ЧЛЕНСКО СПИСАНИЕ | ОКТОМВРИ 2025 БР. 80
www.amsmklubmobiliti.mk
Тест Ineos Grenadier
ДЕФИНИЦИЈА НА ВИСТИНСКИ ТЕРЕНЕЦ
Мото ГП Кружен тек
ПАТ КОН ПОМАЛ МЕТЕЖ
МАРКЕЗ ОБЕЗБЕДИ ТИТУЛА, ПА СКРШЕНИЦА 10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
1
2
10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
ВОВЕД
ОКТОМВРИ, МЕСЕЦОТ КОГА ПАТИШТАТА ЗБОРУВААТ
АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ Членско списание ИЗДАВАЧ: АВТО-МОТО СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-181 Факс: 02/ 3181-119 amsm@amsm.com.mk www.amsm.mk ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: Маргита Поповска ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН: Мартина Поповска РЕДАКЦИЈА: ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-351 Факс: 02/ 3181-349 redakcija@amsm.com.mk www.amsmklubmobiliti.mk
ИЗДАВАЧКИ СОВЕТ: проф. д-р Спасе Јовковски (претседател) Сиљан Аврамовски (член) Калинка Танеска (член) Јован Теговски (член) Миле Атанасов (член) Димитар Пендов (член) Митко Смилков (член)
НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ: Жарко Атанасоски Љубомир Анастасовски Данчо Здравковски Андријан Трипунов Александар Табаковски Игор Ландсберг
Кога ќе настапи октомври, сè се смирува. Денот се скратува, природата се повлекува во себе, а светот некако станува потивок. Овој месец нема ни пролетна возбуда, ни летна жештина, ни зимска строгост. И токму затоа, октомври е идеален за размислување. За поглед наназад, и напред, за патиштата по кои чекориме. Во буквална смисла, патиштата во овој период се подложени на предизвици, лисја ги покриваат патиштата, маглата ги брише хоризонтите, а влагата ги прави ризични дури и најпознатите правци. Потребна е повисока будност, поголема грижа, не само од возачите, туку и од сите учесници во сообраќајот. Но, патување не значи секогаш движење. Во есента, патува и умот. Октомври нè повикува да забавиме, не само поради условите на патот, туку и поради потребата да размислиме каде навистина одиме. Затоа, додека патуваме низ есента, а патиштата ни стануваат понејасни, нека ни бидат појасни целите. Да ја согледаме целата слика, не само сообраќајниот знак пред нас, туку и вредностите што ги носиме зад воланот. Да ги забележиме патоказите, и оние сообраќајните, и оние внатрешните. Зашто секое патување, особено во октомври, е повик не само да стигнеме некаде, туку и да разбереме зошто тргнавме. Во сето ова, почитувани членови, списанието АМСМ Клуб Мобилити не е само партнер на патиштата, туку и тивок сопатник во личното патување на секој член. Во овој број на списанието ќе прочитате за најновите случувања во авто-мото спортот, адреналин, страст и технологија на едно место. Ќе ве одведеме и на автомобилскиот саем во Минхен, каде се претставија најновите модели, иновации и трендови што ја креираат иднината на мобилноста. Ќе најдете корисни совети за побезбедно и посовесно возење во есенски услови... За љубителите на патувања и авантури, ви го претставуваме возилото што ги исполнува сите очекувања на вистинските истражувачи на терени. Ќе дознаете повеќе за најновите настани и активности на АМСМ, каде бевме, што организиравме... Дополнително, ви носиме информации за актуелни АМСМ услуги, попусти, и ексклузивни бенефити од АМСМ членството. Затоа, намалете брзина, земете миг за себе и препуштете се на содржините.
ТИРАЖ: 10.000 примероци ПЕЧАТИ: Печатница „Серафимовски“ - Скопје БАНКА: Комерцијална Банка А.Д. Скопје ЖИРО-СМЕТКА: 300000000915716
Следниот број на АМСМ Клуб Мобилити очекувајте го во ноември 2025 гoдина во електронска верзија на вашата е-адреса и нашата веб страница www.amsmklubmobiliti.mk
Маргита ПОПОВСКА
ЕДИНСТВЕН ДАНОЧЕН БРОЈ: 4030991238264
главен и одговорен уредник
ISSN 1857-6133
© Сите права се заштитени. Овој труд не смее да биде преведен или копиран во целина или негов дел без дозвола на издавачот. Забрането е било какво складирање и архивирање, електронско прилагодување, компјутерско програмирање или користење со некоја слична или различна технологија позната до денес или која ќе се развие во иднина.
Почитувани членови на АМСМ, Ве повикуваме на нашата е-маил адреса redakcija@amsm.com.mk да ни ги испратите своите е-маил адреси за да можеме да ви го доставиме интернет-изданието на списанието „АМСМ Клуб Мобилити“.
10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
3
ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА
071/232-442 4
10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
www.amsm.mk
HI-TECH
НОВОСТИ 7 МАЛИ ИЗМЕНИ, ГОЛЕМИ ОЧЕКУВАЊА ВО 2026 10 БРЗ РЕДИЗАЈН ЗА БРЗА ИДНИНА
42 НОВАТА ГРАНИЦА НА ЧОВЕЧКАТА АВАНТУРА
34 СТИЛ 32 ОПУШТЕНО ДО УСПЕШНИ ЗДЕЛКИ
10
42
АВТО-МОТО 12 ДЕФИНИЦИЈА НА ВИСТИНСКИ ТЕРЕНЕЦ 16 МАГИЈАТА НА ЦРВЕНОКОСАТА ГЛАВА
ИСТОРИЈА 44 ПРИКАЗНА ЗА ИСТРАЈНОСТ И ИНОВАЦИИ
36 ПАТУВАЊЕ 36 ДРУГОТО ИМЕ НА ЛУКСУЗОТ
16
44
ТЕСТОВИ И СОВЕТИ
СПОРТ 48 БИКОТ „ПРОПЕА“ ВО ФИНИШОТ
32 ПАТОТ КОН ПОМАЛ МЕТЕЖ
58
50 МАРКЕЗ ОБЕЗБЕДИ ТИТУЛА ПА СКРШЕНИЦА
10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
5
| ОТА
ЦЕНИ НА ГОРИВА ВО ЕВРОПА
6
ДРЖАВА
БЕНЗИН БМБ-95
БЕНЗИН БМБ-98
ДИЗЕЛ
Австрија
1.58 EUR
1.85 EUR
1.59 EUR
Албанија
172.41 ALL (1.68 EUR)
0.00 ALL (0.00 EUR)
172.41 ALL (1.68 EUR)
Белгија
1.62 EUR
1.66 EUR
1.71 EUR
Босна и Херцеговина
2.35 BAM (1.19 EUR)
2.68 BAM (1.36 EUR)
2.35 BAM (1.19 EUR)
Бугарија
2.41 BGN (1.22 EUR)
2.87 BGN (1.46 EUR)
2.39 BGN (1.21 EUR)
Велика Британија
1.79 GBP (2.13 EUR)
1.95 GBP (2.32 EUR)
1.90 GBP (2.26 EUR)
Германија
1.76 EUR
1.83 EUR
1.64 EUR
Грција
1.75 EUR
1.92 EUR
1.51 EUR
Данска
14.09 DKK (1.89 EUR)
15.21 DKK (2.04 EUR)
13.17 DKK (1.77 EUR)
Естонија
1.56 EUR
1.63 EUR
1.45 EUR
Италија
1.71 EUR
1.88 EUR
1.64 EUR
Летонија
1.39 EUR
1.49 EUR
1.49 EUR
Литванија
1.41 EUR
1.47 EUR
1.47 EUR
Луксембург
1.47 EUR (1.47 EUR)
1.57 EUR (1.57 EUR)
1.43 EUR (1.43 EUR)
СР Македонија
74.00 MKD (1.21 EUR)
76.00 MKD (1.24 EUR)
68.50 MKD (1.12 EUR)
Норвешка
20.77 NOK (1.77 EUR)
0.00 NOK (0.00 EUR)
20.05 NOK (1.71 EUR)
Полска
5.88 PLN (1.38 EUR)
6.21 PLN (1.46 EUR)
5.99 PLN (1.41 EUR)
Португалија
1.73 EUR
1.87 EUR
1.68 EUR
Романија
7.56 RON (1.52 EUR)
8.22 RON (1.65 EUR)
7.77 RON (1.56 EUR)
Русија
64.00 RUB (0.67 EUR)
83.58 RUB (0.87 EUR)
71.57 RUB (0.74 EUR)
Словачка
1.54 EUR
1.73 EUR
1.46 EUR
Словенија
1.45 EUR
1.67 EUR
1.49 EUR
Србија
180.94 RSD (1.55 EUR)
202.52 RSD (1.73 EUR)
194.30 RSD (1.66 EUR)
Турција
52.86 TRY (1.47 EUR)
53.31 TRY (1.48 EUR)
54.26 TRY (1.51 EUR)
Унгарија
579.50 HUF (1.48 EUR)
635.50 HUF (1.62 EUR)
574.80 HUF (1.47 EUR)
Финска
1.66 EUR
1.77 EUR
1.56 EUR
Франција
1.76 EUR
1.83 EUR
1.67 EUR
Холандија
2.10 EUR
2.15 EUR
1.80 EUR
Хрватска
1.45 EUR
1.89 EUR
1.37 EUR
Црна Гора
1.45 EUR
1.49 EUR
1.38 EUR
Чешка
35.74 CZK (1.41 EUR)
34.51 CZK (1.36 EUR)
33.89 CZK (1.34 EUR)
Швајцарија
1.75 CHF (1.80 EUR)
1.75 CHF (1.80 EUR)
1.81 CHF (1.86 EUR)
Шведска
16.24 SEK (1.41 EUR)
17.64 SEK (1.53 EUR)
17.34 SEK (1.51 EUR)
Шпанија
1.55 EUR
1.68 EUR
1.48 EUR
10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
ОТА |
TOYOTA GR COROLLA
МАЛИ ИЗМЕНИ, ГОЛЕМИ ОЧЕКУВАЊА ВО 2026
К
орола“ во изведба „гр“. Убаво звучи, зарем не!? Да почнеме со турбо погонската единица, бидејќи таа е најодговорна за солидните 300 КС , кратко и јасно, три цилиндри со зафатнина од 1,6 литри која се врти до „скромни“ 6.500 вртежи (и тоа рели вртежи). Сите осетливи делови во моторот се заменети со ултра квалитетни, со што се нагласува долговечноста на моторот. Тука мора да се нагласат двете менувачки кутии, едната автоматска со осум преноси, а другата обична со шест преноси. Од овие две менувачки кутии, силината се пренесува до двете оски, што е клучно за еден автомобил, ако истиот води потекло од тој што се натпреварува во Светскиот Шампионат во Рели. Возачот може да избере еден од трите режими на возење. Првиот кој е именуван како „обичен режим“, за секојдневна употреба, силината од моторот ја пренесува во сооднос 60:40 напред - назад. Режимот „трак“ наменет за возење на тркачка патека 60:40 или 30:70 во зависност од режимот на возење и состојбата на возилото дали вози во свиоци или е во правите делови од патеката. Ако некој го украде овој туристички рели бисер, Тојота вградила уред за лоцирање на возилото, така што сопственикот лесно ќе си го врати возилото. Како беше онаа народната „добриот глас надалеку се слуша“, и „тојота гр корола“ е на добар глас и воедно боде очи, така што можно е да биде честа мета на крадците на автомобили. Тое е само еден од уредите, а има и „сос“ уред кој се вклучува при сообраќајна незгода. „Тојота гр корола“ има уред кој му кажува на возачот каква е „здравствената состојба“ на возилото, што треба да смени од деловите кои стасале за менување итн. Има еден куп уреди од овој тип, а да не зборуваме за тие задолжени за безбедноста. И да, новите сопственици не треба да бидат загрижени за екраните, ги има и тоа два, а едниот е осетлив на допир. Најинтересно за потенцијалните купувачи е цената. Ова не е обична Корола. Ове е автомобил тестиран на асфалт, снег, гравел, па дури и на легендарниот Нирбургринг. И таква ѕверка не може да има ниска цена. Според првичните најави, цената пропишана од производителот ќе изнесува 40.000 долари. •
АМСМ ЧЛЕНСТВО НОВИ ПРОДАЖНИ МЕСТА
*Картичките купени во новите продажни места се активираат според упатството на задната страна. 10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
7
| НОВОСТИ
ПОРШЕ МАКЕДОНИЈА
20 ГОДИНИ СТРАСТ, ВИЗИЈА И ЛИДЕРСТВО
П
оследниот викенд од септември, салоните на Порше Македонија блеснаа во светлина и емоции, претворајќи се во артистички простор за големата прослава на 20-годишниот јубилеј на компанијата. Настанот ги обедини партнерите, клиентите, вработените и пријателите во атмосфера што го славеше минатото, но и храбро гледаше кон иднината. „Денес не славиме само 20 години постоење – денес славиме 20 години заедништво,“ истакна генералниот директор Златко Муцунски во своето инспиративно обраќање. „Сите вие сте значаен дел од нашата приказна. Без вас, ’20‘ ќе беше само број. Со вас – тоа стана патување полно со предизвици, победи и незаборавни моменти. Ние не сме тука само да продаваме автомобили. Ние креираме искуства, отвораме патишта кон авантури и овозможуваме слобода да се сонува и освојува.“ Порше Македонија започна со работа во 2005 година како дел од Porsche Holding Salzburg, првично застапувајќи ги брендовите Volkswagen и Audi за Македонија и Косово. Денес портфолиото брои седум светски познати брендови меѓу кои се – Škoda (од 2007), SEAT (2014), Porsche (2016) и CUPRA (2024) – и силна продажно-сервисна мрежа со повеќе од 100 вработени и над 50.000 продадени возила. Јубилејната вечер донесе повеќеслојна уметничка програма, настапи на врвни артисти и видео-проекции кои потсетија на клучните моменти од изминатите две децении. Настанот претставуваше „неконвенционално патување низ уметност, музика и автомобилска страст“, а гостите уживаа во вечер исполнета со музика, изведувачки перформанси и пријателска енергија.
20 години по основањето, Порше Македонија стои како синоним за квалитет, иновација и лидерство во автомобилската индустрија. Компанијата останува посветена на иднината на мобилноста – електрификација, автономни технологии и паметни решенија – но никогаш не заборава дека вистинската сила е во луѓето, партнерствата и вредностите што заедно се градат. „По 20 години – сè уште постоиме, сè уште на врвот стоиме, и одлично изгледаме,“ заклучи Муцунски, кревајќи здравица за новите хоризонти што следуваат. Со оваа прослава, Порше Македонија уште еднаш потврди дека нејзината приказна не е само за автомобили – туку за страст, визија и заедништво кое ќе продолжи да создава нови јубилеи и нови победи. •
8
10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
ТВОЈАТА ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА СЕГА МОЖЕ ДА БИДЕ
Visa AMSM КРЕДИТНА КАРТИЧКА
100 ден. за Classic картичка 200 ден. за Еurope Premium картичка
ФИНАНСИСКА СИГУРНОСТ
ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ СО 0% КАМАТА
БЕСПЛАТНА ПОМОШ НА ПАТ
КОНТАКТ ЦЕНТАР 196
10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
9
| НОВОСТИ
ДЕЛФИНО МОБИЛИТИ ГРУП
ОД ИДЕЈА ДО РЕГИОНАЛЕН ЛИДЕР ЗА 30 ГОДИНИ
Д
елфино Мобилити Груо (Delfino Mobility Group) со голема свеченост одбележа 30 години постоење и успешно градење на бренд кој денес претставува симбол на мобилноста, довербата и растот во Македонија и регионот. Семејната компанија, создадена со визија и посветеност и поставена на цврсти темели, интегритетот и семејни вредности ја движат напред и денес како и претходните три децении. Delfino Mobility Group денес управува со богато портфолио кое ги вклучува Sixt Македонија, Sixt Албанија, Delfino Hub, Delfino Home, Altasnet Yachts, Artisan Distillery, како и автомобилските брендови Geely и Lynk & Co. Со 17 бренда, позиционирани на 3 пазари и со тим од речиси 100 луѓе кои се вистински еко-систем на раст и амбиција, израсна во регионална компанија која ја гради иднината на мобилноста во регионот. „Пред три децении започнавме со визија за мобилноста во Македонија и регионот. Јас сум дел од Делфино една третина од неговото постоење. Кога се приклучив пред 10 години, бевме компанија која го носеше името на Sixt во Македонија, заедно со нашата туристичка агенција Делфино Травел, а денес сме регионална компанија која што е симбол на иновација, доверба и раст. Но она што нè прави навистина посебни е што сме семејна компанија изградена од две генерации и со визија за развој. Благодарност до сите партнери, вработени и пријатели што се дел од ова патување, ова е само почеток на уште поамбициозно поглавје“, изјави Илија Тоневски, извршен директор на Delfino Mobility Group. Преку континуирана работа, иновации и стратешки партнерства, Delfino Mobility Group изгради препознатлив имиџ на лидер во индустријата. Компанијата повеќе од дваесет години управува со франшизата на Sixt во Македонија, а од 2023 и во Албанија и денес располага со повеќе од 1500 возила низ регионот и постојан фокус на унапредување на искуството на клиентите. Во 2023 година компанијата го збогати своето портфолио со воведување на глобалниот автомобилски бренд Geely на македонскиот пазар, потег кој предизвика огромен интерес кај купувачите и веднаш се позиционира како
XPENG G6
БРЗ РЕДИЗАЈН ЗА БРЗА ИДНИНА
Ш
тотуку наполни две години од своето прво појавување, моделот „г 6“, во сопственост на Гвангжу Ксиаопенг Моторс Технолоџи (или скратено Ксипенг), претрпи неколку измени, како во дизајнот така и во електриката. Станува збор за малку измени во надворешниот и во внатрешниот дизајн, кои сепак оставаат впечаток. Иако непишаното правило во автомобилската индустрија вели дека редизајн се прави по четири до четири и пол години, во последниве години сè почесто гледаме редизајни дури и по само една, две или три години. Малку необично, но производителите, се чини, имаат свои причини за таквите одлуки. Во обновениот „икспенг г6“, очекуваме малку поинакви електромотори, поинакви батерии, најверојатно со поголем капацитет, кои побрзо ќе се полнат. Ксипенг досега нудеше модел со погон на задна оска, но и погон на двете оски и речиси е сигурно дека таа понуда ќе остане и кај освежената верзија. Според најавите, димензиите ќе останат непроменети: 4.753 х 1.920 х 1.650 мм (должина х ширина х висина), со меѓуоскино растојание од 2.890 мм. Од почетокот на продажбата во летото во 2023 година, Икспенг се нуди во две изведби, едната е „лонг рејнџ“ со погон на задната оска, и перформанс со погон на двете оски. Првата има мотор на задната оска со 296 КС и опсег од 535 км, а втората има плус електромотор на предната оска со 190 КС или вкупно 487 КС и опсег од 510 км. Цената за основниот модел е 48.000 евра. Што ќе понуди обновениот модел, со какви батерии и електромотори ќе дојде, како и колкава ќе биде цената, засега останува непознато. •
10 10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
еден од најдинамичните авто-брендови кај нас. Geely во својата групација поседува светски познати брендови како Volvo, Polestar, Lynk & Co, Zeekr и Smart, а има удели и во Aston Martin и Daimler, како и мултимилијардерско партнерство со Renault, што дополнително ја потврдува технолошката извонредност и глобалната конкурентност на брендот. Воведувањето на Geely значи и отворање на ново поглавје за Delfino Mobility Group, којашто со тоа го потврди својот лидерски статус и визија за иднината на мобилноста. Јубилејот беше одбележан со голема прослава во Националната опера и балет, во присуство на повеќе од 600 гости, соработници од Македонија и странство, вработени и пријатели на компанијата. Настанот уште еднаш го потврди угледот и влијанието на Delfino Mobility Group како компанија што не само што ја движи индустријата, туку и гради мостови на соработка, доверба и семејна традиција. Со овој јубилеј, Delfino Mobility Group уште еднаш ја зацврсти својата позиција како двигател на промените и иновациите, подготвен да го продолжи патот на успех и да отвора нови хоризонти во мобилноста и модерниот животен стил. •
МОЈ АМСМ СÉ НА ЕДЕН ДОПИР
www.amsm.mk
02/3181-108 10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
11
| АВТО-МОТО
Тест Ineos Grenadier
ДЕФИНИЦИЈА НА ВИСТИНСКИ ТЕРЕНЕЦ КОМПАНИЈАТА INEOS СО МОДЕЛОТ GRENADIER СОЗДАДЕ НЕШТО НАВИСТИНА РЕТКО НА ДЕНЕШНИОТ ПАЗАР. ОВА НЕ Е СУВ ШТО САКА ДА ИЗГЛЕДА ЛУКСУЗНО ИЛИ СПОРТСКИ, ТУКУ МАШИНА ШТО МУ Е ВЕРНА НА АВТЕНТИЧНИОТ ДУХ НА ТЕРЕНСКИТЕ ЛЕГЕНДИ. ТУКА НЕМА КОМПРОМИСИ: СЕКОЈ ЕЛЕМЕНТ ИМА СВОЈА ФУНКЦИЈА, СЕКОЈА КОМАНДА Е АЛАТКА. НАМЕСТО РАСКОШ, GRENADIER НУДИ ЧУВСТВО НА СИГУРНОСТ И ДОВЕРЛИВОСТ, ТОКМУ ОНА ШТО ГО БАРААТ ВИСТИНСКИТЕ АВАНТУРИСТИ.
