ЧЛЕНСКО СПИСАНИЕ | МАРТ 2026 БР. 82
Светско првенство во Формула 1
СТАРИ ВЕСТИ, НОВИ НАДЕЖИ
www.amsmklubmobiliti.mk
Вевчани
ИЗВОРОТ НА НЕДОПРЕНАТА МАКЕДОНСКА ПРИРОДА
Светско првенство во Мото ГП
МАРКЕЗ СЕ ВРАТИ, НО НЕ ПОБЕДИ 03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
1
2
03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
ВОВЕД
ВРЕМЕ Е ЗА НОВИ ПАТУВАЊА
АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ Членско списание ИЗДАВАЧ: АВТО-МОТО СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-181 Факс: 02/ 3181-119 amsm@amsm.com.mk www.amsm.mk ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: Маргита Поповска ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН: Мартина Поповска РЕДАКЦИЈА: ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-351 Факс: 02/ 3181-349 redakcija@amsm.com.mk www.amsmklubmobiliti.mk
ИЗДАВАЧКИ СОВЕТ: проф. д-р Спасе Јовковски (претседател) Сиљан Аврамовски (член) Калинка Танеска (член) Јован Теговски (член) Миле Атанасов (член) Димитар Пендов Митко Смилков
НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ: Жарко Атанасоски Љубомир Анастасовски Данчо Здравковски Андријан Трипунов Александар Табаковски Игор Ландсберг
ТИРАЖ: 10.000 примероци ПЕЧАТИ: Печатница „Серафимовски“ - Скопје БАНКА: Комерцијална Банка А.Д. Скопје ЖИРО-СМЕТКА: 300000000915716 ЕДИНСТВЕН ДАНОЧЕН БРОЈ: 4030991238264 ISSN 1857-6133
Сонцето полека ги продолжува деновите, а патиштата повторно се отвораат за нови авантури. Возењето станува повеќе од обична рутина, тоа е патување на откривање, уживање и слобода. Секој километар на патот носи можност да се запознаеме со нови пејзажи, да почувствуваме свеж воздух и да откриеме делови од светот што чекаат да нè изненадат. Затоа, почнувајќи од мартовскиот број и во секој нареден број на електронското издание, нашата рубрика ПАТУВАЊЕ ќе биде збогатена со текстови кои ја претставуваат убавината и уникатноста на Македонија. Ќе ги откриваме нејзините предели, градови и скриени катчиња, местата каде што природата и времето оставиле траги што вреди да се видат, почувствуваат и запаметат. Преку патописни белешки и мали репортажи ќе се обидеме да ја доловиме тивката магија на овие простори, онаа што најдобро се разбира кога ќе се тргне на пат. Со надеж дека во овие записи и вие ќе го пронајдете сопствениот извор на инспирација, тргнете некаде, напорот нема да ви биде залуден. Во исто време, љубителите на класичните автомобили нема да бидат запоставени, од овој број, тие ќе имаат можност да уживаат во приказни за старите возила, не само во печатеното, туку и во секое електронско издание на АМСМ Клуб Мобилити. Во посебен простор посветен на олдтајмерите, ќе се раскажуваат инспиративни приказни за љубовта кон старите возила, нивната богата историја, уникатен шарм и возбудата што ја носи возењето со нив. За да го направите секое возење поудобно, посигурно и поинтересно, обрнете внимание на подготовката на автомобилот, проверете гуми, масло, течности и светла, како и состојбата на кочниците. Планирајте ја рутата однапред, но оставете простор за спонтано откривање на нови патеки и интересни места. Користете ја АМСМ апликацијата за информации за состојбата на патиштата и на граничните премини, секако и за сите услуги кои ги нуди АМСМ Системот (симнете ја апликацијата и регистрирајте се како наш член), а задолжително понесете го и вашето АМСМ членство кое како ваш верен придружник ви обезбедува безбедно патување. Независно дали планирате кратка викенд тура, долга патувачка авантура или едноставно сакате да го истражувате секој агол од градот, уживајте во март со возбуда, љубопитност и љубов кон возењето. Следниот број на „АМСМ Клуб Мобилити“ очекувајте го во април 2026 во електронска верзија на вашата е-адреса и нашата веб-страница www.amsmklubmobiliti.mk
Маргита ПОПОВСКА главен и одговорен уредник
© Сите права се заштитени. Овој труд не смее да биде преведен или копиран во целина или негов дел без дозвола на издавачот. Забрането е било какво складирање и архивирање, електронско прилагодување, компјутерско програмирање или користење со некоја слична или различна технологија позната до денес или која ќе се развие во иднина.
Почитувани членови на АМСМ, Ве повикуваме на нашата е-маил адреса redakcija@amsm.com.mk да ни ги испратите своите е-маил адреси за да можеме да ви го доставиме интернет-изданието на списанието „АМСМ Клуб Мобилити“.
03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
3
ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА
071/232-442 4
03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
www.amsm.mk
HI-TECH
НОВОСТИ 7 ДОТЕРУВАЊЕ НА МОДЕЛОТ „БОРН“ 8 СКАПА И БРЗА „РС ПЕТКА“
48 ВРАЌАЊЕТО НА ПРАКТИЧНИОТ „ДОРНИЕР 328“
38 СТИЛ 38 КРАЈ НА СТЕРЕОТИПИТЕ -ЕДНАШ ЗА СЕКОГАШ
8
48
АВТО-МОТО 12 НОВ ПОЧЕТОК ЗА ПОЗНАТОТО ИМЕ 16 БЕЗВРЕМЕНСКА КРЕАЦИЈА НА УБАВИНА
ИСТОРИЈА 50 СРЕБРЕНАТА ЅВЕЗДА СЛАВИ ТРИ ЈУБИЛЕЈА
40 ПАТУВАЊЕ 40 ОСТРОВОТ НА ВЕЧНАТА ПРОЛЕТ
22
50
ТЕСТОВИ И СОВЕТИ
СПОРТ
36 ТРКА НА ПАТЕКА, СОВЕСНОСТ НА УЛИЦА
58
56 ЛЕСНО, ПОЛЕСНО И КОМПЛИЦИРАНО 64 МАРКЕЗ СЕ ВРАТИ, НО НЕ ПОБЕДИ
03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
5
| ОТА
ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ ВО ЕВРОПА БЕЛГИЈА
ПОЛСКА
Полиција 112; Амбуланта 112; Пожарна 112; ТЦБ (алармен центар) – +32 2 288 33 22
Полиција 997 или 112; Амбуланта 999 - или112 Пожарна 998 или 112; ПЗМ (инфо центар) +48 22 849 6904 - 849 8449 ПЗМ (аларм центар) +48 22 532 84 33 (AIT/FIA членови)
ДАНСКА Полиција 112; Брза Помош 112; Противпожарна бригада 112; FDM/Dansk Autohjaelp Road Assistance (помош на пат) тел:70 27 91 12
ЕСТОНИЈА Полиција 110 или 112; Брза Помош 112; Противпожарна бригада 112; ACE (алармен центар) + 372 6979 188 или 1888 од мобилен
ФРАНЦИЈА
Полиција 158 или 112; Амбуланта 155 или 112; Пожарна 150 или 112; УАМК (инфо центар) +420 1230; УАМК (аларм центар) +420 1230
РОМАНИЈА Полиција 112; Амбуланта 112; Пожарна 112; АЦР (туринг инфо) +40 21 211 04 10 или 211 43 66 АЦР (аларм центар) +40 21 222 2222 со мобилен: 0745 382 715 0722 382 715
Полиција 17 или 112; Амбуланта 15 или 112; Пожарна 18 или 112; АЦАФА (помош на пат) 0 820 205 134
СЛОВАЧКА
ХОЛАНДИЈА
Полиција 112; Амбуланта 112; Пожарна 112; SATC (инфо центар) +421 2 682 492 11 - SATC (аларм центар) 18124 (од Словачка) или +421 2 682 492 11
Полиција 112; Амбуланта 112; Пожарна 112; ANWB (инфо центар) +31 70 314 20 ANWB (алармен центар) +31 70 314 7714 / или/ “Wegenwacht” (road patrol) тел. 088 2692 888
ШПАНИЈА
ЛЕТОНИЈА
Општ тел. за итни ситуации 112; Полиција 092; Цивилна гарда 062; Амбуланта 061; Пожарна 080; RACE (инфо центар) 902 40 45 45 RACE (алармен центар) - +34 91 594 93 47
Полиција 110 или 112; Амбуланта 113 или 112; Пожарна 112; ЛАМБ (аларм центар) 1888
ЛИТВАНИЈА Полиција 02 или 112; Брза Помош 03 или 112; Противпожарна бригада 01 или 112; ЛАС (аларм центар) 88 00 00 000 или +370 5 210 4422 или 1888 за мобилен
ЛУКСЕМБУРГ Полиција 113 или 112; Брза Помош 112; Противпожарна бригада 112; („Service Routier“) АЦЛ алармен центар +352 26 000 Туринг информации 00352-450045-1
ШВЕДСКА Полиција 112; Амбуланта 112; Пожарна 112; National Swedish Roads Administration Customer Service (информации)- 0900 202 1000, – 4.55 СЕК по минута “Assistancekaren” (помош на пат) : 020 912 912 Од мобилен +46 8627 5757
ШВАЈЦАРИЈА Полиција 117; Амбуланта 144/112;Пожарна 118; ТЦС (инфо центар) 163 (се наплаќа) или 0844 888 111 ТЦС (аларм центар) 0800 140 140 или +41 22 417 22 20
УНГАРИЈА
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА
Полиција 107 или 112; Амбуланта 104 – 112; Пожарна 105 – 112; МАК (помош на пат) 188 или +36 1 345 1755
Полиција 112 или 999; Амбуланта 112 или 999; Пожарна 112 или 999; Помош на пат 44800 887766; Информации 0870 5500 600; АА (Roadwatch) 0906 88 34 322 или 84322 од англиски мобилен АА (аларм центар) 0800 0289 018 (со членска книшка) 0800 88 77 66 (член без книшка)
НОРВЕШКА Полиција 112; Амбуланта 113; Пожарна 110; НАФ (аларм центар) 08 505
6
ЧЕШКА
ГЕРМАНИЈА
УКРАИНА
Полиција 110 или 112; Амбуланта 112; Пожарна 112; АДАЦ (инфо центар) 1805 10 11 12 - АДАЦ (аларм центар) 01802 22 22 22 или 22 22 22 (од мобилен со додаден број за подрачјето)
Полиција 102; Брза Помош 103; Противпожарна бригада 101; 112 УА (алармен центар- помош на пат) +380 322 976 550
03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
НОВОСТИ |
VOLKSWAGEN GOLF 9
НАСКОРО ДОАЃА „ДЕВЕТКАТА“
Д
олгоочекуваната деветта генерација на моделот „голф“ е во завршна фаза. Од Волфсбург пристигна првата фотографија и таа го покажува следново, нема револуција, туку еволуција на моделот. И натаму „голфот“ е комбилимузина со пет врати, и според она што може да се види од фотографијата, навистина станува збор еволуција, без радикални промени. За разлика од Фолксваген, многу други производители прават драстични измени во дизајнот на еден модел при премин од една во друга генерација. „Голфот“ има своја филозофија, а купувачите тоа го прифаќаат. Дали името на деветтата генерација ќе биде „ид“ плус некоја бројка сè уште е непознаница, но, поучени од случувањата со моделот „поло“, најверојатно името ќе биде „ид.голф“. Сепак, да замениш едно име кое постои половина век и кое го знаат дури и децата е исто како да ја сечеш гранката на која седиш. Што ќе направи Фолксваген засега не знаеме, па ќе треба го дочекаме светското претставување и дури потоа да коментираме. Засега е познато само дека новата, деветтата генерација ќе се произведува во Волфсбург.
Претходната генерација беше претставена во 2020, а во 2024 година доби дизајнерски освежувања со цел да се продолжи животниот векот на постоечкиот моделот. Непишано правило е по четири години од претставувањето еден модел да помине низ редизајн. Продажбата на деветтата генерација се планира да започне во 2027 и, според најавите на одговорните, таа ќе биде целосно електрична. •
CUPRA BORN
ДОТЕРУВАЊЕ НА МОДЕЛОТ „БОРН“
Б
орн“ е модел од марката Купра претставен за првпат во 2021 год. Тое е електрична комбилимузина конструирана на платформата „мби“ (модуларер е - антраибс баукастен), која ја користи и Фолксвагеновиот модел „и.д. 3“ како и уште низа од модели во рамките на групацијата. Годинава моделот „борн“ беше подложен на редизајн, и однадвор (напред и назад - одбојници и светлосни групации) и во одделот за патниците. Измените се видливи, но не се драстични. Сепак, механиката, подвозјето и сè друго останале исти како и кај изведбата која по петгодишен маратон заминува на заслужен „одмор“. Ширината (1,81 м), висината (1,54 м) и меѓуоскиното (2,77 м) останале исти, само должината е зголемена за 12 мм и сега изнесува вкупно 4,34 м.
Во „купра борн“ има место само за една погонска единица, елекромотор сместен во задниот дел од возилото, кој ја задвижува задната оска. Во понудата се три електромотори со различна моќност. Во изведбата „борн плус“ добивате 190 КС и батерија од 58 kWh, „борн ендуранс“ има електромотор со 231 КС и батерија од 79 kWh, а во „борн вз“ електромоторот располага со 326 КС и батерија од 79 kWh. Првата изведба може да помине 450 км со едно полнење, додека другите две достигнуваат автономија од околу 600 км. Во внатерешноста има поголеми екрани, а возилото можете да се отклучи и заклучи со мобилен телефон, но може и да се стартува или исклучи електромоторот. Во зависност од расположението можете да бирате неколку режими на возење, почнувајќи од „рејнџ“, потоа „конфорт“ (за удобно и меко возење), додека режимот „перформанс“ е за спортско возење. Во овој режим суспензијата е потврда, а забрзувањата се поостри. Тука е и режимот „купра“ кој овозможува целосно искористување на способностите на автомобилот. Покрај овие режими постои и „индивидуал“ во кој возачот самостојно ги прилагодува поставките според сопствените желби. Производството на редизајнираниот „борн“ се одвива во Цвикау, Германија, а продажбата треба да започне некаде кон средина на годинава. За цена и рокови за испорака обратете се кај увозникот. •
03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
7
| НОВОСТИ
AUDI RS 5
СКАПА И БРЗА „РС ПЕТКА“
Т
оа „РС 5“ отсекогаш звучело многу убаво и сè уште е така, а каков уметнички впечаток ќе остави кај потенцијалните купувачи, допрва ќе видиме. Од стандардната „петка“, оваа нашминкана верзија се разликува по тоа што е поширока за 90 мм, а во делот околу тркалата, каросеријата е поизразено испакната. На предниот дел доминираат насочувачите за воздух (завесички), кои воедно го нагласуваат агресивниот дизајн. Така и треба да биде, затоа што „ауди рс – 5“ во себе има V6 бензински мотор со работна зафатнина од 2,9 л. Истиот, збогатен со двоен турбополнач, развива 510 КС. Овој мотор за првпат влегува во комбинација со електромотор, односно „рс 5“ има хибриден погон, при што електромоторот развива 177 КС. Покрај големата силина, „ауди рс - 5“ има спортски „затегнато“ подвозје и погон на сите тркала (кватро) со динамичка контрола на вртежниот момент. Попречната распределба на силата е дело на новиот диференцијал, кој во милисекунда врши корекции на контактот на тркалата со подлогата и така обезбедува подобра стабилност и поголемо искористување на силата што се пренесува на задната оска преку осумстепениот автоматски менувач од изведбата „типтроник“.
