Skip to main content

АМСМ Клуб Мобилити - Септември 2026

Page 1

ЧЛЕНСКО СПИСАНИЕ | СЕПТЕМВРИ 2026 БР. 86

Škoda Superb Sportline 2.0 TDI DSG 193 КС 4x4

КОГА ЕЛЕГАНЦИЈАТА ОБЛЕКУВА СПОРТСКО ОДЕЛО

www.amsmklubmobiliti.mk

Долна Река (Мијачки крај)

ПО ТЕЧЕНИЕТО НА РАДИКА

Светско првенство во Формула 1

НОРИС И МЕКЛАРЕН СЕ РАЗБУДИЈА ОД ПАУЗАТА! 09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

1


2

09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk


ВОВЕД

СЕПТЕМВРИ, КОГА ОДМОРОТ ЗАВРШУВА, А ГУЖВИТЕ СЕ ВРАЌААТ АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ Членско списание ИЗДАВАЧ: АВТО-МОТО СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-181 Факс: 02/ 3181-119 amsm@amsm.com.mk www.amsm.mk ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: Маргита Поповска ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН: Мартина Поповска РЕДАКЦИЈА: ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-351 Факс: 02/ 3181-349 redakcija@amsm.com.mk www.amsmklubmobiliti.mk

ИЗДАВАЧКИ СОВЕТ: проф. д-р Спасе Јовковски (претседател) Сиљан Аврамовски (член) Калинка Танеска (член) Јован Теговски (член) Миле Атанасов (член) Димитар Пендов Митко Смилков

НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ: Жарко Атанасоски Љубомир Анастасовски Данчо Здравковски Андријан Трипунов Александар Табаковски Игор Ландсберг

ТИРАЖ: 10.000 примероци ПЕЧАТИ: Печатница „Серафимовски“ - Скопје БАНКА: Комерцијална Банка А.Д. Скопје ЖИРО-СМЕТКА: 300000000915716

Има еден период во годината кога македонските улици повторно се полнат со автомобили, гужви и нервоза. Тоа е септември. До вчера имаше помалку возила, помалку гужва и нервоза, а потоа, одеднаш, септември. Се враќаат тие што беа на одмор, децата тргнуваат на училиште, почнуваат работните обврски, а со нив се враќа и старото добро: „Ајде само да поминам пред него“. Септември можеби е најдобриот месец да се потсетиме дека не возиме сами на патот. Повторно има колони на семафорите, гужви на раскрсниците, а пред училиштата родителите застануваат „само на две минути“. И токму тие две минути понекогаш се доволни за да настане хаос. Сите некаде брзаме. На работа, дома, по децата, по обврските. Но во таа брзина лесно забораваме дека и другиот возач има свои проблеми, обврски и семејство што го чека дома. Најинтересно е што речиси секој возач за себе мисли дека е разумен и дека проблемот во сообраќајот секогаш е во другите, кои „не знаат да возат“. Можеби токму тоа е најголемата илузија во сообраќајот, дека проблемот секогаш е во другиот. А сепак, и ние имаме денови кога мигачот го користиме како декорација, кога телефонот „само на секунда“ ни е поважен од патот или кога растојанието до возилото пред нас го мериме со нервоза, а не со метри. Не треба да докажуваме дека можеме први да поминеме на семафор. Не треба да се натпреваруваме со непознат возач или да се нервираме што некој пред нас вози побавно. Зашто на крајот од денот нема награда за возачот што најбрзо стигнал. Има само едно важно прашање: Дали стигнал безбедно? Во септември го славиме и еден од најзначајните празници, 8 Септември, Денот на независноста. Пред нас се празнични денови, кога многумина ќе тргнат на пат, ќе ги посетат роднините, ќе отпатуваат на краток одмор или едноставно ќе излезат од градот. Тоа значи и зголемена фреквенција на возила на патиштата, подолги колони и, за жал, повеќе нервоза. Затоа, ако веќе мора да има гужва, нека има и трпение. Ако мора да има колона, нека нема брзање и ризични престигнувања. На 8 Септември, како и секој друг ден, најважно е да стигнеме таму каде што сме тргнале, безбедно и живи. Празникот нека биде повод за патување, дружење и убави моменти, а не причина некој да не стигне до својата дестинација. Одморот заврши. Гужвите се вратија. Но разумот нека остане со нас. Следниот број на АМСМ Клуб Мобилити очекувајте го во ноември 2025 гoдина во електронска верзија на вашата е-адреса и нашата веб страница www.amsmklubmobiliti.mk

Маргита ПОПОВСКА

ЕДИНСТВЕН ДАНОЧЕН БРОЈ: 4030991238264

главен и одговорен уредник

ISSN 1857-6133

© Сите права се заштитени. Овој труд не смее да биде преведен или копиран во целина или негов дел без дозвола на издавачот. Забрането е било какво складирање и архивирање, електронско прилагодување, компјутерско програмирање или користење со некоја слична или различна технологија позната до денес или која ќе се развие во иднина.

Почитувани членови на АМСМ, Ве повикуваме на нашата е-маил адреса redakcija@amsm.com.mk да ни ги испратите своите е-маил адреси за да можеме да ви го доставиме интернет-изданието на списанието „АМСМ Клуб Мобилити“.

09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

3


ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА

071/232-442 4

09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

www.amsm.mk


HI-TECH

НОВОСТИ 7 МАЛ АВТОМОБИЛ, ГОЛЕМА ЕВРОПСКА АМБИЦИЈА 8 НОВ ЕЛЕКТРИЧЕН МОДЕЛ ОД МИТСУБИШИ

44 ВРВЕН ЗАСИЛУВАЧ ОД МАРКАТА ФИИО

32 СТИЛ 32 ДРУШТВО СО СЕБЕ

12

44

АВТО-МОТО 12 КОГА ЕЛЕГАНЦИЈАТА ОБЛЕКУВА СПОРТСКО ОДЕЛО 16 ИЗРАЗ НА ЕКСТРЕМНИ ЕМОЦИИ

ИСТОРИЈА 46 СЕКОГАШ ЕДНА И ЕДИНСТВЕНА

34 ПАТУВАЊЕ 34 КОНТРАСТОТ НА БАЛЕАРСКИТЕ ОСТРОВИ

16

46

ТЕСТОВИ И СОВЕТИ

СПОРТ

30 ЕДНО ЗА СИТЕ СЕЗОНИ

56

54 ВЕРЛЕН ПО ВТОР ПАТ Е СВЕТСКИ ПРВАК! 60 ДВЕ ЗА BMW, ДВЕ ЗА TOYOTA

09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

5


| ОТА

03.09.2026

ЦЕНИ НА ГОРИВА ВО ЕВРОПА

6

ДРЖАВА

БЕНЗИН БМБ-95

БЕНЗИН БМБ-98

ДИЗЕЛ

Австрија

1.84 EUR

2.08 EUR

2.08 EUR

Албанија

189.00 ALL (1.84 EUR)

0.00 ALL (0.00 EUR)

206.00 ALL (2.01 EUR)

Белгија

1.89 EUR

2.06 EUR

2.22 EUR

Босна и Херцеговина

2.87 BAM (1.46 EUR)

3.07 BAM (1.56 EUR)

3.24 BAM (1.64 EUR)

Бугарија

1.55 EUR (1.55 EUR)

1.76 EUR (1.76 EUR)

1.78 EUR (1.78 EUR)

Велика Британија

1.62 GBP (1.93 EUR)

1.78 GBP (2.12 EUR)

1.82 GBP (2.17 EUR)

Германија

2.20 EUR

2.29 EUR

2.22 EUR

Грција

1.99 EUR

2.21 EUR

1.97 EUR

Данска

16.89 DKK (2.26 EUR)

0.00 DKK (0.00 EUR)

17.42 DKK (2.33 EUR)

Естонија

1.77 EUR

1.82 EUR

1.85 EUR

Италија

2.08 EUR

2.30 EUR

2.18 EUR

Летонија

1.81 EUR

1.89 EUR

1.89 EUR

Литванија

1.76 EUR

1.85 EUR

1.99 EUR

Луксембург

1.65 EUR (1.65 EUR)

0.00 EUR (0.00 EUR)

1.85 EUR (1.85 EUR)

СР Македонија

94.00 MKD (1.53 EUR)

96.00 MKD (1.56 EUR)

95.00 MKD (1.54 EUR)

Норвешка

21.78 NOK (1.86 EUR)

0.00 NOK (0.00 EUR)

21.41 NOK (1.83 EUR)

Полска

7.40 PLN (1.74 EUR)

8.12 PLN (1.91 EUR)

7.98 PLN (1.88 EUR)

Португалија

2.06 EUR

0.00 EUR

2.09 EUR

Романија

9.14 RON (1.84 EUR)

10.00 RON (2.01 EUR)

10.53 RON (2.12 EUR)

Русија

77.69 RUB (0.81 EUR)

0.00 RUB (0.00 EUR)

87.53 RUB (0.91 EUR)

Словачка

1.71 EUR

1.91 EUR

1.75 EUR

Словенија

1.58 EUR

1.93 EUR

1.85 EUR

Србија

200.75 RSD (1.72 EUR)

0.00 RSD (0.00 EUR)

227.94 RSD (1.95 EUR)

Турција

69.92 TRY (1.94 EUR)

75.51 TRY (2.10 EUR)

80.06 TRY (2.23 EUR)

Унгарија

613.30 HUF (1.56 EUR)

0.00 HUF (0.00 EUR)

671.40 HUF (1.71 EUR)

Финска

2.18 EUR

0.00 EUR

2.28 EUR

Франција

2.07 EUR

2.12 EUR

2.23 EUR

Холандија

2.49 EUR

2.57 EUR

2.51 EUR

Хрватска

1.63 EUR

2.19 EUR

1.80 EUR

Црна Гора

1.69 EUR

1.73 EUR

1.82 EUR

Чешка

41.44 CZK (1.64 EUR)

38.92 CZK (1.54 EUR)

37.84 CZK (1.49 EUR)

Швајцарија

1.89 CHF (1.94 EUR)

0.00 CHF (0.00 EUR)

2.05 CHF (2.10 EUR)

Шведска

18.82 SEK (1.64 EUR)

20.36 SEK (1.77 EUR)

22.78 SEK (1.98 EUR)

Шпанија

1.53 EUR

1.64 EUR

1.61 EUR

09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk


НОВОСТИ |

SUZUKI E-SKY

МАЛ АВТОМОБИЛ, ГОЛЕМА ЕВРОПСКА АМБИЦИЈА

Е

вропската автомобилска индустрија, меѓу другото, беше препознатлива и по малите автомобили, оние од ниската класа (сегмент „а“). Така беше, а денес е малку поинаку. Малите автомобили со должина под 3,5 м исчезнуваат, производителите ги подзаборавија и сега сите се свртени кон поголемите автомобили. Дали тоа значи дека купувачите од континентов се разгалени и веќе им е тесно во автомобили со должина од околу 3,4 м? И покрај нивната пребирливост и разгаленост, сепак, во сообраќајот има сè помалку место, така што малите автомобили се добредојдени затоа што полесно се снаоѓаат во гужвите, како на улица, така и на паркинг. Сузуки нуди мало возило, попознати како „кеи кар“ во Јапонија. За некое возило да биде во групата „кеи кар“ (микроавтомобил) мора да ги задоволи следниве критериуми: должина не поголема од 3,40 м, ширина до 1,48 м и висина не поголема од 2,00 м. „Сузуки е - скај“ е електрично возило (димензии 3,39 х 1,47 х 1,62 м), наменето пред сè за градската средина, за превоз на патници, но и материјални добра во карго- изведба. Овие возила се традиционални на јапонскиот пазар, а како ќе се снајдат на европско тло, треба да помине време за резултатите да излезат на површина. Сузуки не се изјаснува целосно околу техничките особини на возилото. Батеријата е со капацитет од 26 kW и со неа „е-скај“ изминува 310 км, а полнењето од 10 до 80% се врши за 25 минути на еднонасочна струја. Внатрешноста е токму онаква каква што се очекува од ваков автомобил, функционална, рационална и сведена на најнеопходното. За оние што бараат раскош и луксуз, сепак, секогаш останува удобноста на домашниот тросед.

Походот на европскиот пазар ќе го започнат од В. Британија, а каде потоа ќе се прошири продажбата, производителот засега го чува планот во тајност. Таму само Хонда продава „кеи кар“, модел именува како „супер - н“. Зошто производителите од континентов ги запоставија малите автомобили? •

KOENIGSEGG CCGT1

ЗА „СЕКОЈДНЕВНА“ УПОТРЕБА

В

о првото десетлетие од новиов век, работилницата „Кенигсег“ забрзано подготвуваше купе строго наменето за трки. Целта беше да учествува во трките од групата ГТ 1. Автомобилот „ццгт“ беше подготвен за натпреварување во 2007 година, но никогаш не го вкуси тркачкиот асфалт, бидејќи тогаш правилата беа сменети, а за дополнителни поправки и прилагодување кон новите правила, беше потребно многу време. Кенигсег си продолжи како ништо да не се случило, а трките ги заборави, барем засега. Оттогаш поминаа не цели 10 години, а работилницата се обиде тој за трки подготвуван автомобил да го внесе во секојдневието под името „ццгт 1“. V8 моторот со два турбо полначи развива 1.280 КС, но ако се употреби еко-горивото „е 85“ тогаш силината се зголемува на неверојатни 1.600 КС. Со оваа силина „кенигсег ццгт 1“ се изедначи со „бугати турбилон“, но да не заборавиме, ова е хибрид со приклучок, односно комбинација од V16 мотор и електромотор, а „ццгт 1“ е чиста класика. Аеродинамиката му овозможува на купето да има дополнителна потисна сила од 800 кг при брзина од 250 км/ч, што придонесува за поголема стабилност. Менувачот е од сопствено производство, наречен „лст“ (лајт спид трансмишн) позајмен од моделот „јеско“. Има девет преноси и дури седум спојки. Сепак менувањето на брзините оди директно без употреба на спојките, а сепак менувањето на брзините е молскавично. Купето поседува три режими на возење: автоматски, секвенцијален и мануелен (при што последниот користи шест од деветте достапни брзини). Како опција се нуди и мануелен менувач со шест брзини. Покрај ова, производителот нуди изведба (пакет опрема) „трак“ (патека, а се мисли на тркачка патека) каде пневматиците се тркачки (слик), поинаку (тркачки) „навиено“ подвозје, тркачки седишта со сигурносни ремени во шест точки, заштитен кафез во патничкиот оддел со сигурносни квалитети како тие во тркачките автомобили од групата ГТ 1, проверен и одобрен од ФИА, четири пневматски дигалки за подигнување на каросеријата (менување пневматици, отстранување дефект и слично), посебно изведен издувен систем и секако сопирачките се ултра тркачки.

Штом сè е ултра на ова купе, тогаш и цената е ултра. Ако е Кенигсег, тогаш е премногу скапо, а „кенигсег ццгт 1“ е уште поскап затоа што е речиси тркачки автомобил и затоа што ќе биде произведен во само 70 примероци. Но, и покрај превисоката цена, сите примероци се распродадени дури и пред неговата светска премиера. •

09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

7


| НОВОСТИ

MITSUBISHI ASX VR-E

НОВ ЕЛЕКТРИЧЕН МОДЕЛ ОД МИТСУБИШИ

С

емејството Митсубиши деновиве најави проширување со еден електричен модел. Сепак, тој модел засега ќе се продава во Австралија и Нов Зеланд, а не и во останатиот дел од светот. Можеби така ќе биде на почетокот, а потоа можно е проширување на продажбата и на други пазари. „Митсубиши а с икс вр - е“ тоа е името на електричниот модел што ќе има светска премиера во последното тримесечие од годинава. Треба да напомнеме дека „митсубиши а с икс вр - е“ не е возило развивано од Митсубиши, туку од тајванскиот електронски гигант Фокскон и производителот на автомобили Јулон Мотор. Вистинското име на автомобилот е „фокстрон бриа“, кој се продава во Тајван и воедно е најпродавано електрично возило на домашниот пазар. Возилото влезе во продажба во декември минатата година. Митсубиши влегува во соработка со Фокскон и Јулон Моторс, а како резултат на договорот добива модел на кој го става својот заштитен знак. Дизајнот е дело на познатото студио Пининфарина, а коефициентот на отпор на воздухот изнесува 0,26. Допадливиот облик, ергономската внатрешност и моќните погонски единици ќе бидат главните адути на најновото од Митсубиши. Сите изведби на моделот „фокстрон бриа“ користат батерија од типот литиум- железо – фосфат, со капацитет од 57,5 kWh. Изведбата со еден електромотор располага со моќност од 229 коњи, додека онаа со два електромотори располага со 400 КС и има погон на сите тркала - како да е Масерати. „Митсубиши а с икс вр - е“ ги има следниве димензии: должина од 4.315 мм, ширина од 1.885 и висина од 1.535 мм, додека растојанието меѓуоскиното растојание изнесува точно 2.800 мм. Според основните показатели на „митсубиши а с икс вр - е“, возилото е типично семејно, а тоа го потврдува и рекордната продажба во матичната земја. Токму затоа си го поставуваме прашањето, дали тие продажни резултати ќе бидат повторени и на австралискиот континент. •

VOLKSWAGEN ID.CROSS

НАДОПОЛНУВАЊЕ НА ГАМАТА

И

покрај тоа што производителите сè уште се соочуваат со потешкотии во продажбата на електричните возила, тие продолжуваат да претставуваат нови модели. Најсвеж пример е „Фолксваген“ со електричниот модел „ид крос“, кој претставува продолжение од моделот (близнакот) „т крос“. Ако нештата ги споредуваме според димензиите, ова возило е директна изведба од моделот „поло“ (4.053 х 1.816 х 1.530 мм) како и до спомнатиот „т - крос“. „Фолксваген ид - крос“ има слични димензии (4.153 х 1.794 х 1.581 мм), но располага и со поголем багажен простор (475 л ), што е за 20 литри повеќе, како и со дополнителен преден багажен простор (франк) со зафатнина од 25 литри. За сличностите „виновна“ е платформата (архитектурата) „меб +“ која ја сретнуваме и во „шкода епик“ и во „купра равал“. За оваа класа возила, групацијата „Фолксваген“ користи една иста платформа, практика што ја применуваат и повеќето големи автомобилски групации во светот. Во понудата има три погонски единици за три изведби, (електромотори) со 116, 135 и 211 КС. Тие се сместени напред и ги задвижуваат само предните тркала. Првите две изведби користат иста батерија (37 kWh), додека изведбата со 211 КС има 52 kWh батерија. Светската премиера беше одржана на 15 јули и истиот ден почна и продажбата, но само на моделот со 211 КС која со едно полнење на батеријата изминува 426 км. Помалата батерија се полни од 10 до 80 отсто за 23 мин, а поголемата за 24 минути, од 10 до 80 отсто. Во зависност од нивото на опременоста, „ид - крос“ ќе биде достапен во пакетите „меч“, „лајф“ и „стајл“. Најбогато опремена, а воедно и најскапа, е верзијата „стајл“. Неколку возила од групацијата Фолксваген користат иста основа (архитектурата) „меб плус“, покрај спомнатите, тука е и „шкода епик“ и „купра равал“. Заинтересираните купувачи за повеќе информации за новиот модел можат да се обратат кај официјалниот увозник. •

8

09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk


НОВОСТИ |

AUDI A2 E-TRON

ПОВТОРНО ВО ИГРА, НО СО ЕЛЕКТРИЧЕН ПОГОН

А

удиевата „а двојка“ повторно е во игра. За првпат се појави како концепт под името „ал 2“ во 1997 години, а две години подоцна, во 1999, јавноста имаше прилика да го види серискиот модел. Мал градски автомобил, долг 3,83 м, еднопросторен ,со четири, односно пет седишта и пет врати. И покрај сè, моделот „а 2“ не успеа да се задржи на пазарот и во 2005 година Ауди престана да го произведува. Деновиве „а двојката“ повторно е во игра, но овој пат во електрично издание и, секако нов облик. Дизајнерите многу убаво си ја завршиле работата кога зборуваме за аеродинамиката. Коефициентот на отпор на воздух е еднаков на 0,24 цд, бројка која е повеќе од добра, особено затоа што обликот е мешавина од комбилимузина и еднопросторно возило. Околу 4,2 м (!?) долгата електрична „двојка“ („ауди а 2 е трон“), ќе биде задвижувана од два електромотори, едниот со три силини: 170, 190 и 231 КС (!?), додека другиот електромотор располага со моќност од 326 КС. За батеријата велат дека се полни од 10 до 80 отсто за 26 минути. И додека сме кај бројките, да ја спомнеме зафатнината на одделот за товар, 396 литри. Приспособлив темпомат, камера за возење наназад со предупредување, амбиентално осветлување, спортски седишта за изведбата „с лајн“, навигациски уред, матрикс лед светла, тоа е дел од опремата во новата „а двојка“, односно „ауди а 2 е трон“. Засега Ауди не најавува каде ќе се одржи светската премиера – дома, со помош на интернетот или во октомври во Париз, за време на саемската изложба наменета за автомобилите. •

FERRARI CZ26

ЕДНО ФЕРАРИ, ЕДЕН СОПСТВЕНИК, ЕДНА ПРИКАЗНА

П

овторно нешто ново од Ферари. Токму така, ново, но едно и единствено, нарачано во одделот „Посебни Проекти“ и произведено во истиот оддел. Нарачателот бира дизајн, бира бои и материјали со помош на Флавио Манцони, главниот во дизајнерскиот оддел, но не може да бира основа (шасија) и погонска единица. За конструирање на најновото чудо, Ферари го употребил моделот „сф 90 страдале“ - мотор V8 со зафатнина од 4,0 л со два турбо полначи со чија помош моторот создава 797 КС. Покрај бензинската класика, во купето се вградени три електромотори, од кои два се на предната оска, така што нарачаното „ферари“ има погон на сите тркала. Заедно со силината од електромоторите, купето поседува 1.000 КС. Постигнува крајна брзина од 328 км/ч, а од 0 до 100 км/ч и од 0 до 200 км/ч потребни му се 2,5 односно 6,7 сек. За скротување на нарачаното „ферари“ именувано како „цз 26“, се грижат диск сопирачки со дијаметар од 398 мм на предните тркала и 360 мм на задните тркала. Според конструкторите аеродинамиката е дополнително испеглана и дотерана, така што сега има поголем потисок на предната оска, детал кој е најпотребен за стабилноста на купето кога се движи со голема брзина. Тука мора да ги напоменеме двата „бај паса“ односно, канали низ кои струењето на воздухот дополнително ја надгледува температурата на моторот и воедно допринесува за поголем притисок врз предниот дел од купето. Описот на моделот содржи две букви „ц“ и „з“ и бројка 26, односно „цз 26“. Што значат тие, сè уште е непознато, а можеби никогаш нема да дознаеме, затоа што најверојатно тоа име е дело на нарачателот. Посетителите на изложбата наречена „Недела на автомобилите“ во Монтереј, Пебл Бич, Калифорнија, имаа несекојдневна прилика да го видат ова единствено ферари именувано како „цз 26“ - еднаш и можеби никогаш повеќе. А цената, таа исто така е непозната, односно позната само на купувачот и на продавачот, но е непозната за останатиот свет. Некој нарачал да му направат Ферари, а мајсторите на својот занает од Маранело му излегле во пресрет. Ова со нарачките за еден и единствен модел на светот, стана еден вид навика затоа што речиси секој месец Ферари претставува по едно посебно купе, дизајнирано по желбата на посебниот купувач. •