Б
ританска индустриска групација Ineos, е основана во 1998 година од сер Џим Ратклиф. Во изминатите децении компанијата прерасна во една од најголемите приватни корпорации во светот, со бизнис во над 30 индустрии и повеќе од 25.000 вработени. Позната е по брзото адаптирање и ширење во нови сектори. Откако во 2017 година престана да се произведува класичниот Land Rover Defender, Ратклиф заклучи дека пазарот има празнина. Така настана Ineos Automotive, со мисија да создаде вистински, автентичен теренец. По години развој и тестирање, резултатот е Grenadier, возило што ја спојува традицијата на машините 4x4 со современата технологија.
12 10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
ДИЗАЈН ШТО СЛЕДИ ФУНКЦИЈА
Моделот Grenadier не се обидува да освои со привлечни линии. Напротив, неговиот изглед е строго квадратен и функционален. Секој дел од каросеријата е обликуван за практична намена, а не за естетска игра. Предниот дел асоцира на класичните икони, како Defender или G-Class. Масивните кружни фарови и едноставната маска веднаш откриваат дека ова возило е создадено за сурови услови. Цврстите браници, поставени ниско, се изработени за да издржат удари од камења и кал, а не за да изгледаат привлечно. Отстрана се забележува уште појасна изјава: големи квадратни прозорци, масивни врати и силно изразени крила. Тука нема декоративни линии. Пластичните облоги го штитат возилото од гребаници, а покривот е висок и рамен, идеален за носење дополнителна опрема – од багажници до специјализирани носачи за експедиции. Задниот дел ја продолжува истата логика. Две асиметрични врати овозможуваат практичен пристап: малата за брзо отворање, големата за внесување обемен товар. На неа е монтирана скала што овозможува пристап до покривот. Големите светла се едноставни и издржливи. Grenadier гордо носи изглед на возило што не се плаши од кал и гребаници - напротив, тие го прават уште поробустен.
АВТО-МОТО |
ПРАКТИЧНОСТ ПРЕД СÈ
Внатрешноста ја следи истата филозофија: практичноста е пред сè. Наместо луксузни материјали, тука има робусни пластики и површини што лесно се чистат. Подот е дизајниран така што може да се измие со црево, нешто речиси незамисливо кај модерните СУВ. Највпечатлив дел е контролната табла. Наместо класичен изглед, таа е претворена во панел со големи копчиња и прекинувачи што потсетуваат на пилотска кабина. Секое копче е јасно означено и лесно достапно, дури и со ракавици. Централната конзола е висока и масивна, со физички прекинувачи за блокада на диференцијалите и избор на режими на погон. Екранот од 12,3 инчи за инфо-забавниот систем е присутен, но не е во фокусот, тука е како практична алатка, а не како централна атракција. Дополнителен панел на плафонот нуди уште повеќе команди и приклучоци за теренска опрема, уште една паралела со авионската кабина. Седиштата од Recaro изгледаат едноставно, но нудат високо ниво на удобност и странична поддршка. Тапацирот е отпорен на абење и лесен за одржување. На предните и на задните седишта има доволно место, а високата кабина нуди многу простор за главата и рамената. Багажниот дел е еднакво практичен, со околу 1.150 литри волумен, дополнителни точки за прицврстување и можност за интеграција на специјализираната опрема, тој е подготвен за кампинг, експедиции или работа на терен.
10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
13
| АВТО-МОТО
ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ВОЗИЛОТО
ПОДГОТВЕН ЗА СЕКОЈ ПРЕДИЗВИК
Под хаубата работат проверени мотори од BMW. Се нуди избор помеѓу бензински и дизел, двата редни шестцилиндрични агрегати. Тестниот модел е опремен со дизелски агрегат со 245 КС и 550 Нм вртежен момент, достапни уште од 1.250 вртежи. Испораката на сила е мазна и моќна, совршена за стрмни патишта и тешки услови. Менувачот е автоматски со осум степени, дело на ZF. Функционира прецизно, брзо и рафинирано. Grenadier располага и со редуктор, како и со блокада на предниот, централниот и задниот диференцијал, класичен рецепт за непобедлива теренска способност. На асфалт, иако е тежок 2,7 тони, изненадува со стабилност и комфор. Да, се ниша повеќе во свиоци и бучавата од гумите е погласна, но при 120-130 км/ч патува мирно и предвидливо. Потрошувачката се движеше меѓу 11,5 и 13,5 литри на 100 км, што е прифатлива бројка за возило со вакви габарити. Максималната брзина е 160 км/ч, а забрзувањето до 100 км/ч трае околу 9 секунди. Но овие бројки се споредни. Вистинската природа на Grenadier се покажува таму каде што
14 10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
МОТОР:
ШЕСТЦИЛИНДРИЧЕН ТУРБОДИЗЕЛ
ЗАФАТНИНА:
2.993CM3
МОЌНОСТ НА АГРЕГАТОТ
245 КС при 3.250 врт./мин
МЕНУВАЧ:
8-СТЕПЕН АВТОМАТСКИ МЕНУВАЧ
ПОГОН:
НА СИТЕ ЧЕТИРИ ТРКАЛА
ПОТПИРАЊЕ НА ТРКАЛА:
НАПРЕД: КРУТА ОСКА НАЗАД: КРУТА ОСКА
СОПИРАЧКИ:
НАПРЕД: ВЕНТИЛИРАЧКИ ДИСКОВИ НАЗАД: ДИСКОВИ
ГУМИ:
НАПРЕД: 265/70 R17, НАЗАД: 265/70 R17
МАСА НА ВОЗИЛОТО:
2.720 КГ
ДИМЕНЗИИ: Д/Ш/В:
4.895Х1.930Х2.036 ММ
ЗАБРЗУВАЊЕ ОД 0 ДО 100 КМ/Ч:
9,0 СЕКУНДИ
ПРОСЕЧНА ПОТРОШУВАЧКА:
10,5 Л/100 КМ
МАКСИМАЛНА БРЗИНА:
160 КМ/Ч
ЦЕНА НА ТЕСТИРАНИОТ МОДЕЛ:
99.000 ЕВРА
завршуваат патиштата. Со клиренс од 264 мм, агол на пристап од 35,5 и заминување од 36,1 степени, како и можност за минување низ вода длабока до 800 мм, Grenadier е подготвен за најекстремни сценарија. За разлика од многу модерните „теренци“ што се потпираат на електроника, овде механичките решенија се во прв план. Калта, правот и водата не се закана, сите витални делови се заштитени и дизајнирани за тешки услови. Grenadier е производ на интернационална соработка, британска визија, германски мотори и француско производство. Тој спој ја создава единствената комбинација на автентичност и модерна технологија. Иако изгледа старомодно во споредба со урбаните модели, неговата филозофија е беспрекорно јасна. Тоа е возило наменето за лица што ја ценат искреноста повеќе од украсите, за вистинските авантуристи и професионалци што имаат потреба од сигурен партнер. Тој е искрен, издржлив и непоколеблив, вистински теренец во време кога повеќето модели се претвораат во кросовери со урбана ориентација. • Данчо Здравковски
ПОМОШ НА ПАТ
БЕЗБЕДНА ЗИМА ЗАПОЧНУВА СО НОВИ ЗИМСКИ ГУМИ!
ЗИМСКИ ГУМИ ОД ПОГОРЕНАВЕДЕНИТЕ БРЕНДОВИ СЕ ДОСТАПНИ НА ВАШЕ БАРАЊЕ ВО АМСМ СЕРВИСОТ ЗА АВТОМОБИЛИ, ЛОЦИРАН ВО РАМКИТЕ НА АМСМ ЦЕНТАР – СКОПЈЕ. АКЦИЈАТА ТРАЕ ДО 30.11.2025
02/3181-133
www.amsm.mk 10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
15
| АВТО-МОТО
Претставуваме FERRARI 849 TESTAROSSA
МАГИЈАТА НА ЦРВЕНOКОСАТА ГЛАВА TESTAROSSA! СЛАВНОТО ИМЕ СЕ ВРАЌА НА СЦЕНАТА! И ТОА ГО ПРАВИ СО СИЛЕН ЕКОТ! ИЛИ СО СИЛНО КРЕШЕНДО ОД СПЕЦИЈАЛНО ДИЗАЈНИРАНИОТ ИЗДУВЕН ДЕЛ. ЗА ДА СЕ СЛУШНЕ И ЗА ДА СЕ БИДЕ ВИДЕН.
С
о агресивен напад врз сетилата за слух Ferrari го претставува својот нов знаменосец: 849 Testarossa. Сувопарната ознака, SF90, на технички брилијантниот модел заминува во историјата, но добива достоен наследник. Ferrari 849 Testarossa е целосното име на новата магија што со црвено обоените глави на моторот пристигнува од Маранело. Оттука доаѓа и името: Testa – глава, Rossa – црвена или Testarossa. Име што влече корени од педесеттите години од минатиот век и кое директно е врзано за тркачката историја на Ferrari. Како што славниот Енцо знаел да каже: прво се тркам, а потоа прашувам. Името Testarossa првпат се појавува кај тркачот Ferrari 500 TR во 1956 година. Фамата околу името ја почнува инженерот Масимино, кој во педесеттите години од минатиот век заминал од Maserati. Тој конструира нов мотор од 2,0 литри со 4 цилиндри што во тоа време испорачувале импресивни 177 КС и со него Ferrari успеал да го истурка Maserati од конкуренција. Масимино гo обои капакот на главата на моторот во јака црвена боја за да ги нагласи моќноста и брзината, па името доаѓа само по себе. Црвена глава на мотор или Testa Rossa. Вкупно четири модели од 1950 и 1960 години ја носат ознаката Testa Rossa: Ferrari 500 TR и неговата модификувана изведба Ferrari 500 TRC (C е за Competizione), која во 1957 година победи на 24 часа на Ле Ман. Потоа Ferrari 250 TR, кој носи 3,0 V12 со капаци на глави обоени црвено и во 1958 година стана светски шампион, и Ferrari 330 TR, исто така, со V12, но од 4,0 литри. Од 1960 до 1963 година 330 TR победи на многу трки. Во 1962 година победи и на 24 часа на Ле Ман и се памети како последниот Ferrari со мотор поставен напред што победил на легендарната трка. ЕДИНСТВЕНАТА TESTAROSSA Меѓутоа, името Testarossa, кое како магичен ѕвон ги милува ушите, светот го врзува со иконата од 1980 години. Ferrari Testarossa се појави во 1984 година и стана легенда за време на своето постоење. Во тоа време не постои соба, канцеларија, работилница, во која на ѕид
16 10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
АВТО-МОТО |
не бил залепен постер од Testarossa. Ја имало во реклами, серии и филмови. Дури и актерот Дон Џонсон бил вљубен во Testarossa и не пропуштал можност да седне зад волан на белиот примерок во серијата „Пороците на Мајами“. Затоа и добил една како подарок, лично од големиот „ел комендаторе“, Енцо Ферари. За потсетување. Ferrari Testarossa носи 12-цилиндричен боксер од 4,9 литри што испорачува 390 КС. Спринтува од место до 100 km/h за 5,8 секунди и вози со максимални 290 km/h. Останува препознатлива по долгите странични ленти што ги покриваат отворите за довод на воздух и екстремно широкиот заден дел. Дизајнот потпишан од Pininfarina останува вечен. Величина што тешко се надминува. ВОНЗЕМЈАНИН МЕЃУ НАС Дизајнот на новата 849 Testarossa, во најмала рака, е екстровертен. Или го сакате или не. Нема средина. За некого е шик. За некого е: хм? Но едно е сигурно. Не може да помине незабележан. Токму тука се крие една од причините за величината на Ferrari. Зад коњот на Маранело секогаш се кревало прав. Дали има душа како Testarossa од 1984 година? Одговорот треба да се бара меѓу вкусовите. Testarossa сака да биде футуристичка, но, сепак, се потпира на историските корени што го оформиле Ferrari како марка и го направиле препознатлив. Не може да се запостави чувството дека постојат дизајнерски траги што се потпираат на F80 и на 12 цилиндри, но влечат инспирација и од модели како славната Daytona од седумдесеттите и моделите од осумдесеттите години од минатиот век. За нив најмногу се врзува црната маска во која се наоѓаат фаровите, но и начинот на кој се обликувани хаубата и браникот. Масивниот заден дел завршува со две опашки, а го красат и високо поставени издувни цевки од инконел и огромни отвори за одвод на врел воздух. Комбинацијата со дифузер во повеќе нивоа остава силен печат. Сигурно е дека 849 Testarossa е моќна појава што плени со својот настап.
НОВ ВИД БЕСНОТИЈА Иако е создадена како наследник на SF90 и ја носи основата од неговата техника, 849 Testarossa, сепак, е еден нов вид беснотија со вкупно 1050 КС. Врската со SF90 ја носат 4,0-литарскиот V8 битурбо и хибридниот погон со три електрични мотори, по еден за секое предно тркало и еден спарен со менувачот. Или вкупно 220 електрични коњи. Но тука завршуваат сите сличности. Прославениот V8 е целосно сменет и добива 50 КС плус. Измените опфаќаат нов блок и нови глави на мотор предвидени да ги прифатат поголемите трубополначи што, како во F80, имаат лежишта на тркалање со низок коефициент на триење. Поголемите турбини повлекле реконструкција и на вшмукувачки и на издувен вод. Има нови полесни брегасти вратила и нов систем за внесување гориво. Користени се и трикови од тркачкиот 296 GT3 како: турбо завиткано во наметка што го штити од високи температури, поголеми интеркулери и титаниумски шрафови. Сето ова ја намалило тежината, а ја зголемило моќноста на 830 КС при 7.500 min-1 и вртежниот момент на 842 Nm при 6.500 min-1. Лимитот за максималниот број вртежи е поставен на 8.300 mni-1. Масивната моќност ја прифаќа менувачот F1 со две спојки и осум степени на пренос и ја праќа кон задните тркала. Спринтот, односно катапултирањето од место до 100 km/h се случува во помалку од 2,3 секунди, а до 200 km/h за 6,35 секунди. Максимумот преминува 330 km/h. За запирање од 100 до 0 km/h потребни се само 28,5 метри, а од 200 до 0 km/h само 108 метри. Ferrari се гордее и со најдобро време од 1 минута и 17,5 секунди за кое 849 Testarossa врти круг на фабричката патека Фиорано. Тоа е за 1,5 секунди подобро од SF90. Само два модела се побрзи од неа. Ултраспортските SF90 XX со 1 минута и 17,3 секунди и F80 со 1 минута и 15,3 секунди.
10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
17
СРЦЕПАРАТЕЛНА СОНАТА Многу внимание ù е посветено на звучната кулиса што ја следи 849 Testarossa од стартување на моторот, па до гаснењето. Идејата било да се создаде уникатен звучен печат со богата хармонија што се задржува во сите услови на возење. Но да не се отстапи од препознатливиот звук на V8 моторите на Ferrari што доаѓа заради рамното коленесто вратило. Гласноста е подигната во сите режими на работа на моторот, со чиста сонорна нота што полека преминува во вресок кога се бркаат максималните 8300 вртежи. Оваа срцепарателна песна на „осмакот” создава посебно емоционално доживување во кокпитот на 849 Testarossa. И додека емоционалното доживување доаѓа од звукот произведен низ издувниот систем од инконел, возачкото доживување доаѓа од новиот систем за динамичка контрола FIVE (Ferrari Integrated Vehicle Estimator). Негова цел е да обезбеди максимално возачко доживување дури и за возачите со највисоки барања.
ПРЕКУ ПРЕТПОСТАВКА ДО СОВРШЕНСТВО FIVE е систем што прави претпоставка на динамичкото однесување на автомобилот во реално време. Или, поедноставно, создава дигитална реплика на однесувањето на автомобилот при возење. Врз основа на информациите што ги добива од различни сензори, преку математички модел, алгоритам, FIVE прецизно прави претпоставка за начинот на однесување на возилото, нешто што не е можно да се измери во реално време. Овие проценети претпоставки директно го хранат системот за динамичка контрола на возилото и преку системот ABS прават корекции на динамиката при возење многу побрзо и многу порано од претходните системи. На овој начин водењето е попрецизно, а реакцијата на автомобилот на командите од возачот се случува за миг. Односно се добива чувство дека автомобилот почнува да го прави движењето во моментот кога возачот ќе помисли. Ова ниво на динамичка контрола ја става 849 Testarossa на врвот од најпосакуваните возачки ориентирани автомобили. Ferrari одлучи во исто време да го претстави купето, но и отворената изведба на 849 Testarossa едноставно наречена Spider. Отворената 849 Testarossa поради металниот покрив што се склопува е потешка за 90 килограми и е поскапа. Оние на кои возната динамика на обичната 849 Testarossa не им е доволно, го имаат на избор пакетот Assetto Fiorano. Со него се добиваат бандажи од карбон фибер, специјални лесни седишта и обилно користење на титаниум што ја намалуваат тежината за 30 kg. Тука се и специфичните визуелни детали. Секако, сета оваа техника, поткрепена со срцепарателната соната на металната симфонија ала Ferrari и футуристичкиот настап имаат и соодветна цена. Цената почнува од нето 460.000 евра за купето и од нето 500.000 евра за спајдерот. Assetto Fiorano како пакет, еднакво и за двете изведби, чини дополнителни 52.500 евра. • Љубомир Анастасовски
18 10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
19
| АВТО-МОТО
ИАА Мобилити
МИНХЕН ПО ТРЕТ ПАТ ДОМАЌИН МИНХЕН ПОВТОРНО БЕШЕ ВО ФОКУСОТ НА СВЕТСКАТА АВТОМОБИЛСКА СЦЕНА, ОВОЈПАТ ВО ЗНАКОТ НА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА. СПОРЕД КРИТИЧАРИТЕ, ГРАДОТ СТАНА РИНГ ЗА СУДИР МЕЃУ КИНЕСКАТА И ЕВРОПСКАТА АВТОИНДУСТРИЈА. БРЗИТЕ ПРОМЕНИ САМО ГО ПОТВРДУВААТ ОЧЕКУВАЊЕТО ДЕКА КИНА СТАНУВА КЛУЧЕН ГЛОБАЛЕН ИГРАЧ, ПОКРАЈ ЈАПОНИЈА, САД И ЕВРОПА.