Ова чудо од менувач, во комбинација со динамичката контрола на вртежниот момент, која овозможува и попречна распределба на силата, е позајмено од Porsche. Зошто да развива сопствена технологија кога веќе ја има на располагање, со оглед на тоа што и Ауди и Порше се дел од големото фолксвагеново семејство? Крајната брзина изнесува 285 км/ч, а забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 3,7 секунди. Комбинираната моќност на бензинскиот и електричниот мотор изнесува 639 коњски сили, со максимален вртежен момент од убедливи 825 Nm. Многу импресивни бројки, токму тоа и се очекува од еден примерок со „рс“ во името. Сепак, ни „ауди рс - 5“ не е совршен, на електричен погон може да помине само 85 километри. Ве интересира дали во „ауди рс - 5“ има екрани осетливи на допир или некоја поспецифична боја и материјал во патничкиот простор? Или, можеби, повеќе ве интересира дали вашиот мобилен може да се поврзе и „командува“ со дел од функциите на автомобилот? Бојата од алуминиумските тркала? Да, таа е мат, без грижа, ќе биде токму онаква каква што ќе посакате. Продажбата ќе започне во средината на летото, по цена од 105.000 евра за лимузинската изведба (со купе-линија), додека за верзијата „авант“ ќе треба да издвоите 2.000 евра. •
MINI 1965 VICTORY EDITION
ВО ЧЕСТ НА ПОБЕДАТА НА РЕЛИТО МОНТЕ КАРЛО
Н
екои умеат да си ги негуваат придобивките од минатото, а со таквото однесување воедно ја негуваат и ја чуваат традицијата. Еден од тие што знаат да ја зачуваат сопствената традиција е и Мини, производителот на легендарниот истоимен модел. Во 1965 година, во снежни услови, на многу ниски температури и на мраз, Тимо Макинен со совозачот Пол Истер доминираа во трите дена на релито Монте Карло, при што нивната надмоќ со „мини купер с“ беше крунисана со победа. По тој повод, производителот реши да ги овековечи и моделот и победата, а со тоа и возачите. Изведбата е наречена „1965 виктори едишн “, а како основа послужил „ мини купер јкв “. Во понудата има верзија со бензински и верзија со електричен мотор. Бензинскиот примерок располага со 2,0-литарски турбомотор со моќност од 204 или 231 КС, додека електричниот „1965 виктори едишн “ има еден електромотор со 258 (259) КС. Цените не се спомнати, но сигурно ќе бидат повисоки од изведбата „купер с“, и тоа за најмалку една четвртина од нејзината цена. Избор на бои нема, достапна е само црвена, исто како што бил обоен победничкиот автомобил со стартен број 52. И тоа не е сè. Како и победничкиот примерок, така и јубилејните модели ја имаат широката бела линија што се протега
8
03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
по целата должина на левата (возачката) страна, почнувајќи од маската, преку покривот, па сè до крајот на задната (трета) врата. И да не заборавиме, секој модел од оваа серија го носи стартниот број 52, а името на изведбата е испишано на неколку места, вклучително и на праговите. •
ПОПУСТ ЗА ДАМИ НА АМСМ ЧЛЕНСКИ КАРТИЧКИ ЗА БЕСПЛАТНА ПОМОШ НА ПАТ СО ВНЕС НА ПРОМО КОД: mart2026
ЖЕНА ЗНАЕ КАКО. www.amsm.mk
02/3181-108 03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
9
| НОВОСТИ
ПОРШЕ МАКЕДОНИЈА
ПРЕДПРЕМИЕРА НА НОВИОТ CAYENNE ELECTRIC ВО PORSCHE CENTER SKOPJE
В
о ексклузивна атмосфера и во присуство на клиенти, партнери и медиуми, Порше Македонија ја одржа предпремиерата на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje. Настанот го означи почеток на ново поглавје за еден од најуспешните модели на брендот, кој повеќе од две децении поставува стандарди во SUV сегментот. Генералниот директор на Porsche Macedonia, г-дин Златко Муцунски, во своето обраќање истакна: „Cayenne отсекогаш бил модел со стратешко значење за Porsche. Тој ја трансформираше компанијата и го редефинираше сегментот. Денес, со новата генерација, го продолжуваме тој дух на храброст и визија – со технологија која го засилува она што отсекогаш било суштината на Porsche: перформанс без компромис.“ Тој додаде дека новиот Cayenne Electric претставува „логична еволуција на еден лидер – комбинација од инстантна моќност, врвна динамика и иновативна електрична архитектура, поставена во препознатливиот Cayenne дизајн.“ Маркетинг Менаџерот на брендот Porsche, г-дин Стефан Јовановски, нагласи дека интересот на македонскиот пазар е значителен: „Публиката во Македонија е сè поотворена кон електрична мобилност во премиум сегментот. Cayenne Electric носи ново ниво на спортска динамика и дигитална софистицираност. Тоа не е само електричен SUV – тоа е Porsche во својата најнапредна форма.“ Јовановски потенцираше дека предпремиерата во Porsche Center Skopje им овозможи на присутните да бидат помеѓу првите во светот кои одблизу ќе се запознаат со новата технологија, дизајнерскиот правец и иновативните решенија кои го дефинираат моделот. Настанот беше организиран како ексклузивно претставување со техничка презентација, детално запознавање со електричната платформа и интеракција со експертскиот тим на Porsche Center Skopje. Со оваа предпремиера, Порше Македонија уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации, одржлива мобилност и понуда на најсовремени решенија во премиум сегментот на македонскиот пазар. •
MERCEDES-BENZ VLE
ВРВЕН ЛУКСУЗ ВО ЕДНОПРОСТОРНО ВОЗИЛО
М
ерцедесовата „в класа“ доби електрична изведба. Тој електричен модел е наречен „вле“, а во кругот на производителот тие три букви значат „голема лимузина“ или во слободен превод миниван направен за долги патувања зачинет со првокласна удобност, односно (ван луксуз електричен). Удобноста се крие во независно обесените тркала заедно со воздушните перници на местото од класичните амортизери и секако фотељите на местото од седиштата, но и растојанието меѓу оските од 3,34 м, го прави своето. Најмалку пет, а најмногу дури осум седишта. Така вели производителот, најмногу 2 + 3 + 3, Во оваа формација удобноста ќе биде добра, но со 2 + 2 (тоа оди по строга нарачка) удобноста е врвна со сите нишани, но не заостанува со удобност следнава формацијата 2 + 2 + 2. Вториот и третиот ред има можност да се распоредат лице во лице, да можат патниците да си одржат состанок или ако е семејство, да си игра некоја друштвена игра, на пример. Електричново возило е правено на платформата наречена „ван.еа“ (ван електрична архитектура), а ќе ја користи и моделот „влс“. Да бидеме попрецизни, „вле“ е луксузен ван, а „влс“ е луксуз на луксузот“, исто како што „с класата“ е луксуз на луксузот во лимузинскиот оддел на Мерцедес - Бенц. Димензиите во сопственост на „вле“, должина 5,31 м, ширина 2,0 м и висина 1,92 м и покрај тоа што создаваат површина од 3,4 м2 на предниот дел, сепак дизајнерскиот тим заедно со конструкторите успеале да го испеглаат тој преден дел до запрепастувачки размери - верувале или не моделот „вле“ има коефициент на отпор на воздухот од само 0,25. Ова ќе допринесе за полесно движење на возилото, односно помал отпор на воздухот значи помала потрошувачка на гориво и по-
10 03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
голема удобност за патниците, затоа што бучавата што ја создава воздухот при струење околу возилото ќе биде пониска. Распоредот на седиштата директно ќе се одрази на зафатнината од одделот за товар. Во основната изведба (2 + 3), спомнатиот оддел располага со 795 л простор, а со отстранети задни седишта, просторот се зголемува до огромни 4078 л. Mора да ја спомнеме и тежината на возилото од 3000 кг. Најдоминантен дел е батеријата (115 kWh) со своите 700 кг. Изведбата „вле 300“ со едно полнење на батеријата изминува над 700 км. Малку подоцна ќе биде ретставена изведбата „вле 400 4 матик“ (тоа значи погон на сите тркала) со два електромотори и „вле 250“ најефтината изведба која има радиус на движење од 500 км со 80 kWh батерија. Продажбата ќе започне некаде на средина од годинашново лето, а за основниот модел „вле 250“, ќе треба да издвоите 80.000 евра. •
АВТО-МОТО |
АВТОМОБИЛ НА ГОДИНАТА ВО СВЕТОТ ЗА 2026
СВЕТСКОТО ФИНАЛЕ ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА ПРВИ АПРИЛ
И
зборот за автомобил на годината во светот, организиран од дамите, ги има следниве бројки: 86 новинарки од 55 држави од целиот свет. Од друга страна, изборот „Автомобил на годината во светот“ има малку повеќе новинари – 98, но тие доаѓаат од само 33 држави од светот. Разликата од 22 држави е преголема и редно е таа бројка „33“ да добие исправки од пошироки размери. Бираме автомобил на годината на планетава, а учествуваат новинари од само 33 држави, додека на светов има безмалку 200. И 55 држави учеснички се малку, а не пак 33. Се врши некакво подвојување или што? Дали некои работи во овие избори не се доречени или се направени како што некому му одговара и така си ја тераат работата? Што се однесува до самиот избор, покрај големата титула жирито доделува уште пет други награди: луксузен автомобил на годината во светот, електричен автомобил на годината во светот, спортски автомобил на годината во светот, градски автомобил на годината во светот и награда за најдобар дизајн во светот. Овие пет категории, заедно со главната (Автомобил на годината во светот за 2026), го сочинуваат вкупниот избор. За годинава жирито избра три автомобили кои влегоа во финалето за големата награда. Тоа се: „бмв и икс 3“, „хјундаи палисад“ и победникот од европскиот избор „нисан лиф“. Жирито допрва ќе гласа кој од овие три автомобили ќе биде крунисан со престижната титула, а прогласувањето е закажано за 1 април. Во категоријата луксузен автомобил на годината, во трката за титулата се: „кадилак вистик“, „луцид гравити“ и „волво е с 90“. Финалисти во класата електричен автомобил се: „бмв и икс 3“, „мерцедес бенц цла“ и „нисан лиф“. Во категоријата спортски автомобил триото го сочинуваат: „шевролет корвет е - реј“ и „хјун-
даи јоник 6 н“. За градските гужви жирито ги предложи следниве финалисти: „баоџун јеп плус / шевролет спарк еув“, „фајрфлај (нео фајрфлај)“ и „хјундаи венју“. Петтата награда е за дизајн на годината. Со право се поставува прашањето: дали дизајнерите низ светот ќе го поддржат жирито со изборот на финалистите – - „киа п в 5“, „мазда 6 е / е з - 6“ и „волво е с 90“? Тоа е списокот на финалисти и сега го чекаме 1 април, кога лажењето е дозволено. Ви мириса ли ова на „далавера“ од страна на жирито? Дали тие 98 лица ќе се пошегуваат со светската јавност на 1 април или ќе одат по строго зацртаното сценарио – без шеги? И за крај, да спомнеме дека покрај автомобил на годината се избира и личност на годината од автомобилската индустрија. За годинава, Лице на годината од автомобилската индустрија е Оливер Ципсе, главен извршен директор на БМВ. Првиот автомобил добитник на титулата „Автомобил на годината во светот“ е „ауди а6“ за 2005 година. „Фолксваген“ е најтрофеен како марка со пет титули (2009, 2010, 2012, 2013 и 2021), а во изминатите пет-шест години убедливо најуспешен е тандемот Хјундаи / Киа со пет титули (Киа е целосно под капата на Хјундаи, а често делат ист модел под две различни имиња). •
03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
11
| АВТО-МОТО
Тест Mazda 6e Takumi Plus Long Range
НОВ ПОЧЕТОК ЗА ПОЗНАТОТО ИМЕ СО МОДЕЛОТ MAZDA 6E, MAZDA ПРАВИ ЈАСЕН ИСЧЕКОР КОН ЕЛЕКТРИФИЦИРАНА ИДНИНА И СЕ РЕПОЗИЦИОНИРА ВО СРЕДНАТА КЛАСА. ОВА НЕ Е ЕВОЛУЦИЈА НА СТАРАТА „ШЕСТКА“, ТУКУ ЦЕЛОСНО НОВ МОДЕЛ СО ЕЛЕКТРИЧЕН ПОГОН ШТО НУДИ ТИВКО, МАЗНО И ЕФИКАСНО ВОЗЕЊЕ, ЗАДРЖУВАЈЌИ ГО ИМЕТО КАКО СИМБОЛ НА КОНТИНУИТЕТ.
M
azda пристапува внимателно кон електрификацијата. Наместо радикално да го смени својот идентитет, брендот се обидува да ги задржи клучните вредности во нов технолошки контекст. Тестираната верзија Takumi Plus Long Range претставува врв на понудата, комбинирајќи богата опрема со поголема батерија и заден погон, што е вистинска реткост во сегментот. СКУЛПТУРА ВО ДВИЖЕЊЕ СО ФУНКЦИОНАЛНА ЛОГИКА Дизајнот е еволуција на филозофијата „Kodo“, но со поизразен технолошки набој. Каросеријата изгледа затегнато и прецизно извајано, со јасно дефинирани површини и минимализам што не преминува во стерилност. Ширината на возилото, која без ретровизори се приближува до два метра, визуелно го засадува автомобилот на патот и му дава стабилен став. Предниот дел е обликуван со затворена
12 03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
маска, типична за електрични модели, и тенки ЛЕД-светлосни групи со препознатлив светлосен потпис. Отсуството на класична решетка создава почист фронтален изглед, додека долгата хауба асоцира на традиционалните пропорции на седан со заден погон. Профилот е особено интересен. Ниската кровна линија постепено се спушта кон задниот дел, создавајќи силуета блиска до фастбек. Иако формално станува збор за седан, „6e“ користи практична петта врата. Целиот заден дел, заедно со стаклото, се подигнува, што овозможува широк товарен отвор и значително подобра секојдневна употребливост. Вратите без рамки околу стаклата додаваат купе елемент што ретко се среќава во оваа класа. Скриените рачки, аеродинамичните тркала и мазните панели придонесуваат за подобра ефикасност, но и за визуелна чистота. Задниот дел е нагласен со хоризонтално поставени ЛЕД-светла што ја потенцираат ширината, додека активниот спојлер автоматски се издигнува при повисоки брзини за подобрување на стабилноста. КАБИНА ФОКУСИРАНА НА ДИГИТАЛНА РЕДУКЦИЈА Ентериерот ја следи јапонската филозофија на минимализам, но во премиум интерпретација. Пакетот Takumi Plus носи кожа со висок квалитет, меки површини и прецизно вклопени декоративни елементи. Визуелниот впечаток е чист и ненаметлив, без пренатрупаност.
АВТО-МОТО |
Централниот инфозабавен екран со дијагонала од 14,6 инчи доминира на контролната табла. Преку него се управува со речиси сите функции, вклучително клима, навигација и поставки на возилото. Физичките копчиња се сведени на минимум, практично само прекинувачот за „четири трепкачи“ и SOS-командата поставени на кровната конзола. Пред возачот се наоѓа 10,2-инчна дигитална инструмент табла со јасна графика и можност за конфигурирање. Предните седишта се електрично приспособливи и нудат солидна странична поддршка. Поради батеријата поставена во подот, позицијата на седење е повисока од класичен седан, но ергономијата останува задоволителна. Задната клупа обезбедува доволно простор за возрасни патници, како во делот за колената, така и за главата. Багажникот располага со 466 литри. Благодарение на хечбек-концептот и правилната геометрија, просторот лесно се користи. Нискиот праг на товарење и широкиот отвор ја олеснуваат манипулацијата со поголем багаж, што ја прави Mazda 6e подеднакво погодна и за семејни патувања. ТЕХНОЛОШКА ОСНОВА И ЕЛЕКТРИЧНИ ПЕРФОРМАНСИ Платформата на која е поставена „6е“ е развиена во соработка со кинеската компанија Changan Automobile, а техничката архитектура е поврзана со моделот Deepal S07. Сепак, Mazda ги има темелно преработено суспензијата, управувањето и софтверската
03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
13
| АВТО-МОТО
ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ВОЗИЛОТО
калибрација за да го задржи својот препознатлив возачки карактер. Тестираната верзија користи електромотор што испорачува 245 КС и 320 Nm вртежен момент. Погонот е исклучиво на задните тркала, конфигурација што овозможува подобра распределба на масата и поприродно однесување во свијоци. Батерискиот пакет има капацитет од 80 kWh. Фабрички декларираната просечна потрошувачка изнесува 16,5 kWh/100 км, додека во реални зимски услови (температури од 0 до 5 степени) измеривме 19,7 kWh/100 км. Тоа овозможува реална автономија од околу 400 километри со едно полнење, а во потоплите месеци таа бројка може да биде и повисока. DC-полнењето достигнува максимална моќност од 90 kW. Полнењето од 10 до 80 проценти трае околу 40 минути, што е солидна, иако не рекордна вредност за класата. Системот за термална регулација овозможува стабилна работа на батеријата на различни климатски услови. Моделот Mazda 6e не се обидува да импресионира со брутални бројки, туку со рафинирана изведба. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 7,8 секунди,
14 03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
МОТОР:
ЕЛЕКТРОМОТОР (СИНХРОН СО ПОСТОЈАНИ МАГНЕТИ)
МОЌНОСТ ЕЛ. АГРЕГАТИ:
245 КС (180 KW) / 320 NM
ЗАФАТНИНА НА БАТЕРИЈА:
Бруто: 80 kWh
МЕНУВАЧ:
ЕДНОСТЕПЕН АВТОМАТСКИ
ПОГОН:
НА ЗАДНАТА ОСКА
ОБЕСУВАЊЕ НА ТРКАЛА:
НАПРЕД: MCPHERSON НАЗАД: MULTI LINK
СОПИРАЧКИ:
НАПРЕД: ВЕНТИЛИРАЧКИ ДИСКОВИ НАЗАД: ДИСКОВИ
ГУМИ:
НАПРЕД: 245/45 R19 НАЗАД: 245/45 R19
МАСА НА ВОЗИЛОТО:
1.950 КГ
ДИМЕНЗИИ: Д/Ш/В:
4.921 / 1.890 / 1.491 ММ
ЗАБРЗУВАЊЕ ОД 0 ДО 100 КМ/Ч:
7,8 СЕКУНДИ
ПРОСЕЧНА ПОТРОШУВАЧКА:
16,5 KWH/100 KM
МАКСИМАЛНА БРЗИНА:
175 КМ/Ч
ЦЕНА НА ТЕСТИРАНИОТ МОДЕЛ:
50.000 ЕВРА
додека максималната брзина е електронски ограничена на 175 км/ч. Испораката на силата е мазна и линеарна, без нагли скокови во вртежниот момент. Благодарение на батеријата интегрирана во подот, центарот на гравитација е низок. Во комбинација со задниот погон, тоа резултира со неутрално и предвидливо однесување во свијоци. Управувачот нуди доволно повратна информација, а шасијата е стабилна и при повисоки автопатски брзини. Суспензијата е калибрирана како компромис меѓу комфор и динамика. Во урбани услови ги апсорбира нерамнините со солидна ефикасност, додека на отворен пат обезбедува сигурност и стабилност. Во сегмент каде што многу производители се фокусираат исклучиво на дигиталните трикови и максималните бројки, Mazda 6e се издвојува со зрел пристап. Таа комбинира елегантен дизајн, функционален ентериер и заден погон! Наместо да биде само уште еден електричен седан, овој модел претставува логична и технички добро аргументирана еволуција на едно познато име. • Данчо Здравковски
03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
15
| АВТО-МОТО
Претставуваме Garagisti & Co. GP1
БЕЗВРЕМЕНСКА КРЕАЦИЈА НА УБАВИНА
ОВА СУПТИЛНА СКУЛПТУРА НА ЧЕТИРИ ТРКАЛА Е РЕДОК ПРИМЕРОК НА АВТОМОБИЛ СОЗДАДЕН СО МОДЕРНА ТЕХНОЛОГИЈА, А ПРИТОА МУ Е ЗАЧУВАНА НЕГОВАТА ЧИСТА МЕХАНИЧКА ДУША. БЕЗ ЕЛЕКТРОНИКА И АЛГОРИТМИ. САМО ВОЗАЧОТ, МАШИНАТА И ПАТОТ ПРЕД ОЧИ.
16 03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
АВТО-МОТО |
И
ма ли нешто поубаво од тоа да се влезе во автомобил и да се вози како цел сама за себе. Да се почувствува чистината на механиката со секое менување на степенот и со секое додавање гас. Да се ужива во цвилењето на пневматиците и во суровиот татнеж на моторот. Ова се идеали од едно минато кога во автомобилите механиката го имаше главниот збор, а возачот беше единствениот фактор што ги држи конците за работите да не избегаат од контрола. Денес нема бегање од напредни електронски системи, автоматизација, алгоритми. Се чини дека во ера на екрани распоредени низ кабината, не постои опција да се влезе во нов автомобил и да се ужива во чистината на механиката. Меѓутоа, копнежот по механиката не исчезна и затоа некои работи почнаа да се менуваат. Се појавија рестомодери што во име на механиката реставрираат и модификуваат модели од минатото, адресирајќи ги кон возачките ентузијасти што сакаат да го живеат возењето само за себе. Но се појавија и производители, поточно мануфактури што создаваат сосема нови аналогни модели, изработени рачно, во ограничени серии и според примероци од минатото. ПО СТАПКИ НА СЛАВНИТЕ „GARAGISTI” Механичкото чудо GP1 на новата британска мануфактура „Garagisti & Co.“ е олицетворение на аналогниот автомобил. Можеби името звучи чудно, но „Garagisti“ е потценувачки израз што го користел големиот Енцо Ферари, а се однесувал на малите приватни тимови што во 50-тите и 60-тите години на 20 век ја тресеа Формула 1. Иако тие ги победуваа доминантните фабрички тимови, за Енцо беа обични механичари од гаража. И не беа достојни за почит бидејќи ништо не произведуваа, туку набавуваа компоненти и ги составуваа во своите гаражи. Зборуваме за славните конструкторски имиња од Формула 1, како Cooper, Brabham, Lotus, кои можеби на Енцо не му се допаѓале и на нив гледал со подбив, но вистината е дека токму овие тимови ја револуционизираа Формула 1. Тие се првите што моторот го поставија централно во шасија, направија монокок, воведоа лесни компоненти од јаглеродни влакна, создадоа активна суспензија, ставаат големо задно крило, експериментираат со аеродинамиката, итн. За тоа дека нивниот придонес е огромен говорат и титулите. Cooper во 50-тите години и Brabham во 60-тите години освоија по две возачки и две конструкторски титули. Lotus, пак, од 1963 до 1978 година освои шест возачки и седум конструкторски титули. Поради тоа, водени од славното минато на револуционерните „Garagisti“, новите „Garagisti & Co.“ сакаат одново да го измислат автомобилот. Поточно, да го вратат во онаа чиста форма што возењето го претвора во нефилтрирано задоволство.
03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
17
| АВТО-МОТО
ЕДНОСТАВНO УБАВИНА Убавината била задача за дизајнерот Ангел Гера, чие искуство како поранешен дизајнер на Rimac и Bugatti било пресудно во создавањето на оваа суптилна скулптура на четири тркала. Гера не крие дека инспирацијата при создавањето на GP1 доаѓа од супер автомобилите од 80-тите и 90-тите години бидејќи, всушност, тоа се барало од него. Идејата на „Garagisti & Co.“ била да се вратат во времето кога спортските автомобили биле убави. Тоа е златната ера на генијалниот дизајнер Марчело Гандини, чии дела се Lamborghini Countach и Diablo, Lancia Stratos и нејзиниот концепт Lancia Stratos Zero. Време кога дизајнот ги претворал автомобилите во безвремени креации на убавина. GP1 е токму таква креација. Во GP1 може да се препознаат траги од споменатите автомобилски икони. Но, сепак, Гера успеал да ги преточи во една органска форма со течни линии што се прелеваат една во друга. Без нападни прекршувања и без аеродинамички додатоци што излегуваат на сите страни. За да не се наруши убавината, а да се постигне потребната аеродинамика што го притиска автомобилот врз асфалтот, подот на GP1 е претворен во широка Вентуриева цевка што завршува со најголемите дифузори поставени на еден модел наменет за секојдневно возење. Органската форма со течни линии продолжува и во кабината. Два одвоени кокпита врамени во мазни површини, во кои, за да не се наруши рамноста, се интегрирани отворите за вентилација. Тука нема екрани што го одвлекуваат вниманието, ниту непотребни команди. Само возачот, машината и патот пред очи.
18 03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
ДРУЖИНА ОД СПЕЦИЈАЛИСТИ Според рецептот на славните „Garagisti“ и новиве „Garagisti & Co.“ го создаваат своето ремек-дело од компоненти изработени од најпознатите специјалисти во индустријата. Срцето на GP1 доаѓа од италијанскиот специјалист Italtecnica, познат по развој и производство на мотори за потребите на мотоспортот. Станува збор за ѕвер од 12 цилиндри сместени во форма на V и распоредени низ 6,6 литри. Моторот дише природно и навиен е да испорача 800 КС при 9.000 min-1 со максимален вртежен момент од 700 Nm. Вредно е да се напомене дека при 9.000 min-1 се ослободува максималната моќност, но тоа не е границата на максималниот број вртежи што ја достигнува моторот. А таа сè уште останува тајна. Притоа масивната моќ си поигрува со тежина од само 1.000 килограми. Сè уште не се откриваат перформансите, но нема дилема дека GP1 е брутално брз. При конструирањето на моторот, многу поважно од моќноста било да се постигне тој да воодушевува со својата механичка звучна кулиса што треба да потсетува на тркачките мотори од минатото. Поточно на врескачките чудовишта од Формула 1 од 90-тите години, па и наназад од 80-тите и од 70-тите години. Моќноста се праќа кон задните тркала преку шестстепен рачен менувач на специјалистот Xtrac, кој ги користи сите знаења од светот на мотоспортот за да го создаде ова механичко чудо, кое нуди прецизно менување со екстремно кратки и јасно одредени одови како кај тркачките автомобили. Шасијата, цврстиот монокок и развојот на аеродинамиката му се доверени на уште еден специјалист од светот на мотоспортот, Dexet Technologies. Секако се користат и компоненти на Brembo, Ohlins и други елитни набавувачи што светот на трките преку GP1 ги праќа во секојдневјето. Остатокот од автомобилот, поточно делот што му ја дава убавината, им е оставен на стручните раце во „Garagisti & Co.“. И што е најважно, тие му даваат сопствен печат на GP1 преку рачна изработка што ја следи спецификацијата одобрена од нарачателот. Секој GP1 ќе носи уникатен печат на идниот сопственик што е добиен благодарение на програмата што компанијата ја нарекува кроење по мерка. Уникатно скроените примероци на GP1, вкупно 25, колку што ќе изнесува целата продукција, ќе чинат 2,45 милиони британски фунти по парче. Продукцијата е строго ограничена заради зачувување на ексклузивноста. За цената во „Garagisti & Co.“ сметаат дека не е превисока, ако се знае дека се добива редок примерок на автомобил создаден со модерна технологија, а притоа му е зачувана неговата аналогна душа. • Љубомир Анастасовски
АВТО-МОТО |
Женски избор за автомобил на годината во светот за 2025 година
НОВИНАРКИТЕ ГО КРУНИСАА „НИСАН ЛИФ“ „АКО НЕ МОЖЕШ ДА ГИ ПОБЕДИШ, ПРИДРУЖИ ИМ СЕ“. ОВАА МИСЛА ПОСТОИ, НО ДАМИТЕ НЕ ЈА ПРИФАТИЈА. НАМЕСТО ДА СЕ ПРИКЛУЧАТ НА ПОСТОЕЧКИТЕ ЖИРИКОМИСИИ, ТИЕ ФОРМИРАА СВОЕ ЖИРИ И ЗАПОЧНАА САМОСТОЈНО ДА ГО ИЗБИРААТ АВТОМОБИЛОТ НА ГОДИНАТА.