09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

9


| НОВОСТИ

BUGATTI DESTRIER

ЕДИНСТВЕНИОТ МОДЕЛ ВО СВЕТОТ

И

менуван е како „дестрие“, еден и единствен на планетава, најнизок (1.000 мм) од сите досегашни автомобили од марката Бугати и сè уште со моторот познат како двојно V16. Нарачан е од засега непознат купувач, а штом е така, тогаш и цената е непозната. Таа е непозната од разбирливи причини, но зошто производителот не ги објавува брзинските способности на најновиот модел од Бугати? Ова ултрабрзо и скапо купе, не е наменето за возење на тркачка патека, како што е случајот со некои автомобили од оваа класа, туку за секојдневна употреба. На предната оска има 20-инчни тркала, а на задната оска за еден инч поголеми, 21 инчни. Како што спомнавме, „бугати дестрие“ поседува W12 мотор со работна зафатнина од 8,0 литри. Со помош на четирите турбополначи, моторот располага со огромни 1.600 КС. Оваа единствена егзотика за првпат ќе биде прикажана пред светската јавност на 16 август на изложбата Конкурс на елеганцијата што секоја година се организира во местото Пебл Бич во Калифорнија. Посетителите ќе имаат ретка прилика да го видат купето напавено по нарачка. За посебни купувачи постои посебен оддел во Бугати наречен „Програм Солитер“. Љубопитни сте што значи името „дестрие“? Тоа се коњи посебно одгледувани за учество во битки, најмногу од страна на витезите. За еден „дестрие“ да научи да ја контролира агрсивноста и како да се однесува во битка, на дресерите им биле потребни најмалку три години. Тоа е објасувањето за името на купето, а за цената можеме само да нагаѓаме и да редиме коментари, шпекуации, затоа што Бугати љубоморно ја чува својата интима. •

REZVANI DUNE

СУПЕР КУПЕ ЗА СЕКАКВА ПОДЛОГА

А

втомобилите од марката Резвани се повеќе од чиста егзотика. Работилницата сместена во Калифорнија умее да создаде вистински реткости на четири тркала. Најновото од Резвани е моделот „дјун“ (во превод на македонски „дина“, односно пустинска дина). Основа за развојот на овој модел е „ламборџини хуракан“. Како што е вообичаено за Резвани, споменатиот автомобил воопшто не наликува на својот оригинал, туку повеќе потсетува на возилата од филмот „Побеснетиот Макс“. Има високо подвозје за „резвани дина“ да може да се справи со пустинските предели, како и филтер за воздух поставен на највисоката точка на моторот, додека всисникот за воздух се наоѓа на врвот на каросеријата, односно на покривот. Моторот е истиот како кај „Ламборџини“, V10 со работна зафатнина од 5,2 литри, но е дополнително доработен и сега развива 800 КС. За овие 800 КС е заслужна компанијата ВФ Инженеринг, која е одговорна и за подготовката на купето за совладување подлоги различни од асфалтот. Затоа „резвани дина“ има погон на сите четири тркала. И уште нешто, големината на неговите тркала е невообичаена и изнесува 31 инч. Светот досега виде неколку вакви купеа со извонредни брзински способности: „порше 911 дакар“, „ламборџини хуракан стерaто“ и „италдизајн џуџаро паркур“. Сето тоа покажува дека и Резвани создаде вистинско теренско возило, кое може да се мери со класичните теренци. Официјални претставници на компанијата изјавуваат дека ќе бидат произведени само седум примероци, а цената не е објавена. Сепак, цената не е најважна. Она што привлекува најголемо внимание е можноста „резвани дина“ да биде претворен во вистинска тврдина, односно да биде блиндиран. Побрзајте, бидејќи Резвани ќе произведе само седум примероци од ова купе, кое повеќе наликува на филмски јунак отколку на сериски автомобил.•

10 09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk


НОВОСТИ |

MITSUBISHI PAJERO

ВРАЌАЊЕ НА ЛЕГЕНДАТА

З

борот „паџеро“ (или „монтеро“ за неко пазари) кажува сè, особено за добрите познавачи на автомобилската индустрија. За првпат името „паџеро“ се појавува во ноември 1973 година на Салонот за автомобили во Токио, како „митсибиши паџеро I прототип“. По неполни 10 години, Митсубиши повторно го претставува моделот „паџеро“ и повторно како прототип, во 1981 година исто така на Салонот за автомобили во Токио. Една година подоцна, во 1982 година, „митсубиши паџеро“ е претставен како сериски модел кој влегува во продажба. „Паџеро“ некогаш жареше и палеше на планетава, со продадени 3,3 милиони примероци во 170 држави, а релито Дакар е посебна приказна, накитена со 12 титули. Затоа „паџеро“ го доби прекарот „кралот на пустините“. Легендата повторно е во игра - Митсубиши на 2 септември во Токио ја претстави петтата генерација од легендатниот „паџеро“. Станува збор за класично теренско возило, со должина од речиси пет метри (4,92 м), и засега најавен само со дизел-мотор со зафатнина од 2,4 литри. Производителот не навлезе во детали за возилото, но сепак беа претставени основните податоци, како, на пример: димензии 4,92 х 1,93 м х 1,91 м и со 2.870 мм растојание меѓу оските. Најниската точка на возилото е поставена на висина од 230 мм, аголот на приод изнесува 30,4 степени, аголот на премин преку гребен 22,6 степени, а агол на заминување 25,8 степени. Погонот на сите тркала располага со четири подесувања, плус опцијата на супер контрола на сите тркала (с-авц), систем што ги координира различните функции поврзани со тракцијата, стабилноста, сопирањето и контролата на страничното занесување (пролизгување). Возачот, во зависност од надворешните услови, може да избере во кој режим ќе вози, а на располагање има седум: нормален, економичен, чакал, снег, кал, песок и карпест терен. Од опремата мора да го споменеме аудиосистемот од марката Јамаха, со 12 звучници и не еден, туку два засилувачи. Екрани чувствителни на допир, приспособлив темпомат, препознавање пешаци, велосипедисти и мотоциклисти, предупредување при менување лента, предупредување за возило во мртвиот

агол – сето тоа го има новиот „паџеро“, а дополнително располага и со камери, голем број сензори, компас, мерач на надморска височина и надворешна температура, како и инструмент за прикажување на надолжното и попречното навалување итн. И за крај, да спомнеме дека засега европскиот пазар не е на списокот за испорака на новото „паџеро“. •

LOTUS ESPRIT TYPE 135

СЕПАК ХИБРИД, А НЕ ЕЛЕКТРОМОБИЛ

П

ознатиот производител на спортски купе автомобили, Лотус, забрзано работи на проектот суперкупе, именуван како „тип 135“. И покрај тоа што аналитичарите и добрите познавачи веќе го именуваа купето како новиот „есприт“, Лотус се држи строго до своето и се служи со развојното име „тип 135“. Пред неколку години Лотус најави целосно свртување кон електрификација на автомобилите, но сега планот е поинаков. „Тип 135“ ќе има V8-мотор и електромотор кој ќе тежи само околу 20 кг, наспроти класичните од таа категорија, кои тежат околу 85 кг (+/- 10 кг). Ова чудо од лесен електромотор го позајмуваат од болидите од Формула 1. Сето тоа ќе резултира со моќност од нешто над 1.000 КС. Не само што ја намалиле тежината на електромоторот за неверојатни четири пати, туку сега велат дека новото купе ќе тежи не повеќе од 1.500 кг. Во сето тоа е вклучен и автоматски менувач со две спојки со осум степени на пренос, кој поднесува високи вртежи, а притоа тежината останува сведена на минимум. Лотус отсекогаш се водел по таа линија, колку полесно, толку подобро. Тоа значи дека сè уште се држи до филозофијата на основачот Колин Чепмен, односно ја негува традицијата и покрај тоа што денес е под капата на кинескиот гигант Гили. Покрај класичната V8, Лотус најавува вградување и на V6-мотор, со што ќе им излезе во пресрет на поголем број купувачи. Двата мотори ги развива кон-

структорската работилница Хорс, основана од Гили и Рено. Лотус најавува и беспрекорна стабилност и подвижност на купето, како на правите делови од асфалтот така и во свиоците. Браво за Лотус, сега се чека само на претставување на моделот наредната година и да видиме дали сè што ветил Лотус ќе се оствари, но и дали името „есприт“ повторно ќе влезе во „игра“. Како што забележувате, кај Лотус сè се врти околу намалување на тежината. Производството ќе се одвива во татковината на Лотус, местото Хетел. •

09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

11


| АВТО-МОТО

Škoda Superb Sportline 2.0 TDI DSG 193 КС 4x4

КОГА ЕЛЕГАНЦИЈАТА ОБЛЕКУВА СПОРТСКО ОДЕЛО ИМЕТО SUPERB ОДАМНА Е СИНОНИМ ЗА АВТОМОБИЛ КОЈ НА ПРВО МЕСТО ГИ СТАВА ПРОСТОРОТ И МИРНОТО, СЕМЕЈНО ПАТУВАЊЕ. СО ИЗВЕДБАТА SPORTLINE, ŠKODA ПРАВИ ЧЕКОР ВО ДРУГ НАСОКА ОД ТАА УДОБНА РЕПУТАЦИЈА И СЕ ОБИДУВА ДА ДОКАЖЕ ДЕКА ИСТИОТ АВТОМОБИЛ МОЖЕ ДА ПОНУДИ И ДОЗА АДРЕНАЛИН, БЕЗ ПРИТОА ЦЕЛОСНО ДА ЈА СМЕНИ СВОЈАТА СУШТИНА.

В

о светот на големите семејни седани, конкуренцијата е безмилосна, а денешниот купувач очекува далеку повеќе од голем багажник и удобни седишта. Затоа чешката марка го подготви Sportline пакетот, со кој Superb влегува во просторот помеѓу традиционалната удобност и остриот, спортски карактер на премиум ривалите. ИЗГЛЕД КОЈ СУГЕРИРА ДИНАМИКА Гледано однадвор, Sportline пакетот веднаш го издвојува моделот од стандардните изведби со детали кои му даваат посамоуверен и поспортски изглед, а сепак не паѓа во стапицата на прекумерна

12 09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

агресивност. Октогоналната решетка на ладилникот, инспирирана од традиционалниот кристален дизајн на Škoda, тука е изведена во темна хромирана боја, што веднаш го поставува тонот за целото возило. Матрикс ЛЕД светлата со кристална структура се дел од сериската опрема и одлично се вклопуваат во острата, хоризонтално поставена предна маска. Профилот открива издолжена силуета, со меѓуоскино растојание од 2.841 мм и вкупна должина од впечатливи 4.912 мм. Висината од само 1.481 мм му дава визуелно спуштен изглед, речиси како кај купе-моделите и покрај габаритите на седан од Д-сегментот. Sportline пакетот серски носи 19-инчни алуминиумски тркала, обуени во пневматици 235/45 R19, кои визуелно ги пополнуваат оротите и додаваат доза динамика. Задниот дел е обележан со тенки, хоризонтално поставени ЛЕД светла, поврзани со лента преку целата ширина, детал денес речиси стандарден во сегментот, но кај Superb делува особено елегантно. Целината ја надополнува и краткиот спојлер на багажникот, кој придонесува за подобра аеродинамика при повисоки брзини. Севкупно, надворешноста остава впечаток на моќно возило со силно присуство на патот, а сепак со извесна доза воздржаност.


АВТО-МОТО |

УДОБНО И АМБИЦИОЗНО Со влегувањето во кабината веднаш станува јасно зошто овој модел со години е синоним за простор во сегментот, особено ако досега немате имано допир со Superb. На задниот седишен ред се нуди простор за колена и глава каков што ретко кој конкурент може да го понуди, а багажниот простор од 645 литри, кој со соборани седишта расте на впечатливи 1.795 литри, го прави Superb еден од најпрактичните избори за семејства или деловни луѓе кои често патуваат со поголем багаж. Дополнителна практична предност е нетипичната „петта врата“ на багажникот. Просторот на предниот дел е подеднакво импресивен. Високиот кров и широко поставената кабина создаваат чувство на простор кое ретко се среќава кај седани од овој формат. Спортски обликуваните предни седишта, покрај одличната странична потпора, се целосно електрично подесливи и располагаат со меморија за неколку профили, така што секој возач за момент може да ги врати седиштето, огледалата, па дури и позицијата на инструменталната табла во претходно зачуваните поставки. Лумбалната поддршка дополнително придонесува кон целиот сетап, што особено се цени при подолги релации. Материјалите во кабината се на завидно ниво – комбинацијата од Alcantara и кожа на седиштата е специфична за Sportline верзијата, а седиштата се загреани и опремени со функција за масажа, додека тризонската автоматска климатизација овозможува индивидуализирана удобност за сите патници. Спортскиот управувач со рамно дно, алуминиумските педали и амбиенталното осветлување со повеќе бои дополнително го нагласуваат спортскиот карактер на кабината, без да се изгуби чувството за префинетост што одамна се очекува од знаменосецот во палетата на Škoda.

ДИСЦИПЛИНИРАНА МОЌ НА СИТЕ ЧЕТИРИ ТРКАЛА Срцето на тестираниот примерок е добро познатиот 2-литарски турбодизел агрегат, тука тјуниран на максимална моќност од 193 КС, достапни помеѓу 3.500 и 4.200 вртежи во минута. Една од главните негови карактеристики е вртежниот момент од впечатливи 400 Нм, достапен во широк опсег помеѓу 1.750 и 3.250 вртежи, што практично значи дека моторот е секогаш подготвен за реакција, независно од режимот на возење. Со модерна common rail технологија на директно вбризгување и турбополнач со варијабилна геометрија на лопатките, агрегатот е усогласен со најстрогата актуелна еколошка норма на ЕУ. За преносот на силата кон тркалата е задолжен седумстепен автоматски (DSG) менувач, чии промени во нормален режим се остваруваат брзо и незабележливо, а во спортски режим реагира со покуса реакција и подолго задржување на повисоки вртежи. Лопатките на управувачот овозможуваат и мануелен избор на степенот на пренос. Суштински, силата на агрегатот оди кон предната оска, но погонот на сите четири тркала (4x4) е способен во делови од секундата автоматски да го распредели вртежниот момент кон тркалото со најголема потреба.

Технолошки, Superb е речиси целосно дигитализиран автомобил. Дигиталната инструментна табла од 10 инчи е сериска опрема, централниот екран од 13 инчи нуди остри графики и интуитивна структура на менијата, со безжично поврзување со мобилните телефони, а проекцискиот (head-up) дисплеј му помага на возачот концентрацијата да остане насочена кон патот. Тука се и трите ротациски контроли со мини-дисплеи, т.н. „паметни копчиња“, кои овозможуваат прилагодување на температурата и брзината на вентилаторот, а со еден допир и промена на јачината на звукот или зумирање на мапата.

09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

13


| АВТО-МОТО

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ВОЗИЛОТО

Овој систем особено доаѓа до израз при лоши временски услови или на лизгава подлога, каде Superb демонстрира извонредна стабилност. Возните својства на Superb се токму она што се очекува од спортски именуваната изведба, која е за 15 мм пониска од вообичаено, без притоа да го изневери основниот карактер на моделот. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч се остварува за 7,6 секунди, што е повеќе од доволно динамично за секојдневна употреба, а максималната брзина изнесува 230 км/ч. Управувањето е прецизно и директно, со добра повратна информација, додека потпирањето успева да ја одржи рамнотежата помеѓу спортски насочена реакција во кривини и удобност при подолги патувања. Токму тука лежи најголемата предност на Superb Sportline, тој не бара компромис. Возачот кој сака подинамично искуство ќе го добие преку

14 09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

МОТОР:

ЧЕТИРЦИЛИНДРИЧЕН ТУРБО ДИЗЕЛ

ЗАФАТНИНА:

1.968 СМ3

МОЌНОСТ НА АГРЕГАТОТ:

193 КС При 4.200 врт/мин

МЕНУВАЧ:

7 СТЕПЕН АВТОМАТСКИ МЕНУВАЧ

ПОГОН:

НА СИТЕ 4 ТРКАЛА

ПОТПИРАЊЕ НА ТРКАЛА:

НАПРЕД: MCPHERSON НАЗАД: MULTILINK

СОПИРАЧКИ:

НАПРЕД: ВЕНТИЛИРАЧКИ ДИСКОВИ НАЗАД: ДИСКОВИ

ГУМИ:

НАПРЕД 235/45 R19, ПОЗАДИ 235/45 R19

МАСА НА ВОЗИЛОТО:

1.880 КГ

ДИМЕНЗИИ: Д/Ш/В:

4.912Х1.849Х1.481 ММ

ЗАБРЗУВАЊЕ ОД 0 ДО 100 КМ/Ч:

7.6 СЕКУНДИ

ПРОСЕЧНА ПОТРОШУВАЧКА:

5.7 ЛИТ/100 КМ

МАКСИМАЛНА БРЗИНА:

230 КМ/Ч

ЦЕНА НА ТЕСТИРАНИОТ МОДЕЛ:

56.268 ЕВРА

прецизниот сетап на шасијата и брзиот менувач, додека патниците на задните седишта нема ни да забележат дека се во возило со спортски амбиции. Просечната декларирана потрошувачка е 5,7 л/100 км, а во наши раце, за нешто повеќе од 400 изминати километри, регистриравме просек од 6,2 л/100 км, солидна бројка за возило со ваква моќност, тежина од речиси 1,9 тони и погон на сите четири тркала. Со Superb Sportline, Škoda докажува дека спортскиот карактер и семејната практичност можат да коегзистираат во едно возило. Дополнителната динамика не му одзема ништо на автомобилот, тој останува просторен, удобен и подготвен за секојдневни обврски, деловни и семејни патувања, но сега позабавен и поангажиран зад управувачот. • Данчо Здравковски


ТВОЈАТА ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА СЕГА МОЖЕ ДА БИДЕ

Visa AMSM КРЕДИТНА КАРТИЧКА

100 ден. за Classic картичка 200 ден. за Еurope Premium картичка

ФИНАНСИСКА СИГУРНОСТ

ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ СО 0% КАМАТА

БЕСПЛАТНА ПОМОШ НА ПАТ

КОНТАКТ ЦЕНТАР 196

09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

15


| АВТО-МОТО

Претставуваме Aston Martin Valen

ИЗРАЗ НА ЕКСТРЕМНИ ЕМОЦИИ

СО 850 КС И 1.000 NM ПОД ХАУБА, VALEN Е НАЈМОЌНИОТ СЕРИСКИ АВТОМОБИЛ ВО СВЕТОТ СО МОТОР ПОСТАВЕН НАПРЕД, КАКО И НАЈМОЌНИОТ АВТОМОБИЛ СО МОТОР ПОСТАВЕН НАПРЕД ШТО НЕКОГАШ Е ПРОИЗВЕДЕН ВО 113-ГОДИШНАТА ИСТОРИЈА НА ASTON MARTIN.

16 09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk


АВТО-МОТО |

Q

се надмина себе си! „Q by Aston Martin”, специјалното одделение за услуги по нарачка на легендарната британска одгледувачница на змејови, кое е наречено според одделението за специјални операции на најславниот таен агент на светот, Џејмс Бонд 007, ни го претставува Valen! Најмоќниот автомобил на светот со мотор поставен напред што доаѓа од еден производител на автомобили. Всушност, да ја продлабочиме приказната околу Q специјалното одделение за услуги по нарачка. Valen е дело на новоформираниот оддел на Aston Martin со кратенка „SVO – Special Vehicle Operations”, или, Оддел за специјални операции со возила. Според името на новиот оддел, очигледно е дека во Aston Martin милуваат да ја негуваат воената номенклатура на своите оддели, што и не треба да чуди ако се земе предвид дека името на марката секогаш тесно се поврзува со тајниот агент Џејмс Бонд. Едноставно, секогаш кога ќе се спомне името Aston Martin, пред очи излегува сликата на агентот 007, кој во обид да го спаси светот од силите на злото, „бришка“ низ свијоци во својот автомобил опремен со најмодерно оружје. Valen е дело на одделот за специјални операции со возила кој работи под капа на „Q by Aston Martin”, од каде што досега светот ги доби модерните автомобилски ремек-дела како Valour (715 КС) и Valiant (745 КС). Беснотии за кои веќе стануваше збор во овие редови. Valour e моделот што Aston Martin го претстави по повод прославата на 110-годишнината од своето основање, додека Valiant е екстремен тркач со рачен менувач и е рожба на пасијата на возачот во Формула 1, Фернандо Алонсо, да вози на лимит. ИМЕТО НЕ Е СЛУЧАЈНО Јасно искажувајќи го својот карактер преку екстровертниот дизајн, овој автомобил, од кого зрачи самодоверба, бара и соодветно име. Име кое има еднаква тежина, но и значење. Затоа, тимот одговорен за овој проект барал насекаде да најде назив кој во целост ќе одговара со карактерот на автомобилот, но без да се прекине долгогодишната лоза на династијата на имиња во Aston Martin, кои почнуваат со латиничната буква „V”. Токму во латинскиот речник е пронајдено и името Valen. Изведено е од латинскиот збор „valens”, чија етимологија се однесува на описот „силен” или „моќен”, што во целост одговара на карактерот на Aston Martin Valen. Награден со моќност, соодветно на името, Valen, станува најмоќниот сериски произведен автомобил на светот со мотор поставен напред. Но и најмоќниот автомобил што некогаш е произведен во 113-годинишната историја на Aston Martin. Секако, со мотор поставен напред и со ограничено производство заради зачувување на ексклузивноста. За неа малку подоцна. Ако навлеземе малку подлабоко во историјата на Aston Martin, ќе се појави еден модел кој е речиси моќен колку и Valen. Станува збор за уникатот Victor, кој се појави во 2020 година, а е создаден врз основата монокок од карбон-фибер на One-77, но со рачен менувач и 836 КС извлечени од атмосферскиот 7.3-литарски V12. Сепак, Valen е сосем поинаква ѕверка и со право го носи своето име.