Д
олго најавуваниот саем за автомобили дојде и замина за само една недела, од 9 до 14 септември, но успеа да го каже своето. Организаторите со право беа загрижени дали настанот ќе привлече доволно посетители или ќе остане под очекувањата. Особено по повторното откажување на авто-саемот во Женева и неговото преселување на Арапскиот Полуостров, постоеше страв дека и ова издание на ИАА ќе помине незабележано, како од посетители, така и од јавните гласила.
20 10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
Сепак, манифестацијата во Минхен ја надмина таа скепса, имаше солидна посетеност, дури и благ пораст во однос на саемот од 2023 година. Според податоците, над 500.000 посетители ја проследиле изложбата, додека 730 изложувачи од 75 земји ширум светот ги претставиле своите иновации и привлекле значително внимание. Не треба да нагласуваме дека електричните автомобили беа во фокусот, но сето тоа дефиле на најнови автомобили и технологија како да беше туркање на рака, од едната страна европската автомобилска индустрија, а од другата кинеската и сега работава е кој е појак. Точно е тоа дека кинеските автомобили се поефтини, но само малку, од европските автомобили. Не постои толку голем јаз помеѓу цените на кинеските и европските автомобили, како што се мисли, но сепак мора да нагласиме дека автомобилите од континентов имаат малку повисоки цени. Не е ни потребно посебно да се нагласува дека електричните автомобили беа во фокусот. Меѓутоа, целото дефиле на најновата автомобилска технологија повеќе наликуваше на натпревар, од едната страна европската, а од другата кинеската автомобилска индустрија. Сега прашањето e, кој е појак?
АВТО-МОТО |
ИАА 2025 беше проследена и со организирани демонстрации од страна на еколозите, кои протестираа против одржувањето на манифестацијата, тврдејќи дека организаторите промовираат загадувачи. Сепак, сето тоа делува малку парадоксално, бидејќи сите се нафрлија на автомобилите, како тие да се единствените виновници за загадувањето на животната средина. Ако автомобилите се главни загадувачи, тогаш каде се наоѓаат депониите, каде секојдневно се пали најразновиден отпад? БЈД ги претстави луксузните модели „денза“ и „сил 6 дм - и туринг“, а Хонгки ги изложи следниве модели: „еџс 5„, „ехс 7“ и „ехс 9“. Чери се пофали со моделите „омода“ и „јаеко“, додека Липмотор се истакна со „б 05“ и „ц 10 авд“. Накусо, тоа беше делот од кинеската индустрија на четири тркала, а веднаш потоа следеше европската. БМВ допатува со „и икс 3“ првото возило изработено според новиот концепт наречен„ное класе ев“. Рено ја претстави шестата генерација од моделот„клио“, Мерцедес го има„глц ев“,„амг гт трак спорт“ и„амг гт икс икс“. Фолксваген ги покажа „ид поло ев“, новата генерација „т рок“ и „ид крос концепт“. Опел се пофали со „корса вижн гсе“, а Ауди го претстави концептот „ц“. Купра настапи агресивна со камуфлираниот „ривал“ и концептот„тиндаја“. Шкода, како претставник на чешката автомобилска индустрија, ги излижи моделите „вижн о“ и „епик“. Луксузната дивизија на Волво, наречена Полстар, привлече внимание со моделот „5“, додека Хјунда беше зафатен со „јоник концепт три“. И Хонда беше таму со концептот „супер ев“, додека Порше се фокусираше со премиерата на моделот„911 турбо с“. Штета што ваквите манифестации добија поинакво значење, сè се сведува на отсуство. Ако порано компаниите се натпреваруваа за простор за да ги изложат своите најнови модели, денес има место колку сакаш, но нема изложувачи. Зарем толку многу се смени автомобилската индустрија, па да дојде до тоа „дереџе“, да нема што да се изложи? Каде се секогаш интересните: Ферари, Ламборини, Масерати, Лотус и останатите од таа класа? Како е можно само Порше да биде присутен од целата таа богата купе-ергела?
Поради овие промени, организаторите сè повеќе дел од времето го посветуваат на забава и разонода за посетителите, со најразновидни активности. Добрата страна е што повеќето од нив сè уште се поврзани со автомобилската индустрија. Притисокот од кинеските автомобили ќе продолжи да расте, бидејќи секој производител ќе се обиде да најде свое место под европското сонце. Засега, добро им оди и се на добар пат да се најдат меѓу првите десет најпродавани модели на континентот. Најголеми кандидати во овој момент се „Липмотор“ и „Хонгки“, а во игра е и „Чери“. Сепак, можно е работите да се променат во наредните неколку години. Автомобилската индустрија денес се наоѓа во фаза на бурни промени, преку ноќ се појавуваат нови брендови кои имаат што да покажат на светско ниво. Затоа, треба да почекаме и да видиме колку брзо или колку споро кинеските автомобили ќе го освојат европскиот пазар. Следната голема саемска манифестација посветена на автомобилите ќе се одржи во Лусејл, главниот град на Катар, од 27 ноември до 6 декември. Овој собир на Арапскиот Полуостров е замена за откажаниот саем во Женева, некогаш најпрестижниот во светот. Кој би помислил дека еден ден најпосакуваната автомобилска манифестација ќе ги затвори вратите и ќе стави клуч на врата? • Жарко Атанасовски
10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
21
| АМСМ
80 ГОДИНИ ПАТУ О
ваа година, АМСМ слави голем јубилеј – 80 годи налност и грижа за сите учесници во сообраќај свечен настан во Музејот на современата уметност пријатели и вработени. Одбележувањето на овој го ја има стекнато кај своите членови, корисници и п мотивација да се продолжи понатаму – со јасна мис на безбедноста во сообраќајот и развој на поодржл Во рамките на церемонијалниот дел, присутните им седателот на АМСМ, прод. д-р Спасе Јовковски, и ге Настанот беше и пригодна можност за доделување • Признание за верност и традиција, во категорија Урошевиќ, долгогодишен член на АМСМ, кој со свои на АМСМ. Истото признание, во категоријата жени – • Признание за посебен придонес во зголемување на Републичкиот Совет за Безбедност на Сообраќајо г-дин Горан Агеловски. Ова признание доби и невла име го примија претседателката Јасмина Нешкоска Специјално признание за посебен придонес во разв АМСМ му беше врачено на генералниот секретар гАМСМ останува лидер во едукацијата и превенциј пањи, проекти и едукативни активности, континуир но учество во сообраќајот, особено за заштита на н и пешаците. 80 години патуваме заедно - и со иста посветеност гурен партнер на патот.
22 10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
АМСМ |
УВАМЕ ЗАЕДНО!
ини постоење, исполнети со посветеност, професиојот. Јубилејот беше одбележан на 11 септември со т – Скопје, кој собра бројни соработници, членови, олем јубилеј е признание за довербата што АМСМ пошироката јавност. Во исто време, тоа е и силна сија за унапредување на мобилноста, зголемување ливи решенија за идните генерации. маа можност да ги проследат обраќањата на претенералниот секретар, г-дин Димитар Миновски. е на признанија во повеќе категории: ата мажи - му беше доделено на г-дин Владимир и 91 година и понатаму останува дел од семејството – го доби г-ѓа Верица Ризовска. на безбедноста во сообраќајот – му беше врачено от на Патиштата (РСБСП), а го прими претседателот адината организација „Вело училишта“, а во нивно а и вело-едукаторот Никола Нешкоски. војот на АМСМ – од страна на претседателството на -дин Димитар Миновски. јата за сообраќајна безбедност. Преку бројни камрано се вложува во подигање на свеста за одговорнајранливите категории – децата, велосипедистите
т и енергија продолжуваме да бидеме вашиот си-
10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
23
| АМСМ
АМСМ НАСТАНИ, СПОНЗО УЧЕСТВУВАВМЕ НА ТРАДИЦИОНАЛНАТА СРЕДБА НА ПРЕВОЗНИЦИ На 23 сепетември, во организација на аосијацијата „МАКАМ-ТРАНС“, во Скопје се одржа традиционалната годишна средба на превозници. Настанот претставува можност за размена на искуства и информации поврзани со транспортниот сектор. Меѓу учесниците беше и АМСМ Центар за возила, кој како VIP член на асоцијацијата ги промовираше услугите наменети за транспортни компании. Дел од нив се: технички преглед и осигурување на товарни возила, издавање на ЕКМТ-ЦЕМТ, АДР и АТП сертификати, калибрација на аналогни и дигитални тахографи, како и обуки за професионални возачи, управители, АДР возачи и советници.
ЗЛАТЕН СПОНЗОР НА „THE DISTINGUISHED GENTLEMAN’S DRIVE“ 2025 На 28 септември 2025 година, Скопје повторно беше дел од светската мапа на престижни настани, преку организацијата на уникатниот „The Distinguished Gentleman’s Drive (DGR)“. Оваа глобална иницијатива, која традиционално ги обединува љубителите на класични автомобили, има за цел да ја промовира борбата за машкото здравје и да ја подигне свеста за истражување и превенција. Почетна точка на рутата оваа година беше спортскиот аеродром „Стенковец“, каде 24 учесници од земјата и регионот со своите елегантни класични автомобили го започнаа возењето. Колоната потоа се упати низ улиците на Скопје, продолжувајќи кон Велес. Возилата привлекуваа внимание и восхит кај случајните минувачи, притоа пренесувајќи порака за елеганција, солидарност и благородна мисија.
АМСМ, како златен спонзор, беше активен поддржувач на настанот, обезбедувајќи сигурно и безбедно возење за сите учесници на рутата. Со ова партнерство, АМСМ уште еднаш ја потврди својата водечка улога во областа на безбедноста во сообраќајот и придонесе кон афирмирањето на класичните автомобили како дел од културниот и хуманитарниот живот во Македонија. „The Distinguished Gentleman’s Drive“ оваа година се одржа истовремено во бројни светски метрополи, вклучувајќи 64 земји и обединувајќи речиси 5.000 возачи. Средствата собрани преку донации ќе бидат насочени кон фондацијата „Movember“ од Лондон, која ги распределува до болници и институции посветени на машкото здравје.
24 10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
АМСМ |
ОРСТВА И ИНИЦИЈАТИВИ КАМПАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА FIA REGION I – ЗАДРЖЕТЕ ЈА КОНТРОЛАТА! Во месец септември, FIA Region I традиционално ја промовира својата годишна кампања за безбедност на патиштата, овојпат со порака „Задржете ја контролата!“ Оваа година фокусот е на опасностите од возење под влијание. Без разлика дали се работи за супстанца што го нарушува расудувањето или за замор, последиците можат да бидат катастрофални. Кампањата е јасен потсетник дека кога сте под влијание – немате контрола, а тоа ги доведува во ризик сите учесници во сообраќајот.
Кампањата на FIA Region I за безбедност на патиштата секоја година се фокусира на различна тема, но клучната порака останува иста: Возете внимателно! За да се постигне „Визија Нула“, концептот на заемна почит, одговорност и грижа во сообраќајот е темел на овие кампањи. Кампањата за безбедност на патиштата оваа година е преведена на 26 јазици и се промовира во 30 земји во Европа, Блискиот Исток и Африка. Како единствена членка на ФИА од нашата земја, АМСМ ја поддржува глобалната кампања на ФИА Регион I и е одговорна за нејзина реализација на локално ниво.
АВТО ШКОЛА МОБИЛИТИ ПЛУС
ОБУКА ЗА Б КАТЕГОРИЈА КВАЛИТЕТНА ОБУКА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ВАШЕТО ДЕТЕ ВО СООБРАЌАЈОТ.
www.avtoskolamobiliti.mk
02/3181-240 | 078 387 578 25 10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
| АМСМ
АМСМ НА СКОПСК
ТРЧАМЕ ВО НА АЛЕКСАНДА П
овторно сме дел од Скопскиот маратон – настан на нашиот млад колега Александар, кој пред с кон планинарењето и љубовта кон маратонот што за сите нас и мотивација седум години по р Оваа година, во негово име, на маратонот, на трк АМСМ, а кон тимот се приклуч
26 10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
АМСМ |
КИ МАРАТОН 2025
СЕЌАВАЊЕ АР МИНОВСКИ
н кој ние вработените во АМСМ му го посветуваме седум години трагично го загуби животот. Страста о го одликуваа Александар, и денес се инспирација ред да бидеме дел од овој спортски настан. ката на 5 километри учествуваа 119 вработени од чија и деца на наши вработени.
10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
27
| АМСМ
ЧЕКОР ПРЕД СИ КАСКО ОСИГУРУВАЊЕ - ИНВЕСТИЦИЈА ШТО НОСИ СПОКОЈСТВО Автомобилот не е само превозно средство – тој е дел од вашиот секојдневен животен стил, најмногу заслужен за вашата удобност. Каско осигурувањето претставува дополнителна заштита за вашето возило, која не е задолжителна, но е исклучително корисна. Тоа ви носи сигурност дури и во најнеочекуваните моменти: кражба, пожар, удар, судар или превртување. Што добивате со каско осигурување? • Комплетна заштита на возилото • Помалку грижи и непредвидени трошоци • Поедноставена процедура за исплата на штети со бесплатно посредување на Мобилити Брокер Изберете полиса од која било осигурителна компанија и склучете ја преку Мобилити Брокер, ваш сигурен партнер кој ги штити вашите интереси во осигурувањето. Повеќе информации: 02/3181-405
ПРОМЕНА НА ПНЕВМАТИЦИ НА СЛУЖБЕНИ ВОЗИЛА НА ВАША ЛОКАЦИЈА Преминот од една во друга сезона може да биде комплициран, особено ако вашиот бизнис располага со поголема флота на службени возила. Но, со премиум мобилниот сервис на АМСМ, кој доаѓа директно на вашата локација, одржувањето на флотата станува многу поедноставно, поекономично и се одвива без прекин на секојдневните деловни активности. Нашето мобилно сервисно возило, целосно опремено за работа во сите временски услови, ви овозможува голем број услуги на ваша локација: • Редовен сервис • Замена и балансирање на пневматици • Компјутерска дијагностика • Проверка и дополнување на фреон за системот за ладење (клима уред) • Замена на делови од систем за кочење (плочки и дискови) • Проверка на осветлувањето • Извршување на помали поправки • Водење на детална сервисна историја. Побарајте понуда за вашата компанија и заштедете! За термини закажани во период од 01.10-15.12.2025, сервисното возило доаѓа на ваша адреса гратис, со што дополнително заштедувате! Повеќе информации и понуда: 02/3181-329
28 10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
АМСМ |
ИТЕ И ОВАА СЕЗОНА 50% ПОПУСТ ЗА ПРОМЕНА И БАЛАНСИРАЊЕ НА НОВИ ЗИМСКИ ПНЕВМАТИЦИ Зимските пневматици се вашиот најголем сојузник во студените месеци, обезбедуваат сигурност, стабилност и контрола на возило на пат. ЗАШТЕДЕТЕ! Купете 4 зимски пневматици и добијте 50% попуст за промена и балансирање. Попустот важи до 30.11.2025, а можете да го искористите во АМСМ севисот за возила во Скопје-Центар. На ваше барање достапни се сите димензии на пневматици. Побарајте понуда за пневматици на servisskopje@amsm.com.mk. Повеќе информации: 02/3181-133 | 071/376-569
БЕСПЛАТНА ЗИМСКА ПРОВЕРКА НА ВОЗИЛО ЗА АМСМ ЧЛЕНОВИ Кога сте АМСМ член, зимската сезона секогаш ја пречекувате подготвени. Искористете ја можноста за бесплатна зимска проверка и закажете го вашиот термин навреме. Бесплатната зимска проверка вклучува бесплатни сервисни услуги кои ви овозможуваат брзо, лесно и соодветно да го подготвите возилото за новата зимска сезона: - Проверка на антифриз во системот за ладење; - Проверка на сопирачки и глицерин; - Проверка на акумулатор; - Проверка на предница и возна постројка; - Проверка на амортизери; и - Проверка на осветлување. Дополнителна придобивка за вас, нашите членови, се специјалните попусти со кои заштедувате уште повеќе: - 30% на вулканизерски услуги, кои можете да ги искористите само во АМСМ сервисот за автомобили во Скопје (Центар) - 20% попуст на работна рака. Бесплатната зимска проверка можете да ја искористите во АМСМ сервисот за автомобили во Скопје (Центар), Велес и во Кичево, во периодот од 15.10 до15.12.2024 година, само со претходно закажување. Повеќе информации и закажување: 02/3181-181
10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
29
| АМСМ
• Дали во нашата држава постои
официјална налепница што се става на возило што е управувано од нов возач? Благодарам, Горазд АМСМ: Во Македонија не постои налепница (службена официјална) за возачи почетници.
•Колку чини еден дополнителен час возење кај „Авто Школа Мобилити Плус?“ Благодарам, Матилда
АМСМ: Цената на еден мото час дополнителна обука изнесува 750 денари.
• Потребен ли е зелен картон при
премин на граница со Косово со сопствено возило? Поздрав, Велибор
• Колку чини картичката Europe
АМСМ: За влез во Косово со моторно возило потребен е зелен картон. Во случај да не го имате, можно е да се обезбеди краткорочно осигурување на граничниот премин, кое важи само во Косово.
АМСМ: Цената на членскиот пакет АМСМ Europe Premium изнесува 3.590 денари, со важност една година (12 месеци).
Premium? Благодарам, Даниела
*СИТЕ НАВЕДЕНИ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ ВАЖАТ ЗА ПОВИК ОД ФИКСЕН И ОД МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
30 10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
СИГУРНИ ДЕКА СЕКОЈ ОД СЕМЕЈСТВОТО ПАТУВА БЕЗГРИЖНО!
СПОДЕЛЕТЕ ГИ УСЛУГИТЕ ОД ВАШАТА CLASSIC ИЛИ EUROPE PREMIUM ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА СО НАЈБЛИСКИТЕ
АМСМ Classic 490 денари
www.amsm.mk
АМСМ Europe Premium 890 денари
02/3181-108 10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
31
| ТЕСТОВИ И СОВЕТИ
Кружен тек
ПАТ КОН ПОМАЛ МЕТЕЖ НАЈЕДНОСТАВНАТА И НАЈБЕЗБЕДНАТА „КРСТОСНИЦА“ Е СТАВЕНА ВО ВТОР ПЛАН И НИКОЈ НЕ ЗНАЕ ДА ОБЈАСНИ ЗОШТО. НЕ СЕ ФОРМИРААТ ДОЛГИ КОЛОНИ И НЕ СЕ ЧЕКА ПО НЕКОЛКУ МИНУТИ. КЛАСИЧНИТЕ КРСТОСНИЦИ СЕ СОСЕМА СПРОТИВНИ ОД КРУЖНИТЕ ТЕКОВИ - ТАМУ КАДЕ ШТО ВОЗИЛАТА ФОРМИРААТ КОЛОНА И РАБОТАТ ВО МЕСТО, ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ Е НАЈГОЛЕМО.
В
о Дебар Маало одамна има еден кружен тек и тоа е најпознатото место за возачите во градов. Секој што бил на часови за возење во Скопје, многу добро знае кој е тој кружен тек - беше и сè уште им е омилено место на инструкторите. Без исклучок сите што учат да возат мора да поминат низ тој кружен тек најмалку пет-шест пати. Немаше друг кружен тек, а мора да се знае како да се вози низ таков вид крстосница. Крстосницата како „алатка“ е од големо значење за одвивање на сообраќајот и наедно е регулирана со строги правила за безбедноста да биде на највисоко ниво. Но, за жал, голем број возачи и пешаци не ги почитуваат пропишаните сообраќајни правила - поминуваат на црвен семафор. Вкрстувањето на насоките на движење е исклучително опасно, ако не се почитува црвениот семафор. Крстосниците се безбедни ако и само ако се почитуваат пропишаните сообраќајни правила. Во спротивно тие стануваат најнебезбедни и најопасни делови од улиците, булеварите.