К
ако и секоја година, победникот беше објавен на 8 Март – Денот на жената. Женското жири, составено од 86 новинарки од 55 држави, ги избра најдобрите автомобили во шест категории. За компактен автомобил беше избран „Нисан Лиф“, за компактен сув „Шкода Елрок“, во класата лимузини победи „Мерцедес-Бенц цла“, во категоријата голем сув „Хјундаи Јоник 9“, во класата 4х4 „Тојота 4 ранер“, а за спортски автомобил беше прогласен „ламборџини темерарио“. Според правилата, од победниците во шесте категории се избира и апсолутниот победник. По повторното гласање, титулата „Женски автомобил на годината во светот“ ја понесе „Нисан Лиф“.
„Нисан Лиф“ е електричен автомобил кој првпат се појави во 2010 година (моделска година 2011). Денес е во својата трета генерација, што зборува за неговиот успешен пазарен настап. Основниот модел чини околу 30.000 долари и има батерија од 75 kWh, која овозможува автономија до околу 490 километри со едно полнење. Моделот е комбилимузина со пет врати и пет седишта, со димензии 4.350–4.490 мм должина, 1.810 мм ширина и 1.550–1.560 мм висина. Благодарение на просторот и практичноста, „лиф“ лесно може да ја исполни улогата на семеен автомобил, подготвен да ги задоволи барањата и на најпребирливите. За подетални информации за цената, опремата и испораката, потребно е да се обратите кај официјалниот увозник. • Жарко Атанасосоки
03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
19
| АВТО-МОТО
Салон за автомобили Детроит 2026
НАИАС ГО ИМА ИМЕТО, НО МУ ФАЛАТ ИЗЛОЖУВАЧИ ФОРД, ЏЕНЕРАЛ МОТОРС И СТЕЛАНТИС, КАКО И ТОЈОТА, КИА И ХЈУНДАИ, ХОНДА, МИНИ, ПОЛСТАР, РИВИЈАН, СУБАРУ И ФОЛКСВАГЕН, ОВИЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ДОЈДОА ВО ДЕТРОИТ. ОСТАНАТИТЕ БЕА ПРЕТСТАВЕНИ БЛАГОДАРЕНИЕ НА ТАМОШНИТЕ УВОЗНИЦИ. И ПОКРАЈ ТОА ШТО ОРГАНИЗАТОРИТЕ ШИРУМ СВЕТОТ ВЛОЖУВААТ ОГРОМНИ НАПОРИ ИЗЛОЖБИТЕ ДА ГО ВРАТАТ НЕКОГАШНИОТ СЈАЈ, МНОГУ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ГО ОТКАЖУВААТ СВОЕТО ПРИСУСТВО.
О
ткако одговорните во НАИАС направија кус организациски излет во пролетниот и летниот период, се вратија во стариот добар Детроит, односно ù се вратија на традицијата. Таа куса екскурзија не беше направена од нивна лична желба, туку имаше за цел да привлече што е можно повеќе посетители, но и учесници. Главните „глумци“ на автомобиските манифестации се токму тие, чудата на четири тркала, играчката по која трчаат сите од планетава, без разлика дали е женско или машко, мало или големо, сите имаат една иста желба, да поседуваат автомобил. Производителите од „икс“ причини почнаа, на некој начин, да ги бојкотираат изложбите, а саемските хали осамнаа полупразни. Така, веќе второ десетлетие, саемските манифестации се некомплетни, а годинашниот Салон за автомобили во Детроит ја дели истата судбина. Големата изложба помина во знакот на големата американска (и светска) тројка -Форд, Џенерал Моторс и Стелантис, како и на Тојота, Киа и Хјундаи, Хонда, Мини, Полстар, Ривијан, Субару и Фолксваген. Останатите марки беа претставени преку увозниците.
20 03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
Производителите не беа заинтересирани лично да присуствуваат, но затоа тамошните продавачи повлекоа добар потег и се појавија со најновите автомобили од: Бентли, Ферари, Јагуар, Кенигсег, Ламборџини, Ленд Ровер, Лотус, Луцид, Масерати, Мекларен, Морган, Пагани, Пининфарина, Порше и Ролс-Ројс. Според организаторите, биле присутни 41. автомобилска марка и уште десетпати повеќе брендови поврзани со автомобилската индустрија. Но, тоа не е како некогаш. Да наведеме неколку примери. Деновиве Ауди го претстави моделот „рс 5“, луксузна комбилимузина со изразени спортски карактеристики. За премиум-марките американскиот пазар бил и сè уште е „елдорадо“, но Ауди реши изведбата „рс 5“ да ја претстави еден месец по саемот во Детроит. Наместо светска премиера таму, автомобилот беше претставен во домашен амбиент. БМВ ја најавува новата „тројка“, но зошто не приреди светска премиера во Детроит? Наместо Ферари својот нов електричен модел да го најави на саемот, одлучи тоа да го напра-
АВТО-МОТО |
ви по електронски пат, преку интернет. НАИАС, односно Салонот за автомобили во Детроит, го има името, целиот свет знае за овој настан, но му недостигаат изложувачи. Вакви примери има многу, но производителите очигледно решиле да не доаѓаат на саемски манифестации и тука завршува приказната. Затоа организаторот во Детроит мораше да најде други начини за да им се приближи на посетителите. За најмладите беа организирани разновидни работилници, од безбедност во сообраќајот и учење на сообраќајните знаци, до виртуелно возење со помош на современи електронски алатки. Посетителите можеа да се запознаат и со автомобилите, нивните погонски единици и процесот на производство, низ што сè треба да помине едно возило пред да стигне во продажба.
Сето тоа е добро, но како што стојат работите, саемските манифестации за автомобили полека заминуваат во заборав. Се поставува прашањето: дали некогаш Женева повторно ќе биде домаќин на најпрестижната светска изложба? Со интернетот сè е можно, ќе седиме дома и ќе бидеме „присутни“ во живо на секоја светска премиера, без разлика дали се одржува во Охрид, Битола, Токио, Дакар, Рио де Жанеиро или на кое било друго место во светот.
Следниот поголем саем за автомобили е оној во Чикаго, кој иако е најпосетен во тој дел од светот, сепак не е во рангот на Детроит или Пекинг, чие отворање е закажано за 25 април. Ќе биде интересно да видиме кои производители ќе бидат присутни во кинеската престолнина. • Жарко Атанасоски
03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
21
| АВТО-МОТО
Претставуваме Aston Martin Valhalla
МИТСКИ ЕЛИКСИР ЗА ВЕЧНА МЛАДОСТ
VALHALLA Е РЕТКА ЅВЕРКА ШТО ПРЕЦИЗНО ГИ ИЗВРШУВА НАРЕДБИТЕ ДОДЕКА ВОЗАЧОТ ГО ИСТРАЖУВА НЕЈЗИНИОТ ДИНАМИЧКИ ПОТЕНЦИЈАЛ. ASTON MARTIN ЈА ПОЗИЦИОНИРА ВО ПОСЕБНА НИША МЕЃУ СУПЕРСПОРТСКИТЕ АВТОМОБИЛИ И ТВРДИ ДЕКА ДОЖИВУВАЊЕТО ЗАД ВОЛАН НОСИ ЧУВСТВО НА ВЕЧНА МЛАДОСТ.
22 03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
АВТО-МОТО |
A
ston Martin, славната „одгледувачница на змејови“ од Гајдон, сместена во срцето на Велика Британија, прифати предизвик да создаде борец поразличен од сè што досега било „одгледано“ во нејзините погони. Познат по создавањето на дизајнерски величествени модели кои пленат со својата појава, нудат спортски перформанси и се погодни за секојдневна употреба, Aston Martin одлучува да заплива во малку поразлични води. За првпат во својата 113-годишна историја, одгледувачницата од Гајдон го напушта концептот на класичен Гран Туризмо, луксузно купе со мотор поставен напред и погон на задната оска, и создава врвен, возачки ориентиран суперспортски автомобил со централно поставен мотор. ИМЕТО НЕ Е ИЗБРАНО СЛУЧАЈНО Името на новиот лут борец на Aston Martin е викиншко, потекнува од нордиската митологија. Викинзите верувале дека нема ништо повеличествено од тоа да се загине во битка и дека само така може да се стигне до вечниот живот во Валхала. Тоа е место каде што најхрабрите продолжуваат да живеат заедно со Один, врвниот бог во нордиската митологија. Aston Martin сака да убеди дека доживувањето зад воланот на Valhalla ќе направи возачот да се чувствува како да ја открил тајната на вечната младост. НИЗА ОД „ПРВИ” Идејата на одговорните во Гајдон не е без основа. Искуството во создавање на врвни возачки инструменти, долго повеќе од еден век, Aston Martin сака да го подигне на уште повисоко ниво. Затоа се впушта во создавање на првиот сериски автомобил на марката со мотор поставен централно во шасија. Всушност, Valhalla претставува низа од „први” за Aston Martin, и тоа со право. Valhalla e првиот сериски модел на Aston Martin со централно поставен мотор. Првиот сериски модел со приклучен хибриден систем. Првиот што може да вози само на електрична енергија. Првиот со V8 мотор со рамно коленесто вратило, а воедно е и најмоќен V8 некогаш вграден во Aston Martin. Првиот со осумстепен менувач со две спојки, со вграден електричен мотор и електронски управуван диференцијал. Воедно, тоа е и првиот сериски суперспортски автомобил на денешницата што бега од остри форми, аеродинамички додатоци што штрчат на сите страни и други екстровертни детали чија функција, меѓу другото, е да привлекуваат внимание.
03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
23
| АВТО-МОТО
ЕФИКАСНОСТ НИЗ УБАВИНА Valhalla со своите мазни, заоблени површини повеќе потсетува на суперспортските автомобили од крајот на минатиот век отколку на модерните, навиени „пили“. Тоа е време кога убавината значеше повеќе од аеродинамичната ефикасност. Сепак, во Aston Martin преку Valhalla успеале да спојат два света, убавина и ефикасност. За да се зачува естетиката, дизајнерите и инженерите морале да најдат начин како да ги сокријат неопходните аеродинамички елементи. Предното крило изгледа како да е слеано со широко развлечената маска. Истото важи и за задното крило, кое се подига само при високи брзини. Вентуриевиот тунел во подот се разделува на два масивни дифузори кои, заедно со останатите аеродинамички елементи, ја притискаат Valhalla кон асфалт со сила од 600 kg при брзина од 240 km/h. Активната аеродинамика го прилагодува негативниот потисок врз секоја оска во зависност од ситуацијата, обезбедувајќи максимална тракција во сите услови на возење. Valhalla ја користи активната аеродинамика и при сопирање, кога предното и задното крило функционираат како воздушни сопирачки, обезбедувајќи висока стабилност и исклучителни сопирачки перформанси. НАЈМОЌНОТО ОД ГАЈДОН Поставен централно во шасија од јаглеродни влакна се наоѓа најмоќниот V8 што некогаш излегол од Гајдон. Станува збор за издржливиот 4.0 литарски битурбо V8 на Mercedes-AMG, на кој Aston Martin му дава свој печат и го користи и во другите модели. Меѓутоа, за Valhalla тој е целосно преработен и во многу нешта се разликува од верзиите што работат во Vantage, во DB12, и во DBX707. Во Valhalla моторот добива рамно коленесто вратило при што колената се поставени на 180 степени едно од друго. Подмачкувањето оди преку сув картер поради високите странични сили што Valhalla ги постигнува на тркачка патека. Моторот има нови брегасти вратила и целосно реконструиран издувен систем, како и нови ковани клипови со значително помала маса. Вградени се и поголеми турбополначи што работат со притисок од 3 бари. Измените овозможиле овој V8 да генерира масивни 828 КС и 857 Nm при 6.700 min-1. Интересно е што и моќноста и вртежниот момент се ослободуваат при ист број на вртежи. Максималниот број вртежи е ограничен на 7.000 min-1, вредност која е релативно ниска за еден суперспортски автомобил. Како поддршка на моќникот со внатрешно согорување доаѓаат три електрични мотори со вкупна моќност од 251 КС. Со нив максималната моќност на Valhalla расте на 1.079 КС, а вртежниот момент на и камионски 1.100 Nm. Како последица на оваа застрашувачка сила, катапултирањето од место до 100 km/h трае само 2,5 секунди, додека крајната брзина изнесува 350 km/h.
24 03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
ФОКУС НА ВРВНО ВОЗАЧКО ДОЖИВУВАЊЕ При возење, електриката и моторот со внатрешно согорување работат независно еден од друг, но меѓусебно се надополнуваат. Моторот V8 ги задвижува задните тркала преку осумстепен менувач со две спојки, во кој се интегрирани електромоторот и електронски управуван диференцијал. Предната оска ја задвижуваат два електромотори, по еден за секое тркало. Со нив Valhalla добива погон на сите четири тркала и векторска распределба на вртежниот момент. Со оваа технологија значително се подобрува стабилноста, особено во свијоци при екстремно високи брзини. Електромоторите на предната оска се задолжени и за возење во рикверц, како и за возење само на електрична енергија на растојание до 14 километри и со брзина до 140 km/h. Благодарение на соработката меѓу предната и задната оска, Valhalla одушевува без оглед дали се вози на пат или на тркачка патека. Како и секогаш, Aston Martin фокусот го става на врвното возачкото доживување. Инженерите од Гајдон не копнеат по создавање на екстремен инструмент со извонредни перформанси по цена на намалена инволвираноста на возачот. Предвидливоста на шасијата, која прецизно ги извршува наредбите и притоа дозволува игра додека возачот го истражува целосниот динамички потенцијал, ја става Valhalla во посебна ниша во сегментот на суперспортски автомобили. Токму затоа за Valhalla, Aston Martin бара многу пари, 580.000 британски фунти нето, без исполнување желби и кроење по мерка. За возврат, купувачот добива еден од 999-те примероци колку што ќе бидат произведени. Ограничената серијата дополнително ја зголемува и треба да ја оправда инвестицијата. Дали работите ќе течат според плановите на Aston Martin, ќе покаже времето. Во меѓувреме, првите примероци веќе пристигнаа кај своите сопственици, кои можат да уживаат зад волан на оваа посебна ѕверка. • Љубомир Анастасовски
АВТО-МОТО |
MERCEDES AMG GT
КУПЕ ЛИМУЗИНА СО ЕЛЕКТРИЧЕН ПОГОН
Л
имузина во купе-облик која до вчера беше со ото мотори, отсега натаму ќе биде електрична. Да беше некоја од тие обичните, ќе ја заборавевме, но оваа носи име „мерцедес амг гт“. Производителот најавува нејзина официјална светска премиера ова лето. Купе-лимузината поседува три електромотори со вкупна силина, најверојатно поголема од над 1000 КС (!?). Бројките не може со сигурност да ги потврдиме, но кога во 2022 год. се појави „вижн амг“, а минатата година и другиот концепт „амг гт икс икс“, силината како да беше најавена „меѓу редови“. Заедно со неа беше најавена и платформата „амг.еа“, (амг електрична архитектура). Токму на оваа платформа веќе најавена со концептот од 2025, јасно се гледа дека досегашниот „амг гт“ ќе замине во пензија, не затоа што не го бива, туку зата што погонската единица е со внатрешно согорување. Постои и уште една електронско-компјутерска контролна единица, именувана како „AMG Racing Engineering Control Unit“, која го надгледува однесувањето на електромоторите кога возачот нагло ќе ја притисне педалата за забрзување. Таа ја следи и подвижноста на автомобилот при брзо менување на насоката (нешто слично на слалом во скијањето) и врши корекции на траекторијата на тркалата кога тие отстапуваат од правецот на движење. За електромниката да биде на највисоко ниво и сè да функционира како што треба, тука е „мб.ос“, односно (мерцедес - бенц оперативен систем). Покрај ова современо решение (компјутерско) возачот го има на располагање и „амг трак пејс“, кој ја прикажува телеметријата на возилото при возење на патека, односно покажува „како дише а ем гето“ кога се наоѓа на тркачка патека. Постои уште една електронско-компјутерска контролна единица, именувана како „амг тркачко инженерска контролна единица“ која го надгледува однесувањето на електромоторите кога возачот нагло ќе ја „нагази“ педалата за забрзување. Таа ја следи и подвижноста на автомобилот при брзо менување на насоката (нешто слично на слалом во скијањето) и врши корекции на траекторијата на тркалата кога тие отстапуваат од правецот на движење. Да појасниме: кога возачот ќе претера во свиоците, автомобилот може да излезе од саканата насока на движење, односно да почне да се лизга. Токму тоа лизгување може да доведе до излетување од асфалтот. За да не се случи тоа, спомнатата контролна единица го активира системот што многумина го нарекуваат „тракшн контрол“. Ако некое тркало го намалува притисокот врз асфалтот, тоа почнува да пролизгува. Тогаш се активира контролната единица и го коригира губењето на контактот со подлогата. На тој начин системот за надгледување на притисокот на пневматиците врз асфалтот реагира и помага возилото да остане стабилно на патот.
Сериските седишта се повеќе од спортски и беспрекорно ја извршуваат својата работа. Но за најпребирливите, со изразен спортски возачки дух, Мерцедес нуди седишта „амг перформанс“, кои се полесни од сериските, а потпирачите за глава не се одделни, туку се интегрирани во потпирачот за грб. За оние на кои материјалите не им одговараат, Мерцедес нуди опција наречена „манифактурер“, преку која купувачот може сам да ги избере материјалите, а продавачот сето тоа дополнително го наплатува. Покривот на купе-лимузината е стаклен, така што сопатниците можат да уживаат, на пример, во ѕвездите и месечината. Но ако на возачот му здосади, со притискање на копче стаклото може целосно да се затемни, можност која е особено корисна во летните месеци кога сонцето е во зенит. За останатите детали ќе „разговараме“ по светската премиера во јули (!?), кога целосно ќе бидат обелоденети сите податоци за лимузината „амг гт“. Да го дочекаме летото и да видиме што подготвиле конструкторите и дизајнерите од Мерцедес-Бенц. •
АМСМ ЧЛЕНСТВО НОВИ ПРОДАЖНИ МЕСТА
*Картичките купени во новите продажни места се активираат според упатството на задната страна. 03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
25
| АВТО-МОТО
Green NCAP
ПОБЕДНИЦИ ВО КАТЕГОРИИТЕ ЗА ОДРЖЛИВОСТ 2025 ЛЕВЕН, БЕЛГИЈА – ИЗБОРОТ НА НОВ АВТОМОБИЛ И СПОРЕДУВАЊЕТО НА НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА СО ДРУГИ МОДЕЛИ МОЖЕ ДА БИДЕ ПРЕДИЗВИК ЗА КУПУВАЧИТЕ НА АВТОМОБИЛИ, НО СО ВИСТИНСКИТЕ ЧЕКОРИ И МЕТРИКИ, МОЖЕ ДА ДОНЕСУВАТЕ ПОИНФОРМИРАНИ, ОДРЖЛИВИ ОДЛУКИ.
З
а да им помогне на купувачите во овој процес, Green NCAP го поедноставува процесот, објавувајќи ги „најзелените“ автомобили тестирани од лансирањето на своите нови оценки за одржливост и процена на искуството на возачот минатиот септември. Пет модели ги предводеа своите соодветни категории во 2025 година. Тие се Dacia Spring, FIAT 600e, CUPRA Born, BYD SEALION 7 и SEAT Ibiza, кои соодветно опфаќаат мали електрични градски автомобили, електрични семејни модели, мали и големи електрични теренци и хечбеци на бензински мотор. Дополнително, Green NCAP ги наградува и трите автомобили што се издвојуваат по своите перформанси во својата единствена, кориснички фокусирана евалуација, дизајнирана да ги одрази секојдневните грижи што ги имаат возачите, особено во однос на електричните автомобили. Тоа се: потрошувачката и досегот, перформансите во студена зима и можностите за полнење.
26 03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
ПОБЕДНИЦИ НА GREEN NCAP ВО ОЦЕНКАТА ЗА ОДРЖЛИВОСТ Пред воведувањето на новите протоколи на Green NCAP, разбирањето на влијанието на автомобилот врз животната средина не беше секогаш лесно за купувачите на автомобили бидејќи јавните информации можеа да бидат сложени, понекогаш спротивставени или воопшто да не бидат достапни. Во септември, Green NCAP воведе нов метод на процена што ги подложи новите возила на темелно испитување на нивниот еколошки отпечаток, а наедно претставува бесплатен ресурс за користење. Постојат два главни елемента за тестирање на автомобил од страна на Green NCAP: неговата оценка за одржливост, потрошената енергија и емисиите произведени за време на употребата на возилото; и таканаречената Процена на животниот циклус „од колепка до гроб“, која зема предвид сè, од суровини, производство и дистрибуција до комбинација на снабдување со енергија и рециклирање на крајот од животниот век. Резултирачката оценка за одржливост му дава на секој автомобил оценка со ѕвезди од пет и просечен вкупен резултат. Покрај оценката за одржливост, Green NCAP, исто така, дава преглед на тоа колку добро секој автомобил се справува со секојдневните операции. Искуството на возење ги проценува потрошувачката и досегот, перформансите во студена зима и можноста за полнење. Дизајниран е да им помогне на возачите да пронајдат автомобили што подобро одговараат на нивните дневни потреби, а наедно да покаже како производителите честопати мора да балансираат со компромиси помеѓу дометот, удобноста и перформансите фактори што може да влијаат врз целокупната ефикасност на автомобилот. Од неодамнешното воведување, тестирани се 20 нови модели според најновите протоколи. Автомобили со највисока оценка се: BYD SEALION 7: Голем SUV (електричен) 4 ѕвезди / 73 % За голем SUV со батерија од 82,6 kWh, електричниот BYD SEALION 7 добива пофална оценка за одржливост, со значително помало влијание врз животната средина од споредлив SUV со погон на внатрешно согорување. Кинескиот модел испорачува солидни перформанси на EV и импресионира со ефикасно работење во ладните зимски тестови од -7 °C. Ефикасното претходно загревање на кабината и задржувањето на топлината помагаат во ублажувањето на загубите во зимската ефикасност, иако ефикасноста на полнењето дома може дополнително да се подобри.