09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

17


| АВТО-МОТО

НЕОГРАНИЧЕНО ИСТРАЖУВАЊЕ НА ФОРМАТА Ако се водиме според зборовите на креативниот директор на Aston Martin, Марек Рајхман, кои накратко го опишуваат дизајнот на Valen, а фотографиите го пренесуваат без непотребните описи, тогаш оваа ѕверка може да се опише како истражување на формата без поставување на граници и во потполна слобода, кое завршило со израз на екстремни емоции. И би се согласиле во целост. Факт е дека дизајнот на Valen отстапува од сè што досега излегло од „Q”. Остро извајани линии кои се одраз на агресивност и динамика. Линии кои го откриваат неговиот напаѓачки став, претворајќи го во провокативно парче автомобилска мода спремно да пршти на пат, но и на тркачка патека. Valen е еден и не може да биде заменет со кој било друг модел на благородната одгледувачница на змејови, сместена во срцето на Британија. ДЕЛКАЊЕ КИЛОГРАМИ Посветеноста да се добијат екстремни перформанси не одела само во насока на калемење на моќноста, туку и во делкање на килограмите. Valen е поставен врз основата од платформата V12 на Aston Martin, чија тежина е намалена значително. Односно, заштедени се преку 110 килограми во основната варијанта со користење на лесни материјали инспирирани од мотоспортот, како што се карбонски влакна, алуминиум, титаниум и магнезиум. Доколку клиентот се одлучи за опционалниот „лесен” пакет, ќе добие водилки на тркалата изработени од полно парче легура на алуминиум обработена нa CNC- машина, потоа, „јабучици”, „спони” и шрафови на шасијата од титаниум. Сето ова ќе му заштеди уште 17 килограми. Кај бандажите нема многу опции, освен дизајнот, бидејќи тие секако се изработени од магнезиум.

Познатиот 5.2 литарски V12 на Aston Martin, поткрепен со два турбо полначи и поставен напред-централно во шасијата, што значи дека колениците на возачот и совозачот доаѓаат во линија со последниот ред цилиндри, е навиен да турка масивни 850 КС при 6.500 min-1. Вртежниот момент од камионски 1.000 Nm, кои стојат на располагање меѓу 2.500 и 5.000 min-1 се пренесува на осум-степениот автоматски менувач на ZF, поставен на задната оска по принцип „трансаксл“.

18 09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

Менувачот, пак, е приказна за себе. Калибриран е според тркачкиот Aston Martin Vantage GT4 и нуди пократки времиња на менувања и префрла поостро во сите модуси на работа. Така, м Valen успева да се катапултира од место до 100 km/h во 3,1 секунди и да достигне фабрички лимитирани 345 km/h заради зачувување на гумите. Нив ги испорачува Pirelli, a изработени се според спецификација на Aston Martin, специјално развиена за Valen. Се работи за моделот на гуми P Zero R AML, со димензии 275/35 ZR21 напред и 325/30 ZR21 назад, во која е вметната најновата технологија на Pirelli, наречена CyberTM. Оваа технологија, која засега е единствена на светот, е способна да споделува податоци во реално време со системите за динамичка контрола на автомобилот. Развиена во соработка со Bosch, оваа технологија е целосно интегрирана во дигиталната архитектура на автомобилот, овозможувајќи им на системите како ESP, ABS и контролата на тракција континуирано да се адаптираат за подобрување на контролата над автомобилот, а со неа и на безбедноста. Кога е во прашање безбедноста, неа ја гарантираат и масивните сопирачки апарати. Станува збор за карбон-керамички дискови од 410x38 mm напред, кои ги зафаќаат шестклипни шепи, и 360х38 mm назад, кои ги зафаќаат четириклипни сопирачки шепи. Valen е големо парче автомобил, долго 4.830 mm, широко 2.044 mm и високо 1.290 mm, чие производство е ограничено на само 150 примероци. Бесконечно многуте опции за персонализација гарантираат дека од сите 150 примероци нема да има два исти. Списоците за нарачки се отворени уште сега, а на интернетстраницата на Aston Martin можете да си поигрувате и со активниот конфигуратор. Првите примероци ќе бидат испорачани во второто тримесечје од 2027 година, а цената, нето, без вкалкулирани желби, е околу 1,5 милиони британски фунти. • Љубомир Анастасовски


09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

19


| АВТО-МОТО

Distinguished Gentleman’s Drive (Џентлменско возење)

ВО СЛУЖБА НА МАШКОТО ЗДРАВЈЕ СОБИР, ДРУЖЕЊЕ, ИЗЛОЖБА НА СТАРИ АВТОМОБИЛИ И СЕТО ТОА ВО СЛУЖБА НА МАШКОТО ЗДРАВЈЕ. ОВА СВЕТСКО ДВИЖЕЊЕ ПРВИТЕ ЧЕКОРИ ГИ ПРАВЕШЕ ВО 2012 ГОДИНА, НАЈНАПРЕД САМО СО МОТОЦИКЛИ (КЛАСИЦИ). ИДЕЈАТА ПОТЕКНУВА ОД СИДНЕЈ, ОСНОВАЧ Е МАРК ХАВА, А МИКИ СТОЈЧЕВСКИ Е ГЛАВЕН ОРГАНИЗАТОР НА ГЛОБАЛНИТЕ НАСТАНИ ДЏР И ДЏД. БЛАГОДАРЕНИЕ НА Г. СТОЈЧЕВСКИ И НЕГОВАТА ОРГАНИЗАЦИСКА УЛОГА, МАКЕДОНИЈА, ОДНОСНО СКОПЈЕ, СТАНА ДЕЛ ОД ОВА СВЕТСКО ХУМАНИТАРНО ДВИЖЕЊЕ УШТЕ ОД 2016 ГОДИНА.

Џ

ентлмените заедно со дамите, по петти пат ќе организираат собир на македонски тло, како дел од светскиот собир на џентлмените и нивните автомобили. Тој собир е именуван како „дистингвишд џентлменс драјв“ („Distinguished Gentleman’s Drive“), каде поклониците на старовремските автомобили се соодветно облечени во костими од истото време како и нивните возила. Овој собир и дружење датира уште од 2012 година, но не со автомобили, туку со мотоцикли, додека собирот со автомобили за прв пат е организиран во 2021 година, а Македонија, односно градот Скопје е дел од овој глобален собир од почетокот. Да спомнеме дека ДЏД е пред сè хуманитарно движење, светски собир со цел да се поддржи машкото здравје и борбата против ракот на простата преку организацијата Мовембер. За оваа година собирот е закажан за 27 септември и овој датум важи за целиот свет. Според досегашните податоци, пријава за учество во ДЏД 2026 доставиле 166 градови од 53 држави.

20 09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

Автомобилите кои се дел од светскиов хуманитарен настан, сите се старовремски и зад себе имаат најмалку четири децении живот, но за некој автомобил да биде дел од збиднувањето, мора претходно да задоволи неколку услови: 1. Автомобилот мора да биде стар најмалку 40 години. Тоа значи сите автомобили произведени пред 1986 година. Ако автомобилот е произведен по оваа година, истиот не може да учествува на собирот. 2. На собирот може да им се придружат некои специфични автомобили, како, на пример, модели од следниве марки: Морган, Кетрхем, Вајсман и сличните на нив. 3. Современи класици произведени во период од 1980 до 1999. Овие возила мора да поминат посебна проверка од локалниот организатор. Нивното учество се одобрува само ако се ретки, егзотични супер - автомобили или имаат исклучително уникатен дизајн. Оснататите автомобили не може да учествуваат на спомнатиот собир. И за крај, уште една многу битна работа, а тоа е облеката. Сите учесници морa да бидат соодветно облечени, односно облеката мора да биде од времето најмалку кога е произведен автомобилот. Некои претеруваат и доаѓаат со бермуди, со несоодветни обувки (патики), со ултра модерни очила за сонце и со маички без ракави („рамбовки“). Соодветниот староврмски автомобил со себе „влече“ и соодветна облека од тоа време, на пример од раните '60 или '70 год од минатиот век. Се гледаме на 27 септември во Скопје. • Жарко Атанасоски


ПОПУСТ Н

А СЕМЕЈН

о д Е А Р јаТА Т

Акци

А КАРТИЧ

КА

6 2 0 2 . 30.09 Додадете член од вашето семејство и патувајте безгрижно! за само 245 ден. или 445 ден во зависност од пакетот.

www.amsm.mk

02/3181-108 09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

21


| АМСМ

• Дали постои можност во вашата

автошкола да земам дополнителни часови, иако веќе имам возачка дозвола? Поздрав, Драгана АМСМ: Во Авто Школа Мобилити Плус можете да возите дополнителни часови. Потребни документи што треба да ги приложите се важечка возачка дозвола и лична карта.

• Дали возилото мора да биде

регистрирано на мое име за да можам да извадам членска картичка од АМСМ? АМСМ: Зачленувањето во АМСМ Членство, доколку го врши физичко лице, значи дека избраниот АМСМ членски пакет се однесува на лицето што се зачленува и станува АМСМ член. Оттука, АМСМ членските пакети за физички лица се поврзани со АМСМ членот, а не со одредено возило. Тоа значи дека само АМСМ членот може да ги користи услугите опфатени со членскиот пакет, доколку е физички присутен во кое било патничко моторно возило на физичко лице со македонски регистарски таблички.

• Би сакала да му подарам АМСМ

членска картичка на мој пријател како изненадување. Дали постои можност јас да ја завршам постапката за зачленување без негово присуство и која е процедурата за тоа? Поздрав, Јадранка АМСМ: Подарување на АМСМ членство може да го направи и лицето што подарува (со лично присуство), доколку приложи лични податоци од лична карта на лицето на кое му го наменува АМСМ членството како подарок. По завршувањето на постапката за зачленување, АМСМ членството ќе биде соодветно спакувано со специјално пакување за подарок.

• Ќе патуваме надвор од државата,

а сопственикот на возилото ќе биде со нас во автомобилот, но нема да вози. Дали во тој случај има потреба од вадење полномошно? АМСМ: Доколку сопственикот на возилото физички е присутен со Вас во автомобилот, во тој случај нема потреба да вадите полномошно.

*СИТЕ НАВЕДЕНИ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ ВАЖАТ ЗА ПОВИК ОД ФИКСЕН И ОД МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

22 09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk


ЧЛЕНСТВО

ЗАЧЛЕНЕТЕ ПРИЈАТЕЛ И ЗАШТЕДЕТЕ! Вредносниот ваучер може да го искористите на сите локации на АМСМ во Скопје и Велес, за попуст на следниве услуги: - Технички преглед на возило - Полиса за осигурување од автоодговорност и зелена карта - АМСМ членство - Производи од АМСМ продавницата за автомобилска галантерија - Обуки за сите категории во АВТО ШКОЛА МОБИЛИТИ ПЛУС - Хомологација, одобрување на преправено возило, атест на плин и фолии за стакла во АМСМ ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА - Услуги во АМСМ Сервисот за автомобили - Услуги Помош на пат и шлепување - Горива на АМСМ ПЕТРОЛ

02/3181-108

www.amsm.mk 09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

23


| АМСМ

ПОВЕЌЕ МОЖ

ВАШЕТО ЧЛЕНСТВОТО ВО АМСМ Е ПОВЕЌЕ ОД ПОМОШ НА ПАТ КОГА ЌЕ ОСТАНЕТЕ ДЕФЕКТ. ТО СЕКОЈДНЕВНИТЕ ОБВРСКИ, ПОДОБРО ДА ГИ ПЛАНИРАТЕ ТРОШОЦИТЕ И ДА ДОБИ

50% ПОПУСТ ЗА АМСМ СЕМЕЈНА ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА Членските поволности се уште повредни кога можете да ги споделите со семејството. Со специјалната понуда за АМСМ семејна членска картичка, вашите најблиски можат да ја добијат потребната поддршка на пат, а вие да бидете сигурни и спокојни каде и да патуваат. Додадете член од семејството со 50% попуст на цената на семејната членска картичка: • 245 денари за Classic • 445 денари за Europe Premium Семејната членска картичка можете да ја извадите веднаш при зачленувањето или дополнително, во текот на важноста на вашата членска картичка. За да биде уште полесно, АМСМ семејна картичка можете да извадите и онлајн преку www.amsm.mk. Специјалната понуда важи до 30.09.2026 година. Повеќе информации: 02/3181-108

VISA AMSM – ПЛАЌАЈТЕ НА 12 РАТИ БЕЗ КАМАТА Една картичка – многу можности. Со VISA AMSM кредитната картичка, покрај услугите што ги користите преку Classic или Europe Premium членството, добивате и дополнителна финансиска флексибилност со кредитен лимит до 180.000 денари. За услугите во рамките на АМСМ системот е овозможено и плаќање до 12 рати без камата, со што поголемите трошоци можете полесно да ги распределите во вашиот месечен буџет. Платете на 12 рати со 0% камата: • технички преглед и осигурителни полиси; • меѓународни документи; • сервисирање на возилото; • обуки за различни категории во Авто Школа Мобилити Плус; • услуги во АМСМ Центар за возила. Месечната чланарина за VISA AMSM изнесува: • 100 денари за VISA AMSM Classic; • 200 денари за VISA AMSM Europe Premium. Аплицирањето за VISA AMSM е без апликативни трошоци, а потребната документација е достапна на нашата веб страна www.amsm.mk. Повеќе информации: 02/3181-108

24 09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk


АМСМ |

НОСТИ ЗА ВАС

ОА Е ПРИСТАП ДО УСЛУГИ И МОЖНОСТИ ШТО ВИ ПОМАГААТ ПОЛЕСНО ДА ГИ ОРГАНИЗИРАТЕ ИЕТЕ ПОГОЛЕМА СИГУРНОСТ – ЗА ВАС, ВАШЕТО ВОЗИЛО И ВАШЕТО СЕМЕЈСТВО.

ИЗБЕРЕТЕ КАТЕГОРИЈА, ПЛАТЕТЕ НА РАТИ Инвестицијата во возачка обука не мора да биде финансиски товар за домашниот буџет. За обуките во Авто Школа Мобилити Плус е предвидена можност за плаќање на повеќе рати без камата, зависно од платежната картичка: • со VISA AMSM кредитна картичка – до 12 рати без камата; • со Diners картичка – до 12 рати; • со платежни картички на Комерцијална банка – до 6 рати; • со платежни картички на Стопанска банка – до 6 рати; • со платежни картички на НЛБ Банка – до 4 рати. • со Иуте кредит – на 4 рати Изберете А, Б или Ц категорија според вашите потреби и направете го следниот чекор кон поголема слобода и мобилност. Повеќе информации: 02/3181-240 ù 072/228-195

ЗАКАЖЕТЕ СЕРВИС НА ВАШЕТО ВОЗИЛО ОНЛАЈН Помалку организација, повеќе време за она што ви е важно. Следниот сервис на вашето возило можете да го закажете онлајн, без непотребно чекање и телефонски повици. Без разлика каде се наоѓате, преку www.amsm.mk или преку нашата мобилна апликација, можете во неколку чекори да го одберете терминот што најмногу ви одговара. Потребно е само: • да одберете дали ви е потребен сервис во АМСМ сервисен центар или мобилен сервис на ваша локација; • да ги внесете потребните податоци - членски број за побрза идентификација; • да додадете информации за возилото; • да ја изберете локацијата - Скопје, Велес или Кичево; • да наведете дополнителни барања или специфични потреби; • да одберете соодветен датум и термин. По испраќањето на барањето, тимот од АМСМ сервис ќе ве контактира за потврда на закажувањето и потребните информации за цената во зависност од услугата. Повеќе информации: 02/3181-144

09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

25


| АМСМ

ПОВЕЌЕ ИЗБОР ЗА ЗДРАВЈЕТО НА ЦЕЛОТО СЕМЕЈСТВО Кога станува збор за здравјето, можноста сами да изберете каде и кога ќе ја добиете потребната медицинска услуга може да направи голема разлика. Приватното здравствено осигурување овозможува пристап до здравствени услуги во приватни здравствени установи, со можност за месечно или годишно плаќање на премијата за полисата. Во зависност од избраното покритие, осигурувањето може да опфати: • здравствена заштита во приватни клиники; • избор на лекар и здравствена установа; • користење здравствени услуги без упат од матичен лекар; • избор на термин според вашите потреби; • специјалистички прегледи; • лекови на розов рецепт; • хируршки интервенции; • лабораториски и други дијагностички испитувања; • дијагностика и третман на малигни заболувања. Според индивидуалните потреби, покритието може да се надополни и со гинеколошки, стоматолошки и офталмолошки услуги. Приватното здравствено осигурување може да биде индивидуално, семејно или колективно, а покритието може да важи во земјата и во странство, во согласност со условите на избраната полиса. Повеќе информации во Мобилити Брокер: 02/3181-405

АВТО ШКОЛА МОБИЛИТИ ПЛУС

ВРЕМЕ Е ЗА ВОЗАЧКА! ПРИЈАВИ СЕ ОБУКА ЗА Б КАТЕГОРИЈА

02/3181-240 | 072/228-195

26 09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk


АМСМ |

Euro NCAP

НОВ РЕПЕР ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА ВОЗИЛАТА BMW И ZEEKR ДОБИВААТ 5 ЅВЕЗДИЧКИ СПОРЕД НОВИТЕ ТЕСТОВИ НА EURO NCAP

• Првите возила оценети со користење на најзначајната ревизија на Euro NCAP во неговите процедури за тестирање и бодување за повеќе од една деценија. • Новите фази на безбедност се најкомплетната евалуација на безбедноста на современите автомобили и се фокусираат на целото безбедносно патување - од безбедно возење до одговор по сообраќајната незгода. • BMW iX3 и ZEEKR 7GT „Neue Klasse“ добиваат пет ѕвездички. • Резултатите покажува дека и европските и кинеските производители успешно се прилагодиле на попредизвикувачките протоколи за проценка.

Л

ЕВЕН, БЕЛГИЈА - Euro NCAP ги воведе своите напредни протоколи за проценка на безбедноста на возилата за 2026 година, што претставува најсеопфатна ревизија на неговиот систем за тестирање и оценување во последниве години. Новата рамка го подигнува стандардот за заштита на потрошувачите, ставајќи поголем акцент на интуитивните и ефикасни системи за помош на возачот, робусно избегнување судири, заштита на патниците од различна популација, како и безбедност и грижа по сообраќајната незгода. Резултатите покажуваат дека производителите веќе се соочуваат со предизвикот. И сосема новиот BMW iX3 и ZEEKR 7GT ја добија највисоката оценка за безбедност, пет ѕвездички, според новите протоколи на Euro NCAP.

Кога Euro NCAP беше основан во 1996 година, многу производители на автомобили отворено се спротивставија на независното тестирање на судири, тврдејќи дека нема да биде ниту практично ниту финансиски одржливо да ги исполнат таквите безбедносни очекувања. Сепак, со текот на времето, производителите почнаа да ја препознаваат оценката од пет ѕвездички на Euro NCAP, трансформирајќи ја отпорноста на возилото при судир во императив, клучна вредност на потрошувачите. Денес сме сведоци на слична технолошка и регулаторна пресвртница. Бидејќи современите возила стануваат сè позависни од сложени системи за помош на возачот, интеграција на софтвер, дигитални допирни интерфејси и високонапонски електрифицирани платформи, Euro NCAP поставува низа нови предизвици за производителите на автомобили. Новите протоколи го поместуваат фокусот кон фазите на безбедност најкомплетниот метод досега за оценување на многуте начини на кои современиот автомобил може да ги заштити патниците и другите учесници во сообраќајот. Накратко: четирите фази на безбедност Безбедно возење - Колку добро возилото ги поддржува возачот и патниците и продонесува за побезбедно возачко искуство? Избегнување на судир – Колку ефикасно возилото може да идентификува опасности и да помогне во спречување или ублажување на судир? Заштита од судир – Колку добро структурата, воздушните перничиња и безбедносните системи на возилото ги штитат патниците и другите учесници во сообраќајот? По судир – Дали дизајнот на возилото и вградените системи можат да им помогнат на службите за итни интервенции да го подобрат третманот на патниците по судир?

09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

27


| АМСМ

архитектура изврши беспрекорна изолација на батеријата неопходна за да се помогне во минимизирање на ризикот од пожар - додека сите електрично активирани рачки на вратите се издолжија и останаа целосно оперативни по судирот, надополнети со достапно рачно отпуштање.