32 10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
Кружниот тек е како еден вид крстосница, иако е значително побезбеден. Најголема предност на кружниот тек е тоа што нема семафори и нема стоење во место. Точно е дека возењето е малку забавено, но сепак колоните од моторни возила се движат постојано, нема застој, нема подолги чекања. Возилата што влегуваат во кружниот тек ќе почекаат неколку секунди бидејќи имаат предност тие што се во кружниот тек. Го нема комплицираниот дел со семафори што треба да се усогласени со другите семафори итн. Сакале или не, сепак мора да ја намалите брзината при влезот во кружниот тек, но во класичните крстосници некои возила влегуваат и излегуваат од нив и со брзини од 200 км/ч, а за вакво нешто сведочат булеварите, на пример, Партизански одреди. Тоа е невозможно да се случи на
Најпозната, а можеби и една од најстарите кружни сообраќајници
ТЕСТОВИ И СОВЕТИ |
Задолжително вклучување трепкач пред да се смени насоката на движење
крстосница од видот кружен тек. Се вози бавно за влез и излез од кружниот тек. Овој суштински миг на кружниот тек е негова втора добра страна, а третата е тоа што нема вкрстување на насоките на возење. Секој мора да изврти барем еден дел од кружниот тек пред да го напушти. Притоа, судирот меѓу две возила е крајно намален. И да се случи судир, брзината на движење е мала, така што штетите се мали во споредба со судирите на класичните крстосници. Таму има сосема уништени возила, а пред судирот се движеле со големи брзини. Такво нешто ни теоретски не е можно на кружните текови. И покрај големата безбедност сè уште не е јасно зошто не се граделе кружни текови наместо класични крстосници. Дури сега во поново време зачестено се прават кружни текови.
Ако кружниот тек е со една лента, тогаш движењето низ него е едноставно. Се влегува во него и пред да се излезе задолжително се вклучува десниот трепкач за да се известат сите други учесници каде се напушта кружниот тек. Ако кружниот тек е со повеќе ленти, тогаш префрлањето од една во друга лента се прави со претходно вклучување на трепкачот (лев или десен). И, запомнете, возилата што се во надворешните ленти имаат предност. И секако потребно е навремено вклучување на трепкачот пред да се напушти кружниот тек. Токму тоа со трепкачите е голема енигма за 90 отсто од возачите. Не се вклучува трепкач кога се излегува од него. Основно правило во возењето е да се вклучи трепкач, лев или десен. Вклучувањето на трепкачите е сосема запоставено. Само околу 10 отсто од возачите вклучуваат трепкач. Се менува насоката на возење, а не се вклучува трепкач, не се известуваат другите учесници во сообраќајот каде ќе се вози. Кружните текови не се ништо ново во светот. Овој вид крстосница официјално е стар точно 120 години. Првиот кружен тек, познат под името „Колумбус“, е изграден и пуштен во употреба во 1905 година во Њујорк - посебно наменет за автомобилите. Воопшто првиот кружен тек е изграден кон крајот на 18 век во Вашингтон, САД, наменет за коњските запреги и кочии. Толку многу безбедни, со поголем проток на возила во единица време, без комплициран семафорски систем, без долги чекања и формирање колони возила, но сепак потиснати од класичните крстосници. • Жарко Атанасовски
10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
33
| СТИЛ
Приватни клубови
ОПУШТЕНО ДО УСПЕШНИ ЗДЕЛКИ ЧЛЕНСКАТА ФОРМА НА ПРИВАТНИТЕ КЛУБОВИ ЗА КОИ ПИШУВАМЕ ОВОЈ ПАТ Е ТОА ШТО ГИ ПРАВИ ДА СЕ ИЗДВОЈУВААТ ОД ОСТАНАТИТЕ ВО КОИ МОЖАТ ДА ВЛЕЗАТ СИТЕ ШТО ЌЕ ПОСАКААТ. ОТТАМУ И ПРЕСТИЖОТ КОЈ ГИ ОДЛИКУВА. СЕ РАЗБИРА, КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ДА БИДЕТЕ ДЕЛ ОД НИВНОТО ЧЛЕНСТВО СЕ ПОПРИЛИЧНО СТРОГИ ПОТРЕБНО Е ОДОБРУВАЊЕ ДА СЕ ДОБИЕ ОД КОМИСИЈА. МЕЃУ ДРУГОТО СЕ КАРАКТЕРИЗИРААТ И СО ЛУКСУЗ.
С
екако дека престижот е суштествен, многу важен во самата желба да се членува во еден од нив, ама не и главна причина за тоа - без оглед на сферата, делокругот во кој спаѓа, независно дали е спорт, рекреативна дејност, бизнис во прашање. Нема сомневање, интересот за приватните клубови чии членови се богатите бизнисмени е најголем. Оние што имаат премногу пари можат да си дозволат членство во неколку - често и на различни страни од светот. Членарината се плаќа, секако. Донекаде контрадикторно бидејќи не постои можност да конкурирате (аплицирате) туку треба да бидете поканети. Членскиот влог се движи меѓу 10.000 и 50.000 долари годишно. Во некои приватни клубови на пример, приоритет е семејната лоза - сродството е пресудно во изборот на новите членови, т.е. за нивната покана. Ни малку не е комплицирано. Напротив, методот е разработен, а благодарение на современата техника, буквално сите податоци се анализираат софтверски.
34 10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
Apollo’s Muse, Лондон
СО ИСТА ЦЕЛ, КАКО НЕКОГАШ ВО МИНАТОТО И дружењата, контактите се битни, супстанцијални - се разбира дека бизнисот на еден или на друг начин е зависен од нив. Не постои дилема, врските се важна карика, дел од ланецот. Понекогаш е тешко да дојдете до некого, посебно во моментот кога ви е премногу потребен. Слободниот софтвер е идеален за тоа. Често и се користи - можностите навистина се широки, без исклучок на познанствата со негова помош. Ексклузивноста е присутна насекаде, во секој поглед. Има и такви што не држат до себе, нивните врати се ширум отворени за сите со полни џебови, без разлика на општествената положба, статусот кој го имаат. Предвид се зема и тоа во рангирањето на приватните клубови. Најдобри се оние што ги контролираат самите членови кои се и нивни сопственици, всушност. Порано ги нарекувале џентлменски, меѓу другото и поради честа, пристојноста, карактерот. Но, промените се резултат и на многу други варијабилни фактори, во чекор со своето време-сеедно, целта е иста како некогаш во минатото. На крајот од 17 век, лондончаните први се обединиле во идејата за деловните луѓе во слободните часови да имаат каде да одат сами, без сопругите, децата... Да си дадат малку оддив - и од работата и од семејството. Влезот бил забранет за жените. Имено, клубовите се отворале за да се задоволат потребите на благородниците, аристократите. Нивните каприци ги воделе во западниот дел на градот каде што се наоѓал поголемиот број. Во нив се пиело, јадело, а можело и да се коцка, со мера. Предлозите за новите членови ги давале поединци, а одлуката ја донесувала комисија. Се претресувале и наравите, својствата на личностите. Ништо не се оставало на случајноста. Дури ни отворањето на првите дамски
СТИЛ |
(женски) клубови, 200 години подоцна - кон крајот на 19 век. Денес приватните клубови се отворени за сите, во согласност со прописите. Дури и The Garrick Club во лондонскиот Ковент гарден, познат по емотивната приврзаност на традиционализмот и непопустливоста - уште од 1831-ва. Сепак, лани ја отвори својата врата и за припадничките на понежниот пол. Услугата е извонредна и секако, важи за сите. Повеќето располагаат со апартмани, канцеларии..., а постои можност да се земе под наем и дајнинг-рум. Внатрешноста е луксузна, секако - впрочем, таков е и животот на нивните членови, полн со раскош, изобилие на животни задоволства и удобности. Се разбира, први на ранглистата се приватните клубови во Лондон и Њујорк, а вниманието го привлекуваат и барселонските и моначките и санфранциските и циришките, во кои, благодарејќи на опуштеноста, се склучуваат и добри зделки. Успехот е загарантиран, 100-процентно.
Core, Њујорк
Core, Њујорк
Club Baur au Lac, Цирих
ИНФЛУЕНЦИЈА СО ТИВОК ГЛАС - ЗАД КУЛИСИТЕ Со својата привлечност, допадливост се издвојува лондонскиот Apollo’s Muse, њујоршкиот Core, циришкиот Club Baur au Lac. Заеднички именител им е и ексклузивноста. За нивните имиња се врзува и престижот и угледот и авторитетот, без исклучок. Мејфер во Лондон е познат и по Apollo’s Muse, меѓу другото. Му припаѓа на Bacchanalia, едно од најатрактивните сврталишта на богаташите во Англија, чии Artemis и Mezzanine исто така предизвикуваат јавни пофалби и воодушевувања. Сопственик е Ричард Керинг што го има и Annabel’s (приватен клуб). Високото ниво на цените кореспондира со декорацијата на ентериерот каде што антиквитетите се наоѓаат во центарот на вниманието - заедно со сè останато, вклучувајќи ги и кулинарските специјалитети и вештини на готвачите. Незаобиколно и коктелите. Навалени на фотелјите, уживањето во нивните вкусови со поглед на старите предмети во грчко-римски стил од 1 до 4 век не може да се опише. Музата на богот Аполон е од 2 век. Освен за членовите, вратата е отворена и за другите. Особено во House of Apollo - така се вика ноќната забава која се приредува само еднаш во месецот. Внатрешноста се приспособува за случувањата, нивните потреби, а барот се вбројува меѓу 10-те најдобри во Европа.
Космополитскиот дух на Њујорк се чувствува и во Core, тука нема сомневање. Се именува себеси како „антиклуб“ - причината е проста: не постои кодекс на облекување, дозволено е користење мобилен телефон, а членовите постојано се мотивираат за својот „бизнис во животот“. Сместен во средиштето на Менхетен, редовно го посетуваат Бил Клинтон (поранешниот американски претседател) и Хауард Шулц (извршниот директор на „Старбакс“). Членарината изнесува 50.000 долари (еднократно) плус 15.000 долари на годишно ниво. Листата на чекање е прилично долга препораките се задолжителни бидејќи реномето е најважно. На добар глас е и Core во Милано. Се влегува отстрана - тајно, за да не боде очи. Ентериерот е во модернистички стил. Покрај ресторан, има и арт-студио, библиотека и велнес-центар. Не случајно се смета за епицентар на тивката инфлуенција - задкулисно. Веднаш по целосното реновирање на Villa Rosau, кое траеше од 2017 до 2020 година, деловните луѓе во Цирих се вратија на старата адреса, во нејзиниот Club Baur au Lac - обновувајќи го и членството. Естетиката е многу важна за комплетниот впечаток од самото отворање во 1970-та. Деталите придонесуваат за шармот чија иманентност се огледува и во стилот - севкупно. И сето тоа дополнето со последниот збор на техниката, кој може да се забележи и во двете простории за состаноци на вториот кат и во салонот каде што е дозволено да се пуши - на првиот. Уживањето во пура со виски се доживува како специјален ритуал. Па дури и надвор. Терасата е пространа, со многу зеленило - тамам за опуштено дружење, исто како и внатре. Таква е и работната атмосфера (на состаноците) - ослободени од психичка напнатост. • Игор Ландсберг
10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
35
| ПАТУВАЊЕ
Цирих (Швајцарија)
ДРУГОТО ИМЕ НА ЛУКСУЗОТ КОГА СЕ РАБОТИ ЗА ЕВРОПСКАТА АЛПСКА ЗЕМЈА ШТО Е ПРИМЕР ЗА ТОА КАКО СЕ ФУНКЦИОНИРА ДОБРО (СЕКАКО, ВО ИНТЕРЕС НА ГРАЃАНИТЕ), ПОЗНАТА И ПО ПОВЕЌЕВЕКОВНАТА НЕУТРАЛНОСТ ВО СЕКОЈ ПОГЛЕД НА МЕЃУНАРОДНИТЕ ОДНОСИ, ПРВИЧНАТА АСОЦИЈАЦИЈА НА ЧОКОЛАДАТА, СИРЕЊАТА И СААТИТЕ СЕ ПОДРАЗБИРА - ЈАСНА Е САМА ПО СЕБЕ, А ВТОРИЧНО, СИГУРНО ЌЕ ЈА ПОВРЗЕТЕ СО ЛУКСУЗОТ. ЦИРИХ Е ГРАДОТ ШТО ПРЕДНИЧИ ВО ТОА, НЕ СЛУЧАЈНО ВАЖИ ЗА НАЈСКАП НА КОНТИНЕНТОТ.
Б
лагодарение на честите летови (неколку пати во денот - со различни цени во зависност од класата и авиокомпанијата со која ќе се одлучите да патувате), вклучувајќи го и автобускиот и превозот со кола (безмалку 1.700 км е растојанието), во Цирих можете да отидете кога и да било (независно од годишното време), секогаш ќе си поминете убаво - треба само да имате желба. И пари, се разбира. Големата скапотија е правопропорционална со начинот, стилот на живеење во него. Всушност, придавката „луксузен“ се однесува на цела Швајца-
36 10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
рија и е во соодветство со животниот стандард - правите Швајцарци гледаат поинаку на луксузот, за разлика од Балканците, на пример. Некако пошироко. И не ја опфаќа исклучиво материјалната страна на животот. Според нив, богатството не е најважно - се стремат и кон возвишени, благородни идеали. А останатите, пак, се обидуваат да се угледаат на нив, усвојувајќи го таквото сфаќање. Истото важи и за најголемиот град во алпската држава, со над 430.000 жители од околу 170 националности, каде што повеќе од третина се без швајцарски пасоши. Секако, Цирих е горд со космополитизмот на менталитетските белези се гледа со разбирање. Во тоа е и неговата привлечност, допадливост - заедно со топлината и срдечноста на граѓаните, никако усилени. Затоа, немојте да се изненадите ако на вашиот поглед возвратат со блага насмевка и поздрав. Grüezi, па сигурно ќе го слушнете барем десетпати во текот на денот. Културата на однесувањето е во тесна корелација со другите, и сообраќајната и општата и музичката и културата на исхраната... Вклучително и онаа на пиењето кафе. Уживајќи во него, без оглед на високата цена (7 франци = нешто повеќе од 460 денари), напладне - додека седите во
ПАТУВАЊЕ |
некое кафуле, вниманието сигурно ќе ви го привлече и двоцифрениот број автомобили „Ферари“ што за кратко време ќе ги видите во близина. Притоа ќе ве воодушеват со својата елеганција, во движењето. Луксузот се забележува на секој чекор. Навистина, тој е битна одлика на градот што соединува, не разединува - дефинитивно и се разбира, ги буди пријатните чувства - покажувајќи ù пркос на апатијата (отапеноста на чувствата). Во Цирих нема место за неа, без разлика дали е есен, зима...
БЕСПРЕКОРНОСТА - НАЈГОЛЕМА ОДЛИКА НА ФУНКЦИОНИРАЊЕТО Со промената на годишното време се менува и динамиката на градот. Сега веќе е во други бои, со различни тонови, а и мириса некако поинаку. Се ближи адвентот, доаѓаат божиќните, новогодишните празници... Напролет и во лето сè се врти околу езерото и двете реки (Limmat и Sihl), меѓу другото. Цирих е познат и како Вод(е)ниот град на Швајцарија - капењето се ритуализирало одамна, уште пред 2.000 години, благодарение на Римјаните заслужни за првите купатила, т.е. бањи. Во почетокот на 19 век се масовизирало нивното градење со цел да се спречи ширењето на заразите (особено се внимавало на хигиената) - ретко кој можел да си го дозволи тоа во својот дом, чинело многу пари. Сепак, времетраењето било ограничено, граѓаните не смееле да се задржуваат повеќе од еден час, но подоцна ги користеле онолку колку што имале потреба. Ги увиделе и придобивките на сончањето, па се префрлиле на капалиштата. Веќе во 1920-тите биле широко прифатени во јавноста. Некои и ден-денеска се класифицирани на машки и женски, без исклучок на купатилата - се отвораат кога ќе настапи мрак. За култот кон капењето говорат и бројките: шест пливачки базени на отворено, шест места за пливање на езерото, пет на реките и едно на термалниот извор - крајбрежјата се полни со луѓе во топлите денови, седат на тревниците, пијат вино, се смеат... Близу е и еден од најубавите водопади во Европа - Рајнскиот, омилен меѓу велосипедистите иако е оддалечен 50-тина километри. Сообраќајот во Цирих е жив, без недостатоци. Беспрекорно функционира и железничкиот со повеќе од 3.000 возови дневно. Станицата (Bahnhof) се наоѓа во центарот на градот, а зградата е вистинско ремек-дело (архитектурно), која со својата големина и внатрешната содржина може да им парира дури и на најголемите аеродроми во светот. По малку наликува и на шопинг-центар. Без оглед на тоа што по улиците на Цирих се возат најнови модели на автомобили, буквално сите ја користат и железницата - без исклучок, па дури и богатите бизнисмени. Доцнењето е незамисливо. Затоа се одлучуваат за неа - секој може да си го планира слободното време откако ќе се врати од работа, што ќе прави: дали ќе оди на шопинг, ќе седно во некој кафе-ресторан или сепак ќе се реши да прошета низ градот - без цел, онака. Има што да се види.
Главниот влез на станицата е всушност - појдовната точка на туристичката маршрута во Цирих (незадолжително). Пред него се наоѓа споменикот на финансискиот магнат (Alfred Escher), а во продолжението на Bahnhofplatz е Bahnhofstraße - циришката Петта авенија, како што ја нарекуваат широката градска улица долга 1,4 км. Таму се дуќаните на светски познатите брендови како Burberry, CHANEL, Dior, Gucci, Hermès, Louis Vuitton, Prada, Zegna..., заедно со часовничарските - од највисок ранг, секако: Patek Philippe, Rolex... Доколку сте им наклонети на саатите, нивниот музеј сигурно ќе ви предизвика сил-
на возбуда, восхит, занес. Во него се изложени некои од најскапите часовници на сите времиња, па дури и најстарите - раскажувајќи ја и подалечната историја. Целиот кварт е инспиративен, поттикнува на успех - па дури и на мечта да станете милионер, зошто да не. Само небото е лимит. А границата, пак, не постои ниту во понудата на кафе-рестораните во кои можете да се соземете, да дојдете на себеси - од раскошното издание на животот, се разбира. Со нешто специјално приготвено во нивните кујни, некое деликатесно јадење, типично циришко - можеби Birchermüesli (мусли) за појадок, Zürcher Geschnetzeltes (телешко во сос, најчесто се служи со рости) за ручек и Luxemburgerli (макаронс-колачи) како десерт. Не се двоумете за вечера да нарачате фонду (со неколку сирења), во согласност со 100-годишната традиција. И бело вино, задолжително. Нема да згрешите и доколку го комбинирате со пиво, некои рецепти се со него - во духот на „Октоберфест“. Манифестацијата се одржува на повеќе локации, меѓу нив и внатре во железничката станица.