АВТО-МОТО |
BYD Sealion 7
CUPRA Born: Мал семеен автомобил (електричен) 4 ½ 4,5 ѕвезди / 86 % CUPRA, дел од Volkswagen Group, го претставува Born (60 kWh) како спортска алтернатива на конкурентите, како што се VW ID.3 и Renault Megane E-Tech. Вредностите на потрошувачката се очекувани за ефикасно модерно електрично возило од овој тип. Брзото загревање на кабината во студени зимски услови значително ја зголемува побарувачката на електрична енергија, но откако ќе се достигне посакуваното ниво на удобност, бројките на потрошувачка значително се намалуваат. CUPRA заработува поени и за својата заслужна ефикасност на предизвикувачкиот тест на автопат.
Cupra Born
Dacia Spring: City & Supermini | Целосно електричен автомобил 5 ѕвезди / 100 % Супермини Dacia Spring можеби е мал и ограничен во својот опсег на возење со батерија од само 27,6 kWh, но има корист од сè што е потребно за време на неговото производство и рециклирање на крајот од животниот век. Исто така, енергетски е ефикасен, што му помага да постигне петѕвездена оценка за одржливост.
Dacia Spring
FIAT 600e: Мал SUV (електричен) 5 ѕвезди / 96 % Електричниот FIAT 600e нуди извонредна одржливост, комбинирајќи висока ефикасност на погонскиот склоп со мала маса и умерена големина на батеријата од 51 kWh. Неговата компактна природа обезбедува ниски емисии на пневматици и сопирачки, производство и влијание врз снабдувањето со енергија. Ефикасното греење и погонскиот склоп со ниска потрошувачка помагаат во одржувањето на силни енергетски перформанси дури и при возење на ладно и на автопат.
Fiat 600e
SEAT Ibiza: Бензински автомобил 3 ½ 3,5 ѕвезди / 67 % SEAT Ibiza нуди изненадувачки силни перформанси на одржливост за конвенционален бензински автомобил, благодарение на неговата компактна големина, мала тежина и ефикасен посттретман на издувните гасови. Клучно за ова високо достигнување се ниските и робусни вредности на потрошувачка измерени во сите тестови. И покрај вродените ограничувања на употребата на фосилни горива, добива импресивни 67 проценти Green NCAP резултат, за малку пропуштајќи ја оценката од четири ѕвезди. Возачко искуство: тестирањето фокусирано на корисникот ги одразува потребите на потрошувачите. Како и победниците во категориите на оценката за одржливост, при оценувањето на секој нов модел, Green NCAP ги оценува дневните аспекти на искуството при возење што може да влијаат врз корисниците. Од тестираните модели, Green NCAP сака да истакне некои од оние возила што добро се покажаа во овие области.
SEAT Ibiza
03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
27
| АВТО-МОТО
ПОТРОШУВАЧКА И ДОСЕГ: FIAT 600e постигнува разумна комбинација помеѓу ефикасноста и разновидноста. Нуди ниски вредности на мешана потрошувачка во реалниот свет и во топло и во ладно зимско време (-7 °C) - 16,4 и 24,8 kWh, соодветно. Точноста на бројките за потрошувачка прикажани на екранот е добра. Досегот на возење од 340 km (топли) и 225 km (студена зима) е добро достигнување со високонапонска батерија со соодветна големина од 51 kWh, што значи дека 600e постигнува многу добра рамнотежа помеѓу тоа колку ефикасно ја користи енергијата и растојанието што може да го помине со едно полнење.
МОЖНОСТИ ЗА ПОЛНЕЊЕ Kia EV9 (100 kWh) заслужува пофалби за своите перформанси на полнење. Може да се наполни од 10 % до 80 % за само 25 минути, со просечна моќност на полнење од 182 kW и врв од 213 kW. Тоа овозможува потенцијал од 100 km до 160 km по 10 минути полнење, во зависност од сценариото на потрошувачка. За поголема удобност на возачот, EV9 ви овозможува претходно да ја загреете батеријата пред брзо полнење или со внесување на локацијата на полначот во навигацискиот систем или едноставно со користење копче за рачно полнење. Големиот SUV е подготвен за двонасочно полнење – возило до мрежа - и нуди можност за полнење надворешни уреди.
Fiat 600e
ПЕРФОРМАНСИ ВО СТУДЕНА ЗИМА Mercedes-EQ EQE 350+ се истакнува во перформансите во студена зима, благодарение на неговата голема батерија од 96 kWh. Овој луксузен седан со висок комфор обезбедува реален опсег од 280 км во сценарио на мешано возење од -7 °C, каде што поголем дел од енергијата се користи на почетокот на патувањето за напојување на системот за греење. На рурални патишта и автопати, EQE 350+ лесно може да помине повеќе од 300 км, дури и во услови на замрзнување. Претходното загревање на автомобилот додека е вклучен во струја прави голема разлика: во споредба со стартувањето на ладно, може да додадете приближно 200 км за градско возење или 140 км на мешани рути. Кабината се загрева брзо и ефикасно ја одржува топлината, намалувајќи ја потрошената енергија.
Mercedes-EQ EQE 350+
28 03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
Kia EV9
GREEN NCAP е создаден за да им овозможи на купувачите на автомобили сигурни, независни информации за одржливоста на возилата. Наша цел отсекогаш била да им олесниме и на приватните возачи и на операторите на возни паркови да изберат почисти, попаметни решенија за мобилност, врз основа на потврдени тестови, а не само на лабораториски тврдења. Со воведување на победници во категориите на GREEN NCAP на годишно ниво од 2023 година, ние им обезбедуваме појасен и подостапен начин на корисниците да ги идентификуваат најодржливите возила во секоја главна категорија возила и погонски склопови. Ова им помага на потрошувачите брзо да се фокусираат на модели што комбинираат ниско влијание врз животната средина со силни вкупни перформанси. „За понатамошна поддршка на информираното донесување одлуки, Green NCAP ја прошири и својата процена за да го вклучи искуството при возење. Со оценување на аспекти, како што се опсегот на возење, времето на полнење и перформансите во зима, програмата сега одразува како возилата се однесуваат во секојдневна употреба. Овој дополнителен слој гарантира дека изборите за одржливост не се само еколошки, туку и практични и релевантни за потребите за мобилност во реалниот живот.“ — д-р Александар Дамјанов, технички менаџер на Green NCAP • Мирко Гигов
ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД
ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РЕГИСТРАЦИЈА НА ВОЗИЛА СО РЕГИСТАРСКИ ТАБЛИЧКИ ОД ДРУГ ГРАД ВО СКОПЈЕ И ОБРАТНО. Локации: АМСМ Скопје – Центар
АМСМ Скопје – Чаир
АМСМ Велес
АМСМ Кичево
Од 01.02.2026 година, продолжувањето на регистрацијата на возилата може да се врши на целата територија на Република Македонија, без оглед на територијалната надлежност и регистрациското подрачје.
02/3181-181
www.amsm.mk 03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
29
| АМСМ
Панел дискусија на Правниот факултет
„SAFE CITY“ ВО ФОКУС АМСМ, КАКО ОРГАНИЗАЦИЈА КОЈА КОНТИНУИРАНО СЕ ЗАЛАГА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА ВО СООБРАЌАЈОТ И ПОДИГНУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ, ЈА ПОДДРЖА ОВАА ИНИЦИЈАТИВА СО ЦЕЛ ПОТТИКНУВАЊЕ НА СТРУЧНА И ЈАВНА ДЕБАТА ЗА СОВРЕМЕНИ РЕШЕНИЈА ШТО ПРИДОНЕСУВААТ КОН ПОБЕЗБЕДНИ ГРАДОВИ И ОДРЖЛИВО ОПШТЕСТВО.
Н
а 25 февруари, на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, се одржа панел дискусија на тема „Safe City како основен столб во јавната безбедност и унапредување на безбедноста во сообраќајот“, организирана од Европското здружение на студентите по право (ЕЛСА), а со поддршка на АМСМ. На настанот учествуваа истакнати професори и експерти од областа на правото и безбедноста: Проф. д-р Александра Груевска-Дракулевска, професор на Правниот факултет – УКИМ Скопје Проф. д-р Александра Деановска-Трендафилова, професор на Правниот факултет – УКИМ Скопје Проф. д-р Никола Дујовски, професор на Факултетот за безбедност – Скопје при УКЛО Битола Д-р Мимоза Славеска-Салтирова, адвокат М-р Ирена Миновска-Пехливанова, стратегиски менаџер во АМСМ Преку одговори на прашања поврзани со казнената политика,
30 03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
примената на системот „Безбеден град“ во одредени урбани средини, правото на граѓаните за увид во снимките, како и значењето на едукацијата на младите за поголема сообраќајна безбедност, говорниците понудија сеопфатна анализа од правен и институционален аспект. Тие исто така изнесоа и практични согледувања за имплементацијата на концептот „Safe City“ во државата. Настанот беше отворен за студенти, претставници на академската заедница и сите заинтересирани граѓани кои сакаа активно да придонесат кон развој на побезбедна сообраќајна култура. • Благица С. Блажевски
20%
Т С У П О ПЕЛОВЕНПАКЕТ
ЖЕБИ О М С И Н ИЗ ТВОЈОТ Б ВРЕДИ МНОГУ О Е МАЛ, Н
С И Н З И Б Е И С С И Н БИЗ Д
о тита шт ш а з а лн ексиби л ф и а чн практи
биваш о д т е к ниот па ните ризици в о л е Д Со аж ва најв и р к о п ги
03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
31
| АМСМ
МАРТ Е МЕС ЖЕНА ЗНАЕ КАКО – 30% ПОПУСТ НА ЧЛЕНСКИ КАРТИЧКИ Жената знае како да смени гума. И правец. Знае како да запали мотор. И амбиција. Знае како да држи волан. И контрола. Знае кога да притисне кочница – и кога да стави во прва, без враќање назад. Март е месец на жената која знае како – сигурно, самоуверено и без компромиси. Ако се препознавате или познавате ваква жена, искористете го ексклузивниот попуст од 30% за дами на АМСМ картички и подарете (си) пријател на пат 24/7 во случај на било каков дефект, во земјава или и во странство. Со акцијата заштедувате: • 507 ден. на Classic картичката - наместо 1.690 ден. сега е 1.183 ден. годишно • 1.077 ден. на Europe Premium картичката - наместо 3.590 ден. сега е 2.513 ден. годишно Акцијата важи само за дами, до 31 март, и може да се искористите во АМСМ sтаниците за технички преглед во Скопје (Центар и Чаир), Велес и Кичево и во сите авто-мото друштвата низ Македонија. Купете и подарете картичка онлајн! Искористете го попустот за да подарите АМСМ членска картичка и направете го тоа, брзо, лесно и едноставно – онлајн со внесување на промо-код: mart2026 Повеќе информации: 02/3181-108
РЕГИСТРАЦИЈА НА ВОЗИЛО БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊА - ОТСЕГА РЕГИСТРИРАТЕ КАДЕ САКАТЕ! Со последните законски измени, од 01.02.2026 година, продолжувањето на регистрацијата на возилата може да се врши на целата територија на Република Македонија, без разлика на регистрациското подрачје. Што значи ова во пракса? • Возила со таблици од други градови (Струмица, Битола, Тетово и др.) може да се регистрираат и во Скопје, во АМСМ станиците за технички преглед во Центар и Чаир. • Фирми и правни лица со возила регистрирани во други подрачја, ќе можат да ја вршат регистрацијата во Скопје, без потреба од патување во матичното подрачје. • Истото важи и обратно – секое регистрациско подрачје може да регистрира возило од друго подрачје. Локации на АМСМ станици за технички преглед: - Скопје (Центар и Чаир), - Велес и - Кичево, - во сите авто-мото друштвата низ целата земја. Повеќе информации: 02/3181-181
32 03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
АМСМ |
СЕЦ ЗА НЕА КАСКО ОСИГУРУВАЊЕ – ПАМЕТНА ИНВЕСТИЦИЈА ВО ВАШЕТО ВОЗИЛО Автомобилот не е само средство за превоз – тој е дел од вашето секојдневие и комфор. Каско осигурувањето е дополнителна заштита за вашето возило, која не е задолжителна, но во пракса може да биде од огромна корист. Ви обезбедува сигурност и поддршка во ситуации кои не можат да се предвидат: кражба, пожар, удар, сообраќајна незгода, судар или превртување. Што ви овозможува каско осигурувањето? • Целосна заштита на возилото • Помалку грижи и избегнување непланирани трошоци • Полесна и побрза исплата на штети, со бесплатно посредување преку Мобилити Брокер Изберете полиса од која било осигурителна компанија и направете ја преку Мобилити Брокер партнер кој ги застапува и штити вашите интереси во осигурувањето. Повеќе информации: 02/3181-405
www.amsm.mk
АТП СЕРТИФИКАТ- ГАРАНЦИЈА ЗА БЕЗБЕДЕН ТРАНСПОРТ НА ПРЕХРАМБЕНИ ПРОИЗВОДИ Превозот на лесно расипливи производи бара апсолутна сигурност и беспрекорен квалитет. АТП Сертификатот потврдува дека вашето возило може да ја одржи потребната температура за време на целиот транспорт – без разлика дали станува збор за смрзнати, длабоко смрзнати или свежи производи. Ознаки FRA, FRB, FRC – според температурата на разладната комора Важи 3 години – со периодично испитување за реиздавање Потребни документи: сообраќајна дозвола и претходен АТП Сертификат (доколку постои) Повеќе информации: 02/3181-405
www.amsm.mk
03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
33
| АМСМ
• Ме интересира дали е потребно
возилото да биде на мое име за да извадам АМСМ членска картичка. АМСМ: АМСМ членските пакети наменети за физички лица не се поврзуваат со одредено возило, туку со конкретно физичко лице. Тоа значи дека физичкото лице кое ќе се зачлени во АМСМ и стане член може да ги користи услугите од избраниот членски пакет, без разлика во чиј автомобил се наоѓа, сам или со патници, како возач или совозач. Сепак, во врска со возилото, членските услуги важат само ако членот се наоѓа во регистрирано возило со македонски регистарски таблички, кое не надминува маса од 3,5 тони и кое според сообраќајната дозвола е во сопственост на физичко лице.
• Каде во АМСМ можам да добијам
понуда за сервисирање или промена на гуми за службени возила? АМСМ: Може да добиете понуда за сервисирање или промена на гуми за службени возила во АМСМ така што ќе контактирате директно со АМСМ сервисот. Можете да пратите барање на е-пошта servisskopje@amsm.com.mk или да се јавите на телефонскиот број 071 376 569 за да добиете точни информации и понуда.
• Колку чини зелен картон за Сеат
Алтеа 1.6 бензин? АМСМ: За 1 месец, за возило до 66 kW, зелениот картон чини 1.850,00 денари, а за возило над 66 kW чини 3.075,00 денари. За 12 месеци, за возило до 66 kW, цената изнесува 3.690,00 денари, а за возило над 66 kW зелениот картон чини 5.536,00 денари.
*СИТЕ НАВЕДЕНИ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ ВАЖАТ ЗА ПОВИК ОД ФИКСЕН И ОД МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
34 03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
ЧЛЕНСТВО
ЗАЧЛЕНЕТЕ ПРИЈАТЕЛ И ЗАШТЕДЕТЕ! Вредносниот ваучер може да го искористите на сите локации на АМСМ во Скопје и Велес, за попуст на следниве услуги: - Технички преглед на возило - Полиса за осигурување од автоодговорност и зелена карта - АМСМ членство - Производи од АМСМ продавницата за автомобилска галантерија - Обуки за сите категории во АВТО ШКОЛА МОБИЛИТИ ПЛУС - Хомологација, одобрување на преправено возило, атест на плин и фолии за стакла во АМСМ ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА - Услуги во АМСМ Сервисот за автомобили - Услуги Помош на пат и шлепување - Горива на АМСМ ПЕТРОЛ
02/3181-108
www.amsm.mk 03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
35
| ТЕСТОВИ И СОВЕТИ
Безбедност во сообраќајот
ТРКИ НА ПАТЕКА, СОВЕСНОСТ НА УЛИЦА ЖЕЛБАТА ДА СЕ ВОЗИ БРЗО ПОСТОИ КАЈ МНОГУМИНА, НО ЈАВНИТЕ ПАТИШТА БАРААТ ВНИМАНИЕ, ДИСЦИПЛИНА И СВЕСНОСТ ЗА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД СЕКОЕ ДВИЖЕЊЕ.
В
озењето автомобил навидум е многу лесно, но малкумина го сфаќаат како крајно одговорна обврска. Од што се состои таа одговорност? Одговорот е едноставен: почитување на сообраќајните правила, одржување на концентрацијата при возење и грижа за техничката исправност на возилото. Толку – ништо повеќе и ништо помалку. Во тој контекст, сè почесто во фокусот се камерите што ја контролираат брзината и проверуваат дали возачите се придржуваат до дозволените 50 км/ч во населените места, како и до ограничувањата од 30 км/ч во одредени зони. Локациите на камерите стануваат познати, по што контролата се избегнува, а брзината се тестира по споредните улици. Од каде тој нагон за брзо возење? Од гледање фимови, од следење трки или од уличните трки кои до вчера беа секојдневие? Брзото возење со себе носи премногу голем ризик и, ако поривот за таквото возење го добивате од трките, тогаш тоа е сериозна заблуда. Потребно е да се појасни зошто е погрешно споредувањето со возачите од трките. Пилотите на тркачките автомобили се поединци кои таквото возење го учат речиси како да одат посетуваат училиште. Учат како да се справат со секоја ситуација додека се на патеката, учат како да „исечат“ свиок, како да влезат и како да излезат од него. Учат кога треба да претекнат, а кога не, учат како да ја одберат најдобрата траекторија за возење затоа што само така можат да бидат побрзи од останатите. Исто така, учат кога е најдобриот момент да ги употребат сопирачките
36 03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
без значително да ја намалат брзината, кога да префрлат во повисок или понизок степен и како да го одржуваат возилото во беспрекорно исправна состојба – почнувајќи од пневматиците, па сè до најситниот детаљ. Оттука, станува збор за спој на континуиран тренинг и прецизна примена на научни, пред сè физички, принципи. Доколку тркачот претера при влегување во свиок, лесно може да дојде до губење на стабилноста и излетување од патеката. Во таа смисла, тркачката патека претставува внимателно проектиран и специјално изграден простор, наменет исклучиво за трки, со услови и стандарди што овозможуваат контролирано и безбедно одвивање на вакви активности. На улиците никој не е сам – постојат многубројни учесници во сообраќајот: автомобили, камиони, автобуси, мотоцикли, велосипеди, пешаци, тротинети и други. За разлика од јавните сообраќајници, на тркачките патеки учествуваат само возачите во трката, на пример дваесетина пилоти. Покрај оваа разлика, постои уште една – строгите правила што важат на тркачките патеки. Таму нема самоволие, додека кај уличните трки токму самоволието најчесто доаѓа до израз. Постои ли нагон за брзо возење? Доколку брзината претставува извор на задоволство, тоа може да значи дека интересот природно води кон светот на автомобилизмот и трките. Токму на тркачките патеки постојат услови каде што можат да се демонстрираат и усовршуваат возачките и брзинските способности. Освен личната сатисфакција, овој спорт нуди можност и за професионален напредок, афирмација и финансиска добивка.
ТЕСТОВИ И СОВЕТИ |
Решението за желбата за брзо возење е едноставно – вклучување во организиран и легален систем на натпреварување, преку основање тркачки клуб или зачленување во постоечки. Сепак, неопходно е строго придржување кон правилниците за натпреварување. Непочитувањето на правилата повлекува санкции, вклучително и можност за дисквалификација. Брзото возење по јавните улиците може да има сериозни и кобни последици и за возачот и за другите учесници во сообраќајот. И во сообраќајот постојат јасно утврдени правила, но честопати тие се прекршуваат без соодветни последици. Се поставува прашањето дали камерите можат целосно да ја преземат улогата на дисциплинирање на возачите кои не ги почитуваат ограничувањата на брзината. ука се појавува еден проблем. Дополнителен предизвик се јавува на булеварите и улиците каде што нема поставено камери, а прекршувањата продолжуваат, дури и во зони со ограничување од 30 км/ч. Оттука, како долгорочно решение се наметнува идејата за изградба на современа тркачка патека со соодветна инфраструктура и безбедносни стандарди, каде што љубителите на брзото возење би можеле легално и безбедно да ги тестираат своите способности. Трките припаѓаат на тркачките патеки, а улиците бараат одговорно и совесно однесување. • Маргита Поповска
АВТО ШКОЛА МОБИЛИТИ ПЛУС
11: 11 a.m.
100%
ПРИЈАВИ СЕ И ПЛАТИ ОНЛАЈН 02/3181-240 | 078 387 578
www.avtoskolamobiliti.mk 03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
37
| СТИЛ
Жени возачи
КРАЈ НА СТЕРЕОТИПИТЕ - ЕДНАШ ЗА СЕКОГАШ БЛАГОДАРЕНИЕ НА ИСТРАЖУВАЊАТА ВО КОИ ПОДЕДНАКВО БЕА ВКЛУЧЕНИ И МАЖИТЕ И ЖЕНИТЕ СО ЦЕЛ ДА СЕ НАПРАВИ СПОРЕДБА, ТВРДЕЊАТА ДЕКА ПРВИТЕ СЕ ПОДОБРИ ВОЗАЧИ ОД ВТОРИТЕ СЕ ПОБИЕНИ АРГУМЕНТИРАЈЌИ ГИ ИСТИТЕ.