2026 BMW iX3: „Neue Klasse“ BMW iX3 50 xDrive (голем електричен SUV со максимална тежина од 2.285 кг) покажа извонредни перформанси во сите фази од проценката и можеби е најбезбедниот автомобил на BMW досега. Во категоријата за проценка на безбедно возење (73 проценти), iX3 беше пофален за неговите наменски физички контроли за трепкачите, сирената, фаровите и селектори на брзини. Неговото следење на возачот се покажа како ефикасно во откривањето на физиолошкиот замор и оштетување на возачот, иако покажа помала чувствителност кон краткорочно визуелно одвлекување на вниманието. За време на тест на пат во реален свет од 2.000 км низ Италија, Франција, Германија и Австрија, неговата функција за помош при ограничување на брзината правилно ги идентификуваше промените на сигнализацијата во 86 проценти од случаите, покривајќи 97 проценти од поминатото растојание. iX3 нуди напредно следење на кабината што може да ги класифицира патниците, но не вклучува поиновативни карактеристики како што се откривање на неисправност на совозачот на предното седиште или неправилна употреба на безбедносниот појас. Технологиите за избегнување судир (83 проценти) на новиот iX3 се покажаа исклучително добро со автономно сопирање во итни случаи (AEB), удобно надминувајќи ги новите барања на Euro NCAP, покажувајќи добри можности за ублажување на патеките од возило до возило, свртување на раскрсница и судир со мотоцикл. Заштитата на пешаци и велосипедисти беше одлична, додека неговите системи за избегнување на напуштање на лентата исто така се покажаа добро. Во заштитата од судир (86 проценти), iX3 обезбеди максимални поени во сите евалуации од странични удари, потпомогнати од стандардното централно воздушно перниче кое спречува удари меѓу патниците. Тестирањето на предното поместување покажа добра или соодветна заштита за сите возрасни лица, вклучувајќи ја и малата возрасна женска кукла на совозачкото седиште. iX3 не доби целосни оценки на тестот за целосна ширина поради маргинален резултат од 85% за градниот кош на возачот и покрај тоа што максималните поени беа доделени за двете куклички за деца на задните седишта. Возилото постигна извонредни 95% во безбедноста по судир. Вградената е-поставка за е-повик сигурно се координира со службите за прва интервенција. Електричната високонапонска

28 09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

2026 ZEEKR 7GT: ZEEKR 7GT Privilege AWD (голем електричен семеен автомобил, максимална тежина од 2.405 кг) покажа високо-перформансна софтверска интелигенција и одлична целокупна структурна отпорност на судир. За безбедно возење (79 проценти), 7GT има софистициран распоред за следење на возачот кој доби максимални оценки за справување со случаи на акутно визуелно одвлекување на вниманието, како и замор и поспаност. Вклучува напредни сензори кои го означуваат неправилното користење на безбедносниот појас само за скут и рачен прекинувач за исклучување на воздушната перница за совозачот свртен кон назад за детски седишта, покрај стандардното откривање на присуство на деца за да ги предупреди надворешните минувачи во случај детето да е оставено зад себе. Многу од карактеристиките и функциите на ZEEKR 7GT - од поставките за возење до контролата на климата - се управуваат преку централен екран на допир, наместо преку физички прекинувачи и копчиња, што резултираше со слаб резултат за општите контроли на возилото. На 2.000 км возење по патиштата низ Шпанија и Франција, неговиот систем за помош при брзина правилно идентификуваше знаци за ограничување во 79 проценти од случаите, што претставува 89 проценти од вкупното поминато растојание. Во фазата Избегнување на судир, 7GT заработи извонредни 89 проценти. Неговите системи за активна безбедност реагираа и се покажаа добро. AEB демонстрираше речиси беспрекорно извршување во низа вообичаени сценарија со висок ризик, ублажувајќи ги ризиците од фронтален, рикверц и преминување на раскрсница. Неговиот интегриран систем за спречување на „влегување на врати“ успешно ги предупреди патниците да не отвораат врати кон велосипедистите што се приближуваат. Неговата заштита од судир (93 проценти) беше робусна. 7GT постигна максимални поени низ страничните мобилни бариери, страничните столбови и ударите со патниците од далечната


АМСМ |

страна, делумно благодарение на конфигурацијата на централните воздушни перничиња. Тестирањето на фронталното поместување даде добра или соодветна заштита за возрасни и совршени резултати за куклите за деца на задните седишта. Виртуелното моделирање и тестирањето на санки низ 5-тиот, 50-тиот и 95-тиот перцентил ја докажаа структурната разновидност. Во безбедноста по судир, 7GT се изедначи со iX3 со резултат од 95 проценти, извршувајќи автоматска изолација на високонапонска струја, автоматско отклучување на вратите и одлично управување со енергијата на ударот. Неговите рачки на вратите останаа неоштетени и можеа да се отворат во сите тестови. Поените беа намалени само затоа што функционалноста TPS eCall не постигна максимален резултат. „Новите протоколи на Euro NCAP беа воведени како одговор на повратните информации од потрошувачите, како и како одговор на еволуирачките инженерски способности и иновациите околу технологијата. Пет-ѕвездените оценки на BMW iX3 и ZEEKR 7GT покажуваат дека

производителите на автомобили можат да произведат модели кои се безбедни на многу нивоа, од едноставното, но важно вклучување на физички прекинувачи и копчиња до начинот на кој помагалата на возачот се чувствуваат во склад со возачот, а не во спротивност со него. Безбедноста на автомобилите многу еволуираше откако Euro NCAP ги објави своите први резултати од тестовите на почетокот на 1997 година, а нашата организација е горда што одигра улога во стремежот кон побезбедни возила и патишта. Веруваме дека најновите протоколи за тестирање на Euro NCAP ќе играат клучна улога во тоа патување кон побезбедни автомобили.” — Д-р Алед Вилијамс, директор на програмата на Euro NCAP • Мирко Гигов

Тестирани возила (2026)

Безбедно возење

Избегнување судар

Заштита при судар

Бебедност по судар

BMW iX3 50 xDrive

73%

83%

86%

95%

ZEEKR 7GT Privilege AWD

79%

89%

93%

95%

Севкупна оцена

09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

29


| ТЕСТОВИ И СОВЕТИ

ЕДНО ЗА СИТЕ СЕЗОНИ ГУМИТЕ ЗА СИТЕ СЕЗОНИ ПОКАЖУВААТ ДОБРИ РЕЗУЛТАТИ И КАРАКТЕРИСТИКИ ПРИ ВОЗЕЊЕ 365 ДЕНА ВО ГОДИНАТА. АСОРТИМАНОТ Е ОГРОМЕН, А ПЕТ МОДЕЛИ НЕ ГО ПОМИНАА ТЕСТОТ ÖAMTC. Од Гинтер РАУЕКЕР

П

рисуството на гумите за сите сезони на актуелниот пазар постојано се зголемува бидејќи предностите се очигледни: еден сет гуми за цела година, нема потреба да се преминува од летни на зимски гуми и обратно. Сепак, потребниот балансирачки чин, исто така, е значителен. Гумата за сите сезони е дизајнирана да функционира сигурно во сите услови – во лето на асфалтни температури од 50 степени, во зима на снежни патишта и во пролет и есен на влажни патишта. Исто така, треба да покаже ниско абење и голема километража во вакви услови. Предизвик: Ако, на пример, перформансите на гумата се оптимизирани за зимски услови, растојанието на сопирање и стабилноста при управување страдаат во лето, а километражата, исто така, е намалена.

да балансираат со ова. Сепак, во тестираната големина за мали автомобили (тест-возило беше Шкода Фабија), Bridgestone и Michelin, на пример, не ги нудат своите најнови модели со најсовремена технологија. Само Continental AllSeasonContact 2 постигна добра вкупна оценка. Импресионираше во сите критериуми за безбедност при возење. Две гуми, Pirelli Cinturato All Season SF 3 и Michelin CrossClimate 2, за малку не постигнаа добар вкупен резултат. Pirelli се покажа малку лошо во зимски услови, а Michelin се мачеше малку на влажни коловози. Веднаш по нив следуваат Vredestein, Hankook, Goodyear, Nokian и GT Radial. Сите покажуваат слабости во барем една категорија за безбедност при возење.

Големина 185-65 R15 во фаза на тестирање Факт е дека многу производители на гуми сè повеќе се способни

Nexen, Dunlop и Milever успеваат само да постигнат преодна оценка. Сите три покажуваат значителни недостатоци на суви

Критериуми

Continental All Season Contact 2

Pirelli Cinturato All Season SF 3

Michelin Cross Climate 2

Vredestein Quatrac

Hankook Kinergy 4S 2

Goodyear Vector 4Seasins Gen 3

Суво 35 %

2,2

2,3

2,2

2,5

2,0

3,4

3,2

Влажно 45 %

2,0

2,4

2,8

2,4

2,7

2,2

1,8

Зима 20 %

2,3

2,7

2,1

3,1

3,2

1,8

2,8

Оцена за безбедност при возење 70%

2,1

2,7

2,8

3,1

3,2

3,4

3,2

Nokian Tyres Season proof 2

Километража 40 %

2,6

2,5

2,4

2,4

2,3

2,5

3,0

Абење на гумите 20 %

1,8

1,7

1,4

1,8

1,8

1,9

2,2

Ефикасност 20 %

1,9

2,3

1,6

2,1

2,3

2,5

1,9

Бучава 10 %

2,7

3,2

3,1

3,0

3,7

2,9

3,0

Одржливост 30 %

2,7

3,0

2,9

3,4

3,6

3,4

2,9

Оценка за еколошки перформанси 30 %

2,6

2,4

2,2

2,4

2,5

2,5

3,0

Вкупна оценка 100 %

2,3

2,6

2,6

2,9

3,0

3,1

3,1

30 09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk


ТЕСТОВИ И СОВЕТИ |

патишта, што доведува до намалување на вкупната оценка, а нивните перформанси на влажни патишта, исто така, се само задоволителни. Nexen и Milever покажуваат недостатоци и во зимски услови, а Dunlop сè уште не е во можност да постигне добра вкупна оценка во овие услови. Целосно незадоволителни Пет модели на гуми мора јасно да бидат оценети како „неуспешни“: Norauto, Bridgestone, Mastersteel, Roadhog и Tomason. Одлучувачки фактор за сите е нивното несоодветно работење на зимски патишта, иако ја носат ознаката „M+S“ за зимски гуми на страничниот ѕид. Но само тоа не е доволно: сите пет модели на гуми покажуваат слаби перформанси и во барем една друга област, постигнувајќи не повеќе од задоволителна оценка. Дополнително, Mastersteel, Roadhog и Tomason се издвојуваат поради нивната мала километража - посебен проблем за гумите за сите сезони. Нивната километража се движи помеѓу 34.000 и 36.000 километри.

Ако еден резултат е помал од 4,5, општите резултати не може да се подобрат, а целокупниот резултат е незадоволителен.

Граници за оценката: *****

****

***

**

*

0,6-1,5

1,6-2,5

2,6-3,5

3,6-4,5

4,6-5,5

Препораката и рангирањето на моделите од ÖAMTC се базираат врз вкупниот резултат, кој се пресметува од пондерираните индивидуални критериуми. Во случај на изедначување во вкупниот резултат (две децимални места), рангирањето се одредува по азбучен ред од страна на производителот. Ефекти на влијанието: Ако резултатот за безбедност при возење или еколошки перформанси е помал од 3,5, вкупниот резултат не може да се подобри. Ако еден од резултатите во поткритериумот е помал од 2,5, главниот критериум не може да се подобри. Ако еден резултат е помал од 4,5, општите резултати не може да се подобрат, а целокупниот резултат е незадоволителен. Критериуми за оценување на гумите Безбедност при возење 70 %: суво 35 % (управување 40 %, безбедност при возење 40 %, сопирање 20 %), влажно 45 % (сопирање 30 %, надолжно аквапланинг 20 %, попречно аквапланинг 10 %, управување 30 %, странична стабилност 10 %), зима 20 % (сопирање на снег 25 %, тргнување на снег 15 %, управување на снег 40 %, сопирање на мраз 20 %). Влијание врз животната средина 30 %: километража 40 %, абење на гуми 20 %, ефикасност 20 % (тежина на гуми 50 %, потрошувачка на гориво 50 %), бучава 10 % (внатрешност 50 %, надворешност 50 %), одржливост 10 %.

Преземено од ÖAMTC

Уште една забелешка за Bridgestone: Додека наследникот, модел Turanza All Season 6, веќе е достапен и се покажа добро во поголеми димензии, Turanzy не се нуди во тестираната големина од 15 инчи. Препораката и рангирањето на моделите од ÖAMTC се базираат врз вкупниот резултат, кој се пресметува од пондерираните индивидуални критериуми. Во случај на изедначување во вкупниот резултат (две децимални места), рангирањето се одредува по азбучен ред од страна на производителот. Ефекти на влијанието: Ако резултатот за безбедност при возење или еколошки перформанси е помал од 3,5, вкупниот резултат не може да се подобри. Ако еден од резултатите во поткритериумот е помал од 2,5, главниот критериум не може да се подобри.

GT Radial Climate Active

Nexen N Blue 4Season 2

Dunlop All Season 2

Milever All Season Versat MC 545

Norauto 4 Seasons 2

Bridgestone Weather Control A005-Evo

Mastersteel All Weather 2

Roadhog GAS02

Tomason Allseason

2,7

3,6

3,7

4,0

2,4

3,5

3,2

2,8

3,3

2,4

2,9

3,0

3,5

3,1

1,9

2,9

3,1

3,3

3,2

2,9

1,7

2,9

4,9

5,3

5,3

5,4

5,5

3,2

3,6

3,7

4,0

4,9

5,3

5,3

5,4

5,5

3,1

3,0

2,9

3,4

2,2

2,5

3,2

3,2

3,1

2,3

2,2

2,0

2,1

1,7

1,9

2,1

2,1

2,2

2,8

2,4

2,0

2,7

2,1

2,5

2,8

2,7

2,2

3,2

2,6

2,9

3,0

3,5

2,9

3,5

3,4

3,9

3,7

3,3

3,4

4,5

3,1

3,3

4,5

4,5

4,4

3,1

3,0

2,9

3,4

2,3

2,5

3,2

3,2

3,1

3,2

3,6

3,7

4,0

4,9

5,3

5,3

5,4

5,5

09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

31


| СТИЛ

Сам(а) на патување

ВО ДРУШТВО СО СЕБЕ АКО СЕ ДВОУМИТЕ ОКОЛУ ТОА ДАЛИ ДА ПАТУВАТЕ САМ(А) ИЛИ, ПАК, ВО ПРИДРУЖБА НА НЕКОИ СВОИ БЛИСКИ ДРУГАР(К) И, ПРИЈАТЕЛ(К)И, РОДНИНИ (СОСЕМ СЕЕДНО), СКРШЕТЕ ГО МРАЗОТ - ВООПШТО НЕМА ДА СЕ ПОКАЕТЕ, СПОМЕНИТЕ СЕ НЕЗАБОРАВНИ. ЕВЕ И ЗОШТО.

Н

ема сомневање, предностите на патувањето во друштво на некој што ви е близок - сосем сеедно е дали се работи за роднина, пријател(ка), другар(ка) - навистина се многу (можеме да набројуваме до бескрај). Нормално, групата може да биде и поголема. Следствено, трошоците се помали затоа што цените на сместувањето, таксито, изнајмувањето автомобил се делат; храната е поевтина - можат да се порачаат различни јадења и притоа да се проба сè што душа сака; во исто време се добиваат и попусти за двајца, повеќе луѓе на некои влезници и тури (обиколки). Сигурноста (чувството на заштитеност од опасности, на пример) автоматски се зголемува - ризиците од ситни, провални кражби и проблеми во некои непознати места се сведуваат на минимум; доколку се разболете, има кој да се грижи за вас; олеснувачка околност е и тоа што сите обврски се делат - едниот од вас е одговорен за багажот (куферите, торбите), другиот да го најде патот (кај оди), третиот ги подмирува долговите (сметките). Забавата е гарантирана исто како и срдечното смеење, доста често и до солзи, особено во текот на долгите летови, возењата на кои понекогаш не им се гледа крајот; врските (независно дали се роднински, пријателски, љубовни) се зацврстуваат, благодарение на новите искуства што сте ги доживеале заедно; секогаш ќе имате некој со кого ќе се потсетите на патувањето, каде и да било (посебно на егзотичните места - необичните, оние што предизвикуваат и возбуда, меѓу другото). Факт е дека патувањата со свои луѓе се гаранција за убав помин, барем во повеќето случаи, но сепак, тоа не значи дека по секоја цена треба да се откажете од желбата да отпатувате некаде само

32 09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

затоа што не можете да се усогласите со нив на кој било начин временски, па дури и кога во прашање е изборот на дестинацијата. Неретко се прави компромис од атер - ускратувајќи го своето задоволство. Понекогаш се приспособуваме на другите, а во исто време не правиме ништо за себе, без да се прашаме што всушност нè привлекува, го предизвикува нашето љубопитство, интерес, внимение - кои места, на пример. И сè што е поврзано со нив. СОЛО ПАТУВАЊЕТО ВЛЕВА СИЛНА САМОДОВЕРБА Токму затоа, воопшто не се колебајте дали да патувате и сам(а) - сеедно каде. За почеток можете да се одлучите за некое место што се наоѓа во близина - на мала оддалеченост, колку да го скршите мразот, а после тоа, без размислување ќе си уплаќате за туристичките аранжмани кои ви се баш по мерка, вклучувајќи ги и далечните земји. Верувајте, нема да се покаете ни малку - спомените од патувањата во друштво со себе не само што се незаборавни туку и свети (во поширока смисла). Охрабрете се. И почнете да ги пакувате куферите. Патем кажано, направете место за нив - сеќавањата. Бидете сигурни дека нема да избледат. Соло патувањето во моментов е толку популарно (повеќе од кога и да било) што туристичките агенции се грижат за оние кои се решиле на тој чекор никогаш ништо да не им недостасува - напротив, се залагаат за намалување на трошоците за сместување, овозможувајќи им да ја делат хотелската соба, на пример, со некој друг итн., а се разбира, можете и самите да букирате на некој од многуте онлајн-сервиси, раководејќи се од своите потреби, желби... Можноста да го доживеете градот за кој претходно сте


СТИЛ |

НАДВОР ОД ЗОНАТА НА КОМФОРОТ Прашањето за сигурноста, безбедноста е многу важно, можеби и пресудно за да се решите на тој чекор. Иако не можете да знаете што ве чека, водете се според својата интуиција - бидете отворени, ако во врска со нешто (што и да било) се чувствувате непријатно, едноставно не заминувајте на пат. Претходно направете план, откако ќе го резервирате билетот за летот до местото кое ќе ви биде крајна дестинација. Патем информирајте се за оддалеченоста на самиот аеродром од центарот на градот и сместувањето, вклучувајќи ја и цената. Проверете кои места се безбедни за оние што се сами, а кои треба да се одбегнуваат. Истото важи за знаменитостите, особено во вечерно време. Секогаш носете мобилен телефон со себе, јавувајте се редовно на вашите најблиски. Дознајте нешто повеќе и за обичајните правила на тамошните луѓе. На лице место ќе се уверите колку сте снаодливи, потпирајќи се на своето знаење (вештина, умеење). Со тоа сигурно ќе станете појаки, посилни. Довербата во себеси, во сопствените можности и способности ќе се зголеми. Ќе сфатите колку е убаво друштвото со себе, притоа и добро ќе се забавувате, конечно ќе излезете од зоната на комфорот - нема дилема, соло патувањето е далеку од тоа што се нарекува рутина. Искуството ќе ве промени, но само на подобро. Исто и луѓето со кои ќе се запознаете. Бидете отворени, таквите пријателства немаат цена. Имате можност и да стекнете извесно знаење за нив - менталитетските белези, културата (каква и да е - општа, музичка, јазична и така натаму).

читале само во списание, на некој портал (сигурно и во „АМСМ Клуб Мобилити“), онака како што го чувствуваат неговите жители, бесцелно шетајќи по улиците, на пазарот, секако дека е добра прилика и да воспримите доволно од филозофијата до која се држат во животот - без исклучок на рестораните во кои се послужуваат само традиционални деликатеси, специјалитети на кујната што се предава од поколение на поколение. Како и да било, комуникацијата е многу важна, има големо значење. Тоа е шанса да стекнете и пријатели. Впрочем, психолозите тврдат дека ова т.н. соло патување влева силна самодоверба, животот се менува на подобро. Конечно, никому не треба да му давате отчет за тоа како го поминувате времето, со кого, што сте се почестиле... Листата навистина е долга. Од тие причини, а и многу други, не се двоумете - прашањата кои си ги поставувате се оправдани, во согласност со логиката. Исто така и одговорите кои со голема сигурност ќе ве охрабрат да заминете на пат - сам(а). И покрај тоа што роднините, пријател(к)ите, другар(к)ите сигурно ќе се запрашаат која е причината за оваа одлука - особено ако досега сте патувале само во друштво. Искуствено, навистина е авантура. Животен потег, ама и успех - победа.

Доколку не сакате да воспоставувате односи на познанство, никому ништо. Сепак, сочувствителноста (емпатијата) ќе ве придружува до самиот крај - некако природно, ама ќе научите и да уживате во самотијата - ќе се уверите дека сте си доволни на себе(си), а притоа и весело друштво (за себе). Истовремено можете да правите што ќе посакате. Ако не ви се чека во ред за да влезете во музеј - не морате, никој нема да ви приговори. Раководете се само од своите афинитети - тие нека ви бидат туристички водич, така определете го патот што треба да го поминете (маршрутата), местата кои треба да ги видите, посетите. Сигурно ќе ги наполните батериите. Соло патувањето е добра прилика за тоа. Лека-полека, без страв дека нема да одговорите на задачите - работните, домашните обврски. Ќе имате доволно време да размислувате за својот живот и пропуштените можности, како оваа - да патувате сам(а). • Игор Ландсберг

09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

33


| ПАТУВАЊЕ

Блеари

КОНТРАСТОТ НА БАЛЕАРСКИТЕ ОСТРОВИ ГОЛЕМАТА РАЗЛИКА МЕЃУ НИВ - НЕКОЛКУТЕ ОСТРОВИ ШТО ЈА ФОРМИРААТ ОВАА ГРУПА Е САМО ЕДНА ОД МНОГУТЕ ПРИЧИНИ ПОРАДИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ПОСЕТИТЕ ВО ДОГЛЕДНО ВРЕМЕ, УЖИВАЈЌИ ВО СИОТ СЈАЈ НА БОИТЕ И СЕПТЕМВРИСКОТО СОНЦЕ, ЗОШТО ДА НЕ.