10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
37
| ПАТУВАЊЕ
ВЕЛИЧЕСТВЕНА ГЛЕТКА НА ВИТРАЖНИТЕ ПРОЗОРЦИ, ДОПОЛНЕТА СО ПРИЈАТНИТЕ ЗВУЦИ НА ОРГУЛИТЕ Шетањето низ градот без цел - чисто за да го почувствувате, како што тоа го прават и неговите жители, ќе придонесе Цирих веднаш да го засакате. Ќе ве освои на прв поглед - со голема сигурност, а богами и на втор - ако се обидете да загребете по површинскиот слој, метафорично во секој случај. Така ќе го доживеете, всушност - ќе видите како пулсира животот во него, а доколку постои можност, не пропуштајте да посетите и нешто од културните настани. Се разбира, ги има во изобилство. Каде и да одите, постојано ќе бидете опкружени со луксуз - сосема неизбежно. Тамошниот не е прототип на кичот. И обратно, дури и кога во прашање е архитектурата, и тоа во двата дела на градот: стариот и новиот - без разлика. Обата се привлечни на еден или на друг начин. Историските настани, процеси се врзуваат со првиот (гер. Altstadt), без оглед на тоа што има и модернистички примеси. Секако дека силен впечаток ќе ви остават и двете цркви со иконично значење за протестантизмот. Grossmünster ќе ја познаете по кулите-близначки (високи 50 м). Датира од 13 век, додека Fraumünster е постара (изградена во 853 г.н.е.). Обете имаат крипти, а величествената глетка на витражните прозорци (дела на Sigmar Polke и Augusto Giacometti во првата и Marc Chagall, Clement Heaton и Augusto Giacometti во втората) ја дополнуваат пријатните звуци на оргулите. Качете се и на Lindenhof, птичјата перспектива е совршена за фотографирање. Издвојте и дватри часа за прошетка по Niederdorf и Limmatquai (паралелно со река-
Поглед на споменикот Sagrado Corazón de Jesús, дел од Castillo de la Mota
38 10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
та), нема да зажалите. Улиците се живи, прометни - и дење и ноќе. Притоа не заборавајте да се повозите со чамец. Така впечатокот ќе биде комплетен. Во зависност од слободното време, турата приспособете ја на своите интереси - доколку не можете да ù одолеете на чоколадата, задолжително посетете го музејот во рамките на Lindt (чоколадната фабрика се смета за културно наследство, така ја опишуваат). Се разбира, фонтаната е восхитувачка, без исклучок на продавницата од 500 м².
Плажата Ondarreta
Сигурно нема да си заминете со празни раце. Ако сте наклонети кон фудбалот, не се двоумете - одете во Музејот на ФИФА. Цените на влезниците се различни, најевтината е 33 евра. Челното место го зазема Галеријата на Светското првенство каде што се изложени трофеите (златните пехари за победниците). Персоналот и аудиовизуелните средства ја раскажуваат приказната за колективната спортска игра со топка и нејзиното влијание врз општеството, генерално. Ви се допаѓаат оперските арии, сакате да ги слушате? Е, па, видете што има во репертоарот на циришкиот Opernhaus - неговата продукција е на завидно ниво, со повеќе од 300 изведби годишно и 15-тина нови претстави. На сцената се изведуваат и балетни точки и концерти. Зградата е од 1891 година. Жителите на Цирих во слободните часови знаат да отидат и во зоолошката и во ботаничката градина. Првата се протега на површина од 27 хектари, со една цел: да ги заштити животните. На тоа ги учат и посетителите, особено децата. Втората му припаѓа на Универзитетот. Се истакнува со широк спектар на растенија од целиот свет. Дури и таму се дотерани, изгледаат тип-топ. Без секакво сомневање, и во музеите како Kunsthaus (најголем во земјата - изложени се делата на современиците од 17 век), Landesmuseum (Музејот на Швајцарија - зградата ја проектирал Gustav Gull во 19 век, а пред точно девет години е проширена, додаден ù е уште еден објект во соработка со архитектурното студио Christ & Gantenbein), Rietberg (поставката опфаќа дела на уметници од Азија, Америка, Африка и Океанија), без исклучок на Природонаучниот музеј. Па и кога се возат со UBS Polybahn или со Felseneggbahn (жичарницата). Веројатно ќе ве инспирираат зошто да не и фотографиите на кои во позадината е монументалната архитектура што предизвикува восхит. Правниот факултет и неговата внатрешност пред сè. И да, секогаш имаат време за шопинг. Доста често и во Glatt (молот располага и со медицински центар, покрај 100те продавници и 14-те ресторани). А, привилегираниот сталеж за приватните клубови, меѓу кои и Efficiency и Club zum Rennweg и Harbour Club и C-Level. Настрана Club Baur au Lac. • Игор Ландсберг
HR СЕ СРЕЌАВА СО AI ИДНИНАТА Е ТУКА СО
КАЖЕТЕ ЗДРАВО НА ПОПАМЕТНИ HR ОДЛУКИ. Motiv8 сега користи вештачка интелигенција за анализа на повратни информации од вработените и за селекција на CV-а.
ПОБРЗО. ПОПАМЕТНО. ПОЧОВЕЧКИ.
10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
39
ГАСТРОНОМИЈА
РОСТИ РЕЦЕПТОТ Е ТОЛКУ ЕДНОСТАВЕН ШТО СИГУРНО ЌЕ ВИ СЕ НАЈДЕ ВО ДЕНОВИТЕ КОГА НЕМАТЕ ДОВОЛНО ВРЕМЕ ДА ИМ СЕ ПОСВЕТИТЕ НА КУЛИНАРСКИТЕ ВЕШТИНИ ОНОЛКУ КОЛКУ ШТО САКАТЕ, А МОРАТЕ НАБРЗИНА ДА ЗГОТВИТЕ НЕШТО. ЖИТЕЛИТЕ НА ЦИРИХ, НО И НА ШВАЈЦАРИЈА ВООПШТО, РЕДОВНО ГО ИМААТ НА СВОИТЕ ТРПЕЗИ ВО РАЗЛИЧНИ ВАРИЈАНТИ. ЧЕСТО И КАКО ПРИЛОГ ЗА СО ТЕЛЕШКО МЕСО. СЕ РАЗБИРА, ГО ИМА И ВО МЕНИЈАТА НА ЦИРИШКИТЕ УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ.
Сосотојки: ½ КГ КОМПИРИ 1 БЕЛКА (МОЖЕ И ЦЕЛО ЈАЈЦЕ) БРАШНО СОЛ И ЦРН ПИПЕР КРОМИД И ЛУК ВО ПРАВ МАСЛИНОВО МАСЛО (ОПЦИОНАЛНО - ПУТЕР) МАГДОНОС
НАЧИН НА ПРИГОТВУВАЊЕ: ИЗРЕНДАЈТЕ ГИ КОМПИРИТЕ НА КРУПНО И СТАВЕТЕ ГИ ВО САД СО ЛАДНА ВОДА. МЕШАЈТЕ ГИ МАЛКУ СО РАЦЕТЕ - ДОДЕКА ВОДАТА НЕ СТАНЕ МАТНА. ВЕДНАШ ПОТОА, ИСЦЕДЕТЕ ГИ УБАВО И ПОЛОЖЕТЕ ГИ НА ЧИСТА КРПА. ИСУШЕТЕ ГИ СО ХАРТИЈА (КУЈНСКИ БРИШАЧ). ЗА СЕКОЈ СЛУЧАЈ, ЗАМОТАЈТЕ ГИ ВО КРПАТА ЗА ДА ГО ИЗВАДИТЕ ВИШОКОТ ВОДА - СО СТИСКАЊЕ. ПРЕФРЛЕТЕ ГИ ВО ДРУГА ПОСАТКА, ДОДАЈТЕ ГИ БЕЛКАТА ИЛИ ЦЕЛОТО ЈАЈЦЕ, БРАШНОТО, ЗАЧИНИТЕ (ПО ВКУС) И СÈ ЗАЕДНО ИЗМЕШАЈТЕ. ЗАГРЕЈТЕ ГО МАСЛИНОВОТО МАСЛО ВО ТАВА (НАМЕСТО НЕГО МОЖЕТЕ ДА КОРИСТИТЕ ПУТЕР), ИСТУРЕТЕ ЈА СМЕСАТА И ОБЛИКУВАЈТЕ ГО Т.Н. РОСТИ. ПРЖЕТЕ ГО ДВАЕСЕТ МИНУТИ, СЕКОЈА СТРАНА ПО ДЕСЕТ. ОДОЗГОРА СТАВЕТЕ МАЛКУ МАГДОНОС, СИТНО ИСЕЧКАН. И ПОСЛУЖЕТЕ... ДОКОЛКУ НЕ САКАТЕ ДА ИЗГЛЕДА КАКО КАЈГАНА, ИМАТЕ АЛТЕРНАТИВА ДА НАПРАВИТЕ ПОВЕЌЕ, АМА ПОМАЛИ - КАКО ПЛЕСКАВИЦИ. ПО ЖЕЛБА, ОДОЗГОРА МОЖЕТЕ ДА СТАВИТЕ СИРЕЊЕ, ПА ДУРИ И СЛАНИНА.
40 10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
читаj, гледаj, слушаj...
„F1“ (ФОРМУЛА 1)
„WHO IS THE SKY?“ DAVID BYRNE „ТАЈНАТА КНИГА НА ФЛОРА ЛИА“ ПАТИ КАЛАХАН ХЕНРИ
В
рз разурнатиот Лондон во 1939 година, 14-годишната Хејзел и нејзината 5-годишна сестра Флора се евакуирани во едно селце во природа за да избегаат од ужасите на Втората светска војна. Живеејќи со добродушната Бриди Абердин и нејзиниот син тинејџер Хари, во убаво уредена камена куќичка покрај реката Темза, Хејзел ги исполнува нивните денови со прошетки и игри за да го одвлече вниманието на својата малечка сестра. Таа измислува бајка само за неа, за волшебна земја, тајно место во кое можат да побегнат и што е само нивно. Но, се случува нешто незамисливо кога малата Флора одеднаш исчезнува додека си игра покрај брегот на реката. Скршена од болка, Хејзел се обвинува себеси за исчезнувањето на сестра си и ја носи таа вина со себе во зрелоста, како личен товар што чувствува дека го заслужува. Дваесет години подоцна, Хејзел е во Лондон, подготвена да ја напушти работата во малата книжарница со ретки изданија и да почне со кариера во Сотебис. „Тајната книга на Флора Лиа“ е топла, нежна и мистериозна приказна што ве потсетува дека и најдлабоките рани можат да најдат лек преку љубовта, сеќавањата и приказните што ги носиме со себе. Пати Калахан Хенри мајсторски создава атмосфера што ја чувствувате во срцето, а ликовите ве држат заробени во нивниот свет до последната страница. •
мериканскиот рок-пејач, роден во ШкотАмузичка ска, кој во 1975-та ја формира култната група Talking Heads, минатиот
месец го промовираше својот студиски албум насловен „Who Is the Sky?“ што го сними заедно со њујоршкиот музички ансамбл Ghost Train Orchestra во продукција на Matador Records. Дејвид Брн започна со негова подготовка веднаш по излегувањето на „American Utopia“ (концертен филм) во 2019-та, чиј сценарист е токму тој. Покрај ансамблот, гостуваат и Anne Erin Clark позната како St. Vincent, Hayley Nichole Williams (вокалистката на Paramore) и Tom Skinner (тапанарот на The Smile). Сите 12 песни се негови, комплетно: „Everybody Laughs“, „When We Are Singing“, „My Apartment Is My Friend“, „A Door Called No“, „What Is The Reason for It“ (заедно со Hayley Williams), „I Met the Buddha at a Downtown Party“, „Don’t Be Like That“, „The Avant Garde“, „Moisturizing Thing“, „I’m an Outsider“, „She Explains Things to Me“ и „The Truth“, без исклучок на 13-тата, во Apple Music изданието - „DefCon“. Коментирајќи ги текстовите, музичкиот продуцент Kid Harpoon рече дека се автобиографски, прикажувајќи го животот од своја перспектива - само тој може да ја разбере и долови апсурдноста на сè. Инаку, „Who Is the Sky?“ е проследен и со турнеја. Во текот на оваа година се концентрира повеќе на САД (три пати ќе настапи во Канада), додека пак во следната ќе се фокусира на Европа и Австралазија. •
е снимен по сценарио на Ehren Фка -илмот Kruger. Всушност, приказната е заеднична сценаристот и на режисерот Joseph
Kosinski, а во продукцијата учествуваа и Jerry Bruckheimer, Lewis Hamilton, Brad Pitt, Dede Gardner, Jerremy Kleiner и други. Екипата навистина е голема, исто како и буџетот со кој е снимен - меѓу 200 и 300 милиони долари (сега за сега, заработката е двојна). Главната улога ја игра 61-годишниот Бред Пит. Возачот на Формула 1, Sonny Hayes по пауза од 30 години се враќа на пистата со цел да го спаси тимот на својот поранешен соиграч, кој инаку е аутсајдер - APXGP. Снимањата се одвиваа на Силверстоун, за време на светските првенства во 2023-та и 2024-та се користеле викендите. Исто така, за потребите на филмот е ангажиран и Луис Хамилтон што се потпишува и како продуцент. Многу од кадрите се реални, додека траеле натпреварувањата, т.е. трките. Премиерата се одржа во њујоршкиот Radio City Music Hall на 16 јуни, а дистрибуцијата започна 11 дена потоа, на 27-ми - благодарејќи на Warner Bros. Pictures. Критиките генерално се позитивни. • Жанр: спортска драма Актери: Brad Pitt, Damson Idris, Kerry Condon, Javier Bardem, Tobias Menzies Режија: Joseph Kosinski
10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
41
| HI TECH
Вселенски хотел
НОВАТА ГРАНИЦА НА ЧОВЕЧКАТА АВАНТУРА ЧОВЕЧКИ Е ДА СЕ СОНУВА ЗА НЕШТО ПОСЕБНО И НЕСЕКОЈДНЕВНО. А ТОА ПРЕТСТАВУВА ГОЛЕМ ЧЕКОР ЗА ЧОВЕШТВОТО, КАКО ШТО РЕЧЕ НИЛ АРМСТРОНГ ПРИ СТАПНУВАЊЕТО НА МЕСЕЧИНАТА, ТОГАШ ТОА Е ВИСТИНСКИ ПОТЕГ. НЕКОЈ СОНУВА ДА ИЗГРАДИ ХОТЕЛ ВО ВСЕЛЕНАТА, ДА ГО РАЗВИВА ВСЕЛЕНСКИОТ ТУРИЗАМ...
Х
отел таму некаде горе во просторот меѓу планетата Земја и нејзиниот природен сателит, Месечината. Звучи чудно, зарем не? Со оглед на брзиот напредок на технологијата, можеби и не звучи толку неверојатно. Но, зошто некаде таму горе, кога сето тоа може да биде и директно на Месечината? На природниот сателит постои барем некаква гравитација, додека во спомнатиот простор такво нешто нема. Да разјасниме една дилема: безтежинскиот простор и однесувањето на човекот во него се мошне непријатни. Потребна е долготрајна и интензивна обука за еден просечен човек да се навикне на таа состојба без гравитација. Нашиот мозок не е „научен“ да поднесува толку многу превртувања, па многу брзо се доаѓа до состојба на мачнина — еднос-
42 10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
тавно кажано, ќе ви се слоши. Слично, како при морска болест. Најверојатно поттикнати од меѓународните вселенски станици, во кои понекогаш престојуваат и повеќе од пет-шест космонаути, одлучиле да направат нешто слично, но со вештачка гравитација. Да, како Меѓународната вселенска станица, но многу поголема од неа. Компанијата која се нафатила на ваква комплицирана задача изјавува дека сака тој хотел да биде место за одмор за вкупно 400 лица, односно гости плус тимот за опслужување. За сè тоа да функционира како што треба, хотелот мора да биде во облик на тркало, бидејќи токму тој облик е најсоодветен за создавање вештачка гравитација. А сега, кога веќе зборуваме за гравитацијата, треба да го спомнеме следново: досега ниту едно вселенско летало, било управувано од космонаути или само од компјутер, немало внатрешна гравитација. Тоа, во превод, значи следново: вештачката гравитација постои само на хартија, односно теоретски.
HI TECH |
Сето тоа е научно поддржано и сè е во ред со теоријата за вештачка гравитација, но досега никој не ја спровел во практика. Тука постои еден многу голем прашалник кој допрва треба да биде отстранет, но тоа мора да се случи во реалноста, а не само теоретски. Како точно сето тоа ќе го реализира компанијата Орбитал Асембли Корпорејшн сè уште е непознато, бидејќи нема дадено целосни информации. Сепак, таа нагласува дека првите гости би требало да пристигнат во 2027 година. Ене каде е 2027-та, а тие планираат да изградат хотел таму горе за само две години. Овде, на нашата планета, често не можат да изградат хотел ни за две години, а не пак во вселената. Но, никогаш не вели „не“ и „не може“. Којзнае што има замислено компанијата Орбитал Асембли Корпорејшн и со какви ресурси располага, штом е толку сигурна во остварувањето на својата замисла. Сега треба да разјасниме уште една непознаница за најголемиот дел од јавноста, а тоа е самата идеја за хотел некаде таму, во вселената. Идејата за првпат официјално ја обелоденил познатиот конструктор на ракети Вернер фон Браун. Да, токму тој што за време на Втората светска војна ги има создадено ракетите со
голем дострел „фау 1“ и особено „фау 2“ (V-1 и V-2), за потребите на нацистичка Германија. Фон Браун, воедно, бил и член на злогласната СС-група („СС-трупи“) од 1940 година, а уште од 1933 година бил дел од СС-подмладокот, како и член на Нацистичката партија од 1937 година. Него го заробиле американските војници при навлегувањето во Германија, а потоа, за возврат, тој станал дел од американскиот тим на инженери и научници кои требало да развијат ракета со долг дострел. Како најупатен во таа област, Вернер фон Браун бил назначен за прв човек на избраната група, некогашниот главен ракетен инженер во тајната лабораторија наречена Пенеминде (или Пенемунде). Токму Вернер фон Браун се смета за „татко“ на целокупната американска вселенска програма наречена Аполо. И сега, сигурно се сеќавате на првиот чекор на Месечината од страна на Нил Армстронг, член на мисијата Аполо 11, заедно со Едвин „Баз“ Олдрин и Мајкл Колинс. Идејата на Вернер фон Браун за хотел во вселената, во облик на големо тркало, датира уште од 1952 година. Но, оттогаш па сè до денес, никој не успеал да го оствари тој сон. Велат на хартија, односно теоретски, сето тоа постои. Кој ќе биде гостин во тој хотел? Засега, јавните гласила шпекулираат со цена од 1,2 милиони долари за еден ден со полн пансион. Како е утврдена оваа цена не е познато, но познато е дека Оливер Дејмен платил 28 милиони долари за лет во вселената. Колку за информација, во истото летало бил и Џеф Безос. Хотелот, замислен во форма на големо тркало што ќе ротира околу својата оска за да создаде некаква гравитација, според најавите, ќе обезбедува сила на тежа слична на онаа на Месечината, што би бил огромен успех, особено ако се оствари од прв обид. Добро, да видиме што ќе донесе 2027 година и дали Orbital Assembly Corporation (односно Above Space) ќе го исполни своето ветување. • Жарко Атанасоски
10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
43
| ИСТОРИЈА
105 години Мазда
ПРИКАЗНА ЗА ИСТРАЈНОСТ И ИНОВАЦИИ ГОДИНАВА МАЗДА ОДБЕЛЕЖУВА 105 ГОДИНИ ОД ОСНОВАЊЕТО И 65 ГОДИНИ ОД ПРВИОТ ПАТНИЧКИ АВТОМОБИЛ. КОМПАНИЈАТА Е ЕДЕН ОД РЕТКИТЕ НЕЗАВИСНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ И ИМА ФАСЦИНАНТНА ИСТОРИЈА – ПРЕЖИВЕАЛА АТОМСКА БОМБА, ПОБЕДИЛА НА 24 ЧАСА ЛЕ MАН СО ВАНКЕЛ МОТОР И НАПРАВИ ГЛОБАЛЕН УСПЕХ СО MX-5 КОГА ДРУГИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ СЕ ОТКАЖУВАА ОД МАЛИТЕ КАБРИОЛЕТИ.