В
о месецот на жените како што го нарекуваме март сосема логично е овој текст ним да им го посветиме - со големо уважување, особено ако се земат предвид резултатите од повеќегодишните истражувања извршени во неколку земји ширум светот, вклучувајќи ги сите континенти (со исклучок на најјужниот - Антарктикот). Благодарение на нив, конечно - еднаш за секогаш им се стави крај на вкоренетите предрасуди, т.е. верувањата според кои жените не ги бива за возачи. Со тоа и предрасудите (стереотипите) паднаа во вода. Имено, долго време се тераа шеги за нив, без основа - само затоа што нивното однесување зад воланот е поинакво од она на мажите, оквалификувајќи ги како неспретни (невешти). ПОВРЗАНОСТ СО МИНАТОТО: КОГА МАЖИТЕ ГОСПОДАРЕЛЕ ВО СВЕТОТ И покрај тоа што се работи за површна критика, не навлегувајќи во суштината, се нанесува голема штета бидејќи во исто време се поттикнува на обвинувања кои дефинитивно не се справедливи, без исклучок на таквите (несправедливи) постапувања - наместо да се ослонуваме на стереотипите, експерите се единствени во своето уверување дека треба повеќе да се концентрираме на онаа политика што ќе нè мотивира да бидеме одговорни во возењето бидејќи тоа е прашање на став. Впрочем, полот нема никаква врска со него - одговорноста е индивидуална работа, без разлика дали
38 03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
станува збор за маж или пак за жена. Статистиките покажуваат дека припадниците на машката популација се виновни за повеќето сообраќајни несреќи, вклучувајќи ги и смртните случаи - доста често се впуштаат во ризици: возат со огромна брзина, под дејство на алкохол, дрога и неправилно ги користат безбедносните појаси - дури двапати повеќе. Иако општото мнение е засновано на предрасудите кои им одат во прилог на мажите, без оглед на фактичката состојба - обично се перципираат како подобри возачи, ставајќи го акцентот на нивната сигурност (самоувереност) и доминантност, но сепак реалноста, вистинитоста е малку инаква, поразлична. Доброто возење не се гледа само во способноста за него - треба да умееме да се снајдеме во просторот на пример, за особено важни се сметаат и многу други фактори, меѓу кои и брзината, вниманието, склоноста кон ризици, способноста за контролирање на стресот, точноста во донесување одлуки итн. Стереотипите генерално се врзуваат со историјата, особено за патријархатот - кога мажите господареле во општествените односи и стопанството. Нема дилема, со појавата на автомобилот се продолжило во иста насока така што возилото почнало да важи како симбол на моќта, која пак се поистоветувала исклучиво со машката популација - можеле да го поседуваат единствено тие (мажите), само ним им се припишувала супериорноста во
СТИЛ |
управувањето со него, се сметал за нивна играчка. Наводно, жените немале што да бараат во близина на воланот и покрај тоа што некои од нив се обидувале да се вовлечат во друштвото на оние кои важеле како надмоќни, особено кога се одржувале автомобилските трки. Без сомневање, оттогаш е и самата идеја за мажите да се гледаат не само како посилни, туку и поспособни да ги контролираат ризиците, првенствено мислејќи на брзината. Сè друго на патеките се земало на подбив - било проникнато со скептицизам, но сепак неколку жени успеале во намерата, меѓу нив и Берта Бенц која во 1888-ма го позајмила моторното возило (кочија со три тркала) од нејзиниот сопруг (Карл Бенц), извозувајќи го патот од Манхајм до Пфорцхајм - долг 106 км. Не избледи ни споменот за Дороти Левит - ќе остане запаметена како прва жена што ги одмерила силите со мажите на една од автомобилските трки, поставувајќи нов рекорд (брзински) во 1904 година. Потоа ја издала и својата прва книга - прирачник за жени возачи.
мас-медиумите не биле баш убедливи во тоа - без исклучок на филмската индустрија. И денес е горедолу исто. Главните улоги речиси секогаш им се доверуваат на мажите, особено во акционите филмови каде што се прикажуваат како вешти возачи, бестрашни, а споредните, пак, обично се резервирани за припадничките на женскиот пол - неснаодливи, плашливи. Секако дека преседан е автомобилската индустрија која се зазема за рамноправен однос, изедначувајќи ги на работните места, во производството, маркетингот, кампањите. Многу од автомобилите се наменети само за жените, приспособени токму за нив - по нивна мера се и перформансите и надворешниот изглед - сосема доволни за да ги задоволат сите нивни желби, потреби - нормално, изборот е во согласност со нивните можности. Фактите - неоспорните вистинити податоци што се резултат на повеќегодишните истражувања ни помагаат да разбереме дека има разлика во пристапот кон возењето кај мажите и жените, но тоа не значи дека првите се подобри возачи од вторите. Имено, перцепцијата за вештината на возењето е условена од повеќе фактори (физички, социјални, психолошки, културни, когнитивни), но половата припадност нема никаква врска со неа. Оттука и заклучокот дека вешт е оној возач кој знае да балансира меѓу претпазливоста (внимателноста), сигурноста (безбедноста) и флексибилноста (способноста да се реагира на различни начини во зависност од условите) во сообраќајот, без оглед на полот. Изборот на возилото исто така е многу важен, кој генерално се поврзува со животниот стил - би требало да биде негов одраз. Автомобилот не е само прашање на КС и цена, тој е и сопатник на секојдневието. Во последните години понудата е толку голема, што збунува - особено кога треба да се донесе конечна одлука. Нема сомневање дека естетиката има големо значење, без исклучок на марката, но сепак не се пресудни. За жените, решавачка е сигурноста (безбедноста), потоа големината и управувањето, па потрошувачката на горивото (доколку станува збор за моторно возило) и еколошката прифатливост, технологијата и поврзаноста (благодарение на системите за поддршка), удобноста и ентериерот, функционалноста (да не се расипува постојано) и стилот, животните навики. Иако се одлучуваат и за електрични автомобили, се чини дека интересот за BMW 1 Series, Fiat 500, Hyundai Santa Fe, Mazda CX-5, Mini Cooper, Peugeot 208, Renault Clio, Tesla Model 3, Toyota Yaris и Volvo EX30 сепак е најголем (воопштено) - предностите кои ги имаат се во соодветство со приоритетите на жените возачи. • Игор Ландсберг
СИГУРНОСТА (БЕЗБЕДНОСТА) ВО ПРВ ПЛАН Со текот на времето се правеле обиди за нештата да се свртат во нивна полза, но и натаму се робувало на предрасудите - макар и премолчено, а воопшто не биле ретки ни случаите во кои се омаловажувале, исмејувале за сметка на возењето. Без разлика на тоа што се стремело кон родова еднаквост на секое поле,
03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
39
| ПАТУВАЊЕ
Мадеира
ОСТРОВОТ НА ВЕЧНАТА ПРОЛЕТ ДОПОЛНИТЕЛНИТЕ ИМИЊА, НАЗИВИ ШТО Й СЕ ДАВААТ НА МАДЕИРА ВО ГОЛЕМА МЕРА СЕ РЕЗУЛТАТ И НА ФАКТОТ ДЕКА ОСОБЕНО ГИ ЗАДОВОЛУВА ПОТРЕБИТЕ И БАРАЊАТА НА ТУРИСТИТЕ, ЗАЕДНО СО НИВНИТЕ ИСКУСТВА ВРЗАНИ ЗА ПОРТУГАЛСКИОТ ОСТРОВ КОЈ Е ПОЗНАТ И КАКО БИСЕРОТ НА БУЧНИОТ ОКЕАН - АТЛАНТИКОТ.
И
ако е вообичаено за островите да пишуваме во летните месеци, овој пат ќе направиме исклучок од проста причина што буквално сите островјани, т.е. жители на Мадеира ќе ви кажат да дојдете во пролет - март, април и мај се трите месеци во годината кога островот ќе можете да го доживеете онака како што се прикажува на разгледниците, сликите во туристичките водичи на пример - во сиот сјај. Притоа ќе се убедите во вистинитоста на нивното тврдење дека боите се природни, без да се дотеруваат. Како било, природата ја карактеризира восхитувачка убавина која некако се поврзува со пролетта на животот - во неговото вторично значење. Оттаму и насловот иако доста често соодветствува на суптропската клима (температурата во просек се движи меѓу 18 и 24 степени целзиусови, зиме речиси не се спушта под 15°C или многу ретко, додека на лето е оптимална, со максимални 33°C) поради која Мадеира секогаш е во игра - една од постоечките можности за посета во кое било годишно време. Освен во овие три месеци, вреди да се отиде и во септември или
40 03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
во октомври. Сосем сеедно, на природната хармонија нема да можете да ù одолеете, вегетацијата е бујна - мирисот на зеленилото опива исто како и на цвеќињата во цел спектар на бои - независно од тоа што геологијата на островот е окарактеризирана како драматична, делумно и заради вулканот (уште една причина да го посетат и оние кои се склони кон авантури). Не случајно префиксот „нај“ му го додаваат во различни контексти - не само што е најголем на истоимениот архипелаг, неретко се префиксира и неговиот шарм (во споредба со другите) поради кој не треба да размислувате повеќе за кога да ги резервирате авионските билети - во најскорен можен рок, се разбира. Воздушниот сообраќај останува единствената опција: прекачувањето е задолжително бидејќи нема директна линија за главниот град на Португалија (веројатно ќе треба да издвоите околу седум часа), додека пак летот до Мадеира (од Лисабон) трае точно 100 минути. За половина саат ќе стигнете до градот Фунчал, толку отприлика е оддалечен од аеродромот кој е всушност - мост.
ПАТУВАЊЕ |
Со локалниот автобус ќе имате можност да го разгледате островот со сите негови убавини, а блиску е и Мароко така што мнозина се одлучуваат да свратат само на кратко, со ферибот. КАКО НА ДЛАНКА - ПОГЛЕД ОД ВИСОЧИНА Штом стигнете, на ваша голема изненада, ќе се доведете лице в лице со тишината. Може за миг да помислите дека е само привид - визави „бисерот на бучниот океан“ (Атлантикот генерално се карактеризира со многу бучава што ја прави човекот - сеизмолошките истражувања во пронаоѓањето гас/нафта, градежните работи, бродовите: воени, патнички, рибарски, товарни - јачината на звукот достигнува до 190 децибели, предизвикувајќи стрес на екосистемот), но сепак ќе се уверите во мирот и спокојството. Нема дилема, тивок живот е својствен за тамошните луѓе. Од таа причина, изјавата - многумина ја сметаат за противречна. Островот во северниот дел на Атлантскиот Океан е идеален за одмор во буквална смисла, со безброј можности - една од нив е Мадеира да ја восприемите на друг начин, од височина. Благодарение на седумте жичарници, островот се гледа како на дланка - птичјата перспектива ги проширува видиците, сликовито. Возењето со Teleférico das Achadas da Cruz ќе го паметите дури сте живи, сигурно ќе ви се заврти во главата - поради големата стрмнина, само така ќе можете да стигнете до формациите кои личат на базени направени од лава и да се искапете во нив (Porto Moniz), а жичниците ќе ве одвезат и на другите плажи, некои со црни камчиња (Praia do Garajau) - порано таму се растоварале уловените китови. Откако ќе се исечеле на парчиња, се пристапувало кон варење на оган (во котли). Горе на врвот од карпата e статуата на Исус (Cristo Rei). На повеќето од нив се оди и со автобус - речиси сите имаат кафулиња, ресторани со морска храна и слично, меѓу нив и Praia Formosa (треба да минете низ тунел за да стигнете дотаму - се затвора кога има прилив, плима). За комплетен впечаток може и да се весла кајак, но и да се изнајми нуркачка опрема - нуркањето секогаш е актуелно. Сместувачките капацитети на Мадеира се приспособени за сите, буквално. Доволен е само еден клик и веќе можете да си го планирате своето патување, онака како што ќе си го замислите. Изборот навистина е многу голем - Фунчал не мора да биде ваша алтернатива, зошто да не се решите за Câmara de Lobos на пример. Местото е совршено, особено ако сакате да рибарите - Винстон Черчил го популаризирал, таму се одморал. Независно од тоа, во центарот на вниманието сепак е - главниот град на Мадеира.
Без сомневање, Фунчал ќе ве освои на прв поглед - со својата убавина, секако. Присутна е на секое место, дури и во испреплетеноста на старото и новото по улиците на градот. Не само што си контрираат меѓу себе туку и се дополнуваат - едно со друго. Секако дека нивните дијаметрални разлики го привлекуваат вниманите на странските посетители, а жителите на Фунчал велат дека веќе не можат да го замислат градот поинаку. И така, додека се шетате без некаква цел, дуќанџиите на пример со задоволство ќе ви излезат во пресрет, па и случајните минувачи - давајќи ви насоки. КОКТЕЛИТЕ - ЗАШТИТЕН ЗНАК НА ОСТРОВОТ Буквално сите ќе ве упатат кон музејот Quinta das Cruzes. Првично бил дом - живеалиште на капетанот João Gonçalves Zarco кој всушност ја открил Мадеира. Во 18 век, благодарение на богатото семејство Lomelino е преуреден во стилски поглед - музејските експонати го одразуваат начинот на кој аристократите живееле во периодот меѓу 15 и 19 век, антиквитетите се бесценето богатство. Има своја цветна градина и капела. Ако е потребно, ќе ви дадат и инструкции за Mercado dos Lavradores, пазарот во арт деко стил од 1940 година - работи и ден-денес, без прекин. Сè што се продава е свежо. Негов белег се т.н. azulejos (керамички плочки - насликани рачно). Идејата била на архитектот Edmundo Tavares - 86 години подоцна, редот се запазува (жени во традиционална народна облека на влезот ќе ве пречекаат со букет цвеќиња кои ги одгледуваат сами, а некаде меѓу него (Mercado dos Lavradores) и тврдината (Foraleza de São Tiago) е Zona Velha каде што ноќната забава се
03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
41
| ПАТУВАЊЕ
приредува по целата должина на Rue de Santa Maria, проширувајќи се во Largo do Corpo Santo и Jardim do Almirante Reis. Изобилува и со ресторани во кои ќе можете да си нарачате lapas (предјадење морски полжави со лук и путер), espetada (ситни парчиња говедско месо печени на жар) или espada com banana (комбинација на риба - црна луга и банана). Заедно со вино, се разбира. И тоа локално, без исклучок. Неговата специфичност е во слаткоста (цел спектар) - важи за десертно вино чии краеви се суви. Пристапни се цените на Blandy’s (винарницата е стара 215 години), за разлика од вината
Barbeito (покисели се, а винарската визба постои од 1946-та). Веднаш потоа, влезете во некој бар - коктелите се заштитен знак на Фунчал и Мадеира воопшто. Пробајте poncha, pé de cabra, nikita или cortado. Пријатниот помин во стариот дел на градот е загарантиран. Особено големо значење за Фунчал има катедралата позната како Sé (порт. седиште на бискуп), изградена во почетокот на 16 век. Порано црковната област се протегала дури до Ангола и Бразил. Откако ќе се навикнете на темнината, погледнете во таванот направен од кедар во кој се инкрустирани школки, јажиња и украси од глина. Ремек-дело на мануелните работници е и олтарот од 1517 година со 12 панели во готски стил, прикажувајќи го животот на Мајката Божја и маките на Христа. Има и саат кула што доминира во панорамата на градот - за жал, не постои можност да се качите на врвот.
42 03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
Престојот на островот можете да го заокружите со посетата на мануфактурата во Камача, на 16 километри од Фунчал - плетењето кошници со текот на времето се проширило, па така, денес од плетени прачки се прават и други форми. Сместена во комплексот O Relógio (порт. часовник), на најгорниот кат е дуќанот, под него изложебниот простор, а најдолу е работилницата. Во зградата има и кафе-ресторан со поглед на океанот - совршен за релаксирани разговори. И уживање. • Игор Ландсберг
НИЗ ЕВРОПА ВОЗИ БЕЗ НЕРВОЗИ!
БЕСПЛАТНА ПОМОШ НА ПАТ ВО ЗЕМЈАТА И ВО ЕВРОПА ПОДАРОК ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ
www.amsm.mk
02/3181-108 03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
43
| ПАТУВАЊЕ
Вевчани
ИЗВОРОТ НА НЕДОПРЕНАТА МАКЕДОНСКА ПРИРОДА (НЕ)ТИПИЧНО МАКЕДОНСКО СЕЛО ШТО ГИ ИНКАРНИРА ВО СЕБЕ КАРАКТЕРИСТИЧНИТЕ ОСОБИНИ НА ЗЕМЈАТА - СМЕСТЕНО ВО ЈУГОЗАПАДНИОТ ДЕЛ. НЕОДОЛИВО ПРИВЛЕКУВА СО СВОЈАТА УБАВИНА, СПЕЦИФИЧНОСТИТЕ, ПРЕКРАСНАТА ТИШИНА КОЈА ВЛАДЕЕ БЕЗ ОГЛЕД НА СЕКОЈДНЕВНАТА РАБОТА, ОБВРСКИТЕ..., ЗАЕДНО СО ГОСТОПРИМЛИВОСТА НА ТАМОШНИТЕ ЛУЃЕ.
И
сто така (гостољубиво) и ќе ве поздрават веднаш штом пристигнете, пожелувајќи ви добредојде. Вевчанци се познати како некои што со задоволство примаат и пречекуваат гости. Независно дали ќе се одлучите за неколкудневна посета (со повеќе ноќевања) или само за ден-два. Како и да било, Вевчани ќе ви остави силен впечаток - онаков каков што ќе добиете на влезот (натписот и знамињата се добар показател за самосвеста). Очигледно е дека и репортерите на „Би-би-си“ се воодушевиле кога во 2022 година го посетиле со цел да пишуваат за него, фокусирајќи се на валутата и пасошот, кои произлегуваат од прогласувањето на независноста - и тоа двапати: еднаш во 1991-ва (откако се распадна Југославија, претходно во 1987 година се закани дека ќе се отцепи од Федерацијата) и уште еднаш во 2002-ра како своевиден маркетиншки потег. Успешен во секој случај - нема
44 03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
што. Малото населено место поделено на две маала - Горно и Долно, со 550 постојани домаќинства (има околу 2.500 жители) и 300 викендици (горе-долу) на надморска висина од 830 до 960 метри - во подножјето на Јабланица, генерално го предизвикува вниманието на странските медиуми, следователно и на туристите од сите страни на светот. Близу е Охридското Езеро, на оддалеченост од 15 километри. Во јануари годинава за Вевчани пишуваше и „Гардијан“ со посебен осврт на карневалот, не занемарувајќи ги сите убавини што ги има. Меѓу другото, импресиите секогаш се врзуваат и за еден од неговите белези - водата. Ја има во изобилство, од секаде се слуша жуборот, шумот кој го создава - особено во локалитетот Вевчански извори (за споменик на природата е прогласен во 1997-ма). Оттаму и називот на селото - рурална Венеција. Се чини дека прв по важност е изворот што се наоѓа на самиот отвор од пештерата, горе во планината. Другите се подолу - во тесна корелација со него. Целиот простор е уреден. Видиковецот, клупите, мовчињата, патеките, црквичките постојано се одржуваат. Има и табли на кои се дадени информации за биодиверзитетот. Благодарение на осветлувањето, можете да го посетите и во вечерно време, а рефлекторите во водата, пак, се главната причина за
ПАТУВАЊЕ |
светлосните ефекти. Доколку имате добра кондиција, качете се барем на една од трите месности: Јанков камен (на 1.200 метри надморска височина), Мала ливада (на надморска висина од 1.600 метри) и Голина со глечерското езеро Локва (на 2.000 метри надморска височина) - нема да зажалите.
НА ГРАДСКИ НАЧИН, КАКОВ ШТО Е ЖИВОТНИОТ СТИЛ Додека се шетате по селото, вниманието сигурно ќе ви го сврти архитектурата - вевчанци биле печалбари (многу од нив и ѕидари по занает), старите куќи од камен обично се врзуваат со тоа време, во исто време ги раскажуваат и приказните за масонството - слободното ѕидарство, без исклучок на поновите. Сè на сè, вкупно 19 цркви, параклиси, манастири брои селото, а централното место го зазема црквата Свети Никола, осветена пред точно 150 години. Иконостасот е дело на Дичо Зограф (најплодниот сликар на македонската ренесанса) со својата тајфа. За да го видите манастирот Свети Спас, морате да минете одреден пат со висинска разлика од 1.310 метри. Во меѓувреме, седнете во некој од рестораните (на „Трипадвајзор“ сите имаат висока оценка), испијте по една чаша вино, можете и да обедувате. Таму ќе ви кажат сè што треба за пасошот на самопрогласената Република Вевчани, заедно со личникот (валутата и криптовалутата - во чекор со своето време). Се продаваат како сувенири, за спомен од посетата на една „микронација“ - собено кога е карневалот. Ако досега не сте биле, планирајте за идната година. Вевчанскиот карневал е стар колку и селото, цели 14 века. Се одржува на 13 и 14 јануари, во чест на празникот Свети Василиј Велики. Програмата има забавен карактер и покрај тоа што инспарицијата за маските често се наоѓа во грубата стварност - со усул се подбива шега. Парвилата на игра не смеат да се прекршат, ниту да се постапи спротивно на традицијата.