Д

еветтиот месец од календарската година е добра прилика за посета на шпанските острови во Средоземното Море, кои се карактеризираат со невиден раскош - луксузот е другото име на Балеарите, за чија популарност воопшто не треба да се спори уживаат големи симпатии кај поширокиот круг луѓе, пред сè оние кои не знаат за медиокритетство. Секако дека многумина веќе се одлучиле за крајот на летото да го поминат на некој од нив, но никогаш не е доцна за резервација на лет - во жижата на вниманието се Ибица, Форментера и Мајорка, додека за Менорка е својствена тишината во која населението сака да живее. Убавината, привлечноста, допадливоста ни малку не се доведува во прашање. Ќе мора да летате со авион до Барселона, потоа со воз, со автомобил (наемен), со автобус или пак со авион до Валенсија. Оттаму ќе се превезете со ферибот или со траект - за среќа, тоа не е единствена опција: трите острови (Ибица, Мајорка и Менорка) имаат свои аеродроми, но не и најмалиот - Форментера. Според можностите ќе го планирате и ова патување, кое сигурно нема да биде заборавено. Ако сте ограничени со време, Балеарите можете да ги посетите и другпат - сончевите денови не се добројуваат, на годишно ниво

34 09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

Ибица

има повеќе од 300. Важно е само да ги впишете на листата за приоритети, сеедно кога - со цел да уживате во сиот сјај на сонцето и боите, кои се чини дека никогаш не губат од својот интензитет. ИБИЦА - РОДНИОТ КРАЈ НА ТЕХНОМУЗИКАТА Најблиску до Валенсија секако е Ибица, но сепак се потребни 5-6 часа за да дојдете со ферибот на островот - за околу 55 минути се стигнува со авион. Ибица ја сметаат за колепка (роден крај) на техномузиката. Освен што изобилува со клубови за љубителите на овој музички правец настанат со фузија на повеќе стилови електронска танцова музика и други локали во кои буквално сите ги следат најновите модни трендови, па и оние на плажа, островот има сè што треба за годишниот одмор да биде и по мерка на останатите кои допатувале со цел да си ги обноват, повратат силите, без да лумпуваат до утро. Боровите шуми на Ибица, пријатниот мирис е тоа што со голема сигурност ќе ве натера да се упатите и во внатрешноста на островот - половина од него е пошумено подрачје, во кое се засадени и бадеми и маслинки и смокви. Сигурно ќе уживате во прошетките по нивните рабови, што всушност се


ПАТУВАЊЕ |

патеки. Североистокот е рурален, карпите се дел и од пејзажната лирика - заедно со морското крајбрежје. Плажите, исто така, пулсираат во ритамот на техномузиката, особено за време на шпицот (вообичаено е во јули и август). Јужниот дел на Ибица е познат по соланите и малите заливи чии брегови на некои од нив не се достапни по сузвоземен пат, само по воден - потполната тишина ќе ве потоне во мислите, исто како и средновековната култура. Ѕидините на тврдината во истоимениот град се наоѓаат на листата за светско културно наследство на УНЕСКО, без исклучок на стариот дел. Боемскиот живот е само една од битните карактеристики на островот каде што луѓето кои живеат неконвенционално се упатуваат на север во потрага по алтернативни решенија, холистички пристап кон нив - се разбира, одат и на пазар. Им пркосат на другите, оние што доаѓаат за да се забавуваат. Хедонизмот се подразбира, кулинарските специјалитети на балеарската кујна (задолжително пробајте ја и тамошната верзија на чизкејк - „флао“ за десерт) во комбинација со добро вино и понекој освежителен пијалак на крајот од денот се полн погодок.

Ибица, поглед на Es Vedrà

ФОРМЕНТЕРА - НАЛИК НА КАРИБИТЕ Иако е мал, островот ќе ве воодушеви со својата убавина - неодолива е. Потсетува на Карибите, островската група во Средна Америка. Водата е кристално чиста - во сите нијанси на сината боја. Како главна причина се наведуваат планктоните и морската трева во улога на природен филтер, заедно со рефлексијата (одбивањето на светлината од небото), поради што нуркањето е главна атракција. До Форментера ќе стигнете исклучиво со ферибот од Ибица - за половина час. Многумина одат на еднодневен излет, а потоа, восхитени од неа, се преместуваат - често го продолжуваат и годишниот, летниот одмор. Нејзината популарност се должи на Боб Дилан, кој во 1960-тите, откако го занеле релаксираната атмосфера и битовиот амбиент, поминал извесно време таму - живеел во долниот дел на една ветерница. Неосквернета е и покрај тоа што изобилува со луксузни бутик-хотели, распоредени на правилен начин - подалеку од самото крајбрежје. Идеална за повеќечасовно излежување на некоја од многуте плажи, кои на северниот дел се окружени со вода на двете страни. Playa de Ses Illetes е прогласена за една од најубавите во светот - без секакво сомневање, а со своите квалитети сигурно ќе ве привлечат и оние на север - во западниот дел се и урбанизирани, но никако не смеете да го пропуштите и залезот на сонцето. Глетката е како сфумато, контурите на Ибица и ненаселеното островче Es Vedrà само се наѕираат. Можете да изнајмите бротче, скутер и да го прошетате островот - попатно ќе ги видите и светилниците, вкупно три. Оној на Cap de Barbària е именуван по варваризмот, суровоста на пиратите од Северна Африка. Во далечината ќе ги здогледате и соколите, а има и пештера. Најмалиот е блиску до марината, како да чува стража. Седнете на терасата од некој ресторан во пристанишниот простор и уживајте во погледот и деликатесните јадења - порачајте „собрасада“ или „кокароис“ или „емпанада де кордеро“.

Форментера

Ибица

МАЈОРКА - СОВРШЕНА ЗА ИДИЛИЧНА ПОЕЗИЈА Најголемиот во целата група острови се одликува и со историја, минато кое се чини дека по малку е занемарено. Како што велат тамошните луѓе, поради целосната посветеност на туризмот - сепак е фасцинантно. Стопанската гранка која се занимава со задоволување на барањата на туристите е главна, основна уште од 1960-тите, монополизирајќи го многу - сепак, за време на прошетките ќе наидете на делови од него, што не се допрени. Сведочат автентично. Со тоа несомнено се почитува и традицијата. Пејзажниот опис е совршен за идилична поезија. Освен со авион (летот

09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

35


| ПАТУВАЊЕ

од Валенсија до Палма трае околу еден час), можете да патувате и со ферибот (потребни се меѓу 5 и 8 часа за да стигнете до него, во зависност од компанијата, бродот). Главниот град е доста посетен. Шпанците одат таму и на продолжен викенд - само на неколку дена. Забележливо е влијанието на Римјаните, Маврите, Византијците. Особено во катедралата „Санта Марија“ од 1229 година, веднаш до морето. Изградена во готски стил, има голема розета на витражниот прозорец - глетката е величествена. Претходно на тоа место се наоѓала џамија. Сепак, за шармот на овој град е заслужен и стариот дел и еврејскиот кварт. Атмосферата е релаксирана и во едниот и во другиот - прошетката по нивните улици, музеи, галерии. Двете студија на Хоан Миро се отворени за сите. Концентрацијата на вниманието е толку висока што неговите жители на остатокот од островот гледаат како на нешто далечно, кое нема врска со Палма. Како и да било, постојат различности - секакви. Но, заедничка е особеноста на морското крајбрежје да ги привлекува туристите од странство со неговата убавина - на која и да било страна (водата е топла - знае и да се запени), контрастирајќи ù на внатрешноста каде што се засадени портокали, маслинки... Во позадината е планинскиот венец Serra de Tramuntana. На неговите падини - селото Deià, најмилото врталиште на ликовните уметни-

Мајорка

Мајорка

Палма

Катедралата „Санта Марија“ во Палма

ци. Го сметаат за енклава. Во близина е Valldemossa, со својата питорескност ги инспирирала Жорж Санд и Фредерик Шопен, заедно со преубавото гратче Sóller, познато и по вкусното „гато д’аметлја“ (десерт). Без искучок на Pollença. Во близина е Manacor (оддалечен 46 километри, од Палма - малку над 50 км), таму е фабриката за бисери - Majorica од 1890 година. Сеедно во кое место ќе одите за

36 09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

да го видите, препуштете им се на мераклиските работи - јадењата навистина се деликатесни. Воопшто не се двоумете, земете „па амб оли“ да ви се отвори апетит - потоа со ред: „собрасада де Мајорка“, „томбет“, „енсаимада де Мајорка“. Сето тоа со најдоброто вино. Лозарството на островот е добро развиено, уште од времето на Римското Царство - виновите лози се автохтони. Отидете и на прошетка до Менорка, доколку имате можност - барем на еден ден. Меѓу другото, островот е познат и по полномасниот кашкавал кој се прави со пастеризирано млеко. • Игор Ландсбер


ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

ИЗВАДЕТЕ МЕЃУНАРОДНИ ДОКУМЕНТИ Меѓународна возачка дозвола ∙ Одобрение за управување со туѓо моторно возило Патничко осигурување ∙ Зелен картон ∙ АМСМ членски картички

02/3181-181

www.amsm.mk 09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

37


| ПАТУВАЊЕ

Долна Река (Мијачки крај)

ПО ТЕЧЕНИЕТО НА РАДИКА ДОДЕКА СЕ ВОЗИТЕ СО АВТОМОБИЛ НА ПАТОТ КОЈ МИНУВА НИЗ ДОЛНА РЕКА - ПО ТЕЧЕНИЕТО НА РАДИКА, НЕ САМО ШТО ЌЕ УЖИВАТЕ ВО ПОГЛЕДОТ НА ЖИВОПИСНАТА ОКОЛИНА, ТУКУ И ЌЕ ИЗРАЗИТЕ ЖЕЛБА ДА СКРШНЕТЕ ОД НЕГО - ДА СВРТИТЕ ВО ПРАВЕЦ НА НЕКОЕ СЕЛО.

Ж

ивописните предели на македонските регии (сеедно која) со голема сигурност и понатаму ќе ве инспирираат да ги посетите со цел да се опуштите, а притоа да ви се врати доброто расположение - барем на ден-два. Исто како и досега. Исцелителската моќ на природата не се доведува под сомневање, вклучувајќи го и фактот дека ова е земја со сите убавини во себе, кои ни се достапни (и тоа лесно), само треба да сме свесни за нив предавајќи им се без задршка, потполно. И сега, во последните денови на летото кога времето сè уште е сончево. Со надеж дека нашите патописни белешки ќе ве поттикнат да направите план за вашето следно патување некаде во Македонија, размислете за прошетка по течението на Радика - идеална е за неделен излет на пример. Бидете сигурни дека нема да можете да се насладите на убавините на оваа регија - Долна Река е во склопот на националниот парк Маврово во чиј состав е и Горна Река и Мала Река и, секако, Мавровска Котлина. Возејќи се со автомобил на патот кој минува покрај Радика, не се двоумете да скршнете од него - погрешен правец едноставно не постои, без оглед на тоа што можеби ќе ви биде непознат - сигурно ќе ве одведе во некое село, пријатниот амбиент е одлика на сите, буквално. Каде и да

38 09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

Јанчe

застанете, ве чекаат и такви разговори со мештаните - пријатни, какви што впрочем се тие самите. Гостопримливо ќе се поздрават со вас штом ве видат - откако ќе си помуабетите, веројатно ќе ве поканат на кафе во својот дом. Како што му е редот - припадниците на месното население се држат многу до обичаите, правилата на поведението... Традицијата воопшто. Препуштете ù се на случајноста - во согласност со внатрешното чувство. И ќе се уверите дека сепак ништо не е случајно. Дури ни зелената боја на реката, која се споредува со онаа на смарагдот - затоа и метафорскиот израз што често се користи, дека Радика е само една од разните скапоцености кои ги има нашата земја. БИСТРА ВОДА НИЗ КОЈА ЛЕСНО ПРОДИРА СВЕТЛИНАТА Причините за тоа се повеќе, како на пример дека има висок процент на калциум карбонат - реката тече во планински предел што е богат со варовнички карпи. Водата полека ги раствора апсорбирајќи ги честичките на оваа супстанца со сложен хемиски состав. И законите на светлината се јавуваат како важен фактор. Секогаш е бистра, проѕирна - никогаш заматена. Иако е студена и тече брзо, веројатно ќе наидете на неколку капачи (повеќето се


ПАТУВАЊЕ |

мештани) кај басените, таму нема брзаци. Има и рибари кои обично како мамка за рибите користат вештачка мува - пастрмка, мрена, клен, бојник има во изобилство. Риболовната сезона е затворена, овој месец е дозволено да се рибари само во одредени денови, а веќе во октомври е забрането. Можеби во далечина ќе здогледате волк, дива свиња, лисица, мечка, рис или пак срна ловот на дивите животни е исто така забранет. Доволно е само да седнете покрај Радика, нејзиниот шум сигурно ќе ве релаксира. И зелената гора на сите страни околу неа - иако лисјето веќе почнува да жолтее, полека. Но, претходно морате да пробате бакардан (качамак) со кисело млеко во некое ресторанче, па продолжете го патот - места за починка има на секој чекор (сеедно каде ќе се стационирате накратко, уживањето е загарантирано). И да го посетите Бигорскиот манастир - да се помолите, да запалите свеќа. Почитувајте ги монашките правила. За ова светилиште ќе пишуваме во догледна иднина, сигурно. Потоа можете да направите една обиколка низ селата, без план. Секако дека не можете да ги видите сите, невозможно е - овој пат отидете во Ростуше, Јанче и Гари (без разлика на тоа што не припаѓа на Долна Река, скршнувањето ќе ви се исплати - каде било во мијачкиот крај). РОСТУШЕ - ПОЈДОВНА ТОЧКА ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА ИЗЛЕТИ ВО ПЛАНИНА На 720 метри надморска височина, сместено во пазувата на Крчин, ова село е административно седиште на Општина Маврово. Широкиот поглед на околината и кањонот ќе ви го земе здивот - навистина е прекрасен, а оттаму се поаѓа на прошетка по планината. Доколку сакате, можете и да преноќите. Сретселото секогаш е полно се деца, возрасни, особено кога има некој културен настан - сигурно ќе се најдете на муабет (населението е мешано, повеќето се Македонци со муслиманска вероисповед - правилниот литературен изговор просто е восхитувачки, а има и многу што одат на гурбет). Освен двете џамии (старата и новата), внимание предизвикува и христијанскиот храм - „Успение на Пресвета Богородица“. Веднаш по реставрацијата што ја изведоа монасите од Бигорски, црквата беше осветена пред три години. Архитектурата (стилот на градбата) во селото е типична мијачка. Лесно може да се препознае - приспособена за планински терен, ги спојува функционалноста и естетиката - како мали тврдини. Вдишете свеж воздух, со широко отворени гради. Пропешачете до водопадот - близу е, а и лесно достапен. Името (Дуф) му го дале по дувањето на ветерот и звукот на водата што паѓа од ви-

Водопадот Дуф

Ростуше

соко (23,5-28 метри), кој пак звучи како него. Заглавената карпа е вистински феномен. Можете да отидете и во Битуше - неговите жители и ден-денес се држат до народните обичаи (носиите се дел од нив - обично за Водици). Влезете во главната црквата „Св. Архангел Михаил“ на сретсело. ЈАНЧЕ - ДОБАР ПРИМЕР ЗА СОЖИТЕЛСТВО И ЕТНОТУРИЗАМ За десетина минути ќе стигнете до селото со автомобил. Во неговата и живописноста на целиот предел ќе се вљубите на прв поглед - се наоѓа на околу 740 метри надморска височина (планината Бистра го закрилува). Иако има само стотина жители, тоа е добар пример за сожителство (сите се Македонци со различна вероисповед - во Јанче има и црква и џамија), но и за етнотуризам. Отворањето на угостителскиот објект го зачува од заборавот - можете и да ноќевате. Особено ако решите да го фатите

09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

39


| ПАТУВАЊЕ

патот до Галичник, но пеш - кондицијата е предуслов за овој подвиг бидејќи висинската разлика е приближно 850 метри само во искачување, за кое пак се потребни три и пол часа. Сеедно како ќе одлучите, секаде ќе ве пречекаат срдечно. Мијачкиот стил на градба е забележлив и тука - некои од куќите се облепени со кал (повозрасните сигурно ќе ви кажат нешто за тоа, ѕидарскиот занает им е во крвта - прашајте ги, а може ќе затечете и некој како гради). Често го посетуваат и студенти по архитектура, но и дипломатски претставници. Инаку, селото е познато како „Портата на Бистра“.

ГАРИ - СРЦЕТО НА МИЈАЧКАТА КУЛТУРА Разговорите за ѕидарската дејност во мијачкиот крај можете да ги продолжите и на друго место - на пример, во селото кое од Јанче е оддалечено околу 16 километри (со автомобил ќе стигнете за 20-25 минути). Секако, ќе минете покрај мостот „Еленски скок“ и за десетина минути сте таму - Гари е вгнездено во планината Стогово, на приближно 1.100 метри надморска височина, окружено со букова шума. Типичен пример за рурална средина - некогаш се викало Гајрет (зборот е турски, значи помош, поддршка). Низ него тече Гарска Река. Оттаму е Петре Филиповски - Гарката. Иконостасот во селската црква „Успение на Пресвета Богородица“ се смета за ремек-дело на копаничарството, самиот тој го резбарел. Заедно со неговата тајфа работел и на иконостасите во Бигорскиот манастир, црквата „Свети Спас“ во Скопје и Лесновскиот манастир. Како што се зборува, Гари е срцето на мијачката култура. Пејзажот дава инспирација, дефинитивно. Па дури и за целосно да им се препуштите на задоволствата и уживањата - пробајте го овчото сирење, на пример. Се прави на бачилата. И пита, задолжително. А другото, пак, нека биде по ваш избор. Додека се враќате назад - сигурно ќе направите план за следниот пат. • Игор Ландсберг

АМСМ ЧЛЕНСТВО НОВИ ПРОДАЖНИ МЕСТА

*Картичките купени во новите продажни места се активираат според упатството на задната страна. 40 09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk


ГАСТРОНОМИЈА

ТOМБЕТ Важи за традиционален деликатес кој се наоѓа на менијата во рестораните на островот Мајорка, но со него ќе ве послужат и на Форментера и на Ибица - особено во лето, кога зеленчукот го има во изобилство. Лесно се приготвува, така што можете да го направите и самите - како главно јадење или како прилог со месо, риба. Поради неговата повеќеслојност, личи на пита, но без кора. Островјаните го викаат и тумбет. Рецептот е за четири лица.

СОСОТОЈКИ: 2 МОДРИ ПАТЛИЏАНА (средни по големина, исечени на кругови со дебелина од околу 1,5 см) 200 МЛ МАСЛИНОВО МАСЛО (приближно) 2 ТИКВИЧКИ (средни, исечени на парчиња од околу 2 см) ½ КГ КОМПИРИ (големи, танко исечени - околу 3 мм) 2 ПИПЕРКИ (црвени, печени - од тегла, исечени на ленти) МАЛА КИТКА ОРИГАНО (свежо) МАЛА КИТКА БОСИЛЕК (свеж) -------------------------------------ЗА СОСОТ: 2 ЛАЖИЦИ МАСЛИНОВО МАСЛО 4 ЧЕШНИЊА ЛУК (истолчени) 400 Г ДОМАТИ (зрели, излупени и исечкани) 1 ЛАЖИЧЕ МАЈЧИНА ДУШИЧКА (сушена) СОЛ ЦРН ПИПЕР (свежо мелен) ПРСТОФАТ ШЕЌЕР (опционално)

НАЧИН НА ПРИГОТВУВАЊЕ: Вклучете ја рерната на 200 степени целзиусови (180°C - ако користите вентилатор; 4 - доколку готвите на плин). Наредете ги парчињата модар патлиџан на плех, намачкајте ги со маслиново масло и посолете ги. Нека се печат 20-25 минути, додека не омекнат (треба да поруменат). Извадете ги од рерната и оставете ги да се оладат. Испржете ги тиквичките во тавче со маслиново масло (5 мм) на средна температура, по неколку минути од секоја страна - извадете ги, оставете ги да се исцедат на кујнска хартија и посолете ги. Во истото тавче можете да ги пропржите и компирите, додека да заруменат на краевите. Исцедете ги и нив на кујнска хартија. Потоа посветете му се на сосот. Ставете го маслиновото масло во тенџерето и додајте го лукот - пржете малку (3-4 минути на средна до ниска температура). Додајте ги доматите и мајчината душичка, ставете сол и црн пипер. Откако ќе зоврие, намалете ја температурата и оставете го сосот, нека се крчка, непокриен, додека не згусне - околу 25 минути. Откога ќе поминат 10 минути, пробајте го - доколку е киселкав, ставете малку шеќер (прстофат). Потоа намалете ја рерната на 180 степени целзиусови (160 °C вентилатор, 4 - плин). Намачкајте ја тавата со доматен сос, па врз него ставете ливчиња од босилек и оригано. Потоа наредете ги модрите патлиџани (сите). И продолжете да редите. Пак доматен сос (поголемо количество), босилек и оригано. Врз

нив - тиквичките . Повторно доматен сос, ливчиња од босилек и оригано, па пиперките. Завршете со доматниот сос (преостанатиот дел од него), босилекот и ориганото, на крајот и компирите. Посолете и забиберете, попрскајте со малку маслиново масло и печете околу половина час, додека компирите да станат крцкави, а зеленчукот одоздола не омекне.

РЕКАНСКА ПИТА Прошетката по течението на Радика можете да ја финиширате со ручек (вечера) во некој ресторан или, пак, на гости - зошто да не. Жителите на селата во Долна Река, а и на овој регион воопшто, се гостопримливи - сакаат гости, со задоволство ги примаат и пречекуваат. Доколку се најавите, сигурно ќе ви приготват и нешто специјално. Пита, на пример - типична реканска. Откако ќе ја пробате, веројатно ќе ве обземе желба и самите да ја направите. Ова е оригиналниот рецепт.

СОСОТОЈКИ: 1 КГ БРАШНО ½ Л МЛАКА ВОДА 2 ЛАЖИЧКИ СОЛ МАСЛО ЗА ЈАДЕЊЕ ---------------------------ЗА ФИЛОТ: 300 Г СЕЧКАНИ ОРЕВИ

НАЧИН НА ПРИГОТВУВАЊЕ: Најпрвин се замесува тестото (1 кг брашно, ½ л млака вода и 2 лажичиња сол), се меси додека не се изедначи смесата. Потоа се дели на 16 делови (топчиња), кои се покриваат со чиста крпа - така треба да отстојат 10 минути. Се развлекуваат со сукало и се премачкуваат со масло. Четири сучени кори се ставаат една врз друга на чаршаф и од нив со раце се развлекува една кора, што е можно поголема. Се попрскува со масло, сечкани ореви и се превиткува во форма на квадрат. Се растегнува и втората кора, се попрскува со масло и сечкани ореви. Во средината се става и готовата кора (направената) и заедно се превиткуваат во форма на квадрат. Постапката се повторува и со

другите, останатите две кори (осум топчиња), додека да се добие саканата големина (рецептот е за голема тава). Се пече околу 40 минути на 200 степени целзиусови. Напомена: просторијата во која се подготвува питата треба да биде затоплена.

09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

41


читаj, гледаj, слушаj...