Н
екој почнал со производство на мелници за црн пипер и кафе, некој со производство на разбои за ткаење, некој произведувал коњски запреги и велосипеди, некој мотоцикли, а патиштата на Мазда најнапред воделе кон производство на плута, а дури потоа производството било пренасочено кон конструирање моторни возила. Јуџиро Матсуда, основач на компанијата Тојо Корк Когјо, произведувал машински алат и плута откако се вратил во родната Хирошима. Тогаш Ј. Матсуда бил во четвртата деценија од животот, а љубовта кон автомобилите започнала од најраното детство. На 14-годишна возраст го напуштил домот за да учи занает и да заработува за живот. Неговите први контакти со нешто што има врска со автомобилите бил браварско- металостругарскиот занает. Во Хирошима отворил мал погон за производство на алати, но
44 10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
произведувал и плута. Тоа се случило во 1920 година, а 11 години подоцна Јуџиро Матсуда го пренасочил производството. Во 1931 година Ј. Матсуда го произвел своето прво моторно возило, трицикл, односно напред класичен мотоцикл со заден товарен дел на две тркала. Мало, лесно и многу употребливо возило што било повеќе од неопходно во тогашна Јапонија. Но желбата не му давала мир на Матсуда сè додека не почнал да произведува возила на четири тркала. Планот да произведе автомобил бил одложен затоа што Втората светска војна земала замав, а тој бил принуден да произведува лесно оружје за потребите на јапонската војска и во неговите погони главно се изработувала пушката „тип 99“. На крајот на војната се случило првото чудо за Мазда, посебно за сопственикот на компанијата Ј. Матсуда. На 6 август 1945 година сопственикот го славел својот роденден и, според тамошната традиција, на таков голем ден славеникот ја носи најубавата облека и се дотерува. Како што велат записите, рано утрото Ј. Матсуда влегол во берберницата во центарот на градот неколку секунди пред некој човек. Потоа тргнал кон своето работно место. Според историјата, атомската бомба експлодирала во 8:15 минути на околу 20 м од берберницата. Во тоа време Матсуда патувал кон фабриката и се наоѓал на три и пол до четири километри од експлозијата. Од ударниот бран автомобилот бил исфрлен од патот, но шоферот и Ј. Матсуда останале живи со некоја гребаница. И неговата фабрика не била оштетена затоа што се наоѓала зад планина што била како одбранбен ѕид од ударниот бран. Ако оној човек влезел прв во берберницата, Ј. Матсуда би настрадал, не би ја преживеел разурнувачката моќ на атомската бомба.
ИСТОРИЈА |
И покрај постојаниот солиден напредок, Мазда како да стоела настрана од глобалните случувања во автомобилската индустрија. На прв поглед било така, но Мазда работела. Доказ за тоа е извозот на трицикли во Кина уште во првите години од постоењето на компанијата со името Мазда. Првиот голем, ако не и најголем чекор и влез на голема врата во автомобилската индустрија се случил кога Мазда започнала соработка со НСУ, поточно кога пројавила голем интерес за употреба и развој на револуционерниот „ванкелов мотор“, односно ротацискиот мотор. Во 1961 година Мазда склучила договор со НСУ за користење и развој на ротацискиот мотор. Како плод од оваа соработка Мазда првпат го вградила моторот ванкел во престижното купе „космо спорт 110 с“ и го претставила пред светската јавност во 1967 година. Овој мотор не се вградувал само во поскапите модели, туку и во едно возило за доставување што Мазда го извезувала и во САД (1970) - „мазда репу (ротари енџин пик ап). Ова е прво и последно товарно возило со ротациски мотор. Друг модел што предизвикал внимание на светско ниво е моделот „323“ (1977), дома нарекуван „фамилија“. Скромен и практичен, со сè најпотребно во него и солидна изработка што кулминирала последните две и пол децении од минатиот век. Имено, во една од државите со голема традиција во автомобилската индустрија, тамошната автомобилска администрација позната под името АДАК постојано правела список на автомобили што пријавуваат најмалку дефекти во период на употреба од три, пет и седум години. Според АДАК, заедно со германската подружница за регистрирање нови возила и со овластените сервиси, моделот „323“ бил на второ место како возило што најмалку покажало дефекти по изминување на три, пет и седум години. Тоа значи дека Мазда правела квалитетни автомобили. Како доказ за ова е и посетата на Венделин Виедекинг, некогашна прва виолина во Порше, на Мазда за да види
Јуџиро Матсуда
Во периодот пред и по Втората светска војна Мазда произведувала главно возила за пренос на материјални добра, како трициклот „мазда го“ (1931), воопшто првото моторно возило на Мазда, а по него следуваат изведбата „к 360“ (1959) и потмоделот „т 600“. Првото Маздино возило на четири тркала, познато под името „ромпар“, се појавило во 1958 година, а како и претходните било стопанско возило. Во мај 1960 година Мазда го претставила своето прво патничко моторно возило, моделот „р 360“. Мало купе со привлечен дизајн, со две врати и четири седишта. Од претставувањето до крајот на годината Мазда учествувала со две третини од вкупната продажба на „кеи возила“ (микроавтомобили) во Јапонија. На денот на претставувањето малото симпатично купе „мазда к 360“ било продадено во над 4.500 примероци. Главни адути за одличната продажба биле дека е практично возило со привлечен дизајн и пристојна цена.
„Мазда космо спорт“
како од тамошните производни ленти излегуваат автомобили без недостаток. Тим од конструктори предводени од В. Виедекинг биле фасцинирани како еден конфекциски производител на автомобили постигнува толку висок квалитет. Тоа го забележале и во другите фабрики за автомобили низ Јапонија. Колку за информација, АДАК (Германија) е исто што и ОАМТЦ (Австрија), нашиот АМСМ (Авто Мото Сојуз на Македонија) и другите во светот. Практично секоја држава има ваква организација, а сите се под капата на ФИА (Светска автомобилска федерација). Следен чекор на Мазда бил влез во светот на трките, каде што се претставила во една поинаква светлина пред јавноста и истовремено ја тестирала напредната технологија што подоцна била вградувана во сериските автомобили. Во 1970 година Мазда влегла во трките од класата Ле Ман, а во 1974 година како приватен тим во сопственост на еден од најголемите продавачи на автомобилите Мазда. Во
10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
45
| ИСТОРИЈА
1983 година тој тим влегол во сопственост на Мазда. Речиси 18 години Мазда го кроела патот до успехот. На 22 јуни (сабота) 1991 година болидот со стартен број 55 за време на тренинг-сесијата ја освоил 19. пол-позиција. Во 16:00 часот болидите стартувале. „Мазда 787 б“, која ја возеле тројца некогашни возачи во Ф1, Џони Херберт, Волкер Видлер и Бертранд Гашо, добро се држела на патеката како минувало времето. Три часа пред крајот на трката „мазда 787 б“ се наоѓала на изненадувачко второ место, а болидот на Мерцедес бил прв. И кога се чинело дека Мерцедес ќе ја извози трката до крајот, се случил дебакл за тимот од Штутгард - моторот попуштил и болидот бил надвор од трка, а „мазда 787 б“ била сама напред. Во тие мигови возел Џ. Херберт и кога тимот го повикал да дојде во боксот за да биде заменет, Херберт рекол: „Оставете ме да возам, фатив добар ритам и трката ќе ја извозам докрај.“ Главниот во тимот, Такајоши Охаши, одобрил. Недела 23 јуни, 16:00 часот, „мазда 787 б“ влегла на целта, поздравена од тимот и гледачите. На прогласувањето на победниците на подиумот биле само Бертранд Гашо и Волкер Бидлер, а Џони Херберт завршил во болница поради исцрпеност. Првпат болид со ротациски мотор победил на легендарната 24 часа Ле Ман. Тоа е првпат и засега е единствен болид со ротациски мотор што победил на трката, а Мазда го запиша своето име во историјата на трките како прв јапонски тим и автомобил што победил на патеката Сарт. И покрај сè, Мазда не престанува да го изненадува светот, туку оди по најнеобичниот пат за да предизвика бура од реакции, некогаш добри, но некогаш и лоши. Приказната за уште едно големо изненадување од Мазда почнува со желбата да направи мал отворен автомобил, двосед, односно роудстер. Тоа се случило кога во светот сите производители бегале од
„Мазда 787 б“
роудстерите затоа што за нив интересот бил сведен на нула. Токму во тие неповолни времиња Мазда сериозно размислувала да почне да произведува роудстер. Поттикот за ваквиот чекор дошол од Боб Хол, новинар и голем познавач на автомобилите. При средбата со К. Јамамото, Б. Хол му претставил план за мал отворен автомобил, односно класичен роудстер. Не само што роудстерот дошол до производство, туку веднаш станал толку популарен што се чекало и една година за испорака, а некои сопственици за повеќе пари им ги продавале своите роудстери на нетрпеливите. „Мазда м икс 5“ соборувала продажни рекорди и во Гинисовата книга на рекорди влезе како најпродаван кабриолет на сите времиња. Таа традиција на малиот кабриолет и денес се чувствува затоа што и најновата, четврта генерација го држи чекорот со претходните. Мазда направи вистински потег на столетието со моделот „м икс 5“.
46 10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
„Мазда 3“
„Мазда ез 6“
Веќе го спомнавме ванкеловиот ротациски мотор и неговата употреба во маздините возила. Прво возило со ротациски мотор е „космо спорт“ од 1967 година. Тоа е модел предвесник на другите што ќе бидат конструирани во иднина. Еден од посебните е моделот „р икс 7“, класично спортско купе со мотор сместен напред и погон на задна оска. Овој модел стаса до трета генерација, а потоа дојде „р икс 8“ купе лимузина со четири седишта и четири врати со специфично отворање и се произведуваше до 2012 година. Воедно тоа е последниот масовно произведуван модел со ротациски мотор. Оттогаш наваму Мазда вградува само ото и дизел-мотори и во најново време електрични. И во повеќе прототипови конструкторите вградувале ротациски мотори, на пример во: „фураи“, „р икс 500“, „р икс вижн“, а тука спаѓа и легендарниот прототип „787 б“ победникот на Ле Ман. Зошто Мазда не вградува ванкел мотори во новите модели? Овој тип мотори е многу специфичен при изработката, потребна е многу голема прецизност при составувањето, а тоа го прави да биде скап за производство. Неговата долговечност не е како во ото и дизел-моторите и наедно повеќе го загадува воздухот од нив, троши моторно масло, но не е штедлив ни со горивото. Најверојатно од овие причини ротацискиот мотор не се вградува во новите модели, а и електрификацијата зема замав. Сепак, во 2023 година Мазда вгради ванкел мотор во хибридниот модел „м икс 30 е - скајактив е - ев“ со приклучок, но не како погонска единица туку како генератор - создавач на електрична енергија за да може возилото да помине повеќе километри. Мазда: „2“, „3“, „6 е“, „ц икс 30“, „ц икс 5“, „ц икс 60“, „ц икс 6 е“, „ц икс 80“ и „м икс 5“ - е денешната флота на најпосебниот јапонски и светски производител на автомобили. Како е изведено името Мазда? Матсуда (Ма(тсу)да - Мазда - „тсу“ = з), тоа е првото објаснување, а вториот извор вели од Ахура Мазда, персиски бог на мудроста, хармонијата и интелигенцијата. Сега си го поставуваме прашањето која посебност и необичност ќе му понуди Мазда на светот наредните години? • Жарко Атанасоски
ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД
Скопје- Центар | Скопје-Чаир | Велес | Кичево 02/3181-181
|
www.amsm.mk
Патувајте БЕЗГРИЖНО! 10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
47
| СПОРТ
Светско првенство во Формула 1
БИКОТ „ПРОПЕА“ ВО ФИНИШОТ ФЕРСТАПЕН СЕ ОБИДУВА ДА ЈА СПАСИ СЕЗОНАТА ВО КОЈА ДОМИНИРАА ВОЗАЧИТЕ НА МЕКЛАРЕН, ПА ПО ДВЕ ПОБЕДИ ВО МОНЦА И БАКУ, УСПЕА ДА ГИ ЗАДРЖИ РИВАЛИТЕ ЗАД СЕБЕ И ВО СИНГАПУР.
Џ
орџ Расел победи во трката за Големата награда на Сингапур, но победата иако извојувана во голем стил, од пол позиција, падна во втор, па дури и можеби во трет план поради останатите настани кои привлекоа медиумско внимание: Мекларен ја освои титулата како конструктор, а Ред Бул одбележа три трки во низа во кој е подобар од Мекларен. Веројатно, да беше некоја друга патека, каде што се бараат повеќе фактори за победа, ќе беше покомплексно да се објасни, но вака целиот тримф се должи на пол позицијата од квалификациите која што заврши најголем дел од работата. - Ако требаше да направам листа на сите трки каде што би можеле да победиме оваа година, веројатно трката во Сингапур ќе беше некаде на дното. Треба да седнеме и да анализираме зошто бевме толку добри,- рече Расел. - Ако знаете, кажете ми,- возврати тимскиот шеф Тото Волф по новинарското прашање од каде се овие ѕвездени перформанси на Мерцедес. - Ова никогаш не било добро место за нас. Да ми кажевте дека ќе доминираме како што доминиравме денес, немаше да ви верувам,-додаде првиот човек на тимот. Комплицираноста на денешните болиди е она што Волф им го понуди на акредитираните новинари како објаснување, бидејќи тврдеше дека како што тој нема одговор за неговиот тим, така Мекларен не знае зошто е зад Ред Бул, ниту пак Ред Бул знае зошто е пред Мекларен. Според него, тоа поради разликите кои ги чувствуваат тестирајќи на симулатори, наместо со вистински болиди. Техничките проблеми со болидот на Ред Бул се чинат дека се далечно минато, заборавени некаде пред летната пауза, затоа што сториите за успесите на Макс Ферстапен ги потиснаа оние за тесниот интервал на функционирање што ги спречуваше досега да извадат максимум од потенцијалот на болидот.
48 10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
Победите во Италија и Азербејџан беа остварени на патеки со ниска воздушна потисна сила, па Сингапур беше вистински тест за „црвениот бик“ бидејќи Марина Беј патеката е сосема спротивна од претходните две. Се покажа дека Ферстапен беше кандидат и за пол-позиција на свиокливата патека на која нема места за престигнување, но мало попречување го чинеше една позиција. - Можеш да му заблагодариш на твоето другарче за ова. Лоша среќа,- рече преку радиоврската Џанпјеро Ламбиасе, тркачкиот инженер на Макс Ферстапен. Неговиот заклучок беше дека додека возачот на Ред Бул возел кон последната шикана во својот квалификациски летечки круг, Ландо Норис го возел својот бавен круг за повлекување кон боксот и му создавал турбуленции, односно таканаречен „нечист воздух“. - Ова се случува кога има болид напред, на две секунди пред тебе. Ќе си го забележам ова, ќе го запаметам,- рече Ферстапен на обраќањето по квалификаците, во интервјуто пред боксовите кое го водеше поранешниот пилот, Дејвид Култхард. - Тоа не беше Оскар,додаде Холанѓанецот кога беше запрашан на кој возач мисли.
СПОРТ |
РАСЕЛ ГО КОПИРАШЕ ХАМИЛТОН Прославувајќи ја победата во Сингапур, Џорџ Расел направи слика со својот трофеј на патеката, седнат на асфалтот и со прекрстени нозе. Медиумите открија дека таа фотографија е идентична со една од Луис Хамилтон, кој таму победи во 2018 година. - Таа 2018 година бев со Мерцедес во Сингапур и го гледав Луис како освојува неверојатна пол позиција и потоа победува во трката. Се сеќавам дека направи таква фотографија на асфалтот подоцна и сонував дека еден ден ќе ја направам и јас. Седум години подоцна, ова е специјален момент за мене, да победам во Сингапур и да го прославам овој успех со мојот тим,- рече Расеч кој ја забележа петтата победа во својата кариера, а втора оваа сезона.
Имајќи ја предвид конфигурацијата на патеката, стартната позиција во Сингапур има круцијално значење, исто како и во Монако. За да биде заплетот уште подлабок, Норис кој се пласираше на петтото место се проби на третата позиција зад Ферстапен и таму ја помина целата трка, обидувајќи се да го престигне актуелниот шампион. - Мислам дека ја немаме најчистата слика, па затоа не успеавме да стигнеме до победата. Имавме брзина, мислам дека бевме најдобри, но тоа не беше важно. Не можев да го поминам Макс. Тој не направи ниту една грешка, а тука е мошне тешко да следиш некого. Штета, бидејќи чувствував дека ако го поминам Макс ќе го стасам и Џорџ. Тешко е да следиш, претешко да престигнеш,- рече од своја страна Норис по трката во Сингапур. Во Монца на болидот на Ред Бул беше промовиран нов под. Иако се одобрува дека тој помага во случајов, не е главната причина за препородот. - Се помага, но тоа не е комплетното нешто. Главна е – поинаквата филозофија. Сега можеме многу полесно да го тјунираме болидот за трката,- објасни Ферстапен, алудирајќи дека во подготовките не се водат од симулациите, туку од петочните тренинзи. - Никој не очекуваше вакво нешто Постојат причини зошто одеднаш болидот работи, но не можам да ги откријам. Сѐ уште е потребно да го најдете идеалниот сет ап за секоја трка. Разликите се мали, па и најмалите грешки можат да донесат големи последици. Секој викенд мораме да ги прегледаме внимателно сите детали. Од друга страна, посветувањето на ресурсите за развој на болидот во 2025 година, значи дека инженерите трошат помалку време на болидот за 2026 година, кој ќе биде подготвуван според нови правила.
- Од перспектива на Ред Бул, важно е да го направиме ова за нас, без оглед на другите тимови, затоа што и идната сезона ќе ги имаме истите алатки и истата методологија за да сфатиме кои се максималните перформанси. Мора да ги верификуваме нештата на овој болид, а потоа да го развиваме следниот на коректен начин. Тоа ќе ни даде самодоверба преку зимата за идниот болид. Од друга страна, Мекларен признава дека дел од новиот поредок во Формула 1 се должи на тоа што по доминантната прва половина од сезоната, сега го ставиле својот фокус на развивање на болидот за 2026 година. - Запревме со развојот на болидот и се фокусиравме комплетно на идниот. Понесовме само некои мали делови за промена во Монца, инаку комплетно работиме само на возилото за 2026 година. Нашите конкуренти дефинитивно сѐ уште носат надградби на болидите за оваа година. Ред Бул е еден од нив,- изјави Андреа Стела, првиот инженер на Мекларен, коментирајќи го новиот под на конкурентите од Монца, како и новото предно крило што го претставија во Сингапур. Мекларен со 650 бода ја освои конструкторската титула на шест трки пред крајот на сезоната. Дуелот за второто место е неизвесен, бидејќи во игра се три екипи, но со исклучок на Ферари, останатите две покажуваат желба да се борат за него. Мерцедес има 325 бода, Ферари 298, а Ред Бул е засега четврт со 290 бодови. Кај возачите, Пјастри е лидер со 336 поени, додека Норис има 314, поради што тие двајца се сметаат како главни фаворити. Сепак, неодамнешните резултати му овозможија на Ферстапен да дојде до 273 бода, а на Расел до 237 бода. Имајќи предвид дека следуваат четири трки во Америка и две на Блискиот Исток, борбата за титулата делува отворена. Во октомври се закажани трките во Тексас и Мексико, додека во ноември ќе се возат Бразил, Лас Вегас и Катар. Последната трка во сезоната е Големата награда на Абу Даби која е закажана за 7 декември. • Александар Табаковски
10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
49
| СПОРТ
Мото ГП
МАРКЕЗ ОБЕЗБЕДИ ТИТУЛА, ПА СКРШЕНИЦА ОТКАКО ИМАШЕ ДОМИНАНТНА СЕЗОНА ВО КОЈА СЕ ЕТАБЛИРАШЕ КАКО ЕДИНСТВЕН КАНДИДАТ ЗА ТИТУЛАТА, МАРКЕЗ НА ТРКАТА ВО ЈАПОНИЈА БЕШЕ ПРОМОВИРАН КАКО НОВ СВЕТСКИ ПРВАК, ЗА ВЕЌЕ НА СЛЕДНАТА ТРКА ВО ИНДОНЕЗИЈА ДА СЕ ПОВРЕДИ И ДА ЗАВРШИ ВО ОПЕРАЦИОНА САЛА ПОРАДИ СКРШЕНИЦА НА РАМОТО.