Имено, две карневалски маски се задолжителни - зетот и невестата и Глупиот Август, без исклучок на музичарите. Карневалот кој всушност е театар на отворено во 1993-ма стана членка на Светското карневалско здружение, вклучувајќи ја и FECC (Федерацијата на европските карневалски градови). Селото се поврзува и со името на истакнатиот научник Михајло Пупин, иако податоците за неговите корени се незначителни. Сепак се пренесуваат од колено на колено. Семејното стебло во спомен-куќата ја потврдува вистинитоста на тврдењата по тоа шрашање - наводно, дедо му Арсение се доселил во Вевчани пред да замине за Идвор, Србија каде што го добил синот Константин - таткото на Михајло. Претходно семејството живеело во Москополе, Албанија за што постојат и докази дека местото го населувале и православци, Македонци и Власи. Така било со векови. Бројни се приказните за историските личности, кои со големо задоволството ќе ви ги раскажат и младите и старите. Жителите на Вевчани се горди со неговата историја, блиското и далечното минато, а посебно со своите манири - на градски начин, каков што им е и животниот стил. Од тие причини веројатно се доживува како македонско село чија типичност е под знак прашалник. Речиси нема странски посетители кои не се воодушевиле од специјалитетите на македонската кујна - буквално сите се вкусни, до последен. Сосема оправдано - од проста причина што во крвта на секој Македонец му е гурманлакот, а одозгора уште и рецептите се автентични - умешност е да се направи нешто и без многу мастраф. Отсега ќе им се посветиме и ним - за сечие задоволство. • Игор Ландсберг
Убавината со која се истакнува Македонија е само една од многуте причини за повеќе да ù се посветиме и на друг начин, во репортажен стил. Љубовта кон татковината е суштествена и тука немаме никаква дилема. Оттаму и нашата желба да ја прошетаме цела, посетувајќи ги речиси сите места што ќе нè инспирираат во моментот, и вака и онака - како било. Со надеж дека во патописните белешки и вие самите ќе го откриете изворот на своето вдахновение, отидете некаде - напорот нема да ви биде залуден - ќе имате прекрасен ден.
03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
45
ГАСТРОНОМИЈА
ЕСПЕТАДА Меѓу специјалитетите на португалската кујна што со задоволство ќе ви ги препорачаат во сите ресторани на островот мадеира, без исклучок на првокласните, се вбројува и т.н. еспетада. Имено, во прашање се раженчиња, т.е. ситни парчиња говедско месо печени на жар. Специфичноста е во тоа што се набодуваат на гранки од ловор, а одозгора се зачинуваат со дробени ловорови листови, со сечкан лук и со крупна сол. Вкусот е повеќе од пријатен - тамошните луѓе ќе ви го опишат како неверојатен, доминира аромата на вечното зелено дрво.
СОСОТОЈКИ: 600 Г МЕСО (ГОВЕДСКО) ИСЕЧЕНО НА СИТНИ ПАРЧИЊА, КОЛКУ ЗА ЕДЕН-ДВА ЗАЛАКА (МОЖАТ ДА БИДАТ И КРУПНИ, СЕ РАЗБИРА ПО ЖЕЛБА) 4 ЧЕСНИ ЛУК, ПОГОЛЕМИ 10 ЛОВОРОВИ ЛИСТОВИ ГРАНКИ ОД ЛОВОР (ЗА РАЖНИТЕ) КРУПНА СОЛ ЦРН ПИПЕР 2 ЛАЖИЦИ ВИНСКИ ОЦЕТ (ЦРВЕН) 2 ЛАЖИЦИ МАСЛИНОВО МАСЛО
НАЧИН НА ПРИГОТВУВАЊЕ: Исечете го говедското месо на коцки (големината нека биде по ваша желба - колку за еден-два залака) и тргнете го настрана. Веднаш потоа, исечкајте го лукот на ситно. Земете неколку гранки од ловор со тоа што ќе им ги отстраните листовите (гранките ќе ви послужат како ражни - на нив ќе ги набодете ситните парчиња говедско месо, а листовите само издробете ги). Маринадата се прави така што исечканиот лук и дробените ловорови листови ќе ги смешате со крупната сол, црниот пипер, винскиот оцет и маслиновото масло. Ставете го месото во неа - убаво истријте го, за да ги впие сите вкусови, мириси (ароми). Нека отстои (најдобро е преку ноќ, 8-10 часа). Запалете ја скарата, нека се направи жар. Набодете ги коцките месо на гранките, измеѓу ставете уште малку од листовите и наредете ги, нека се печат по 3-4 минути на секоја страна (внимавајте да не ги препечете). Послужете ги дури откако ќе отстојат 5 минути, гарнирајќи ги со милјо фрито (пржени коцки
палента) или со боло до како (тркалезни прачиња леб намачкани со путер од лук). Во комбинација на вино е полн погодок, особено ако е португалско. И македонското се вклопува, нема што. Забелешка: секое домаќинство на островот мадеира во својот двор или на терасата, балконот - како и да е, одгледува ловор. Се продава и тука, го има во сите расадници. Ароматичните листови на дрвото имаат широка примена.
ВЕВЧАНСКИ КАШАНИК СОСОТОЈКИ: 2 КИЛОГРАМИ БРАШНО (тип 500), 2 ЛИТРИ МЛАКА ВОДА (ПРИЛИЖНО), 1 КВАСЕЦ, СОЛ ПО ВКУС ОКОЛУ 500 МИЛИЛИТРИ МАСЛО ЗА ЈАДЕЊЕ. Обично се прави за време на карневалот (за Василица - на Свети Васиља, како што викаат вевчанци). Во него се клава париче. Останало така од памтивека. И онака, без причина - едноставно не може да се замисли трпезата без него.
46 03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
НАЧИН НА ПРИГОТВУВАЊЕ: Патем кажано, во автентичноста на рецептот упатството за начинот на приготвување воопшто не треба да се сомневате, го добивме од прва рака. Доколку имате можности, услови да го подготвите - се пече на жар, под сач - немојте да се колебате, пробајте. Го има и на менијата во сите ресторани, без исклучок. Само треба претходно да се најавите. Пред да почнете со печење, потребно е сачот да го загреете на висока темпратура, односно на жар. Во меѓувреме, измешајте ги сите состојки, освен зејтинот - брашното, водата, квасецот и солта, тамам да добиете смеса што ќе биде како за палачинки. Ставете од неа (голема лажица) во тепсијата (можете да користите и кутлача, т.е. црпалка), попрскајте ја со маслото за јадење и поклопете ја со вжештениот сач. Постапката се повторува сè додека не се потроши. Откако ќе се испече и последната кора, исечете го кашаникот
на парчиња во форма на баклава и поклопете го пак, сачот нека стои уште некое време за да се извари на еден начин. Послужете го со коцки биено сирење одозгора или само така.
читаj, гледаj, слушаj...
„SINNERS “ (ГРЕШНИЦИ)
„DEBÍ TIRAR MÁS FOTOS “ BAD BUNNY „ПОСАКУВАМ ДА СИ ТУКА“ ЏОДИ ПИКО
К
нигата е бестселер и на „Њујорк тајмс“и на „Сандеј тајмс“, од авторката на „Раскажувачката“ - најдобро продавано дело, исто така. Се работи за длабоко трогателен роман за издржливоста на човечкиот дух во моменти на глобална криза. Главниот лик - Дајана О’Тул има совршено испланиран живот: брак до триесеттата, деца до триесет и петтата, дом во предградието на Њујорк и успешна кариера во светот на уметничките аукции. Сè оди според планот - нејзиното момче Фин е подготвено да ù предложи брак за време на нивното романтично патување на Галапагос, токму пред нејзиниот роденден. Но, ненадејно избувнува вирус и Фин мора да остане во болница. Дајана, против својата волја, заминува сама. Работите веднаш тргнуваат наопаку: изгубен багаж, нема интернет, хотелот е затворен, островот е во карантин. Заглавена и отсечена од светот, Дајана е принудена да излезе од својот безбеден „балон“ и постепено се зближува со едно локално семејство, особено со една тинејџерка што крие тајна. Среде магичната природа на Галапагос, Дајана почнува да ги преиспитува сопствените соништа, љубовта и иднината. Дали ќе се врати дома како истата личност - или засекогаш променета? •
шампион е другото име на Тсолорикратен „DeBÍ TiRAR MáS FOToS“, шестиот студиски албум (од вкупно седум) на портори-
канскиот пејач (рапер) Бед Бани, поради тоа што му беа доделени три награди „греми“ на годинашното 68. издание - прогласувајќи го за најдобар во три категории. Без оглед на фактот дека беше промовиран лани (5 јануари 2025), со иста жар се слуша и натаму. Квалификуван како регетон, албумот спојува повеќе различни елементи на традиционалната порториканска музика со која Бед Бани растел - бомба, салса, плена, хибаро. Забележливо е влијанието и на другите стилови како во „Un Verano Sin Ti“ (2022) и покрај тоа што се смета за продолжение на „Nadie Sabe Lo Que Va a Pasar Mañana“ (2023). Тематската разнообразност ја вклучува и политичката ситуација во Порторико, сериозните проблеми на граѓаните, кои произлегуваат од неа, меѓу нив и гентрификацијата и губењето на културниот идентитет. Соработката со RaiNao („Perfumito Nuevo“), „Chuwi“ („Weltita“), Omar Qourtz и Dei V („Veldá“), „Los Pleneros de la Cresta“ („Café con Ron“) во голема мера се должи на истите гледишта, разбирања на нештата, која придонесува за квалитетот на заедничките песни (четири на број) и албумот воопшто, без исклучок на останатите 13: „Nuevayol“, „Voy a Llevarte Pa’ PR“, „Baile Inolvidable“, „El Clúb“, „Ketu Tecré“, „Bokete“, „Kloufrens“, „Turista“, „Pitorro de Coco“, „Lo que le Pasó a Hawaii“, „Eoo“, „DTMF“, „La Mudanza“. •
оминациите за наградите „Оскар“ , вкупНсе одржи но 16, чија церемонија на доделување ќе на 16 март (00:00–03:00), се само
една од многуте причини да го гледате, ако веќе не сте го сториле тоа. Ѕвезда на филмот секако е главниот актер Michael B. Jordan што игра две улоги - Elijah „Smoke“ Moore и Elijas „Stack“ Moore, инаку браќа близнаци. Дејството се одвива во 1930-тите, опфаќајќи повеќе локации во државата Мисисипи. Откога ќе одлучат никогаш повеќе да не работат за чикашката мафија позната како „аутфит“, воените ветарани по седум години се враќаат во родниот град - нивната цел е јасна: да почнат одново, но сепак со пари кои нечесно ги заработиле, соработувајќи со криминалното подземје. Наместо да се посветат на работата во пиланата каде што нема место за бескрупулозни методи на кои се навикнале во Чикаго, за жал и во Кларксдејл се соочуваат со сериозни проблеми, опасности, зла. Музиката е на Ludwig Göransson. За снимањето на филмот се потрошени околу 100 милиони долари, а заработката досега е повеќе од тројна. • Жанр: хорор-филм Актери: Michael B. Jordan, Hailee Steinfeld, Miles Caton, Jack O’Connell, Wunmi Mosaku, Jaume Lawson, Omar Benson Miller, Delroy Lindo Режија: Brady Corbet
03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
47
| HI TECH
Патничко летало
ВРАЌАЊЕТО НА ПРАКТИЧНИОТ „ДОРНИЕР 328“ ПРИВАТНИТЕ ЛЕТАЛА СО ОКОЛУ 15 СЕДИШТА ЧЕСТО СЕ СИМБОЛ НА ПРЕСТИЖ, НО ПОСТОЈАТ И ПОПРАКТИЧНИ АВИОНИ ШТО МОЖАТ ДА СЛЕТУВААТ НА РАЗЛИЧНИ ПОДЛОГИ. ЕДЕН ОД НИВ Е „ДОЈЧЕ ЕРКРАФТ Д 328 ЕКО“, КОЈ НАСКОРО ЌЕ БИДЕ ПРЕТСТАВЕН.
К
он крајот на 80. години од минатиот век, компанијата-конструктор на воздухополови Дорниер влегува во завршна фаза од развојот на повеќе наменски авион со средна големина, со должина на фуселажот (трупот) и распон на крилата од околу 20 метри. Моделот „до 328“ за првпат полета во 1991 година со што започна неговото сериско производството. Првично конструкторите вградуваа турбоптоп мотори, а подоцна следеше и турбофан мотори со кои „328 џет“ (1996 год.) достигнуваше крстосувачка брзина од околу 400 јазли (750 км/ч). Последниот авион од оваа серија со ознака „328“ е произведен во 2005 година. Бидејќи „дорниер 328“ се покажа како исклучително практичен авион, компанијата Дојче Еркрафт пред неколклу години ја започна иницијативата за негово модерно враќање. Подготовките се при крај, првиот лет се најавува во текот на годинава, а сериското производство и продажбата се планирани за третиот квартал од 2027 година, според најавите на компанијата и магазинот Флајт Глобал. Новиот модел не го носи целосното име „дорниер“, односно ја има само почетната буква „д“ потоа следи веќе познатата бројка „328“, но на крајот следат три букви „еко“ кои јасно кажуваат за современиот начин на изработка и сето тоа во служба на зачувување на животната средина.
48 03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
Конструкторие ја нагласуваат намалената потрошувачка на гориво во однос на денешните авиони од класата. За разлика од првата генерација „328“, новата е подолга за околу 2,1 метар и има вкупна должина од 23,3 м. Според производителот, авионот ќе располага со 40 + 2 седишта (патници, плус пилот и копилот), и е наменет за средни растојаниа, на пример летови од Скопје до Варшава, Братислава, Прага, Будимпешта, Виена или Рим. За останатите одредишта како до Женева, Мадрид, Берлин, Осло, Хелсинки, Амстердам, Лисабон итн. потребно е слетување и дотур на гориво. Моделот „д 328 еко“ прелетува 1.250 км со 40 патници, пилот и копилот. Патничката кабина е долга 12,4 метри, висока 1,86 м, и широка 1,82 м во подниот дел, со конфигурација од три седишта по ред. Со крила поставени високо на горниот дел од трупот, „д 328 еко“ може многу лесно да слетува и на тревнати или неасфалтирани писти (дури и среде пустина), што го прави исклучително употреблив во региони со ограничена инфраструктура. Планирани се повеќе верзии, патничкат, карго, медицинска (воздушна брза помош), воена изведба итн. Производствените погони во Лајпциг се подготвени за почеток на сериското производство, кое е планирано за 2027 година.
HI TECH |
Нагласивме дека „Д 328 еко“ може да прелета 1.250 километри со 40 патници, плус пилот и копилот, односно со полн капацитет. Сепак, можно е и алтернативно уредување на кабината. Доколку нарачателот побара поексклузивна конфигурација, патничкиот простор може да се преуреди со, на пример, 18 комфорни седишта со подобрен ергономски профил. Таквата варијанта би претставувала бизнис-изведба, наменета за повисок степен на удобност и приватност. Со намален број патници и можност за вградување дополнителни резервоари за гориво, оперативниот дострел би можел значително да се зголеми – од основните 1.250 километри на околу 1.700 или повеќе километри, во зависност од конфигурацијата. Сепак, во споредба со авионите со турбофан мотори, „Д 328 еко“ има една слабост – помалата брзина на летање. Додека авион со два турбофан мотори и должина на трупот од околу 20 метри достигнува крстосувачка брзина од приближно 800 км/ч (± 40 км/ч), максималната крстосувачка брзина на „Д 328 еко“ изнесува околу 600 км/ч. За цената на „дојче еркрафт д 328 еко“ како и за тоа дали ќе биде понудена изведба од типот „бизнис“ (или „прајват“), ќе треба да се почека 2027 година, кога е планиран почетокот на производството и продажбата. • Жарко Атанасоски
03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
49
| ИСТОРИЈА
Мерцедес – Бенц
СРЕБРЕНАТА ЅВЕЗДА СЛАВИ ТРИ ЈУБИЛЕЈА ТРИТЕ КРАЦИ ВО КРУГ СЕ ЗАШТИТЕН ЗНАК НА ДАЈМЛЕР ОД 1911 ГОДИНА. ПРИКАЗНАТА ЗАПОЧНУВА ПРЕД 140 ГОДИНИ, КОГА ГОТЛИБ ДАЈМЛЕР И КАРЛ БЕНЦ НЕЗАВИСНО КОНСТРУИРАЛЕ МОТОРНИ ВОЗИЛА, А ВО 1926 НИВНИТЕ КОМПАНИИ СЕ СОЕДИНИЛЕ.
Д
ваесет и шеста година од овој век и 26-тата година од минатиот век, разлика од точно 100 години. За автомобилската индустрија, овој век е значаен по договорот меѓу Готлиб Дајмлер и Карл Бенц да ги здружат силите и да ја создадат новата марка Мерцедес - Бенц. Тоа се случило во 1926 година, но соработката започнала две години порано, во 1924 година. По Првата светска војна економијата била на ниско ниво, а светска економска криза довела до пропаст на многу компании. Во такви услови Дајмлер и Бенц одлучуваат да се здружат, да работат со заеднички сили. До 1 мај 1924 година биле конкуренти, а во 1926 го потпишале договорот за обединување. Со основањето на новата компанија си обезбедиле каква таква сигурност во кризните времиња. Почетокот на заедничкото работење било спас за двете компании. Постои уште една важна година, 1886, кога Карл Бенц го патентирал трициклот („бенц патент моторваген“) со мотор сместен назад, под шифра „дрп - 37435“. Тоа е првиот патентиран автомобил во светот, па оттука Мерцедес-Бенц ја одбележува 140-годишнината од првиот автомобил. Значајна улога имала и Берта Бенц, која го заложила својот мираз за да го поддржи проектот. Во 1888
50 03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
година таа го реализирала првото долго патување со автомобил – од Манхајм до Пфорцхајм и назад, во должина од 194 километри, што претставувало и прва автомобилска „реклама“. КАКО ТРИКРАКАТА ЅВЕЗДА СТАНА АВТОМОБИЛСКА ИКОНА Во 1909 година, Готлиб Дајмлер на разгледница до својата сопруга нацртал ѕвезда со три краци, означувајќи го местото на својот дом, придружена со пророчки зборови дека еден ден таа ѕвезда ќе блесне над неговата фабрика и ќе донесе напредок. Визијата брзо прераснала во амблем, па истата година било поднесено барање за нејзина регистрација, а во 1911 таа официјално станала заштитен знак. Трите краци симболично ја претставувале моторизацијата на копно, вода и воздух, амбиција што ја надминува рамката на автомобилската индустрија и говори за технолошка доминација во сите сфери на движењето. Подеднакво интригантна е и приказната за името Мерцедес. Додека автомобилите на Дајмлер и на Карл Бенц го носеле презимето на своите основачи, клучната фигура што го обликувала новиот идентитет бил австрискиот бизнисмен Емил Јелинек. Вљубеник во брзината и редовен учесник на трките во Ница, Јелинек настапувал под псевдонимот „Мисје Мерцедес“. Незадоволен од перформансите на постојните модели, од конструкторот Вилхелм Мајбах побарал полесен, поширок и помоќен автомобил со пониско тежиште, визија што суштински ја дефинирала модерната автомобилска архитектура. Резултатот бил моделот „35 хп“ од 1901 година, првиот вистински модерен автомобил, именуван по ќерката на Јелинек. Неговата победа на трките во Ница не била само спортски триумф, туку и маркетиншка пресвртница: името „Мерцедес“ станало синоним за технолошка супериорност. Во 1902 година тоа и официјално било регистрирано како трговска марка, а по обединувањето во 1926 година се родил брендот Мерцедес-Бенц.
ИСТОРИЈА |
„Мерцедес - бенц 170 в“ (1946)
„Мерцедес - бенц 500 к спешл роудстер“ (1934 - 1936)
ТРКАЧКАТА ТРАДИЦИЈА ПРОДОЛЖИЛА СО МИТСКИТЕ „СРЕБРЕНИ СТРЕЛИ“ Легендата вели дека поради ограничувањето од 750 килограми, инженерите ја отстраниле бојата од болидите, оставајќи го алуминиумот да блесне во својата природна сребрена нијанса. Победата што следела ја запечатила бојата како дел од визуелниот код на марката. Прв модел од Мерцедес кој постигнал сериозни продажни резултати е моделот 170V, произведуван од 1936 до 1953. Тоа е целосно нов модел, заменик на моделот „170“ (1931 - 1936), а тоа „v“ покрај трицифрениот број всушност е кратенка од германскиот збор „ворн“ односно „напред“ на македонски. Тоа „напред“ укажува каде е сместен моторот. Овој модел е многу значаен за компанијата и за нејзината финансиска стабилност. За време од 18 години, со пауза од 1942 до 1945 (поради Втората светска војна), компанијата успеала да произведе над 140.000 примероци, најмногу како берлина, но и кабриолети и камионет изведби.
„Мерцедес - бенц г класа“ (1979) Емил Јелинек
Берта Бенц управува со „бенц патент моторваген“
„Е класата“ тоа е вториот модел којшто предизвикал вистински пораст на производството. Тоа е еден од најпродаваните модели од Мерцедес. Иста приказна испишува и моделот „ц класа“, најнапред со супер успешниот модел „190“ кој направи конкуренцијата да се праша каде погрешила во плановите. Светската премиера е одржана во 1982 годina за време на Салонот за автомобили во Париз. Многу посакуваниот модел го произведувале до 1993, а потоа на сцена стапува замената „класата „ц“ (1993 - ). Врвот од овој модел го сочинуваа изведбите „190 е 2.3-16“ и „190 е 2.5-16“, многу ценети од милиони поклоници на спортските автомобили. Од 1993 година, ц-класата ја продолжи оваа традиција, а заедно со „190“ надмина 10 милиони продадени примероци, потврдувајќи ја својата глобална привлечност.