„THE ODYSSEY“ (ОДИСЕЈА)

„FOREIGN TONGUES“ ROLLING STONES „НОЌНАТА КУЌА“ ЈУ НЕСБЕ

П

о трагичната смрт на родителите во пожар, четиринаесетгодишниот Ричард е посвоен и оди да живее во едно далечно, провинциско гратче во кое не може да најде никаква смисла - ниту вистински пријатели. Кога при една прошетка крај реката неговиот соученик Том исчезнува, сомнежот паѓа врз него. Никој не му верува дека телефонската говорница покрај шумата го вовлекла Том во слушалката, како во хорор-филм. Следејќи ги трагите што полицијата одбива да ги истражи, се јавува на истиот број. И тогаш започнува вистинскиот хорор... Кога и друг негов соученик исчезнува, Ричард мора да најде начин да го зачува разумот и да ја докаже својата невиност. Истражувањето го носи во полураспаднатата палата во шумата, на чиј прозорец здогледува едно лице - познато лице. Местото е обземено од црна магија, која ја опседнува и неговата единствена другарка која му верува и која е подготвена да му помогне. Но од друга страна, можеби Ричард не е најсигурен раскажувач на сопствената приказна... „Несбе сериозно стапна на територијата на Лавкрафт.“ (Мејл он сандеј) „Несбе е мајстор на напнатоста. Неговата имагинација и репертоарот на наративни трикови никогаш нема да пресушат.“ (Нетависен) •

42 09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

ва е дваесет и петтиот студиски албум Окултни, на рок-групата од Англија чии песни се без сомневање. Затоа се потпев-

нуваат и ден-денес исто како порано, независно од тоа што бендот е формиран во далечната 1962 година. „Foreign Tongues“ излезе на 10 јули, го продуцираше Andrew Watt. И врвните музичари како Benmont Tench, Bruno Mars, Chad Smith, Darryl Jones, James King, Robert Smith, Ron Francis Blake, Steve Jordan, Steve Winwood, Paul McCartney се ангажираа во неговата реализација, остварувајќи ја заедничката цел - враќање на некои стари спомени, ама и вредносни системи. Вклучувајќи го и Charlie Watts, тапанарот на Rolling Stones. Неговиот придонес во подготовките на овој албум навистина беше голем до самиот крај на животот окарактеризирајќи го како комбинација на блуз и рок-музика, „Foreign Tongues“ се снимаше во две студија: Metropolis (Лондон) и Chaplin, познато како Henson (Лос Анџелес). Промоцијата на албумот следуваше по претставувањето на двете сингл-плочи во јавноста: „Rough and Twisted“ и „In the Stars“ на 5 мај и „Jealous Lover“ и „Divine Intervention“ на 26 јуни, а другите композиции се „Mr. Charm“, „Ringing Hollow“, „Never Wanna Lose You“, „Hit Me in the Head“, „You Know I’m No Good“, „Some of Us“, „Covered in You“, „Side Effects“, „Back in Your Life“ и „Beautiful Delilah“. Во iTunes Store има и бонус - „Bad Luck Hideaway“. •

илмот чија светска премиера се одрФ(Њујорк), жа на 14 јули во AMC Lincoln Square 13 а веднаш по неа се прикажуваше

и тука, во Македонија (доколку не го гледавте во кино, тоа можете да го направите на некоја од стриминг-платформите). Се базира на старогрчкиот еп во кој се опишани десетгодишните лутања и необични доживувања на Одисеј (Matt Damon), легендарниот крал на Итака, син на Лаерт, маж на Пенелопа (Anne Hathaway), татко на Телемах (Tom Holland), при враќањето од Тројанската војна - соочувајќи се со киклопот Полифем, нимфата Калипсо и морските суштества (сирените). Секако, на негов предлог бил направен и тројанскиот коњ. А спевот, пак, му се припишува на Хомер. Времетраењето на филмот е два часа и 52 минути. Се снимаше во Грција, Исланд, Италија, Малта, Мароко и Шкотска. Притоа се користеле IMAX (70 мм) камери, но и специјални машини за придушување на бучавата од нив. Се располагаше со 250 милиони долари, ова е еден од најскапите проекти на Christopher Nolan. • Жанр: акција, епос, фантастика Актери: Matt Damon, Anne Hathaway, Tom Holland, Robert Pattinson, Lupita Nyiong’o, Samantha Morton, Zendaya, Charlize Theron Режија: Christopher Nolan


ЕДЕН ПАРТНЕР. ЦЕЛОСНА ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА. SEMOS нуди широк спектар на софтверски решенија: MOTIV8 HR софтвер за паметни тимови BI Style Бизнис интелигенција E-Archive Дигитализирано архивско работење ERP Управување со целиот бизнис TSTrader Модерен систем за шпедитерско работење

09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

43


| HI TECH

Иднината на воздухопловството

ВРВЕН ЗАСИЛУВАЧ ОД МАРКАТА ФИИО НЕКОГАШ ВО СВЕТОТ НА АУДИО ОПРЕМАТА ВЛАДЕЕЈА ЈАПОНСКАТА И АНГЛИСКАТА ЕЛЕКТРОНСКА „МАШИНЕРИЈА“, А ЗАД НИВ БЕА АМЕРИКАНСКАТА, ГЕРМАНСКАТА, НО И СКАНДИНАВСКАТА АУДИОТЕХНОЛОГИЈА. ДА, ТАКА БЕШЕ, НО ДЕНЕС СИЛИТЕ ВО ОВОЈ ДЕЛ ОД ЕЛЕКТРОНИКАТА СЕ МНОГУ ПОИНАКВИ, А СВЕТСКИОТ ПРИМАТ ГО ИМА КИНА.

С

екогаш во рубриката за врвна технологија сме пишувале за убави нешта, а и овој пат нема да биде поинаку. На ред е аудиоопремата, затоа што има многу љубители на „хај фај играчките“, па затоа нема да пропуштиме прилика да напишеме неколку редови за еден од најновите засилувачи, за кој велат дека е меѓу најдобрите. „Фиио еа 13“ е двоканален засилувач со класични електронски цевки, официјално претставен пред светската јавност годинава, на 27 јули. Зборуваме за засилувач од класата А, најпосакуваната меѓу таканаречените аудиофили, лица кои посветуваат големо внимание на аудиоопремата и сето тоа го прават од чиста страст. Намерата на призводителот е засилувачот да напојува пасивни звучници, но тие звучници мора да имаат добра осетливост, затоа што моќноста по канал изнесува само 28 вати. Така е со популарно наречените „лампаши“, кај нив моќноста е непотребна величина, а звукот (тонот) е од пресудно значење. Во него се

44 09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

вградени шест електронски цевки (лампи), две „силваниа нос пцф 80“ (за напонско засилување), кои управуваат со четирите „јј електроник ел 34“. Според производителот Фиио Електроникс Технолоџи, комбинацијава од електронски цевки дава „мазен, мек и звук полн со карактер, типичен за „лампашите“, притоа задржувајќи ја природата на звучната слика“. Така велат од производителот, но што ќе кажат аудиофилите, тоа допрва ќе видиме. Нивното мислење особено се почитува, затоа што купувачите редовно ги читаат нивните искуства и впечатоци.


HI TECH |

Производителот Фиио Електроникс Технолоџи е кинеска компанија, основана во Гвангжу од Џејмс Чунг во 2007 година. Првиот светски успех дојде една година по основањето, кога беше претставен производот „фиио е 3“, мал евтин пренослив засилувач за слушалки. Името на фирмата е спој од „фи“ (фиделети) и „ио“ (ги претставува бинарните броеви „1“ и „0“, симболизирајќи ја дигиталната обработка). Аудиоопремата отсекогаш предизвикувала најразлични чувства и емоции кај секој еден што се сретнал за првпат со оваа технологија. Нејзиното златно време започнува во '60 години и продолжува сè до почетокот од '80 години од минатиот век. Тоа бил судир помеѓу мудрата јапонска филозофија на живеење, од една страна, и останатиот свет, од друга страна. • Жарко Атанасоски

09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

45


| ИСТОРИЈА

80 години Веспа

СЕКОГАШ ЕДНА И ЕДИНСТВЕНА „СЕМБРА УНА ВЕСПА!“, ИЗВИКАЛ ЕНРИКО ПИЈАЏО КОГА ГО ВИДЕЛ ШТОТУКУ РЕДИЗАЈНИРАНИОТ ПРОТОТИП. НЕМУ МУ НАЛИКУВАЛ НА ОСА. ТАКА, ОДЕДНАШ И СЛУЧАЈНО, СЕ ПОЈАВИЛО ИМЕТО „ВЕСПА“ ЗА НОВОТО МОТОРЧЕ, КОЕ ПОДОЦНА ЌЕ СТАНЕ ЕДНО ОД НАЈПОСАКУВАНИТЕ ПРЕВОЗНИ СРЕДСТВА.

М

ало превозно средство на две тркала, задвижувано од мала погонска единица, најчесто го нарекуваме моторче. Токму тоа му било потребно на светот, не класичен мотоцикл, туку мало и подвижно превозно средство со кое ќе можете да завршите еден куп работи во текот на денот и притоа да ги избегнете градските сообраќајни гужви. А како награда за успешно и брзо завршените обврски, крајот од денот можете да го искористите за да отидете до најблиското излетничко место, да одморите и да уживате во тишината на природата. Значи, за кусо време да стигнете секаде. Од тие моторчиња, кај нас едно време многу популарни беа „пони експрес“ и „томос автоматик“. Вриеше од нив, а ќе „залуташе“ и по некоја „ламбрета“ или „веспа“. Сепак, речиси сите сакаа да возат „веспа“, „ламбрета“, бидејќи беа поинакви од сите други моторчиња. Од сите тие, најголема популарност доживеа „веспа“, не дека другите моторчиња не се добри, туку дизајнот, со својата необичност, пленеше. Да, таа „веспа“, го освојува светот веќе, верувале или не, точно 80 години, а корените ги влече од Апенинскиот Полуостров.

46 09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

Почетоците на моторчињата во облик на „веспа“ датираат од пред Втората светска војна, а можно е и неколку децении пред неа. Во тие времиња, моторчињата наликувале на денешните тротинети, но со малку погруб изглед, мала погонска единица, а некои од нив имале и седиште. Најголемото приближување до дизајнот на „веспата“ , светот го има видено во војната што веќе ја спомнавме. Малото моторче „кушман“, со својот несекојдневен облик, потекнува од САД. Тоа чудно превозно средство било прв пријател со падобранците, но и самото моторче било падобранец. Сојузниците при секоја поголема инвазија во непријателската заднина испраќале падобрански единици, а заедно со нив и моторчињата „кушман“. За таа цел, тие биле посебно приспособувани за да издржат пад со падобран. Таква инвазија сојузниците имале и на италијанско тло. Многу такви моторчиња „пристигнале“ во


ИСТОРИЈА |

Италија и затоа некои велат дека моторчето „кушман“ послужило како инсирација за создавање на „веспа“. Фабриката Пијаџо, како и многу други фабрики, произведувала орудија и делови за воените потреби на тогашната фашистичка италијанска машинерија. Затоа сојузничките сили ја срамниле со земја, така што севкупната економска моќ на Италија била уништена. Тогаш на народот му бил потребен каков-таков индивидуален превоз, мал, евтин и едноставен за одржување. Бидејќи на компанијата Пијаџо ù било забрането да произведува тешки машини и погонски едници, како пред војната, Енрико Пијаџо (Пјаџо) тргнал со план да произведува моторчиња. Во дизајнерско-конструкторскиот оддел, Ренцо Сполти и Виторио Касини го создале моторчето именувано како „мп 5“ или народски „паперино“ (на македонски „пајо паторот“). Е. Пијаџо имал замерка на

поставеноста на моторот (централно), а не му се допаднало ни тоа што „паперино“ наликувал на класичните мотоцикли. Во исто време, Корадино Д'Асканио му ги прикажувал деталните планови на Фердинандо Иноченти за моторчето кое требало да носи име „ламбрета“. Ф. Иноченти имал една визија за конструкцијата на рамот, односно имал спротивно мислење од концептот на Корадино Д'Асканио. Поради несогласувањаата, Д'Асканио ја напушта компанијата Иноченти, но набрзо потоа бил повикан од Енрико Пијаџо да помогне во создавањето на тоа толку посакувано мало превозно средство на две тркала. Се договориле моторчето „паперино“ да го редизајнира, да биде поинкво од сите други и да нема конструкција како класичен мотоцикл. И самиот К. Д'Асканио не ги сакал мотоциклите затоа што, според него, биле секогаш извалкани и неудобни. Бидејќи Д'Асканио бил аеронаутички конструк-

09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

47


| ИСТОРИЈА

Годинава, по повод 80-годишнината од моделот „веспа“, во Рим се одржа главната прослава која траеше четири дена. Повеќе од 50.000 приврзаници на „веспа“ од 67 држави од целиот свет беа дел од прославата, а присуствуваа и осуммината Македонци, сите членови на Веспа Клуб Скопје. Нивното патешествие со „веспите“, долго 1.600 км, започна од Скопје, преку Драч – Бари, а потоа продолжи директно кон Рим. Корадино Д'Асканио

Првата „веспа“, 1946 год. Енрико Пијаџо (Пјаџо)

тор, при редизајнирањето на „паперино“ употребил многу конструкторски решенија од авионите и хеликоптерите. Еднострана вилушка, како кај авионските тркала, овозможувала полесно и поедноставно менување на пневматикот или извршување на каква било поправка. Ланецот „исчезнал“, а погонската единица директно ја поврзал со задното тркало, така што средишниот дел од моторот бил резервиран за нозете и стапалата на возачот. Како што „веспата“ еволуирала низ годините, така удобноста сѐ повеќе доаѓала до израз - седењето во денешните веспи се опишува како седење на тросед. И откако редизајнирањето било завршено, Д'Асканио му го покажал моторчето на Е. Пијаџо, а овој веднаш, без размислување изговорил: „сембра уна веспа“ (како оса). Така, случајно, името било најдено и тоа од прва, без претходни дискусии - зборот „веспа“ прераснал во име на моторчето. И работата тргнала по нагорна линија. Првите примероци од моторчето, именувано како „веспа“ (оса) излегле од работилницата во пролетта 1946 година. Малите тркала и обликот најчесто биле критикувани, односно јавноста била поделена по прашањето колку „веспата“ им се допаѓа или не, колку е добра или лоша за возење и дали е стабилна или не. И покрај сѐ, „веспата“ си го нашла својот пат до купувачите. Само неколку месеци по првичното појавување, Пијаџо започнал со извоз на „веспата“ во соседна Швајцарија. Во 1948 година започнала да ја освојува Индија, а на почетокот од 50-тите години од минатиот век продолжила „ивазијата“ на континентот, во Франција, Германија и В. Британија. Да се вратиме малку на почетоците. Корадино Д'Асканио најнапред го дизајнирал моторчето за компанијата Иноченти, а малку подоцна, поради големи несогласувања со Фердинандо Иноченти, плановите ги пренел кај Енрико Пијаџо. Од фабриката Пијаџо (или Пјаџо) во 1946 година се појавила првата „веспа“, а првата „ламбрета“ се појавила пред јавноста во 1947 година. Еден ист дизајнер, татко на две моторчиња, едното со име „веспа“, а другото со име „ламбрета“, директни конкуренти, создадени од еден ум.

48 09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

Како што времето одминувало, така „веспата“ полека, но сигурно, стекнувала се повеќе и повеќе приврзаници. Народот сѐ повеќе ја почитувал „веспата“, не само како превозно средство, туку нивната, да ја наречеме, грижа одела дотаму што „веспата“ станала дел од секојдневието и моден детаљ. Од ова скалило „веспата“ отишла и подалеку, влегла на големото филмско платно. Мода, музика, филм, нема пора од животот каде што „веспа“ не е присутна. Ретко кој производ во светот може да се пофали дека извршил толку големо влијание во светот како „веспата“. Замислете, тоа моторче е посакувано од сите генерации и подеднакво е обожувано и посакувано и од посилниот и од понежниот пол. Да излезете на улица да направите анкета, сигурно над добри 50 отсто од учесниците ќе кажат дека сакаат да возат „веспа“. Денес „веспа“ се продава во над 100 држави, некаде ќе најдете податок дека бројката е 114, а најпродавани изведби се: „п икс“, потоа „гтс“ и секако „примавера“. Кога некој ќе посака да купи моторче, често ќе каже: „Се мислам да си земам една Веспа.“ Толку длабоко е вкоренето името „веспа“ во секојдневниот говор што одамна ги надминало границите на брендот и станало синоним за мало превозно средство на две тркала. • Жарко Атанасоски


ДЕЛОВНИ ПАТУВАЊА БЕЗ ГРИЖИ

СО DIAMOND ПАКЕТ ПОКРИТИЈА И ДО 100K €

ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ Деловната полиса на Македонија Осигурување е направена за фирми чии тимови патуваат, со покритие до 100.000 € и поддршка 24/7 на македонски јазик, каде и да се наоѓаат.

INSUMAK.MK

+389 (02) 3115 188 09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

49


| ОЛДТАЈМЕРИ

Лада 2101

ИКОНА ШТО ОДБЕЛЕЖА ЕДНА ЕРА АВТОМОБИЛОТ, ПРОИЗВЕДЕН ВО 1976 ГОДИНА, Е КУПЕН ВО 2021 ГОДИНА ВО БИТОЛА ОД НЕГОВИОТ ПРВ СОПСТВЕНИК. ПО ДОЛГОГОДИШНО СТОЕЊЕ ВО ГАРАЖА, БЕЗ ПРЕТХОДНА ПОДГОТОВКА, СО ВОЗЕЊЕ БЕШЕ ДОНЕСЕН ДО СКОПЈЕ, ВО УСЛОВИ НА ИСКЛУЧИТЕЛНО ВИСОКИ НАДВОРЕШНИ ТЕМПЕРАТУРИ.

О

на што ја прави оваа приказна посебна е фактот што целото патување од Битола во Скопје беше поминато без ниту еден дефект или најмал проблем, што уште еднаш ја потврди издржливоста и едноставноста на автомобилот, и покрај неговата старост и долгогодишното мирување. За Иван Шаровиќ, ова не е само стар автомобил, туку автомобил со душа и приказна, исполнета со емоции, спомени и посебна вредност. Станува збор за Лада 2101 од 1976 година, со стандардниот 1.2 мотор, поради што е и најпозната како „Лада Стандард“. Денот кога Иван Шаровиќ се упатил да ја купи колата бил пеколно топол, но и покрај тоа, таа, во своето целосно оригинално издание без реставрации и без обнови успеала да го искачи Плетвар без никакви проблеми. Зборувајќи за тоа зошто се одлучил да купи Лада како втор олдтајмер (првиот му е Рено 12), причината била пред се желбата да поседува Лада, бидејќи едниот негов дедо имал Лада Специјал. Всушност, токму тој модел првично го барал на пазарот на половни возила. Но, во моментот кога ја видел во оглас неговата сегашна Лајка (така Иван и неговата сопругата го нарекуваат автомобилот), тоа било љубов на прв поглед. Во истиот ден се договориле, а веќе следното утро заминале по неа. Ладата била доста чувана и во периодот од 2021 до 2023 година. Иван ја користел можноста да ја извози низ речиси цела Македонија. Со нејзините 60 КС не може да се очекува нешто, но при 90–100 километри на час возењето било вистинско задоволство.

50 09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

Општо познатите муабети дека Ладите се тешки за возење, според Иван се неточни и невистинити. Возењето е удобно и меко, а автомобилот е многу пријатен за управување. Можеби најголемиот недостаток е звучната изолација, поради што е значително побучна во споредба со Реното кое исто така Иван го поседува. Инаку, еден интересен факт што се смета како непознат или дека многу луѓе не го знаат, а не го знаел ниту Иван , е дека во сообраќајната дозвола е заведена како Застава. И навистина, под хаубата има фабричка плочка со ознаката „Застава“. Тоа било резултат на тогашниот договор помеѓу Лада од тогашниот СССР и Застава од поранешна Југославија. Поради тоа, автомобилот официјално се води како марка Застава, модел Лада 2101. Во периодот додека ја возел, постепено собирал делови за реставрацијата, со цел, кога ќе започне, работите да се одвиваат без застој. Така, кога дошло време за реставрација, сè што било потребно веќе било подготвено. Првиот чекор бил автомобилот целосно да се расклопи, до најмалиот штраф. Од него било извадено буквално сè, за да се утврди неговата вистинска состојба. Тогаш се покажало дека возилото има доста корозија, особено на подот, крилата и челниот лим. Тоа биле и најкритичните точки што барале најмногу работа пред да започне реставрацијата. Лимарскиот дел бил најкритичниот и бил изработен со хируршка прецизност. Подот бил целосно заменет и изработен од нула. Праговите, челниот лим и крилата биле набавени нови од Србија и внимателно вградени. Исто така, биле заменети и лежиштата за амортизерите, кои биле


ОЛДТАЈМЕРИ |

целосно изработени одново, со цел каросеријата да биде цврста и подготвена за следните фази од реставрацијата. По завршувањето на лимарските работи, подвозјето било заштитено со пластобит, со цел да се обезбеди долготрајна заштита од влага и корозија. Автомобилот бил офарбан во својата оригинална окер нијанса, користејќи висококвалитетен PPG боја (база + лак), со што бил задржан неговиот автентичен изглед. Дополнително, сите критични точки на каросеријата биле заштитени со восок, за да се спречи појава на корозија и да се обезбеди долготрајна заштита во иднина. На механички план била извршена целосна обнова на возилото. Подвозјето било обновено со нови делови, вградена била нова амортизација, а целиот кочионен систем бил заменет со нов. Моторот бил целосно ремонтиран и обработен на трета специјала, при што биле вградени висококвалитетни клипови. Покрај тоа, карбураторот бил целосно обновен, а бил вграден и комплетно нов разводник. Во текот на реставрацијата биле заменети сите црева, како и целата електрична инсталација, со што автомобилот бил механички и електрично доведен во состојба подготвена за долгогодишна сигурна употреба. Од естетски аспект, автомобилот бил речиси целосен уште пред реставрацијата. Набавени се нови оригинални светла од СССР, предните комплет со лежишта, како и нови задни стакленца. Однадвор е направен само минимален козметички рестајлинг кој отстапува од фабричкиот изглед. Наместо оригиналните портокалови, поставени се бели предни трепкачи со aftermarket стакленца, а како странични трепкачи искористени се бели трепкачи од Фиат 1300. Иако фабрички кај Лада 2101 тие треба да бидат портокалови, според Иван белата боја одлично ù прилегала и

давала на колата поелегантен изглед, без да го наруши нејзиниот класичен карактер. Ентериерот е зачуван во одлична состојба, па затоа единствената интервенција била замената на кровниот тапацирунг, кој бил изработено со истиот оригинален дезен. Сè останато било оставено фабричко, токму онака како што излегло од производствената лента. Секако, била заменета и целата подна изолација. Наместо старата, била поставена современа топлинска и звучна изолација, која значително ја подобрила удобноста при возење, без да се наруши оригиналниот изглед на ентериерот. По завршувањето на реставрацијата, автомобилот активно се вози и досега има поминато повеќе од 10.000 километри исполнети со убави спомени и незаборавни моменти. Во план се уште подолги патувања, преку кои Иван сака достојно да ја претставува Македонија на собири и настани за олдтајмери, па се надева дека во некое идно издание на АМСМ Клуб Мобилити повторно ќе направиме интервју, но тогаш со приказна за тоа како Лајка стигнала од Скопје до Москва • Андријан Трипунов

09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

51


| СПОРТ

Светско првенство во мотоциклизам

ТИТУЛА ДОВЕДЕНА ВО НЕИЗВЕСНОСТ ОТКАКО МАРКО БЕЦЕКИ ЈА ОТВОРИ СЕЗОНАТА СО НЕКОЛКУ ПОБЕДИ ВО НИЗА, А БРАЌАТА МАРКЕЗ ИМАА ПАДОВИ И ПОВРЕДИ, ТРКАЛОТО НА СРЕЌАТА ДОНЕСЕ ОБРАТНА СИТУАЦИЈА, ПО КОЈА БЕЦЕКИ ПОЛЕКА СЕ ВРАЌА ВО РИТАМ И ПОВТОРНО АТАКУВА НА ПОБЕДИ.