И
ако веста на денот беше победата на Франческо Бањаја во трката за Големата награда на Јапонија, фокусот на сите извештаи беше свртен кон Марк Маркез кој беше второпласиран, но и со тоа собра недостижна предност да биде прогласен за светски првак во Мото ГП на пет трки пред крајот на сезоната. За Бањаја ова е само втора победа во разочарувачката сезона, додека Маркез влезот во фабричкиот тим на Дукати го прослави со 12 гран при победи во црвениот комбинезон. На главната трка ù претходеше саботната спринт трка во која Маркез исто така беше на подиумот (зад Бањаја) и беше извесно дека во неделата ќе ја потврди титулата, па трката беше релативно мирна. Педро Акоста се обиде да го предизвика Бањаја во еден свиок, но Италијанецот го одби тој напад, по што почна да создава предност. Маркез дури по 12 круга успеа да го престигне возачот на КТМ и да стигне до второто место. Потоа истото го направи и Жоан Мир, кој на овој начин го освои својот прв подиум за Хонда, воедно и прв на тимот во 2025 година.
50 10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
Но, откако ја имаа фантастичната „еден два победа“ во Јапонија, возачите на Дукати беа непрепознатливи на трката за Големата награда на Индонезија: Марко Бецеки ја однесе пол позицијата и беше недостижен за останатите во спринт трката, но затоа во главната трка имаше лош старт. Тој лош старт го соочи со загуба на шест позиции, по што влезе во дуел со Марк Маркез, а тоа заврши со судир. Во свиокот бр.7 Бецеки направи грешка при сопирањето, по што удри во Маркез, и обајцата излетаа во заштитната песочна зона. Младиот возач од „сателитскиот“ тим Гресини Дукати, Фермин Алдегуер победи во трката, откако во дуелот за првото место го помина Педро Акоста, со што влезе во историјата како втор најмлад победник на една Мото ГП трка во исторјата. Алекс Маркез заврши на третото место, како втор возач на Гресини Дукати. Уште за време на трката се виде дека Марк Маркез се држи за рамото, по што на проверката во медицинскиот центар беше потврдено дека станува збор за скршеница. Бецеки од друга страна имал среќа и избегнал сериозна повреда. Тимскиот шеф на Дукати, Давиде Тардоци, процени дека Бецеки бил премногу залетан, иако беше јасен фаворит со предност од речиси половина секунда по круг во квалификациите. Сепак, тој го оцени како џентлменски потегот на Бецеки да го посети Маркез во болницата и да се извини за сопствената грешка. - Марко имаше фантастичен викенд, сè до првиот круг на главната трка, покажувајќи дека е најбрз. Мислам дека требаше да размисли и да сочека. Беше премногу залетан. Трката не се победува во првиот круг, мора да се мисли на сите 27 круга. Според мене, Марко направи грешка. Тој го сподели своето видување со мене и со Марк. Очекувам да ги видам двајцата возачи наскоро на патеката,рече Тардоци за официјалниот веб сајт на првенството.
СПОРТ |
- Сите видоа дека овој викенд имавме импресивна брзина. Во вториот сектор од патеката Марко беше пребрз за останатите. Можеби неговото внимание било оттргнато од нешто, не ја сфатил најдобро брзината што ја има за тој бавен свиок. Можеби бил нервозен заради стартот, не знам дали можеби сакал да се врати брзо на лидерската позиција. Кога возачот чувствува дека има темпо за победа, сака да биде водечки што е можно побрзо, но јасно е дека тука имаше грешка. Ваквите нешта се нешто што навистина би сакал да избегнеме да го гледаме, особено во ваквите натпреварувања, каде што се знае колку се мали разликите во перформансите. Сите тие се борци кои сакаат да извлечат најдобро од моторот, можеби понекогаш се занесени од стратегијата, но дефинитивно брзината постоеше. Тоа се покажа и во спринт трката,- коментираше од своја страна првиот човек на Априлија, Масимо Ривола. - Лично мислам дека Марко заслужува да го освои третото место во првенството. Претпоставувам дека ќе добие казна за следната трка, но нема да се откажеме од таа идеја!
ПОВЕЌЕ ТРКИ, ПОВЕЌЕ ПОВРЕДИ? Алекс Маркез и Жоан Мир го коментираа инцидентот на Марко Бецеки и Марк Маркез, при што упатија сериозни забелешки за песочната заштитна зона кај свиокот број 7. Светскиот првак од 2020 година, Жоан Мир, преодот од асфалт кон песок го нарекува скалило, а истото го посочува како причина зошто Марк Маркез полетал во воздух при излетувањето. - Тој дел од патеката е мошне опасен. Марк веројатно заработи скршеница поради тоа скалило. Бев загрижен и за Бецеки кој во песокот влета мошне залетан. Не ми е јасно зошто имаме песок тука, кога на асфалт би било мошне побезбедно решение,- изјави Мир. - Состојбата на песокот е лоша. Секогаш е исто, ништо не се поместува додека не се случи нешто. Таму имаше големи и остри камења, невозможно е да минеш без повреда. Поради скалилото, возачот кога ќе падне, ќе полета со голема брзина и ќе ги испружи рацете. Не сакам да го критикувам Бецеки, броејќи ги и спринтовите, имаме 44 трки во сезона. Шансите за грешка се високи. Секој прави понекоја грешка во сезоната, речиси е невозможно да поминеш без грешка во некои трки. Доаѓаме на крај од сезоната каде што и физички и ментално сме на граница, зборувам за сите возачи. Некој мора да помисли за иднината. Не е случајно што имаме толку многу повреди, луѓето сè повеќе се повредени. Сакаме да направиме добро шоу, но мора да бидеме и подобро заштитени,- елаборираше Алекс Маркез.
Двата гран при викенди полни со вести и контра-вести се заокружени со фактот дека иако двајцата возачи на Дукати останаа на маргините од индонезиското гран при, фабричкиот тим беше прогласен за шампион во конкуренција на конструктори. За волја на вистината, ова дојде како последица на фактот дека на четири трки до крајот останатите екипи немаат теоретска шанса да ги стигнат мотоциклистите во црвено, а де факто линијата беше подвлечена уште на крајот од спринт трката, кога Маркез беше на шесто место, а Бањаја на 14-то. Ова е трета „тројна круна“ за Дукати, првпат ја освоија во 2007, а втор пат во 2022 година. Ова значи дека во една сезона се освоени трите титули кои се доделуваат во Мото ГП: за возачот, за конструкторот и за екипата. На крајот од октомври се возат последните две трки од прекуокеанската турнеа, во Австралија и Малезија, додека на почетокот на ноември има уште две трки, во Португалија и Валенсија. • Александар Табаковски
10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
51
| СПОРТ
Марк Маркез
СМИРЕН СО САМИОТ СЕБЕ АГОНИЈАТА НИЗ КОЈА МИНА МАРК МАРКЕЗ Е НАЛИК НА ХОЛИВУДСКО СЦЕНАРИО, А ТИТУЛАТА ОСВОЕНА ПО ПОВЕЌЕГОДИШНА ПАУЗА Е СРЕЌЕН КРАЈ, ШТО ДОЛГО СЕ ПОСАКУВАШЕ
Н
икогаш порано не се случило некој мотоциклист на возраст од 26 години и со неколку титули зад себе да се повреди, да пропушти цела сезона, а потоа уште 3-4 години да се подобрува низ трки и нови операции, за конечно повторно да почне да победува. Марк Маркез веруваше во себе, а Дукати му подаде рака во исполнување на соништата. Резултатот е 11 победи од 16 трки, меѓу кои седум во низа. - Не знаев за хаш тагот „повеќе од број“ и навистина е така за мене. Имам изјавено и порано дека ова е најтешкиот предизвик во мојата кариера. Откако ќе паднеш од врвот, ударот е поголем. Не паѓаш на земја, туку под нивото на земјата. Невозможно е да се излезе од таму самостојно, многумина ми имаа помогнато. Добив совети да го следам својот инстинкт и тоа ми беше од голема помош. Претходно сум имал повреди кои траеја по 3-4 месеци, но после четири години и четири операции на рамото, имав уште една скршеница и имав двојни визии. Беше неверојатно тешко. Човек сум, исто како и вие. Секој има некаков талент и човечки е да се обиде да
52 10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
го направи најдоброто. Сега сум смирен со самиот себе. Направив грешка што се вратив премногу рано по првата повреда, ја влошив состојбата. Беше Марк против Марк, но сега сум смирен,- објасни Шпанецот. Откако помина низ четири операции за санирање на поврдите со рамото во минатото, Марк Маркез имаше многу проблеми да се врати во тркачки ритам. Меѓу вестите кои беа лиферувани по неговата деветта титула, се издвои онаа дека во тешките моменти му се обратил на поранешниот петкратен светски шампион, Австралиецот Мик Дуан. - Марк и јас разговаравме неколку пати за време на неговата рехабилитација. Нема многу луѓе на светот со кои можеш да разговараш на тие теми. Тоа сигурно му помогна во тие моменти. Постоеја многу сличности со мојот случај, бидејќи и јас бев доминантен пред да се повредам во Асен. Ми требаа неколку години, па разбирам дека тој се откажа од многу нешта со цел да им се врати на трките. Тој има незавршен бизнис тука, а ништо не може да мотивира подобро од тоа да се испразниш комплетно,- обелодени австралискиот мотоциклист кој се повреди во 1992 година и беше на раб од инвалидитет, но се врати како петкратен светски шампон од 1994 до 1998 година. Дуан се повлече од спортот кога докторите веќе не можеа да му помогнат за тој да се врати во седиштето, но неговиот син Џек, се издигна до Формула 1, каде што е член на тимот Алпин. - Ментално, она што Марк го постигна всушност покажува колку е тој силен. По толку повреди и толку операции, ги преиспитуваш своите најдлабоки делови како индивидуа. Напорот кој е вложен
СПОРТ |
- По неколку години со повреди, да се влезе во сателитски тим, па да се освои место во фабричкиот тим и да се победи актуелниот трикратен светски шампион Пеко Бањаја е невидено. Ова е референца, модел за пример!
МИЛО ЗА ДРАГО?
објаснува зошто тој е толку скромен. Оваа титула ќе му биде специјална бидејќи е блиску до повлекување. Времето поминато во боледување е бескрајно и неверојатно тешко. Верувам дека сега кога ќе погледне наназад, гледа дека тој пат било вредно да се помине,- заклучува Дуан. КОЛЕГИТЕ „СИМНУВААТ КАПА“ Фабио Квартараро стана светски шампион во 2021 година, но добро ги памети дуелите со Маркез пред Шпанецот да се повреди. - Тој е повеќе од спортист, сега е вистинска легенда. Беше легенда и пред ова. Го гледав видеото кога прославуваше, ги разбуди емоциите и кај мене. Гледајќи низ што сè помина од 2020 до денес, какви беа прогнозоите по менувањето на Хонда со Дукати, до сè она што го освои оваа година, со таква доминација... Навистина е неверојатно! Среќен сум за него, помина низ тешко време, го заслужи сето ова,- описно долови Французинот. И младиот Педро Акоста од КТМ му дава кредит на својот сонародник за постигнувањето, особено за траекторијата по која стигна до новиот успех. - Треба да му се честита, на него и на сите блиски околу него. За мене ова е најголем камбек на еден спортист. Можам да замислам како му беше за време на повредите, да се пропуштат 30 трки, па да се направи трансфер во Дукати, навистина треба да биде горд, можеби и повеќе отколку со претходните осум титули,- оценува Акоста. И вториот Шпанец во КТМ, Маверик Вињалес се придружи кон комплиментите.
Деветкратниот светски првак Валентино Роси во интервју говорејќи за сопствената кариера, ги наброја и своите најтешки ривали. Она што беше забележително е дека недостига името на Марк Маркез, наспроти некои од споменатите кои не успеаја да стигнат до титула во Мото ГП. - Имав повеќе одлични ривали во кариерата, а кога би требало да бирам, тоа би било меѓу Кејси Стонер, Хорхе Лоренцо, Макс Бјаџи и Дани Педроса. Тешко е да се издвои еден. Можеби Лоренцо бидејќи бевме во исти тим и бевме колеги долго време. Тоа не беше само ривалство, туку повеќе како љубовна приказна,- изјави Италијанецот. Роси и Маркез беа заедно на патеките од 2013 година до 2021, но нивните релации беа разнишани откако во 2015 година Роси го обвини Маркез за саботажа на неговиот дуел со Лоренцо. Маркез со новата титула практично се израмни со Роси во поглед на освоените шампионати, обајцата имаат девет наслови светски шампион, од кои седум во Мото ГП, а две во пониските категории од светското првенство. - Ние никогаш не сме биле ривали за титулата,- рече Маркез, иако во времето кога тој почна да ги ниже титулите Роси се уште беше на патеките. - Да, но не беше на тој начин. Кога јас стигнав во Мото ГП, најголем ривал ми беше Хорхе Лоренцо, потоа се префрлив на Андреа Довициозо,- изјави Маркез, кој со тоа не го вброи Италијанецот меѓу своите ривали. НОВИ ВИДИЦИ, НОВИ ЦЕЛИ По освојувањето на титулата во Јапонија, Маркез имаше оптимистичка изјава дека може да се обиде да го собори својот рекорд од 13 победи во една сезона, но сепак потенцираше дека не си прави притисок самиот на себе. Тој во 2014 година победи на 13 трки од вкупно 18, со што го надмина претходнот рекорд на Мик Дуан кој имаше 12 победи во сезона со 15 трки (1997 година). Со 11 победи од 17 трки, Марк е во ситуација да се обиде да тргне кон нов рекорд, кој изминатава декада никој не успеа да го загрози. Најблиску беше самиот тој во 2019 година, кога победи на 12 трки од 19 во календарот. - Да, би можел. Ќе видиме. Трките во Австралија и во Валенсија се на патеки каде што сум добар. Но, тоа се две, а мене ми требаат три победи. Трките во Индонезија, Малезија и Португалија не се најдобри за мене. Не би сакал да си создавам притисок,- рече старо-новиот шампион на Мото ГП. Многу одамна сакав да победам на секоја трка, да напаѓам од почеток до крај. Но, после толку притисоци, сега сакам и малку да уживам. Прва цел ми е да не направам некоја глупава грешка, затоа што кога ќе се оствари целта, опаѓа адреналинот и ја немаш истата концентрација. • Александар Табаковски
10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
53
Колумна своерачно
АЛЕКСАНДАР ТАБАКОВСКИ
„ОЛДТАЈМЕРИ“ НЕОДАМНЕШНИОТ „СКОПСКИ МАРАТОН“ МЕ ПОТТИКНА ДА РАЗМИСЛУВАМ КОЛКУ СЕ СМЕНИ ПРОФИЛОТ НА ЛУЃЕТО ВО ГЛАВНИОТ ГРАД, ЗА РАЗЛИКА ОД ПРЕД 30 ГОДИНИ КОГА ТРКИТЕ НА ВОДНО ИЛИ ОНИЕ ПРЕД МТВ СОБИРАА ПУБЛИКА ОД 30 ИЛЈАДИ ЛУЃЕ, АКО НЕ И ПОВЕЌЕ.
С
екојдневно сме сведоци дека понудата на настани околу нас се зголемува, па дури може да се рече дека постои и вистинска конкуренција меѓу одредени збиднувања, особено меѓу оние кои се борат за иста целна група, без оглед дали станува збор за публика, учесници или можеби финансиери. Не зборувам само за настани од светот на културата, гостувања на разни музички ѕвезди од регионот или подалеку, туку за светот на спортот. Доволно е само да го анализираме феноменот на популаризација кој се направи со организацијата на Скопскиот маратон, односно колку други трки има денеска за оние кои го сакаат трчањето. Буквално преку целата година! И не само тоа, туку нашите спортисти со право си дозволуваат да мечтаат и да патуваат на дестинации каде што учествуваат во тамошни трки. Дузина спортови кои со години биле на маргините и не ја интересирале „мејнстрим публиката“, како што се трчањето, велосипедизмот, алпинизмот, триатлонот, тенисот и други, денеска се главен генератор за спортување на општествените слоеви кои би можеле да ги обединиме под едно име „вљубеници“. Ретко може да се најде „професионалец“ односно спортист кој од тоа живее, но барем не ни недостигаат примери на ентузијасти што своето спортување го подигаат на ниво блиску до она на нашите најдобри спортисти. Но, тоа е она што се може со постоечката инфраструктура: со патишта кои веќе постојат, со планини кои природата ги дала, треил патеки низ веќе постоечки предели ... Обратно од ова, кога станува збор за авто-мото спортовите, нема никаков глас за некакви активности. Не дека во светот нема трендови кои можат да се локализираат, туку едноставно нема услови, па авто трки и мото трки се утопија. Нашите возачи се почесто настапуваат во странство, па некои дури извадија и лиценци за настап преку тамошните клубови. Мотокросот е последниот бастион, спорт во кој се уште имаме учесници, иако во моментов е далеку од очите на пошироката јавност.
54 10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
Мото клубовите најчесто живеат од забава до забава, организирајќи настани кои немаат допирни точки со развојот на спортот, или барем на сообраќајот. Автомобилистите не знам дали воопшто уште ги чуваат возилата: оние кои се возеа во државните првенства до пред десет години уште тогаш беа со завиден број години, а денес се уште „повозрасни“. Тркачки олдтајмери! Јасно е дека во вакви околности нема услови за практикување или напредување во овој спорт. Оние кои можат да си дозволат, настапуваат во странство или на некое европско натпреварување, но оваа година и тука сме најтенки: остана уште Иџе, додека Давидовски и Вуков паузират. Отсуство на луѓе со визија за подигање на авто спортот не е нова појава, И тие што ги има, повторно се – од некое друго време. Не сакам да избегнам да кажам дека активни се вистинските љубители на „олдтајмери“, оние кои ги организираат изложбите и манифестациите, но за жал, тоа не е во корелација со спортските збиднувања. Решенија има, но пред сè мора да „се исчисти теренот“. Во светски рамки постојат и организатори, менаџери, академии, луѓе кои живеат на маргините од авто-мото спортовите, но за тоа да се случи кај нас потребно е малку повеќе од инфраструктура. Потешко ќе биде да најдеме современи луѓе, со современи погледи на нештата, отколку досегашните кои ги ставаа личните интереси пред другото. Без оглед дали станува збор за клубови или федерации, структурата што треба да ја носи оваа заедница е подеднакво реална колку и „автодромот во Преспа“. •
ЧЛЕНСТВО
ЗАЧЛЕНЕТЕ ПРИЈАТЕЛ И ЗАШТЕДЕТЕ! Вредносниот ваучер може да го искористите на сите локации на АМСМ во Скопје и Велес, за попуст на следниве услуги: - Технички преглед на возило - Полиса за осигурување од автоодговорност и зелена карта - АМСМ членство - Производи од АМСМ продавницата за автомобилска галантерија - Обуки за сите категории во АВТО ШКОЛА МОБИЛИТИ ПЛУС - Хомологација, одобрување на преправено возило, атест на плин и фолии за стакла во АМСМ ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА - Услуги во АМСМ Сервисот за автомобили - Услуги Помош на пат и шлепување - Горива на АМСМ ПЕТРОЛ
02/3181-108
www.amsm.mk 10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
55
| СПОРТ
WEC – Лоун Стар Ле Ман и 6 часа на Фуџи
ПАТЕШЕСТВИЕ ВО ДОЛЖИНА ОД 100 ТРКИ ГОЛЕМ ЈУБИЛЕЈ ПРОСЛАВИ СВЕТСКИОТ ШАМПИОНАТ НА ТРКИ НА ИЗДРЖЛИВОСТ НА ФИА, КОЈ НА ТРКАТА 6 ЧАСА НА ФУЏИ ЈА ЗАБЕЛЕЖА ИСТОРИСКАТА 100-ТА ТРКА ОД ЗАЧНУВАЊЕТО НА ШАМПИОНАТОТ ВО 2012 ГОДИНА. ВОЕДНО, ALPINA, КОЈА НА ФУЏИ ПОБЕДИ ПРВПАТ, ЌЕ ОСТАНЕ ЗАПАМЕТЕНА ВО ИСТОРИЈАТА КАКО МАРКА КОЈА ЈА ОСВОИЛА 100-ТА ТРКА ВО WЕC.