03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
51
| ИСТОРИЈА
Кога зборуваме за продажбата, денес најпродаван е сув моделот „глц“, но не заостануваат ни „ц класата“. Уште еден модел од Мерцеде - Бенц што пишува историја е „г класата“, односно „гелендеваген“ или „теренско возило“ на македонски. „Г класата“ е омилена како армиско, но и како туристичко возило, бидејќи лесно совладува секакви терени и се одликува со долговечност. Штом зборуваме за успешните Мерцедесови модели мора да ја спомнеме и „с класата“. И покрај тоа што овој модел е на врвот во семејството, познат по удбноста, врвниот луксуз и високата цена, сепак е најпродавната лимузина во светот, се разбира, во својата класа. Денес светот многу повеќе се интересира за сув возилата отколку класичните лимузини, па затоа моделите „глц“ и „гла“ се најпродавани во 2024 и 2025, додека „ц класата“ и „е класата“ го изгубија приматот. Оваа марка исто така е позната во светот по автомобилите со дизел-погонски единици, кои кај нас се најпродавани. Слободно можеме да кажеме дека над 98 отсто од македонските купувачи на автомобили од марката Мерцедес - Бенц, се сопственици на изведби со дизел мотори. И сега да откриеме една „тајна“, славеникот на трите јубилеи е првиот производител во светот кој на купувачите им понудил автомобил со дизел мотор, тоа е моделот „260 д“ произведуван од 1936 до 1940. Ако зборуваме за супер луксузни модели, тогаш неизоставно мора да ги спомнеме „500 к“ (1934–1936) и наследникот „540 к“ (1936–1943). Тие се тешка класика од купе-моделите со беспрекорен дизајн и луксуз, и за тоа време, но и денес. Некои ретки изведби од овие два модели на аукции достигнуваат цена од околу 10 милиони евра. Рекордна цена постигна моделот „300 слр“, произведен во 1955 година, кој во 2022 година беше продаден за рекордни 142 милиони евра. За споредба, моделот „300 сл гулвинг“ чини околу 1,35 милиони евра. Тука е и супер луксузниот и престижен „модел 770 гросер мерцедес“.
„Мерцедес - бенц е класа“ (1985)
52 03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
„Мерцедес - бенц сл“ (1992)
Овој модел, произведен во 205 примероци од 1930 се до 1944 год. на јавните аукции достигнува цена од 1,3 до 3,0 милиони евра за одржувани примероци, а доколку автомобилот бил во сопственост на политичка или аристократска личност, цената се искачува над 10 милиони евра. Денес најскапите нови примероци се оние со натписот „мајбах“, а ништо поевтини не се ни спортските купе-модели, особено отворените (кабриолетите). Кај нас два модели никогаш нема да бидат прежалени, легендарната „190“ и „е класата“ („в 124“, односно тоа „в“ е двојно во латиничната азбука). И за крај да ги спомнеме тркачките модели, наследниците на „сребрените стрели“. Да потсетиме на трките од Формула 1 во 1954 година. Таа сезона Мерцедес беше дебитант со возачите Хуан Мануел Фанџо и Карл Клинг и на четвртата трка од шампионатот постигна победа 1 - 2, односно на француското ГП. И денес Мерцедес е присутен во трките од „најбрзиот циркус“ и, секако, нековите болиди се во сребрена боја, често надополнета со боите на спонзорите. На пример, за сезоната 2026 болидот во основа е сребрен, но со големи црни и зелени полиња. Приказната за тркачките подвизи на Мерцедес е исто толку богата како и онаа за сериските автомобили, но за неа ќе пишуваме во некое друго издание, кога ќе збориме за спортско-тркачката дивизија наречена АМГ и нејзиното припојувањето во семејството на Мерцедес. • Жарко Атанасоски
ТРАНСПОРТНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА НЕ МОРА ДА БИДЕ КОМПЛИЦИРАНА. TSTrader го дигитализира целиот процес: Брза и сигурна обработка на транспортни нарачки Интеграција со СОЦДАД и НКТС 5 Поврзување со магацинско работење Едноставно управување со декларации Усогласено со сите регулаторни барања
Закажете бесплатна консултација и презентација на contact@semos.com.mk 02 2465 900
03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
53
| ОЛДТАЈМЕРИ
Застава 750
РЕСТАВРАЦИЈА ВЕРНА НА ОРИГИНАЛ ПРОИЗВЕДУВАН ВО ПЕРИОДОТ ОД 1955 ДО 1985 ГОДИНА ВО ТОГАШНИТЕ ЗАВОДИ ЦРВЕНА ЗАСТАВА КАКО ЛИЦЕНЦА НА ПОПУЛАРНИOТ МOДЕЛ FIAT 600, МОДЕЛОТ ZASTAVA 750 БЕШЕ ПРЕСУДЕН ФАКТОР ЗА ШИРОКАТА МОТОРИЗАЦИЈА ВО СФРЈ, А ВО ОВИЕ ВРЕМИЊА СТАНУВА СÈ ПОПРИВЛЕЧЕН ЗА МЛАДИТЕ АВТОМОБИЛСКИ ЕНТУЗИЈАСТИ.
В
о 1955 година во Крагуевац започна сериското производство на популарното возило за широките народни маси моделот Zastava 750 во народот познат како „фиќо“. Моделот се произведувал речиси 30 години, на почетокот со мотор од 750 cm³, а во 1980 година на Саемот за автомобили во Белград претставена е варијантата со зафатнина од 850 cm³, која паралелно со послабиот мотор се произведува до крајот на 1985 година. Автомобилот се одликува со мала декларирана потрошувачка на гориво од околу 6 литри (во практиката беше многу поголема). Иако евтин и прифатлив за одржување, сепак беше предмет на разни шеги и исмевања во популарната култура на живеење во тогашна Југославија. Но времињата се сменија и моделот сè повеќе го нема во секојдневниот сообраќај и како таков е сè поредок и прифатлив за реставрација кај младите ентузијасти за возилата на Застава. Таков е примерот што ќе го опишеме. Сосема случајно наидов на модел застава 750, популарно наречен „фиќо“ во скопската населба Карпош 4, кој беше направен во стилот на популарната реплика на FIAT 600 ABBARTH. Сопственик на ова возило е Трајко Ристовски. Моделот е вистински раритет реставриран до последно шрафче, а набавувани се нови делови од разни набавувачи за што, како што вели Трајко, поседува и фотографии од целиот процес на реставрација. Инаку, Трајко директно учествувал во реставрацијата на вакви модели на Застава што и ден-денес се интересни во светот на олдтајмерите, а вели дека некои сопственици ги продале и надвор од нашата земја.
54 03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
Кулата „Bayterek“
Како започнал целиот проект? Возилото е купено од Пробиштип во 2018 година, а сосема случајно го нашол негов пријател, кој веднаш го известил за пронајдениот модел со популарните каубојски врати... Трајко не се двоумел многу, го зел синот Петар од градинка и заедно се упатиле кон Пробиштип и го купил возилото. Автомобилот бил однесен на целосна и темелна реставрација, како на каросеријата, така и на сите други механички и витални делови, во која учествувал и тој, при што резултатот е очигледен (се гледа на фотографите). Моделот е произведен во 1967 година, инаку популарно наречен „контраш“ со зафатнина на моторот од 750 cm³ и 27 КС, а фабрички вградените италијански делови целосно се заменети (подвозје, пренос, дихтување на мотор, ремонт, целосно крпење и боење на каросеријата, нови алу фелни, како и тапацирање на седиштата). Крајниот резултат е модел што изгледа како да е излезен од некоја временска капсула. Возилото е многу интересно, буди спомени за некои безгрижни времиња, а посебно е интересен кај младите што обожаваат да се сликаат кога возилото е украсено со разни светилки и новогодишни украси, особено околу новогодишните и божиќните празници, каде што со него се симулира доаѓањето на Дедо Мраз и делењето на новогодишните пакетчиња пред училиште или градинка... Трајко упати срдечни поздрави до АМСМ Клуб Мобилити, притоа изразувајќи желба во иднина да бидеме дел од некој од претстојните собири на љубителите на ретровозила. • Андријан Трипунов
Колумна своерачно
АЛЕКСАНДАР ТАБАКОВСКИ
ТРКИ И ВОЈНИ НИЗ МЕДИУМИТЕ МОЖАТ ДА СЕ ЗАБЕЛЕЖАТ ШПЕКУЛАЦИИ ЗА ОДРЖУВАЊЕТО НА ТРКИ НА НОВИ ЛОКАЦИИ, КАКО И ДРУГИ СПОРТСКИ НАСТАНИ КОИ ТРЕБАШЕ ДА СЕ СЛУЧАТ ВО РЕГИОНОТ НА БЛИСКИОТ ИСТОК, НО НЕ И АНАЛИЗИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ МИР И ВРАЌАЊЕ НА НОРМАЛНИОТ ЖИВОТ.
К
ако во маѓепсан круг, луѓето постојано се жалат дека животот се влошува, односно ги воспеваат „добрите стари времиња“. Факт е дека новото време тече навистина брзо, а за тоа се заслужни и дигиталните технологии: денеска пораки меѓу два краја на светот може да се разменат преку неколку различни платформи, додека во минатото писмата патувале со месеци. Ваквиот брз живот несомнено влијае и на нашата емоционална страна, каде што секој се грижи само за своите нешта и не се интересира за коренито решавање на проблемите. Така е и сега, кога никој не прашува дали ќе има мирен и безбеден крај на конфликтот, туку дали ќе има трки и каде? Една земја која што е во војна, не може да биде во исто време организатор на спортски настан, а Формула 1 по тоа прашање беше јасна кога ја укина трката за Големата награда на Русија. Во случајов, повлијаени се само трките на Блискиот Исток, но ниту една од засегнатите земји не е директен учесник во конфликтите. Природата на конфликтот не е наивна и во регионот со години имало дестабилизации, но сепак желбата да се стимулира туризмот и бизнисот во овие земји ги привлекоа спортските организатори. Дали Формула 1 има алтернатива? Трките на Блискиот Исток може многу брзо да станат минато, како што претходно тоа се случи со оние од Далечниот Исток. Во првата декада од ова столетие бевме сведоци на трки во Јужна Кореја, Индија и Малезија, а во Мото ГП кон нив се приклучија и Тајланд и Индонезија. Тие автодроми постојат и ги исполнуваат условите за одржување на трки, исто како и Турција. Проблемот не е во недостатокот на инфраструктура, туку во организациските лиценци и концесии кои треба да се платат за да се добие статус на локален промотер на една трка. Веќе подолго време се градеше нов автодром во Казахстан, каде што Мото ГП требаше да се вози во 2023 година, но тогаш се доцнеше со хомологацијата на патеката. Во 2024 година теоретски може
да се постави и прашањето дали САД се безбедни за одржување на трка кога се инволвирани во воен конфликт, но тоа би значело и поместување на уште три настани од календарот, што не оди во прилог на спортот. Европа е „лулката“ на овие трки уште од самото нивно појавување во 1950 година, но токму желбата да се привлечат европските туристи прави трките да се организираат во земји далеку од Стариот континент. Мексико и Бразил се дел од календарот и се чини дека нема други заинтересирани страни за проширување. Ако повторно погледнеме кон МотоГП, тие имаа искуство со Аргентина, но сепак не успеаја да направат таа соработка да трае на долг рок. САД веќе имаат три места во календарот, па реално само Канада би можела да биде –локација на која некои промотери би можеле да се охрабрат да започнат нов проект. Во Кина и Јапонија постојат други автодроми и мотодроми каде што се возат трки од пониските категории на моторспорт, но како нова локација се спомнуваше само Виетнам, но тие гласини замреа за време на глобалната пандемија. Оттука, мојот заклучок е дека не постојат брзи решенија и потребна е темелна ревизија на календарот со цел да се има достоинствено светско првенство. Спринт трките беа додадени во шоуто, но за мене лично прашање е колку тие бодови се компатибилни со оние освоени од главните трки. Да илустрирам, во скијањето се даваат посебни трофеи за слалом и за велеслалом, но има и Кристален глобус за најдобриот во сите дисциплини. Повеќе од јасно е дека на светот му е потребна Африка како организатор на настани, а на спортот модернизација на спортскиот и натпреварувачкиот дел, со цел да не се трупаат само нови автодроми кои на долг рок не можат да ги исплатат лиценците и концесиите, туку диверзификација и на трките бидејќи актуелниот бизнис модел, го достигна својот лимит со 24 трки годишно.
03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
55
| СПОРТ
Светско првенство во Формула Е
ЛЕСНО, ПОЛЕСНО И КОМПЛИЦИРАНО ОТКАКО ПРВИТЕ ТРИ ТРКИ ДОНЕСОА ТРИ РАЗЛИЧНИ ПОБЕДНИЦИ, „ДУПЛЕКСОТ“ ОД ДВЕ ТРКИ ВО САУДИСКА АРАБИЈА БЕШЕ ШАНСА ЗА ФАВОРИТИТЕ ДА СЕ ЗАКОТВАТ НА ВРВОТ.
Т
рките во Сао Паоло, Мексико Сити и Мајами уште еднаш покажаа дека Формула Е е непредвидлива до максимум, па на победничкиот пиедестал се вратија имиња како Џејк Денис (Андрети), Ник Касиди (Ситроен) и Мич Еванс (Јагуар). Со други зборови, барем на стартот од сезоната немаше сигнали дека актуелните шампиони од Нисан ќе ја доминираат и оваа сезона, иако болидот со број 1 во рацете на Оливер Роуланд на првите две трки се најде на подиумот како второпласиран (Бразил) и третипласиран (Мексико). Во Саудиска Арабија нештата повеќе наликуваа на она што претходно беше видено во Мајами, каде што Јагуар по долго време се врати со победа, а Порше го следеше во чекор. На првата трка Јагуар не изгледаше најдобро подготвен со 7 и 10 место во квалификациите, а наспроти тоа во тренинзите се наметнаа и возачи како Мортара (Махиндра) – кој ја освои и пол позицијата, но исто така и Гунтер (Пенске) и Нато (Нисан). Во трката, Мортара имаше слаб старт, па Нато ја поведе трката, а по неколку промени – Паскал Верлен по излегување од боксот се најде во водство и успеа да го задржи до крајот. За возачот на Порше ова беше јубилеен 100. настап во Формула Е, крунисан со деветта победа во кариерата. Зад него, Мортара го поправи впечатокот и успеа да покаже дека не случајно беше на врвот во текот на целиот викенд. Мич Еванс го комплетираше по-
56 03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
диумот со две престигнувања во последните кругови, со што уште еднаш го сврте вниманието кон Јагуар како тим што се враќа на врвот по тешката сезона минатата година. За втората трка следеше новата квалификациска сесија во која Мортара повторно доминираше од почеток до крај и уште еднаш ја освои пол позицијата. Во финалниот дуел тој го доби Џејк Денис (Андрети) со предност од само 37 илјадити делови од секундата, а во полуфиналето беше побрз од шампионот Роуланд. Овој пат Мортара го задржа водството, но групата од шест болиди на чело од колоната во која беа Денис, Роуланд и Да Коста возеше заедно со него во првите неколку кругови. Во тие моменти Верлен кој се квалификуваше на 11 место, успеа да дојде зад водечката група, односно на 7 место. Најголемото изненадување го направи ветеранот Себастијан Буеми кој од шестото место го презема водството по 10 круга од планираните 30, а единствен кој отпадна од водечките беше Џејк Денис кој имаше дефект на гумата. Веќе во 20 круг имаше нова промена на врвот, откако Роуланд, а потоа Да Коста се најдоа во водство. Буеми, Мортара и Еванс се позиционираа зад нив. Во тој период Да Коста почна да создава предност, но останатите не го следеа, а во негова корист беше и тоа што Мортара и Роуланд се допреа на излезот од еден свиок, па се исфрлија од ритамот. Буеми доби порака преку радио врската
СПОРТ |
дека неговите конкуренти веќе го искористиле „атак мод“, па тој во финишот притисна и успеа да издејствува второ место, по дуел со Роуланд кој дојде до третото место. Едоардо Мортара беше четврти, Тиктум и Марти од Купра на петто и шесто место, додека Еванс и Верлен на седмо и осмо. На табелата по пет трки води Верлен со 68 бода, а втор е Мортара кој иако нема победа, има собрано 62 поена. Овие двајца очигледно се профилираа во рани фаворити, но со големи шанси да ги стигнат се третопласираниот Роуланд со 49 бода, четвртиот Касиди со 48 бода и петтиот Еванс со 47 бода. Формула Е ќе продолжи на 21 март со трката во Мадрид, а потоа поради откажаните настани на Далечниот Исток ќе има нови трки дури во мај, по две во Берлин и Монако. • Александар Табаковски
03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
57
| СПОРТ
Светско првенство во Формула 1
СТАРИ ВЕСТИ, НОВИ НАДЕЖИ ОГРОМНИТЕ ПРОМЕНИ ВО ПРАВИЛАТА НА ФОРМУЛА 1 АКТИВИРАА ЛАВИНА КОМЕНТАРИ И БАРАЊЕ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРИЛАГОДУВАЊА, НО ПРВАТА ТРКА ВЕЌЕ ЈА НАЈАВИ СЕЗОНАТА.
М
ерцедес ја оправда улогата на фаворит која му беше доделена по првичните претсезонски тестирања, забележувајќи убедлива „еден-два“ победа со која потсети на 2014 година и преземањето на приматот во спортот, градејќи доминација што траеше речиси цела деценија. Првиот гран при викенд беше оптоварен не само од шпекулациите за перформансите, туку и за начинот на кој можеби календарот ќе мора да биде променет поради воените акции на Блискиот Исток. Сепак, резултатите на виделина исфрлија дека Мерцедес и Ферари се чекор понапред од останатите, но квалификациите понудија и аргументи за „топ 10“ перформанси и на Ред Бул, Мекларен, како и Рејсинг Булс и Ауди иако заостануваа повеќе од секунда. Во трката, Шарл Леклер издоминира на стартот, што беше протолкувано како подобро приспособени батерии за старт на електромоторот, додека голем број од другите пријавија проблеми по стартната процедура. - Момци, вие не бевте бавни! Вие не бевте бавни, туку оплескавте нешто во третата квалификациска сесија,- му рече Џорџ Расел на Шарл Леклер во „чекалната“ пред да се искачат на подиумот. Овие зборови беа вистинити, бидејќи разликата мeѓу нив во квалификациите флуктуираше од четири до осум десетинки (зависно која сесија ќе се анализира), но во трката тоа се покаже недоволно. Леклер го презеде водството на првиот свиок и до десеттиот круг тој и Расел неколку пати си ги сменија позициите, а оној што ќе се најдеше на второ место благодарение на дозволените решенија за
58 03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
поттикнување на престигнувањата, успеваше да се врати со контранапад. Ваквите константни промени на првите две позиции му дозволија и на Хамилтон, кој претходно се бореше со Линблад и Аџар, да ги достигне и да се вмеша во борбата за место на подиумот. Но тогаш се случи дефектот на Аџар, поради што беше имплементирано виртуелно возило за безбедност, а двата болида на Мерцедес го искористија тоа за да направат ран пит-стоп. За разлика од нив, Ферари остана на патеката и „ги осуди“ двајцата возачи на иста стратегија, поради што преку радио- врската беа критикувани од Хамилтон. Кога црвените болиди конечно влегоа во бокс, Расел и Антонели го окупираа челото и не испуштија шанса да донесат нов двоен триумф, кој е 61. во нивната тимска историја. Леклер, кој прв влезе во бокс, стигна трет, додека Хамилтон, кој најдолго остана со првиот сет на гуми, дури во финишот повторно се приближи до тимскиот колега. - Попладнево не се одвиваше како замислувавме, но на крајот победата е мошне слатка! Му честитам на целиот тим, завршија неверојатна работа и оваа победа е за сите нив. Имавме тежок и хаотичен старт, за потоа како јо-јо да се менуваме на врвот. Можеби можев поитро да ја користам енергијата, прво за да се одбранам, а потоа и да го престигнам. Тој дуел изгледаше стресно одвнатре, но се надевам дека претставуваше добро шоу за навивачите,- изјави победникот, Џорџ Расел од Мерцедес. - Ова беше добра трка за спортот, бидејќи во пресрет на новата
СПОРТ |
сезона имаше премногу песимистички коментари. Мислам дека првите десет круга беа најинтересните што сум ги видел во последните десет години, и тоа не го велам поради тоа што беа инволвирани и нашите болиди. На крајот, третото и четвртото место се добар резултат за нас. Видовме во квалификациите дека постои одредено заостанување во перформансите и ова беше најдобриот можен резултат денеска. Околу стратегијата, решивме да не ги повикаме возачите при виртуелното возило за безбедност, бидејќи бевме фокусирани на нашата оптимална стратегија. Бевме изненадени, би рекол и ние и Мерцедес, од долгиот живот на гумите, додека при второто имплементирање на возилото за безбедност, еднос-
тавно бевме несреќни со тајмингот, бидејќи влезот во боксот беше затворен токму кога нам ни одговараше да одиме на пит-стоп. Ќе се фокусираме на следната трка, но можеме да бидеме позитивни, бидејќи знаеме каде треба да се подобриме, но знаеме и дека нема да биде лесно,- порача по крајот на трката тимскиот шеф на Ферари, Фредерик Васер. Изненадување на денот беше Исак Аџар, кој најпрво дојде до третото место на стартот, за потоа и да тргне фантастично. За разлика од тимскиот колега Макс Ферстапен, тој стигна до третото стартно место, но настаните подоцна му го загорчија животот. - Исак имаше фантастичен викенд, со оглед на тоа дека имаше прилично ограничена километража на тестирањето. Од првиот круг тренинзи во петокот, Aѓар започна со вистинско темпо. Успеавме да ја поделиме програмата за тестирање помеѓу автомобилите, да добиеме двојно повеќе информации. Тој влезе во квалификациите со сè, за првпат со овие правила и го освои третото место, што е веројатно највисоко што можеше да биде во саботата. Значи, капата долу, навистина, и во трката, тој беше на пат да има мега старт пред да сфати дека немаме полнење на батеријата и мислам дека темпото ќе беше доволно добро за да се бориме со Мекларен. Наша одговорност е да ја избегнеме таа ситуација. Бевме затекнати од некои ограничувања во начинот на полнење и празнење на батеријата во формацискиот круг. Ако сме единствените што сме затекнати од тоа, тоа значи дека не сме завршиле многу добра работа. Во основа, со необичното однесување што возачите треба да го имаат
03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
59
| СПОРТ
во формацискиот круг, со забрзување, сопирање, забрзување, сопирање за загревање на сопирачките, за загревање на гумите итн., завршивме во точка каде што повеќе не можевме да ја достигнеме вистинската состојба на полнење за почетокот на трката. Моравме да го зголемиме тоа ниво на батерија во текот на првиот круг, што очигледно не беше пријатно,- објасни тимскиот шеф на Ред Бул, инженерот Лорен Мекис. Можеби Ред Бул немаше старт од соништата, но беше далеку од ноќната мора што се случува во Астон Мартин со Хонда. Ако во август минатата година Тото Волф од Мерцедес им предвидуваше бавен и „болен“ развоен пат, сега предводникот на победничкиот тим ги ослови како „репер“. Од друга страна, по трката Волф одби да ја коментира конкуренцијата, но призна дека го гледа својот тим како кандидат за шампионската титула. - Најважно од сè, навистина се чувствувам... Има толку многу задоволство што го чувствувам во тимот во моментов. Имавме толку голема победничка серија со осум титули, а потоа и многу тешки години. Сè уште победувавме на трки и завршувавме втори во шампионатот, но солидна „еден-два“ победа прави да чувствувате дека имате сезона пред себе во која можете да се борите за светска титула. Тоа го немавме подолго време, па затоа веројатно сте поблагодарни кога ќе се вратите на ваков начин, откако ги познавате тешките години и едноставно продолжувате. Затоа сум многу среќен за сите,- гласи изворниот коментар на предводникот на „сребрените стрели“.