З

аксенринг беше кулминација на црната серија на Марко Бецеки, при што заработи скршеница на клучната коска, па летната пауза за него значеше оперативни зафати и рехабилитација. По четири седмици, британското гран при на Силверстоун беше првиот дуел, но и покрај сите напори на возачите со Дукати, оние со Априлија беа доминантни. Така, во квалификациите, меѓу првите петмина беа четири возачи на Априлија, од фабричкиот и од „сателитскиот“ тим. Хорхе Мартин беше предводник, зад него беа Огура и Фернандез, додека Фабио ди Џанантонио беше најдобро пласираниот возач на Дукати, а зад него се најде рековалесцентот Бецеки. Во спринт-трката, Мартин се избори за победа пред Огура и Бецеки, но во главната трка Огура падна, па неговиот тимски колега Раул Фернандез го презеде приматот и славеше победа пред Мартин и Бецеки. На овој начин, Мартин успеа да создаде мало водство во генералниот пласман, но веќе следното Гран при, во Арагон, значеше промена на ситуацијата. Дукати беше повторно конкурентен, а од сесија во сесија нивните возачи, браќата Маркез, се менуваа во соборувањето на рекордите на патеката. Сепак, во финишот на квалификациите, Бецеки успеа да направи сензација и да го „грабне“ првото место, со што најави дека Априлија ќе понуди достоен отпор.

52 09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

За жал, освен него, другите возачи на Априлија немаа добар ритам, па Бецеки уште во спринт-трката почувствува дека сам нема да може да направи чуда. Марк Маркез го престигна во првиот свиок, а Алекс Маркез во следниот, и во тој редослед возеа до крајот на спринтот. Се покажа дека изборот на медиум гуми во кусата трка му овозможи стабилни перформанси на возачот на Дукати, наспроти изборот на меки гуми од страна на Бецеки. - Сега е лесно да се каже дека медиум гумите беа подобар избор. Искрено, не помислив на тоа, бидејќи чувствував дека меките гуми се добри. Бев убеден! Не бев сигурен дека со медиум можам да направам нешто повеќе, искрено мислев дека ќе биде полошо. Затоа, ова е добар резултат за мене,- објасни Бецеки, Во главната трка, Бецеки пружи отпор, но во седмиот круг Маркез го нападна – но и покрај енергичниот одговор на Бецеки и возење „лакт до лакт“ со ривалот при брзина од 350 километри на час, сепак Шпанецот помина напред и почна да создава предност. Педро Акоста со КТМ имаше одлично издание и беше следниот што го мина Бецеки, но иако долго време се држеше на една секунда до водечкиот, не успеа да го мине Марк Маркез. Бецеки повторно финишираше трет, па со низа од четири трети места во овие две трки се стабилизираше во генералнот пласман по претходната „црна серија“.


СПОРТ |

- Според мене, титулата оваа година ќе биде освоена од оној возач што ќе има „најдобра глава“, во периодот од сега па до крајот на сезоната. Ќе биде важно да се освојуваат поени и да се избегнат грешки, бидејќи историјата покажува дека не е потребна победа во сите 11 трки. Може да имаш помалку победи, но мора да бидеш конзистентен, константно да си во врвот и најважно од сѐ, да не прокнижуваш „нули“,- изјави првиот инженер на Дукати, Џиџи Дал Иња по трката во Арагон.

Андреа Кими Антонели на подиум - Канада 2026

- Морам да се сконцентрирам да бидам најдобар на патеките кои ни одговараат. Хорхе и Марко возат добро, имаат добар мотор, а наскоро ќе се вратат и другите возачи, како Огура. Ако сакам да имам шанса да се борам за титулата, мора да бидам најдобар на патеките кои се добри за нас,- укажа Марк Маркез. Големите контрасти меѓу возачи од исти тимови продолжуваат да се повторуваат. Така, Бањаја со второто фабричко Дукати три трки по ред не може да обезбеди директен пласман во втората квалификациска сесија, а слични се и примерите со возачите на КТМ и Априлија.

Хорхе Мартин во двете трки на Арагон беше петти и со тоа освои нови 16 бода, односно води на табелата со 257 поени. Марк Маркез со двете победи во Шпанија, освои максимални 32 поена и сега има 237 бода. Бецеки е трет со 232 бода, додека Фабио ди Џанантонио со 208 е на четврто место (имаше пад во Арагон), а Огура е петти ( не настапи поради повреда) и остана на 203 бода. Со трките за Големита награда на Сан Марино и Австрија, на 13 и 20 септември, ќе заврши европскиот дел од сезоната, по што во октомври и ноември се планирани трки на Далечниот, но и на Блискиот Исток (Катар). Според последниот календар, сезоната ќе заврши со трките во Португалија и Валенсија на 22 и 29 ноември, • Жарко Атанасоски

09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

53


| СПОРТ

Светско првенство во Формула Е

ВЕРЛЕН ПО ВТОР ПАТ Е СВЕТСКИ ПРВАК! ВО КОНТРОВЕРЗНА ЗАВРШНИЦА, КОЈА КУЛМИНИРАШЕ СО СУДИР ПРОТИВ ЕДЕН ОД РИВАЛИТЕ, ПАСКАЛ ВЕРЛЕН СТИГНА ДО СВОЈАТА ВТОРА ШАМПИОНСКА ТИТУЛА.

Т

ројца возачи влегоа во последниот гран при викенд со шанси за титулата, при што Паскал Верлен благодарение на конзистеноста во текот на сезоната, со победата на првата трка во Шангај и четврто место во втората трка, (кое беше подобар пласман од тие на ривалите) се наметна како сериозен претендент во финишот. Џејк Денис се најде на второто место кога Верлен победи во Шангај, но за време на викендот во Токио, кога Германецот не освои поени, со едно второ и едно трето место оствари предност од пет бода и изби на врвот (141:146). Во меѓувреме, Мич Еванс од Јагуар од лидерска позицијата падна на второто место, бидејќи во трките во Шангај и Токио имаше само по еден пласман во бодови, еднаш како осми и еднаш како четврти. Тка, со 144 бода, на последниот викенд во Лондон пристигна без моментум од добри резултати. Јагуар се етаблираше како тим со најголем број подиуми, дури десет во текот на сезоната, но ниту еден не уследи во последните шест трки, при што тој нагласи дека квалификациите биле нивниот најголем проблем. Верлен го започна викендот во Лондон со пол-позиција и победа во првата трка, па со новите 28 бода стана лидер во првенството со 169 бода. Денис, како второпласиран, освои 18 бода и со вкупно 164 беше втор, па падна на второ место и во генералниот пласман со само пет бода зад конкурентот. Еванс беше осми во првата трка

54 09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

и допонително ја искомплицира својата позиција на табелата, останувајќи на 148 бода (точно 21 поен помалку од лидерот). На овој начин, Еванс можеше до титула само доколку победи, а неговите ривали останат без поени, или евентуално ако ја освои пол-позиција, вредна три бода, па да има шанса и со второ место. Сепак, тоа не се случи, а во текот на трката не успеа да се најде повисоко од четврто место. Наспроти тоа, Верлен беше пред Денис, кој го чуваше својот „атак мод“ за финишот и откако првата половина од трката ја мина на 17. место, со енергетскиот додаток успеа да се пробие до седмата позиција. Ако трката завршеше тогаш, тој ќе ја освоеше титулата, но тој падна на деветто место, а Верлен се најде веднаш зад него. Во моментот кога Џоел Ериксон, благодарение на активираниот „атак мод“, тргна да ги престигнува двајцата, Верлен во жарот на борбата најпрво го удри Ериксон во задниот дел и предизвика негово извртување, а паралелно го блокираше и Денис кој беше од неговата десна страна и го остави без доволно простор, буквално насочувајќи го кон заштитната ограда. - Имав чиста шанса. Сè што направивме денес беше перфектно, се поставивме во позиција за титулата. Избивме напред се поените, но потоа одеднаш веќе не бевме во таа позиција. Паскал едноставно ме елиминираше. Од моја страна, тоа е очигледно. Мислам


СПОРТ |

Старт Формула Е - Лондон 2026

Подиум Формула Е - Лондон 2026

дека е срамно она што го видовме денес од Паскал, Порше, да се биде во позиција да се биде пред нив и потоа тој да ме закова во ѕидот. Навистина ме изненадува, но ако сакаат да победат на тој начин, тогаш тие можат. Тоа е играта,- разочарано изјави Џејк Денис. - Јас заминувам од Лондон со дигната глава. Среќен сум како возев, со ризиците што ги преземав, и одам на пауза со добри мисли. Очекуваме принова со мојата вереница, така што ова ќе биде период за релаксација,- дополни оштетениот Денис. Наспроти обвинувањата, Верлен не го спомна дуелот и се фокусираше на тоа дека е среќен што по втор пат станал светски првак. - Сега, кога чувствата се изладија малку, се зголемува среќата, сè повеќе и повеќе. Она што го направивме оваа сезона е несекојдневно. Мислам дека можевме да си го направиме животот полесен и да ја обезбедиме титулата порано, но веројатно така ќе беше подосадно. Денес беше интензивен ден, многу „игранки“ беа изиграни, но ја зачував студената глава и стигнав до крајот. Специјално „благодарам“ за мојот тим и на секој што беше вклучен во овој проект, бидејќи ние сме најуспешниот тим во ерата на болидите од „Генерација 3“. Не можам да бидам порадосен и по горд за тимот. Го оставам срцето на патеката за нив и знам дека тоа важи и во обратна насока. Тие ми даваат сè што имаат, а зад нас имаме одлично заедничко патешествие,- рече Верлен.

Паскал Верлен - Лондон 2026

На трката победи Тејлор Барнард, кој на претходните успеси, најмлад освојувач на пол-позиција и најмлад возач на подиум во историјата на Формула Е, сега го додаде и рекордот за најмлад победник на трка, со 22 години и 76 дена. Претходниот рекорд беше во сопственост на Максимилијан Гунтер, кој победи на возраст од 22 години и 200 дена. Следната година стапуваат на сила правилата за „Генерација 4“, кои ќе донесат уште поголеми брзини. Воедно, организаторите најавија дека ова, засега, е последна трка низ улиците на Лондон и дека од идната сезона британското гран при ќе се вози на патеката Брендс Хеч. • Александар Табаковски

09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

55


| СПОРТ

Светско првенство во Формула 1

НОРИС И МЕКЛАРЕН СЕ РАЗБУДИЈА ОД ПАУЗАТА! СО ДВЕ ПОБЕДИ ВО УНГАРИЈА И ХОЛАНДИЈА, ЛАНСКИТЕ ШАМПИОНИ СЕ ВКЛУЧИЈА ВО БОРБАТА ЗА ВРВОТ ОТКАКО СЕЗОНАТА СТИГНА ДО ЛЕТНАТА ПАУЗА.

Ш

ампионите од 2025 година влегоа во новата сезона со радикална одлука: нивниот болид има најкратко меѓуоскино растојание од сите останати! До 2025 година лимитот беше 3.600 милиметри, а годинава кога ФИА пропиша максимална должина од 3.400 милиметри, тие конструираа болид со меѓусокино растојание од 3.250 мм, или цели 15 сантиметри покусо од конкурентите. Причината за ова беше практична: со новите правила се намали и минималната тежина, а пократкиот болид го решаваше проблемот со тежината уште во фазата на дизајн. Сепак, таа одлука донесе и други последици; помала површина на подот значи помал аеродинамички притисок, па болидот стана премногу сензитивен на штелувањата на балансот меѓу предната и задната оска. Затоа, за време на трката во Унгарија, Мекларен конечно ги надгради своите болиди со нов под, пред сè со цел да го реши прашањето со зголемен воздуштен потисок, но го тестираше и новото задно крило, популарно насловено „Макарена". Иновативниот дизајн веќе беше користен од конкурентите, но неговиот ефект треба да биде максимизиран на долгите и брзи патеки. Во Зандворт дојде уште едно дополнување, нов дизајн на предните бандажи, со внатрешни шуплини кои ја задржуваат топлината и ја пренесуваат на гумата, директно напаѓајќи го проблемот со загревањето.

56 09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

Задните бандажи останаа непроменети бидејќи таму приоритетот беше спротивен — ладење, а не загревање. - Направивме мала промена на задната секција на подот за да генерираме поголем притисок. Исто така, имаме нов дизајн на предните тркала, за кој веруваме дека ќе ни помогне да ја задржиме температурата во предните гуми. Овие работи не се важни во брзината за еден круг, но генерално нè прават поконкурентни,објасни Нил Хулди, технички директор на инженерскиот оддел на Мекларен. Хунгароринг и Зандворт се патеки на кои се бара исклучително голем аеродинамички притисок, за разлика од патеките како Монца. Концепцијата на болидот овозможува болидот да блесне токму на овој тип на патеки, а Мекларен покажа дека не згрешил. Според поупатените инсајдери, решението на подот, кое овозможува подобрена екстракција на воздух кај дифузерот, доведува до подобар баланс на меѓу оските. Ваквото решение ги подобрува управливоста и возните својства, па иако не станува збор за директно забрзување, индиректно овозможува возачите да бидат поконкурентни. Решение со тркалата е во истиот дух, времињата по круг остануваат исти, но гумите подолго ја задржуваат свежината и возачите подолго време ќе имаат конкурентни времиња.


СПОРТ |

Ландо Норис - Унгарија 2026

- Дали имаме болид што ќе се бори за титулата? Тоа е она што се обидуваме да го смениме, во тоа сум сигурен. Екипата работи подобро отколку што некогаш работела. Сите работат напорно, но се поефикасни. Тоа е нивото за освојување шампионски титули. Затоа не мислам дека е невозможно да славиме повторно,- загадочно рече Норис. - Убеден сум дека имаме доволно од она што е потребно за успех. Одделни сегменти на болидот треба да се подобрат и верувам дека ќе успееме во тоа. Тоа е трка со времето, но на последните гран при викенди докажавме дека сè уште може да победуваме и имаме добар моментум. Секогаш сакам повеќе, сакам да сум убеден дека лесно ќе го надградиме болидот и ќе кажеме „подготвени сме за да се бориме за титулата“. Потребно е да подобриме уште некои работи и убеден сум дека ќе го направиме тоа,- дополни актуелниот светски првак. За потсетување, во Унгарија почетокот на гран при викендот мина мирно, а Норис се етаблираше како најбрз возач во третата сесија пред да започнат квалификациите, за потоа во секоја сесија да го има најбрзото време. Тимскиот колега Пјастри го престигна на стартот од трката, но откако беше во боксот, изгуби драгоцено време зад Карлос Саинц и во продолжението се најде зад Норис. На ова претходеше радио-комуникација во која актуелниот првак

ЛАНДО ОСТАНУВА ДО 2030! Мекларен соопшти дека потпишале нов договор со Ландо Норис, според кој Британецот ќе остане нивен возач до 2030 година, но тој во прв момент оддаде впечаток дека тоа може да биде и негова „лебедова песна“. Давајќи изјава за „Скај Спортс“, тој се насмевна на прашањето дали сакам да вози до својата 40. година. - Не би знаел да кажам дали сакам да возам до 40, веќе е премногу уште на 30 години, но ќе видиме. Не знам што ќе донесе иднината. Сакам да верувам дека можам уште да победувам и да освојам уште титули, возачки и конструкторски, затоа и сакам да останам со овој тим,- изјави 26-годишниот возач.

коментираше дека е побрз и побара од тимот да преземе нешто, па остана нејасно дали ваквата одлука на Мекларен беше донесена поради неговото барање или не? Британецот, пак, откако се најде во улога на лидер, успешно ја зголеми предноста и не им дозволи на ривалите да му се доближат.

09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

57


| СПОРТ

МЕКЛАРЕН ЌЕ БИДЕ РИВАЛ ЗА ТИТУЛА Поранешниот тимски шеф на екипите Форс Индија и Алпин, Отмар Шафнауер, типуваше дека Мекларен ќе биде главен ривал на Мерцедес за шампионската титула. - Монца ќе биде важна трка, бидејќи тие донесоа надградби во Унгарија кои што дадоа ефект. Според она што го читам, тие сега ги комплетирале надградбите во Зандворт, па да видиме како ќе поминат во Монца. Мислам дека тие ќе бидат во тесна борба со Мерцедес на крајот од сезоната. Го прогнозорав тоа и на почетокот, но делуваше дека Ферари ќе преземе. Тоа е тоа - „горе-долу“ - бидејќи не секогаш сите надградби стигнуваат во исто време, а нивното значење е големо. Поради воведениот лимит за трошоците, очекувам Мерцедес да има уште една надградба, која ќе се случи за време на трките во Малезија или Сингапур,- прогнозира Шафнауер.

Возачите на Ферари, кои првично демонстрираа брзина да бидат зад Мекларен, во трката се најдоа зад Ферстапен и Ред Бул, бидејќи Хамилтон во повеќе наврати се обиде, но не успеа да го помине, по што возеше своја трка, додека Леклер поради трето застанување во бокс загуби позиција и финишираше зад Ферстапен и Антонели. Хамилтон беше петти, пред Аџар и Расел, додека Пјастри не ја заврши трката поради дефект на менувачот, 14 круга пред нејзиниот финиш. За разлика од подредената улога што ја имаа возачите на Мерцедес на Хунгароринг, во Холандија дојдоа до тоа да ги поделат

58 09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

Старт Зандворт 2026

првиот и вториот ред со Мекларен. Норис освои уште една пол-позиција, но Расел беше веднаш до него, додека Антонели од третото место го предводеше Пјастри. Стартот беше обележан од инцидентот на Ферстапен, кој излета поради влажната (недосушена) патека од претпладневниот дожд, по што имаше прекин. Во рестартот, Антонели го презема водството, но откако возачите монтираа тврди пневматици со идеја дека можеби ќе успеат со еден пит стоп до крајот, се увиде дека и најтврдата смеса на гумите има брзо абење и стратегиите мора да се менуваат. Норис имаше подобри перформанси од ривалите со овој тип на гуми, додека останатите беа и побавни и донесоа погрешни стратешки одлуки, конкретно во Ферари: првобитно прерано го повикаа Леклер во боксот, а го оставија Хамилтон долго со ист сет на гуми, за на крајот да ги викнат двајцата возачи во исто време во боксот и да финишираат зад Антонели и Расел. На ваков начин, Мерцедес остана лидер во двете конкуренции: Антонели има 242 бода, пред Расел и Хамилтон со 183, додека Норис го престигна Леклер на четвртото место со 159 бода наспроти 155. Мекларен значително ја подобри својата позиција на табелата кај конструкторите, но во моментов е само трет со 263 бода, додека Ферари има 338, а Мерцедес е прв со 425 бода. Светското првенство продолжува со трката во Италија, на легендарната Монца, за потоа со трката во Азербејџан да се „одјави“ од Европа и да продолжи на Далечниот Исток и во Јужна Америка, за конечно, на крајот, да дојдат трките во Катар и Абу Даби, кои се условени со безбедносната ситуација во регионот. • Александар Табаковски


Колумна своерачно

АЛЕКСАНДАР ТАБАКОВСКИ

ПРОТОТИП МАКЕДОНСКАТА ТРКАЧКА СЦЕНА ЌЕ ЈА ЗБОГАТИ СВОЈАТА ИСТОРИЈА СО НОВА СТАВКА, ОТКАКО ИГОР СТЕФАНОВСКИ-ИЏЕ ГО ПРОМОВИРАШЕ ПРВИОТ ПРОТИТИП ВО НАШАТА ЗЕМЈА, СПЕЦИЈАЛНО ПОДГОТВЕН ЗА ТРКИ НА РИДСКИ ПАТЕКИ.