А
ко треба да се победи на друга трка, настрана од 24 часа на Ле Ман, тогаш најдобро е да се биде победник на 6 часа на Фуџи. Трката, која според тежината и содржината, по 24 часа на Ле Ман е втор избор на возачите што се натпреваруваат на трки на издржливост. Нема двојби дека тркањето на патеката Фуџи во Јапонија, која е сместена на падините на митската планина, се смета за привилегија, подеднакво како и тркањето на 24 час на Ле Ман. Секако случајно, но како наместено, и сосем оправдано, јубилејната стота трка од Светскиот шампионат на трки на издржливост на ФИА се одржа токму на епската трка „6 часа на Фуџи“. И сосем неочекувано, победата ја однесе Alpine со автомобилот број 35 и возачка постава Чарлс Милеси, Фердинанд Хабсбург и Пол-Луп Чатин. Победата на Alpine на Фуџи е прва победа за францускиот тим од влегувањето во Светскиот шампионат на трки на издржливост, на почетокот на минатата сезона. Alpine славеше, додека водечките во шампионатот, тимот на Ferrari, имаа тешка трка. Ferrari не блесна ниту на претходната трка „Лоун Стар Ле Ман“, која се вози во Остин, Тексас, на патеката COTA, ниту пак во Бразил, на 6 часа на Сао Паоло каде што славеше Cadillac. Токму затоа се чини дека системот за баланс на перформансите почна да ги изедначува силите на терен.
56 10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
ЛОУН СТАР ЛЕ МАН Во Тексас, победија минатогодишните шампиони Кевин Естре, Лоренс Вантор и Мет Кемпбел, со Porsche Penske број 6. Ова беше прва победа за Porsche Penske годинава, изборена во тешките услови кои владееја на патеката на Америка. Поројниот дожд, исклучително редок во Тексас, како да беше порачан за Porsche. Екипажот на број 6, Porsche Penske, се снајде извонредно добро на потопената патека и извојува значајна победа, иако на квалификациите не стигнаа подалеку од третата позиција. Квалификациите, за волја на вистината, минаа во знакот на Ferrari. Број 83 на приватниот тим AF Corse, со Роберт Кубица зад волан, беше најбрз на сесијата Hyperpole и заслужено ја освои полпозицијата. Антонио Џовинаци, со број 51 Ferrari AF Corse, кој можеше да го загрози Кубица на квалификациите, направи грешка пред крајот на сесијата. Затоа мораше да се задоволи со втората стартна позиција, додека победничкиот број 6 стартуваше трет. Трката стартуваше на чело со Safety Car, кој требаше да ги оцени условите на патеката, врз која лееше пороен дожд. Тркачите возеа зад него цели час, сè додека организаторот одлучи заради безбедносни причини да истакне црвено знаме. Трката беше сопрена цели 40 минути, пред повторно да стартува со Safety Car. Дури по 1 час и 50 минути од официјалниот старт, Safety Car се повлече и трката почна во екстремно влажни услови. Редоследот на водечката тројка не смени сè до првите планирани застанувања во бокс. Тука тука дојде до пресвртот, бројот 51 Ferrari, успеа да избие пред водечкиот број 83, кој поради недоразбирање изгуби драгоцени 35 секунди во бокс. Така, по 2 часа и 30 минути, Џовинаци со Ferrari број 51, ја презеде водечката позиција пред Кемпбел во Porsche број 6, додека на третата позиција „се нацрта“ уште еден Ferrari со број 50. Оваа водечка тројка остана на врвот од поредокот сè до четвртиот час од трката, кога на патеката повторно се појави Safety Car. Под негово водство поредокот се зби, а многумина од натпреварувачите ја видоа својата шанса веднаш по неговото повлекување. Ситуацијата најдобро ја искористи Кевин Естре со Porsche број 6. Французинот го забележа невниманието на Алесандро Пјер Гуиди со број 51 и веднаш ја искористи шансата за претекнување уште во првиот свијок. Поради жестоката борба со Естре, Пјер Гуиди зара-
СПОРТ |
стартна позиција. Пред него беа двата автомобили на Cadillac, кои првпат обезбедија стартна позиција од првиот ред. Cadillac број 12 стартуваше од пол-позиција, а Cadillac број 35 стартуваше втор. Вториот ред го комплетираше Peugeot 9X8 со број 93. Меѓутоа, тоа што го постигнаа на квалификациите, Cadillac и Aston Martin не успеаја до го повторат во трката. Хаотичната трка на Фуџи мина во знакот на повеќекратни периоди под жолто знаме, подигнато долж целата патека, како и чести излегувања на Safety Car.
боти дупната гума што го фрли на тринаесеттата позиција. Укажаната шанса се покажа како полн погодок за Естре. Тој потоа возеше безгрешно, не го испушти водството до самиот крај на трката и прв мина под развиореното знаме, со предност од добра секунда пред сега второпласираниот Ferrari број 50 со Мигуел Молина зад волан. Третото и четвртото место им припадна на болидите на Peugeot со број 94 и број 93, додека петтото место го освои повратникот од тринаесеттата позиција број 51 Ferrari.
6 ЧАСА НА ФУЏИ Ако треба со еден збор да се опише трката „6 часа на Фуџи“ би ја нарекле хаотична. Можеби дури и похаотична од американската „Лоун Стар Ле Ман“. Но, иако хаотични, овие шест часа пекол во подножјето на планината Фуџи донесоа ново име меѓу годинешните победници. Тимот на Alpine и нивниот болид А424 со број 35, возен од екипажот Чарлс Милеси, Фердинанд Хабсбург и Пол-Луп Чатин, успеа во директен дуел да го победи Peugeot 9Х8 број 93 со Микел Џенсен, Пол ди Реста и Жан-Ерик Верне. Разликата од 7,6 секунди само ја потврдува убедливата победа на Alpine. Меѓутоа не сè мина во знакот на Alpine. Тренингот и квалификациите ниту оддалеку не го навестуваа исходот на самата трка. Cadillac и Aston Martin блеснаа на јапонскиот асфалт пред почетокот на трката. Најголемо изненадување на тренинг- сесиите и на квалификациите беше тимот Aston Martin THOR со Valkyrie. Нивниот 007 имаше најдобро време на третиот тренинг, додека неговиот близнак 009 беше најбрз на квалификациската сесија. Сепак, Хари Тинкнел, зад волан на број 007, направи грешка на сесијата Hyperpole, која го исфрли надвор од најдобрата десетка. Сесијата Hyperpole не донесе ништо подобро ни за бројот 009. Со Данецот Марко Соренсен зад волан, Valkyrie број 009 се квалификуваше на третата
Овие превирања постојано ја менуваа тактиката на тимовите, кои зависно од ситуацијата на патеката, во од, ги планираа запирањата во бокс. И сето тоа во обид да се добие тактичка предност што би овозможила подобар пласман или, евентуално, победа. Во текот на трката, број 35 на Alpine беше далеку од водечките. На моменти заостануваше дури и по цел круг. Но, честите жолти знамиња, и излегувањето на Safety Car, кои предизвикуваа мешање во поредокот му помогнаа на тимот да се најде во позиција за напад. Со малку среќа, Alpina го направи големиот пресврт во самата завршница на трката. Тимот, токму пред истакнувањето на последното жолто знаме, по кое следеше и излегувањето на Safety Car, го повика број 35 во бокс. За да се добие во време и стекне предност, во Alpine одлучија да ги заменат само левите гуми на болидот број 35, додека десните, иако веќе излижани, останаа исти. Иако оваа одлука носеше ризик, број 35 излезе од бокс пред Peugeot број 93 и се стекна со предност од 7 секунди. Во помалку од еден час, колку што остана до крајот на трката, број 35 успеа да ја зголеми разликата на 7,6 секунди во однос на број 93 и стигна до голема победа за својот тим. Peugeot број 93 мораше да се задоволи со второто место, додека број 6 и број 7 на Porsche Penske завршија на третото, односно на четвртото место. Иако, поради одличните перформанси на квалификациите, Aston Martin имаше поголеми очекувања во Јапонија, неговиот 009 не стигна подалеку од петтата позиција. Со една трка до крајот на сезоната и со проблематичните настапи на претходните две трки, предноста на Ferrari во генералниот пласман значително се намали. Благодарение на третото и четвртото место на Фуџи, Porsche стигна до 165 бодови, 39 помалку од 204-те бодови што ги има Ferrari. Имајќи предвид дека на последната трка остануваат 66 бодови, постои реална шанса Porsche да го освои шампионатот. Третопласираниот Cadillac, со 143 бодови, влегува во рамките на теоретски шанси за титула. Со 105 бода на своето конто, четвртопласираната Toyota е далеку од повторување на минатогодишниот успех и освојување на титулата. • Љубомир Анастасовски
10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
57
| СПОРТ
WRC – Рели Чиле
ЧЕКОР ПОБЛИЗУ ДО ДЕВЕТТАТА ТИТУЛА ФЕНОМЕНАЛНА ПОБЕДА НА СЕБАСТИЈАН ОЖИЕ НА РЕЛИТО НА ЧИЛЕ СО КОЈА ФРАНЦУЗИНОТ ГО КРУНИСА СВОЕТО 200. РЕЛИ ВО КАРИЕРАТА ВО СВЕТСКИОТ ШАМПИОНАТ ВО РЕЛИ И ЗАСТАНА НА ЧЕКОР ПОБЛИСКУ ДО ДЕВЕТТАТА ШАМПИОНСКА ТИТУЛА.
О
сумкратниот светски шампион Себастијан Ожие постигна совршен резултат во Јужна Америка. Две победи во два настана. Така заврши неговото јужно американско патешествие. И додека караванот на Светскиот шампионат во рели полека се враќа кон стариот континент, победата во Чиле го вивна осумкратниот шампион во првиот ешалон во битката за титула. И додека во воздух лебди изјавата: „Ќе продолжиме да победуваме и ќе го освоиме шампионатот“, дадена во лутина по завршувањето на релито на Парагвај, кога пороен дожд го спречи Ожие да освои максимални бодови во недела, се чини дека ветувањето не е дадено напразно. Ожие е на лидерската позиција во шампионатот за возачи со 2 бода предност во однос на најблискиот соперник Елфин Еванс и дури 21 бод предност пред Кале Рованпера. Ако се земе предвид дека следниот настан е релито на Централна Европа што се вози на асфалт, Ожие се наоѓа во идеална позиција за старт на ова рели. Како лидер во шампионатот ќе стартува прв на чисти патеки, што несомнено е предност. Бидејќи со секое ново поминување на автомобил патеките се загадуваат со исфрлање кал, трева, песок и така се создаваат непредвидливи услови што, пак, може да украдат драгоцени секунди во моментите кога се пресудни делови од секунда.
58 10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
Победата во Чиле дојде во најдобар можен момент. На ова рели Ожие одбележа голем јубилеј, односно го забележа стартот на своето 200. рели во WRC. Во овие 200 рели-настани има 66 победи, 113 подиуми и 8 титули. Импресивни бројки за Ожие кој е на прагот на освојување деветта титула. Само шефот на неговиот тим Јари-Мати Латвала има повеќе стартови од него, вкупно 212. Наедно победата во Чиле ù помогна на Toyota да го надмине Citroen и да стигне до рекордни 103 победи во WRC. Иако Ожие не беше среќен со исходот по крајот на релито на Парагвај, сепак, му ја овозможи третата стартна позиција на релито на Чиле што речиси и да беше идеална. На почетокот од релито на Чиле, Еванс и Рованпера, кои стартуваа пред Ожие, ги изметоа патеките, но тој, сепак, беше далеку од времињата на најдобрите. Изборот на погрешен сетап го спречи да се бори на врвот. Заостануваше премногу и само во првите три испити од релито загуби над 20 секунди. Затоа за време на сервисот на средина од денот механичарите го сменија сетапот на подвозјето, диференцијалите и, според Ожие, уште неколку ситници. Со овие измени Ожие се препороди, а до крајот на денот влезе во најдобрата тројка. Адриен Фурмо беше најбрз возач во петок. Втор беше Тиери Нојвил, трет Ожие. Рованпера, кој го поведе релито, направи кобна грешка на третиот испит оштетувајќи го автомобилот по што падна на деветтата позиција. Танак, исто така, беше меѓу најбрзите, но моторот на неговиот Hyundai откажа послушност и тој се откажа. Дождот што почна да врне во саботата му ги расипа плановите на Hyundai. Фурмо и Нојвил се мачеа да држат чекор со Еванс и Ожие
СПОРТ |
WRC2 – Солберг e нов светски шампион Победата на релито на Чиле можеби не е најголема во кариерата на Оливер Солберг, но сигурно е најблескава бидејќи со неа првпат се круниса со титулата светски шампион. Долго очекуваниот триумф конечно е во рацете на младиот Швеѓанец кој годинава покажа дека е сила на која треба да се смета. Ако се осврнеме на минатата сезона, токму на релито на Чиле дупнатата гума му ја одзеде титулата од раце. Лани Солберг ја загуби титулата за само три бода. Годинашниот настап на Солберг, во најмала рака, беше импресивен. Откако ги замени тимовите, односно од Skoda премина во тимот на Printsport Toyota, тимот што лани му ја овозможи титулата на Сами Пајари, Солберг како да доби крилја. Победи на пет од седумте настани на кои беше регистрирано како освојува бодови и стигна до титулата што лани му побегна за влакно. Сè уште не се знае какви се плановите на Солберг за следната сезона, но според остварувањата потенцијално би требало да го чека место во тимот на Toyota во WRC.
кои зад воланите на нивните Toyota Yaris отидоа напред. Во овие лоши услови Еванс беше подобар и изби на чело, но кога престана дождот и патеките почнаа да се сушат Ожие го презеде приматот. На крајот од денот Ожие го победи Еванс. Разлика од 6,3 секунди ги делеше тимските другари пред неделното утро. Фурмо заврши трет, а Нојвил четврти. На стартот од неделното утро Ожие беше решен да го надомести загубеното во Парагвај. Победи на три од вкупно четири испити. Само вториот испит од денот му го препушти на Еванс. На последниот испит Wolf Power, Нојвил во првиот дел имаше подобри времиња на минување. Всушност, до еден километар пред целта беше побрз од Ожие за 0,9 секунди. Меѓутоа, на последната делница, несвојствено за него, Ожие одлучи да ризикува. Возеше на нож и на крајот го доби Нојвил со 0,4 секунди. Наедно освои 5 бода од Super Sunday и 5 бода од Wolf Power. Така го презеде и водството во генералниот пласман. Еванс мораше да се задоволи со второто место и на релито на Чиле и во шампионатот. Фурмо финишираше трет, а Нојвил четврти. Сами Пајари го заврши релито петти, а шести беше Кале Рованпера. Иако победи, Ожие призна дека релито на Чиле за него било многу потежок настан од релито на Парагвај, но и дека едвај чека да се врати во Европа за да вози на асфалт на релито на Централна Европа. Еванс првпат годинава се најде во директен дуел со Ожие и загуби. Ја загуби и лидерската позиција во генералниот пласман, меѓутоа Велшанецот точно знае против кого се бори и реален е за ситуацијата во која се наоѓа.
„Себастијан е многу силен и тешко е да се победи“, зборуваше Еванс по завршувањето на релито. „Не е тајна дека тој најверојатно е еден од најдобрите што некогаш се натпреварувале во овој спорт и тоа не е случајно. Тој сигурно ќе напаѓа со сите расположливи средства на следните три настани, а ние ќе да дадеме сè од себе за да се спротивставиме.“ Разликата од два бода, во моментот, меѓу најдобрите двајца во шампионатот за возачи е 2 бода. Ожие има 224 бода, а Еванс 222 бода. Трет е Рованпера со 203 бода, а четвртиот играч во борбата за титула Танак извлече само 1 бод од релито на Чиле и сега има 181 бод. Иако теоретски Танак има шанса да стигне до титула, реално, тие се мали или речиси никакви. Останува копјата да ги кршат Еванс и Ожие и евентуално да им се придружи Рованпера. Меѓу производителите ситуацијата е веќе дефинирана. Toyota 572 бода, а Hyundai 447 бода. Разлика од 125 бода што е тешко достижна за само три настани. Следно на репертоарот е релито на Централна Европа што се вози од 16 до 19 октомври низ Германија, Чешка и Австрија. • Љубомир Анастасовски
10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
59
| АМСМ
ДО 30% ПОПУСТ ПРИ ОБНОВА НА ВАШАТА АМСМ ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА ЈА НАГРАДУВАМЕ ВАШАТА ЛОЈАЛНОСТ!
Бонус програмата ви овозможува, преку континуирано обновување на вашата Classic или Europe Premium картичка, секоја година да заштедите сè повеќе. Како да го добиете попустот? БОНУС програмата и попустот можете да ги користите доколку ги исполнувате следните услови: - Членската картичка ја обновувате во период не подолг од 30 дена сметано од датумот на истек на претходната картичка; и - Во текот на претходниот членски период не сте искористиле услуга за помош на пат и шлепување. Колку заштедувате? Со секоја следна обнова на картичката, попустот кој го добивате расте: - 10% попуст за обнова втора година по ред - 15% попуст за обнова трета година по ред - 20% попуст за обнова четврта година по ред - 25% попуст за обнова петта година по ред и - 30% попуст за обнова повеќе од 5 години во континуитет.
60 10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
Каде можете да ја искористите Бонус програмата? Попустот важи при обнова на членската картичка во: • Просториите на АМСМ, • АМСМ станиците за технички преглед во Скопје (Центар и Чаир), Велес и Кичево • Сите авто-мото друштва низ државата. Повеќе информации: 02/3181-108
НИЗ ЕВРОПА ВОЗИ БЕЗ НЕРВОЗИ!
БЕСПЛАТНА ПОМОШ НА ПАТ ВО ЗЕМЈАТА И ВО ЕВРОПА ПОДАРОК ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ
www.amsm.mk
02/3181-108 10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
61
НАЈДОБРА ИНВЕСТИЦИЈА ВО ВАШИОТ АВТОМОБИЛ! КАСКО ОСИГУРУВАЊЕТО ПОКРИВА ШТЕТИ НАСТАНАТИ ПОРАДИ УНИШТУВАЊЕ, ОШТЕТУВАЊЕ ИЛИ КРАЖБА НА ВАШЕТО ВОЗИЛО. *Полиси достапни од сите осигурителни компании. 02/3181-402 | 02/3181-405 62 10.2025 | www.amsmklubmobiliti.mk
www.mobilitybroker.com.mk