ТРКИТЕ ВО БАХРЕИН И САУДИСКА АРАБИЈА СЕ НЕИЗВЕСНИ Поради воените случувања на Блискиот Исток, многу закажани спортски настани се соочуваат со откажување. Проблем претставуваат авионските врски во регионот, но и безбедноста на учесниците. Светската серија во трки на издржливост веќе ја откажа својата рунда во Катар, додека Формула 1 сѐ уште нема официјална одлука за трките кои следуваат по ГН Кина и Гн Јапонија. Трката во Бахреин е закажана за 12 април, а трката во Саудиска Арабија треба да се одржи следниот викенд. - Како претседател на ФИА, моите мисли се околу сите оние кои се повлијаени од неодамнешните настани на Блискиот Исток. Длабоко сме ожалостени поради загубата на човечки животи и ги поддржуваме семејствата и заедниците кои имаат последици од дејствата. Во овие моменти на несигурност, се надеваме на смирување, безбедност и враќање кон стабилноста. Дијалогот и заштитата на цивилите мора да остане приоритет. Постојано сме во контакт со нашите членки и промотерите, следејќи го развојот на настаните. Безбедноста и добросостојбата ќе нè водат при носењето на одлуки за претстојните трки. Нашата организација се темели на заедништво, кое сега е поважно од кога и да било,- напиша Мохамед бин Сулајем, претседателот на ФИА. Локациите како Имола и Алгарве, кои беа дел од календарот на Формула 1 во минатото, се спомнуваат како можни замени, доколку Формула 1 реши да прави измени во календарот. За тоа да се случи, потребно е домаќините кои имаат валиден договор за организација да ја известат ФИА дека не постојат услови за одржување на трките.
Веќе следниот викенд возачите ќе имаат нова рунда, за трката за Големата награда на Кина. Во моментов Расел и Антонели водат на табелата, но сите со нетрпение ја очекуваат втората рунда за да видат со што ќе може да се справи Макс Ферстапен, кој на оваа трка имаше лошо искуство со извртување во првата сесија од квалификациите, па од последното место стигна до шестата позиција. • Александар Табаковски
60 03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
СПОРТ |
WRC – Рели Шведска
ПОЧЕТОК НА ПОХОДОТ ПО ТИТУЛА
ЕЛФИН ЕВАНС ПО ТРЕТПАТ ВО СВОЈАТА КАРИЕРА ЗАСТАНА НА НАЈВИСОКОТО СКАЛИЛО ОД ПОБЕДНИЧКИОТ ПОДИУМ НА РЕЛИТО НА ШВЕДСКА. ВОЕДНО, ЈА ПРЕДВОДЕШЕ ИСТОРИСКАТА 1-2-3-4 ПОБЕДА НА TOYOTA НА ЕДИНСТВЕНОТО СНЕЖНО РЕЛИ ВО СВЕТСКИОТ ШАМПИОНАТ.
03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
61
| СПОРТ
С
о победа на релито на Шведска, Елфин Еванс го означи почетокот на својот поход по годинешната титула. Откако минатата година таа за малку му се лизна од раце, годинава Велшанецот е решен да ја зграпчи. Еванс и совозачот Скот Мартин победија и лани, а првпат во Шведска славеа во 2020 година. Годинава, воедно, беа предводници и на историска 1-2-3-4 победа за Toyota, победа која не се случила во поновата историја на ова снежно рели. Секако, ги паметиме победите 1-2-3 на Ford во 2008 и во 2010 година, но годинава Toyota напиша нов прирачник за ова рели. Сепак, ако се вратиме подлабоко во историјата, ќе забележиме дека 1-2-3-4 победа има и Audi, освоена во далечната 1983 година. Така, после цели 43 години, Toyota го изедначува рекордот кој останува предизвик за останатите производители во светот на релито. Ова не е прва ваква победа на едно Рели за Toyota, јапонската марка ги има уште три во формат 1-2-3-4, и тоа на релито на Кенија во 1993, 2022 и 2023 година. Стартот на релито на Шведска се очекуваше со нетрпение, најмногу поради новата ѕвезда во Светскиот шампионат, Оливер Солберг. Откако ги „смете“ противниците на отворањето на сезоната, поточно на Релито на Монте Карло, остана да лебди прашањето дали ќе го повтори истиот подвиг и на својот домашен настан. Меѓутоа, иако очекувањата беа големи, тоа не се случи. Солберг блесна на отворањето на релито во четврток навечер кога ги освои своите сонародници со победа на специјалниот брзински испит и го поведе релито. На кусата супербрза делница од 10 километри, Солберг го победи Еванс за 3,8 секунди, додека Катсута и Пајари се наредија зад Велшанецот. Toyota на старт го поведе релито со освојување на четирите највисоки позиции.
WRC2 – ФИНСКО ТРИО НА ВРВОТ ВО ШВЕДСКА
Ропе Корхонен зад волaн на Toyota GR Yaris, ја забележа својата прва победа на релито на Шведска. Откако минатата година заврши втор, годинава Корхонен покажа дека е сила на која треба да се смета во категоријата WRC2. Го поведе релито од почеток и не го испушти водството до крај, освојувајќи ја својата прва победа на еден снежен настан. Интересно е што најбрзите три екипажи на годинешното рели на Шведска беа од Финска. Категоријата WRC2 буквално ја одбележа фински подиум. Второто место го освои Тему Сунинен, исто така со Toyota GR Yaris, додека третото место му припадна на Лаури Јона, зад волан на Škoda Fabia RS. Иако блесна на отворањето на релито, првиот вистински натпреварувачки ден не му донесе ништо добро на младиот Швеѓанец. Како лидер во шампионатот , стартуваше прв на патеките покриени со свеж снег и веднаш почна да губи време. Улогата да го мете снегот за оние зад себе му зеде 9,6 секунди уште на првиот испит од денот, а веќе на вториот несреќата удри. На пет километри од целта, при висока брзина, задниот дел од автомобилот неочекувано лизна и Солберг се заби во снежниот брег крај патот, од каде излезе со дупната гума напред лево. Солберг продолжи, но притоа загуби половина минута во однос на победникот на испитот, Еванс. Овој несакан излет, всушност, делуваше како шамар за освестување на младиот Швеѓанец.
62 03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
Релито на Шведска доживеа пресвртница по овој настан. Катсута го поведе релито и го заврши денот како победник. Еванс заврши втор, но му дишеше во врат со заостанување од само 2,8 секунди. Трет денот го заврши Сами Пајари, додека на четврто место се нацрта Есапека Лапи, за кого годинава ова е прво рели во боите на Hyundai. Петти денот го заврши Адриен Фурмо, а Солберг беше шести. После одличното возење во петок, се очекуваше Катсута да го продолжи својот подем и во текот на саботата. Меѓутоа, тоа не се случи. Уште од првиот испит на денот, Јапонецот не можеше да најде ритам во својот автомобил. Чувствуваше како да нема доволно тракција и затоа не можеше во целост да му верува на автомоби-
СПОРТ |
лот. Му го предаде водството на Еванс уште на првиот испит од денот и продолжи да заостанува. На крајот од денот мораше да се задоволи со второто место и со 13,3 секунди зад водечкиот. Еванс покажа полна контрола над ситуацијата. Не беше секогаш најбрз, но успеа да ги сочува гумите и да го поведе релито со релативно комфорна предност во однос на Катсута. Пајари победи на два испити и се зацврсти на третата позиција, додека Солберг успеа да ги надвози Фурмо и Лапи и го заврши денот како четврти. Лапи падна на петата, а Фурмо на шестата позиција. Со три преостанати брзински испити, колку што стоеја во распоредот за во недела, последниот ден од релито, на Еванс му остана само да ја контролира ситуацијата од врвот и да не влегува во непотребен ризик. Сепак, виде шанса и победи на првиот испит од денот. На вториот испит од денот беше трет, со 0,07 секунди заостанување зад победникот Катсута, а на последниот испит од релито, Wolf Power, имаше безмалку идентично време со победникот Нојвил. Ова остварување му дозволи да собере 4 бода од специјалниот испит Wolf Power, но и 5 бода од агендата Super Sunday. Катсута не можеше да стори ништо во однос на својот тимски другар и на крајот мораше да се задоволи со второ место. Пајари без проблеми ја задржа третата позиција, додека Солберг, кој стигна до четвртото место претходниот ден, имаше за цел само да го заврши настанот.
Голема рокада на позициите во тимот на Hyundai. Фурмо заврши петти, а Лапи шести. На пред последниот испит од релито, Лапи забави со намера да го пропушти Фурмо. Така, предноста од 9,1 секунди од претходниот испит се претвори во дефицит од 12,5 секунди. Секако, во Hyundai негираат дека оваа акција на Лапи била директна наредба од тимот. Сепак, Лапи призна дека во тимот имало некаква дискусија околу можноста, но тој самиот одлучил во име на тимскиот дух. Логиката е јасна, реално, бодовите му се важни на Фурмо во шампионатот за возачи, додека на Лапи, кој вози ограничена програма и има за цел да го поддржи тимот, овие бодови му се не важни. Победата во Шведска го исфрли Еванс на лидерската позиција во шампионатот за возачи. Тој сега има 13 бода повеќе во однос на Солберг и 30 повеќе од Катсута. Ова го става во понеповолна позиција за старт на следниот настан, Сафари рели на Кенија, но Еванс не гледа така на работите. Тој смета дека, ако времето биде врнежливо, првата стартна позиција во Кенија може да биде и предност. Солберг на ова рели научи дека метењето на патеките е комплициран феномен во светот на релито. Вистината е дека тој во својата кариера до сега не се сретнал со ваков предизвик. Признава дека отворањето на едно рели може да биде сериозна пречка во борбата за добар пласман. Воедно, беше искрен и призна дека дури и без пехот што му се случи на третиот испит, тој во овие услови не би можел да се бори за победа. Со 60 освоени бодови од два настани, Еванс води пред Солберг, кој има 47 бода, и Катсута, кој има 30 бодови. Одличниот пласман на екипажите на Toyota, и во Монте Карло и во Шведска, им дозволи на Јапонците да поведат во шампионатот за производители со 117 бода, пред Hyundai, кој заработи само 66 бода. • Љубомир Анастасовски
03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
63
| СПОРТ
Светско првенство во Мото ГП
МАРКЕЗ СЕ ВРАТИ, НО НЕ ПОБЕДИ МАРК МАРКЕЗ ВО 2025 ГОДИНА ЈА ОСВОИ ТИТУЛАТА НА ДОМИНАНТЕН НАЧИН, ДОКАЖУВАЈЌИ ДЕКА ПОВРЕДИТЕ ОД МИНАТОТО ВЕЌЕ НЕ ГО СПРЕЧУВААТ ДА БИДЕ „ОНОЈ СТАРИОТ“, НО ОТКАКО ПОВТОРНО СЕ ПОВРЕДИ НА КРАЈОТ ОД СЕЗОНАТА, СО НЕТРПЕНИЕ БЕШЕ ОЧЕКУВАНО НЕГОВОТО НОВО ВРАЌАЊЕ ВО СЕДИШТЕТО.
И
ако досега мотоциклистичката сезона традиционално започнуваше во Катар, со исклучок на оние сезони под влијаение од пандемијата со Ковид-19, невообичаено една од трките која се возеше пред само четири месеци (27 октомври 2024 година), сега беше избрана да ја отвори новата кампања на 2 март 2025 година. Претсезонските тестови не донесоа најава дека распоредот на силите ќе биде променет, па така се очекуваше Дукати да ја продолжи доминацијата, а останатите ривали да се приближуваат постепено во текот на сезоната. Една од најголемите варијабили беше трансферот на актуелниот шампион Хорхе Мартин во Априлија, но неговата повреда на тестирањата на еден месец пред стартот првично беше толкувана како полесна и дека тој сигурно ќе ја започне сезоната, но на крајот тимот испорача соопштение дека тој ќе ги пропушти првите две поради нови околности. Во такви околности, сите погледи беа свртени кон Франческо „Пеко“ Бањаја и Марк Маркез, кои и пред четири месеци го имаа главниот збор на патеката во Тајланд. Очекувањата се потврдија, па дури и помладиот брат на Марк, Алекс Маркез, кој лани беше четврти, сега го искористи отсуството на Мартин и се позиционираше во борба за место на пиедесталот. Сепак, Марк Маркез беше оној што успеа да издоминира во квалификациите и во првата трка, а неговиот брат го следеше во чекор. - Се разбира дека денешните резултати беа важни, бидејќи очекувањата беа големи, јас се обидов да се потпрам на искуството и да
64 03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
не подлегнам на тие очекувања. На крајот нешто постигнавме, ги потврдивме очекувањата, имавме перфектен ден со освојување на пол позицијата и победата во спринт трката. Дополнително мојот брат беше второпласиран, па не можам да бидам посреќен од тоа. Сепак, ова е прва сабота од гран при викендот кој што е прв во цела сезона. Ситуацијата во спортот може да се смени од ден на ден. Денеска сум среќен, но не потполно, бидејќи знам дека утре имаме уште еден важен ден пред нас, - рече победникот Марк Маркез. Тој дополнително објасни дека одамна е „имун“ на создадената навивачка еуфорија и дека на денешните трки, им пристапува мошне рационално. - Во првата трка секогаш е тешко и колку и да се трудиш да се дистанцираш, секогаш постојат очекувања и желби. Првенствено не можеш да ги гледаш пораките од пријателите кои што ти кажуваат дека ќе победиш, ќе ги збришеш, бидејќи тоа не е вистина. Ова е светско првенство, секоја грешка скапо се плаќа. Се трудам да го правам истото што го правам на тестирањата. Доколку чувството е добро, притискам со цело срце, но доколку не гледам дека е како што треба, тогаш сум посмирен и само ги вртам круговите, - додава Марк. Од друга страна, „Пеко“ Бањаја кој лани ги посочи спринт трките како причина зошто Мартин успеа да му ја украде титулата, овој пат имаше друго објаснување.
СПОРТ |
МОТО ГП НЕМА ДА ЈА ЗАМЕНИ ТРКАТА ВО КАТАР Извршниот директор на промотерската компанија Дорна, која стои зад Мото ГП, Кармело Езпелета, одби да даде изричен одговор дали трката за Големата награда на Катар закажана за 12 април ќе биде откажана поради воените дејствија во регионот. - Дали имаме можност да ја одржиме на друга дата? Не се грижете, секогаш имаме „План Б“. Мора да почекаме, во овој момент не можам да кажам дека нема да одиме,- рече Езпелета пред трката во Тајланд. Тој најави дека промени во календарот се возможни, но ја отфрли можноста да ја користат градската патека во Мадрид каде што ќе се вози трката од Формула 1, бидејќи ги немала потребните безбедносни решенија за одржување трка со мотори. Од друга страна, најави дека Мото ГП од оваа година ќе се вози на улична трка низ Аделаида, при што ќе бидат запазени сите безбедносни стандарди.
Марко Безеки - Тајланд 2026
Марко Безеки - подиум Тајланд 2026
- Постојат научно докажани причини зошто ми оди послабо во спринт трките. Се обидувам да го разберам тоа, бидејќи единствено нешто што се менува во однос на главната трка е резервоарот за гориво. За спринт трките мора да биде помал согласно правилата. Но за мене тоа претставува промена на динамиката што ја има моторот и поради тоа имам проблеми при сопирањето и влезот во свиоците. Инженерите работат на тоа, се обидуваме да го решиме проблемот. Денеска одиме на вообичаен начин, но следниот пат ќе пробаме нешто поинакво. Кога стартувам на чело од колоната овој проблем помалку се чувствува, затоа што кога не сум во заветрина, можам да форсирам при сопирањето. Но кога имам некој пред себе, вообичаено сум заглавен околу 10 до 15 круга со една секунда разлика и не можам да престигнам. Проблемот е значителен и ние се обидуваме да го решиме,- гласи изјавата на поранешниот шампион. Но, истата ситуација се повтори и во главната трка. Со еден исклучок што овој пат Марк Маркез се пожали на притисикот на пневматиците и во средишницата на трката возеше резервирано на втората позиција, зад Алекс. Но, кога дојдоа последните неколку круга, тој со леснотија се врати во водство, додека Бањаја остана на трето место. - Немав никаква шанса да ги запрам. Се обидов, но беше како на филм: јас бев одзади и притискав да ги стигнам. Дадов сè од себе, но не бев ниту блиску да се обидам и да го престигнам Алекс. Марк
си поигруваше со нас цела трка. Откако рече дека имал проблеми со притисокот во пневматиците, кога требаше повторно да нападне за првото место, се одвои 2,3 секунди од мене во само три круга. Беше многу, многу побрз и јас морам да се подобрам и да сфатам во што е тој подобар од мене за да можам да ја намалам разликата. Следните два викенди, исто така,- ќе бидат добри за нив двајцата, но се надевам дека јас ќе бидам поблиску. Не сум тука за да финиширам на третото место, но сепак минатата година ја научив лекцијата и се обидувам да го освојам максимумот при пресметан ризик. Денеска само се обидував да управувам со ситуацијата бидејќи чувствував дека ризикувам за да завршам трет. Секојпат кога ќе се обидев да им се приближам, имав проблеми со предниот дел на моторот. Ова беше максимумот што можев да го направам. Следниот пат ќе се обидам да бидам втор, а потоа и прв. Ќе почнам да работам на сопствено штелување на моторот, како што правиме во саботите и со тоа да ја намалам нивната предност,- изјави Бањаја по неделната трка. Следна трка е Големата награда на Аргентина (16 март), а како дел од „прекуокеанската“ турнеја ќе биде и трката во Тексас (30 март). Големата награда на Катар (13 април) и трката за Големата награда на Шпанија ќе бидат вистинските мерила за распоредот на силите во новата сезона, а мотоциклистите ќе останат на европско тло до крајот на септември! • Александар Табаковски
03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
65
| АМСМ
VISA AMSM КРЕДИТНА КАРТИЧКА
ДВОЈНА СИГУРНОСТ НА СЕКОЕ ВАШЕ ПАТУВАЊЕ! Веќе знаете дека АМСМ картичките ви обезбедуваат VISA AMSM кредитната картичка важи три години од сигурност на пат при дефект во земјата и во странство, датумот на издавање, со можност за автоматско проно со VISA AMSM кредитната картичка добивате и допол- должување и месечна членарина од: нителна финансиска сигурност. На овој начин, со една 100 денари за VISA АМСМ Classic картичка, добивате двојна сигурност при секое ваше 200 денари за VISA АМСМ Europe Premium патување. Од кредитната картичка може да се откажете во кое Ко-брендираната VISA AMSM кредитна картичка од било време, само со поднесување писмено барање до Шпаркасе Банка, покрај бесплатната помош на пат, ви банката. овозможува и други поволности: Аплицирајте за VISA AMSM кредитна картичка брзо и Финансиска поддршка – кредитен лимит до лесно ОНЛАЈН преку www.amsm.mk. 180.000,00денари Плаќање до 12 рати со 0% камата за услуги во АМСМ Патувајте и плаќајте БЕЗГРИЖНО! Ексклузивни попусти од 5-20% кај повеќе од 200 трговци.
66 03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
ТВОЈАТА ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА СЕГА МОЖЕ ДА БИДЕ
Visa AMSM КРЕДИТНА КАРТИЧКА
100 ден. за Classic картичка 200 ден. за Еurope Premium картичка
ФИНАНСИСКА СИГУРНОСТ
ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ СО 0% КАМАТА
БЕСПЛАТНА ПОМОШ НА ПАТ
КОНТАКТ ЦЕНТАР 196
03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
67
НАЈДОБРА ИНВЕСТИЦИЈА ВО ВАШИОТ АВТОМОБИЛ! КАСКО ОСИГУРУВАЊЕТО ПОКРИВА ШТЕТИ НАСТАНАТИ ПОРАДИ УНИШТУВАЊЕ, ОШТЕТУВАЊЕ ИЛИ КРАЖБА НА ВАШЕТО ВОЗИЛО. *Полиси достапни од сите осигурителни компании. 02/3181-402 | 02/3181-405 68 03.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
www.mobilitybroker.com.mk