€) - Бесплатен пренос на возило во случај на дефект или бесплатна помош на пат (до 200€) - Хотелско сместување (до 100€) и бесплатно користење на рента-кар возило (до 100€) - Покривање на патни трошоци за редовен автобуски или железнички превоз или авионски билет (до 200€) Сите наши членови добиваат многу, но Европа Премиум членовите секогаш добиваат повеќе. Акцијата трае до 31.08.2020 година.

60 06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

61


62 06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


02.2020


FRESH EXPRES” FRAN” ” ” OTTICA ITALIANA”

“

2

05.2020


LATERRAZZA

LATERRAZZA

ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

АМСМ Услуги Станица за технички преглед 10% попуст на технички преглед www.amsmstp.mk

ПОМОШ НА ПАТ

АМСМ Услуги Служба за помош и информации на пат 20% попуст на сервисни услуги и 5%-10% попуст на резервни делови www.amsmspi.mk

ПРОДАВНИЦА ЗА ГАЛАНТЕРИЈА

20% попуст во АМСМ продавница за галантерија само за АМСМ членови www.amsmspi.mk

05.2020

3


Watches and jewelry „MY TIME“

4

05.2020


МОМЕНТ МАЛ

05.2020

5


6

05.2020


02.2020

7


“

8

05.2020


05.2020

9


05.2020


05.2020


%

05.2020

10


2008

05.2020


15%

02.2020


02.2020


02.2020


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
AMSM Klub Mobiliti Juni 2020 br. 46 elektronsko by AMSM - Issuu