И

гор Стефановски–Иџе го претстави своето ново возило со кое ќе настапува во иднина. Досегашното „ферари 488“ добива солидна замена, и тоа во вид на прототип-автомобил, што значи конструкција која не оди во сериско производство. Според самите најави на македонскиот пилот, има десетина вакви возила во светот. Неговиот модел ќе се користи во Европското првенство на ФИА на ридски патеки, каде што Иџе ќе брка нови рекорди и ќе се впушти во дуели со „големите батковци“. Во куси црти, 44-годишниот Стефановски избира во иднина да се фокусира на теренот каде што во минатото имаше големи успеси (европска титула во 2014 и 2015 година, подоцна и во камбекот од 2023 година). Со оглед на возраста, веќе потешко би одела промената на средината, бидејќи од 2016 година почна да се обидува во кружните трки на европско ниво (ЕТСС), односно TCR Европа и TCR Италија во периодот од 2018 до 2021. Иако имаше и желба и повремени успеси, таквите шампионати се покажаа како финансиски несоодветни, бидејќи носеа непланирани трошоци по речиси секој дуел со ривалите. Ова е јасен показател дека, во најзрелата фаза како натпреварувач, Игор Стефановски ќе остане фокусиран на трките кои го вивнаа на меѓународната спортска сцена и ќе се обиде да остави подлабоки траги со нови рекорди. Забележливо е дека државата го поддржува во неговите напори, бидејќи, меѓу другите комерцијални партнери, на неговиот болид доминираат и името на Министерството за спорт, како и пораката „Посетете ја Македонија“. Премиерот и министерот за спорт се појавија на промоцијата и го пречекаа Стефановски на Средно Водно, каде што заврши неговото тест-возење веднаш по промоцијата. Потегот со државни финансии колку што е добредојден,

толку секогаш ќе отвора дискусија дали можело да се поддржи ова, дали требало да се поддржи оној или овој, но од моја гледна точка, колку што е запоставен автомото-спортот во Македонија, ваквите поддршки секогаш треба да бидат поздравени како директен потег за поддршка. Иако до крајот на сезоната има само мал број на трки, тие се доволни за запознавање, како и за натамошно штелување и приспособување за предизвиците кои доаѓаат. Болидот на Иџе ќе се бодува во категоријата за прототипови, а на долг рок резултатите ќе покажат дали неговиот исчекор во таа насока бил исправен. Познавајќи го Стефановски, знам дека и тој ,како и секој друг што се натпреварува на високо ниво, особено во автомобилизмот, никогаш нема да се повлече пред своите соништа и ќе го даде својот максимум за да испише нова историја. Но, прототипот на Иџе нека биде и прототип за развој на македонските трки: да видиме повеќе активни македонски возачи што можат да го следат моделот за развој од поискусните. Крајна цел е да имаме своја патека и државен шампионат што ќе биде респектабилен и ќе привлекува млади генерации. Само тогаш ќе може да констатираме дека „прототипот“ ја завршил својата работа и сме на добар пат. Човекот учи додека е жив, а токму способноста за приспособување на различни ситуации го направила најподготвениот организам. Време е за нови модели, нови прототипи на организација и учество во трките, а автомобилите – согласно познатата изрека на Хенри Форд – новите автомобили секогаш ќе бидат и најдобри автомобили. •

09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

59


| СПОРТ

WEC – 6 часа на Сао Паоло

ДВЕ ЗА BMW, ДВЕ ЗА TOYOTA

Леклер - Силверстоун 2026

ПО ДВЕ ПОБЕДИ ИМААТ BMW И TOYOTA ВО ПРВАТА ПОЛОВИНА ОД ГОДИНАШНИОТ ШАМПИОНАТ НА FIA ВО ТРКИ НА ИЗДРЖЛИВОСТ. ОВИЕ УСПЕСИ ГИ ПРОМОВИРААТ ДВЕТЕ МАРКИ ВО ГЛАВНИ ПРЕТЕНДЕНТИ ЗА ТИТУЛАТА ВО ОСТАТОКОТ ОД СЕЗОНАТА.

60 09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk


СПОРТ |

Б

аварците на трката „6 часа на Сао Паоло“ се вратија на највисокото скалило на победничкиот пиедестал. По вртоглавите 24 часа на Ле Ман, на кои убедливо победата ја однесе јапонскиот производител Toyota, BMW изведе мајсторија на бразилскиот асфалт, славејќи по втор пат годинава. Со тесната победа во Бразил, баварците ја завршија првата половина од сезоната во одлична позиција за атак на шампионската титула. Возбудливата трка „6 часа на Сао Паоло“ беше круна на првата половина на сезоната, која во преден план ги исфрли Toyota и BMW како најголеми претенденти за освојување на годинашната титула. Очекувано, Toyota е лидер во овој дел од шампионатот со 132 освоени бодови, но, сосем неочекувано, со освоени 127 бодови, BMW годинава се наметна како сериозен конкурент. Ferrari, за кого, според апсолутната доминација од минатата сезона, се очекуваше повторно да го води колото, се наоѓа на третото место во шампионатот со освоени 88 бодови. Празнината во однос на водечките веќе е проблематична за пополнување. Иако, според календарот, има уште многу да се вози до крајот на сезоната и остануваат уште четири трки, можно е работите да не се одвиваат според планот. Особено ако се земе предвид неизвесноста околу одржувањето на трките во Катар и во Бахреин, кои се преместени на крајот од календарот поради војната на Блискиот Исток. Доколку ситуацијата не се смири и не дозволи мирно одржување на спортските настани во овој дел од светот, вклучувајќи ги и овие две трки на издржливост, тогаш работите ќе станат уште позамрсени за Ferrari во поглед на одбрана на титулата, а на Toyota и на BMW ќе им остане малку простор за грешка во борбата за годинашната титула. Ако се судеше според квалификациите, Cadillac беше тимот кој се наметна како сериозен претендент да го освои асфалтот на патеката Хозе Карлос Пасе во Сао Паоло, попозната како Интерлагос. Меѓутоа, патеката, на која повеќе од половина од времето се вози со педалот за гас притиснат до крај и на која се достигнуваат брзини од 305 километри на час при чести промени во надморската височина, се покажа како сериозен предизвикувач. Особено во трка на издржливост, каде што чистата брзина не е единствениот параметар за победа.

Без оглед на тоа што остварувањата на тренинг-сесиите беа измешани, при што меѓу најбрзите се најдоа и болидите на Aston Martin, Genesis и Alpine, болидите на Cadillac беа тие што стартуваа од првиот ред. Иако на квалификациите Cadillac V-Series.R со број 38, со Џек Ајткен зад волан беше најбрз, неговиот тимски колега Вил Стивенс со број 12 беше човекот кој ја освои пол-позицијата во сесијата Hyperpole. И тоа за само 0,048 секунди. Од вториот ред стартуваа Alpina со број 36 и BMW со број 15. Интересно е што сесијата Hyperpole на „6 часа на Сао Паоло“ се покажа исклучително конкурентна. Најбрзите десетмина се наредија во интревал помал од 0,6 секунди. Поточно, разликата меѓу најбрзиот Cadillac со број 12 и десеттопласираниот Ferrari AF Corse со број 83 изнесуваше 0,584 секунди. Време кое говори за изедначеноста на перформансите во Светскиот шампионат, но и за важноста на тактиката на тимовите и издржливоста на болидите во трката. Победникот на годинашната трка на 24 часа на Ле Ман, Toyota, се мачеше на квалификациите. Автомобилот со број 7, со Рио Хиракава зад воланот, не успеа да се пласира погоре од четиринаесеттата позиција, додека сестринскиот болид со број 8, со Камуи Кобајаши, се пласираше дури на шеснаесеттата позиција. Брзината што ја покажа во квалификациите, Cadillac ја загуби во трката. Проблемите почнаа уште на стартот. Болидот со број 12, со Вил Стивенс зад воланот, успеа да ја задржи водечката позиција, но неговиот тимски колега Ерл Бамбер со број 38 веднаш беше престигнат од BMW број 15, управуван од Кевин Магнусен. Водството на Cadillac траеше сè до првите планирани застанувања во питсоп. Тогаш заглавениот шраф на тркалото на Cadillac со број 12 го фрли далеку наназад во поредокот. Избирајќи тактика со кратко дополнување на гориво, на врвот се најдоа двата автомобили на Alpina, број 35 со Фердинанд Хабсбург и број 36 со Фредерик Маковјецки. BMW со број 15 се најде зад нив. Во поголемиот дел од трката поредокот остана напроменет. Меѓутоа, поради дупната гума, Alpina со број 36 излезе од трката за добар пласман, отворајќи му простор на BMW со број 15 полека да ù се доближува на водечката Alpina со број 35. Оваа ситуација му дозволи и на Ferrari со број 51 да избие на третата позиција. Водството на Alpina со број 35 се чинеше дека е недостижно. Но, во последниот час од трката, несреќата удри повторно врз Alpina. Дупната гума не му дозволи на автомобилот да се избори за заслужената позиција. Така, Вантор, Магнусен и Марсиело со својот

09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

61


| СПОРТ

BMW со број 15 стигнаа до својата прва победа, а за BMW тоа беше втора победа во Светскиот шампионат во трки на издржливост. Ferrari со број 51, со Каладо, Пјер Гвиди и Џовинаци ја заврши трката во Сао Паоло на втората позиција. Cadillac, сепак, не треба да остане разочаран. Иако по квалификациите очекувањата беа големи, освоените трето и четврто место во трка и не се толку лош резултат. Петти заврши Ferrari со број 83, а шести Aston Martin со број 007. Toyota, шесткратниот победник на 24 часа на Ле Ман, потфрли и во трката и не освои ниту еден бод. Јапонските автомобили не успеаја да влезат ниту меѓу најбрзите десетмина. Автомобилот со број 7 не можеше да држи чекор со водечките. Едноставно, му недостасуваше брзина за да се бори за добар пласман, а заработи и неколку казни. Затоа ја заврши трката на дванаесеттата позиција. Toyota со број 8, пак, заврши дури на седумнаесеттата позиција, откако мина 12 круга во бокс поради поправки. Имено, болидот со број 8 во текот на вториот час од трката учествуваше во инцидент заедно со број 17 на Genesis и сериозно ја оштети суспензијата. За да не се откаже толку рано во трката, тимот одлучи да го поправа болидот, жртвувајќи го пласманот. По трката во Сао Паоло, на врвот од поредокот во шампионатот стои Toyota, која успеа да освои 132 бода, додека BMW ù дише во врат со своите 127 бода. Разликата е тесна меѓу двата водечките производители, додека на третото место стои Ferrari со 88 бода. Кај послабата класа LMGT3, пол-позицијата по вторпат, едноподруго му припадна на тимот Heart of Racing. Нивниот Aston Martin Vantage GT3, но сега со број 23, беше најбрз на сесијата Hyperpole, додека на сестринскиот број 27 не му појде од рака да се вброи меѓу најбрзите. Меѓутоа, иако најбрз на квалификациите, на Aston Martin му се поматија плановите за време на шестчасовната трка. По лошиот старт, не можеше да држи чекор со конкуренцијата, препуштајќи му ги ловориките на тимот на TF Sport по вторпат едноподруго. По победата на 24 часа на Ле Ман со Corvette со број 33, тимот на TF Sport, но сега со својот втор автомобил Corvette со број 34, кој вози со турска поддршка под името Racing Team Turkey by TF, славеше и во Сао Паоло.

Второто место во Бразил го освои BMW со број 69 на тимот Team WRT, додека третото му припадна на Porsche 911 со број 92, кој вози под боите на тимот The Bend Manthey. Вториот 911 на тимот на Manthey заврши четврти, додека петти беше Ford Mustang на Proton Competition. По трката во Сао Паоло, тимот на TF Sport со Corvette води убедливо во генералниот пласман со 76 бода, пред второпласираниот тим The Bend Manthey со Porsche 911, кој има 49 бода, и третопласираниот Team WRT со BMW, кој има 43 бода. Ист број бодови, 43, има и вториот тим на TF, Racing Team Turkey, но поради послабите пласмани се води како четврти. Следната трка се вози на 4 септември на патеката на Америка во Остин, Тексас, а до крајот на сезоната, со ревидираниот календар поради војната на Блискиот Исток, остануваат уште четири трки. Новина се трките „6 часа на Барселона„ 6 часа на Монца“. • Љубомир Анастасовски

62 09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk


СПОРТ |

WRC – Рели Естонија и Рели Финска

КАПА ДОЛУ САМИ ПАЈАРИ! ДА СЕ ДОМИНИРА НА РЕЛИТО НА ЕСТОНИЈА И ДА СЕ ПОБЕДИ ПРЕД ДОМАШНИТЕ НАВИВАЧИ НА РЕЛИТО НА ФИНСКА Е УСПЕХ ДОСТОЕН ЗА ПОЧИТ, ДУРИ И ЗА НАЈСЛАВНИТЕ И НАЈДОБРИТЕ ВОЗАЧИ ШТО ИСТОРИЈАТА НА РЕЛИТО ГИ ПОЗНАВА.

09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

63


| СПОРТ

О

ткако едноподруго освои две големи победи, Сами Пајари, младата Финска надеж во Светскиот шампионат во рели и идната рели-ѕвезда, може да здивне. Победите му го симнаа тешкиот товар на неизвесноста од плеќи, a сега пред него има отворена врата за нижење големи успеси, па дури и да за крунисување со титула. Пајари зад себе име една круна. Во 2024 година стана шампион во категоријата WRC 2 со Toyota GR Yaris Rally 2, а минатата година Toyota го префрли во највисоката категорија, WRC. Но, сезоната ја мина повлечено, би рекле и срамежливо, освојувајќи само еден подиум, трето место на релито во Јапонија. Сепак, за Пајари 2025 година беше сезона на прилагодување и учење. Тој послушно ги следеше насоките на тимот и полека се подготвуваше да го отклучи својот потенцијал. Затоа годинава 24-годишниот Финец пишува сосем поинаква приказна. По пехот на Монте Карло, кога се откажа на двапати, Пајари влезе во сосем поинаков модус. Од 10 настани колку што се извозеа досега, Пајари гордо стоеше на подиумот дури на 7, од кои два пати како победи. Тој освои повеќе подиуми од било кој друг возач во WRC годинава и има ист број победи како Себастијан Ожие, Елфин Еванс и Такамото Кацута.

РЕЛИ НА ЕСТОНИЈА Со победата на релито на Естонија, Пајари стана 83. возач што победил на рели од Светскиот шампионат, од неговото основање во 1973 година. Младиот Финец ја освои Естонија во стил на прекален борец. Го презеде водството уште на првиот брзински испит и не го испушти до крајот, декласирајќи ги своите ривали, дури и својот тимски колега и минатогодишниот победник во Естонија, Оливер Солберг. Всушност, постои голема сличност меѓу доминацијата на Солберг минатата година и онаа на Пајари на ова рели, кое и за двајцата беше прва победа во WRC. Меѓутоа, годинава Солберг, кој беше единствениот што можеше да го загрози Пајари, не успеа да најде вистински одговор на брзината на младиот Финец.

64 09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

Пајари победи на секој од седумте брзински испити во петок, создавајќи предност од 14,7 секунди пред Солберг. Финецот возеше во класа за себе, фрлајќи ја конкуренцијата во очај. Пајари е првиот возач кој успеал да победи на сите брзински испити од првиот ден, откако лани тоа му појде од рака на Кале Рованпера на релито на Канарските Острови. И додека Пајари возеше сам напред, Солберг и Фурмо беа фатени во костец за втората позиција. Солберг беше поуспешен и денот го заврши на второ место, со 1,6 секунди пред Фурмо. Нојвил беше четврти, а Ожие петти. Продолжувајќи ја победничката низа од брзинските испити, Пајари го отвори и вториот ден од релито. Победи на 5 од вкупно 9 брзински испити и го заврши денот со 25 секунди предност во однос на второпласираниот Солберг. Така се постави во совршена позиција за атак на победата. Меѓутоа, Солберг, наместо да го брка Пајари, мораше да се брани од Фурмо, кој му дишеше во врат, завршувајќи само 2,1 секунди зад него. Не се смени ниту поредокот на Нојвил и Ожие. Единствено Еванс успеа во текот на денот да напредне од деветтата на шестата позиција. Со два брзински испити предвидени за последниот ден од релито, на Пајари му требаше само да ја одржи предноста без да ризикува. Возејќи паметно, не се втурна во освојување на бодови од агендата Super Sunday и од брзинскиот испит Wolf Power и стигна до победа. Солберг, иако успеа да скине дел од секундите на Пајари, сепак на крај мораше да се задоволи со второто место, оставајќи му го третото на Фурмо. Нојвил, Ожие и Еванс останаа на четвртото, петтото и шестото место. На крајот од релито, Солберг призна дека по откажувањето што му се случи на релито Акрополис не бил подготвен да вози со 100 отсто и да ризикува. Затоа одлучил да ја избере безбедна опција и да го заврши настанот. Сепак, беше најбрз на Super Sunday и на Wolf Power што му донесе дополнителни 10 бода. Така си замина од Естонија само со 1 бод помалку од Пајари, 27 наспроти 28. РЕЛИ НА ФИНСКА Се чини дека релито на Естонија беше вовед во збиднувањата што се случија две седмици подоцна на релито на Финска. Меѓутоа, за разлика од Естонија, која се покажа како мирен настан, релито на Финска беше вистински ролеркостер. Од него како победник повторно излезе Пајари. Со победата на домашниот настан, Пајари ги освои срцата не само на своите фанови и љубители на релито, туку и на целата финска јавност. Всушност, победата на Пајари на релито на Финска има големо историско значење.


СПОРТ |

Пајари ù ја донесе на Финска 200. победа на еден фински возач во историјата на Светскиот шампионат. Понатаму, тој стана 14. Финец кој го освоил релито на Финска од воведувањето на Светскиот шампионат до денес. По победата на Кале Рованпера на ова рели минатата година, Финска има двајца возачи кои го освоиле домашното рели две години едноподруго, по пауза од 11 години. Имено, последен пат тоа се случи во 2014 и 2015 година, кога Јари-Мати Латвала победи двапати едноподруго. Додека, пак, двајца различни Финци последен пат едноподруго победиле на домашното рели во 2009 и 2010 година. Тоа се Мико Хирвонен и Латвала. Има уште. Пајари е првиот Финец кој освоил две релија едноподруго после Рованпера во 2024 година, кога победи на релито на Полска и на релито на Латвија. Голем успех и за Toyota, која го забележа својот осми триумф од последните 9 изданија на релито на Финска. Воедно, ова е вкупно 11. триумф во Финска за Toyota, која на скалата на Светскиот шампионат го надмина Ford за еден триумф и со тоа стана најтрофејниот производител на релито на Финска. Релито стартуваше со специјален брзински испит во четврток навечер, на посебно подготвена патека во седиштето на релито, градот Јиваскила. Фурмо беше најбрз на спектаклот организиран за забава на фановите. Но, вистинскиот предизвик ги очекуваше екипажите во петок наутро, на брзите патеките низ финските шуми. Ожие беше тој кој покажа подготвеност да биде предводник на релито. Воден од својот некогашен совозач Жулиен Инграсија, кој ја прифати поканата да го замени Винсент Ландеј, отсутен од ова рели поради приватни причини, Ожие успеа да ги надвози своите ривали. И од таборот на Hyundai, но и своите тимски другари.

Најдобро се снајде за време на поројниот дожд кој ги преплави патеките и до крајот на денот стекна убедливо водство пред второпласираниот Еванс, третопласираниот Пајари и четвртопласираниот Солберг. Се чинеше дека поројниот дожд од петокот ќе биде единственото изненадување на ова рели. Но, како се развиваше вториот ден од настанот, работите стануваа сè позамрсени. Пред целта на четвртиот испит од денот, поточно на последниот свијок од испитот Еванс и совозачот Скот Мартин преживеаја страшно излетување кое го фрли автомобилот во повеќекратни превртувања. За среќа, автомобилот застана на тркала, а навивачите успеаја да го истуркаат на пат, овозможувајќи му на Еванс да го заврши испитот. Со безмалку уништен автомобил, Еванс стигна до сервисната зона, а брзата реакција на механичарите му овозможи да го продолжи релито без притоа да заработи ниту една казна. И додека Еванс се спаси на четвртиот испит од денот, Ожие немаше толкава среќа. Додека беше во водство, на претпоследниот испит од денот излета при голема брзина. При превртувањето, неговиот автомобил удри во дрвјата крај патот и претрпе тешки оштетувања. Испитот беше откажан, а Ожие и Инграсија завршија во болница на проверки. Тука се отвори патот за победата на Пајари. Со еден испит до крајот на саботата и уште два испити во недела, како и со предност од 45 секунди пред Солберг, Пајари се одлучи да попушти. Возеше контролирано, дозволувајќи му на Солберг да украде дваесетина секунди до крајот на релито, и на крајот се круниса со втората победа во кариерата. Солберг заврши втор, а Еванс трет. Победата го промовираше во второпласиран во шампионатот за возачи. Има 171 бод, односно 30 помалку од Еванс, кој има 201. Трет е Кацута со 160, следуваат Солберг со 156 и Ожие со 139 бодови. Сите петмина возачи се од Toyota, која со 514 бодови засега го декласира Hyundai со неговите 340 бодови. • Љубомир Анастасовски

09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

65


| АМСМ

СИГУРНОСТ ШТО СЕ СПОДЕЛУВА Чувството на безгрижност кога на пат се оние што ви значат најмногу, има посебна вредност. Семејното членство е практичен начин секој член од семејството да има дополнителна поддршка при патување, а вие поголем спокој кога не сте заедно на пат. ЗОШТО СЕМЕЈНО ЧЛЕНСТВО Е ДОБАР ИЗБОР? • Практично решение за целото семејство - можност вашите членските услуги да бидат достапни и за вашите најблиски. • Повеќе сигурност за најблиските, со помал трошок Годишниот надомест за семејна картичка е значително понизок од редовната членарина – наместо повеќе картички, една картичка ги штити сите. • Дополнителна заштеда - Пристап до АМСМ Партнер програмата и ексклузивни попусти на повеќе од 250 локации низ Македонија – во хотели, ресторани, продавници, оптики и други продажни и услужни места. СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА До 30.09.2026 год., семејната членска картичка е достапна со 50% попуст: • 245 денари за Classic • 445 денари за Europe Premium Семејна картичка можете да извадите при зачленувањето или дополнително, во текот на важноста на вашата членска картичка, како и онлајн преку www.amsm.mk.

66 09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

Споделете ја сигурноста со оние кои најмногу ви значат – патувајте БЕЗГРИЖНО! Повеќе информации: 02/3181-108


НИЗ ЕВРОПА ВОЗИ БЕЗ НЕРВОЗИ!

БЕСПЛАТНА ПОМОШ НА ПАТ ВО ЗЕМЈАТА И ВО ЕВРОПА ПОДАРОК ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ

www.amsm.mk

02/3181-108 09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

67


НАЈДОБРА ИНВЕСТИЦИЈА ЗА ВАШИОТ АВТОМОБИЛ! КАСКО ОСИГУРУВАЊЕТО ПОКРИВА ШТЕТИ НАСТАНАТИ ПОРАДИ УНИШТУВАЊЕ, ОШТЕТУВАЊЕ ИЛИ КРАЖБА НА ВАШЕТО ВОЗИЛО. *Полиси достапни од сите осигурителни компании. 02/3181-402 68 09.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk

www.mobilitybroker.com.mk


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
АМСМ Клуб Мобилити - Септември 2026 by AMSM - Issuu